ТОП

311407481_420316576890305_5023556129171884771_n

Сепак можело: Татко ми се превртува во гроб, "Цар Борис Трети" може и сега да се забрани

Татко ми се превртува во гроб.Цел живот го посвети на борбата против фашизмот и еве го истиот тој фашизам на голема врата поддржан од држава која е членка на ЕУ. Мислам дека е крајно време ЕУ да си ги преиспита принципите, вели професорката Мирјана Најчевска."Според постоечките закони во Македонија именувањето на здружение со име на историска личност зависи од одлуката на Министерството за правда.Според членот 7 од Законот за здруженија и фондации:“...(4) За прашањата за името кои не се уредени со овој закон се применуваат одредбите од законот со кој се уредува име на фирма на трговско друштво.“Бидејки во овој закон не е регулирана употребата на имиња на историски личности се применува Законот за трговски друѓтва.Според членот 49 од Законот за трговски друштва:“...Во фирмата може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

PVRSM_primopredavanje_17012022-1

(ВИДЕО) Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава, вели ВМРО-ДПМНЕ

Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава тој што ги отвора.Зоран Заев јавно како премиер, на бугарска телевизија, обраќајќи се пред се на бугарската, но и на македонската јавност рече – „Секогаш кога се отвораат бугарски здруженија, јас сум таму, јас ги отворам, имам роднини имам луѓе таму, кои што се секој ден околу мене“. Ова го напишавме на македонски јазик, а оригинално Заев се обидува да зборува бугарски, додека ја понижува нацијата.Кога СДС лаже? Кога Ковачевски вели дека СДС е втемелена на народноослободителната борба на државата, или Заев кога вели дека немало фашисти, туку бугарски администратори?Заев, како премиер и СДС како партија се главни виновници за сите бугарски негации и асимилаторска политика. Дури и најголемите бугарски шовинисти беа радосни што дочекале во својот живот некој македонски политичар да има позиции како Заев.СДС не се тргна од матрицата на Заев.Дезертерот Ковачевски и СДС не спречија отворање на бугарските клубови со фашистички имиња Ванчо Михајлов и Цар Борис.

Македонија | пред 3 години

1-3

Мицкоски да не се крие зад соопштенија, да каже која е неговата поврзаност со претседателот на здружението Цар Борис, вели власта

„Мицкоски да не се крие зад соопштенија, да каже која е неговата поврзаност со претседателот на здружението Цар Борис“, вели СДСМ и додаваат:Лицемерниот Христијан Мицкоски да не се крие зад соопштенија туку да излезе пред граѓаните и да им објасни што прави во друштво со претседателот на контроверзниот бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.Која е поврзаноста на Мицкоски со основачот на бугарскиот клуб? Дали ги поврзува само членството во ВМРО-ДПМНЕ или и други релации имаат?ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето што биле извршители на Третиот Рајх и во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов и Тодор Александров.Лицемерниот Мицкоски нека излезе пред граѓаните и да одговори.

Македонија | пред 3 години

viber_image_2022-10-07_11-59-15-996

Бугарскиот клуб во Охрид доби „корпа“ од политичарите, но никој не го забранува ниту затвора

Премиерот Димитар Ковачевски го осуди отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.Го осудувам отворањето на тој културен центар со такво име, иако го имаат отворено граѓани на нашата држава. Сметам дека тоа е провокација, која никому не му носи добро. Сметам дека отворање културен центар треба да носи име на некој кој зближува, а не на некој кон кој граѓаните во оваа држава имаат негативни чувства, не само Македонците, туку доминанто и Евреите бидејќи знаеме што се има случено со еврејската заедница во нашата држава во Втората светска војна. Треба да се има почит од организаторите на тоа здружение, изјави Ковачевски во интервју на ТВ21.Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека тој лично го осудува отворањето на клубот.„Најсилно е правото на граѓанинот да го искаже тоа што го размислува. И јас лично осудувам отворање на таков клуб во Северна Македонија, посебно во Охрид. Зошто? Заради тоа што ние сме држава којашто е родена на придобивките од НОБ и тие придобивки ги чуваме и негуваме, а така ја чуваме и државата. Апсолутно јас и во идеолошка смисла сум следбеник на тие политики и сметам дека апсолутно не е прифатливо да биде промовиран начинот на однесување преку вакви ликови коишто биле дел од фашизмот“, посочува Спасовски во интервјуто за Макфакс.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат-М Телевизија изјави дека отворањето на бугарскиот клуб на фашистичкиот окупатор Цар Борис е тешка провокација, тоа е последица на прифатените отстапки од оваа Влада„Проблемот е што нас денеска од Охрид ни се случува типичен обид за асимилација, а тоа е Цар Борис Трети, културниот бугарски центар. Во Битола претходно ни се случи „Ванчо Михајлов“ се сеќавате тогаш имаше разни изјави од страна на Владата дека во Благоевград ќе никнел културен центар „Гоце Делчев“ или не знам како веќе се обидуваат да шпекулираат дека ќе има македонски културен центар, но од тоа ништо не се случи“, рече Мицкоски.Бугарскиот клуб и покрај овие осуди продолжи да работи. Претседателот вели дека името му е дадено по бугарскиот цар, не му е спорно што соработувал со Хитлер.До донесувањето на новиот Закон за здруженија и фондации, формиравме ад хок тело сакајќи на некој начин да го бајпасираме овој вакуум, што станува се понепријатен и мора како држава да бидеме подготвени за некакви идни потенцијални провокации, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески.Прашан дали ќе се дозволи отворање на нов бугарски Културен клуб во Охрид под името „Цар Борис“ без став од Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности на здруженија, Тупанчевски рече дека најавите се такви, но дека, за жал, како Министерство за правда практично немаат никакви ингеренции, бидејќи тоа е владина комисија.– Сведоци сте дека ја формиравме пред месец дена работната група или ад хок телото во рамките на Владата на Република Северна Македонија, која што треба како советодавно тело да дава сопствено мислење околу карактерот на историските личности коишто треба да бидат составен дел од името на некое здружение или фондација. Чув дека постои таква најава, Комисијата е формирана и на последната седница е разговарано околу некои технички аспекти и тоа не е Комисија во рамките на Министерството за правда, туку е тоа владина комисија. Јас верувам дека за кратко време ќе биде одржана нивната конститутивна седница, бидејќи имињата се познати и би требало таа комисија да почне со работа, односно да биде на ниво на задачата која што е поставена пред нив, изјави Тупанчевски.

Охрид | пред 3 години

310757325_10224153105668007_405560812473810807_n

Жестоки реакции од Левица: Цар Борис се вее среде Охрид, а ку**ите Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски се скриени во дупка!

Претставници на Левица, кои повикаа на протестот пред бугарскиот центар во Охрид кој е именуван како „Цар Борис Трети“, испратија и пораки од таму. Меѓу нив, Јована Мојсоска која е генерален секретар на партијата, Реџеп Исмаил советник на Левица во Град Скопје, Димитар Апасиев пратеник и претседател на Левица, Борислав Крмов, пратеник на Левица.„Само така со фашистите! Да не се чувствуваат удобно! Да не шетаат слободно по улици! Да не спијат мирно!“, напиша Борислав Крмов.„Цар Борис се вее среде Охрид, а ку**ите Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски се скриени во дупка!“, напиша Јована Мојсоска.„После 10 мин квислинзите се скрија откако попија јајца, а и знамето со ликот на фашистичката пудлица го здиплија!“, вели Реџеп Исмаил.

Коментари | пред 3 години

275142542_1001988270698567_8907071244863717416_n

Нови цени: Ново зголемување на горивата, трето за една недела

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59% во однос на одлуката од 5.10.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 1,746%, кај дизелот за 6,212%, кај екстра лесното масло за 5,997% и кај мазутот зголемување е за 2,307%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,216%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,024 ден/лит и сега ќе изнесува 51,252 ден/кг.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Од 8.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 89,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,252 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

viber_image_2022-10-07_11-59-15-996

Бугарите нема да се откажат од Цар Борис Трети во Охрид: Тој е наш и е важен

Претставник на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, смета дека нема ништо спорно во името. Иако пред седиштето има револтирани граѓани кои протестираат и сметаат дека е спорно овој клуб да биде именуван по цар кој бил на чело на бугарската држава за време на Втората светска војна и окупацијата на Југославија, а во нејзини рамки и на Македонија, за претставникот нема никаков проблем.„Ние кажавме дека немаме никакво фашистичко движење или неонацистичко. Доколку имаме во иднина, може да не суди државата и да ни прави ништо. Ние го избравме името по последниот цар на Бугарите. Тој е важен за нас. Ние сме почитувачи на ликот и делот. Се исполитизира целата работа“, посочи претставникот на клубот.Тој додава дека во клубот ќе се промовира културата на бугарскиот народ и Бугарите во Македонија.„Ништо лошо не сме направиле. Регистриравме здружение согласно законот. Нас легално сите документи ги имаме дадено до државата Република Македонија. Никогаш не сме направиле ништо лошо против нашиот народ или државата. Тоа е наша држава, наш град. Тука живееме“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

adsfasdgasdfghas

ВИДЕО: Бугарскиот клуб во Охрид се демолира со јајца

Седиштето на бугарскиот клуб именуван по контроверзниот цар Борис Трети, е демолирано со јајца. Демонстрантите ја заострија својата реторика и фрлаат со предмети кој новоотворениот клуб. Тие извикуваат: „АСНОМ живее“, а веат знаме од Југославија, знамето од Вергина и македонското државно знаме. Откако се фрлаше кон терасата на клубот и прозорците, полицијата се качи на спратот од Амамот во Охрид.Претходно, обидот за првото апсење на демонстрант во Охрид заврши со судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантот фрлаше со предмет кон клубот.Атмосферата во центарот на Охрид станува се потензична. Демонстрантите се се понервозни, а пцовките доаѓаат од двете страни, како од демонстрантите така и од гостите во бугарскиот клуб каде има низа провокации.

Охрид | пред 3 години

struja

Најскапа струја во регионот: Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, тврди Мицкоски

„Македонските граѓани плаќаат најскапа струја споредено со граѓани на другите држави во регионот“, тврди Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најефтина струја во Европа. Имено, според EUROSTAT, цената на струја која македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5€/MWh. Според истиот EUROSTAT во првото полугодие од 2022 година, граѓаните во регионот плаќаат многу поефтина струја (слика 1) споредено со македонските граѓани:Србија 58,9 €/MWhБиХ 73,3 €/MWhТурција 74,8 €/MWhКосово 55,5 €/MWhЦрна Гора 79,2 €/MWhВетуваа живот, ефтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн…, а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа цена на струја по 69,5 €/MWh (слика 2) или за 22,5% помалку од цената на струјата која ја плаќале во првото полугодие од 2022 година. Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана картели, корупција и криминал, економија во распад, понижувања и предавства за пусти пари. Одговорност ќе има… доаѓа денот!“

Македонија | пред 3 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Од 87-та Владина седница: Ограничени маржи и за млечни производи

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 87-ма седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за коишто се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало. При редовна контрола на Државен пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според Информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени. Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година.На Владината седница, што се одржа попладнево преку видео конференциска комуникација, е донесена и Одлука за престанување на важење на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки. Одлуката за ограничување на извозот се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено). Во предлогот на Министерството за економија за прекин на нејзината важност, донесен, како што е посочено, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се исполнува и обврската од Договорот за безбедносни механизми за храна во Западен Балкан, потпишан на 2 септември 2022 година, на Самитот на Отворен Балкан, одржан од 1-4 септември 2022 година во Белград, а со цел да нема забрана за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи.

Македонија | пред 3 години

mickoski-123r75

Мицкоски објави колкава цена за струја плаќаат компаниите во регионот: Невистина е дека владата им помага на повеќе од 72.000 компании

Македонското стопанство во првото полугодие од 2022 година плаќа осма најскапа струја (слика 1) во Европа според EUROSTAT и Државниот завод за статистика. Невистина е дека владата се грижи за стопанството, вели Христијан Мицкоски.„Невистина е дека владата им помага на повеќе од 72.000 компании.Според Македонскиот завод за статистика, компаниите кои годишно трошат помеѓу 500 и 2.000MWh струја, а тоа се најголемиот дел од оние 72.000 компании за кои владата тврди дека им помага, плаќаат осма најскапа струја во Европа. Имено, според извештајот на Македонскиот завод за статистика тие компании плаќаат 10,391 ден/kwh (слика 2) или тоа е еднакво на 168,64€/MWh.Според EUROSTAT во второто полугодие од 2022 година, компаниите во регионот плаќаат многу поефтина струја (слика 3 и 4) од македонските компании:Србија 89,3 €/MWhБиХ 71,4 €/MWhТурција 117,1 €/MWhКосово 65,9 €/MWhХрватска 141 €/MWhСловенија 143,5 €/MWhМалку споредба, бидејќи владата на СДСМ сака да се споредува со периодот кога јас бев советник на Претседателот на владата (од април 2015 до јуни/јули 2017 година) и генерален директор на ЕЛЕМ (од септември 2016 до август 2017година) тогаш да ја направиме таа споредба. Имено во првото полугодие од 2017 година македонските компании плаќале четврта најефтина струја во Европа (слика 5) по цена од 69,5 €/MWh, а во првото полугодие од 2022 година осма најскапа струја во Европа по цена од 168,64 €/MWh. За пет години цената на струјата за Македонските компании владата на СДСМ ја зголеми за речиси 2,5 пати.Економско и енергетско фијаско на владата на СДСМ. Не е време за политика, потребно е знаење, храброст и многу чесна работа. На граѓаните и компаниите им е потребна помош. Секоја затворена компанија подразбира изгубени работни места и семејства во неизвесност. Не е само до кризата, до знаењето е…“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

kovacevski

Oд 2019 до 2021 година Пиксел груп основана од Ковачевски, од владата и од ФИТР добила над половина милион евра помош, вели ВМРО-ДПМНЕ

Прв ден откако Ковачевски е мандатар за влада фирмата основана од него Пиксел груп добива 203 илјади евра државна помош, вели ВМРО-ДПМНЕ„Во период од 2019 година до 2021 година Пиксел груп основана од дезертерот Ковачевски од владата и од ФИТР добила над половина милион евра помош. Во половина од тој период Ковачевски е заменик министер за финансии.Ковачевски е во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра, а Пиксел груп основана од него е фирмата околу која се врти аферата Броило.Аферата Броило не завршува само кај фирмите на соларниот картел, туку тие учествувале во прикривање на неправилности и како надзор.Имено фирмата на кумот на Ковачевски, КМГ ЕОЛ Квазар е надзор над проектот за промена на постојните светилки и поставување на бандери во општина Гази Баба, додека со неа управува кадар на СДС.Според утврденото од општината, но и според Финансиската полиција фирмата изведувач пишувала дека поставила бандери или сменила светилки, на места каде воопшто ги немало, и сето тоа било со потпис на надзорор, т.е. фирмата на кумот на Ковачевски.За овој случај веќе се води истрага.Мрежата во соларниот картел допрва ќе се отплетува. А дезертерот Ковачевски да не чека и да си поднесе оставка веднаш“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Ново покачување на нафтените деривати, РКЕ се правда дека морале

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на одлуката од 3.10.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,807%, кај дизелот за 3,614%, кај екстра лесното масло за 4,615% и кај мазутот зголемување е за 1,978%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,231%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.Од 6.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 89,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 50,228 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

пред 3 години

Soobrakjajka-Kacanicki-2

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Скопје, се судрија три возила

На 04.10.2022 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од М.Б.(25) од Скопје, патничко возило „опел“, управувано од И.Ш.(52) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, управувано од И.А.(34) од с.Љуботен, скопско, сите три со скопски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „опел“, Ј.Ш.(49) и Б.Ѓ.(24), како и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес“, Н.Ш.(49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

vodno-sneg-skopje

Прогнози: Кога доаѓа првиот снег во Македонија

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата.Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на денот мраз не се најавува.ОктомвриОктомври според предвидувањата ќе биде исполнет со температури кои наутро ќе се спуштаат околу нула но затоа во текот на денот редовно ќе достигнуваат 20 степени. Практично времето ќе биде речи си исто какво што е во моментов.Врнежи барем според тоа како сега стои ситуацијата не се очекуваат. Втората половина од месецот ќе имаме пониски температури но падот ќе биде за два до три степени од тоа што го имаме во моментов.НоемвриНоември се очекува да донесе повеќе облаци и повеќе врнежи кои во втората половина од месецот можеби ќе се префрлат и во снежни врнежи во котлините.На почетокот на месецот се најавува облачно и врнежливо време и спуштање на температурите. Првата половина од ноември ќе имаме утрински температури околу 0 степени и максимални дневни температури кои ќе се движат околу 10 степени.По врнежите на стартот од месецот, се очекува постабилно време се до крајот на првата половина.Некаде во третата недела од ноември се очекува наоблачување кои ќе донесе прво врнежи од дожд а потоа и услови за снег. Температурите наутро ќе бидат неколку степени под нулата а во текот на денот едноцифрени.ДекемвриДекември ќе почне исто онака како што почна и ноември. Ќе имаме врнежливо време со температури кои наутро нема да бидат под нула поради облачноста но во текот на денот ретко ќе поминуваат 10 степени. Слична ќе биде и втората недела од декември со тоа што ќе имаме и спуштање на температурите кои во одредени денови нема да се искачат над 5 степени. Втората половина од декември ќе донесе повеќе врнежи и услови аз снежни врнежи во котлините кои можеби и ќе се задржат на земјата.Десетина дена пред Нова Година се очекува цела недела да имаме врнежи кои ќе почнат како врнежи од дожд за потоа да продолжат во снежни врнежи. Во овој период ќе имаме утрински температури кои ќе се спуштаат и до минус 10 а дневни кои ќе се движат околу нулата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања