ТОП

Margaret-Vtora

Таа сега е единствената жена монарх во светот, зема и една од титулите на Елизабета II

Осумдесет и двегодишната кралица на Данска - Маргарет Втора - ја презеде титулата најдолговечен европски монарх со неодамнешната смрт на кралицата Елизабета Втора.Кралицата Маргарет е позната по својот уметнички талент, страственото пушење и сивата пунџа, и е вториот монарх со најдолго владеење во историјата на Данска. По смртта на Елизабета Втора, таа сега стана најдолговечниот европски монарх.Кралицата Маргрет Втора е пофалена за зближувањето и модернизирањето на монархијата за време на нејзините 50 години на тронот.Таа дојде на власт во 1972 година и стана наследник во 1953 година - кога нејзиниот татко, Фредерик IX од Данска, беше крал - откако уставните реформи во земјата им дозволија на жените да го преземат тронот.Нејзиното искачување на тронот се случи во време кога во Данска бледнее популарноста на кралското семејство и монархијата.Еден од најважните моменти на нејзините напори да ја модернизира монархијата беше дозволувањето на нејзините два сина да се омажат за луѓе кои немаа титули или кралско потекло.Со смртта на кралицата Елизабета Втора, данската кралица сега е единствената жена монарх во светот. Исто така, во знак на почит по смртта на Елизабета Втора, Маргарет го намали обемот на прославата за нејзиниот златен јубилеј, планиран за овој викенд.https://twitter.com/Platinum2022/status/1568185410521538561?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1568185410521538561%7Ctwgr%5E7c1bdff9504718935df6c49f75f98ec5ddd8b385%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fzivot%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D09dd%3D11nav_id%3D2211381

Магазин | пред 3 години

tepacka-4

Скопјанец давел малолетник за врат и го тепал со боксови, детето завршило со фрактура и потрес на мозок

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.На 9 септември, пред средно училиште и кафе бар во Кисела Вода, осомничениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело искористувајќи исти прилики, односно сторил грубо насилство врз три деца.Додека едно од оштетените 15-годишни деца седело во кафе барот заедно со неговите соученици, осомничениот влегол заедно со уште две непознати лица, го фатил детето за вратот и насилно го извадил надвор.Давејќи го за врат го однел до подземни гаражи во непосредна близина и со тупаница го удрил по лицето, нанесувајќи му тешки телесни повреди – фрактура на два предни заба, набиеници на усните и потрес на мозокот.Потоа осомничениот во придружба на другите две лица влегол во дворот училиштето, се приближил до уште две 15-годишни деца, удирајќи ги со шлаканици и со тупаница и нанесувајќи им телесни повреди. Осомничениот со насилството предизвикал чувство на страв и несигурност кај присутните ученици и кај други сведоци на настанот.Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

Скопје | пред 3 години

image-141658

Професорка со предлог како да се зачува јазикот и да добиеме пописмени решенија, пресуди и соопштенија

Ана Павловска Данева, професорка од правниот факултет "Јустинијан Први", на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека потребно е да се донесе Закон за македонскиот јазик и да се пропише обврска секој јавен орган да има вработен лектор.„Македонски јазик и книжевност одлучиле да студираат само 16 студенти. Бројот на заинтересирани за овие студии паѓа од година в година. Чаре?Донесете Закон за македонскиот јазик и пропишете обврска во секој јавен орган да има вработен лектор!Така ќе се даде придонес во зачувување на јазикот, а истовремено ќе добиеме пописмени решенија, пресуди, извештаи, соопштенија за јавност, дописи, уверенија, потврди итн“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

fasdfasdgfasd

(ВИДЕО) Страотно сведоштво од Охрид: Им кажале на родителите дека сестра ми прегазила дете и им барале пари, беше борба за живот

Охриѓанката Анета Јованоска преку социјалните медиуми сподели како нејзините родители биле мета на банда, кои со лаги, пробале да изнудат пари од нив. Кога се јавиле, според сведоштвото, непознато лице кое се претставило како инспектор од полиција кажало дека нивната ќерка (сестра на Анета) имала сообраќајка. Потоа, лицето кажало дека таа е во болница, но и дека прегазила дете. Непознатиот човек барал пари од возрасните лица, за да нивната ќерка не лежи во затвор.Целото сведоштво:„Во текот на вчерашниот ден, моите родители добија телефонски позив, во кој беше претставено некое непознато лице како инспектор полициски. Им беше кажано дека мојата сестра направила сообраќајка, прегазила дете, се наоѓа во болница, со искршени заби и дека родителите на детето бараат за сестра ми да не лежи во затвор 15 години“, вели Анета Јованоска.„Моите родители се возрасни, со тешки дијагнози, здравствено во тешка состојба. И тоа е причината што вчерашниот ден, бев да ги посетам и да ги видам. Сум имала голема среќа и му благодарам на универзумот што ме прати во вистинскиот момент. Кога разговорот беше при крај и по тие 30 минути малтретирање на моите родители, пиштење и вриштење, кои ги извадиле сите парите, па кажале колку, па им кажале дека ќе дојде човек да му ги дадат“, додава таа.„Тоа значи дека тоа е банда, каде се вклучени повеќе лица. Се јавило и женско лице, кое се претставило женско лице како мојата сестра, со потврда да татко ми ги даде парите. Во моментот кога влегов, телефонската линија не беше затворена. Татко ми ми го даде телефонот. На моето прашање: Ве молам да го кажете вашиот полициски број и од која полициска станица се јавувате, ми спуштија слушалка. Беше пријавено во полиција. Тие не можеа да дојдат, па јас отидов да дадам изјава. Би сакала се покрене иницијатива. Разбрав дека не сум единствена, дека моите родители не се единствената жртва со истава приказна. Дека има оштетени со многу повеќе пари. Сакам да спасам што повеќе луѓе. Беше траорно. Едвај ги смирив моите родители, со медикаменти, за да останат во живот. Беше страшно, тешко“, посочува Анета Јованоска.

Охрид | пред 3 години

urgentencentar

Трагедија во Ѓорче: Почина 11-годишното момчe, врз кое падна пречка од гол и се бореше за живот

Момчето на 12-годишна возраст од скопско Ѓорче Петров, по еден месец борба за живот, почина на КАРИЛ. Врз него, во август годинава падна статива од гол на фудбалски терен. Лекарите се бореа за неговиот живот, но не успеаја да го спасат. Според извори на „Скопје1“, кај момчето постојано имало подобрувања во здравствената состојба, но и влошувања.По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, а се води постапка и за причините поради кои се случи оваа трагедија.Во Полициската станица во Кавадарци кога во август се случи настанот било пријавено дека на фудбалскиот терен во рамки на детското одморалиште Михајлово – Кавадарци, каде престојувале ученици од основно училиште од Скопје, еден малолетник бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала.Од МВР тогаш информираа дека малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје, а на местото на несреќата беше извршен увид од страна на увидна екипа од Кавадарци.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-05-093843

Малолетник прегазен од „ауди“ во Скопје

На 09.09.2022 во 13.50 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Ќемал Сејфула“, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(21) од с.Љуботен, скопско, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

306274328_506146424858710_3274180767255620598_n

(ВИДЕО) Започна 35. Охридски пливачки маратон

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им посака мирни води на пливачите на 35. Охридски пливачки маратон.„Започна 35. Охридски пливачки маратон.Им посакувам мирни води на пливачите.Ве поканувам на градското пристаниште да ги пречекаме, а од 14 часот да уживаме во настапот на Ансамблот "Билјана јуниор"“, вели Пецаков.Охридскиот маратон традиционално се одржуваше под покровителство на Претседателот на државата, но од неговиот кабинет стигна соопштение дека оваа година нема да се одржи поради блокирана сметка на федерацијата.Градоначалникот Кирил Пецаков синоќа на социјалните мрежи напиша дека Охрид бил целосно подготвен за одржување на пливачкиот маратон.„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша претходно Пецаков на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

Foto-3

Претседателот Пендаровски на Охридски пливачки маратон

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид присуствува на 35. Охридски пливачки маратон што се одржува под негово покровителство.На стартот, претседателот Пендаровски им посака мирно езеро и успешна трка на учесниците, нагласувајќи го нивниот придонес во афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон.Претседателот Пендаровски, проследи дел од маратонот во придружба на талентирани ученици, добитници на награди на меѓународни натпревари, кои се гости на претседателот и сопругата како дел од програмата за поддршка на млади таленти „Отворен Кабинет за талентирани ученици“.Годинава во машка категорија се натпреваруваат Арне Фурлан Штулар од Република Словенија, Франческо Гетини од Италијанската Република, Матијас Дијас Хернандес од Аргентинската Република, Сидрит Деску и Арион Будима од Република Косово, како и домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Единствената учесничка во женска категорија, годинава, е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

Македонија | пред 3 години

mkd-563876

Хакери ја нападнаа страницата на министерство за образование

Во моментов интернет страницата на Министерството за образование и наука не се отвора. Претходно, наводно врз страницата бил извршен хакерски напад. Како што објави порталот Република, оставен бил потпис од хакерски тим  кој се претставил дека е грчки, односно пишувало ,,Хакирано од грчкиот хакерски тим ,,Netwatchers".Ова не е прв напад врз македонска државна инсгтитуција, последниот беше врз Народната банка, од каде тогаш и детално информираа за нападот и објаснија дека хакерите не дошле до податоците и средствата, туку успеале да ја забават работата на интернет страницата со организирани илјадници влезови во сајтот во ист момент. фото: МКД.мк

Македонија | пред 3 години

mercedes-majbah

Изнајмил рентакар автомобил од Белград, па го регистрирал во Македонија со лажна документација

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 и за продолжено кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 и став 1, додека другото лице е обвинето за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување согласно член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Првиот обвинет на 16.06.2021 година, користејќи лажен идентитет и лична карта на туѓо име, склучил договор за наем на автомобил Mercedes benz s300 bluetec hybrid со рентакар агенција од Белград, Републка Србија. Лажно прикажал дека има намера автомобилот да го врати за еден месец, иако немал намера да го изнајми, туку да го одземе и за друг да прибави противправна имотна корист во значителна вредност. Возилото под наем, преку Косово и Р.С. Македонија, на 21.06 го однел на непозната локација во Република Бугарија.На 10.07.2021 година, возилото со променет идентификационен број, се појавило повторно во земјава кога преку станица за технички преглед биле доставени документи за негова регистрација. Вториот обвинет во својство на службено лице – референт за управни работи на Одделение за управни работи – Скопје при МВР, поттикнат со умисла од лице кое до овој момент е недостапно на органите на прогонот, овозможил регистрација на возилото врз основа на некомплетна и лажна документација. Тој веднаш изготвил сообраќајна дозвола и издал регистарски таблици за возилото без да ги провери потеклото и сопственоста, вистинитоста на документите за увозно царинење и записите за техничка исправност на автомобилот, како и без да побара и обезбеди потврда од системот на Интерпол дали возилото е предмет на потрага. Со ова обвинетиот на поттикнувачот му обезбедил противправно да се стекне со значителна имотна корист во проценета вредност од 49.850 евра.При спроведувањето на истражната постапка се утврди дека истото службено лице, поттикнато од другиот обвинет и од лицето кое е недостапно да органите на прогонот, во периодот од август 2020 година до крајот на јуни 2021 година во шест други наврати овозможил регистрација на вредни автомобили во земјава, без никаква или врз основа на лажна документација.На овој начин тој на другите двајца им овозможил противправно да станат сопственици на автомобили Fiat 500 Abarth, Renault Megane 1.6 GT, BMW X5 XDrive30D, Mercedes Benz GLE 350D 4Matic, Toyota RAV4 и Porshe Cayenne Diesel. За регистрација на возилата со изменети идентификациски броеви била приложувана фалсификувана документација дека се набавени во странство, иако всушност тие биле предмет на потрага во различни европски земји. По извршената регистрација во Скопје, автомобилите биле препродавани на трети лица, со што продавачите оствариле противправна имотна корист проценета на вкупна вредност од 218.368 евра.За третото пријавено лице кое поттикнувало извршување на кривичните дела и кое е недостапно на органите на прогонот, постапката е во прекин до неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​

Македонија | пред 3 години

sun-setting-silhouette-electricity-pylons

Власта евтино продава вишоци струја во Албанија, а стопанството пропаѓа заради високите цени, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонското стопанство тоне поради лошата енергетска политика на власта. Индустријата е оставена на милост и немилост и плаќа 500% поскапа струја од лани. За споредба со компаниите во околните земја, македонските плаѓаат најскапа струја и на тој начин ја губат својата конкурентност. Власта наместо преку матни зделки да ги продава вишоците на албанската компанија по багателна цена, истите може да ги понуди на домашниот пазар и на тој начин да ја помогнеше домашната економија, вели ВМРО-ДПМНЕ„Поради неодговорноста, недомаќинското работење и криминалот на власта на антимакедонската СДС, граѓаните и компаниите ја плаѓаат од свој џеб неколку кратно економската катастрофа. Најпрво ги плаќаат државните компании кои се претворија за 5 години во бунар без дно и најголеми загубари, потоа преку буџетски пари го плаќаат скапиот увоз и на крај преку енормни сметки ја плаќаат електричната енергија. И од мафијата СДС да беше, премногу е!Ова мора да престане. На ова мора да му се стави крај. За ваквиот грабеж на својот народ кој го спроведува антимакедонската СДС мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

1631035331-h_55728615-1536x1039-768x520-1

Владата со куп грешки во телеграмата со сочувство за кралицата, ѝ се обратиле со височество наместо со величество

На Фејсбук профилот „Академија за протокол“, објавен е статус околу телеграмата за сочувство по повод смртта на Елизабета Втора која ја испрати владата.„Во врска со телеграмата за сочувство испратена од нашата влада по повод смртта на Елизабета Втора, само ќе порачам до владиниот протокол дека кралица/крал се ословуваат со величество, а не височество.Околу стилот на телеграмата, светлите факели, планетарните освестувања и трезвените моменти, и сето тоа нелекторирано, оставам секој сам, почитувани пријатели, да процени.Се надевам дека барем верзијата на англиски јазик е подобра“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

kralsko-semejstvo-britanija

Секој момент е испланиран, синот на кралицата Елизабета II утре ќе го преземе тронот

По смртта на кралицата Елизабета II. монархијата има елабориран план за тоа како би требало да изгледаат следните неколку дена до нејзиниот погреб во Вестминстерската опатија во Лондон.Оваа историска секвенца по смртта на кралицата која владееше 70 години и 7 месеци, беше внимателно подготвувана со години како планот „Лондонскиот мост е долу“. На ова беше додадена операцијата „Еднорог“, предвидена во случај кралицата да умре во Шкотска, што и се случи.Само новиот крал Чарлс III. може да финализира одредени точки, но се уште ништо не е официјално потврдено. Но, еве што треба да се случи според експертите и британските медиуми. Кралицата починала во нејзиниот замок Балморал на северот на Шкотска, а нејзиното тело мора да биде вратено во Лондон.петок, 9 септемвриКралот Чарлс III се враќа во Лондон. и Камила откако ја поминаа ноќта во Балморал. Чарлс III. се среќава со премиерката Лиз Трас.Се очекува кралот да ги финализира последните детали за погребот, должината на жалоста за кралското семејство, а владата ќе ја потврди должината на националната жалост, која најверојатно ќе биде од 12 до 13 дена. Денот на погребот ќе биде неработен. Знамињата се на половина копје, во Лондон ќе бијат ѕвона, а во спомен на кралицата, топовите треба да испукаат 96 плутони.Новиот крал Чарлс III. ќе зборува преку телевизија, а во катедралата Св. Павла во Лондон ќе се одржи верска церемонија со премиерот и членовите на Владата.сабота, 10 септемвриЧарлс III официјално ќе биде прогласен за крал.недела, 11 септемвриКовчегот со телото на кралицата пристигнува во палатата Холирудхаус, официјалната резиденција на монархот во Шкотска. Властите на Шкотска, Велс и Северна Ирска најавуваат доаѓање на нов монарх.понеделник, 12 септемвриДвата дома на парламентот се состануваат во Лондон за да и оддадат почит на кралицата, а новиот крал го напушта Лондон за Шкотска, Велс и Северна Ирска.вторник, 13 септемвриКовчегот со телото на кралицата се транспортира со авион во Лондон, а потоа во Бакингемската палата.среда, 14 септемвриПоворка низ центарот на Лондон за да го премести ковчегот од Бакингемската палата во Вестминстер. Ковчегот ќе биде во Вестминстерската сала четири или пет дена за луѓето, 23 часа на ден, да можат да му оддадат почит. Се очекува да дојдат стотици илјади.понеделник, 19 септемвриВеројатниот датум на државниот погреб во Вестминстерската опатија во Лондон, кога се очекуваат државници од целиот свет.По церемонијата, кралицата ќе биде погребана приватно во капелата на кралот Џорџ VI. во замокот Виндзор. Таму ќе биде преместен ковчегот на нејзиниот сопруг принцот Филип, кој почина минатата година, за да биде покрај неа.

Македонија | пред 3 години

15082021_PVRSM-Zaev_uvid_Krivogashtani-Zitoshe_1

Заев: Го сакам бугарскиот народ, како што си го сакам македонскиот

Македонија и Бугарија повторно се враќаат на „патот на пријателството и добрососедството“ рече денеска поранешниот премиер Зоран Заев Кој присуствуваше на настан во Американскиот универзитет на Европа – ФОН на доделувањето титула почесен доктор на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.„ Стојам секогаш на располагање на помош на добрите односи како поранешен премиер. Неодамна имаше средба на премиерот Ковачевски со претседателот Румен Радев и со вашиот технички премиер, веќе работиме на економски проекти и на енергетската криза, како и на многу други активности. Верувам дека се враќаме на патиштата на пријателството, соработката и добрососедството, ние сме блиски народи, ние сме со иста заедничка перспектива и ние треба да обезбедиме нашите деца да може да соработуваат. Го сакам бугарскиот народ, како што си го сакам македонскиот, тука сум да помагам, затоа и се вратив во бизнисот и работам економија“, рече тој.

Македонија | пред 3 години

266451880631a395b47617482380641_v4_big

(ВИДЕО) Кралицата Елизабета во 1972 година ја посети Југославија: Тито и Јованка ја воодушевија

Над сите очекувања, кралицата Елизабета во Југославија наиде на одличен прием и на маса обожаватели.Иако во тоа време Југославија беше крајно лево ориентирана, тоа не ја спречи кралицата Елизабета да ја прифати поканата на тогашниот претседател Јосип Броз Тито и да оствари официјална посета во 1972 година.Кралицата Елизабета Втора слета на белградскиот аеродром во придружба на нејзиниот сопруг принцот Филип и принцезата Ана. Приемот, иако англиските медиуми беа скептични, беше фантастичен. Репортер од Асошиетед прес ја следеше англиската делегација и направи историски фотографии.Толпата срдечно ја пречека кралицата, а Тито и Јованка, одлично се снајдоа во улогата на домаќини.Во чест на англиската кралица, Броз потоа одржа говор во кој апострофира дека за целата планета, без разлика на политичкиот систем и партијата на власт, најважен е мирот и повика сите жаришта на војната да бидат згаснат и проблемите да се решаваат со дијалог.Англиските медиуми од тоа време велат дека кралицата Елизабета била фасцинирана од толпата што ја пречекала и од топлиот прием како од обичните луѓе, така и од претседателот и неговата сопруга, кои дале се од себе нејзината прва посета на Југославија да биде убав спомен. Foto: Profimedia

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања