ТОП

50250552858_c1667b3294_c

Апасиев му пиша на премиерот: Денес требаше да имаме парно, а од Владата добивме порно

Димитар Апасиев повика да не се плаќа последната сметка на БЕГ. Лидерот на Левица и пратеник, му кажа на премиерот: Фала ти Таче.Согласно законот, денеска требаше да имаме парно. Од Владата добивме порно.p.s. После ова, повикувам да не ја плаќаме последната сметка на БЕГ за месец септември - а ако не утужат, да си истакнеме „компензационен приговор“ у парница“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 3 години

policija-1

Апсења, кражби, хероин: Што се случуваше во Македонија вчера

На 03.10.2022 во 21.45 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се В.Ш.(29) и В.Г.(30) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 03.10.2022 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.Р.(44) од Велес, затоа што во периодот од 27.09.2022 до 03.10.2022 година извршил „тешка кражба“ во работилница на ул.„Коце Цветков“ во Велес, сопственост на 71-годишен велешанец, при што одзел поголем број производи. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.На 03.10.2022 во 16.00 часот, на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле 53-годишниот Р.Д. од гостиварска Долна Бањица. За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна. Р.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.Денеска (04.10.2022) во 05.40 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода се Ј.С.(37) од Скопје и Е.М.(33) од Р.Косово, постапувајќи по пријава од М.А., според која тие од неговата куќа на место викано „Кочинар“ во с.Морани, скопско, одзеле разни предмети. Украдените предметите се пронајдени во патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале пријавените, и се вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (3 октомври) околу 19 часот и 45 минути, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, ги лишиле од слобода Р.Ј.(43) од Гостивар и Ш.Ф.(30) од гостиварско Чегране, затоа што при нивен и преглед на патничкото моторно возило „опел зафира“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им бил пронајден хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци.На 03.10.2022 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Михајло Андоновски“, пред Техничкото училиште во Битола, ги лишиле од слобода Г.И.(24) од Битола и И.Ј.(31) од с.Свето Тодори, Општина Могила, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.На 03.10.2022 во 07.15 часот на улица „Браќа Миладинови“, во близина на тетовско средно училиште, полициски службеници на СВР Тетово привеле 15-годишник од тетовско Ларце кај кого бил пронајден нож. Се расчистува случајот и против малолетникот ќе следува поднесок.Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, 11 мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)...На 03.10.2022 од 07.00 до 12.00 часот полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле изречени вкупно 120 мерки (ТЕ-88 и ГВ-32). Деведесет и три од мерките (ТЕ-70 и ГВ-23) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место, при што 9 возачи-прекршители пречекориле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-7 и ГВ-2). Покрај ова, санкционирани се и 27 возачи (ТЕ-18 и ГВ-9) кои ја пречекориле брзината во населено место, а констатирани и со соодветни поднесоци биле заокружени и 2 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-1).На 03.10.2022 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 59 прекршоци, од кои 42 во населено место и 17 надвор од населено место. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 7 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за прекршок сторен од возачи на електрични тротинети и 2 за непрописно паркирање.На 03.10.2022 во 19.40 часот во Полициска станица Гази Баба, Т.К.(26) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ била касната од куче скитник.На 03.10.2022 во 18.40 часот во Полициска станица Аеродром, З.К.(59) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

Македонија | пред 3 години

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

(Видео) 452 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (03.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 452 возачи. Од нив 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.Притоа 203 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 249 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

muhamed-zekiri

Зеќири седнува на обвинителна клупа: Го оштетил буџетот за 1,5 милиони евра

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службена положба и овластување, односно дека во повеќе наврати, без јавна набавка избрал фирми на кои им исплаќал владини пари. Обвинителството тврди дека Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра, кои завршиле во приватни фирми.„Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги.Имено, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот. По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ.Вториот Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант). Договорот бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ. На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ.Со опишаните дејствија обвинетиот прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете правни лица во вкупен износ од 89.385.255,00 денари, за колку и го оштетил Буџетот на РСМ.Сметајќи дека се уште постојат околностите врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 3 години

kovacevski

Ковачевски бара извинување од Мицкоски за аферата „Броило“: Тој го нарачува ова

Христијан Мицкоски го нарачува ова, рече премиерот Димитар Ковачевски за аферата „Броило“. Тој бара извинување од Мицкоски и пратениците. Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кажа „Аферата броило ни покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со влијание за стекнување на сопствена корист. Премиерот и дезертер Димитар Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов, ја основале Пиксел груп на 3.11.2017 година, 5 месеци откако СДС прави влада. Значи Заев е премиер, а СДС власт, веднаш потоа Ковачевски станува и заменик министер за финансии“.На ова премиерот вели:„Тоа е очаен обид на опозицијата да го сврти вниманието од корупцискиот скандал за нивниот претседател, за местење тендер. За неоснованите прес-конференции кои ги држат вчера и денес, јас сум човек кој пријавил се што поседува. Мојата биографија е достапна. Се што сум работел било најтранспарентно, можете вие како медиуми можете да најдете како функционирале копаниите каде сум бил директор, основач. Во таа фирма, Пиксел груп, каде сум бил основач, сум го повлекол влогот. Јас таму немам интереси, обврски во врска со работењето на компанијата. Немам обврски кон таа компанија“, кажа Ковачевски.„Јас сум две недели нападнат од ВМРО-ДПМНЕ. За првата лага се обратив од Собранието, а за ова треба да се извинат. Јас 22 години сум работел во приватен сектор. Не може да се прават конструкции за тоа како функционираат компании. Дали ќе има тужби или не, не зависи од мене, но сметам дека тоа треба да го направат“, додаде Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

upad-2

(ВИДЕО) Каевски: Мицкоски струјата од неговите хидроцентрали да ја даде бесплатно на граѓаните

Бидејќи е познат по своите хидроцентрали за производство на струја, го повикуваме Христијан Мицкоски струјата да има ја даде бесплатно на граѓаните. На што личи тоа Мицкоски наутро да лаже на прес конференции а навачер да брои пари од високите фактури за струја од неговите хидроцентрали? Христијан Мицкоски е основач и сопственик на фирмата „Енерготек“ со која влегува во конзорциумот „Минка – Енерготек“. Во 2015 година од Владата на Груевски добива 33 илјади метри квадратни државно земјиште и гради хидроцентрали, изјави денес Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.- Еве ги документите кои го потврдуваат тоа. Мицкоски токму во тој период во истата таа Влада од која добива земјиште и концесија е советник за енергетика на неговиот шеф и ментор, тогаш премиер, Никола Груевски. Затоа и меѓу своите од ВМРО-ДПМНЕ го добил и надимакот Хидро Мицко.Во време на светска економска и енергетска криза, но и години претходно, Мицкоски го полнел џебот продавајќи електрична енергија од своите хидроцентрали. Ако е загрижен за струјата и стандардот на граѓаните, Мицкоски ќе ја отстапи бесплатно струјата од своите хидроцентрали за граѓаните - нагласи Каевски.

Македонија | пред 3 години

Lefkov-13.08

(ВИДЕО) Лефков: Нови детали од аферата броило - Фирмата на Ковачевски и кумот заработила 2 милиони евра само од државни тендери

Соларниот картел составен од Ковачевски и кумот Паунов е создаден и почнува да врти милиони со доаѓањето на СДС на власт. Димитар Ковачевски трајно неспособен за војска, но трајно способен за тендери, провизии и картелско здружување. Аферата броило ни покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со влијание за стекнување на сопствена корист. Премиерот и дезертер Димитар Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов, ја основале Пиксел груп на 3.11.2017 година, 5 месеци откако СДС прави влада. Значи Заев е премиер, а СДС власт, веднаш потоа Ковачевски станува и заменик министер за финансии, изјави денес Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.- Пиксел груп основана од Ковачевски и кумот Паунов, во изминативе 5 години станува централна фирма, околу која се вртат 26 милиони евра на соларниот картел. Но, денес во аферата на дезертерот Ковачевски броило ќе презентираме нови факти. Втората фирма која се јавува како изведувач на работи е КМГ ЕОЛ Квазар, основана од кумот на Ковачевски Паунов.Летале државни тендери за фирмата на кумот која е дел од аферата броило. Кумот на Ковачевски дoбивал работа од државата, а денес со владата раководи токму Ковачевски. КМГ ЕОЛ Квазар ги добива најголемиот број од договорите со државата кога на власт е СДС. И во рок од неколку години овие фирми го монополизираат пазарот.Пиксел груп за неполна година од основањето гради фабрика во Кочани за производство на фотоволтаични панели. На отворањето е присутно цело СДС. Еве фотографии. Погледнете. Со доаѓањето на СДС на власт почнуваат и тендерите и зделките за соларниот картел. Имено преку КМГ ЕОЛ Квазар, откако е СДС на власт се земени 2 милиони евра државни тендери.Се одело од крупни до најситни тендери. Па така само преку ЈКП Комуналец Свети Николе во 4 наврати КМГ ЕОЛ Квазар земала над 100 илјади евра. Еве го и доказот. Почнале со набавка од 19 илјади евра во 2018 година, за на 1.10.2019 година, да склучат договор во висина од 30 илјади евра, па на 14.10.2021 година уште еден oд 19 илјади, и да завршат со уште еден договор од 30 илјади евра на 25.10.2021 година, за целиот овој период власт во Свети Николе е СДС.Еден од најголемите набавки кои КМГ ЕОЛ Квазар ги вршела за државен субјект се две последователни набавки од страна на ЈП Пасишта, првата од 15.11.2019 во висина од 172 илјади евра и втората двојно поголема од 16.09.2021 во висина од 343 илјади евра, еве ги набавките, склучени во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, односно вкупно над половина милион евра од касата на ЈП Пасишта се слеале на сметката на фирмата на кумот на Ковачевски за неполни две години.Тендери за КМГ ЕОЛ Квазар имало и од општина Ѓорче Петров, со која фирмата склучува договор на 31.05.2021 година во висина од 48 илјади евра.Договори се прават и со општина Чаир, еве ги и двата договори, договор Општина Чаир кој на 09.11.2021 година, склучува договор со фирмата на кумот на Ковачевски, кога тој е заменик министер за финансии во висина од 108 илјади евра.Откако Ковачевски станува заменик министер оваа фирма склучува и договор за изградба на фотоволтаични панели со ЕВН во висина од над 2 милиони евра. Погледнете ова се тие тендери. Власта на СДС обезбедила 4 милиони евра државни тендери и бизнис со ЕВН за фирмата на кумот и бизнис партнер на дезертерот Ковачевски.Повторувам само од ЕВН и државни тендери кој што ги видовте, фирмата на кумот и бизнис партнер на Ковачевски добила неверојатни 4 милиони евра. Како токму фирмата на кумот на Ковачевски била најуспешната за државните тендери?Дали се работи за претплатени тендери и пари на граѓаните за фирмите од соларниот картел? Шемата е јасна. Кумашинот Ковачевски управува со владата, кумот добива. Додека народот гладува, цените растат, Ковачевски се богати. Продолжуваме во наредните денови со нови сознанија - рече Лефков.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Се зголемува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20% % во однос на одлуката од 30.09.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,973%, кај дизелот зголемување е во просек за 0,154%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,501% и кај мазутот намалување во просек за околу 0,187%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,360%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,460 ден/кг.Од 4.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 86,50 (денари/литар)- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 89,00 (денари/литар)- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 92,50 (денари/литар)- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 89,50 (денари/литар)- Мазут М-1 НС - 50,228 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Голем дефет, струја немаше од Карпош до Сарај

Утрово дел од Скопје останаа без електрична енергија. Поради голем дефект на 110 киловатна станица, струја немаше во населбите Карпош, Козле, Тафталиџе, Ѓорче Петров, Сарај... Од ЕВН велат дека екипите се на терен за да го санираат дефектот. Дел од скопските населби веќе имаат струја.Прекин на снабдувањето со струја имаше и болницата „8 Септември“, па на пациентите дојдени за амбулантски прегледи лекарите им дале избор да чекаат да дојде струја или да дојат друг ден. Оние кои одбрале да останат, ќе бидат прегледани оти струја по прекин од еден час, веќе има.На социјалните мрежи корисниците од улиците за кои немаше најава за прекин, барајќи објаснување за тоа што немаат струја стравуваат дека почнале рестрикции поради енергетската криза.

Скопје | пред 3 години

mickoski-miting-12

Мицкоски е докажан криминалец фатен со раце во медот, затоа ДПМНЕ фабрикува лаги за Ковачевски, смета власта

„Фатен со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, докажаниот криминалец Христијан Мицкоски не може да се помири со фактот дека претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски чесно и посветено работи за граѓаните и за државата“, вели СДСМ и додава:Затоа ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да фабрикува лаги за Ковачевски и да пробува да ја манипулира јавноста.Издишан балон е фабрикуваната лага на ВМРО-ДПМНЕ.Уште пред две години, на 28.09.2020 година јавно е објавено дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Гроуп и не е сопственик.Дека станува збор за класична фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ се гледа од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои ги исполниле условите.Мицкоски е толку очаен, особено откако беше поразен од Ковачевски на првото изборно соочување, што се обидува да извртува информации кои се јавно достапни.Додека чесниот Ковачевски вредно работи за граѓаните и за државата, шпицниот Мицкоски со ништо не може да прикрие дека е фатен во криминал.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-ilinden

Од СДСМ се бара одговори на следниве прашања

„СДС да одговори на следниве прашања“, бара ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Дали дезертерот Ковачевски е основач на фирмата Пискел која е централен дел од аферата Броило?Дали фирмата Пиксел има добиени 2 милиони евра државни тендери додека СДС е на власт?Дали Паунов е кум на дезертерот Ковачевски и сопственик на фирмата КМГ ЕОЛ Квазар која само со ЕВН има договор од 2 милиони евра?Одговорот на сите прашања е потврден.Затоа дезертерот Ковачевски е на цело на соларниот картел од аферата броило тежок 26 милиони евра.

Македонија | пред 3 години

policaec-policija-skopje

Засилени контроли низ цела Македонија, 161 возач добија казни

Во текот на вчерашниот ден (02.10.2022) во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 161 возач. Од нив, 71 на територијата на СВР Тетово, 23 на територија на СВР Битола...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 3 години

FB_IMG_1664452148422

Пронајденo телото на момчето кое со автомобил излета во Вардар

Пред неколку минути во водите на реката Вардар било пронајдено безживотното тело на кумановецот Ердон Рамадани, кој на 27 септември доживеа несреќа кај селото Желино, дознава Алсат ТВ.Извори од местото на настанот велат дека неговото тело било пронајдено во близина на касарната, поточно на 1 километар од местото каде што имал сообраќајна несреќа.Возило „голф 4“ со кумановски регистарски ознаки беше извлечено со градежни машини од реката Вардар кај тетовско Желино на 27 септември.Полицијата и повеќе други институции започнаа потрага по водотекот. Претпладне патничкото возило излетало од коловозот на мостот и паднало во реката.Центарот за управување со кризи информира дека кога автомобилот паднал од мостот, реката Вардар била надојдена. Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, по што пропаднало и не се гледало од водата.

Македонија | пред 3 години

samka

(ФОТО) Самка Ибраимовски револтиран: Еве како се краде од народот

Самка Ибраимовски се жали на социјалната мрежа Фејсбук дека синоќа откако се вратил од пат паркирал на државно земјиште каде што не било предвидено за паркинг, а утрово добил блокатор па морал да плати и 1000 денари.„Еве како се каде од народот. Синоќа се вратив од пат колата ја паркирам пред зграда, сабајле ми ставаат блокатор 1000 денари. Во државно земјиште каде што не е предвидено паркинг, а наплатуваат. Срамота, брука невидена“, напиша Самка на друштвените мрежи.

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Мицкоски до Ковачевски: Бидете поголеми од вашите суети и одважете се кога тоа е потребно за Македонија

Состојбите се пресериозни за вака неодговорен однос на Владата и демонстрација на суета на Димитар Ковачевски, вели Христијан Мицкоски.„Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го презентирам концептот за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места. Премиерот дезертираше и одби ваква можност.Го повикав на дебата на тема енергетика/економија на медиум кој сам ќе го одбере. Повторно дезертираше. Одби со изговор дека сега не било време.Нудам концепт не само за оваа есен и зима туку и за следната година. Од сето ова политички поени не ме интересираат кога цената е иднината на Македонија и илјадници луѓе чии работни места се под знак прашање.Сакам вистински да се помогне, затоа што работите се пресериозни и поважни од суетата на било кој член на владата. Во услови кога Димитар Ковечевски дезертира, бега од средба и ТВ дуел со мене, го поканувам заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Fatmir Bytyqi на состанок во Недела (2/октомври/2022) во 12 часот во Седиштето на ВМРО ДПМНЕ, каде детално ќе го објаснам планот и концептот кои ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот.Бидете поголеми од вашите суети и одважете се кога тоа е потребно за Македонија“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања