ТОП

655-402-bebe

Татко си го убил тримесечното бебе, го удирал со раце и нозе по главата и телото

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди кои предизвикале крварење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, можност тој да се обиде да влијае врз сведоците, па дури и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

Скопје | пред 3 години

makedonija-so-bugarija-21

МНР реагираше за говорот на омраза на вчерашниот натпревар

Министерството за надворешни работи упати јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да се забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија.„Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла.Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сè добри соседи“, се вели во реакцијата на МНР.

Македонија | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Зечевиќ и Ковачевски имаат бизнис интерес од турскиот фаворит на Арсовска, затоа лажат и манипулираат, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДС и Арсовска го загрозуваат проектот за пречистителна станица заради лични бизнис интереси, вели ВМРО-ДПМНЕ„Вистината е дека Зечевиќ и Ковачевски имаат бизнис интерес од турскиот фаворит на Арсовска, затоа лажат и манипулираатСкопјани се жртва на алчноста на СДС и Данела Арсовска. Проектот за пречистителна станица од страна на Златко Перински е воден согласно препораките на ЕИБ, што и го потврдија од банката, за разлика од него, Арсовска сакала да влијае во постапката и менува Комисија среде процес.Желбата за криминал на коалицијата СДС и уценетата Арсовска го руши имиџот на градот Скопје пред меѓународните институции.Дека СДС и Арсовска лажат потврди и ЕИБ, а тие се штитат помеѓу себе заради провизиите на Арсовска и нејзиниот турски фаворит.Доколку имаше криминал, со вакво партизирано обвинителство и МВР, одамна ќе имаше епилог.Се што прави СДС е во ек на најголема криза, наместо да работи, троши народни пари за црна кампања против Мицкоски, расфрлајќи над 100 илјади евра за билборди, флаери и реклами.СДС се уплашени за својот рејтинг, кој е на дното заради нивната неспособност, неработа и антидржавно делување“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

Milososki-27.06

Милошоски: Ковачевски за 7 дена во Њујорк остварил само една билатерална средба, а трошел по 20000 долари за ноќевање

Дипломатски туризам на Ковачевски во Њујорк. Како премиер да предводиш делегација во Обединетите Нации, каде во исто време престојуваат над 130 државници од целиот свет, и за 7 дена да оствариш само една официјална билатерална средба (со МНР на Азербејџан), е голем дипломатски неуспех. Така заврши скапо платената шанса што ја имаше премиерот Ковачевски како шеф на делегацијата на 77-то Генерално собрание во ОН во Њујорк, со патување и ноќевање кое чини најмалку 20.000 долари за владината екипа, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ„Исходот, трошокот и престојот на Ковачевски во Њујорк повеќе наликуваат на државно-платен фамилијарен туризам, наместо на државнички престој исполнет со многу корисни средби со странски премиери и претседатели. За жал.Споредено со Ковачевски, хрватскиот премиер Пленковиќ не престојувал 7, туку 4 дена во Њујорк, но не остварил една, туку 5 билатерални средби на највисоко ниво: со премиерот на Канада, со претседателот на Словенија, премиерот на Норвешка, со државниот секретар на САД, како и со Претседателот на Советот на ЕУ.Тоа е големата разлика. Хрватскиот премиер со помала делегација, помалку денови престој во Њујорк и повеќе официјални средби, додека премиерот Ковачевски обратно, гломазна делегација, долг престој во Њујорк, и само една официјална билатерална средба. Резиме: Македонија не виде корист од оваа посета на Њујорк, но битно Ковачевски го виде Њујорк“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

15082021_PVRSM-Zaev_uvid_Krivogashtani-Zitoshe_2

Молчи Бочварски за вработувањето на сопругата и балдазата во ист ден во штипската болница веднаш од „клупа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Непотизмот и злоупотребата на позиции станаа синоним за владеењето на клептоманската СДС, вели ВМРО-ДПМНЕ„Вработувањето на сопругата и балдазата на министерот Бочварски се само потврда за тоа. Имено тие две во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница. Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница - Штип. Ова ухлебување веднаш од ученичка клупа следи еден месец откако Бочварски стаил во брак.Бочварски молчи. Молчат од Штипската клиничка болница, молчат од министерството за здравство. Очигледно сите се фатени во длабок офсајд. ДКСК е должна да го провери овој случај и да се произнесе за него. Недозволиво е за ваков скандал да се молчи. Зарем е нормално вакво фамилијаризирање да се случува и никој да не реагира.Дополнително, Бочварски наместо да изигрува главен кадровик во здравството, треба да излезе јавно и да објасни како ги ухлебил сопругата и балдазата во јавното здравство. Ваквото самоволие на власта на антимакедонската СДС мора да престане. Мора да има одговори и одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

306327126_953778525572002_6633524172842139359_n

Анџело го интересираше кој удар бил клучен за убиството на Тот

Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски кој е обвинет за убиството на ракометарот Денис Тот, проговори на судењето каде вештаците од Судска медицина кои ја правеле обдукцијата, даваа детали за вештиот наод. Анџело, го интересираше, кој од ударите кои ги задал тој, Клементина Лефкова и Андреј Костовски бил клучниот за да доведе до негова смрт.„Дали е утврдено од кој тапо-тврд удар е доведено до ротација на главата?“, праша Ѓорѓиевски откако претходно вештаците кажаа дека „Нагмечувањето на мозочното ткиво настанале заради делување на сила во пределот на тилната регија на главата, а тоа се случило при падот. Додека пак, повредата на почетниот дел на рбетниот мозок е настаната поради ротационите движења на главата предизвикани од ударите во пределот на главата“.Проф. Др. Рената Јанкова му одговори: „Тоа не можеме да го конкретизираме, ние можеме да знаеме тоа што ќе видиме и да ги знаеме механизмите. Ако можело да се утврди, вештите лица би се произнеле за тоа. Можеби не е со едно дејство на сила, можеби е со две, можеби со едно. Не можеме се да знаеме“.Тој реагираше дека треба да знаат кога нешто тврдат, на што судијката Елена Илиевска Јосифовиќ остро реагираше да поставува прашање, а не да коментира и да посочува како вештите лица да одговараат.Професорката Јанкова, вештак од Судска медицина, во детали ги објаснуваше повредите кај Тот, добиени од ударите кои му биле зададени кобната вечер.„Нагмечувањата на десната челна регија на мозокот е настаната со пад на цврста површина. Повредите од предната страна на лицето, едната од десната страна на лицето која довела до некомплетно скршување на десната носна коска настанала со директно дејство со тапо-тврд удар, повредата на левата страна од усната со раскини на слузницата на левиот образ кој отсликуваат распоред на заби настанала со дирекно дејство на тапо тврда сила, повредата на тилната регија е од пад и последователно е и повредата на десната мозочна хемисфера. Повредата од левата страна на градниот кош настанала со директно дејство на тапо тврда сила (удар) бидејќи нејзината положба е повеќе странична. Постои крвна подлиеност од удар во оваа регија“, кажа Јанкова.Таа додаде: „Повредата во пределот на почетниот дел од рбетниот вратниот дел, почетниот дел од рбетниот мозок, настанала со директно дејство на тапо-тврда сила која довела до ротација на главата и вратот, иако ваква повреда може да настане и од пад, но во конкретниот случај, повредата настанала со удар. Зошто исклучуваме да е од пад? Поради преносот на силата. Падот е во тилната регија, не е во повисокиот дел на главата. Имаше крвна подлиеност на темената регија, која што беше повисоко во таа регија, настала со дејство на удар“.Ни побрза реакција на докторите од Итната медицинска помош и Клиничкиот центар, немало да го спасат Денис Тот, посочи докторот и вештак Станков.„И со таа повреда што ја има на рбетниот мозок, не верувам дека некој ќе го спасил. Таа не се оперира. Притоа има повреди на големиот мозок, како заради повредите, така и поради престанок на работата на срцето па и дишењето, поврзано со повредите кои се зададени. Третманот кој му е пружен на сега покојниот би се пружил и ако веднаш се видени тие повреди. Доколку преживеел подолго време и му била направена втора компјутерска томографија, тогаш сигурно би се виделе овие повреди“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

299509404_1172966359952879_737114708362148672_n

Ќе има ли парно во Скопје зимава

Владата на Република Северна Македонија континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат истите, јавноста ќе биде навремено известена.„Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно, и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин.Владата заедно со ресорните институции постојано работи на обезбедување на потребните ресурси за производство на топлинска енергија по најповолни цени се со цел домаќинствата да имаат помали трошоци. Конкретно, се бара најдоброто решение за обезбедување на најниска цена на гас или мазут со цел да се спречи ценовен шок и да не поскапи парното.И оваа година како и минатата, Владата согласно законските можности прави максимални напори да обезбеди непречено снабдување на топлинска енергија за граѓаните на Скопје.Во изминатиот период владиниот економски тим и ресорите енергетика имаа повеќе регионални средби и состаноци, со цел обезбедување на потребните енергенси во услови на најголемата светска криза која ја памтиме во поновата историја“, велат од Владата.

Скопје | пред 3 години

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Владата и даде повеќегодишна концесија на БЕГ, таа има обврска да се справи и со последиците од таа концесија, вели Арсовска

Жалам што морам уште еднаш да ја констатирам неспособноста на Владата за справување со предизвиците од енергетската криза, а со кои се соочуваат и скопјани, вели Данела Арсовска во реакцијата на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски.„Она што уште повеќе загрижува е неинформираноста на институциите за сопствените ингеренции кога станува збор за системот за снабдување со топлинска енергија односно парно греење.Колку за потсетување, уште на 10.01.2022 година премиерот Ковачевски се пофали дека Владата нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без греење, за сега на веќе започната грејна сезона, наместо функционално решение граѓаните да се соочуваат со ладни радијатори.Ширењето невистини и манипулирањето на граѓаните нема да ја реши економската и енергетска криза. Напротив, премиерот Ковачевски би требало итно да се зафати со решавање на овие проблеми, наместо да шета од медиум на медиум и да пласира невистини.За потсетување, Владата е таа која има дадено повеќегодишна концесија на БЕГ при што секако обврска и одговорност на Владата е да се справи и со последиците кои произлегуваат од таа концесија.Согласно член 38 од Законот за енергетика вршителите на енергетските дејности се лица кои поседуваат лиценца од Регулаторната комисија за енергетика која се издава за период од три до 35 години во зависност од видот на енергетската дејност, видот и обемот на обврската за обезбедување јавна услуга во вршењето на енергетската дејност, обемот на средствата потребни за извршување на енергетската дејност, времетраењето на правото за користење на соодветниот енергетски ресурс.Град Скопје во ниту еден момент не бил носител на лиценца, напротив до енергетската криза на сите Влади очигледно им одговарало енергетските ресурси со кои се произведува, дистрибуира и снабдува со енергија, да бидат во рацете на приватници наместо да се третираат како национални ресурси кои се од исклучителен јавен интерес.Владата кога беа милионски профитите на приватните компании кои раководеа со топловодната енергетска мрежа одбиваше таа да биде одземена од истите и да претставува национален ресурс, за сега да бара виновник за сопствените одлуки.Обидите за префрлање на вина од оној кој не преземал соодветни мерки за амортизирање на ценовниот шок во кризава е дегутантно и непотребно, бидејќи ако се реагираше на време со мерки, како што тоа го направија владите на другите држави, сега немаше да има толку големи проблеми. Поради континуирано задоцнетите мерки сите плаќаме поскапа електрична енергија, парно, нафтени деривати“, додава таа.

Скопје | пред 3 години

120190520_075956

Во Скопје сончево со температура до 23 степени, какво време не очекува наредната недела

Времето денеска ќе биде сончево со ниски утрински температури кои ќе се спуштат до четвртиот степен, а максималната температура ќе достигне до 23 Целзиусови степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец и дневна температура до 23 Целзиусови степени. Маврово 16, Охрид 21, Битола 22, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 24, Дојран 26.Од понеделник, синоптичарите најавуваат врнежи од дожд во попладневните часови најпрвин во западните делови кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови од државата.Во вторник ќе биде нестабилно и врнежите наместа ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во овие денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Македонија | пред 3 години

ina-mnogufina

(ФОТО) Јоци откри која е Ина Многуфина: Често е гледана во „Мериот", но јавно не се слика со Мијалкови

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој тврди дека открива кој се крие зад профилот на Ина Многуфина.„#ИНА #МНОГУ #ФИНА ИЛИ „Аѓентот од Али експрес“ на бате Саше на сите астали во цело Скопје“, се вели во објавата.Нејзината објава во целост на линкот:Дисклејмер: Рубриката „коментари“ е сочинета од ставови, за кои „Скопје1“ не презема никаква одговорност, ниту го одразуваат мислењето на редакцијата.

Коментари | пред 3 години

parno-1

Додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, вели Битиќи

Се додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на прашања поврзани со почетокот на грејната сезона во главниот град.Согласно законот, како што посочи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија.Во однос на топланите Исток и Запад, кои се во сопственост на „Адора инженеринг“, според која закупот како опција без јасна интенција за купопродажба на топланите не е прифатлив, вицепремиерот со став дека процесите мора да бидат согласно законот и дека закупот е легитимна алатка.– Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, но ќе се склучи според законите. Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави Битиќи.

Скопје | пред 3 години

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

(ВИДЕО) Детали за вчерашната тепачка: Четири малолетнички нападнале соученичка

На социјалните мрежи вчера се појави видео на кое се тепаат група малолетници.Министерството за внатрешни работи денеска излезе со информации за настанот.-Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул.„Орце Николов“, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште, информира МВР.

Скопје | пред 3 години

Screenshot_10-10

„Сегеј Варошлија да ја повлече емисијата и да се извини инаку ќе заврши на суд“, велат од Хелсиншки комитет

Познатиот македонски стилист Сергеј Варошлија повторно се дрзнал да коментира лица за нивниот изглед и притоа да ги омаловажува, навредува и сексулано да ги вознемирува.Хелсиншкиот комитет за човекови права во јуни 2022 година, во име на девојка која побара правна помош, поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација против стилистот Сергеј Варошлија за сторено сексуално вознемирување врз основа на пол и род во областа на јавно информирање и медиуми.Постапувајќи по оваа претставка, КСЗД донесе мислење со кое се утврдува сексуално вознемирување во епизода на емисијата „Сергеј Реинвентед со Сергеј Варошлија”, преку сексуално објективизирање на изгледот на девојката.Со тоа предизвикал повреда на нејзиното достоинство и создал заканувачка, непријателска и понижувачка средина.Комисијата наведува дека Варошлија не се произнесол по наводите од претставката во законски предвидениот рок и донесе препорака тој да ја отстрани конкретната епизода со чијашто содржина предизвикал сексуално вознемирување кон подносителката на претставката.Се препорачува Варошлија јавно да се извини во својата емисија во рок од 30 дена по приемот на мислењето и препораката и за тоа да ја извести КСЗД. Комисијата воедно му препорачува на Сергеј Варошлија во иднина да се воздржи од изнесување на содржини кои продуцираат вознемирување во јавниот, медиумски простор врз основа на пол и род или која било од дискриминаторските основи наведени во Законот за спречување и заштита од дискриминација.Доколку тој не постапи согласно препораката во законскиот рок, КСЗД ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци.

Македонија | пред 3 години

Tripunovski-24.09.2022

Трипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на МЗШВ

Официјалната страница за МЗШВ веќе десетина дена не е во функција, а министерството се правдаат дека се под хакерски напад без притоа да ја информираат јавноста за каков сајбер напад станува збор, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ„Но, проблемот не завршува тука. Имено од извори во министерството дознаваме дека исчезнати се голем дел од документите од архивата која што се вод во министерството.Според нашите информации со кои располагаме, а за кој МЗШВ крие, документите кој недостасуваат во електронска форма се податоци од фарм регистарот и сите активни регистри кој што ги води МЗШВ за откупувачи за вино,за земјоделските задруги, за органско производство,преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, а нема ниту листа на должници. Исто така изгубена е целосно евидентацијата за сите постапки кои што се поврзани со закон за управна постапка и дополнително не може да се постапува и да се завршат тековните започнати управни постапки.Недостасуваат и важечките договори за концесии риби и дивеч.Поради овој хакерскиот напад земјоделците не можат да извадат потврди и уверенија кои по разни основи ги бараат од министерството како релевантен документ за во министерството за труд и социјална политика.Во секторот за финансиски прашања недостасуваат документи за преглед на исплати како и доцнење при исплата на доспеани обврски, додека пак во секторот за човечки ресурси на министерството недостасуваат персоналните досиеја на вработените и целокупната документација за сите вработени во МЗШВ.Почитувани,Молкот од страна на првиот човек на министерството Љупчо Николовски отвора сериозен сомнеж дали се работи за хакерски напад или пак во прашање е прекривање на криминални дејствија и злоупотреби од страна на Владата на антимакедонската СДС.Николовски мора да одговори пред јавноста дали од документацијата недостасуваат и голем број на спорни договори и постапки, кои можело да го инкриминираат врвот на министерството, како и кој го одржувал софтверот на министерството и колку народни пари се исплатени за одржување?Токму затоа бараме отворање на целосна истрага и посериозен пристап од страна на МВР и органите на прогонот.Николовски да не се крие позади партиските соопштенија и да излезе и да ја информира јавноста што до сега е преземено за целосно расчистување на случајот, во спротивно тој е највиновен и најодговорен, и секој кој свесно се огрешил пред законот мора да одговара.Промените како во земјоделството, така и во секој сектор ќе се случат.На граѓаните и државата им требаат сериозни луѓе со сериозен и професионален пристап кои ќе ги решаваат нивните проблеми, а не луѓе како од антимакедонската СДС кои што само создаваат проблеми“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Capture-2

Ние не можиме во Штип да влезиме во ЕУ ќе сме влегвале, велат граѓани бидејќи се наплаќа влез во градот

Вработени во штипското јавно претпријатие „Стипион“ вчера ги запираа автомобилите кои немаат штипска регистрација и бараа да платат 80 денари ако се дојдени за манифестација „Пастрмалијада“На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа како паркинг-редарите ги запираат колите и им наплатуваат на возачите, од кои некои велат дека им барале 100 денари.На влезот во градот се создал метеж, а револтирани возачи прашуваа зошто мора да платат за да влезат во градот.На социјалните мрежи велат дека наместо да наплаќаат за влез во градот, треба да плаќаат за да им дојдат луѓе.https://twitter.com/satelite_chris/status/1573566829095682048?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/tomebato/status/1573562827197059072?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/somnitelen69/status/1573585934796443649?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/TojSoSlikite/status/1573453921888108551?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/Esk0bar_0d_SK/status/1573417485621248017?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/ddimkooooo/status/1573418755748683778?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/Sija_licka/status/1573572206440898561?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfA 

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања