ТОП

bislimovski

Граѓаните загрижени за Бислимовски: Тамам почна да се качува по скали на работа почна викенд, жртвата нема да биде заборавена

Регулаторната комисија за енергетика се придржува кон обврската за штедење на струја, рече денеска на прес конференција, првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски.Тој пред новинарите објасни дека се штеди и на осветлување и на климатизација а рече дека не го користел ниту лифтот.„Јас се качувам по скали а не со лифт. Имам и проблеми со тежината, сакам да намалам, па користам скали“ – рече Бислимовски.На социјалните мрежи се пошегуваа дека веднаш се чувствува дека државата иде на подобро.https://twitter.com/DLazarevski/status/1565472164198981639?s=20&t=0Y5kd3WHFg_kU2TOH5Phywhttps://twitter.com/OdMpc/status/1565938275881291776?s=20&t=0Y5kd3WHFg_kU2TOH5Phywhttps://twitter.com/StevanoAna/status/1565404470544064515?s=20&t=0Y5kd3WHFg_kU2TOH5Phywhttps://twitter.com/thegoofygod/status/1565724862676606976?s=20&t=0Y5kd3WHFg_kU2TOH5Phywhttps://twitter.com/BORO9999/status/1565433895767744515?s=20&t=0Y5kd3WHFg_kU2TOH5Phywhttps://twitter.com/TojSoSlikite/status/1565382734100537348?s=20&t=0Y5kd3WHFg_kU2TOH5Phywhttps://twitter.com/marsedonec/status/1565646084352925698?s=20&t=0Y5kd3WHFg_kU2TOH5Phyw

Коментари | пред 3 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска до Ковачевски: Прашање е дали во Уставот да се внесе некој кој не ти го признава јазикот и не признава дека бил окупатор

Зборувајќи за евроинтеграциите на Северна Македонија и условот Бугарите да влезат во Уставот, премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Радио-телевизија Србија (РТС) вели дека е добро да влезат и други народи бидејќи нашата држава е Европа во мало. Во ЕУ, потенцира тој, има земји кои во своите устави имаат и по 25 делови од народи.На оваа изјава реагираше професорката Мирјана Најчевска. Таа прашува која држава има устав со 25 народи.„Прво, не се внесуваат во Уставот туку во Преамбулата на Уставот.Второ, не се внесуваат затоа што некој те уценува туку затоа што има заемно препознавање и прифаќање.Трето, се бара реципроцитет (фактички не формален).И која држава има устав со 25 народи?И во крајна линија навистина не е прашање дали да се внесе одредена етничка заедница во преамбулата или не.Прашање е дали да се внесе некој кој не ти го признава јазикот, историјата посебноста и не признава дека во одреден историски период бил окупатор.Мислам некако мазохистички ми делува“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

dzejn-fonda-sad

Џејн Фонда боледува од рак

Актерката Џејн Фонда (85) синоќа на социјалните мрежи со своите фанови ја сподели тажната вест дека боледува од рак. Таа во оваа прилика го привлече вниманието на уште една важна тема, дека е свесна дека повеќето луѓе немаат ист третман како неа.„Значи, драги мои пријатели, сакам да споделам нешто многу лично со вас. Ми беше дијагностициран не-Хочкинов лимфом и почнав со хемотерапија. Ова е рак кој се карактеризира како многу излечив. Дури 80 отсто од луѓето го преживуваат, па се чувствувам многу среќна поради тоа“, започна таа.„Речиси секое семејство во Америка мораше да се справи со ракот во еден или друг момент, а премногу од нив немаат пристап до квалитетната здравствена заштита што ја добивам, а тоа не е во ред. Исто така, треба да разговараме многу повеќе не само за лековите, туку и за причините за да можеме да ги елиминираме. На пример, луѓето треба да знаат дека фосилните горива предизвикуваат рак. Истото го прават и пестицидите, од кои многу се базирани на фосилни горива, како мојот“, додаде Џејн.„Бев на хемотерапија шест месеци и прилично добро ги поднесувам третманите и, верувајте ми, нема да дозволам ништо од ова да го попречи мојот климатски активизам. Ракот е учител и јас обрнувам внимание на лекциите што ги носи за мене. Едно нешто што веќе ми покажа е важноста на заедницата. За растење и продлабочување на заедницата за да не бидеме сами. А ракот, заедно со мојата возраст -- речиси 85 години -- дефинитивно учи на важноста да се приспособиме на новите реалности.Живееме низ најзначајното време во историјата на човештвото затоа што она што го правиме или не го правиме во моментов ќе одреди каква иднина ќе имаме и нема да дозволам ракот да ме спречи да правам се што можам, користејќи ја секоја алатка во мојата кутија со алатки и тоа во голема мера вклучува продолжување на градењето на оваа заедница за петочни вежби за пожар и изнаоѓање нови начини да ја искористиме нашата колективна сила за да направиме промени.Средните термини се наближуваат, и тие се незначителни, така што може да сметате на мене дека ќе бидам токму таму заедно со вас додека ја зголемуваме нашата армија од климатски шампиони“, заклучи актерката.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-09-02-at-15.52.38

Сите се сликаа со Македон, сега го оставија со 0 поддршка, таткото на генијалецот говори за поразот од државата!

Го фалеа јавно за неговите успеси, организираа приеми и се фотографираа.Неколку месеци подоцна, домашните политичари заборавија на ветувањата кои му ги дадоа на малиот Македон Димитровски од Тетово, кој поради натпросечната интелигенција во јавноста стана познат како „чудото од дете“.Со своите вештини и способности Македон за кратко време ги освои симпатиите на сите, па за него се заинтересираа и од државните институции.Во продолжение го пренесуваме неговиот пост:„Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата. Имено, пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во Министерството за образование на прием кај министерот. Таму бевме дочекани со сите почести, многу сликање, поклони, како ранец и книги за Македон и најважното многу ветувања.– Прво дека ќе се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира,– Беше ветено од страна на министерот дека ќе стапи во контакт со сите големи амбасади за да и тие помогнат во процесите на едукација на Македон,– Дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца,– Ни беше кажано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да финансираат неограницени средства во школувањето на Македон.И уште многу други работи …И сега после неколку месеци покрај многу повици од наша страна до истото тоа министерство, конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голем фарса и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо.Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво, туку во неформални контакти биле незаинтересирани, дека спонзорите одеднаш станаа незаинтересирани, а државата не може да инвестира во ваков тип на образование.Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика замислете, на светско ниво.Што треба едно дете со таков IQ и со такви успеси да направи за да добие поддршка од државата?Засега една големо 0“, се вели во реакцијата на неговиот татко.

Македонија | пред 3 години

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Дали струјата ќе ги врати учениците да учат од дома

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири при денешната посета на неколку струшки училишта повтори дека останува на ставот настава со физичко присуство да има во текот на целата учебна година поради придобивките од тоа.Покрај претпоставките во јавноста дека во зимските месеци наставата ќе се одвива он лајн или ќе има продолжен зимски распуст со цел штедење на електрична енергија, ресорниот министер нагласи дека на состаноците со релевантните институции ќе посочи оти и образованието треба да е приоритет како здравството и некои други сектори.– Стојам на ставот физичка настава да има целосно. На состаноците со институциите ќе зборуваме приоритет да биде и образованието како што е здравството и другите сектори, изјави Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање за мерките за штедење на електрична енергија во училиштата.За следната недела најави состанок со министрите за економија, финансии и другите инволвирани ресори во делот на енергетиката нанкој треба да се разговара токму з аоваа проблематика.– Ќе дискутираме за оваа проблематика за да можеме најдобро да ја изменаџираме. МОН ги извади сите податоци за сите основни и средни училишта колку користат електрична енергија и во комуникација со директорите ќе бараме начин што подобро да се изменаџира електричната енергија, рече Шаќири.При денешната посета на неколку струшки училишта посочи дека во разговор со директорите побарал да се исклучат светилките и да се користи природната светлина.Директорката на гиманзијата „Ибрахим Темо“ Бесиме Јонузи рече дека се подготвени за претстојната зима и оти имаат финансиски средства за електрична енергија и нафта за греење.– По ребалансот на општинскиот буџетот имаме пренамена за дополнителни средтсва за електрична енергија и нафта за греење и секако дека ќе бидеме дел од соработката со МОН за менаџирање на состојбата со енергетската криза, изјави Јонузи.

Македонија | пред 3 години

ruskovska-muaremi-skopje1

По Русковска: предметот за Муареми е кај Лиле Стефанова, а за Спасовски кај обвинителката која го гони Мухамед Зеќири

Назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството.Комисијата изврши увид и ја попиша целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“.Согласно надлежностите предвидени во Законот за јавното обвинителство, предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција е презаведен и даден на надлежно постапување на јавниот обвинител Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.Предметот за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Постапувањето по овие предмети ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави.По останатите предмети во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нема никаков застој во постапувањето. Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство.Согласно законските надлежности предвидени во член 28 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја започна постапката за вршење редовен надзор врз целокупното работење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со надзорот над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција ќе биде направен увид во текот на постапките во ова обвинителство.​

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-02-at-10.51.10

(Шок фото) Скапува МНТ сосе темели, новата зграда е ќар до колена зијан до рамења

Мери Георгиевска, доктор на науки по менаџмент и репутација на јавните културни институции и академски графичар, прашува: „Кому му пречи функционален МНТ“. Таа вели: „МНТ е одамна поплавен. МНТ одамна нема кров“.Нејзиниот став по откако по последното невреме одново прокисна МНТ, во целост:Да почнам со вистината, се надевам и ќе завршам со вистината.Кога се гради едно здание какво што е МНТ, би требало да се тргне пред сè од општествената одговорност и одржливоста или која би била самоодржливоста за развојот на таквата установа.Не смеат да се изостават или заборават економскиот дел, еколошкиот и општествениот.Со цел оваа национална установа да ужива почит и доверба и понатаму, неопходно е да се појде од точката за разбирањето на поимот театар.Театарот е сложен жив организам, кој не подразбира само менаџмент и лидерство, туку тоа е жив организам кој дише преку живите актери на сцената, кои се во совршена „етичко- љубовна“ или дури интимна релација со петтиот елемент или чинител на театарот – публиката. Првите четири би биле – менаџмент, сценска техника, администрација, и актерите или супер живата материја заедно со креативниот потенцијал од уметници, дизајнери и сл. Сакам само да го упатам обичниот читател, дека Театарот не е банка, ниту пошта, ниту суд, ниту некаква административна компанија, ами жив организам. За време на една театарска претстава чукаат срцата на актерите заедно со публиката и уште на дваесеттмина други учесници зад сцената, без кои што овие срца не би чукале. Ланец од должности, начела, императив на доверба и интегритет.Прашањето ми беше кому му пречи МНТ интегриран, каков што го имавме во стариот МНТ, на смрдените теписони, старите ходници, старото бифе, но ходници во кои артистите креираа, бифе во кое што седеа актери, големи режисерски имиња, писатели, техника, бифето како насушна станица, или појдовна станица од каде се креира една театарска претстава. Со векови и децении наназад, во театарските бифеа се создавале најголемите идеи за последователно да се намине до канцеларијата на директорот да се одобрат финансии и да се отелотвори преку читачките проби па сè до мизансценот и премиерата. Кој го држи клучот од бифето на МНТ? Повелете истражувачки новинари тема на истражување ! Но тогаш, во 2011та се појави нов тим од директори, поставен од тогашната власт, кои замислете, прво што направија си ги реновираа/искречија нивните канцеларии, си купија нов мебел. А актерите бе дечки? Што ќе правевте без нив? Кај нив смрдеше, тоалетите беа како во хорор филм ! Пред 10 години, уште додека се градеше зградата на МНТ, многумина од нас бевме сведоци дека немаше проектирано врата за на сцена. Тука, ние кои сме со години по сцените барем на Балканот, се вчудоневидовме од тој пропуст. Тоа е како да градите тоалет, а да не оставите дупка за тоалетна шоља.Замислете, не можете на сцена да внесете нити сценографија нити ништо. Лесна му земја на архитектот. Но имаше други кои го знаеа тоа.Каде и кои беа надзорите?Па врвни архитекти кои граделе со векови наназад познати театри ликум на МНТ новиот, знаеле што е најпотребното нешто. Од Иван Зајц во Ријека, Иван Вазов во соседна Бугарија, Народно Позориште во Белград, Србија, Сараево, Загреб....Љубљана....Австрија....Така со наша сугестија се отвори и вратата за на сцена.Во меѓувреме, се изјаснив што мислам за Новата зграда со следниот статус, се цитирам самата себеси:„Уметноста ја создаваат уметниците, а не зградите !! Од каде и од кога неопходноста на уметникот да влезе во нова зграда за да твори??Уметноста што мириса на убаво може да произлезе и од најголемата „дупка“, но уметноста што смрди може да стане опасност од загада и во најмодерното архитектонско здание !!Драги колеги, ова е уцена. Уметноста не трпи уцени.„Ars est celare artem”. [True art is to conceal art]Нема да штрајкувам од причина што можам да создавам уметност на било кое место и под било кои услови, а најважно без уцени. Зградата која се гради за мојата матична куќа ќе ја доживеам како најубав подарок, никако како нужност за уметничка егзистенција.Ви благодарам,Мери Георгиевска, 21/12/2012, СкопјеПосле ова имав милион притисоци и проблеми, ми беше запретено јавно, после што бев многу суптилно казнета, да немам столче, да стојам, или барем закачалка, на која ќе си ја оставам чантата и палтото за 200 пати да трчам на сцена, кога режисерот ќе го повика моето име, односно мојата должност.Неважно за мене. Факт е дека МНТ не е изграден со цел - функција, туку некаква фикција за театар. Цената што ја плати МНТ беше нечија голема добивка. Ние како вработени живееме односно дишеме или твориме во новиот објект од 2013/2014. Сето тоа под голем притисок од таборите кои припаѓаат на двете најголеми политички партии. Време е да се проговори дека конечно дојде време за промени. Кога вработениот ќе се најде во ситуација да е запознаен со некои сериозни неправилности и факти за нечесно работење, единствена опција е оние кои нечесно работеле или располагале со финансии од државата и кои истите ги пренамениле за нивни приватни цели, да бидат пријавени.Со почит и голем исклучок на нашата директорка која екстремно етички го води МНТ, која обединува, и која не е воопшто виновна што зградата или зданието пропаѓа. Коренот лежи на друго место, како што пишав погоре. Коренот е во сепса. Смрди.Новата зграда МНТ е ќар до колена зијан до рамења. Ние не сме ни Австрија, ни Германија, ниту имаме капацитет да ги одржуваме илјадниците сијалици кои што се проектирани да го осветлат внатрешниот дел како и екстериерот на МНТ. Ние сме бедна држава, и како што тргнал светот, ќе бидеме сè помалку моќни да се нахраниме, камо ли да одржуваме греење, луксузни лустери, климатизација. Темелите скапуваат. Се поплавува нон стоп. А кровот е целиот со дупки. Да ти е срам од публиката која дошла да види убавина, да се спои со актерите, кои најверојатно се растргнати во страв од тоа дека ќе им падне нешто над глава додека го играат Ибзен или Шекспир. Во меѓувреме се слуша дека од МНТ се искрадени огромни суми на пари од сега минати луѓе, кои истите го држат под клуч единственото место каде треба да се седне, да се напиеме кафе и да разговараме за следните проекти, а тоа е бифето на Новиот народен театар. Не да се опијаниме (барем сите сите знаат дека јас лично пијам само вода), туку да се опијаниме во една нептуновска креација, да создадеме „илузија“, магија, за следната публика која нема да купи леб, но ќе купи билет да ги гледа нашите супер актери, супермени кои гинат за театарот да го одржат во живот. Јас не сум архитект, немам решение за опстанокот на зградата, и не можам да дадам. За тоа има надлежни.Но за начинот на кој се функционираше во минатото, треба и истражувачки новинари, кои ќе го отворат прашањето за големиот грабеж извршен врз МНТ. Имам предлог, доколку постојат такви сомненија и докази за истите, прво да се пристапи непосредно до раководителот. Да се изнесе случајот пред следното повисоко ниво на раководство.Да се исконтактира лицето задолжено за етички прашања (или Етичка комисија) во самата организација – Национална Установа Македонски Народен Театар, и, да се размисли и да се пријави случајот во некоја друга командна линија, не онаа на непосредно претпоставените. Едно вакво здание е на ниво на Миниcтерство и како такво, мора да е во постојан дослух со Министерството за Култура на РМ, на било која власт во Македонија.Здравата и позитивна корпоративна култура на во случајов МНТ и Министерството за Култура на РМ, сигурна сум дека каскадно ќе ја зголеми продуктивноста на театарот, заедно со степенот на одржување на квалитетен кадар, односно спречување на одливот на истиот. Ова од своја страна ќе носи и други финансиски придобивки за организацијата наречена Театар, повисоката продуктивност ја подобрува ефикасноста, додека грижата и задржувањето на квалитетниот кадар, ќе ги намали трошоците за обнова на кадарот, како што се - обуки, намалена продуктивност за времето на прилагодување, учење на новиот кадар, нивна одговорност, и сл.) И секако да се поседува инстинкт за природна оценка, на кој актер му треба малку одмор, а на кој му треба враќање на даските кои значат живот.Истовремено, на другите вработени да им се обезбеди столица, и место каде ќе ги остават палтата за слободно да функционираат низ театарот, зошто примаат таму плата, и да не се чувствуваат отфрлени заради политичка припадност или неприпадност. Истовремено да се обезбеди ефективен систем за ислушување на негодувањата на вработените, зошто секогаш ги има многу, и тоа е нормално, кога зборуваме за установа од т.н. жив организам, со различно работно време од сите други установи. Молам да се преземе сериозен чекор за обнова на МНТ. Зошто како тргнало, зградана ќе падне. А со тоа ќе останат на улица бескрајно многу вработени.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-02-at-11.04.38

(ФОТО) Објавени нови сметки за струја, граѓаните алармираат: „Пазете со ЕВН!“ „Говеда лоповски“

Во последните неколку дена, граѓаните на социјалните мрежи постираат сметки, на кои се гледа дека тарифата за пренос на струја, некогаш достигнува иста или дури и поголема сума од самата сметка за потрошена електрична енергија.Две реакции има и во текот на вчерашниот ден:„Пазете со новите сметки на ЕВН, исто како и со парното лажни се и крадат струја. На нашиот струјомер е мерено едно денеска и забележано со фотографија, а испаѓа дека и после 7 дена јас таа струја што ми ја имаат наплатено до 26.08.2022 сѐ уште ја немам потрошено“, пишува во една од објавите, а потоа се додава: „Фотографирајте си ги постојано струјомерите, еве конкретен доказ дека ЕВН крадат и наплаќаат. Да не кажам дека мрежарината ми е дупло поскапа од струјата што сум ја потрошила. Говеда едни лоповски!“.„Друштво погледнете ја сметката за струја, потрошени електрична енергија во вредност од 71.231 денар а надомест за пренос и дистрибуција 384.509 денари!!! Ваква кражба може да ја има само со согласност од власта, и трпете си, ќутете си, па и на ваша глава ке дојде таква сметка после ке се чудите кој ке ви помогне!!! П.С ако сакате да спиете мирно, време е да се разбудите од 30 годишниот сон!!!“, пишува во друга објава.Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски вчера ги коментираше сметките и мрежарината.-Откога се наплаќа електрична енергија во Македонија некаде од педесеттите отсекогаш се плаќало за производство на електрична енергија или за набавка доколку имало потреба од увоз, за пренос на електрична енергија за да помине електричната енергија низ преносната мрежа, која што е на висок напон од 110 киловолти до 400 киловолти и се плаќало за дистрибуција на електрична енергија. Со последните одлуки на РКЕ нашето законодавство и нашите одлуки ги усогласивме со европската пракса и сега граѓаните добиваат посебна цена за електричната енергија како продукт и цената за секој блок за да знаат колку ги чини електричната енергија и добиваат посебна ставка за користење на преносната и дистрибутивната мрежа, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Коментари | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Нови цени на горивата, поевтинува бензинот

Бензините се намалуваат за два денари, а цената на дизелот останува иста. Ова е одлуката на Регулаторна комисија.Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кажа дека не е зголемувана намерно цената на дизелот за да се полни буџетот.„На влезните параметри курс на долар и состојба на берза, се додаваат давачките кои се кон државата“, објасни Бисмиловски за тоа како се формира цената на нафтените деривати.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-01-at-12.37.04

Ќе се сторнираат сите сметки за парно во Скопје, поради нерегуларното покачување

Ќе се сторнираат сите сметки за топлинска енергија. Зголемувањето од 50 отсто, а не 14 отсто како што беше одлучено. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кажа дека граѓаните во Скопје ќе добијат нови сметки.„Во овие сметки не е вкаклуриана субвенцијата од Владата. Затоа има значително зголемени сметки. Бараме БЕГ да ги сторнира сите сметки и да се изготват нови сметки каде ќе биде вкалкулирана субвенцијата која ја добиваат граѓаните од страна на Владата. Средства се обезбедени. Има одредена одлука која е донесена. Потрошувачите на топлинска енергија ќе ги добијат субвенциите. Сметките кои ги изготвил БЕГ и се испраќани на 31 авугст, а август не беше завршен, ќе бидат сторнирани“, кажа претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Скопје | пред 3 години

prvi_septemvri_nekogas_i_sega

Легендарни преработки на „Брзај, брзај прваче“: Ич не брзај! Кретениве уште учебници немет испечатено

Легендарната песничка која почнува со зборовите „Брзај брзај прваче кон школскиот двор те чека учителка со мајчински збор“ и за овој почеток на учебната година доби своја преработка. Преку неа, се искажуваат критики за образовниот систем, но и наставниот кадар. Твитерџиите пред првиот училишен ден на првачињата, објавија дел од стиховите кои имаат рима и смисла, а дел се и сурово реални.„Брзај брзај првачекон школскиот дворте чека партиски вработен кадарна шест месечен договор.Учебници за тебе нематоа е нова шемазабава за ДУИ се спремапарите ни ги зема“.https://twitter.com/Redington_M5/status/1565232949779390465„Брзај, брзај првачекон школскиот двор,те чекаат учителки на Вентор“.https://twitter.com/okradn/status/1565225383514996736„Брзај, брзај првачекон школскиот двор,те чека учителкатасо погрешен збор“.https://twitter.com/_Dani_D_/status/1565223437060259841„Брзај, брзај првачеКон училишната вратаТе чека учителкаСо зголемена платаЗа букви, сказни, песничкиЌе учиш ти без бригаНекаде во априлЌе добиеш и книга“.https://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1565057624164417542Но освен преработки на песничката за првачињата, има коментари и за најмалите кои денеска првпат седнуваат, но и за оние кои не седнуваат во училишните клупи.„Ич не брзај прваче! Кретениве уште учебници немет испечатено“.„Уште прваче да требаше годинава у школо да носам. Плаче дете, плачам јас. Ај да поспиеме, ќе одиш утре“.https://twitter.com/gorskivenec/status/1564506450881396737„Јас ко се упишував за прваче, сам ме пуштија со едно тетратче по тесни и широки. Пешачев 8 км преку реки и ридови“.https://twitter.com/Bavarecot/status/1564972540400963586„Јас кога бев прваче се сеќавам само вода ми истурија за со лесно да ми биде школото… што е ова сега забави, торти, пакетче за првачиња“.https://twitter.com/3zoRgadMd6bcYnc/status/1565059282600689666„Син ми прваче, му надробив салата, акнавме по две ракии и го пратив прв ден у школо“.https://twitter.com/Bouqet100/status/1565215392502788096„Вчера му направивме торта со "среќно прваче" поканивме другарчиња од маало, во игортеката ни пуштија убава детска музика. И денеска среќен и тој и јас и мајка му го однесовне на школо. Нека му е среќен првиот училишен ден на нашиот мал Ајнштајн...“.https://twitter.com/princnabelkonj/status/1565230816829079552„Нашето #прваче е повозбудено дека на баба ѝ е роденден отколку што почнува на училиштесреќно на сите првачињааа“.https://twitter.com/alexhris/status/1565234766667980801

Коментари | пред 3 години

dfqadfasdfasdf

„Татковците“ за учениците: Првачињата во Аеродром ќе пливаат, во Ѓорче, Кисела Вода и Бутел ќе имаат ранче, во Центар ќе имаат очен преглед

Новата учебна година, по скоро три години од пандемијата на коронавирусот, за над 250 илјади ученици во основните и во средните училишта во Македонија, започнува навреме, на 1. септември и тоа на радост на учениците без заштитни маски и други анти-ковид мерки.Но тие останаа и без сведетелствата за претходната учебна година. Само во мал дел од училиштата се веќе доделени, но најголемиот број ученици, ќе ги земат денеска и утре. Тендерот за печатење сведетелства, како и ланската година го доби тетовската компанија „Арбериа“.Скопските општини со низа мерки ги олеснуваат трошоците на семејствата со првачиња.Повеќето општини за првачињата ќе врачат финансиска помош од околу 3.000 денари по прваче. Освен оваа парична помош, надлежните се потрудија да обезбедат прибор, училишни танци, таблети, бесплатен оброк...Општина Аеродром„Учиме да пливаме” е проект кој предвидува олеснување на семејниот буџет на секое семејство на територија на Општина Аеродром кои имаат дете во прво одделение или дете со попреченост. Со субвенционирањето, сите опфатени ученици добиваат: часови пливање, опрема за пливање (капа, наочари), пешкир, сертифициран спортски едукатор како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад до своите домови, велат од општината Аеродром.Кисела ВодаНајмалите ученици од Кисела Вода, ќе добијат ранче и прибор подарок од општината. Реализацијата на овој проект насловен како „Ранче за секое прваче“, ќе има за цел барем малку да им ги олесни финансиските трошоци на родителите при уписот на своето дете во училиште, велат надлежните. Еден од следните зацртани проекти во оваа општина е и Таблет за секое дете. Ѓорче ПетровОпштината Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за секое прваче, но од годинава и бесплатен појадок за сите првачиња.ЦентарВо општина Центар вкупно 522 дечиња ќе добијат бесплатни офталмолошки прегледи во градинките кои ги посетуваат. Покрај прегледите нашите идни првачиња ќе добијат и потврди за упис во основните училишта.БутелБутел, во пресрет на новата учебна година, обезбеди ранче и училишен прибор за сите 582 првачиња во општината.

Скопје | пред 3 години

gotvenje-hrana-1

Од сега почнува штедењето: Владата бара да готвите во мало тенџере да се туширате се со тенок млаз вода

Вклучување на болјер само кога тоа е потреба и по можност во ниска тарифа, готвење во помали садови и туширање со тенок млаз на вода, се дел од препораките за домаќинствата на Владата за следната грејна сезона кои се усвоени на седница пред половина месец.Во пресрет на прогнозираната тешка зима во време на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, започнуваат мерките за штедење на електрична енергија во државните институции. Но и во домаќинствата.Препораките за домаќинствата се:– Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока.– Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури.– Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом.– Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.– Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.– Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси. Ако грејното тело е покриено, тогаш тоа помалку емитира топлина и помалку ја затоплува просторијата.– Користете ја машината за миење садови секогаш полна на ниска тарифа на електрична енергија..– Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија.– Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време не престојувате во нив.– Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него.– Исклучувајте ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони).– Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата.– Заменете ги старите сијалици (со вжарено влакно) со компактни флуоресцентни сијалици или други соодветни со ознака за повисока класа на енергетска ефикасност.– Редовно менувајте ги филтрите на уредите за греење и на клима уредите во вашиот дом.– Користете енергетски ефикасни (CFL, LED) сијалици.– Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила.– Изолирајте го таванот во вашиот дом и подобрете ја изолацијата на надворешните ѕидови.– Изолирајте ги добро прозорците и надворешната врата во вашиот дом или заменете ги со нови кои имаат подобри карактеристики во однос на пренос на топлина (низок коефициент на топлопроводливост).– Намалете го навлегувањето на надворешниот воздух во објектот (процепи, пукнатини итн)– При купувањето на нов производ преферирајте тој да биде со највисока класа на енергетска ефикасност (A+++, A++, А+, А). Уредот со повисока класа на енергетска ефикасност троши многу помалку енергија, а со тоа и пари во однос на уред кој што е означен со пониска класа на енергетска ефикасност.– Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти.– Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина.– Во сезона на ладење подесете ја температурата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени.– Доколку е возможно инсталирајте на колекторски системи за загревање на вода.– Користете скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија,– Користете го клима уредот кога навистина е потребен и температурата прилагодете ја на разумно ниво.– Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите .– Доколку имате финансиски средства на располагање, подобрете ја енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирајте во фотоволтаични системи.– Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја).„За домаќинствата и компаниите се предвидени само препораки, а за инстутциите се предвидени конкретни задолженија. Целта е да се постигне 15% помала потрошувачка во однос на истиот месец од претходната година. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат санкции за институциите – рече министерот Бектеши.Државните објекти кои се во сопственост на централната власт се задолжени да го исклучат декоративното осветлување на фасадите. Не смее да се користи светло внатре во објектите во период кога има доволно дневна светлина. Во јавните објекти во сезона на ладење температурата да се мести не пониско од 27 степени, односно во сезоната на греење не повисоко од 20 степени.– Кратко и интензивно проветрување, исклучување на осветлувањето, да се исклучат сите компјутери по завршување на работата. Да се печатат само неопходни документи, редовно да се менуваат филтрите на грјените тела, се препорачува менување на ПВЦ-прозорци каде што е можно. Ќе треба институциите да имаат ангажирано лица кои ќе се грижат дали ова ќе се спроведува. Раководителите секој месец ќе достсуваат извештаи до Владата за потрошувачката на енергија. Овие задолженија ќе стапат на сила од 1 септември 2022 се до 31 март 2023 година – додаде тој.Во делот на јавните патишта треба да се намали осветлувањето до минимален сигурносен обем на осветлување улици, плоштади и други објекти.

Македонија | пред 3 години

DJI_0013

Реките ќе се наполнат со фекалии, пречистителните станици ќе престанат да работат ако нема помош од државата

Пречистителните станици во Македонија, односно институциите кои раководат со нив, се соочуваат со неможност да ги платат високите сметки за електрична енергија. Тие институции најавуваат дека нема да бидат во можност да ја прочистуваат отпадната вода, изјави Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина за МКД.мкТој вели дека ако порано сметките за електрична енергија им била милион денари, сега тие се и осумкратно зголеми.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

273891158_635937820806304_6210116644344671792_n

Владата среде криза дала 400 илјади евра за да ја нема Македонија на рекламите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Додека над 400 илјади граѓани живеат во сиромаштија, владата на антимакедонската СДС доделува 400 илјади евра на агенција Рејтинг за осмислување и реализација на 1-дневен Фестивал на храна и вино и претставување на саем. Да биде скандалот уште поголем, токму на тој саем, според информациите на медиумите е забрането користење на термините МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИ за производите кои ќе бидат презентирани. Очигледно Владата дала 400 илјади евра на агенцијата Рејтинг за да не се користи терминот Македонија во рекламите, вели ВМРО-ДПМНЕ„Агенцијата Рејтинг јавноста ја познава по анкетите на јавно мислење во кои по правило предност и дава на СДС. Токму оваа агенција во сопственост на Никола Спасов среде криза добива буџетски пари за саем и фестивал за храна и вино, а во исто време земјоделците кои произведуваат храна, се молат за евро повеќе помош од владата. Ете до каде оди забеганоста на оваа влада предводена од антимакедонската СДС.Патем во оваа агенција до скоро работеше и сегашниот шеф на кабинет на Ковачевски, Мартин Попов. Оттука се поставува прашањето дали со ваквите исплати на буџетски пари, владата на Ковачевски си наплатува нови анкети во кои ќе се шминка рејтингот на неговата однародена влада?Заради ваквото бесрамно трошење на народни средства, нема пари за граѓаните, нема пари за земјоделците, нема пари за стопанството. Додека агенцијата Рејтинг си обмислува фестивали за дебели хонорари, народот тоне во сиромаштија. За ова мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања