ТОП

26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

На 15 октомври започнува грејната сезона, парно за скопјани ќе има

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на вонредната прес-конференција ги соопшти одлуките кои вечерва беа донесени на Економско-енергетскиот совет, а во насока на стабилно обезбедување на топлинска и електрична енергија.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски:„Почитувани граѓани,Економскиот-енергетскиот совет штотуку заврши и донесовме одлуки кои сакам да ги споделам со јавноста, а се однесуваат на сигурно, стабилно снабдување со енергенси во наредниот период.За граѓаните на Град Скопје.1. На 15 октомври започнува грејната сезона. Парно за скопјани ќе има. Донесена е одлука за почнување на постапката за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од Законот за енергетика на ЕСМ. Ги повикувам Град Скопје, Регулаторна комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење, со што ќе се створат условите за целосно функционирање на ЕСМ со топланите.2. Обезбедени се финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија.Во однос на електрична енергија. Домаќинствата и малите потрошувачи ќе добијат сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија. 80 % ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти (до 2 милиони евра годишен промет) ќе добијат субвенционира електрична енергија која е три пати пониска од берзанската.Дополнително донесовме одлука, на регулиран пазар да бидат и основните и средни училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини.Исто така донесовме одлука со која сите јавни и здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската. Затоа што грижата за граѓаните и обезбедување на здравствена заштита е императив на оваа Влада.Владата се грижи за сите подеднакво.Оваа криза рековме дека заеднички ќе ја пребродиме како што ја пребродивме и ковид кризата.Ја користам оваа прилика, покрај овие одлуки кои вечерва ги донесовме за справување со енергетската криза, да апелирам до сите граѓани да продолжиме со мерките за штедење. Секој киловат час заштеден значи заштеда на нашиот буџет и повеќе пари за инвестиција во нови енергетски и инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат во иднина снабдувањето со електрична енергија и ќе го подобрат квалитетот на животот.Заврши времето на изобилие со електрична енергија во Европа. Сега е време на штедење и тоа штедиме за да имаме електрична енергија.Утре како што знаете почитувани имаме седница за пратенички прашања.Сакам да им укажам на Собранието и на пратениците од сите политичките партии да се одважиме заедно и конечно да се обединиме за интересот на граѓаните, и пред започнувањето на седницата да ги изгласаат Законот со кој се обезбедуваат финансиски средства од ЕБРД, пари одобрени од ЕБРД за справување со енергетска криза на Република Северна Македонија по исклучителна каматна стапка, измените во Законот за енергетика и Законот за нафта и нафтени деривати и усвојување на кризна состојба.Ова не е време за политички поени, туку е време за разум, солидарност и социјална грижа.Ова е само прв сет на одлуки на Економско-енергетскиот совет.Како што ветивме, се грижиме за ранливи категории на граѓани кои ќе бидат подржани преку соодветен сет на дополнителни мерки кои што наскоро ќе бидат објавени.“

Македонија | пред 3 години

22032022_VRSM_32_sednica-1

Нема јадење морска храна во Владата, Ковачевски им стави „стоп“ на министрите кои сакаат лигњи и крап

Во владиниот ресторан повеќе нема да се јадат морски плодови, а од менито ќе бидат тргнати и бадемите и лешниците. Ова го најави премиерот Димитар Ковачевски откако владината Служба за општи и заеднички работи распиша тендер со кој набавува пастрмка, крап, лигњи, октопод и одвојува за нив да се платат 20 илјади евра. Ковачевски кажа дека неговата одлука е конечна.„Со оглед дека и тоа што ќе се нарача, треба да биде платено средствата на граѓаните доколку се работи за службени ручеци или од сметка на тој што сам плаќа, без разлика, при подготовката на мерките за ранливите категории граѓани јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење на морска храна во бифеата, исто така и на бадеми и лешници и тн. За тоа ќе има забрана и тие средства ќе бидат насочени директно за најранливите категории граѓани со ниски примања“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

(ВИДЕО) Ковачевски со вонредна прес-конференција: Заврши времето на изобилие

Економско-енергетскиот совет донел одлука дека на 15-ти почнува грејната сезона во Скопје и парно ќе има, бидејќи е отпочната постапка за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски, по што побара институциите да дадат зелено светло за ЕСМ да работи со топланите. Над 70.000 компании со промет до 2 милиони евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија, со помала цена од берзанската.Дополнително, на регулиран пазар ќе бидат основните и средни училишта, без разлика што тие се под ингеренции на општините. Во јавните здравствени установи ќе има струја по поволна цена, помала од берзанската.„Заврши времето на изобилие со електрична енергија. Сега е време за штедење за да имаме електрична енергија. Сакам да укажам на Собранието и пратениците од сите партии да се одважиме и обединиме за граѓаните, па пред седницата да се изгласаат финансиските средствата од ЕБРД за справување со енергетската криза по поволна каматна стапка, измените на Законот за нафта и нафтени деривати. Ова не е време за политички поени, туку разум. Ова е прв сет мерки. Се грижиме за ранливите категории граѓани, за кои ќе има дополнителен сет на мерки“, кажа Ковачевски.Тој упати апел за штедење на струја. Според него, заштедените пари ќе го подобрат квалитетот на животот.

Македонија | пред 3 години

308198930_400111988975438_3824261875060944626_n

Продолжува потрагата по лицето кое со автомобил падна во Вардар

Согласно информациите во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од ангажираните субјекти - институции од Системот за управување сом кризи (СУК) и денеска од раните утрински часови потрагата е продолжена и се засилува по лицето кое со приватно моторно возило „голф 4“ падна вчера во водите на реката Врадар кај мостот во село Желино.„По добиени податоци од раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, од лице место на терен, во потрага до 14.30 биле вклучени пет лица од Полициската станица (ПС) Јегуновце, лица од Црвен Крст-Тетово, четири нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пет вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, шест вработени од Единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) Желино, екипа од РЦУК Тетово. Истовемено е најавено пристигнување на специјализирана нуркачка екипа од Министерството за внатрешни работи (МВР), како и екипа на Криминалистичка полиција од СВР Тетово на МВР.Од 14.30, според официјалните извештаи добиени во Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на терен од пладне е пристигната екипа од ДСЗ Кочани со четири лица заедно со четири нуркачи од ДЗС Тетово, при што осум вработени од ДЗС Тетово се во реката во потрага на исчезнатиот. Исто така, во 13 часот од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) е присутен тим од седум членови, а и други доброволци коишто вршат потрага на двете страни од коритото на реката Вардар. Од страна на ЦУК има побарано еден хеликоптер од МВР и тој врши пребарување од 13.30 часот по течението на реката, почнувајќи од местото на настанот. Истовремено во потрагата се очекува интервенција од нуркачкиот тим од МВР. Потрагата продолжува, а за нови податоци од лице место ќе ве известиме по добивање на информациите“, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 3 години

siluvanje

Силување на дете во Битола, 71-годишен маж извршил полови дејствија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 71-годишник на 25 септември, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете, кое го заклучил во станот. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 3 години

mk-nato-6

Според кој НАТО стандард огранокот на СДС Арачиново регрутира професионални војници, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скандал и блам, партијата на дезертерот Ковачевски регрутира професионални војници преку општински ограноци, вели ВМРО-ДПМНЕ„На фејсбук страната на СДС Арачиново е објавено известување до членовите на СДС од Арачиново со информација сите тие кој што се јавиле на огласот за професионални војници во АРМ, да се јават кај претседателот на СДС Арачиново!Ова е срам и блам за македонската армија. Ова е доказ дека СДС партизира се од чистачка до министер. Устата им е полна за стандарди и НАТО, а огласите за професионални војници им поминуваат низ штабски филтер во огранок како Арачиново.Каде е министерката Славјанка Петровска, каде е дезертерот Ковачевски да кажат според кој НАТО стандард огранокот на СДС во Арачиново регрутира професионални војници во АРМ?И од дезертерот Ковачевски да е, премногу е! Единиците на АРМ ги претворија во партиски штабови. Да беа нормална влада, каква што не се, уште синоќа ќе фрчеа оставки. За ваков скандал оставка треба да си поднесат и дезертерот Ковачевски и министерката Славјанка Петровска во пакет. Треба да знаат дека ако бегаат, нема да избегаат од одговорност. Народот ќе ги казни сурово на следните избори и заовој скандал и за целата катастрофална состојба во која ја донесоа државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

maksim-dimitrievski0123

„Нека учи малку премиерот од соседна Бугарија или Србија како се менаџира енергетска криза“, вели Димитриевски

„Не можете вие во енергетска криза да влезете и да најавите енергетска криза, а да немате претходна комплетна стратегија. Еве, ќе ја земам Бугарија за пример. Односите се такви какви што се со Бугарија, но ние сакале или не еден ден мораме да бидеме партнер, бидејќи народот е океј - официјалната политика не е добра којашто доаѓа од Софија, но една Бугарија којашто е најсиромашна држава во Европската Унија наоѓа можност да го субвенционира стопанството со две третини од вкупниот износ на сметката на секој правен субјект. Тоа за нас е мисловна именка. Нека учи малку и премиерот и сите останати задолжени за оваа работа од соседна Бугарија. Да не зборувам за Вучиќ или Србија кадешто претседателот Вучиќ многу вешто игра во оваа состојба, цената на гасот кај нас е неколку пати поскапа. Всушност и последниот проект „Open Balkan“ што се промовира на голема врата е одлична идеја, па кога ќе отидете на граница чекате четири часа. Па, за каков „Open Balkan“ зборуваме?“, ова вечерва го потенцираше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24.Тој истакна дека ова е последниот момент за државата.„Сериозно сум загрижен и за државата, но и за граѓаните Ние сме денеска крај на месец септември, вообичаено на крајот на овој месец, пред секоја врата и домаќинство гореше ќумбе и се печеа пиперки. Зошто? Бидејќи е скапо да купите ајвар, а дома можете поевтино да си го направите. Колку куќи вие денеска видовте дека се пече ајвар? Многу помалку од минатата година“, рече Димитриевски.Во однос на граѓанското здружение „За наше Куманово“ и формирањето на движење, Димитриевски изјави дека основната определба е да се вратиме на асномските и крушевски корени на државата, бидејќи се избега многу далеку и се разнебитивме самите себеси поради погрешните, популистички и алчни политики на поединци.„Тоа мора да го сузбиеме. Македонецот е Македонец и од него друго не бива. Субјектот е и ќе биде по примерот на Куманово. Ние имаме советници и Срби, и Албанци, и секако во движењето имаме и Роми. Ќе биде мултиетнички, но, мора да се почитува вредноста и достоинството на Македонецот затоа ние со овие погрешни политики сме за жал од национален аспект загрозени“, посочи Димитриевски.

Македонија | пред 3 години

makedonija-so-bugarija-21

„Вината за скандирањата да си ја барате кај македонските и бугарските политичари“, вели Димовски

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека за вчерашните свирежи и навреди за време на интонирањето на бугарската химна на натпреварот во Скопје помеѓу фудбалските репрезентации на Бугарија и Македонија (0-1) е виновна политиката и наметнатиот договор за добрососедство.„Вината за скандирањата да си ја барате кај: 1. Политичарите во Македонија кои прифаќаат катастрофални уцени од Бугарија само со цел да си ги зачуваат кариерите.2. Политичарите од Бугарија кои сеуште живеат и работат како да се во 19-от век, со нескриени негаторски политика спрема македонскиот народ“, констатира Димовски на Фејсбук.Поранешниот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека во 1994 на Светското првенство во САД цела Македонија навивала за Бугарија кога го освои четвртотот место.

Коментари | пред 3 години

parno

Владата одобри 1,1 милијарда денари за топлинска енергија за Град Скопје

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.Беше донесена Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.Со преземените соодветни мерки од страна на Владата се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона.

Скопје | пред 3 години

sdsm-aracinovo

СДСМ се оградува од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново

СДСМ целосно се оградува од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново.„Станува збор за злоупотребата на страницата спротивна со вредностите и политиките на СДСМ за што ќе следи целосно расчистување на случајот и одговорност.Армијата е за професионалци и нема простор за ништо друго. Пријавувањето и селекциите за конкурсите за професионални војници се спроведуваат по највисоки стандарди од страна на надлежна институција која нема никаква врска со ниту една политичка партија.По спроведените реформи во изминатите години, токму од страна на СДСМ, одлика на Армијата е професионалност и стручност по највисоки стандарди, за што сите ние сме особено горди.Впрочем, затоа и Ковачки веќе не е дел од Армијата, дезертираше и одбра да му служи како чирак на шпицниот градоначалник Мицкоски“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 години

Naum-S-27092022

СДС повикува граѓани да се вработат како професионални војници, преку партиски штабови, вели Стоилковски

Каков дебакл за СДС, партија која што ја води дезертер, повикува граѓани да се вработат како професионални војници, преку партиски штабови, со пријава кај партиски функционери, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„Пред само еден час, на фејсбук страницата на СДС Арачиново е објавено известување до членовите на тој огранок, со повик сите кои што се јавиле на огласот за прием на војници во АРМ да се пријават кај претседателот на огранокот и раководството на истиот.Ова е дебакл и срам за Армијата. Ова е срам за НАТО. Ја повикуваме Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Петровска ја посрамоти и АРМ и НАТО.Но, ова е и работа која не може да помине без знаење на дезертерот Ковачевски и неговиот калфа Миле Зечевиќ. Тие се директно одговорни, бидејќи партиските претседатели одговараат директно пред нив.Дезертерот Ковачевски, калфата Зечевиќ и Славјанка Петровска директно го загрозуваат НАТО, колективната безбедност и кредибилитетот на Алијансата.Ова е срам за Владата, срам за АРМ. Потребни се оставки веднаш.Почитувани,СДС ги користи партиските ограноци како центри за вработување и центри за регрутација на војска, а вработување добиваат само партиски подобните, не квалитетните, туку тие кои ќе добијат дозвола од партискиот претседател и локалното раководство на СДС.Ова е доказ дека пред кандидатот за било кое работно место да отиде на интервју, тој треба да отиде во партискиот огранок на СДС.Ова е доказ како функционира власта. Ова е доказ дека институциите се заробени и дека не постои мерит систем, туку партократија.Вработување добиваат само тие што ќе бидат одобрени од ограноците од штабот на СДС.Ова е причината и зошто за 8 години Македонија ја напуштиле над 700.000 млади луѓе.Македонија не може да продолжи со СДС. Со СДС имаме само криминал, корупција, и вработување по партиски клуч.Потребни се предвремени избори час поскоро. Вработување по партиски клуч со препорака од партиски штаб и пријава кај претседател на партиски огранок на СДС мора да стане минато. Избори веднаш“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-27-at-14.04.36

ФОТО: „Голф“ излета во Вардар: Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека кола Голф 4 со Кумановски регистерски таблици двиќејки се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднала од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар. Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало.Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес. Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-osmani-maricic

Коментар на денот: МНР, Бујар и Ковачевски никако да го осудат отворањето фашистички дувла, картите со голема Бугарија

Божидар Божиновски се огласи во срска со осудата на МНР за навивањето на мечот Македонија-Бугарија.Ставот во целост:Мнр и Бујар и Ковачевски никако да го осудат отварањето на фашистички дувла низ државата со имиња на крвници, помагачи на фашизмот, никако да осудат картите на голема Бугарија кои ги шират бугарски политичари и политичари кај нас кои се само платеници и нивни агенти, никако да осудат купување на децата за 20 евра да учат бугарски со пари добиени од државата Бугарија, културно им е само ништење на македонскиот јазик, историја и идентитет.Ко не слуша песму, слушаче олују.

Коментари | пред 3 години

ukraina-12124

Мигрантите од Русија нема бидат привилигирани како Украинците кои допатуваа во Македонија

Македонија не очекува мигрантски бран од Русија, иако Русите бегаат по наредбата од претседателот Владимир Путин за мобилизација на резервисти. Но, дури и да има Руси кои ќе бараат згрижување, тие нема да имаат исти третман како Украинците кои бегаа од Украина на почетокот од војната. Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека Македонија нема конекции со Русија како други држави.„Украинците имаат третман согласно со меѓународните организации каде ние сме членови, за згрижување на бегалци од војна. И ние сме ги донеле сите потребни одлуки за згрижување – постојано и во транзит, бидејќи дел доаѓаат и заминуваат во други земји. Тоа е третманот. Вашето прашање е насочено кон друго, зборам за руски граѓани, кои одат во земји каде имаат директни летови“, кажа Ковачевски.Прашан дали ќе се укине визниот режим за Русите кои бегаат од родната земја, Ковачевски посочи: „Нема таков предлог во моментов“.Од македонското МНР нема одговор дали ќе препорачаат на македонските граѓани да не патуваат во Руската Федерација поради безбедносни ризици и да ја напуштат територијата на Русија, доколку се во можност.Инаку, на почетокот од војната меѓу Русија и Украина, Владата обезбеди 120 милиони денари за организирање и обезбедување на хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина кои како бегалци од воените жаришта би пристигнале во нашата земја. Засега, ваква одлука нема за Русите кои бегаат од својата татковина.

Македонија | пред 3 години

299509404_1172966359952879_737114708362148672_n

Решението за парното во Скопје ставено на чекање

Владата има 19 дена да најде решение како ќе ги стопли жителите на Скопје, откако БЕГ кажа дека нема намера да го снабдува градот со топлинска енергија. Со оглед дека темепратурите паѓаат, парно греење можеби ќе треба да има уште од 1 октомври односно за четири денови. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека прашањето уште не е решено и се бара решение. Се разговара со фирмата „Адора“ која ги има топланите во нејзина сопственост и не сака да ги даде под кирија, туку да ги продаде бидејќи ѝ создавале загуби.„Во Скопје, има два дела. Знаете дека БЕГ одби да го затоплува Скопје, Градот одби да се занимава со таа комунална услуга и затоа државата мораше да донесе одлуки кои ќе значат преземање на затоплувањето на градот од друг оператор. Тоа е ЕСМ. ЕСМ има лиценца за управување. Топланите се во приватна сопственост, се разговара, ќе има решение“, кажа Ковачевски.Тој посочува дека се работи и на тоа да нема поскапување на услугите за парно греење.„Јас оваа година кога станав премиер, во јануари немаше парно греење. И првиот работен ден ми беше да се обезбеди затоплување на Градот Скопје. Сега работиме на снабдување на топлинска енергија на Градот Скопје. И тоа по цени, соодветни за граѓаните. Државата ги субвенционира цените на парното греење. Сите можеа да се уверат по сметките кои беа сторнирани. Цената на гасот е 10 пати зголемена од почетокот на годината. Тоа што ни е обврска, тоа го правиме. Разговарам за снабдување со енергенси“, додава Ковачевски.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања