ТОП

IMG_1106

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Денеска според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи не очекува променливо обласчно време со сончеви периоди во претпладневните часови. Веќе од попладне УХМР најавува зголемување на облачноста и повремени дождови, најпрво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја од земјата.Се очекува наместа врнежите да бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.Во Скопската Котлина променливо облачно, во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.Во текот на утрешниот ден пак во раните утрински часови исто така ќе има променливо облачно со повремен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец.Од понеделник исто така не очекува променливо време, но дождови ќе има претежно во планинските подрачја повремено, а ќе дува слаб до умерен ветер, кои наместа ќе биде засилен и од северен правец.Максималната дневна температура денеска ќе достигне до 28 степени во јужните делови на земјата, а слично ќе биде и во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-grubi-dui

ДУИ може без Груби, а вицепремиерот вели: Нема раскол

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али Ахмети, посочи дека можат да функционираат без т.н. „огнена група“ односно членовите кои бараат смена на вицепремиерот. Груби, смета дека има најмалку заслуги за успесите на ДУИ.„Не само ДУИ, било која партија, било која институција, било кој општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проекти“Тој останува на функцијата која ја извршува и негова смена, не е најавена, и покрај барањата на т.н. „огнена група“ од скопското крило.„Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој не гласал. Сите достигнување на ДУИ го носат потписот од 2002 до 2022 година“, вели Груби.Тој е дециден и додава: „Нема раскол во ДУИ. Сите се построени позади Али Ахмети“

Македонија | пред 3 години

269642748_1306208686510887_3922872507698633248_n

Ново работно време на паркинзите во Скопје

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2022 год. (сабота) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:- Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;- Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:- Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Скопје | пред 3 години

thumbnail_0

Еве ја програмата: Скопје за „Бела ноќ“ ќе биде вистинска метропола

Скопје во чекор со европските метрополи, утревечер „Бела ноќ“, скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси на десетици локации низ градот. Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи утревечер (1.10.2022) на повеќе локации низ Скопје.Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ каде ќе се одигра детската претстава „Моќта на музиката“, жонглерско шоу, концерт на Мијата. Камерниот оркестар на Битола ќе се престави со „James Bond Symphony“, а настанот ќе заврши со настап на диџеј Dubnotic.Во Кинотека ќе се одржува фестивалот „Десонанз“ каде ќе презентира македонската електронска сцена, видео арт и ќе се прикажуваат филмови од кинотеката. Во Градски парк кај фонтана ќе се може да се погледне „Сообраќаен инсектариум – ПајакАрт“, групна изложба на 13 домашни автори од различни ликовни изрази. Програмата ја збогатуваат и културните институции: Во МКЦ ќе се одржува „Скопје винил конвеншн“ и перформансот на Франк Масон (менталист и психички забавувач од Нирнберг, Германија), Детски културен центар „Карпош“ заедно со Зоолошка градина ќе ги анимираат најмладите со „ЗОО Азбука“, во Национална галерија т.с. Даут-пашин амам ќе може да се погледне изложбата на Димитар Кондовски, во Музеј на современа уметност ќе може да се види ретроспективната изложба на Симон Узуновски „Пат за Волкодери“ и самостојната изложба на Јана Јакимовска „Ретро:телесни ретроспективи“, во Спомен-куќата на Мајка Тереза постојаната изложба и „Мисионерка на милосрдието – Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“, Библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе организира креативна работилница за деца, поетско читање, клуб на читатели и музичка програма, во Музеј на македонската борба ќе може да се види изложбата „Скопје со културните добра” на Ансамбал Македонија, а во Музеј на Република Северна Македонија постојаната етнолошка поставка, постојаната историска поставка – „Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940-ж 1949“ и времената изложба – „Гозби за живите и предците, боговите и светците“.Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледне на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите. ЈСП Скопје ќе вози бесплатно од 18 до 05 часот, а ќе функционираат и ноќните линии. Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а покровители се Сити радио и Лајф радио.

Магазин | пред 3 години

kovacevski-mickoski

ВМРО-ДПМНЕ бара Ковачевски да прифати и дебата со Мицкоски на тема енергетска криза

Понудата за евтини енергенси стои, а дезертерот Ковачевски да прифати и дебата со претседателот Мицкоски на тема енергетска криза, вели ВМРО-ДПМНЕ„Дезертерот Ковачевски да смогне сили и да го прифати планот на Мицкоски за обезбедување двојно поевтина струја и стабилно парно греење за Скопје.Со планот кој претседателот Мицкоски го предложи ќе се набават енергенси, мазут и гас, за ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, по цени кои одговараат на предкризната состојба.Со набавка на евтин гас, цената на парното во Скопје нема да има потреба да се зголеми, а ТЕ-ТО ќе може да произведува 200 мегавати на час струја, по цена под 200 евра за мегават час, струја која ќе оди за стопанството кое сега плаќа струја и по 600 евра за мегават час.Со евтин мазут ќе може да се обезбеди и работа на двете турбини во ТЕЦ Неготино и цена на струја од нешто над 150 евра за мегават час.Вкупно ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО имаат производствен капацитет од скоро 400 мегавати на час, и со тоа ќе се обезбеди скоро 10.000 мегават часови струја на ден, која ќе биде во дијапазон од 150 до 200 евра за мегават.Оваа струја ќе биде сосема доволна за бизнисот, кој ќе има и до 4 пати пониски сметки од сегашните.Дезертерот Ковачевски да се охрабри и да ја тргне суетата на страна. Потребни се реални мерки веднаш. Дополнително да не дезертира од дебата на тема енергетика и да избере место и време, со цел соочување со претседателот Мицкоски и фактите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

29092022_PVRSM-Kovacevski_pratenicki-prasanja_2

Ковачевски треба да прифати дека има тапија за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ, да не вреска од говорници, туку да дозволи да се провери неговата деловна способност, вели ВМРО-ДПМНЕ

Дезертерот Ковачевски веќе не знае што и како зборува. Колку повеќе јавноста се интересира за тоа како го одбегнал воениот рок со дијагноза трајно неспособен, тој станува повеќе нервозен и жолчен. Очајните испади и навреди се резултат на тоа што веќе јавноста виде со каков дезертер и лажов си има работа, вели ВМРО-ДПМНЕ„Еднаш ја лажеше јавноста дека заради школувањето не служел војска, па после дека имал серија хируршки интервенции, па сега дека имал проблем со стомакот.Што од сето ова е точно или сето ова е лага.Единствено кое е вистина е дека дезертерот Ковачевски има тапија за трајна неспособност. Вистина е дека кога илјадници беа на првите редови на одбраната на суверенитетот на Македонија, Ковачевски избегнал служење на воен рок. Вистина е дека безочно ја лажеше јавноста и вистина е дека постојат основани сомненија дека трајната неспособност може е и деловна неспособност, што мора итно да се провери. Впрочем и во неговата партија веќе се сомневаат во него, па почнуваат да му даваат совети за ориентација.Наместо да се пенави врескајќи и навредувајќи од говорници, Ковачевски треба да ја прифати вистината за тапијата за трајната неспособност и да дозволи да се провери дали таа влијае врз неговата можност на нормално вршење на премиерската функција“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

5

OJO со детали за меѓународна криминална група што продавала хероин

Денеска во раните утрински часови, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција на 4 локации на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово. Во акцијата се лишени од слобода три лица и при извршените претреси се пронајдени и одземени поголема количина на наркотична дрога кокаин и марихуана, четири ПМВ од кои две со хрватски национални ознаки, еден четирицикл и еден моторцикл, два пиштоли, поголема количина муниција, електронски уред за мешање на дрога, мобилни телефони, СИМ картички, парични средства во денари и евра, како и повеќе потврди за извршени финансиски трансакции.Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на МВР, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 и кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 од Кривичниот законик.Осомничените, заедно со лицата кои беа лишени од слобода во Р.Хрватска и против кои е започната истражна постапка од страна на УСКОК – Ријека, создале меѓународна криминална група на која припадници станале и други лица. Секој член на групата имал својата улога во набавка, продажба, складирање, посредување во купопродажба, нудење на продажба, поседување, пренесување и понатамошната продажба на дрогата. Групата неовластено пуштала во промет наркотична дрога – хероин, на илегалниот пазар за дрога во областа на Истра, Загреб и Сплит од месец септември минатата година, а дрогата преку разни канали била пренесувана од нашата држава до територијата на Република Хрватска.Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека се исполнети законските услови до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.На денешната акција и претходеше акцијата од 23.09.2022 година, а како резултат на повеќемесечна заедничка и паралелна криминалистичка истрага за меѓународно злосторничко здружение што се водеше во координација и соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Уредот за сузбивање на корупција и организиран криминалитет (УСКОК) на Р.Хрватска, со логистичка поддршка на Канцеларијата на ГИЗ. ​Во акцијата на подрачјето на Р.Хрватска учествуваа и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и полициски припадници од Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, притоа беа запленети 3,9 кг наркотична дрога хероин и беа лишени од слобода пет лица меѓу кои и еден македонски државјанин.​

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-29-at-15.25.00

Исклучување микрофони, навреди, хаос: Славески ѝ се налути на Данела за „шпицниот“ „рачиња во мед“ „Талат Славески“

Данела Арсовска ја употреби фразата „рачиња во мед“ кога зборуваше за ексдиректорот на Водовод, Златко Перински, на што остро реагираше Трајко Славески.„Во име на советниците и во свое име, со оглед дека неколку пати се повторува синтагмата ‘рачиња во медот’, а се уште трае сезоната на собирање мед, лично проверив, поранешниот директор на Водовод и Канализација не е пчелар. И јас замолувам, советот доколку има некои докази за сторен престап, да се изнесат“, Трајко Славески, сите се смееја.Градоначалничката на Скопје му врати.„Минатиот пат кога бев на оваа говорница, имаше преседан, кога за првпат, претседател на Совет исклучувал градоначалник од говорница. Морам да ви кажам дека ако вие сте провериле за директорот дека не е медар, тогаш соодветно сте требале да проверите дека и јас за разлика од вашиот шпицен градоначалник, не сум хаус мајстор. Така да, ако зборувате за јавни навреди, што пласирате по јавноста, внимавајте на вашиот личен интегритет и не зборувајте за другите луѓе. Ако барате нешто од другите, појдете од себеси и својот интегритет да го ставите, за да другите слушаат што говорите“.Потоа, Славески се впушти и во одбрана на Мицкоски затоа што Арсовска го нарекува „шпицен градоначалник“.„Минатата и оваа седница, слушаме странски зборови кои јас не ги разбирам, овдека има превод од македонски-албански и обратно, се користат германизми, србизми фрази како ‘смањите доживљај’ и ве молам да се придржуваме на Деловникот за работа за тоа кои јазици можат да се користат во салата на Собрание на Град Скопје“, кажа Славески.Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и порача на Арсовска да се моли пред слика на Мицкоски.„Во секоја реченица, градоначалникот употребува со погрдни зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо тоа, таа би требало, да си закачи дома слика од него и да му се моли секој ден, затоа што да не беше тој таа немаше потписи да собере, а не да се кандидира за независен градоначалник. На мапа немаше да можат да ја најдат, да не беше Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како поддршка. Немаше да има 10 луѓе на митинг, да не беше ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Левица. Да не беше Мицкоски, на анкетите беше меѓу последните кои луѓето ги препознаваат, рејтинг имаше од 10 проценти бидејќи 90 отсто не знаеја за кого станува збор. Пред да ставате такви изрази во уста, размислете кој ве направил, кој ви ја поддржам кандидатурата, без која немаше да бидете ни директор на Стопански комори“, и рече Андоновски.Арсовска имаше одговор и на ова.„Голема благодарност до членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, тој поддржал кандидат кој победи. Ако мислел дека таа поддршка ќе му биде условена со дозовла да краде, лаже, манипулира – извинете тоа нема да се случи ниту треба да услов за да некој му биле вечно благодарен. Тој што така пресметувал, се излажал. Величење на таква личност не треба да е во ничиј карактер. Цени народот и ве гледа“, рече Арсовска.Трајковски и го исклучуваше микрофонот на Арсовска, додека таа говореше за Мицкоски.„Господине Талат Славески јас ве замолувам.......“, рече Арсовска, по што претседавачот на Советот пак и го исклучи микрофонот.„Ова е лична навреда, ви одземам збор. Напуштете ја говорницата, јас имам име и презиме. Не правете сцени. Напуштете ја говорницата. Пауза од 20 минути“, рече Славески, по што ја запре седницата.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-09-29-at-14.00.12

Арсовска до советниците на Мицкоски: Лицемери

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни. Додаде дека треба да престанат да саботираат, и само декларативно да се залагаат за модерно Скопје.„Хипокризија на денешницава. Генералниот секретар до пред некое време, мислам две недели, беше човек кој што е ваш близок. Кога замина од тука се заблагодари на партијата и претседателот наместо на Градот и граѓаните. Требаше да го прашате зошто не реализирал се ова што требало бидејќи тој беше еден од лицата, непосредно надлежен за овие реализации. Ве молам да се однесуваме како што треба. Не може нешто што вчера сте застапувале денеска да кажувате дека не чини. Не може нешто што до вчера сте поддржувале денеска да сакате да саботирате или да сакате да го поставувате во негативно светло. Ако веќе декларативно, шпицниот градоначалник излегува и кажува дека ќе ја поддржите оваа програма, однесувајте се соодветно, поддржете ја. А не со подметнувања, критики и на крај декларативно да кажете дека ќе ја поддржите. Фер и коректно од почеток до крај, не со манипулации“, рече Арсовска.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-29-at-14.02.18

Карамбол во Град Скопје, препукувања меѓу директорите на Арсовска и советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Жестоко препукување помеѓу новиот в.д. директор на ЈСП Александар Стојкоски кој е кадар на градоначалничката Данела Арсовска и советници од ВМРО-ДПМНЕ. На Советот на Град Скопје се зборуваше за ставање во функција на нови автобуски линии по барање на граѓаните. В.Д. директорот на ЈСП Стојкоски реагираше дека има неисплатливост и бараше советниците да им објаснат на граѓаните кога истите ќе бидат укинати. А советникот Филип Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ му врати: „Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме. Значи Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете прво ќе дојдете тука да прашате, дали 23 советници ќе одлучат.„Имаше иницијатива за број 2 да иде до Ченто. Ќе добиете изработен елаборат колку е загуба на еден автобус. И вие само поднесувате иницијативи а не прашувате дали тоа е исплатливо или не, не оставате ЈСП да преговара“, рече Александар Стојкоски, в.д. директор на ЈСП.Советникот Филип Јаневски му кажа дека и воведната линија 2Б на ЈСП, не може да се види по градските улици.„Сите овде, членови на Советот сме избрани од граѓаните. Директорите се именувани функциониери. Настапот на директорот од оваа говорница е: ‘поднесувате иницијативи...’, па извинете ако поднесуваме иницијативи. Да си одиме дома ако не? Што се однесува на иницијативата за продолжување на 2-ка до Ченто, на 31 август на седницата имавте можност да излезете и да кажете дали е исплатлива, дали не е, дали може да се изведе или не. Вие не земавте збор. 37 советници гласаа ‘за’ и ја донеле најдобрата одлука. Одлуките на Советот се обврзувачки за сите. Во иницијативата стои дека треба да доставите предлог одлука во рок од 30 дена, за продолжување на 2-ка, а не за воведување на нова линија 2б, која помпезно ја најавивте. 24 поминаа откако наводно ја воведовте таа линија, јас не сум сретнал човек кој видел како изгледа тој автобус. Јас го чекав и сабајлево, го нема, не постои. Не го виделе ниту во Чаир ниту во Ченто. Вие не сте задолжен за тоа дали е исплатливо или не, туку да спроведете“, Јанески.В.Д. директорот на ЈСП, посочи дека нема исплатливост, па тоа е причината поради што по кратко време се укинуваат линии, но и дестинациите на кои се обраќаат сега автобусите – ќе бидат скратени.„Во Шуто оризари гравитираат дневно 21 автобус, имаме по 3400 валидации. Дали е тоа доволно за да биде оваа линија рентабилна? Вие како советници го договаравте договорот со приватните превозници. Фрапантни се анализите кои ги правиме, а тоа е дека во ниту еден приватен автобус нема фискален апарат. Со тоа е нанесена штета на ЈСП. Во врска со предлогот кој го поддржувам за подобрување на градскиот превоз во Шуто Оризари, ние со градоначалникот разговаравме и кажавме на кој начин тоа ќе го решиме. Вие кажете ни, дали ние треба да купиме нови возила за да опслужиме Шуто Оризари или ќе може градоначалникот да премести 50 кабли за да добие поквалитетен превоз. Како што сме постапиле со 2б, како што барате и за 19А да оди до Клинички центар, ќе ве молам кога ќе излеземе со анализа дека е таа неисплатлива, ќе ве молам вие да им објасните на граѓаните зошто ќе биде укината“, рече в.д. директорот на ЈСП.„Се навлегува надвор од ингеренциите на директорите на јавните претпријатија. Како кажа: ‘Кога ќе видите дека нема рентабилност објаснете им на граѓаните зошто ќе ја укинеме линијата’. Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме. Значи Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете прво ќе дојдете тука да прашате, дали 23 советници ќе одлучат. Затоа што нас е легитимитетот и одговорноста. Не може самоволие да демонстрирате. Повлечете поука од пред 2-3 недели кога наводно самоволие резултираше со разрешување. Кај вас е директно и јасно самоволието“, рече Јанески.

Скопје | пред 3 години

FB_IMG_1664452148422

Трет ден трае потрагата по возачот кој со голф падна во Вардар

Продолжува потрагата по возачот на возилото кое на 27.09.2022 година излета во реката Вардар. Во моментов на терен се раководителот и вработените во РЦУК Тетово кои од лице место информираат дека во 09:00 часот пристигнале на терен едно специјализирано лице од МВР, 6 лица од специјалната антитерористичка единица „Тигри“, екипа од ДЗС 8 лица, 4 нуркачи од Тетово, 4 нуркачи од Кочани, 6 пожарникари и 10 луѓе од ЕЛС Желино.Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес и во текот на денот да се изврши пребарување во малото езеро во Зелениково.

Македонија | пред 3 години

Marija-Andonovska-29.09.2022

Андоновска до Арсовска:Честито коалиција со ДУИ, но чесно ќе беше ова да го направевте пред изборите

Марија Андоновска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје на денешната седница на Град Скопје потенцираше дека од градоначалничката Данела Арсовска не добиле ниту еден одговор на поставените советнички прашања.-За жал не добивме ниту еден одговор на поставените советнички прашања, тие советнички прашање не ги прашуваме за нас лично, тие советнички прашање ги поставуваме за оние кај што чукавме по врати, сега тие доаѓаат прашуваат и ние мора да им одговориме. Што да им одговорам, дека сте имале попаметна работа, сте менувале во канцеларијата на генералниот секретар ролетни, тоа да им го кажам па не сте имале време да одговорите, тие работи ви се поважни, камери сте ределе, врати сте ставале нови, ама не сте имале да одговорите. Ве молам претседателе да ги добиеме одговорите на нашите советнички прашања бидејќи ние сме должни да им одговориме на граѓаните, рече Андоновска,Таа во текот на своето обраќање ја честиташе новата коалиција помеѓу градоначалничката Арсовска и ДУИ и воедно укажа дека ако ова се случило пред изборите граѓаните немало да и ја дадат поддршката на Арсовска. Андовска исто така побара од Арсовска ако тоа е исправно да си даде оставка и да излезе на избори со овие коалициони партнери.-Воедно сакам да ја честитам еве вака јавно новата коалиција помеѓу градоначалничката и ДУИ, сигурна сум дека ако ова се случеше пред изборите, граѓаните немаше да дадат поддршка. Ако вие сметате дека ова е исправно, повелете тука дајте си оставка и излезете на избори со овие коалициони партнери, кажа советничката.Андоновска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржи програмата „За модерно Скопје“ но на денешната седница има 16 точки, а нема ниту една точка од таа програма на дневниот ред.-Ние ја поддржавме програмата „За модерно Скопје, денеска на оваа седница со 16 точки нема ниту една точка од таа програма за која што ја поддржаа и граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, за жал, додаде Андоновска.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-09-29-at-12.17.13

Ковачевски имал абдоменален проблем и поради тоа не служел војска

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека имал абдоменални проблеми и дека поради тоа не служел војска во 2000 година. Тој смета дека не е трајно неспособен, а од Собранието посочи: „тој здравствен проблем го имам и сега“. Ова објаснување доаѓа по прашање од пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кого го нарече кодош кој изнесувал документи од АРМ (каде што Ковачки беше полковник).„Јас Димитар Ковачевски ветив дека ќе ја зборувам само вистината. Сосема накусо, во 2005 година, согласно сите законски процедури, согласно Законот за одбрана член 51 во рамки на повеќе степена процедура, врз основа на мислења од стручни лица, а поради здравствен абдоменален проблем кој се уште го имам, се регистрираше фактот дека не можам да служам воена обврска. И тоа во 2000 година, пред воениот конфлит. Ниту сум бил прв ниту последен таков случај, базиран на таква состојба“, кажа Ковачевски.Според премиерот, дезертер е Ковачки кој од воена опрема облекол сако: „И го прави она што најдобро знае да го прави од Белата палата, да плука и по живо и по мртво. Тоа движечка мизерија“.Ковачевски побара конзилијарна медицинска поддршка.„Јасно и гласно ја соопштувам вистината, не за да се објаснувам. Вистината и фактите не се објаснуваат, туку за да ја говорам вистината. Јас во 2001 година бев во Скопје и Куманово, му помагав на татко ми, кој беше градоначалник, им помагав на кумановчани, не избегав од државата, останав тука. А екипата на ДПМНЕ фаќаше кривини по грешките плажи“, додаде Ковачевски.Според него, ВМРО-ДПМНЕ правеле воен криминал во 2001 година, а тој се бори за граѓаните.„Имаат проблем бидејќи се лопови, криминалци, насилници, неработници и кодоши. Бидејќи се растураат внатре помеѓу себе заради делење на пари и тендери како последниот од 136 милиони евра. Како што цело раководство им е осудено на десетици години затвор поради криминал. Ги прочита народот“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

20220928205936

Сменет началникот на Единицата за интервентна полиција

Началникот на Единицата за интервентна полиција, Примислав Димовски бил прераспределен на негово барање, тврдат од Министерството за внатрешни работи во одговор за „Фокус“, по веста дека Димовски е сменет од началничкото место на оваа Единица.-Лицето за кое прашувате е на негово барање прераспоредено од Единицата за интервентна полиција. Неговата нова позиција според бројот на бодови претставува унапредување од претходната позиција, изјавиле од МВР за „Фокус“.Според информации на Фокус од МВР, Димовски сега ќе биде виш полициски советник во Единицата стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет во Бирото за јавна безбедност.На оваа позиција Димовски нема да биде еден од главните „играчи“ во МВР како досега, пишува Фокус.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-mickoski-telefon

Вечерва не видовме план од Ковачевски, туку прес конференција која е реакција на претходна понуда на Мицкоски, вели опозицијата

„Добро е што Ковачевски се потрудил и ги изанализирал мерките кои Мицкоски утринава ги предложи за стопанството. И тоа го поздравуваме и веруваме дека причината за таканаречена вонредна прес конференција не се штурите и делумно ископирани мерки кои ги видовме вечерва, туку целосната понуда и прецизен план кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го даде утринава. Но тоа не е доволно, зошто вечерва не видовме план, туку прес конференција која е реакција на претходна понуда“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и додава:Добро е што го прифати предлогот Здравствените установи и школите да влезат на регулираниот пазар на струја, но истото треба да се случи и со јавните претпријатија каде се вработени над десетина илјади граѓани и каде десеткратно повеќе луѓе од тоа користат услуги кои тие ги обезбедуваат.Жалиме што не смогна сили Ковачевски да се надмине себе си и не ја прифати понуда на Мицкоски за поевтина струја за половина од актуелната цена и да го обезбеди бизнис секторот заштитувајќи го стандардот на граѓаните и зачувувањето ма работни места.Она што загрижува е слабиот капацитет на реализација што го има владата како и нејаснотијата дали има или нема договор со Србија и решение за ТЕ-ТО. Како и фактот што пратеничките прашања ги условува со седница за договор за нов заем.И на крајот, ги повикуваме институциите да утврдат дали дезертерот Ковачевски барем формално е деловно способен да ја води Македонија кога е повеќе од очигледно дека фактички ја урнисува државата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања