ТОП

dimitar-apasiev9

Апасиев го испрати Џафери во затвор

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека Џафери направил грешка при одбивањето на иницијативата за референдумот.„КАДЕ ИСПОГРЕШИ НЕУКИОТ СИЛЕЏИЈА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПРИ ОДБИВАЊЕТО НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ?1. Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку може само да ја цени нејзината „УРЕДНОСТ“ од формално-правен аспект.2. Спикерот не може сам, без претходно МИСЛЕЊЕ од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата.3. Спикерот, доколку смета дека иницијативата е неуредна, прашањето го префрла на ПЛЕНУМОТ на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре.4. Единствено СОБРАНИЕТО (на пленарна седница), а не спикерот, е надлежно да одлучи ad meritum за уредноста на поднесената граѓанска иницијатива - преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“). Дури тогаш можеш да го известиш подносителот!5. Толкувањето дека Уставот не дозволува менување на ратификуван меѓународен договор се однесува исклучиво само на МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР, а никако на билатерален! Argumentum a fortiori, дури и Влада, а комоли пак Собранието, може да го раскине овој договор со Бугарија.6. Со овој ultra vires акт на самоволие, кога спикерот се става во положба на уставен судија, сторил кривично дело „СПРЕЧУВАЊЕ НА ИЗБОРИ И ГЛАСАЊЕ“ казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од минимум три години (за што правниот тим на Левица ќе процесира соодветна пријава во ОЈО).7. Кој ти беше правен советник во случајов (Јетон или друг), нека ти ги врати ПАРИТЕ, оти нема појма од животот!8. Можно е да те бомбардираме и со сто други иницијативи, со различни референдумски прашања, од типот: „Дали сте за тоа бивши амнестирани терористи да можат да извршуваат највисоки државни функции во Република Македонија?“... “, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

talat-dzaferi33

Нема референдум, реши Џафери и му кажа на Мицкоски

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ја прими Граѓанската иницијативата за распишување на задолжителен референдум на државно ниво, за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18.01.2018 година) и на истата достави одговор до овластениот предлагач Проф. Д-р Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

ВМРО-ДПМНЕ се оградува од Арсовска: Не сме задоволни од неа, наместо да се пресметува нека решава проблеми!

Скопската градоначалничка Данела Арсовска, повеќе нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, освен за поединечни проекти за кои веќе има усогласеност и се промовирани во време на изборите. Портпаролката на партијата, Марија Митева, испрати и јавна порака до Арсовска. Според неа, партијата е незадоволна од резултатите на Арсовска, иако, кога ја поддржале за време на изборите, верувале во неа.„Како партија која го поддржа концептот за модерно Скопје и застана зад кандидатурата на Арсовска, искрено верувајќи во овој концепт, можам да кажам дека не сме задоволни од сега сработеното од градоначалничката. Сметаме дека е малку реализирано, а може и треба да се испорачаат повеќе резултати кои ги заслужуваат скопјани. Поддршката која ја дадовме за неа е темелена на принципи, и секако таа ќе ја повлечеме тогаш кога ќе видиме дека тие принципи не се почитуваат“, кажа Митева.Портпаролката одговори и дали мнозинството советници во Град Скопје ќе и ги гласаат проектите и одлуките на Арсовска.„Имено ова се однесува дека во иднина само оние проекти и онаа политика која е во функција на модерно Скопје и која ја поддржуваме ќе биде одобрена и изгласана во Советот. Но исто така, ќе го задржиме правото да бидеме жестоки критичари на нејзините политики кои излегуваат надвор од тој концепт“, посочи таа.На крајот, Митева упати и порака до скопската градоначалничка: „Би и порачале на градоначалничката дека наместо неосновани пресметки и упади на прес-конференции, треба да се започне со проекти и со решавање на потребите на скопјани“.

Скопје | пред 3 години

drisla

И директорот на „Дрисла“ се повлече од позицијата

„Како директор на депонијата Дрисла сакам да посочам дека во овој десет месечен период откако го превземав претпријатието направив стабилизација и негова консолидација и отпочнав со процес на инвестиции кои се во насока на подобрување на работата на истото. Но секој индивидуален успех на било кое претпријатие не е целосен доколку истото не добие потркепа од колективитетот во кој Дрисла мора да функционира, а тоа е Градот и нејзиниот прв човек. Морам да го истакнам немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај бројните мои обиди тоа да биде сменето. Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје. Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла“, вели Јане Мицевски.Тој додава:Навистина благодарам до моите соработници во претпријатието со кои заеднички дојдовме до резултати за кус период.-Горд сум што за 9 месеци успеавме за Дрисла да набавиме нова сопствена механизација. Набавени се 4 нови градежни машини, од кои 2 булдожери и 2 натоварувачи-Со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените, обезбедени се два нови монтажно/демонтажни деловни објекти за потребите на работниците.-Обезбедивме линеарно зголемување на платите од 2880 денари за секој вработен, како и исплата на заостанат регрес за годишен одмор за 2021 година.-Инсталацијата за стерилизација на медицинскиот отпад (автоклав) е пуштен во пробна употреба, а во јули 2022 година со добивање дозвола за работа со што е направена измена во А – интегрираната еколошка дозвола почнува официјално со употреба.Системот обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината.На крајот, сакам да истакна дека вработените кои беа дел од мојот тим можат да посведочат дека преку мојот начин на менаџирање успеав да сменам многу пракси на директорите од минатото. Личните привилегии никогаш не ми претставуваа приоритет како што се личен возач, репрезентација, патувања, службен телефон и слични непродуктивни трошоци чија ставка е нула. Одговорноста спрема граѓаните е поважна од сечиј друг личен интерес и амбиција. Од Дрисла излегувам со крената глава, бидејќи резултатите се очигледни.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-09-13-at-12.05.15

Уште еден директор на Арсовска е минато во Скопје

В.д. директорот на ЈП „Градски паркинг“ – Бојан Христовски денеска на Фејсбук сподели дека се повлекува од раководната позиција во претпријатието.Го пренесуваме во целост неговиот пост на социјалната мрежа:„Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за вд директор во ЈП Градски паркинг Скопје. На 13 јануари, оваа година беше мојот прв работен ден во ова претпријатие, а денес е мојот последен ден на оваа позиција.Влегов со план и визија, со посветеност, професионализам и со континуирана работна динамика, и сето тоа со цел да им овозможам на сите граѓани подеднаков третман и подобри услови за услугите кои ги пружа ова претпријатие.Но сепак морам да истакнам дека градот Скопје е комплексен систем на институционално управување во кои се испреплетени повеќе фактори. Тимската работа на градоначалникот и јавните претпријатија е неопходна, токму затоа нарушената координација е сериозна опасност за непречено функционирање на скопската локална самоуправа, а тоа е секако на штета на граѓаните. Дополнително вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“. Значи тоа се случува кога мерило за успехот не се резултатите, туку игрите кои се рефлексија на други поинакви интереси од колективните. Сето ова покажува дека многу малку или воопшто не се посветува внимание на она што беше ветено пред граѓаните за модерно Скопје, и јас како поединец и покрај бројните резултати за кус период не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту пак има нормална комуникација со градоначалникот. Затоа поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата вд директор на ЈП Градски паркинг – Скопје.Зад мене остануваат повеќе тековни активности и новитети, но и суштински проекти имплементирани во претпријатието од кои би ги издвоил:– Финансиска стабилност и самостојност и покрај намалувањето на цените за зонско паркирање од 25% со кој се излезе во пресрет на потребите на скопјани,– Реновирање, осветлување и молерисување на катните гаражи– Зголемена хигиена на сите паркиралишта– Обележување на регуларни паркинг места и места за лица со попреченост– Возобновување на услугата шлеп служба– Бесплатно паркирање за крводарители и повластени цени за специјализанти– Зголемена транспарентност преку редовна комуникација со медиуми, функционалност на веб страна и нова ФБ страна– Набавка на нова ХТЗ опрема за сите вработени– Набавка на 70 нови дигитални уреди за контрола на паркирањето– Надградба на системот за зонско паркирање (смс „потсетник“ за паркирање и тн.)– Пос терминали на сите паркинзи– Подобрување на услугите на паркиралиштето на Клиничкиот центар (нов наплатен пункт, поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, во крајна фаза нови 2 паркомати и „при-пејд“ картички со 20 минути транзит период итн)Сите овие, но и останатите новитети би биле невозможни без големиот број на исклучително квалитетни и креативни професионалци и ентузијасти на кои сум им бескрајно благодарен за нивните напори за остварување на програмските цели. Динамичната работа и позитивниот притисок носат резултати. Поради тоа, со задоволство истакнувам дека позицијата ја напуштам со мојата последна одлука, а тоа е иницијатива до управниот одбор за заслужено линеарно зголемување на основната плата на сите вработени во вредност од 3000,00 денари.Сметам дека успесите на Градски Паркинг постигнати во едни тешки околности се значајни да ги истакнам. Тие ќе беа уште поголеми доколку имаше целосна поддршка од Градот и градоначалничката. Во мојот живот борбата за принципите во кои верувам се поважни од функцијата. Влегов достоинствено, излегувам со чист образ. Нема да дозволам било кој, а најмалку луѓе кои имаат поинакви приоритети од тие поради кои се избрани од народот, и поради лични политички игри тоа да го извалкаат“.

Скопје | пред 3 години

osmani

Бесмира Ејупи знае јазици и има безбедносен сертификат од највисок ранг, вели Османи

Јавноста го обвинува МНР за непотизам, а последниот случај е со сопругата на пратеникот Мартин Костовски, која премина со работа во ова министерство. Министерот Бујар Османи вели дека нема ништо незаконито во вработувањето.-Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија. Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ 24.Министерот вели дека Костовска е на постдипломски студии по меѓународна политика во Прага и во нејзиниот случај не станува збор за трговија со влијание.Случај кој ја разбранува јавноста е случајот на презентерката Бесмира Ејупи за која се велеше дека се подготвува за конзул, а сега е вработена во МНР.– МНР има потреба од 50 вработувања но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети да конкурира. Ејупи е преземена од Министерството за политички систем, како што по закон се преземаат и други службеници, вели Османи за Студио 10.За Ејупи вели дека знае јазици и имала безбедносен сертификат од највисок ранг како член на службата на протокол во претходното министерство.

Македонија | пред 3 години

1-5

Договорот со Бугарија е коренот на сите проблеми за Македонија, вели опозицијата

Антимакедонската СДС да не се плаши од народот и да прифати Референдум. А, со Референдумот и предвремени парламентарни и претседателски избори, вели ВМРО-ДПМНЕ„Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е коренот на сите проблеми и затоа е потребен Референдум и мобилизација на народот против него. Не може само Македонија да презема обврски, а Бугарија да условува.Договорот со Бугарија кој го потпиша Заев, а го продолжи Ковачевски е отровното дрво кое раѓа отровни плодови, а последиците од таквиот договор ги гледаме денес. Овој договор со Бугарија е основата за негација на македонскиот јазик, идентитет и историја.Затоа, само Референдумот е можност народот да излезе и да го каже својот став, а според истражувањата над 60% од Македонците би го подржале Референдумот.Антимакедонската СДС треба во најмала рака да ја подржи иницијативата и да дозволи да се слушне волјата на граѓаните, но тие бегаат од Референдум затоа што знаат дека народот е против нив и против нивните погубни политики од кои само Македонија губи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Данела не знае за што ќе го гони Перински: Прво го обвини дека влијание врз тендер, а сега дека е нетранспарентен

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска не знае за кое кривично дело ќе го пријави директорот на Водовод, Златко Перински. Таа кажа дека не знае ништо за процесот за проектот за пречистителна станица финансиран од европски банки, но не одговори како без информации го обвини Перински дека сторил криминал за што ќе поднесува и кривична пријава. Во соопштението за разрешувањето на Перински се вели дека има сомнеж дека влијаел во постапката за избор на изведувач на тендер, а на прес-конференција посочи само дека тој не бил транспарентен и затоа го тргнала од директорската позиција.„Ние изразивме сомнеж бидејќи минатите месеци, Град Скопје нема добиено никаква информација во која насока се движат сите процеси кои се поврзани со избирање на најдобар понудувач. Ова е проект кој се прави со европски средства во вредност од 137 милиони евра. Ние имаме индиции дека не е транспарентен процесот и бараме да се сменат промени на членовите на комисиите. Нетранспаретноста на целата постапка ги покрена сомнежите. Ние нема да дозволиме европски средства да бидат изиграни. Во интерес на сите е да знаете што е позадината. Со самото тоа што Градот барал потранспаретна постапка и не било спроведено, имаме сомнежи дека се обидувало да се влијае на постапката“, кажа Арсовска.Прашана од кај знае дека има криминал, ако не знае ништо за проектот, Арсовска рече: „Да спречите нешто да се украде е исто како да се превенира. Јасен беше одговорот. Документацијата која ја имаме, ќе ја предадеме, друг ќе одлучи“.„Ние ги имаме нашите индиции, ги имаме релевантните документи, пред Обвинителството ќе ги поднесеме. Транспарентноста не е криминал, тоа е дека нешто се тера а не се прави пред јавноста“, рече Арсовска, а прашана кое е делото рече: „Тоа не е нешто наше кое треба да го тераме, не сме јавен обвинител ниту суд“.

Македонија | пред 3 години

Perinski12112020

Разрешен директорот на Водовод Златко Перински, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер

Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, велат од Град Скопје.„Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година“, додаваат тие.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-21-at-18.21.22

Тупанчески од Орбан ќе бара Груевски да го вратат назад, но и бегалците од „Монтрум“

Министерството за правда во наредниот период ќе поднесе нови барања за екстрадиција на Никола Груевски, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.„За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година.Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи,односно за сите постапки за кои е распишана потерница.Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал.Состојбата со сите судски постапки внимателно се следи а Министерството за правда ќе постапи соодветно и ќе поднесе ново барање за екстрадиција“, велат од Министерство за правда.„За Лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година.Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година , потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година.Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година. На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива , а за Демири нема одговор.Во постапките , се што беше побарано од косовските власти беше доставено.Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати , февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година.Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која ја потврди првостепената одлука за ,,Монструм” со која Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се правосилно осудени на доживотна казна затвор. За овие лица Министерството за правда повторно ќе поднесе ново барање за екстрадиција“, соопштува Министерство за правда.

Македонија | пред 3 години

apasiev

„Не им е одмилен јазикот, туку системот, образованието ќе иде у к*рац, а младите у странство“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека на младите не им е одмилен македонскиот јазик, туку системот.„На Филолошки на УКИМ, се запишале само 12 студенти на Македонистика!?Не. Не им е одмилен јазикот, туку СИСТЕМОТ! Еве ќе ви кажам личен пример: сестра ми дипломираше македонска книжевност пред скоро 20 години, кога студираа по околу 120 студенти во една група. И знаете колку стаж има на струка? = 0 часови (со букви: НУЛА). А знаете оти? Оти нема членска од СДС-ДПМНЕ.Наравоучение: Се' додека ги бирате професорите на општински комитети, наместо на конкурси - образованието ќе иде у курац, а младите у странство“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

Screenshot_2022-09-11-20-14-52-463_com.twitter.android2

(ВИДЕО) Страшно: Летаа боксови сред паркинг во Ново Лисиче во близина на полициска станица

Видео од масовна тепачка денеска беше објавено на социјалните мрежи.Тепачката се случила во населбата Ново Лисиче, во непосредна близина на полициската станица.Околу седум лица со боксови се пресметуваа среде паркинг, а засега нема информации кога точно се случил немилиот настан.https://twitter.com/ajvarb3zkoski/status/1568963301840752640?t=hg6XU-blk_Y1hPU516HG3A&s=19

Скопје | пред 3 години

pukanje-1

Драма во Скопје: Направиле сообраќајка, па кога се обиделе да му го одземат пиштолот пукал во нога

На 10.09.2022 во 16.00 часот во СВР Скопје Б.Ј.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Алија Авдовиќ“, во близина на црквата, имало пукање и повредено лице од огнено оружје.Полициски службеници веднаш излегле на местото при што било констатирано дека околу 15.45 часот, по претходна сообраќајна незгода на истата локација помеѓу патничко возило „фолксваген туаран", управувано од пријавителот и патничко возило „сеат алтеа", управувано од Б.К.(20) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, настанала вербална расправија при што дошло до физички напад.Притоа, Б.Ј.(34), кој според пријавеното бил сопственик на возилото „сеат", извадил пиштол, кој при обид да му биде одземен испукал и со повреда во ногата се здобил Б.Ј., брат на пријавителот. Тој заедно со С.Ј., роднина на пријавителот, кој се здобил со повреда при физичкиот напад, биле пренесени во Ургентен центар за укажување на медицинска помош.Известен е Јавен обвинител, распишана е централна потерница за пронаоѓање на сторителот и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

IMG_5146

Пронајдена жената која се изгуби на Китка

На 10.09.2022 oколу 18.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево на планината Китка ја пронашле Р.С.(54) од Скопје, за која во 15.44 часот во Полициската станица Драчево нејзиниот сопруг В.С.(56) од Скопје пријавил дека, додека биле на планината, во близина на планинарскиот дом, се оддалечила и најверојатно се изгубила.На местото веднаш биле испратени полициски службеници од Полициската станица Драчево, Единицата за интервентна полиција и куче трагач, по што Р.С. набрзо била пронајдена во добра здравствена состојба и вратена кај сопругот.

Македонија | пред 3 години

kniga-1

Џабе е учењето македонски: Децата не се глупави да учат за да земат партиска книшка за 20 илјади плата

Од предвидените 190 места, само 16 средношколци се пријавиле во првиот уписен рок на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност и култура на УКИМ. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а еден вонреден студент е запишан на отсекот за книжевност.Граѓаните се поделени, дел сметаат дека ова е поразителен факт за државата која требала да се погрижи одредени институции задолжително да вработат лектор. Но дел сметаат дека околу темата се кренала голема фама, а трендот на намалување на студенти е нормален. Велат дека има куп македонисти што работат на каси по маркети, а децата не се глупави да учат нешто за што утре би им требала партиска книшка за да земаат 20 илјади плата.Ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.https://twitter.com/na_vanja/status/1568317396078972930?s=20&t=Ju_XH0kGyMNa1MXvK6yjtQhttps://twitter.com/Teovelemenge/status/1568274646507687936?s=20&t=Ju_XH0kGyMNa1MXvK6yjtQhttps://twitter.com/HomerGjorgj/status/1568503360785104896?s=20&t=Ju_XH0kGyMNa1MXvK6yjtQhttps://twitter.com/HomerGjorgj/status/1568503110556913664?s=20&t=Ju_XH0kGyMNa1MXvK6yjtQhttps://twitter.com/doctoressaa/status/1568577047554932737?s=20&t=Ju_XH0kGyMNa1MXvK6yjtQhttps://twitter.com/vranistanska/status/1568704870915489793?s=20&t=acwqomuftAo35GDYmresKghttps://twitter.com/crnamaca2/status/1568872937582739457?s=20&t=acwqomuftAo35GDYmresKg 

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања