ТОП

wudy-1068x708-1

Виршли повлечени од продажба, пронајдена бактерија

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во земјава на пет серии од виршлите „Вуди“, бидејќи во нив било било утврдено присуство на бактерија листерија моноцитогенес (listeria мonocytogenes ST 155). Виршлите ќе бидат уништени, а агенцијата ги повикува потрошувачите да не ги консумираат виршлите од подолунаведените серии, односно да ги вратат на местото каде што ги купиле.За проблемот, агенцијата била известена од Италија, каде се наоѓа производителот.Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините сенаоѓаат 3.030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини, нештетно ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот.Спорните серии од производителот Agricola Trevalli Soc Coap ARL од Италија во земјава биле увезени преку компанијата Колид С Тим од Колешино Струмица“ информира Агенцијата за храна и ветеринарство.Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22 или електронски на info@fva.gov.mk.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-22-174640

(ФОТО) Паднал плафон во трговскиот центар „Ист гејт“

Фотографија од паднат плафон во трговскиот центар „Ист гејт“ кружи на социјалните мрежи. Корисник на Инстаграм, фотографијата ја испратил до „Дарко влогс“, со порака дека настанот се случил пред него.„Во East Gate само со шлем“, се шегуваат на социјалните мрежи.Засега нема став од менаџментот на трговскиот центар.За потсетување, „Ист гејт“ неодамна беше поплавен за време на обилните врнежи и истиот не беше во функција одреден период.https://twitter.com/Shiferovska/status/1572925537630449665?s=20&t=BupiXfOzhZqw8cwuKushTw 

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-26-at-09.34.46

Нема лекарска грешка за смртта на 25 годишниот Јован од Берово

Нема лекарска грешка во третманот на 25 годишниот пациент од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во Штипската клиничка боленица. Така заклучила стручната комисија формирана од министерот за здравство. Беким Сали вели дека според извештајот кој му бил доставен од Комисијата, на младиот беровчанец навремено му била пружана лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи, пишува sitel.com.mk– Според наодите кои се најдени во институциите и документацијата дознаваме дека се испочитувани сите стручни фази за пружање навремени стручни услуги кон пациентот. Меѓутоа целата компликација настанува поради системско проширување на инфекцијата во целиот организам на пациентот и не можноста за реагирање, смирување или намалување на таа инфекција, изјави Беким Сали, министер за здравство.Иако преку допис до Министерството за здравство побаравме јавноста да го види извештајот од стручната комисија, не го добивме. Не беа соопштени ниту имињата на лекарите кои го правеле надзорот.Што предизвикало сепса кај пациентот треба да покажат анализите на Институтот за судска медицина по направената обдукција. Овој извештај го чека и обвинителството, откако за случајот отворија предмет по допрен глас.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-24-at-09.15.40

„Да не си игра некој со власта и со опозицијата“, вели Јакимовски

Градоначалникот на Општина Карпош, од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, гостуваше во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.Една од темите на раговор беше и политичката ситуација во град Скопје, односно политичките препукувања помеѓу градската власт и опозицијата. Во однос на билбордите кои се поставија низ Скопје изминатиот викенд, градоначалникот Јакимовски рече дека „истите билборди се гледаат низ Скопје, како од истата кујна да излегле“.-Ист графички дизајнер е на билбордите, нели беа претходно Заев, Ковачевски и Бислимовски. Како исти нарачател да е. Да не си игра некој со власта и со опозицијата - заклучи градоначалникот Стевчо Јакимовски во вчерашното гостување во „Само Вистина“.

Македонија | пред 3 години

Penzioneri

Околу 330.000 пензионери ќе земат септемвриска пензија повисока за 6,8 проценти, вели СДСМ

Грижата за граѓаните и политиките на владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски доведоа до рекордно зголемување на пензиите, вели СДСМ„Околу 330.000 пензионери ќе земат септемвриска пензија повисока за 6,8 проценти.Просечната пензија, која во јули 2022 година изнесуваше 16.348 денари, со усогласувањето од 6,8 проценти во септември изнесува 17.422 денари, што е за 1.074 денари повеќе.Рекордното зголемување на пензиите се должи на новата методологија за усогласување на пензиите со комбиниран модел со порастот на просечната плата и порастот на трошоците за живот.По стабилизирањето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ со инклузивен пристап, низ дијалог со сите засегнати страни, воспостави систем, според кој пензиите ќе се усогласуваат со растот на платите и трошоците на живот два пати годишно во март и во септември и никогаш повеќе нема да зависат од нечија политичка волја или да бидат предмет за уцени и манипулации на пензионерите.СДСМ продолжува со мерки и политики за вистинска грижа за сите граѓани“, се вели во соопштнеието.

Македонија | пред 3 години

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Во Скопје претпладне умерено до значително облачно

Времето утрово ќе биде студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди.Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21°C.Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18°C.Во следните денови утрата ќе бидат студени, а до петок и дневната температура ќе биде под просекот за овој период од годината. Во петок ќе има услови за слаб локален дожд. Од сабота дневната температура ќе биде во значителен пораст.

Македонија | пред 3 години

308064691_441300704675014_544060154724722275_n

Наместо паркинг, сред центар никна објект, жителите реагираат, од надлежните нема одговор

Додека урбанистите ги изложуваа новите урбанистички планови за Калето, Парк 2 и Француски гробишта, на една од парцелите на која тие во планот предвиделе да биде јавен паркинг се подигнува објект, вели Шанса за Центар.„Жители на улицата Самоилова постојано известуваат дека и покрај тоа што е пријавено во Општина Центар и инспекциските служби активностите не запираат и објектот секој ден расте.Шанса за Центар исто така ги препрати нивните наоди и фотографии до надлежните служби, но како и вообичаено, нема никаков одговор.Неуспехот во спречување на нелегалното градење ги обезвреднува сите обиди за квалитетно планирање на просторот и спроведување на законите пред кои сите граѓани треба да се еднакви. Неспроведувањето на законите сигурно не нѐ води кон правна држава туку кон правилата на џунглата во која царуваат најсилните и оние со најмногу врски и моќ“, велат од организацијата,

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-09-20-091234

Коментар на денот: Плаќаме за да ни позираат во New York City, не се они криви што сме сиротињи

Новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи објави фотографија од министерот Османи, а во описот напиша дека народот плаќа, за политичарите да позираат во Њујорк.„Ние плаќаме, за тие да ни позираат во New York City.Не се они криви што сме сиротињи“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

oktopod

Коментар на денот: Владата набавува морски плодови за 20.500 евра, Криза? Скап лебот? Па јадете октопод без леб

Божидар Божиновски се огласи во срска со договорите кои ги склучила Владата со фирма од Скопје. Фирмата треба да ја снабдува Владата со свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра/„'Владата набавува морски плодови за 20.500 евра'Шо е сиротињо? Криза? Скап лебот? Па јадете октопод без леб“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Vlada-hrana

„Вака Чаушеску тераше и на крај се заврши ко што се заврши“, реакции за луксузирањето на Владата

Свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра за Владата иако се продлабочува економската криза. Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила три договори со фирма од Скопје од која ќе ја снабдува храната, пренесува Алсат.Првиот договор е вреден 787.500 денари или повеќе од 12.800 евра. За оваа сума, договорната компанија е должна да ја снабдува Владата само со свежа риба.Вториот договор е вреден 262.500 денари или 4.268 евра. За оваа сума Владата ќе се снабдува со замрзната риба и октопод.Додека третиот договор меѓу Владата и фирмата добавувач бил направен за морски плодови и бил вреден 210.000 денари или 3.415 евра.Вкупната вредност на трите договори е 1.260.000 денари или околу 20.487 евра.Граѓаните на социјалните мрежи велат дека и Чаушеску вака терал и на крај се заврши ко што се заврши.https://twitter.com/natwnajubaviot/status/1572622903048380418?s=20&t=vasD6njvsx4Y46-MW_NSlQhttps://twitter.com/svirce3/status/1572602196918767620?s=20&t=vasD6njvsx4Y46-MW_NSlQhttps://twitter.com/_shieldmaiden89/status/1572628197610749952?s=20&t=vasD6njvsx4Y46-MW_NSlQhttps://twitter.com/MirindMkd/status/1572602749182791681?s=20&t=vasD6njvsx4Y46-MW_NSlQhttps://twitter.com/Biktop16/status/1572624706339213312?s=20&t=vasD6njvsx4Y46-MW_NSlQ

Коментари | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-12

Рекордоно ниски цени на горивата, ново намалување

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38% во однос на одлуката од 16.09.2022 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,082 ден/кг и сега ќе изнесува 50,391 ден/кг.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Од 20.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 87,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807%, кај дизелот намалување за 3,978%, кај екстра лесното масло намалување за 2,120% и кај мазутот намалување за 0,908%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,218%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

07-Fotografii-od-zhivotot-na-kralicata-Elizabeta-ii-koi-go-pokazhuvaat-sozdavanjeto-na-modernata-istorija-kafepauza.mk_

Зошто нема ниту една фотографија од кралицата Елизабета кога била бремена

Јавноста ширум светот отсекогаш била заинтригирана од кралските бремености. Сепак, нема фотографии од кралицата Елизабета Втора бремена и со причина.Кралицата Елизабета родила четири деца: кралот Чарлс III (1948), принцезата Ана (1950), принцот Ендру (1960) и принцот Едвард (1964). Таа никогаш не била фотографирана бремена бидејќи во минатото било табу бремените членови на кралското семејство да бидат видени во јавноста.Во минатото, кралскиот протокол бил исклучително строг, па на трудниците воопшто им било забрането да кажат дека се бремени.Во 1948 година, Њујорк Тајмс објави кратка изјава во која пишуваше:„Принцезата Елизабета нема да учествува на каков било вид јавен настан до крајот на јуни“.Пет месеци подоцна таа го родила Чарлс. Таа, исто така, никогаш не се сликала со бебињата на скалите на болницата, што оттогаш стана традиција.Принцот Вилијам беше првиот наследник кој се роди во болница. Следниот ден, принцезата Дијана и кралот Чарлс „позираа“ со него пред болницата Сент Мери во Падингтон.

Магазин | пред 3 години

20220920202159

„Вива Фреш“ го купува „Тинекс“

Косовскиот малопродажен гигант „Вива Фреш“ постигна договор со македонскиот трговски синџир „Тинекс“ во сопственост на семејството Владимир Тодоровиќ, ексклузивно дознава порталот Shqipmedia.Вредноста на купопродажниот договор се вели дека е некаде околу 90 милиони евра, додека продажбата се очекува да биде потпишана и официјализирана во наредните денови.Косовската компанија „Вива Фреш“ го поседува и синџирот супермаркети „Кит Го“.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Командирот на полицијата во Прилеп оди во затвор поради дрога

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, во Основниот кривичен суд Скопје беше објавена осудителна пресуда за К.С. – командир на ПС, обвинет за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик. На обвинетиот за кој обвинителството докажа дека го сторил кривичното дело што му става на товар, судот му изрече казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци.Aкцијата беше реализирана во месец април минатата година во соработка со Американската агенција за борба против наркотоци – ДЕА, по што надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица осомничени дека сториле кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Во текот на истражната постапка петмина обвинети склучија спогодба со јавниот обвинител и притоа правосилно се осудени на ефективни казни затвор во траење од по 5 години за Д.Ј. и А.У. и од по 3 години и 6 месеци за М.З., М.С и Г.К.Д.Ј. и А.У. на почетокот на месец април 2021 година договориле зделка со НН лице од Р.Грција, па неовластено заради продажба, набавиле, наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 199, 444 килограми која ја држеле на непозната локација. Откако Д.Ј. пронашол потенцијални купувачи на наркотичната дрога, со обвинетиот А.У ги договорил деталите за примопредавањето на дрогата и се упатил кон Гевгелија.Обвинетиот А.У., со ТМВ марка Ивеко со македонски национални регистарски ознаки, неовластено ја пренел дрогата од неутврдената локација до паркинг просторот на ресторан во с.Радобил, прилепско и со ПМВ марка Дачиа Дастер заминал да се сретне со потенцијалниот купувач, а обвинетите М.З. и М.С. останале да внимаваат на возилото со наркотичната дрога. Откако А.У. се сретнал со купувачот, му кажал соТМВ комбе марка Цитроен Џампер со грчки национални регистарски ознаки, да се движи по него и заедно се упатиле кон Прилеп, додека обвинетите Г.К. како возач и К.С како совозач со ПМВ марка Ауди А8 ги следеле.На паркинг просторот во с.Радобил додека обвинетите А.У., М.С. и М.З ја префрлувале наркотичната дрога спакувана во 40 картонски кутии од ТМВ марка Ивеко во ТМВ комбе марка Цитроен Џампер, обвинетите Г.К. и К.С. биле паркирани на ислучокот кон с.Радобил за да го набљудуваат движењето по магистралниот пат Прилеп – Градско и да го обезбедат претоварањето на дрогата.Откако дрогата била сместена, обвинетиот М.С. управувајќи го ТМВ марка Ивеко се упатил кон Прилеп, додека останатите обвинети со три ПМВ и ТМВ во кое била дрогата, се упатиле на магистралниот пат Прилеп-Градско во правец кон Градско, движејќи се во колона еден зад друг. Кога пристигнале на клучката за с.Раец од страна на полициски службеници на МВР биле запрени и по извршениот претрес, лишени од слобода. Во исто време во Прилеп е лишен од слобода обвинетиот што го управувал ТМВ марка Ивеко, а во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил уапсен и обвинетиот – организатор на криминалната група.Со пресудите, освен изречените ефективни казни затвор, одземени се и движни ствари меѓу кои: 17.360 евра, 40 швајцарски франци, 53.200,00 денари, 13 мобилни телефони, ТМВ марка Ивеко, 2 луксузни рачни часовници, еден лаптоп, GPS навигација, два метални боксови и нож Air Force.​

Македонија | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Контактира ли Арсовска со Груевскси, ги нарача ли билбордите за Мицкоски - Далена ги одговори сите прашања

За блбордите со ликот на Мицкоски Данела изјави дека нема коментар, оти не ја интересира политика, туку интересот на граѓаните.„Немам ниту таква моѓ, ниту средства, ниту правам такви нарачки, ниту имам зошто. Вие и самите знаете кои се луѓето кои што имаат моќ да прават вакви работи во градот и во државата. Аво ниту еден случај не сум јас. Верувам дека на судот на граѓаните е да процени кој е во право во овој случај. Јас сум сама и немам проблем да застанам против сите во овј случај кога се работи за јавен интерес, кога се работи за заштита на она кое што го гледаме во изминатиот перод. И сето тоа си има соодветни постапки што ќе докажат кој бил во право.„Немам контакт со никого ни со еден политички лидер, поранешен, сегашен, надовр од професионалното, односно она што го извршувам од аспект на градоначалник“Таа изјави дека нема мислење за Груевски

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања