ТОП

Screenshot-2022-09-20-091234

(ФОТО) Османи сака да стане новиот Џејмс Бонд

На социјалните мрежи се појави фотографија од министерот за надворешни работи, Бујар Османи додека шета во Њујорк.Твитерџиите велат дека министерот намерно позирал како шета кон тајмсквер, во стилот на Џејмс Бонд, а други пак се шегуваат дека ја копира Кери Бредшо од популарната серија „Сексот и градот“.https://twitter.com/VladTepeshMK/status/1571946012914208772?s=20&t=HdLVNboLbj1AsTu84h-D7Qhttps://twitter.com/Darius_696/status/1572109803211612161?s=20&t=pPYHS0fhCs3PtzWYuYgQlAhttps://twitter.com/Biktop16/status/1571954260287299586?s=20&t=eujIFPGooZStvoOREtUHuwhttps://twitter.com/Magnetolicious/status/1571917595388813312?s=20&t=eujIFPGooZStvoOREtUHuwИнаку во минатото Османи на Инстаграм објави фотографија на која се спореди со актерот Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд.

Коментари | пред 3 години

Mucunski-15.04.2022

Дали и Муцунски е фатен со рацете во мед при обезбедување на тендер за храна во училиштата во Аеродром, прашува СДСМ

По нашите јавни обвинувања дека учениците во училиштата на Општина Аеродром останаа без топол оброк и ужинка, градоначалникот Муцунски и директорите на училиштата кои тој ги именуваше, во паника да изнајдат поскоро решение на проблемот, дали можеби се заплеткаа во можни сомнителни тендерски постапки, прашува СДСМ.„Имаме неколку прашања кои бараат одговор околу склучените договори за набавка на храна.Очигледна е недоволната транспарентност во потпишувањето на договорите и спроведувањето на тендерските постапки, односно можните договори во четири очи.Во име на транспарентноста ги повикуваме директорите на училиштата во Општина Аеродром и градоначалникот Муцунски да ги објават потпишаните договори и спроведените тендери за набавка на топол оброк и ужина во основните училишта.Муцунски има обврска да одговори, дали постапката е водена според сите регуларности и пропишани законски обвски? Според кои цени и согласно која јавна постапка, родотелите ја плаќаат месечната сума за храна? Тоа треба да одговорат Муцунски и директорите кои тој ги именуваше!Дали и тука некој е фатен со рацете во медот? Јавноста очекува одговори на поставените прашања и отворените сомнежи“, се вели во соопштнеието.

Скопје | пред 3 години

2022-08-06-19-28-20-478.00_01_50_05.Still004

ВИДЕО: Пожар среде Скопје, густ чад и пламени над градот

Продажен објект изгоре во Кисела Вода, спроти казино, односно карши Управата за јавни приходи. Во непосредна близина има и продавница за чевли која до сега не е зафатена. Пожарот се случи на булеварот „11 октомври“.Густ чад низ Скопје се шири, заедно со непријатна миризба.Пожарникарите спречија катастрофа, со оглед на густата населеност и паркингот на кои имаше возила.

Скопје | пред 3 години

kovacevski-492

Ковачевски одговори дали е трајно неспособен

Ви пренесуваме интегрален став на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски:„ВМРО-ДПМНЕ не бира ни средства ниту начин за да го сврти вниманието на јавноста од големите корупциски скандали и превирања во нивната партија. Тоа само потврдува дека се она што го гледаме во јавноста изминатата недела е вистина и ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во огромна криза.Сепак, јас како претседател на СДСМ никогаш нема да дозволам политичката дебата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ и културно ќе одговорам на лагите и навредите. Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години за да го прикријат својот срам и криминал. Но, не сум изненаден. Не сум изненаден и за сите други лаги, клевети, лажни вести и манипулации од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не се менуваат, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат.“ наведува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

thumbnail_Slika-1

СДС ја „црпна“ Арсовска, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе од јасно е дека основан е сомнежот дека СДС ја „црпна“ Арсовска и ја уцени со кривични пријави за одработува за нивните манипулации и политики, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„ И медиумите и пошироката јавност говори за тајни средби на кои е договорено Арсовска да одработува за СДС. Се говори за готова кривична пријава која седи во фиока за запалено возило на извршната директорка на стопанските комори, како и премолчување на сознанија со која Арсовска се компромитира за пречистителната станица.По таквите тајни средби Данела Арсовска е на чело на клептоманската ново формирана коалиција каде ссе обединети иценети политичари кои мора да одработуваат за СДС. Главната задача на Арсовска е да работи за скопјани, каде граѓаните очекуваат проекти и работа“ додаваат од партијата.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-09-18-at-11.02.27

Ковачки објавува: Ковачевски дезертирал од војска 2001ва година прикажувајќи се како трајно неспособен

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавува дека премиерот Димитар Ковачевски се дезертирал од војска 2001ва година прикажувајќи се како трајно неспособен. Ова го кажа Драган Ковачки, член на партијата.„Му даваме 24 часа, ако нема одговор објавуваме се што имаме“, објави Ковачки.Скандалот со Ковачевски беше најавен вчера, посочувајќи дека ќе се објави како премиерот се служи со измами и лаги.

Македонија | пред 3 години

dfasdfasdf

(ВИДЕО) По палењето, се моча на вратите од бугарскиот клуб во Битола: „Кога зградата на клубот ќе се претвори во тоалет“

На социјалните медиуми се појави видео од лице кое уринира пред вратите на бугарскиот културен клуб “Ванчо Михајлов” во Битола. На снимката се гледа како мажот уринира и по прозорците, а во описот на објавувачот стои: „Кога зградата на клубот Ванчо Михаилов ќе се претвори во тоалет“. Снимката од 23 секунди наиде на поддршка од Македонци, но и остри реакции од Бугарите.Засега нема реакции од официјалните претставници на клубот.Клубот претходно беше опожарен од страна на македонскиот пејач Ламбе Алабаковски што предизвика низа бурни реакции во јавноста, најголем дел од нив како поддршка за стореното, меѓутоа на Алабаковски му беше определен притвор кој подоцна беше укинат.Отварањето на бугарскиот клуб со вакво име предизвика низа полемики во јавноста за тоа дали и кој требало да даде дозвола за основање на ова здружение, по што по предлог на Министерството за правда се формираше посебно тело кое во иднина пред да биде формирано некое здружение ќе проценува дали предложеното име е прифатливо.

Македонија | пред 3 години

biznis

Системот на балансерот за вработување во администрацијата треба да се напушти, на Македонија и е потребна квалитетна администрација, вели ВМРО-ДПМНЕ

Системот на балансер треба веднаш да се напушти, вработувањата во администрацијата треба да биде стручни и високообразовни луѓе, вели ВМРО-ДПМНЕ„Досегашниот систем на вработување на администрацијата донесе неквалитет и неажурност, со што се создава голема неправедност и нефункционалност.Антимакедонската СДС и невниот коалиционен партнер ДУИ го користат овој систем за вработување на партиски послушници.Во неколку наврати само последниве месеци македонската јавност беше сведок како македонци се пишуваат албанци или пак турци или роми само за да добијат работно место, злоупотребувајќи го балансерот како систем за вработување.Напредокот и вработувањата треба да биде базарина на знаење, квалитет и стручност, а не на припадност на етнича заедница.Треба да имаме граѓански пристап при вработување во администацијата, тоа значи секој квалитетен кадар, и со вештини и знаење треба да бидат вработени во јавната администрација.Треба да се започне со создавање на систем за граѓаните, за квалитетни услуги за граѓаните, а не за неколку политички моќници. Потребна е администрација која ќе работи ажурно, навремено и квалитетно за граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

2022-08-06-19-28-20-478.00_02_00_11.Still004

(ВИДЕО) Констракта го „запали“ Скопје: 7/8 такт за Македонија, хитови и скијање на сцена

Констракта и „Земја грува“ направија журка која уште долго ќе се памети на плоштадот пред Филхармонија. Одбрана публика и авторски песни, текстови кои не се забораваат, а кулминација имаше кога Констракта ја испеа „In Corpore Sano“, песната со која ја претставуваше Србија на Евровизија.На публиката и подари и македонско вино за да наздрават, по некое време рече: „Имав премногу настапи, простете ми што не можам да скокам со вас“. Не заборави ниту да ја потсети публиката и додаде: „Некогаш повеќе заработував како управител на зграда, а сега од настапи“, по што сите се насмеаја на нејзина сметка.Констракта ја испеа „Мама“ еден од најголемите хитови кои го има „Земја грува“. Во еден глас се пееше „НОБЛ“, но и „Мекано“. На сцената, со бас гитара, Маша која е дел од бендот направи вистински спектакл. Таа и најмладиот член на „Земја грува“.Пред крајот, кога Констракта се врати на сцената по барање на публиката, тоа го направи со познатиот 7/8 такт.Публиката беше импресионирана од журката која ја приредија Констракта и „Земја грува“. Два часа, без престан, центарот на Скопје уживаше со нив. Тие беа дел од фестивалот „Звукот на Скопје“.

Магазин | пред 3 години

akcija

МВР со детали за вчерашната акција во Чаир и Бутел, апсења и претреси имало низ Скопје

На 16/17.09.2022 во периодот од 20.00 до 01.00 часот на подрачје на општините Чаир и Бутел, постапувајќи по оперативен план, полициски службеници од Полициските станици Чаир и Бит Пазар во содејство со полициски службеници од Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата, Единицата за интервентна полиција, Отсекот за криминалистичка полиција, Единицата за недозволена трговија и Единицата за брзо распоредување, спроведоа зајакнати мерки и притоа од слобода лишија и приведоа четири лица.На 17.09.2022 во 00.50 часот на ул.„Босна и Херцеговина“ од слобода бил лишен С.Ц.(42) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Глок 9x19“, две рамки за пиштолот и 30 куршуми 9мм. На 17.09.2022 во 01.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ од слобода бил лишен А.Ќ.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во полициска станица биле приведени и С.Д.(25) од с.Грчец, скопско и Е.Ј.(42) од Скопје. С.Д. бил приведен на 16.09.2022 во 22.00 часот на ул.„Кемал Сејфула“затоа што кај него биле пронајдени и одземени револвер „Таурус ин“ и седум куршуми 9 мм. Додека, Е.Ј. бил приведен на 16.09.2022 во 22.00 часот на ул.„Цетинска“ затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Сиг сауер“ и две рамки со 17, односно 15 куршуми 9 мм. При контролите, исто така, биле констатирани 53 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, седум по Законот за возила и биле одземени три моторни возила.

Скопје | пред 3 години

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Во Македонја дрога се купува со криптовалути од странство, фатени скопјани на дело

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица затоа што постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничената 37-годишна скопјанка и осомничениот 29-годишен скопјанец, кои што живееле во вонбрачна заедница, во домот во кој престојувале на улицата „Рузвелтова“, континуирано во повеќе наврати набавувале синтетичка дрога амфетамин, користејќи ја интернет платформата „ДаркНет“, преку креиран профил и користејќи криптовалути како платежно средство.Дрогата ја набавувале од непознати лица од Германија, а им била доставувана преку поштенски пратки.На аеродромот во Франкфурт, Германија, царински службеници заплениле поштенска пратка – хартиено плико на кое како примател била назначена осомничената. Пратката содржела амфетамин, па по воспоставена меѓународна соработка, поштенската пратка била испратена до пошта во Скопје на 09.09.2022 година. На осомничената и била доставена на домашна адреса. На 15 септември полициски службеници извршиле претрес во домот и пронашле амфетамин со нето маса од 82 грама, како и две тегли со наркотична дрога марихуана.При претрес кај осомничениот, пак, пронајденa е уште една полиетиленска ќесичка со марихуана и една метална дробилка со остатоци од марихуана.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото. За осомничениот се предложени мерки на претпазливост.​

Македонија | пред 3 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Автократот од Форино викан Талат, изигрува и уставен судија, обвини опозицијата

„Талат Џафери со отфрлањето на иницијативата за референдум за договорот со Бугарија всушност се обидува да ја спаси кариерата на Ковачевски барем за одредено време. Затоа автократот од Форино викан Талат, се стави во функција и на Уставен судија. Но тешко на таа власт и на тој премиер на кој Талат ќе му чува грб и ќе му толкува Устав и правни норми“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Очајот во власта предводена од антимакедонската СДС е толку голем што се спремни да направат се, само да не се соочат со народот.Очигледно се свесни дека доколку се одржи референдум скоро милион гласачи ќе излезат и ќе го отфрлат Договорот. Народот знае дека Договорот кој го донесе СДС е штетен и е извор на асимилаторските и негаторски политики кон Македонија. Огромното мнозинство на граѓани, вклучително и значаен дел од членовите на СДС се против понижувањата кои произлегуваат од него.Резултатите денес ги гледаме сите, се менуваат учебници за личности и настани од македонската историја, се негира македонски идентитет, јазик и култура, се погазува честа и достоинството на македонскиот народ. Само антимакедонската СДС и негаторските кругови во Софија се радуваат на ова.Ако имаше храброст Ковачевски кој со денови се крие, ќе прифатеше референдум и ќе видеше што мислат граѓаните за неговите политики. Вака бега од соочување со народот и моли кај Талат и во Мала Речица да му овозможат уште некој месец власт. Но бегање од народ нема. Нема бегање од казна и катастрофален пораз.

Македонија | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Утре ќе има блокирани улици низ Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 18.09.2022 (недела) со почеток во 08.00 часот, во организација на атлетски клуб Korrunners, ќе се одржи атлетска улична трка „Колорран 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево по бул.„Крсте Петков Мисирков“ (десна коловозна лента), лево по кеј „Димитар Влахов“, при што трасата на одвивање на трката ќе се подели на два дела едната траса со движење по велосипедско – рекреативната патека на кејот на реката Вардар до река Серава и назад по истата траса до стартно-целната позиција и втората траса со продолжување по кејот „Димитар Влахов“, покрај зградата на МРТ, право по бул.„Гоце Делчев“, лево по ул.„Беласица“ до стартно-целната позиција.На 18.09.2022 (недела) со почеток во 10.00 часот, во организација на Велосипедската федерација на Македонија, ќе се одржи велосипедска трка „Гран Фондо Скопје 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт од бул.„Илинден“ кај паркингот на Зоолошка градина, право по бул.„Илинден“ кон бул.„8-ми Септември“ каде на крстосницата се врти назад по бул.„Илинден“ преку мостот Гоце Делчев, право по бул.„Гоце Делчев“ се вози до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“. Понатаму се врти назад по бул.„Гоце Делчев“, пред мостот Гоце Делчев се врти десно по ул.„Самоилова“ околу Кале до Амбасадата на САД и се продолжува право по ул.„Лазар Личеноски“ се до бул.„Гоце Делчев“ каде се врти десно преку мостот и се до целта каде е и стартната позиција, кај паркингот на Зоолошка градина.Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Паднаа уште двајца директори на Данела: Посветена е на кавги наместо на работа!

И директорот на ЈСП Турс – Филип Василевски поднесе оставка на функцијата. Според неговата објава на Фејсбук, тој е разочаран од актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска за која вели дека е „посветена на кавги наместо на работа“.Во продолжение фејсбук статусот на Василевски:„Како човек кој целиот свој живот го посветил на работа и кој има интегритет во работата, и како човек кој за исклучително кус период во работата на ЈСП Турс постигна исклучителни резултати со мојот тим сакам да кажам дека сум задоволен од тоа што го постигнавме со сопствени сили и ресурсите кои ги имавме на располагање.За период од 6 месеци, успеавме неколкукратно да ги зголемиме приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедиме линеарно зголемување на платите за сите вработени.Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам“ вели тој.Веднаш по него, на Фејсбук својата оставка ја најави и директорот на ЈП „Улици и патишта“ – Борис Настов.„Најнапред сакам да се заблагодарам за довербата и поддршката што ми беше дадена за да раководам со ЈП Улици и патишта.Пред 9 месеци, кога станав в.д. Директор на ЈП Улици и патишта, затекнав претпријатие во многу лоша состојба, како финансиски, така и во однос на реализацијата на проектите. Во изминатиот период работев напорно заедно со моите соработници, наспроти сите предизвици и проблеми, за да се подобри работењето на претпријатието, а во функција на исполнување на очекувањата на граѓаните. Мојата мотивација во работата беше реализација на проектите кои им ги ветивме на граѓаните на Град Скопје.Иако преку спроведните проекти и воспоставените добри практики во работењето на претпријатието многу работи се подобрија, реализацијата на проектите не се одвиваше според моите и очекувањата на граѓаните.Затоа, ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализаиција на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал. Неможноста и покрај сите мои искрени намери и напори да воспоставиме меѓусебно разбирање, соработка и почитување како неопходни фактори за успешна имплеметација на зацртаните проекти и активности на претпријатието, придонесоа кон донесување на оваа моја одлука.Искрено им се заблагодарувам на сите вработени и соработници во претпријатието кои работеа деноноќно на сите проекти и покрај отежнатите услови на функционирање, секогаш исполнувајќи ги задачите на највисоко професионално ниво“ вели Настов.

Скопје | пред 3 години

Capture

Пратеник кој гласаше за промена на името е амбасадор во Црна Гора, директорот на АНБ оди во Париз

Министерот Бујар Османи на брифингот за активностите на МНР соопшти 4 амбасадорски имиња.Нови амбасадори се Цуфи Исмаили во Брисел, во Анкара заминува поранешниот министер за одбрана и екс лидер на ЛДП Јово Манасиевски.Актуелниот директор на тајната служба АНБ Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Париз, Франција. Предлогот беше познат од порано, а ќе треба да се избере нов директор на Агенцијата за национална безбедност.Ново име на листата е пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој е избран за амбасадор во Подгорица, Црна Гора.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања