ТОП

Screenshot-2022-09-09-080800

(ВИДЕО) Марко Пејчиновски: Ми недостигаше мајка ми додека ги пливав овие 250 километри летово

Марко Пејчиновски (16) на празникот Голема Богородица преплива 64 километри во Охридско Езеро и стана првиот што поминал толкава делница. Откако преплива скоро 22 часа во вода и стигна на целта на пристаништето во Охрид го пречекаа неколку стотина луѓе. Марко излезе со кренати раце и насмевка, оти успеа да ја оствари целта што си ја постави- во десет викенди да преплива 250 километри во езерото.„Мислев дека ќе е дојдена само фамилијата да ме пречека. Се изненадив колку многу луѓе има. Веднаш дојдоа да се сликаат, да се гушнеме и не можам да лажам, ми беше убаво. Бев изморен и не можев да им обрнам внимание колку што сакав“, вели Марко во разговорот за „Репортер“.Тој и пред три години проба да ги преплива овие 64 километри, но тогаш се откажа поради болки во ногата. Вниманието на јавноста првпат го привлече кога на 12 години пливаше од Св. Наум до Охрид на соло маратон. Пливаше со некроза на ногата, ретка болест поради која некогаш му е тешко да се движи и често трпи големи болки. Ни кажа дека плива само со рацете. Нозете не ги користи, па затоа и не се натпреварува на маратони.Болеста му ја дијагностицираа во 2016 година, во веќе поодмината фаза, па затоа не можеле да направат ништо превентивно. Во меѓувреме, Марко направи две операции во Белград кој само ја намалиле болката.„Некрозата е делумен прекин на циркулација на крвта, а кај Марко тоа е конкретно на левиот колк. Тој недостаток на крв предизвикува последици што се јавуваат со текот на времето. Крајно решение е да се стави вештачки колк, но дури кога ќе заврши фазата на раст, а Марко ќе има 20-21 година“, вели неговиот татко Тони, поранешен пливач.Лани почина мајката на Марко. Веста ги најде затечени многумина. Марко вели дека токму неа ѝ посветил еден од своите подвизи.„Додека пливав ми текнуваше на неа и тоа ми даваше екстра мотивација. Ми недостигаше додека ги пливав овие 250 километри летово“, вели тој.Искрен е дека пливањето му е сè, а школото баш не му оди. Професорите, вели тој, сепак имаат разбирање па го ослободуваат од часови за да оди на тренинг. Низ муабетот зборуваше и за брат му кој му е најголема поддршка, како се справува со болеста, зошто имал повеќе трема на „Златна бубамара’ отколку кога плива, но и како е да се биде во вода речиси 22 часа без престан, како се спремаше за подвигот и дали догодина наместо десет ќе плива уште повеќе делници… гледајте го видеото.

Магазин | пред 3 години

FcKMFjoWYAAHbI4

(ФОТО) Страшна сообраќајка кај крстот во Лисиче

Вечерва се судрија два автомобили на крстосницата меѓу булеварите „Трета македонска бригада“ и „Србија“ кај Крстот во Лисиче.Засега нема информации за повредени, но направена е материјална штета.Во моментов полиција врши увид на местото на несреќата.

Скопје | пред 3 години

zname-makedonsko1

31 година Македонија: Зависни од храна, струја, вакцини, а славиме независност, ја украдовме иднината на своите деца кои ги спремаме за емигранти

Македонија денеска одбележува 31 година независност од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.Граѓаните преку социјалните мрежи упатија честитки по повод денешниот празник, со желба да ја вратиме независноста. Велат зависни сме од храна, струја, вакцини, двојазични табли, уставни промени, секакви збирштини од партии....а славиме независност.Ова се дел од реакциите на граѓаните.https://twitter.com/VladimirJosifo1/status/1567760235145707527?s=20&t=juYSkDeR4YEsoLfM-bsXJwhttps://twitter.com/BrlaBrla/status/1567787273252491264?s=20&t=juYSkDeR4YEsoLfM-bsXJwhttps://twitter.com/mufljus/status/1567783743204610049?s=20&t=juYSkDeR4YEsoLfM-bsXJwhttps://twitter.com/IgorCaveski/status/1567758468290908160?s=20&t=juYSkDeR4YEsoLfM-bsXJwhttps://twitter.com/Cheporoshka/status/1567640091606093827?s=20&t=juYSkDeR4YEsoLfM-bsXJwhttps://twitter.com/arsovtale/status/1567487699761696769?s=20&t=juYSkDeR4YEsoLfM-bsXJwhttps://twitter.com/aP41IWsLgUTQD1T/status/1567438067509731329?s=20&t=juYSkDeR4YEsoLfM-bsXJwhttps://twitter.com/AntovSr/status/1567772438141800453?s=20&t=4jGlrvolzHULIQ0tNg7uNwhttps://twitter.com/Andon_USA/status/1567776924675543040?s=20&t=juYSkDeR4YEsoLfM-bsXJwhttps://twitter.com/LepceSoSalamce/status/1567770523962163201?s=20&t=XXu0FLFxlK2Ew__DxKHzfw 

Коментари | пред 3 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски од Будимпешта честита празник: Суверенитетот ни е намален, бесот е зголемен - да ја исправиме кичмата

Пред 31 година се создаде историски момент и историска шанса за создавање самостојна, суверена и независна држава Република Македонија. Падот на социјализмот предизвика демократски бран во источна Европа кој никој неможеше да го спречи. Паднаа комунистичките режими насекаде а некаде се трансформираа и ребрендираа со ново име а истите луѓе, но мораа да прифатат нов начин на владеење, преку слободни избори, повеќепартиски систем и слободно одлучување на новите власти и граѓаните, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Југославија 10 години по смртта на Тито беше економски и морално опадната, па ни привремениот раст создаден со реформите на Анте Марковиќ не успеа да ги запре долго пригушените желби за национални самостојни и суверени држави, но и национализмот кој за кратко време исплива на површина и доведе до една од најкрвавите војни во 20 век по втората светска војна на просторот на поранешната Југославија.Во тој хаос и покрај големите внатрешни несогласувања помеѓу политичките елити, Македонија добро се снајде.Главна улога имаа Претседателот Киро Глигоров кој носеше подолго политичко искуство, па дури и воено искуство од втората светска војна, Парламентот кој беше многу жив, динамичен, активен и во голема мера продуктивен, експертската влада предводена од академик Кљусев која освен стручност носеше и силен национален жар, решителност и порив за осамостојување и секако клучните политички партии и нивните лидери во тоа време.Сепак, клучната улога ја имаше народот од тоа генерација, не само на изборите во есента 1990 година кога направи исправна колективна одлука, туку и на референдумот за осамостојување на 8. Септември 1991 година.Но, мала нација неможе така лесно да направи самостојна држава ако нема пошироко “поклопување на коцките” на меѓународен план. Јасно е дека распадот на Југославија беше посакувана опција за повеќето големи сили кои не беа среќни со нејзината сила безмалку половина век. Во ситуација кога истокот беше во длабока транзиција и заслабнат, западните сили оставија простор за креирање на малата држава на Балканот која колку и на почетокот да личеше на “не посакувано дете”, пред се поради проблемот со името кој веднаш беше издигнат од многу помоќниот јужен сосед, сепак го најде својот пат и со многу тешкотии и стагнации, падови и успони растеше во овие 31 година.Кој колку допринел за нејзиниот раст или назадување, како внатре, така и од надвор ќе си каже историјата од една поголема временска дистанца.Кратко кажано и колективно гледано, добар спој на одлучна и храбра генерација Македонци, снаодливи и одлучни водачи и погодни меѓународни околности.Денес, 31 година подоцна, Македонија е полна со предизвици и противречности, неправди и разочарувања, погрешни одлуки и наметнати решенија.Суверенитетот и сувереното носење одлуки на државната власт но и на некои од партиите е значително намалено, агонијата, бесот и фрустрациите кај мнозинството граѓани очигледна.Избраниот пат за членство во ЕУ и НАТО уште по прогласувањето самостојност во 1991 година е исправен, но цената која се плати и треба да се плати кажано со еконосмки речник е “не пазарна” , не фер и прескапа споредена со цената кои другите поранешни совијалистички држави ја добија. Прескапа, до степен на не издржливост, со сериозни ризици за асимилација или обезличување на Македонците, што благодарение на веќе изградената национална свест во минатото, нема да е лесно да се случи, но оставениот простор за некој да може со децении да прави обиди за тоа, ќе донесе многу проблеми и големи загуби.Потребна е многу поголема мудрост и посветеност за тоа да се промени, да се оствари целта а да се плати прифатлива, издржлива и одржлива цена.Формално гледано Македонија е сеуште независна и суверена земја, иако со многу слаби и без елементарна доверба кај граѓаните институции, нефункционален систем, судство и медиуми во голема мера контролирани од власта со чија помош се одржува, политички мотивирани прогони на политичките неистомисленици кои однадвор се толерира заради одстапките по националните прашања на актуелната власт, сервилноста и послушноста карактеристична за протекторати и “свитканата кичма” која за волја на вистината навреме беше најавена. И со многу економски проблеми, 400 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија, но и проблеми поврзани со моралот и општата правичност и правда во општеството, односно неправдите во донесувањето на одлуките при секојдневното владеење, криминал и корупцијата кој многу ретко се открива заради контролата на правосудниот систем. Заради сето ова рекорден е бројот на лица кои се иселуваат или го планираат тоа во блиска иднина.31та годишница Македонија ја дочекува со слаба власт која не испорачува резултати, која за работи кои порано сами како држава сме ги решавале и обезбедувале, и не биле воопшто тема бидејќи било сосема нормално сами да ги решаваме (маски, ракавици, вакцини, жито, струја, гас, гасење пожари, набавка на медицинска опрема и апарати итн), сега постојано и речиси без исклучок се бара помош од соседите или од други земји, нешто што наликува на просење, се моли за донации и некој друг да ги решава проблемите и да ги извршува обврските за кои таа е избрана. Тоа може да функционира, но тоа има своја не само матерјална, туку и политичка цена која носи нови одстапки, потчинетост, нова апатија, разочарувања, порази и иселување.Да ја чуваме и зајакнуваме сувереноста и независноста на државата. Да ја градиме државата на начин што државниот и националниот интерес ќе биде на прво место, суштински, не само формално. Да градиме функционална држава и институции. Правда и силна економија, со многу инвестиции, работни места и повисок стандард. Пријателства и партнерства на основ на наши успеси и сила, а не на сервилност, просење и потчинетост. Ние почесто да им помагаме на другите земји во регионот, а поретко тие нам. Водачите да се силни и независни, народот да се чуствува свој на своето. Во ЕУ да влеземе исправени, силни, со достоинство и со крената глава, а не “на носилки”, понижени и фрустрирани.Да ја исправиме кичмата и никогаш повеќе да не ја свиткаме!Нека е вечен празникот на независноста и самостојноста!Нека е вечна европска но и суверена и силна Македонија!Да живее Македонија“, вели Груевски.

Македонија | пред 3 години

305501045_488420696627667_7457297402400919423_n

„Македонија го живее најлошиот сон од нејзиното постоење, таа е држава со насилно променето име, оспорен јазик, идентитет и историја“, вели Јаулески

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека Македонија го живее најлошиот сон од нејзиното постоење.„Република Македонија денес ја слави својата независност.Македонија со оваа власт денес го живее најлошиот сон од нејзиното постоење. Македонија е држава со насилно променето име, оспорен јазик, идентитет и историја, но нашата борба за Македонија и исправување на грешките не престанува и тука не завршува.Република Македонија е нашиот мотив за борба, во неа е вгнезден и нашиот ген, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, таа е нашата водилка да се избориме за вековниот стремеж на македонскиот народ за своја држава.Нека е вечна самостојна, суверена и независна Република Македонија“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-08-093714

„Земјо моја исконска, кој толку те испусти, и кој се плаши името да ти го изусти“, Џамбазов со стихови го честиташе празникот

Игор Џамбазов, на својот Инстаграм профил го честита големиот празник - Денот на независноста.Честит празник, Македонијо моја!, напиша тој споделувајќи стихови за нашата татковина.„Земјо моја мистична и волшебна,дива и егзотична,баксузна, ама посебна,хаотична и невротична.Земјо моја библиска,со многу богови паднати на главата.Земјо моја исконска,со ѓаволи што ти ја крадат славата.Кој така ти пресуди, кој толку те испусти?И кој се плаши името да ти го изусти?Еве, јас не се плашам, и не се срамам,и длабоко в срцето ќе те врамам.Ќе се качам на Кораб горе, највисоко,па ќе викнам силно: МАКЕДОНИЈО!!!И дури очиве ми гледаат,да те гледам среќна, МАКЕДОНИЈО!!!“, напиша Џамбазов.

Магазин | пред 3 години

mirjana-najcevska

„Имавме неверојатно добра стартна позиција на внатрешен и на надворешен план, ама ја прокоцкавме“, вели Најчевска

По повод независноста на Република Македонија, професорката Мирјана Најчевска објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека државата имала неверојатно добра стартна позиција пред 31 година на надворешен и внатрешен план.„Пред 31 години ја донесовме единствената можна одлука во тој момент и таа ситуација.И имавме неверојатно добра стартна позиција. И на внатрешен и на надворешен план.Ја прокоцкавме.За најголем број од работите сами сме виновни.Штета.А толку си го сакам земјичето“, објави Најчевска.

Коментари | пред 3 години

26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

(ВИДЕО) Ковачевски со честитка за Денот на независноста: Обединети во слободата да ги продолжиме перспективите

Премиерот Ковачевски со честитка за Денот на независноста: Обединети во слободата да ги продолжиме перспективите, нека ни е честит и вековит Денот на независностаПо повод Денот на независноста, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, упати честитка до сите граѓанки и граѓани во државата, со порака дека обединети во слободата треба да ги продолжиме перспективите, затоа што историјата не учи дека за секој важен чекор напред, е потребно обединување.Во продолжение е интегралната честитка на премиерот Ковачевски по повод Денот на независноста:„Почитувани граѓанки и граѓани на слободна и независна Република Северна Македонија,Го дочекуваме овој голем државен празник, обединети во едно, заедничко општество дома, како достоинствена членка на НАТО и идна членка на Европската Унија на меѓународен план.Интеграциите се битката на нашата генерација.И затоа повикувам Обединети во слободата да ги продолжиме перспективите.Историјата учи дека за секој важен чекор напред е потребно обединување.Граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, и сите други, на историскиот референдум на 8-ми септември, 1991-та година, во огромно мнозинство, сплотени, независно од етничките и политичките различности, одлучија да живеат во независна држава.Генерациите од тие 90-ти години мудро ја извлекле поуката од илинденците и асномците, кои се обединиле во борбата - за слободата и државноста.Се поставиле на висина на својата задача и се обединиле во остварување на независноста, без да ја доведат во прашање веќе извојуваната слобода.Ова е пример што покажува колку е важно заедништвото и што значи да се има мудро, храбро и прогресивно политичко лидерство, посветено на напредокот на граѓаните и на државата.Денес, исправени пред последиците од пандемијата и војната во Украина со коишто се соочува целиот свет, а тоа се безбедноста и достапноста до храна и енергија, можеме да констатираме дека ние, три значајни чекори направивме навреме.Станавме дел од НАТО и ја осигуравме државата, во најголемиот безбедносен сојуз, каде земјите членки солидарно се штитат меѓу себе. Ги започнавме преговорите со Европската унија гордо и со крената глава, за на истата маса, одвнатре да ги браниме јасно и гласно и понатаму нашите позиции. Ја основавме, заедно со Србија и Албанија, иницијативата Отворен Балкан, преку којашто осигуравме сериозно подобрување на регионалната соработка, но и развој на нашите економии со шанси за нови придобивки за граѓаните и компаниите.Обединувањето на граѓаните е гаранција за домашниот мир. Добрососедските односи се гаранција за регионалниот мир. А нашето обединување меѓу 27-те членки на Европската Унија е реална и неопходна перспектива за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните, според европските принципи и вредности.Започнатите преговори со Европска Унија во план е да ги завршиме многу брзо. Работиме напорно и со брза динамика граѓаните на Република Северна Македонија да бидат што поскоро дел од европското семејство.На овој 8-ми Септември, повикувам сите заедно, обединети во слободата, да се обединиме и околу идејата за Република Северна Македонија којашто брзо чекори по европскиот пат. Да се издигнеме на висина на должноста, за да ја добиеме нашата генерациска битка.Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември, Денот на независноста.“

Македонија | пред 3 години

Silvi-a-Sto-anovska-590x381-1

Довербата во судството кај нас е толку ниска, што најоправдана ослободителна за Силвија актеркава- кеш бил даден, коментира скопски адвокат

Актерката Силвија Стојановска која првично беше осудена на 3,5 години казна затвор, и самата се изненади кога судијата на повтореното судење и изрече ослободителна пресуда. За разлика од претходно, сега, судијата Огнен Ставрев не смета дека актерката учествувала во група која транспортирала 700 килограми кокаин.Јанаки Митровски на социјалните мрежи прокоментира во врска со овој случај.„Довербата во судството кај нас е толку ниска, што најоправдана ослободителна за Силвија актеркава- кеш бил даден. Тоа што таа е обвинета за помагање, а партнерот и за организирањње и доби 12 години затвор, нема врска. Таа дала кеш ама тој не дал. Супер логика“, вели Митровски.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Додека државата го гони, народот го брани докторот кој пуштил роднини во модуларната болница која изгоре сосе пациенти

Вчера во Тетово започна судењето за пожарот во модуларната болница, во кој загинаа 14 лица.На судењето се појави само ексдиректорот на болницата Флорин Бесими кој изјави дека не се чувствува виновен, а тоа ќе го каже во судот со докази. Во случајот обвинети се и дежурниот доктор на смена Бобан Вучевски и тогашнот економски директор во тетовската болница, Артан Етеми, кој отсуствуваше поради работни обврски.Граѓаните денес на социјалните мрежи му дадоа поддршка на д-р Бобан Вучевски. Велат дека тој бил светла точка и надеж во Клиничката болница за време на корона кризата.https://twitter.com/bejbiboy2/status/1567480529020149761?s=20&t=SYQmvxN7wi4yXEEc0GryMAhttps://twitter.com/Redington_M5/status/1567490270656188422?s=20&t=SYQmvxN7wi4yXEEc0GryMAhttps://twitter.com/Karpa_1904/status/1567463884306382851?s=20&t=SYQmvxN7wi4yXEEc0GryMAhttps://twitter.com/Kalabalak_/status/1567470354775347201?s=20&t=SYQmvxN7wi4yXEEc0GryMAhttps://twitter.com/roze_______/status/1567498307462696960?s=20&t=SYQmvxN7wi4yXEEc0GryMAhttps://twitter.com/Karpa_1904/status/1567491299485286401?s=20&t=yDXnkVOP5M7UNGVUYZDCWA 

Коментари | пред 3 години

mickoski-956

Од потребните 150.000 собрани се 500 потписи за еден час, кои треба да го распишат рефенредумот

Собрани се над 500 потписи за неполн час за иницијативата за референдум, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски потсети дека потребни беа 100 потписи.„Собрани над 500 потписи за неполн час, иако за иницијативата за референдум се потребни само 100. Благодарам за брзиот одговор и иницијативност. Народот не сака решенија со кои се негира нашата посебност и идентитет. На потег е Собранието“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.Тој претходно денес во Државната изборна комисија ја поднесе иницијативата за референдум за укинување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Побара со референдумот, на еден трошок, да се организираат и предвремени избори.ДИК понатаму ќе треба да ја достави иницијативата до Собранието, па до законодавно-правната комисија и комисијата за политички систем.За да се распише задолжителен референдум, потребно е да се соберат 150.000 потписи. За референдумот да биде успешен треба да излезат и да гласаат над 910.000 граѓани.

Македонија | пред 3 години

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

„ЕВН си краде и гајле си нема“, граѓаните револтирани од сметките, некои денови се плаќаат по два пати

Граѓани се жалат дека струјата за одредени денови се наплаќа по два пати. Скопјанец објави две сметки за струја, една за периодот од 23 јуни до 21 јули, а втората за периодот од 16 јули до 22 август.Како што можете да забележите, деновите од 16 до 21 јули се јавуваат во двете сметки, па едни исти потрошени киловати два пати му се наплатени.Ова тој го оквалификувал со еден збор – КРАЖБА.https://twitter.com/Fortiifikacija/status/1567206612145774593?s=20&t=uBt0zU_QHUHssPc4Ji9NUgДруг се пожали дека на неговите две сметки, ЕВН наплатиле дупло за три дена.„Ајде ова некој нека го објасни, две фактури за ист саат ама едната завршува на 21.07 а другата почнува од 19.07 што во превод значи дека ЕВН наплаќаат дупло за 3 дена. Пак ќе прашам, оној крмакон од РКЕ работи ли нешто или само ќе лапа у кафани?“, стои во објавата.https://twitter.com/ddimkooooo/status/1567160273508728837?s=20&t=4yqjYwPTYWrs80S3uB-powhttps://twitter.com/MakFalanga/status/1566882027227566081?s=20&t=4yqjYwPTYWrs80S3uB-powНо освен за дуполото наплаќање, граѓаните се бунат и за ставката „дистрибуција на електрична енергија“.„Како е можно ЕВН да прави вакви наплати за дистрибуција? Во Јуни потрошена струја 639 денари, дистрибуција за истата 340 денари. Во Јули потрошена струја 439 денари, дистрибуција за истата 628“, вели друг револтиран граѓанин.https://twitter.com/ZJG7777/status/1567102753901518848?s=20&t=4yqjYwPTYWrs80S3uB-pow

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-06-200148

(ВИДЕО) Коментар на денот: Ние како држава веќе личиме на Конго, мостот се урива додека се пушта во употреба

Мост во Конго нарачан од локалните власти се урна за време на неговото свечено отворање – токму во моментот кога се сечеше лентата.Корисник на твитер го објави видеото, па напиша дека Македонија веќе личи на Конго.„Чисто да видите дека и ние како држава веќе личиме на Конго. Мостот се урива додека се пушта во употреба во ДР Конго.“.https://twitter.com/Shiferovska/status/1567203971026010114?s=20&t=cc_uueDXEUoPGTV2zXkyfQ

Коментари | пред 3 години

Besmira-Ejupi

„Бесмира Ејупи е бисер македонски, се разбира од урбанизам, дипломатија, нуклеарни технологии..“, реакции по вработувањето на тв презентерката во МНР

Поранешната презентерка Бесмира Ејупи, во јавноста позната и како несудената конзулка во Њујорк, можеби сепак ќе има шанса да замине во странство, но овој пат како кадар на Министерството за надворешни работи, барем според предвидувањата на вработени во него. Ејупи од минатиот месец е редовно вработена во МНР. Не со конкурс, ниту со договор на дело, туку била преземена од друга државна институција. Официјално, МНР и натаму молчи и нема никакво објаснување за целиот случај.Ковачевски пак, ја брани Ејупи – Критиката за нејзиното вработување ја гледа како шовинизам, во време кога нејзините хонорари вредни 12 илјади евра веќе се под истрага на обвинителството.Нејзиното вработување е под лупа и на антикорупционерите, кои откако ќе разгледаат дали има спорни моменти за нејзиниот работен ангажман, ќе пресечат дали ќе отворат случај.Граѓаните пак на социјалните мрежи се шегуваат, велат дека Ејупи е бидер македонски оти се разбира од се.https://twitter.com/XTRMacedonian/status/1566807088474595330?s=20&t=34AVFPScUWaf8Agsw2Regwhttps://twitter.com/CheGuev21277156/status/1566795019603873795?s=20&t=34AVFPScUWaf8Agsw2Regwhttps://twitter.com/ortographia/status/1566875577021337612?s=20&t=34AVFPScUWaf8Agsw2Regwhttps://twitter.com/drougoubitai/status/1567198401527250944?s=20&t=DeiDFMYONhDyPgCIZLkoFghttps://twitter.com/osmini_/status/1566803130565939204?s=20&t=34AVFPScUWaf8Agsw2Regwhttps://twitter.com/Littlep80541710/status/1567038193077297152?s=20&t=34AVFPScUWaf8Agsw2Regwhttps://twitter.com/severdjandjan/status/1567074432291667969?s=20&t=34AVFPScUWaf8Agsw2Regw

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-06-191919

(ФОТО) Скопјанка бара помош: „Ги асфалтираа сите шахти, па откако реагиравме, ги откопаа и сега се полни со асфалт“

Скопјанка на социјалните мрежи бара помош од граѓани кои знаат како се вади асфалт од шахти и решетки. Во својата објава таа вели дека улицата на која живее после подолг период решиле да ја асфалтираат, но работниците ги асфалтирале и шахтите на улицата.„Дечки мала помош:На улица Козара во Капиштец (која е мала, едносмерна улица) во моментов се градат десетина згради. Улицата беше раскопана со недели, и кога конечно решија да ја асфалтираат, ГИ АСФАЛТИРАА СИТЕ, буквално СИТЕ решетки и шахти за одвод и дождови. По реакција на комшиите, незадоволните асфалтирачи решија да ги откопаат шахтите и одводите, и сега ем имаме дупки, ем се уште се затнати и полни со асфалт, и на првиот дожд Козара ја чека истото што и остатокот од Скопје.Затоа што нема фајде од пријавување, правда е мисловна именка во вукојебинава, а поимот ОДГОВОРНОСТ е предмет за дупешка, пардон мај Френч, ве молам доколку некој знае КАКО СЕ ВАДИ АСФАЛТ ОД ШАХТИ И РЕШЕТКИ ЗА ОДВОД, за да си ја спасиме сами улицата?А доколку имам некој адвокат, новинар или било какво лице со нормални морални вредности во пријатели, што ќе може да ме упати каде да ги пријавам безочните морони што го направија ова, или да се напише статија за истово (пошо малце теми имаме...), е исто добредојден“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања