ТОП

bektesi

Се прават напори да им се помогне на училиштата за наставата во зимскиот период да биде со физичко присуство, вели Бектеши

Се прават напори за да им се излезе во пресрет на основните и на средните училишта и наставата во зимскиот период да се одржува со физичко присуство, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.– Тоа е надлежност на општините, но децата многу изгубија во време на ковид пандемијата и сега заради енергетската криза подобро да им помогнеме на училиштата отколку да ги оставиме децата да изгубат многу. Потрошувачката за петте месеци, од ноември до март, за сите училишта на ниво на државата е околу 10 гигават часови и тоа може да го обезбедиме преку ЕСМ и убеден сум дека ќе најдеме решение, рече Бектеши во централниот дневник на телевизија Сител.Според неговите проценки, училиштата не би требало да имаат проблем до крајот на март.Несериозно е, смета Бектеши, тоа што 2487 правни субјекти во државата сеуште немаат склучено договори за снабдување со електрична енергија. Од нив, 60 проценти се под надлежност на локалната власт.– Не е во ред училиштата да се остават без снабдувач со електрична енергија затоа што кога немаш снабдувач со електрична енергија, а на берза цената е 400 евра, автоматски треба да платат 600 евра за да не останат неснабдувани објектите со електрична енергија. Сите правни субјекти ги знаеле роковите кога им истекуваат договорите, истакна Бектеши, додавајќи дека во надлежност на општините е набавката на електрична енергија за училиштата.

Македонија | пред 3 години

image-171154

Тони Цетински вечерва на штипска „Пастрмалијада“

Со сечење на џиновската пастрамајлија синоќа почна 14.издание на штипската манифестација „Пастрмалијада“. Штипјани, но и гостите од земјава уживаа во настапите на ДНК, хрватската пејачка Јелена Розга, оркестарот на маестралниот Џамбо Агушев, а за младите забавата продолжи со познати диџеи.Оваа манифестација се одржува по две години пауза.Манифестацијата продолжува и вечерва со настапите на Зоран Илиев, Куку Леле и Тони Цетински.

Магазин | пред 3 години

DSC_0638

„Не се гради мултиетничко општество ако дозволиме една етничка заедница има најповластени привилегии во државата“, вели Костовски

Трифун Костовски го искоментира ставот на поранешниот директор на Државниот завод за статистика Дончо Герасимовски за направениот попис. Герасимовски вели дека пописот е чиста политика и дека во него нема никаква статистика.„Со големо внимание го прочитав ставот на еминентниот и поранешен директор на Државниот завод за статистика Дончо Герасимовски кого го познавам и кој целиот свој животен век го помина токму во овој завод. Неговата лична перцепција дека завршената статистичка операција попис има политичка позадина или поточно кажано его-етничка цел каде албанската популација се дига на пиедестал како најпривилегирана етничка заедница во Република Македонија е поразителна.Таканаречените балансери во одредени толкувања на веќе завршениот попис, уште повеќе ја загреваат меѓуетничката тензија, што секако не е добро за државата. Евидентно според изјавата на Господинот Герасимовски се направени невидени пропусти во толкувањето за попишаното нерезидентното население. Овој факт говори дека токму овој завршен попис може да биде каменот на сопнување во изградбата на меѓуетничкиот соживот. Од овие причини најчесно е да завршениот попис се огласи за неважечки. Знам дека поништувањето на пописот ќе значи чекор наназад за Република Македонија во поглед нејзината иднина, ама многу почесно е тоа денес да го сториме, отколку да дозволиме натамошна употреба на стокмените статистички податоци од одделни партии за промоција на една етничка заедница во Република Македонија.Не се гради мултиетничко општество во Република Македонија доколку дозволиме да една етничка заедница има најповластени привилегии во нашата држава“, вели Костовски.

Коментари | пред 3 години

image-170762

„Во здравство да воведат термин и за кај Кајшаров“, „Нека ми ги истера демоните од струјомерон“, твитер врие по веста „истерувањето демони“

Социјалните мрежи „вријат“ откако самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров го најави својот настан во Скопје, претстојната сабота.Имено, во неговата обајава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „ослободување од демони, од проклетства и маѓии“. Каде не е познато, но има оставено телефонски број на кој секој заинтересиран може да се пријави, а овој перформанс е бесплатен.Ова се дел од коментаритеhttps://twitter.com/Tomche29/status/1573021582620082177?s=20&t=aBGOxD8Bloisaz8f6FCQGwhttps://twitter.com/IamAliceMadness/status/1572930763359940608?s=20&t=aBGOxD8Bloisaz8f6FCQGwhttps://twitter.com/goranman2/status/1572923219899809792?s=20&t=aBGOxD8Bloisaz8f6FCQGwhttps://twitter.com/PufkaM/status/1572360110311362563?s=20&t=aBGOxD8Bloisaz8f6FCQGwhttps://twitter.com/KatttP/status/1573241130891837441?s=20&t=aBGOxD8Bloisaz8f6FCQGwhttps://twitter.com/bojankuk/status/1573225653444517890?s=20&t=aBGOxD8Bloisaz8f6FCQGw

Коментари | пред 3 години

Capture-2

(ВИДЕО) Возачи плаќаат од 80 до 100 денари за влез во Штип, не се знае кој ја врши наплатата

На фејсбук страницата „Под Исарот“ денес беше објавено видео за кое се тврди дека е снимено на влезот на Штип. Под видеото стои дека на автомобилите кои влегуваат во градот им се наплаќа од 80 до 100 денари за влез.„ВниманиеНа влезо на Штип се наплаќа од 80 до 100 денара влез“, стои во описот на видеото.Корисник на фејсбук реагираше во врска со овој случај. Тој вели дека наплатено им било само на автомобилите кои немале штипски регистарски ознаки.„За влез у Штип кај Лук Оил редари ти наплаќат 80 денара доколку не си со "ST" таблица?Дири и доколку си транзит, пак ти наплаќат!Штипски возила се пропуштат?Да објасне некој правник:Дали право на слободно движење смее да ти го оспоре неуниформирано лице?Дали е во ред селективноста што ја прават?Дали воопшто треба да му се застане на редар, (не на полицаец) на јавен пат?Некој закон по кој може да го прават ова, или го прават зошто им се може“, стои во објавата.Засега нема информации од надлежните лица кој ја врши наплатата.

Македонија | пред 3 години

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Судот повеќе од 300 дена чека супервештачење за несреќата кај Ласкарци

Коалиција за правично судење објави дека Бирото за судски вештачење 315 дена нема изработено супервештачење побарано од судот за автобуската несреќа кај Ласкарци кога автобус на Дурмо турс излета од автопатот Скопје-Тетово и загинаа 16 патници.„Основниот кривичен суд во Скопје за два судски предмети сè уште чека супервештачење. Едно од супервештачењата и по изминати повеќе од 300 дена сè уште не е изготвено, додека пак другото се изработува повеќе од 100 дена“, стои во објавата.Во автобуската несреќа која што се случи на 13 февруари 2019 година животот го загубија 16 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој сообраќал на релацијата Скопје-Гостивар излета од автопатот кај селото Ласкарци, предизвикувајќи ја една од најтешките сообраќајни несреќи во историјата на земјава.Во судскиот процес за несреќата кај Ласкарци се обвинети шест лица, меѓу кои е сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, раководителот на возниот парк на оваа компанија, тројца вработени во станицата за технички преглед во Гостивар и возачот на автобусот што учествуваше во несреќата кај Ласкарци.

Македонија | пред 3 години

pari

Груевски со апел: Гаранцијата на штедните депозити во банките да се зголеми на 100.000 евра за секој граѓанин

Во Македонија веќе 15 години не е покачен износот на штедни влогови во банките за кои граѓаните имаат гаранција дека ако некоја банка пропадне, штедачите ќе бидат обештетени, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Како министер за финасии пред околу 21-22 години, некаде во 2000 или 2001 година предложив и воведовме закон за ова, по кој веднаш се формираше и агенција за обезбедување на штедните депозити на граѓаните, чии резерви се градат и доаѓаат од одвојувања на многу мали процентни износи кои по закон ги плаќаат банките во овој гарантен фонд секој месец.Претходно, пред 2000 година, не постоеше ваква регулатива и немаше било каква гаранција за штедачите, па бевме сведоци на бројни трагедии со самоубиства и други уништувања и лични катастрофи, кога пропаднаа некои штедилници и банки.Со тој закон се предвиде секој штеден влог вложен во секоја банка до 10 илјади евра во секоја банка да биде гарантиран во случај на затворање односно пропаѓање на некоја од банките. Па така ако некој ставеше во 15 банки по 10 илјади евра, можеше да има 150.000 евра кои би му биле гарантирани во случај некоја банка да пропадне.Кога 6 години подоцна станав премиер, некаде во 2007 година овој износ исто така на мој предлог го зголемивме од 10 на 30 илјади евра.И од тогаш цели 15 години нема никаква промена и зголемување. Време е!Мислам дека се созреани условите секој влог на граѓаните во некоја од банките до износ од 100 илјади евра да биде гарантиран од Агенцијата за осигурување на депозити. Народната банка постојано ја зајакнува супервизијата и контролата на банкарскиот систем, но банки повремено од едни или други причини, за време на кризи или вон нив, пропаѓале и пак ќе пропаѓаат насекаде низ светот па повремено и во Македонија.Сега кога веќе годишно има инфлација по 10-15 осто, а со тоа и намалена вредност на парите, зацврстена и стабилна Агенција за обезбедување на штедните депозити, 15 години подоцна, износот од 100 илјади евра е веќе соодветен.Граѓаните на Македонија заслужуваат поголема сигурност и безбедност на нивните тешко заработени заштеди“, додава Груевски.

Македонија | пред 3 години

screenshot-2022-09-23-132809-696x420-1

„Покачување на пензиите од 700 ден е таман за едно парче кашкавал“, граѓаните реагираат за новите цени

Очигледно со рекордно покачените цели низ маркетите, кашкавалот станува луксуз за македонското население.Килограм кашкавал утрово достигна и до 1305 денари за килограм.Граѓаните започнаа и да се шегуваат, дали и кравите почнаа да се иселуваат па нема млеко, а дадоа и идеја дека како свадбен поклон може да се подари овчи кашкавал Галичникhttps://twitter.com/KajStariot/status/1573194350338637824?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/el_padrino____/status/1573193280321454080?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/kapetanNAsvoeto/status/1573144323536863238?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/Nopak_od_Varosh/status/1573324326887120897?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/Stef_che/status/1573255830752952328?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/IntroverteX__/status/1573309150586863616?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/MacedonianJoker/status/1573297401107972097?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/darkhour_seeker/status/1573271394888175617?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/thunderstrack9/status/1573272222998974466?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/Shoeder006/status/1573273645388021760?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/indig05alpha/status/1573277659714490368?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDAhttps://twitter.com/BarkliJada/status/1573279063237890048?s=20&t=F1Iqs_rydrgsEll-TpMaDA

Коментари | пред 3 години

DUIII

Коментар на денот: Лесно е да истеруваш демони од луѓе, пробај да ги истераш ДУИ од Влада

Социјалните мрежи „вријат“ откако самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров го најави својот настан во Скопје, претстојната сабота.Имено, во неговата обајава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „ослободување од демони, од проклетства и маѓии“. Каде не е познато, но има оставено телефонски број на кој секој заинтересиран може да се пријави, а овој перформанс е бесплатен.На Фејсбук, Спасија Бежановска објави статус преку кој му се обрати на Кајшаров.„Кајшаров, лесно е да истеруваш демони од луѓе, пробај да ги истераш ДУИ од Влада“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

kajsarov-750x424-1-640x362-1

Комисијата за верски заедници не се меша во обредите на Кајшаров, слободно може да истерува демони

Комисијата за односи со верските заедници предочува на јавноста дека во демократски уставно-правен систем каков што е и тежнее да биде македонскиот, слободата на вероисповед и манифестации на својата вера е неприкосновено право на секој граѓанин, исто како што е неприкосновена и гарантирана полната слобода секој граѓанин да одлучи дали ќе биде дел од одредени манифестации на вера, ритуали и обреди.„Доколку било кој граѓанин бил доведен во заблуда, измамен или принуден против својата волја има право на судска заштита на своите права. Граѓанин кој има сознание пак дека некое лице извршило кривично дело или друг деликт е повикан истото да го пријави. Секој човек има обврска и можност да размисли, но и право по сопствена совест да одлучи кому и дали ќе положи верба.Комисијата ја известува јавноста дека во непосреден контакт со правното лице Доброволна заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест“ регистриран верски субјкет во Единствениот судски регистар под број РСВЗРГ-1/16, утврди дека лицето Константин Кајшаров кој самостојно ја информира јавноста за неговите активности кои ги дефинира како исцелување, ослободување од демони, проклетства и маѓии и за кои споделува видео прикази е одговорно лице, претседател и верско лице на Доброволната заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест“ и како таков ги презема своите активности.Комисијата стои цврсто на ставот дека предрасудите не се мерило за пропустите против законот, а сериозно разгледувајќи го делувањето на субјектот укажува на Христијанската црква „Блага вест“ и до нејзиното одговорно лице Константин Кајшаров особено да внимава во односите со јавноста да не се создава сензационализам од манифестациите на верата и со зголемено внимание да се почитува интегритетот и достоинството на луѓето кои одлучиле да бидат дел од неговите обреди и ритуали, како и при делувањето, најавата на активности и нивната реализација да стави јасно до знаење на луѓето дека истите ги организира Христијанската црква „Блага вест“, со цел намалување на можностите луѓето да направат превид и да западнат во заблуда“, се вели во соопштението од комисијата за односи со верските заедници.

Македонија | пред 3 години

mkd-381349

МВР одзеде над 10 килограми злато поради незаконско работење

На 22.09.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе правни лица на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит. При контролата беа одземени повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) односно констатирано е непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени 7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато.Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи беа констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 години

struja-2

Нека ни е лесно зимава: Македонија троши 50 отсто повеќе струја од што произведува

Јован Крајевски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека земјава троши 50% струја од тоа што произведува, за разлика од соседните земји кои произведуваат онолку колку што трошат.„Босна и Херцеговина произведува 40% повеќе струја од тоа што трошат.Србија, Албанија и Црна Гора произведуваат онолку струја колку што и трошат.Македонија троши 50% повеќе струја од тоа што произведува и зависи од увоз!Нека ни е со лесно зимава“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

jsp

(ВИДЕО) Групна тепачка во автобус на ЈСП, едно лице прободено со нож

Немил настан во скопската населба Кисела Вода. Имено во еден од автобусите на ЈСП дошло до физичка пресметка на поголема група на луѓе, се претпоставува дека се ученици.Полициските екипи се веќе на терен.Неколку лица се повредени во автобус на ЈСП со број 51, вечерва во Кисела Вода, објави 24 Инфо.Неофицијално во вечерашниот инцидент еден од учесниците бил прободен со нож.

Скопје | пред 3 години

mileniumski-krst

Груевски раскажа за изградбата на Крстот на Водно: Дониравме 72 милиони и за рекордни 8 месеци се заврши и се пушти во употреба

Кон крајот на 2001 година бев министер за финасии кога веќе зад мене беше реформата со воведувањето на ДДВ, денационализацијата и враќањето на старите заробени девизи и со голем елан и енергија ги привршувавме последните подготовки за реформата на платниот промет која требаше да започне на 1. Јануар 2002 година, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Со нејзино целосно спроведување наместо преку тогашниот Завод за платен промет кој беше некаков остаток од социјализмот, плаќањата се префрлаа да се одвиваат преку банките, впрочем како што е во целиот свет.Покрај ова, паралелно се создаваа уште неколку целосно нови институции кои претходно не постоеја во Македонија и каде требаше да преминат огромниот број вработени од ЗПП со потребните дообуки, на чии подготовки паралелно и темелно се работеше во голема работна група на чие чело бев јас. Тие институции беа централниот регистар (ЦР) кој подоцна во 2008 година светската банка го рангираше како најдобар во Европа и шести најдобар во светот, Агенцијата за работа со блокирани сметки(АРБС) 6-7 години припиена кин УЈП , Национална платежна картичка (НПК) која подоцна околу 2005 година владата ја продаде на позната Полска компанија , Клириншки интербанкарски системи (КИБС) преку кој се одвива платниот промет на сите плаќања во земјата до износ до 3 милиони денари (денес до 1 милион денари), а во народната банка (НБРМ) која беше дел од работната група паралелно се работеше на уредување на нов систем преку кои требаше да поминуваат плаќањата над тој износ.Паралелно се вршеа и последните подготовки за воведување на фискалните каси во Македонија, а се спремаше и проектот PKI (public key infrastructure), кој за жал новата власт на СДСМ по 15 септември 2002 година без причина го стопираше и никогаш не се доврши, што оние кои ја разбираат оваа работа знаат дека е голема штета.Тоа беа многу крупни и за мене лично како министер кој ја превзема одговорноста ризични реформи кои бараа огромна работа, многу знаење, силна концетрација, искусен тим и натчовечка посветеност. Во Министерството “вриеше” од активности и работа, беше многу “жешко”, се работеше по 12-15 часа без прекин.Се менуваа многу закони, подзаконски акти и други регулативи. Се правеа и тестираа нови софтвери, набавки на хардвери, едноставно кажано “беше како во врел котел”.Реформата имаше и скриени противници кои губеа одредени лични позиции или сакаа да создадат страв и недоверба, па мораше дополнително да се внимава на можно диверзии.Генерално во земјата беше тешко бидејќи сеуште имаше остатоци од воените дејства поврзани со конфликтот од 2001 година, па и во тој дел Министерството за финасии имаше големи предизвици за целосно и навремено буџетски подмирување на сите вонредни финасиски потреби на безбедносните сили на земјата, што успешно и во целост го завршивме.Ги бев мобилизирал најдобрите потенцијали во државата да помогнат во работната група/комитет за реформата на платниот промет, и во подгрупите или подкомитети како што ги викавме, од универзитетски професори, стручни и искусни лица од повеќе институции, банкари, софтверски инжињери, правници и додатно во некои делови и повремено ангажирани странски консултанти.Најмала грешка можеше да доведе до хаос и несогледливи последици и штети, при што најмала штета ќе беше моја моментална оставка.За разлика од времето кога се воведуваше ДДВто во април 2000 година, единствена предност ми беше што веќе беше создадена доверба во мене и мојот тим за тоа што го работиме, па јавноста, за разлика од кога се воведуваше ДДВто, беше релативно мирна.Во таа гужва и во една таква навидум хаотична но всушност многу прецизна работна атмосфера полна со ентузијазам и адреналин, неколку дена пред новата година ми пристапи некој од соработниците и ме информира дека од сметките на расформираниот ЗПП остануваат некои слободни околу 200 милиони денари (приближно околу 3,3 милиони евра), за кои владата треба да одлучи како би се искористиле.Тогаш се потсетив дека повеќе од една година, можеби две или три години низ неколку весници и неделници одеше јавен повик до граѓаните и фирмите за собирање донации за изградба на милениумскиот крст на врвот на Водно со анимирaна фотографија од истиот како би изгледал кога би се направил.Некоја НВО на ентузијасти и верници го водеа тоа од кои лично познавав само еден човек-поранешниот министер Ѓорѓи Наумов. Тие се немаа обратено до Министерството за финансии за финасиска помош. Веднаш го побарав по телефон Ѓорѓи Наумов, го прашав колку имаат собрано пари за крстот и колку што се сеќавам сумата беше ниска, околу 10 илјади евра од неколку годишните повици за донации. Го прашав и колку е проекцијата за да целиот се изгради и по кратко време ме информира дека дека е 72 милиони денари, без изградба на замислените ресторанти во постаментот под него кои секако можеа да се изнајмат како простор на приватниот сектор.Со така собрани информации и со идеја да се реализира проектот за крстот, побарав средба со премиерот Љубчо Георгиевски кого го информирав за сите околу 200 милиони денари слободни средства кои треба владата со одлука да ги распредели и му предложив 72 милиони од нив да се распределат за изградба на милениумскиот крст на врвот на Водно. Тој со восхит го прими предлогот и веднаш договоривме како да се предложи на владата и да се донесе владина одлука. Стравувававме од можна негативна реакција на нехристијанските членови на владата и бевме договориле ако дојде до тоа. Неколку дена или недели подоцна, ја информирав владата за слободните средства од трансформацијата на ЗПП и воедно го дадов предлогот 72 милиони денари да се пренасочат како донација на НВО за изградба на крстот.Премиерот по моето излагање и предлог праша дали некој бара збор, но никој не отвори некоја суштинска дискусија и предлогот помина без било какви суштински забелешки или негодувања а парите за неколку дена легнаа на сметката на невладината организација иницијатор на крстот.Понатаму работата си ја превземаа архитекти и градежни фирми па за рекордни 8 месеци се заврши и свечено се пушти милениумскиот крст во употреба.Нехристијанските членови на воадата излегоа коректни и фер, но низ годините што доаѓаа вклучително кога јас станав премиер помагавме и за реконструкции на џамии, некогаш и учество во изградба на некои џамии, па можам да кажам дека во тој дел на верски прашања речиси секогаш имало разбирање и толеранција со ретки исклучоци.Милениумскиот крст денес е еден од неколкуте карактеристични и препознатливи симболи на градот Скопје и на Македонија и Скопје веќе не може да се замисли без овој симбол“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

toni-mihajlovski

Уметниците со отворено писмо до македонската Влада, бараат да почне изградбата на филмскиот град што ќе го предводи Џон Малкович

Истакнати македонски, српски и балкански професори, театарски, филмски и музички уметници упатија отворено писмо до македонската Влада да започне со реализација на проектот „Скопје технолошки парк“ за реализација на филмскиот град. Ова дојде по најавата за основање на филмски и музички студија во Скопје, „Стоунбриџ Студиос“, кои би ги предводеле врвните холивудски ѕвезди Џон Малкович, Мат Дилон и Д.В.Мофет ги обединиМеѓу потпишаните се и Драган Бјелогрлиќ, Мики Манојловиќ и Срџан Драгоевиќ.„Македонската и пошироко балканската јавност, неодамна беше почестена со несекојдневни информации околу најавата за основање на филмски и музички студија во Скопје т.н. Стоунбриџ Студиос, кои би биле предводени од врвните холивудски дејци како Џон Малкович, Мат Дилон и Д.В.Мофет. Филмскиот град, како што се најавува еден од најмодерните во Европа, е дел од многу поголем проект наречен Скопје Технолоџи Парк (СТП), прва приватна иницијатива за формирање на академско-технолошки нуклеус и генератор на идниот економски раст и едуцирана работна сила способна да се носи со предизвиците на 21 век. Оваа приватна иницијатива е претставена од компанијата СТП Капитал Партнерс Холдингс Скопје, македонска компанија основана од странски компании и професионалци кои доаѓат од Франција, САД, Србија и други држави.Еден од татковците на Европската Унија, Жан Моне (Jean Monnet), ќе остане запаметен во светската историја со неговата реченица: „Ако Европа повторно требаше да се гради, требаше да започне од културата!“ Овој голем интернационален проект СТП ќе биде вистински доказ дека македонската Влада, прифаќајќи го како стратешки проект, ќе внесе голем импулс и круцијален ангажман во своите евро-атлански интеграции.Ние, долупотпишаните, академски професори, театарски, филмски и музички уметници, амбасадори на македонската, српската, балканската и европската култура, јавно ја подржуваме македонската Влада да отпочне со реализација на проектот СТП и преку него, реализација на филмскиот град. Свесни дека од осамостојувањето до денес, оваа иницијатива претставува еден од највозбудливите и најперспективните предизвици за севкупен економски, културен и технолошки исчекор на македонското општество, сакаме да ја охрабриме Владата за брзо и неодложно остварување на проектот СТП.Верувајќи во искрените напори на Владата дека работи за интересите на своите граѓани и на државата која ја претставуваат, ги ставаме во функција сите наши академски и професионални капацитети одлуката која ќе ја донесе за доделување на статус на стратешка инвестиција на СТП, да помогнеме да ја спроведеме во дело.Уште во шеесетите години од XX век, големиот швајцарски писател Никола Бувие (Nicolas Bouvier 1929-1998), голем заљубеник во Балканот, во својот бест-селер книгата „Употребата на светот“ објавена на многу јазици на сите меридијани ја запиша бесмртната реченица „Балканот е срцето на Европа“.Токму со ваквите проекти Балканот ќе стане вистинско срце на Европа!Искажувајќи нескриен оптимизам, и разбирајќи го проектот како ретка надеж и ефективен начин за спречување на болниот одлив на млада и едуцирана работна сила од земјата, ве повикуваме да ја донесете единствената одлуката која сите граѓани на оваа држава ја очекуваат од вас.Срдечен поздрав,“Ако повторно треба да ја градиме Македонија, а треба, тогаш треба да почнеме од културата”, стои во објавата.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања