ТОП

stevce-jakimovski-robert-veljanovski

Учениците во Карпош без ужинка поради урбаната мафија, не се носи одлука зошто не им гласаме ДУП, сведочи Вељановски

Роберт Вељановски, член на Советот на Општина Карпош посочува: „Поради интересите на урбаната мафија, учениците од основните училишта во Карпош останаа без ужинка“.Тој додава дека со вчерашното напуштање на продолжението на XIV Седница на Советот на општина Карпош, советниците на СДСМ ја официјализирале новата коалиција со градоначалникот на Карпош.„Им честитаме! Причината за напуштањето на седницата е немањето мнозинство за изгласување на ДУП З 09 или познат како ДУП за Млечен. На донесувањето на овој ДУП остро се спротивставуваат советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Независни за Карпош. За сметка на урбаната мафија, на карпошани им се ускратени одлуки за (ги издвојуваме најважните):- Субвенционирање на ужинки за учениците во општинските основни училишта на општина Карпош за месеците септември, октомври, ноември и декември а учебната 2022/2023.- Давање согласност за промена на корисникот на електрични броила од Општина Карпош на основните училишта на територијата на општина Карпош.- Одобрување на финансиски средства за награди за полуматурантите-првенци на генерација од општинските основни училишта на територијата на општина Карпош за учебната 2021/2022.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ опстојува на предизборните заложби од програмата со која добивме доверба од граѓаните на Карпош!“, напиша Вељановски.

Скопје | пред 3 години

DFASDFASDFASDFASDF

Од шеги до заговори: Немој да пиете шилеговача, видовте што се случува со Данела

Караницата на релација ВМРО-ДПМНЕ - Данела Арсовска не застанува. Скопската градоначалничка последно го повика Христијан Мицкоски, лидер на опозициската партија, да дојде и лично да се пресмета со неа. Тој пак, преку телевизиско интервју ги смируваше страстите посочувајќи дека ова не е војна. Сепак, се чини дека страстите се зовриени, ако се има во предвид дека секојдневно ВМРО-ДПМНЕ испраќа соопштенија до медиумите со кои ја девалвира и дискредитира Арсовска.И јавноста има свои коментари. Дел се шегуваат, на дел ништо не ми е јасно, а трети, имаат своја страна.Дел од нив, објавени на „Твитер“, во проодлжение:„Данела, сега, добра е или лоша? Не разбрав“https://twitter.com/KRodzers/status/1569741548212060162„СДСМ и се воодушевува на Данела. Каков ти е денот таква ти е годината“https://twitter.com/Schiffer_PG14/status/1570374548075290628„Ќе потврди ли сега дпмне дека Данела е Бугарка?“https://twitter.com/AnaFiljana/status/1570507059850018819„Исто како што заврши Тривке невини ќе заврши и данела без ниту еден реализиран проект...“https://twitter.com/NoStAlGicArOt/status/1570358754012499971„Фала #Данела за денешните вмровски солзи. Кралице моја. Срно моја“https://twitter.com/100deutschemark/status/1569321593557368833„Кај е шпицниот Градоначалник, кај се крие? - ДанелаЈас од Нервно:“https://twitter.com/CheGuev21277156/status/1570425607888195586„Уште 5-6 глупи мемиња со Данела и нова година“https://twitter.com/mancesterovec7/status/1570522125718659074„Данела пред поплавите да го фатеше директорчето у мед ќе и простевме“https://twitter.com/Act_A__Fool/status/1570522809310511107„Ипак ја мислам дека Данела премлада влезе у политика.. Мислења?“https://twitter.com/HerrPIPO/status/1570532535914090498„Немој да пиете шилеговача, видовте што се случува со Данела , па таа стана ШИЛЕЖЕ“https://twitter.com/WolverineNase/status/1570550762266296320„Данела решила да се справува со корупција. Сасвим нормално е дека нема да има поддршка од ниедна политичка партија“.https://twitter.com/AntovSr/status/1570648404145090561„Имајки го предвид минатото на Данела не верувам дека решила да се справува со корупција или пак да одолее на партиски влијанија. Мислам дека едноставно не сака да дели со ниту една партија“.https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1570650477527986178„Данела Арсовска вели била најдобар градоначалник до сега. За мене од почеток до сега е најголемо разочарување и промашување“https://twitter.com/Nedopirliva1/status/1570656280519540737„И после #Данела не била царица! *само да се мрчело“https://twitter.com/MKDProLet/status/1570656640063635456„Значи Данела е есдееес“https://twitter.com/PinderhughesMKD/status/1570665409262788615„Во ред е да реагира ако брцнале во градскиот мед ама таа се жешти како да брцнале внејзиниот домашен мед, која сама го направила...🙄 Данела пчелката стана оса!“https://twitter.com/ANGELa99046218/status/1570667276617273345„Мора да признаеме дека Данела и се допадна на „заедницата“ затоа што покажа твитерашки шмек, користи наши финти за кревање на рич и си лапа симп фоловери (гласачи) со навежбано „дрско“ а у ствари простачко онесување..“https://twitter.com/zoranveli/status/1570667484927365123

Коментари | пред 3 години

administracija

Се дозволува дијаспората да се вработува на државно, за да мора 29,54 да се Албанци

Во државните институции и министерствата почнаа подготовките за усогласување на вработувањата по етничка линија откако министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити изработи нов балансер. До институциите стигнато е писмо од министерството во кое се наведува дека во планот за вработувањата од наредната година 31,54 отсто треба да се Албанци, пишува СДК.мк.Новиот балансер, според кој 31,54 отсто од администрацијата треба да се Албанци, Алити го изработи по објавување на податоците од пописот на население. До оваа бројка тој дошол така што на процентот на Албанци кои живеат во земјава (24,3 отсто) го додал процентот на оние кои се запишале како Албанци во дијаспората, уште 5,2 отсто или вкупно 29,54 отсто, а додал и плус два проценти од лицата кои не можеа да се најдат или го бојкотираа пописот лица, па беа административно попишани со вкрстување на податоци и изнесуваат 7,2 отсто, додава порталот.Владата вели дека побарала само да се тргне непопишното население, односно административно преброено, кое е 7,2 отсто, а од нив Алити пресметал дека 2 отсто се Албанци. Но, дозволува да се вметне дијаспората со што процентот на Албанци во администрацијата ќе биде 29,52 отсто, иако ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението кои живеат на територијата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

adfasdf

Најчевска по Тупанчевски: Не тропајте глупости, нема аномалија туку луѓе со скромно познавање на правото

Професорката по право, Мирјана Најчевска и натаму смета дека одбивањето на референдумот од страна на Талат Џафери е грешка. Таа бара: „Ве молам да престанете со тресење глупости“. Нејзиниот став е спротивен на државниот.„Договорот со Бугарија е ратификуван во Собранието. Собранието е единствениот надлежен орган за ратификација на меѓународните договори. Не мешајте потпишување на договор со негова ратификација. Меѓународните договори не произведуваат правно дејство со потпишување туку со ратификација. Дајте елементарна правна писменост. И да референдумот се однесува на прашање кое е во исклучива надлежност на Собранието. Исклучива. Нема тука никаква аномалија освен таа што луѓе со многу скромно познавање на правото се универзитетски професори“, вели Најчевска.Иницијативата за референдум има правни аномалии што ја прават недоволно добра од правен аспект за постигнување на една замислена цел, изјави министерот за правда Никола Тупанчески.Според него, пред поднесувањето на иницијативата требало да се земат предвид одредбите од Уставот, Законот за референдум и Деловникот на Собранието.,,Во членот 118 од Уставот експлицитно е утврдена материјата во однос на меѓународните договори. Тие, како што стои во овој член, претставуваат составен дел од внатрешниот правен поредок на државата и не можат да бидат менувани со закон. Особено е важна и регулативата во Законот за референдум каде во членот 24 се вели дека референдум би можел да се распише пред потпишување , односно ратификација на меѓународен договор. Во членот 28, пак, кој се однесува на Бадентеровото мнозинство, исто така има релевантна одредба”, рече Тупанчески, потенцирајќи дека треба да се земат предвид и одредбите од Деловникот на Собранието при разгледувањето на иницијативата.

Коментари | пред 3 години

make-bugarska-komisija

Комисијата која е плод на договорот со Бугарија договорила заедничко чествување на Гоце, вели опозицијата

Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата која е плод на договорот со Бугарија договорила заедничко чествување на Гоце, вели ВМРО-ДПМНЕ„Се што Заев најави сега Ковачевски го реализира.Заев и Пендаровски по него го продадоа Делчев, а сега Ковачевски го официјализира.Договорот, кој требаше да се поништи на референдум е плод на сите негации на Македонија.Со договорот со Бугарија се негира историјата и нашиот идентитет, а тоа станува услов за влез на државата во ЕУ.Со договорот, буквално мора да се прифатат бугарските гледишта на историјата, ако сака државата да влезе во ЕУ.Првин власта почна со распродавање на светите браќа Кирил и Методиј, па Цар Самоил, па светите Климент и Наум, а сега на ред е и Гоце.Ковачевски знаеше дека сето ова ќе беше поништено на референдум и затоа избега. Но не може да избега од казната од народот, која доаѓа на избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

20220915120831

(ВИДЕО) Никогаш не било порадикално: Данела го распука Мицкоски, па почна да илустрира „тресење рачиња“

- Советниче кога лажете и кога мавтате со докуметни, ви се тресе рачето ви се мења гласот, смалете доживлјај. Кај е шпицниот градоначалник, не го гледам тука, кај се крие Мицкоски, имаме одговор на ова прашање. Немаме. Го нема нигде, се крие. Во ВМРО ДПМНЕ има многу чесни, храбри, вредни луѓе, Мицкоски не е еден од нив... - со овие зборови со обрати градоначалничката на град Скопје во одговорите на прашањата на советниците на денешната седница за советнички прашања во Собранието на Град Скопје. Тогаш беше прекината од претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, кој посочи дека не треба да се споменуваат имиња на луѓе кои не се во Собранието.- Мое е право е да спомнувам кого сакам. Како до вчера бев најдобриот градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот, одеднаш не чинам. На сите прашања ќе им дојде одговорот. Јас како што гледате не ми се тресат рацете и не ми трепери гласот. За сите овие прашања кои ги поставивте, за тој спорен тендер, има кој треба да си одговори, и одговори ќе си дојдат. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како и досега, како што до вчера бев најдобар градоначалник. Ама Мицковски од тендер матрицата не може да излезе, како што ви е јасно зошто до вчера бев супер, а денес не чинам. Јас сум истата, и не ми извртувајте реченици. На шпицниот градоначалник ќе му кажам, да се бореше со власта, како со мене овие денови, ќе ја спасеше Македонија - кажа Арсовска.Повторно беше прекината од Славески, дури и микрофонот беше исклучен, но Данела продолжи со своите ставови, и посочи дека кога биле фатени директорите на Мицкоски со рацете во медот, станала најлоша градоначалничка.- Не ми дозволувате да се искажам, да го завршам говорот. Ова не се случуваше до вчера, сега го правите. Ако сака да зборува за оставки, Мицковски треба да почне од себе - порача Арсовска и дополни дека Мицковски не треба да се заканува и да не се крие.По ова Славески најави 15 минутна пауза.

Скопје | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Дизелот поевтинува, нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на одлуката од 12.09.2022 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 16.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 87,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,473 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот намалување за 1,779%, кај екстра лесното масло намалување за 1,389% и кај мазутот намалување за 1,067%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,058%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

1-9

(ВИДЕО) Тупанчески: Меѓународен договор не може да се суспендира со закон

„Членот 118 од Уставот е прецизен и во него е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон”,рече министерот за правда Никола Тупанчески во интервју за А1он осврнувајќи се на прашањето за поднесената иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за распишување задолжителен референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија.Меѓународното право мора да се почитува, во спротивно според Тупанчески ,тоа би довело до отворање на Пандорината кутија.„Дали еден меѓународен договор може да се суспендира со закон?Во однос на правната сигурност во една држава, Република Северна Македонија има потпишано многу билатерални и мултилатерлни договори. Тоа значи дека како држава можеме еднострано или врз основа на највисоката алатка на демократијата-референдум, да ги коригираме тие договори. Постои можност, нашата држава еднострано да не го прифати тој договор,но начинот на кој треба да го направи не треба да биде онаков како што сега се прави”,рече Тупанчески.Во интервјуто за А1он, министерот посочи дека рестриктивното толкување на Уставот е подобро, односно постапувањето на Џафери.„Се согласувам дека во ингеренциите на претседателот на Собранието влегува оценката на уредноста. Дали претседателот треба мериторно да ја оценува самата иницијатива ,има две стојалишта.Да сум на местото на Џафери,би постапил исто затоа што и да беше оставена таа иницијатива, дефинитивно ќе имаше луѓе кои ќе ја оспореа”,потенцира министерот за правда Никола Тупанчески.

Македонија | пред 3 години

Vodno

Коментар на денот: Овие кои предлагаа гасење на крстот на Водно предложија ли и мегафоните на минарињата да се заменат со акустика

Генералниот секретар на партијата БЕСА, Арјанит Хоџа, побара да се исклучи остветлувањето на Милениумскиот крст на врвот на Водно по примерот на Париз каде тамошните власти го намалија оствелувањето на Ајфеловата кула.– Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребните трошоци за електрична енергија особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима. Наместо нашите лидери да ни кажат како се користи електрична енергија во домаќинствата, јавно предлагам да почнат да се штеди и да го прекинат непотребното осветлување кај Милениумскиот крст на Водно – напиша Хоџа на Фејсбук.На ова реагираа граѓаните, а меѓу нив беше и Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит.„Овие кои предлагаа гасење на светилките на крстот на Водно предложија ли и мегафоните на минарињата да се заменат со акустика? Да штедиме рамномерно де“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

trifun-kostovski-55

Костовски: На Данела и се случува истото што и мене, разидувањето со ВМРО-ДПМНЕ е во фактот кој треба да го води Градот Скопје

Трифун Костовски преку социјалните мрежи и даде поддршка на Данела Аровска. Тој вели дека го следи целиот мандат на Арсовска и нема сомнеж дека нејзиното доаѓање на чело на Град Скопје е направено со најчесни намери.„Како бивш градоначалник на Град Скопје со поддршка до Арсовска, еве зошто!Флуидот кој долго се чувствуваше во етерот дека има недоразбирање на релација градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ која застана зад нејзината кандидатура се појави на насловните страни на дневната политика, што објективно и го очекував. Со госпоѓата Арсовска имав една средба и низ целиот нејзин мандат ја следам со голем интерес и внимание. Немам сомнеж дека нејзиното доаѓање на кормилото градоначалник на Град Скопје е направено со најчесни намери. Ова сакам да го споделам со јавноста како поранешен градоначалник на Град Скопје кој исто така се кандидирав како независен кандидат поддржан од партијата ВМРО-ДПМНЕ и каде на идентичен начин после неполна година од мојот мандат дојде до комплетно разидување. Разликата меѓу мене и Арсовска со политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што тогашната ВМРО-ДПМНЕ на чело со господинот Никола Груевски дојде на власт веднаш после локалните избори. Денешното ВМРО-ДПМНЕ, предводено од господинот Мицкоски е во опозиција и грчевито се бори за предвремени избори како би дошле на власт, бидејќи незадоволството од владејачката гарнитура е сеопшто познато. Убеден сум дека разидувањето меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е во фактот кој треба да го води Градот Скопје, дали Арсовска или ВМРО-ДПМНЕ. Во мојот случај, јас не дозволив ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски истовремено да биде и градоначалник на Град Скопје, односно да бидам пиун во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.Госпоѓата Арсовска која е избрана за градоначалник на Град Скопје на редовни избори е единствена повикана да го води Градот Скопје. Партијата ВМРО-ДПМНЕ, поддржувајќи ја нејзината кандидатура мораше да испорача и луѓе со капацитет да можат да ја водат јавната администрација и јавните претпријатија. Жалосно е што луѓето коишто се поставени на позиција од страна на госпоѓата Арсовска не одговараат пред градоначалникот, туку одговараат пред партијата која ги има предложено. На овој план мора потемелно да се доизградат односите меѓу партијата ВМРО-ДПМНЕ и госпоѓата Арсовска, бидејќи овие два субјекта треба да работат во интерес на граѓаните. Убеден сум дека вистинската поддршка на госпоѓата Арсовска од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе и беше како мелем на рана, бидејќи сум свесен што таа наследи како долгови кои градот ги има кон фирмите со кои соработува.Буџетот на Арсовска на годишно ниво е 70 милиони евра, а наследи неподмирени обврски од 170 милиони евра. Во ваква констелација ВМРО-ДПМНЕ треба на висина на своето место и улога во нашето секојдневие да ја подржи во нејзините настојувања за реализација на нејзините проекти, ама без никакви матни зделки, тендери и заткулисни игри. Буџетската дупка од 170 милиони евра мора да се затвори, а за таква работа е потребна посветеност и секако елиминирање на сите можни коруптивни и криминални дејанија во сите институции на градот.Упатувам на разум пред сè до партијата ВМРО-ДПМНЕ да се преиспита себе и да и даде вистинска поддршка на госпоѓата Арсовска, бидејќи во даденава ситуација јас сум паталец од причини познати само тогаш на господинот Груевски и неговата партија, култниот проект за изградба на КЕРМЕС и ден денеска стои како авет во центарот на Градскиот парк, иако овој проект е финален, уплатени се сите комунални давачки и отпочнат со градба, ама и денеска е објект без тапија, со најпрости зборови кажано маркицата на Кермес е избришана од ДУП-от на Општина Центар во време на владението на Никола Груевски и до ден денес маркицата не е вратена. Тоа е мојата цена на непослушност кон Груевски. Ги поминав сите судски инстанци во Македонија, барајќи ја правдата и на крајот со одлука на Врховниот суд на Република Македонија ми е вратена дозволата за градба, ама маркица нема.ВМРО-ДПМНЕ не смее да ги прави истите грешки од минатото, посебно не денес кога сите граѓани на Република Македонија се пред голема неизвесност поврзана со енергетската и социјална криза. Госпоѓата Данела Арсовска ја поддржувам во нејзините настојувања да биде вистински домаќин на Градот Скопје“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

NikolaTupanceski_2

ВИДЕО: Тупанчески брутално “удри” по судии и обвинители, Мијалков, директори, Маричиќ и системот

Mинистерот за правда Никола Тупанчески во интервју за „А1он“ открива дали и натаму обвинителите ќе можат да прават спогодби како што беше во случајот „Империја“, каде се досудени три години затвор, за затаен имот вреден над 30 милиони евра. Зборува и за тоа колку лесно или тешко ќе застаруваат кривичните дела, но и дали со него ќе се донесе правда.„Треба да се направи многу повеќе за да бидам јас задоволен како министер за правда. Дали ние тоа го правиме во моментов како правда, откако сум јас дојден, давам максимум да стигнам до некаков стандарод што значи гаранција на подобрување на едноцифрена доверба на граѓаните. Анализите покажуваат дека еден од криминогените фактори за недозволени активности претставуваат ниските плати на судиите или обвинителите. Јас како министер за правда се борам за статусот и на судиите и на јавните обвинители, но да не заборавам дека и моите очекувања се прилично големи. Прилично големи во смисла ако јас веќе подавам рака дека ние навистина сме колеги требаа таа колегијалност да се рефлектира и врз професионалниот однос“, вели Тупанчески.На прашањето зошто никој не повикал на одговорност кај управата за јавни приходи кога тие се надлежни токму тоа да го спроведат, тој вели дека ние како држава потфрлуваме на тој план.„Ние како држава потфрлуваме на тој план. Јас сметам ако се работи за такви големи количини на имот или такви недвижности, навистина ако вие имате 3-4 алатки во државата, а ниту една не ја примените, тогаш значи државата затаила во однос на сопствената реакција“,  вели тој.Тупанчески вели дека не постои човек во Македонија кој со државна работа може за 30-40 години да заработи 30 милиони евра.„Не, апсолутно, ако земете дека највисоката плата во државата која што би требало да биде на претседателот на државата или на премиерот, дефинитивно невозможно е“, додава Тупанчески.

Македонија | пред 3 години

najcevska-apasiev-dzaferi

„Џафери го прекрши Уставот и и плукна во лице на демократијата, дојдовме до дереџе Апасиев да ни држи лекции“, вели Најчевска

Откако спикерот Талат Џафери одлучи дека нема да има референдум, на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска која вели дека тој го прекршил Уставот и и плукнал во лице на демократијата.„Со ова Џафери го прекрши Уставот, покажа недозволливо незнаење на правото и и плукна во лице на демократијата.Ова е веќе такво ниво на партиско самоволие кое задира во темелите на уставниот поредок и не смее да се толерира.Колку што се сеќавам уште не е променет членот 2 од Уставот според кој власта во државата им припаѓа на граѓаните кои меѓу другото можат да ја остваруваат и преку референдум.Добро бре дојдовме до тоа дереџе Апасиев да ви држи лекции и да има право (добро не во се ама во голем дел)?Значи како што некој договор станал дел од внатрешното право може и да престане да биде дел од внатрешното право а граѓаните го имаат последниот збор.И да нема забуни: јас сум за европските вредности и развој на државата врз основа на овие вредности.Влезот во ЕУ треба да биде формалност за држава која ги практикува.Не прифаќање на европските вредности за да влеземе во ЕУ туку влез во ЕУ затоа што ги прифаќаме овие вредности“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

viber_image_2022-05-17_13-11-37-947-650x412-1

Рено ја напушти Русија, се е подготвено за враќање на Москвич

До крајот на 2022 година ќе бидат произведени околу 600 автомобили, од кои 200 ќе бидат опремени со електромотори.Поранешната московска фабрика на француската компанија Рено треба да започне со работа до крајот на 2022 година под името Москвич, изјави Владимир Јефимов, заменик градоначалник задолжен за економска политика и имотни односи.Според неговите зборови, подготовките за почеток на производството се одвиваат според планот, пренесува агенцијата Финмаркет.До крајот на 2022 година ќе бидат произведени околу 600 автомобили, од кои 200 ќе бидат опремени со електромотори. Во 2023 година компанијата ќе произведе најмалку 50.000 автомобили, а во 2024 година сите 100.000.Бројот на електрични автомобили ќе биде 10, односно 20 илјади.Целосниот производствен циклус со заварување и бојадисување на каросеријата е закажан за 2024 година. Планирано е да се произведат пет модели под значката Москвич: четири кросовери и еден седан.Како што претходно објави Autostat.ru, владата на Москва и КАМАЗ се договорија за распределба на акциите во капиталот на фабриката за автомобили Москвич и инвестирање во нејзиниот развој во износ од 5 милијарди рубли. КАМАЗ ќе дејствува како технолошки партнер на проектот.Формирана е и патна карта за создавање на единствена руска механичка платформа за возила на која ќе се развива моделската палета на домашната индустрија за патнички автомобили.

Магазин | пред 3 години

talat-dzaferi33

Талат во обид да ја спаси кариерата на Ковачевски стана и уставен судија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Талат Џафери и неговите ортаци од антимакедонската СДС врска немаат со Устав, право, закони и демократија. Единствено што знаат е да ги погазуваат и кршат, вели ВМРО-ДПМНЕ„Се потврди дека антимакедонската СДС има уплав од соочување со народот. Се потврди дека заедно со Талат Џафери ќе направат се за да го избегнат референдумот на кој народот ќе каже што мисли за штетниот договор со Бугарија.Знае антимакедонската СДС дека народот во огромно мнозинство е против изворот на асимилаторската и негаторска политика насочена кон Македонија, па заедно со Талат Џафери се претворија во уставни судии и самоволно одлучија да го толкуваат и газат Уставот. Прават се само за да не го слушнат народот и да му ја спасат кариерата на Ковачевски. Но во очајот и нервозата уште повеќе се заплеткаа.Референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија е во согласност со чл.24 од Законот за Референдум, и не е во спротивност со Уставот. Ова референдумско прашање не го менува Договорот, туку се спори Законот за ратификација со кој тој се прогласува за важечки.Очигледен е стравот на власта предводена од Ковачевски. Со ваквиот кукавички потег тоа само го потврдија. Може да бегаат, но нема да избегаат од народната казна. Народот никој не го поразил. Од народната казна никој не се спасил, па ни антимакедонската СДС, ни Ковачевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

mnr-5

Во што се состои неопходноста сопругата на пратеникот Костовски, од општинска администрација, да се презема во МНР, вели ВМРО-ДПМНЕ

Бујар Османи, Ковачевски и антимакедонската СДС го партизираа МНР и затоа македонската дипломатија е на ова дереџе. Бујар Османи во стилот ем шуто, ем боде, уште ја лаже јавноста и кажува дека нововработенaта сопруга на пратеникот од СДС Мартин Костовски е неопходен кадар која имала соодветни квалификации, како да се работи за капацитети рамни на чудо, вели ВМРО-ДПМНЕ„Во што се состои неопходноста сопругата на пратеникот Мартин Костовски, веројатно од општинска администрација, да се презема во министерство за надворешни работи?Кој капацитет и квалификации имаат ваквите кадри, за да имаат предност пред илјадници други млади и способни луѓе кои учеле, инвестирале во себе и се надградувале, но сепак ја немаат среќата да се вработат во МНР. Зошто не бил распишан оглас, па на тој оглас да се пријават и други, веројатно далеку поспособни кадри?Министерството за надворешни работи стана министерство за ухлебување блиски на функционери на власта. Додека илјадници млади не може да најдат перспектива во Македонија, додека половина милион луѓе живеат во сиромаштија, дури десетици илјади немаат земено плата на време, власта си прави кадровски рокади и ухлебување на сопруги, сопрузи, тетки, стрини, фризерки и други ним блиски лица. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба и трговија со влијание и за ова мора да има одговорност“, се вели во соопштението,

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања