ТОП

bekim-sali-31

Сали не ги ферма матичните: Подебелиот крај од овие штрајкови го извлекуваат пациентите, а не системот

Откако дел од матичните доктори не ги затворија вратите за пациентите, министерот за здравство, Беким Сали, тоа го гледа како негова победа. Според него, оние кои штрајкувале се против пациентите кои трпат последици.„Јас повикав на разбирање и заедничка соработка, а пациентите не треба да бидат жртва на одредени политики кои каснат. Ние во ова не убдивме само 25 отсто од вкупниот број на матични лекари, кои протестираат. Подебелиот крај од овие штрајкови го извлекуваат пациентите, а не системот. Бидејќи промени во системот се прават преку разговори, ане преку штрајк“, рече Беким Сали.Штрајкот, четврти по ред годинава, продолжува и денес. Повеќето од матичните лекари не издаваат рецепти и упати и не работат во системот „Мој термин“.

Македонија | пред 3 години

image-169785

Граѓаните револтирани: Дали ова личи на урбана општина во Скопје

Вчера на социјалните мрежи беше објавена фотографија од преполни контејнери во Карпош и ѓубре околу нив.„@OpstinaKarpos @CityofSkopje дали ова личи на урбана општина во Скопје. Дал сте нормални“, стои во описот на фотографијата.https://twitter.com/masteryoda985/status/1566790843712917504?s=20&t=DKzpArRQm5PtKNyhKHgZ5A Под објавата реагираа од Општина Карпош. Велат дека тоа е должност на ЈП Комунална хигиена. „Испративме допис до ЈП Комунална хигиена, тие се надлежни за собирање и за дислоцирање“, стои во одоговорот. https://twitter.com/OpstinaKarpos/status/1567042921232211969?s=20&t=DKzpArRQm5PtKNyhKHgZ5A

Скопје | пред 3 години

modularna

Почна судењето за тетовската модуларна болница, Бесими не чувствува вина

Започна судењето за тетовската модуларна болница, каде загинаа 14 лица.Економскиот директор Артан Етеми поради работни обврски не дојде на првото судење, не беше присутен ни дежурниот доктор обвинет во случајот.Во судницата дојде само Флорин Бесими, директорот на Болницата во Тетово кој се повлече од функцијата.“Се што имам да кажам ќе кажа пред судот. Јас сум убеден дека судскиот систем ќе ја докаже вистината”, рече Бесими пред судот.Прашан дали чувствува вина рече: “Тоа ќе го каже во судот, не”.

Македонија | пред 3 години

Iliaja-dimovski

„Да покажеме како народ дека на демократски начин можеме да се избориме за нашите права“, Димовски ги повика граѓаните да се обединат

Да се избориме, да се обединиме, да покажеме достоинство и одлучност, да поддржиме РЕФЕРЕНДУМ, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.„Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е документот со кој формално правно се воведе бугарската амбиција за интервенција и менување на македонскиот идентитет и засебност преку менување и интервенција во нашата историска наука, образование, одбележување на историска настани и личности, културна дејност и творештво, продукција, уметност, споменични постановки, документарна и архивистичка работа.Прифаќањето на таквиот договор од страна на Република Македонија даде формално право на Бугарија и во билатералните и во мултилатералните односи да бара спроведување на обврските што оваа Влада и мнозинството во Собранието ги прифатија во име да целата држава, а се во спротивност со желбата и вољата на огромното мнозинство на македонскиот народ и македонските граѓани.За да прекине нашата формална обврска (и билатерална и мултилатерална) како држава да спроведуваме договор кој е штетен за нас, мора тоа и формално да го заокружиме како процес.Во услови кога имаме Собрание во кое не се носат закони и одлуки по воља на граѓаните и во услови кога имаме Уставен суд кој практично не функционира по словото на Уставот единствен правен формат со кој може да се стави надвор од употреба, да се напушти важноста, да се стави вон сила или да се укине Договорот со Бугарија е РЕФЕРЕНДУМ.Успешноста на ваквиот РЕФЕРЕНДУМ ќе значи достоинствена позиција на Република Македонија и во односите со Бугарија, но и во односите со Европската Унија.Република Македонија после успешен РЕФЕРЕНДУМ по ова прашање нема да има никакви обврски од тој штетен договор.Република Бугарија ќе биде нервозна и ќе сака и понатаму да не притиска (исто како и до сега), но Европската Унија нема да има ниту воља, ниту правна можност да бара од земја кандидат за членство обврски за кои на демократски начин граѓаните се произнесле и ги одбиле.После успешен РЕФЕРЕНДУМ, Република Македонија и понатаму ќе се движи (тешко како и до сега) кон членство во ЕУ, но тој пат нема да е оптеретен со барањата за наше откажување од самобитноста и засебност на македонскиот народ и јазик.Да ги оставиме зад нас сите поделби и недоразбирања, да покажеме како народ, како граѓани дека на демократски начин можеме и сакаме да се избориме за нашите права и дома и пред светот.Време за политика, кавги, натпревар ќе има, сега е време за одлучност и сплотеност.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Поранешната презентерка Ејупи по скратена постапка може да стане дипломатка

Поранешната презентерка Бесмира Ејупи, во јавноста позната и како несудената конзулка во Њујорк, можеби сепак ќе има шанса да замине во странство, но овој пат како кадар на Министерството за надворешни работи, барем според предвидувањата на вработени во него. Ејупи од минатиот месец е редовно вработена во МНР. Не со конкурс, ниту со договор на дело, туку била преземена од друга државна институција. Официјално, МНР и натаму молчи и нема никакво објаснување за целиот случај.– Кога би се одело според регуларна постапка, потребни се две години за да се подготви за заминување во некое дипломатско-конзуларно претставништво (ДКП). Треба да помине по 4-5 месеци во различни сектори, вклучувајќи и конзуларно одделение, протокол и слично. Исто така, би било добро да ја помине и дипломатската академија во МНР – објаснуваат за „Слободен печат“ дипломатски извори.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

1-5

ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации.„ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на Референдум.Референдумското прашање, кое е усвоенп по долги консултации со експертите, коалиционите партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани, ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.Ако во владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат Референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност.ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации.ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на Референдум.Референдумското прашање, кое е усвоенп по долги консултации со експертите, коалиционите партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани, ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.Ако во владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат Референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност“, се вели во сооопштението.

Македонија | пред 3 години

pendarovski-2

„За успешна борба против дискриминацијата, неопходно е да имаме независни тела“, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на свечениот прием по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во Југоисточна Европа, чиј домаќин е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски им посака успешна работа на учесниците и позитивни резултати од конференцијата, посочувајќи дека сузбивањето и борбата против дискриминацијата претставуваат предизвик не само за нашата држава и регион, туку и за многу поразвиени општества и демократии.„Како што формите и опфатот на дискриминација, за жал, постојано се прошируваат, така се наметнува и потребата од прилагодување на националните законодавства, прифаќање на добрите практики и професионален пристап на сите надлежни институции и организации, со цел, да се обезбеди ефективно спроведување на принципот на еднаквост во буквално сите области од општественото живеење“, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски.Тој посочи дека овие регионални конференции претставуваат можност за размена на добрите практики и споделување на корисни идеи и искуства помеѓу националните механизми за заштита на човековите права и телата за еднаквост, а со цел да ја подобриме работата на сите фактори во овој сегмент.Претседателот потенцираше дека во оваа прилика е добро да потсетиме дека Северна Македонија изминативе години направи голем исчекор на ова поле, и легислативен, и практичен.„За успешна борба против дискриминацијата, неопходно е да имаме независни тела, кои ќе имаат знаење и капацитет да се справат со обврските, а тоа значи, доследно да се имплементираат законските одредби за заштита на човековите права. Тоа понатаму значи, координирано и навремено реагирање заради превенирање и санкционирање на сите форми на дискриминација.Во оваа прилика, сакам јавно да повторам дека ќе продолжам целосно да ги поддржувам напорите на Комисијата, особено во насока на подигање на јавната свест, информирање и едукација на граѓаните за сите видови на дискриминација со кои тие се соочуваат“, рече претседателот Пендаровски и изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која во континуитет ги поддржува активностите во овој важен сегмент, преку поддршка и јакнење на националните механизми за антидискриминација.Неодамна, Кабинетот на претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпишаа Меморандум за соработка, со цел преземање на координирани активности за промоција на заштитата и обезбедување на целосно и еднакво уживање на човековите права и основни слободи.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-05.09

(ВИДЕО) Мицкоски најави референдум

„Вечерва заседаваше Извршниот комитет каде се разговараше за иницијативата за референдумско изјаснување, која доаѓа по наметнатите потценувачки услови за отворена бугаризација и идентитетско редефинирање на Македонија, нешто што владата на СДСМ го прифати“, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додава:Веднаш јасно да посочам ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција на Македонија во рамките на Европската Унија без никакви дилеми, но ВМРО-ДПМНЕ не поддржува асимилација, промена на историски факти, откажување од посебноста на јазикот и идентитетско обезличување.Праксата досега покажа дека Владата и Ковачевски не ја говореа вистината кога велеа дека историските прашања не се тема на разговор, не само што се тема на разговор тие станаа и услов за Македонија да напредува кон ЕУ, што самото по себе преставува една не фер позиција која македонската влада на штета на целата држава и одејќи надвор од својот мандат ја прифати.При тоа суверенот во државата, народот не беше ниту прашан, ниту пак Ковачевски има мандат да ја става Македонија во подредена позиција.Да не зборувам што Македонија попушти за името, попушти за Бугарија, попушти за преговарачката рамка, а за возврат не доби ништо. Напротив животот е се потежок, енергетската криза и инфлацијата ја разорува државата и носи сиромаштија.Овој Извршен комитет следи по широките консултации кои ги направив изминатиот месец дена. Разговарав и се консултирав со експерти и професори по уставно право, коалициските партнери, пратениците при што заеднички стигнавме до решение кое беше потврдено едногласно од страна на Извршниот комитет.Се донесе одлука да граѓанска иницијатива за собирање на потписи за распишување на референдум и во наредната недела ќе собереме најмалку 100 квалификувани потписи со што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието. На оваа иницијатива прво потпишан ќе бидам јас, Извршниот комитет на партијата, пратениците. По што очекувам Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата по што ќе започнат роковите за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум, повторувам задолжителен референдум.Референдумското прашање ќе се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија кој Заев го склучи со Борисов. Тој е изворот и почетокот на сите проблеми за Македонија и основата по која потоа Бугарија ги темелеше своите максималистички барања и позиции, затруеното дрво раѓа затруени плодови. Раскинувањето на овој договор ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, спорење на јазикот историјата, културата итн.Затоа референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди Извршниот комитет на партијата: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа за престанување на важноста за овој штетен договор.Очекувам власта да дозволи да се изјасни народот и да се стави крај на уцените притисоците и кочењата на Бугарија. Ова да биде одговор на народот за својата Македонија и за нашата заедничка иднина.

Македонија | пред 3 години

297892225_5330739040380889_2339144490100086181_n

Не е ублажен ценовниот шок со горивата, од ноќеска повторно промени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92 % во однос на одлуката од 2.9.2022 година.Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л, а малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,50 денар/л.Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 3,00 денари/л.Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,277 денари/кг и сега ќе изнесува 52,463 денара/кг.Од 6.9.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 85,50 (денари/литар)Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 88,00 (денари/литар)Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 98,00 (денари/литар)Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 94,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС – 52,463 (денара/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,983 %, кај дизелот 1,812 %, кај екстра-лесното масло 4,293 % и кај мазутот намалување од 0,568 %.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,068 %.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-05-at-19.29.38

Ако купите стан во Карпош, ќе морате и гаража, без тоа нема упис во Катастар

Во Карпош ќе се бара секој жител кој купува стан, да си купи и гаражно место. Без тоа, нема да има упис во Катастар. Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош најави дека ќе има кривични пријави за надзорите кои дозволуваат да се изведуваат проекти надвор од проектите кои се одобрени.„Секој што купува стан, мора да купи и гаражно место. Одобренијата ќе се даваат ако има квалитетно гаражирање, квалитенто спуштање на рампите. Ако вие не можете да се спуштите во гаражата, што ќе ви е таа. Нема веќе да се упишуваат становите во Катастар, ако немате гаража заедно со него. Во исто време, нашите службеници започнаа активност да одиме и да проверуваме сите одобренија кои се издадени, дали на лице место објектот е според проектот и дали гаражните места е според проектите“, кажа Јакимовски.

Скопје | пред 3 години

1

Обвинетите за убиството на ракометарот Тот не се чувствуваат виновни

Осомничените за убиството на Тот, Анџело Ѓорѓиевски од Волково, Клементина Лефковска од Драчево, Андреј Костовски од Ново Село, не се чувствуваат виновни за убиството.Обвинителката изјави дека тројцата обвинети и Тот, излегле од ноќниот клуб во парк за да си одат, влегле во такси возило, па по кратка расправија Костовски излегол и започнал да го влече Тот за да го извади од возилото.„Обвинетата Клементина, излегла од задната лева врата на возилото и најпрво почнала да го турка оштетениот со двете раце по градите, па излегол и обвинетиот Анџело кој ја оттргнал обвинетата Клементина од оштетениот и го удрил најпрво со денсата рака со тупаница во пределот на левата страна на главата, а потоа, со тупаница, со левата рака, во пределот на десната страна од главата. По што оштетениот од ударите паднал на асфалтот и додека истиот лежел на асфалтот, обвинетиот Андреј му се приближил и го удрил со нога во пределот на телото. А потоа, и обвинетата Клементина, со нога го удрила во пределот на главата, при што обвинетиот Анџело ја оттргнал, но истата повторно дошла до оштетениот и со десната нога, во два наврати го удрила оштетениот во пределот на главата. Притоа и обвинетиот Андреј, со тупаница, го удрил оштетениот во пределот на главата, по што, обвинетите Анџело и Клементина, влегле во такси возилото со намера да си одат, но обвинетата Клементина, повторно излегла од возилото и повторно го удрила со нога во пределот на градите. Како резултат на нагмечувањата во пределот на главата, како резултат на настанатата траума на главата, дошло до, пореметување и прекин на активноста на мозочните неурони, кое резултирало со смртен исход“, вели обвинителката Тања Трајчевска.

Македонија | пред 3 години

302278255_4936692979766030_6138426274089218823_n

Коментар на денот: Единствен ќар од посетата на саемот во Белград е што делегацијата од 150 луѓе заштеди струја дома

Александар Тортевски на социјалните мрежи реагира за посетата на Тупанчевски, Маричиќ и Деспотовски на саемот во Белград. Тој вели дека единствен бенефит од оваа посета е што 150 луѓе кои се членови на делегацијата заштедиле струја по дома.„Што бараат Тупанчевски, Маричиќ, Деспотовски 3 дена на саем за вино и храна во Белград? Ајде ботови во колона по еден и наоѓајте аргументи колку ова ќе донесе бенефит во Правда, Евроинтеграции и ТИРЗ.Единствен ќар од посетата на наша делегација од 150 луѓе на саемот за храна и вино е фактот што сите 150 заштедиле струја по дома“, вели Тортевски.https://twitter.com/atortevski/status/1566337582589411328?s=20&t=nODlAsyX55FK0b_CIZZkFghttps://twitter.com/atortevski/status/1566339708208177153?s=20&t=_htV7UCY52bK4jgs8eFQjA

Коментари | пред 3 години

pistol-vperen

Драма во Куманово: Со автомобил му го попречил патот и му извадил пиштол, а син му го прободел со нож

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 74-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, како и против неговиот 35-годишен син, осомничен за помагање при извршувањето на наведеното кривично дело.На 2 септември, на раскрсницата помеѓу улиците „Киро Фетак“ и „Борис Кидрич“ во Куманово, првиот осомничен со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, додека вториот осомничен со умисла му помогнал во тоа, отстранувајќи ги пречките за извршување на кривичното дело.Осомничените го забележале оштетениот кој се движел по улицата „Киро Фетак“ со неговиот автомобил и во моментот кога пристигнал на раскрсницата со улицата „Борис Кидрич“, вториот осомничен за да го спречи да избега, од појасот извадил пиштол од неутврдена марка и калибар, му го попречил патот, застанувајќи пред возилото, го репетирал пиштолот и го вперил во правец кон оштетениот. Тој застанал со возилото, по што до автомобилот се приближил првиот осомничен и од зад грб извадил нож на расклопување. Најпрвин му се обратил на оштетениот со зборовите „кој си ти што не гледаш“, по што започнал вербално да се расправа и се обидел да му зададе убод со ножот во пределот на градниот кош. Меѓутоа оштетениот ја подигнал левата рака со цел да се одбрани, па осомничениот му задал убоди во пределот на левото рамо. Веднаш потоа двајцата осомничени избегале од лице место.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-04-093556

(ВИДЕО) Да се наежите: Хор од Полска ја испеа „Македонско девојче“

“Македонско девојче” во изведба на камерниот хор на Универзитетот “Адам Мицкјевич“ од Познањ, ПолскаПогледнете ја изведбата во продолжение:https://twitter.com/sirgoski/status/1566086170861342722?s=20&t=V_xEWmH2G87Y3BTq17bQsw

Магазин | пред 3 години

302433958_640697774078214_6007450630824922719_n

Почина амбасадорот на Македонија во Берлин

Почина амбасадорот на Македонија во Берлин Рамадан Назифи„Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен Амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат.Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството.Упатувам сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството.Нека почива во мир“, објави Бујар Османи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања