ТОП

ezgif-1-de05934656

Тешка сообраќајка на патот Охрид - Кичево, се судрија четири возила

Тешка сообраќајна несреќа се случи на автопатот Охрид - Кичево, помеѓу Ботум и Пресека.Неофицијално во сообраќајката учестувале четири возила.Повеќе информации наскоро.

Македонија | пред 3 години

mmf-960x528-1

Колкава е каматата на новиот заем од ММФ

Каматата за новиот заем од Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) е помеѓу 1 и 2 отсто.ММФ и Министерството за финансии постигнале договор за Инстументот на ММФ за претпазливост и ликдвидност, за што информираа вчера.„Тој ќе биде исплаќан оваа година, идната и наредната година и каматата е помеѓу 1 и 2 отсто, а потоа сукцесивно оди враќањето, како што заздравува буџетското функционирање на државата. Овој инструмент се користи за поддршка на буџетот и девизните резерви“, рече премиерот Димитар  Ковачевски за Тв 24.Вели дека опозицијата цело време ја критикувала власта за овој заем.

Македонија | пред 3 години

odblizu-so-modzho-kilington-eden-od-najiskrenite-aktivisti-pisateli-i-scenaristi.6jpg

Плусинфо: Пропагандната машинерија на власта има краток фитиљ, како еден инфуенсер успеа да разоружа цела чета

Веќе цели два дена, повеќето највлијателни владини мегафони на социјалните мрежи без престан го обвинуваат инфлуенсерот Божидар Божиновски дека е алкохоличар, бидејќи, како што „аргументираат“, на секоја втора фотографија на Фејсбук позирал со пиво во раката, пишува Плусинфо.мкМоќната владина пропагандистичка машинерија викендов ги запали моторите и со сите сили, без претходно утврдени правила на игра, удри по инфлуенсерот Божидар Божиновски.Првиот контранапад Божиновски го изврши во саботата, кога најави дека во наредниот период ќе ги разоткрие сите владини „ботови“ кои со години наназад преку лажни или „кодирани“ профили на социјалните мрежи ја шират владината пропаганда и вршат синхронизирани напади врз политички неистомисленици.Прв на списокот се најде провладиниот активист Боби Илиевски, а со целосно име и презиме беше објавен и сопственикот на Твитер налогот „Сплинтер“, за кого Божидар тврди дека е главниот пропагандист на експремиерот Зоран Заев и на Бугарите. Фотографија и податоци беа објавени и за Твитер профилот наречен „Цене“, а на листата се отвори место и за братот на новинарот Сашо Ордановски, за Влатко Васиљ, за Валон Керими, за Рубин Иваноски, за Никола Наумовски – Никса…Ваквиот негов потег дополнително ја разлути власта, па сите партиски ботови на социјалните мрежи очигледно во исто време добиле наредба за јуриш, односно за синхронизирано „тролање“ на „палавиот“ Божидар. Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

osmani

Македонија ја осудува Русија, Османи до Путин: Ова е кршење на правото

„Денешните ракетни напади врз цивилни цели во Киев, Лавов, Днипро, Харков, Криви Рих и други делови од Украина претставуваат флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право, како и дополнително поткопување на меѓународниот поредок заснован на правила“, пишува Бујар Османи, министер за надворешни работи.Тој додава:Република Северна Македонија силно ги осудува ваквите неприфатливи дејствија извршени од страна на Русија, кои резултираат со невини човечки жртви. Сторителите на нападите треба да бидат изведени пред лицето на правдата и да одговараат за извршените воени злосторства.Уште еднаш ја реафирмираме солидарноста со украинскиот народ, како и цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, упатувајќи уште еден повик за итно прекинување на сите воени дејствија и повлекување на руските воени сили од земјата............................................

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

ЧЕТВРТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ: Дизелот поскапува за три денари, се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43% во однос на одлуката од 7.10.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,033%, кај дизелот за 4,496%, кај екстра лесното масло за 4,181% и кај мазутот зголемување е за 1,986%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,316%.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 51,920 ден/кг.Од 11.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 89,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 91,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

parno-1

Српски медиуми: Скопје има гас за само две недели, а грејната сезона почнува в сабота

Во сабота на 15 октомври ќе почне грејната сезона во Скопје, иако земјата има гас за само две недели работа на топланите, односно до 1 ноември, пишува Б92Премиерот Димитар Ковачевски посочува дека државата е подготвена да користи алтернативно гориво за затоплување на домови, училишта, градинки, деловни простории, министерства, имајќи предвид дека топланите можат да работат на гас и мазут.„Годинава направивме се Скопје да има греење на 15 октомври. Не беше лесно со оглед на екстремно високата цена на гасот. Сепак, со оглед на краткорочното поевтинување на гасот и договорот што Макпетрол го има со снабдувачот со кој традиционално работи, до крајот на октомври е обезбеден износ за работа на топланите. А доколку гасот енормно поскапи, државата е подготвена да ги затоплува домовите на граѓаните на алтернативно гориво“, рече Ковачевски.Тој вели дека проблем не е само цената на гасот, туку и достапноста.Знаете дека имаше пренасочување на гасоводот кон север, што ги намали испораките, потоа често има намалување на протокот...“, рече Ковачевски.Премиерот рече дека до 1 ноември гасот го обезбедува Мекпетрол по цена од 1.713 евра за 1.000 кубни метри гас.„До крајот на грејната сезона ќе се утврди концептот на греење, односно енергија во зависност од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната централа ТЕ-ТО, која како нуспроизвод од производството на електрична енергија испорачува топлинска енергија, “ соопштија од компанијата.Доколку не се набави гас за топланите (Исток, Запад, Скопје-Север и таа во Железара), тогаш главниот град ќе треба да се грее на мазут, се вели во соопштението..

Скопје | пред 3 години

durlovski-himna

Дурловски го „спушти“ Пендаровски

Игор Дурловски македонски оперски пејач и поранешен пратеник го искоментира приемот на старлета во Вила Водно, кај шефот на државата, Стево Пендаровски. Тој приемите во претеседателската вила ги подели на два дела: „Во Македонија и во Северна“, како што пишува.Тој објави дека во времето на Ѓорѓе Иванов, тогашниот претседател доделувал титули национален уметник, која во 2015 година ја добила Ана Дурловски, сопруга на Игор и уметница со интернационална кариера.Во 2022 година, во „Северна“ како што пишува Дурловски, Пендаровски пречекува старлети.

Коментари | пред 3 години

nives

За скандалозното однесување: На Пендаровски не му пречи што старлетата ги бакнуваше гардистите

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за Прес24 појасни дека хрватската старлета Нивес Жељковиќ, позната како Целзиус на прием била на покана на Спортското радио.Оттаму велат дека таа не прекршила никаков закон и нема простор за реакција на Кабинетот.-По повод одржувањето на 30. јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми, во организација на Спортско радио 90.3 ФМ, во Кабинетот на претседателот се одржа краток прием за учесниците и организаторите на турнирот. Нивес Жељковиќ беше на листата на гости на Спортско радио, меѓу кои беа околу 70 новинари, спортисти и естрадни уметници од земјава и од регионот. Однесувањето на секој од присутните гости за време на приемот зависи од нивниот личен интегритет и домашно воспитување, а во тој дел сè додека не се прекршени законите, нема простор за наша реакција, велат од Кабинетот на Пендаровски за Прес24.Фотографијата и видеото кои таа ги објави на социјалните мрежи покренаа дебата на социјалните мрежи за нејзиното присуство во Вила Водно. На видеото се гледа како таа бакнува еден од гардистите пред влезот на резиденцијата.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ослободен битолчанецот кој ја спасуваше ќерка му и го уби зетот - по осум месеци излегува од притвор

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот. Тој делото не го сторил намерно и со умисла како што тврдеше Обвинителството, туку во нужна одбрана додека го бранел семејството. Ова е заклучокот и на судот, кој го ослободи битолчанецот, по осум месеци притвор.„Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката“, вели Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо.Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот.„Осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал” што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место“, се наведуваше во соопштението од Обвинителството.

Македонија | пред 3 години

hrana

Коментар на денот: На семејствата на кои им понудив работа, а не прифатија, без разлика на причината, во иднина нема да им помагам

Корисник на фејсбук објави статус во кој вели дека повеќе нема да им помага на семејствата кои немаат храна, оти ниту една жена на која и била понудена работа не прифатила.„Есента започна, не очекува долга и студена зима. Секојдневно слушаме, читаме, гледаме дека ќе е СТРАШНО.Мене веќе почнаа да ми пишуваат и да се јавуваат семејства кои немаат храна. Очекувам дека нивниот број ќе е голем, а оние кои бараат, тоа ќе го прават се почесто.Што сакам да кажам...Дел од семејствата ме бараа за храна и во текот на летото. На сите им понудив работа и солидна плата. Ниту една жена од тие семејства не дојде ни на разговор, не па да прифати работа. Работа им понудив речиси и на сите жени-мајки-девојки од семејствата на кои речиси секојдневно им помагав. Не прифати ниту ЕДНА. Изговори различни, не навлегував во нив.Поентата е јасна, ако ја има, не ја пишувам, секој/а нека си ја дефинира.Но едно ќе кажам: на овие семејства на кои им понудив работа, а не прифатија, без разлика на причината, во иднина НЕМА да им помагам.Нема да трчам деноноќно за да обезбедувам намирници, за барем привремено еднаш месечно да им доставам гајбенца со прехранбени производи, нема да обезбедувам комплет оброци, па барем два пати во месецот да им обезбедам комплетен оброк, нема да го трошам моето слободно време за да ги обезбедувам овие семејства со празнични задоволства... При здрави-прави сопруги, мајки, сестри, да седиш дома и да одбиеш работа, осигурување и плата, а да молиш за едно парче леб...тоа веќе НЕ!!!Продолжувам со мојата добротворна работа, но на начин кој јас го одредувам...секако со ваша поддршка која многу значи.Лека ем мека“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

1

Вечерва ја имаме: Што е значењето на „крвавата“ месечина и што да очекувате од неа?

Што е „Крвава“ месечина?„Крвава“ месечина, инаку позната како целосно затемнување на Месечината, обично се јавува за време на Супер Месечина, кога Земјата е поставена директно помеѓу Месечината и Сонцето и кога ја крие Месечината од сончевите зраци.Во која било друга ноќ, Месечината добива директна светлина од Сонцето, но во оваа посебна ноќ, Месечината се префрла во најтемниот и најцентралниот дел на сенката на Земјата. Во овој момент, сонцето, Земјата и Месечината се речиси целосно порамнети. Наспроти верувањето дека ова би предизвикало Месечината да стане целосно темна, таа е осветлена од индиректна сончева светлина. Тоа резултира во морничава црвена боја, а оттука и името „крвава“ Месечина.Какво е духовното значење на „Крвавата“ месечина?Супер Месечините се сметаат за „помоќни“ од која било друга Месечина и колку е таа поблиску до Земјата, толку е поинтензивно нејзиното повлекување. Ова влијае на плимата и осеката, човековите инстинкти, чувства, па дури и компликации во животот. Се верува дека комбинацијата на Супер Месечината со затемнувањето резултира во моќна „фабрика“ на космички сили.Затемнувањата симболизираат почетоци, но и завршетоци. Па така, доколку сте се мачеле со носење на голема одлука, сега е време да ја донесете, без разлика на тоа дали станува збор за крај на љубовна врска, или пак промена на работно место.Хороскопот посочува дека е од особена важност да се фокусирате на врските, емотивните односи во кои ве очекуваат најмногу промени.За време на полна месечина, Сонцето е во емотивна Вага, па ќе се посветиме на партнерски, платонски врски. Исто така, Месечината ќе биде во тесна врска со Венера, планетата на љубовта и романтиката. Задачата што планетите ја носат на сите е да создадат совршена рамнотежа помеѓу партнерските и вашите емотивни потреби и желби. Препуштете се на сите важни лекции и убавини на животот и не заборавајте, секој крај е шанса за нешто ново и величествено.ОвенПотрудете се да ги разберете и поддржите потребите на вашиот партнер овој месец. Отворениот ум и око ќе ви послужат како инспирација овој месец.БикЗа разлика од вас, вашите пријатели и семејството многу повеќе ќе го чувствуваат влијанието на оваа крвава месечина. Молчете, поправете ги односите и бидете тука за другите како поддршка.БлизнациВо периодот на крвавата полна месечина ги очекува тежок месец. Совет е да избегнувате конфликти и несогласувања кои можат да се решат по мирен пат.РакДоколку не сте во врска, ова не е период да започнете нешто. Месецот ќе биде доста полн за вас, па нема да има можност да започнете нешто ново.ЛавОва е совршен период за зачувување на внатрешниот мир. Легнете, обновете ја вашата енергија и размислете што сакате од вашиот живот сега.ДевицаПосветете се во оваа месечна фаза, слушајте го вашиот внатрешен глас и моќната интуиција.ВагаВо текот на овој месец, може да се чувствувате како да сте паднале од колосек, но и тоа ќе помине.СкорпијаЗа Скорпиите ова ќе биде месец на ослободување. Искористете го вашиот креативен набој.СтрелецИзбегнувајте можни конфликти кои се на хоризонтот и во овој период искористете ја креативната енергија на полната месечина за можностите кои ви се нудат.ВодолијаДоколку сте во врска, ова ќе биде идеален период за зајакнување на врската. Енергијата на полната месечина ви помага да го разберете партнерот и да ја зајакнете врската.ЈарецКомпромисот е клучен за вас овој месец. Слушајте ги другите и избегнувајте бранувања.РибиОктомвриската крвава месечина е сигнал за крај на одредени проекти кои успешно ќе ги завршите. Искористете го овој период за да прославите и да се подготвите за многу добар период што следи.

Магазин | пред 3 години

275457978_334800285295916_4645162328057668301_n

Малолетник од Битола избегал и украл клуч од автомобил, па банкарска картичка

На 08.10.2022 во 10.50 часот од подрачјето на Центар од полициски службеници од Полициската станица Центар бил лишен од слобода малолетник од Битола, кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од Јавна установа за згрижување на деца, а поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во хотел на подрачјето на Центар.Имено, тој најпрво одзел клуч од патничко возило „мерцедес“ и се обидел да го стартува, но бил спречен, а потоа одзел паричник со платежна картичка, па на плоштадот „Филип Втори“ бил физички нападнат од едно лице. Полициски службеници од Полициската станица Центар по добиената пријава излегле на местото и го затекнале малолетникот, а по укажаната лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, со него бил извршен службен разговор во полициска станица. Известен бил Јавен обвинител, адвокат и социјален работник од Центарот за згрижување во Визбегово, а паричникот бил пронајден и вратен на сопственикот. Малолетникот бил предаден во Центарот за згрижување и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

277315389_3132195783692703_6672639388300740786_n

Како ќе се спречи растот на цените на храната

Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање за растот на цените на храната и производите истакна дека Владата веќе разговара и прави анализи за поддршка на производствените компании на основни производи кои ги користат граѓаните со таргетирани мерки.Премиерот посочи дека со министерот за економија, министерот за финансии и со ММФ во моментот се разговара за таргетирани мерки во однос на индустриите кои што произведуваат основни прехранбени производи и поврзани производи со основните производи кои што ги користат граѓаните. Целта на овие мерки е да се интервенира како помош во енергенсите и електричната енергија која што тие ја користат, но само под услов доколку дојде до намалување на цената на овие основни производи кои што излегуваат од нивото производство.„За таа цел и вчера и денес со министерот за економија работевме, разговаравме и со производителите, разговаравме и со претседателот на Стопанската комора и се надевам дека во наредните недела, две недели ќе можеме да дојдеме до решение кое што ќе биде прифатливо за производителите кое што ќе овозможи субвенционирање на енергенсите за нив, меѓутоа и кое што ќе овозможи намалување на цената или пак не зголемување понатамошнa на цената на основните прехранбени производи. Значи и на тоа се работи, меѓутоа мора сите да разбереме дека влезните импути во производствениот процес се зголемени над 70% на светските берзи, а житото, пченицата и пченката се берзански производи“, рече Ковачевски.Премиерот рече дека цените на житото и на енергенсите кои се берзански производи се зголемени во цел свет и дека инфлацијата кај нас потекнува целосно од истите фактори од кои потекнува инфлацијата во европските земји.„Ние на почетокот пристапивме со замрзнување на цените меѓутоа замислите ако замрзнатите цена под трошоците на производството, тогаш веднаш ќе се јави недостаток на храна во државата, затоа гледаме дека секаде има зголемување на цените на храната во цела Европа па дури и во целиот свет, и оние кои што зборуваат за висината на инфлација во Република Северна Македонија, визави висината на инфлација во другите држави, ќе сфати од последните извештаи, дека се работи за комплетно иста инфлација која што потекнува од истите фактори на целиот европски континент“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

policiski-cas-policija-1

Брзи и бесни во Скопје, полицијата казнува, но возачите по свое

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Старлета на прием кај Пендаровски, ги бакнува војниците пред влезот во Вила Водно

Познатата хрватска пеjачка, модел, глумица, писателка и старлета Нивес Целзиус била на прием кај претседателт Стево Пендаровски во вила Водно во Скопје.Целзиус на социјалните мрежи објави фотографии и видео од приемот кај Пендароски при престојот во Скопје, каде што дошла на турнир во мал фудбал.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања