ТОП

sofijanova-1

Се огласи д-р Софијанова: Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа

По вчерашната драма на Детската клиника во рамки на Клиничкиот центар мајка Тереза, кога новинарот Фуркан Салиу ја обвини д-р. Аспазија Софијанова дека земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата, на социјалните мрежи се огласи докторкатаТаа тврди дека не земала ниту денар повеќе надвор од нејзината работа.„Почитувани пријатели и сите останати,Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и начинот на кој се одвиваше комуникацијата во јавност.Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со Цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања.Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и јикаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш.Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња. Тие се мојот приоритет, јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 и тоа го имам прифатено како животен стил бидејќи тоа е тоа што го знам најдобро во интерес на сите мои и наши пациенти.Останувам транспаретна и достапна за сите информации.Искрено ваша

Македонија | пред 3 години

1-1

(ФОТО) Сообраќајка на раскрсницата кај Сити Мол, откако семафорите повторно беа исклучени

На раскрсницата кај трговскиот центар Сити Мол доцна вечерва се случи сообраќајна незгода.Ова доаѓа неколку минути откако семафорите пред трговскиот центар беа исклучени и имаше само жолто трепкаво светло.Не се знае дали има повредени лица, а крстосницата во овој момент е проодна, иако сообраќајот се одвива отежнато. Дополнително сообраќајот беше отежнат поради дождот кој врне од попладнево.Инаку не се знае кој и поради која причина ги исклучил семафорите на крстосницата особено ако се има во предвид дека последно кога светлата на семафорите светеа жолто се случи страшната сообраќајна незгода во која загина маледата Викторија Николова која поминуваше на пешачки премин.Сообраќајот во времето кога семафорите беа исклучени не беше регулиран од страна на полициски службеници, туку автомобилите поминуваа согласно правилото во сообраќајот за првенство на минување.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-10-13-192555

(ВИДЕО) „Се слушаа“ штурци кога на министерката за култура и поставија прашање во кои нови проекти инвестирала

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на дешната прес-конференија не знаеше да изводи ниту еден крупен капитален проект во областа на културата. Таа на прашањето во кои и во колку капитални инвестиции во областа на културата во изминатиов период како министерство имаат вложено напомена само реконструкција и доградба на веќе постоечки објекти.„Во Прилеп заврши проектната постапка за доградба на Центарот за култура каде ќе биде сместен театарот во Прилеп. Исто така во националната библиотека работиме на санација на кров, таму мислам дека градежните работи се во доста напредна фаза. Во музеј на современа уметност исто така работиме на санација на кров. Овие денови ќе биде распишан повикот за за нов проект за реконструкција на Кино Партизан во Битола и рекнструкција на дел од салата во Центарот за култура. Така да во однос на капиталните инвестиции имаме доста солидна реализација со оглед на тоа дека имавме проблем со зголемување на цени“, изјави Стојчевска.На прашањето во кои нови објекти било инвестирано министерката изјави дека во моментот не може да се сети.„Јас во моментов точно не можам да се сетам бидејќи најчесто се фокусираме на реконструкција на оние објекти кои што веќе ги имаме од областа на култура. Бидејќи сметаме дека и тековното одржување е доста важно. Располагаме со многу објекти на кои им треба постојана грижа, но се грижиме и за оние објекти кои се рачунаат дека се многу нови, како например една зграда на МНТ која претрпе катастрофални последици од невремето пред еден месец. Уште раобтиме на санирање на тие штети на тие нови згради“, додаде министерката.На ова се надоврза и портпаролката која изјави дека тоа се тешки проекти, за кои се потребни повеќе години за изградба.„Во Тетово се гради библиотеката со театар, турскиот театар продолжи да се гради“, додаде таа.

Македонија | пред 3 години

DSC_0070

Ќе ја преживее ли Македонија зимата и какви последици ќе остави таа по целокупниот економски и социјален живот, прашува Димовски

Неписмениот секогаш комплицира за да изгледа писмен, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски„ Затоа ајде едноставно, почетни позиции:1). Кризата ќе е помала доколку имаме поевтина енергија.- Цената на нафтата и нафтените деривати на светските берзи е висока;- Еврото, а и денарот со него, изгуби значајна вредност на светските пазари;- Цената на електричната енергија на берзите е висока.2). Цената на нафтата е регулирана на светски пазар, а ние немаме производство.3). Цената на струјата е регулирана на пазарна основа, ама ние имаме доволно капацитети во Република Македонија за да произведеме доволно за нас.4). Дополнителните даноци, акцизи, маржи и разни давачки со кои е оптеретена цената на нафтата, енергијата и сличните производи зависи само од Република Македонија.5). Цената на дома произведената електрична енергија е дури и за 10 до 20 пати поевтина од цената на увезената електрична енергија....За да дознаеме како Република Македонија ќе ги помине следните неколку критични месеци, потребни ни се следните одговори:1). Колку квалитетни ремонти се направени на хидроелектарните и термоцентралите?2). Дали Република Македонија конечно се откажа од среднорочната идејата за затворање на термоцентралите?3). Колку проценти е зачуваниот капацитет на воден потенцијал во хидроакомулативните зафати и дали тој е не повеќе од 30%?4). Колку количина на јаглен се произведува дневно во рудниците околу РЕК Битола?5). Колку резерви на јаглен има во овој момент во РЕК Битола, а колку во ТЕЦ Осломеј?6). Дали договорената набавка на јаглен од Грција е доволна за работа на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј за повеќе од 40 дена?7). Колку резерви на мазут има државата или ЕЛЕМ за производство на електрична енергија во ТЕЦ Неготино?8). Дали имаме обезбедено гас, и колку, за работа на Те То, по истите принципи како што тој капацитет работеше во 2021 година?9). Дали државата обезбеди други начини на производство на електрична енергија за критичните здравствени и државни институции?10). Колкава беше цената на јагленот, мазутот и гасот пред 4, 5 или 6 месеци, а колкава е сега и кој ќе ја објасни штетата за ненавремена набавка?11). Дали државата направи план за намалување на давачките, даноците, маржите и акцизите на нафтата, топлинската и електричната енергија со цел да за зачува кондицијата на стопанството и социјалната положба на граѓаните?12). Кој ќе ја сноси цената на неконкурентноста на нашето стопанството споредено со најблиските соседи заради тоа што во Република Македонија се плаќа највисоката цена за електрична енергија?...Одговорите на овие прашања се клучни за да дојдеме до одговорот дали Македонија, нејзините граѓани и стопанството ќе ја преживее зимата и какви последици ќе остави таа по целокупниот економски и социјален живот.Тие што ги знаат одговорите, сега за сега, се сериозни песимисти“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-10-13-180422

(ВИДЕО) Маричиќ „пропадна“ во земја од прашања на новинар, правеше гримаси додека слушаше на што треба да одговори амбасадорот Гир

За време на денешната прес-конференција, новинарот Кристијан Ландов побара од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ да открие шето јаделе и пиеле откако е дојден во Секретаријатот за европски прашања и побара да му бидат доставени сметките кои вицепремиерот ги вети во три пати во три наврати.„На вашето прво барање целосно беше одговорено инаку немаше да имате материјал за серијал за пишување на таа тема. Во однос на трошоците во СЕП прво го упативте барањето на погрешна адреса, по што ви беше укажано. По укажувањата на институциите за споделување на потребните информации добивте покана да дојдете во СЕП и да извршите увид во сметките и во се што ве интересира. Вие тоа го одбивте и сега во наредна фаза ќе ви ги доставиме сите информации кои што ви се потребни, но треба јавноста да знае дека имавте можност да добиете увид во сите документи и дека вие тоа го одбивте. Така што еве во следна фаза институционално ќе ги решиме сите недоразбирања и мислам дека немаме што да криеме и дека нашата институција и секоја институција која што сум ја водел редовно доставувала информации и до владиниот систем за владини финансии и до сите медиуми и се она што ги интересира медиумите“Новинарот Ландов му возврати на Маричиќ дека од него биле побарани фотокопии, а не увид.„Треба да кажете дека беа барани фотокопии, Вие баравте да дојдеме да правиме увид. Не Ви беше побаран увид. Не треба да ја лажете јавноста, мислам…Треба да бидете фер целосно до крај, еве Невена е тука, може да потврди…“, изјави Ландов.-„Не, не, не ја лажам јавноста... Еве јас одоговорив на прашањето, ако не сте задоволен може и писмено да ме прашате и ќе ви одговорам но ви беше понуден увид во сметките вие го одбивте и тоа треба јавноста да го знае“, додаде Маричиќ.

Македонија | пред 3 години

administracija

Јавната администрација делумно ќе работи од дома

Јавната администрација делумно ќе работи од дома, ова денеска го потврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.Намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, како и во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, па дури и суспензија или укинување на колективните договори.Ова се дел од мерките што биле разгледувани на вчерашната четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет, која беше прекината, откако Владата, синдикатите и работодавачите останаа со спротиставени ставови.Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во вчерашната „Топ тема“ на Телна обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои за синдикатот е најспорно укинувањето на колективните договори. Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на тоа.Денеска требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot_74

(ВИДЕО) Досега невиден настап на Софијанова, дерење и најава за пријава кон новинар кој ја прашуваше за земени пари од Клиниката

Вистинска драма денеска се случуваше на Детската клиника во рамки на Клиничкиот центар мајка ТерезаКлан Македонија објави дека Софијанова земала пари за дежурства, а притоа не се појавувала на работно место.Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата, но кавгата со директорката се случила откако и било посочено дека земала плата, а не одела на дежурства, објавува порталот.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-24-at-09.15.40

(ВИДЕО) Јакимовски откри уште колку пратеници фалат за промена на Уставот

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во денешната епизода на “Тешки муабети” објави дека според неговите информации на власта ѝ фалат уште двајца пратеници за гласање на уставните измени.-Уште двајца фалат, уште два пратеника фалат за да се изгласаат уставните измени. Два предавници според моите информации, а многу често се точни, вели Јакимовски.

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi33

Џафери го одби Апасиев за референдум

Одговор на претседателот Џафери на поднесеното Предлог барање од Апасиев.„Ве известуваме дека претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими „Предлог - барањето за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум“, поднесено од страна на овластениот предлагач, пратеникот Димитар Апасиев“, пишува Кабинетот на Џафери.

Македонија | пред 3 години

Hrvatska-policija-620x350

Се утврдуваат причините за смртта на македонскиот нуркач во Хрватска

Се утврдуваат причините за смртта на македонскиот нуркач во Хрватска. Телото на 40-годишниот македонски нуркач кој вчера почина на Јадранското море е на обдукција во хрватскиот град Сплит.Вера претпладне му се слошило и останал без свест. Го извлекле на копно и имало обид за реанимација. Лекарите од Итната помош на островот се обиделе да му помогнат, но нуркачот веќе бил починат. Починал во близина на малото островче Равник. Нуркачот е скопјанец кој со ова хоби се занимавал повеќе од 20 години. По, обдукцијата се очекува телото да биде предадено на семејството. Пред една деценија на истото место во Хрватска имало сличен случај и починал нуркач.

Македонија | пред 3 години

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Ново покачување на горивото, одново за 3 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01% во однос на одлуката од 10.10.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,999%, кај дизелот за 4,151%, кај екстра лесното масло за 3,164% и кај мазутот зголемување е за 0,881%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,039%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 13.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 89,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 91,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

sarena-revolucija-2

Коментар на денот: Дел од оние кои одеа по улиците 2016, не им беше мотивот рушење на Грујо, туку ќар

Ана Глигорова, граѓанска активистика, го коментира протестирањето на „Шарена револуција“ пред 6 години. По низата вработувања на лица кои беа демонстранти и маваа со јајца и боја, таа донесе заклучок.Нејзиниот коментар:Дел од оние кои одеа по улиците 2016, не им беше мотивот рушење на Грујо, туку ќар.Напикани по 300 државни институции, или невладини, се наполнија со пари и имот како бродови.Најмногу ме боли што ми солат памет, кримоси.Почнувам да мислам дека никогаш не би имале ништо против режимот вождот да ве викнел.Тркало се врти, ај ќе биде интересно кога се што сте украле во името на слободата ќе го повратите.Во вистинска смисла на зборот.

Коментари | пред 3 години

1

(ВИДЕО) Заврши продолжениот викенд, еве колку гужва има на граничните премини

Голема фреквенција на возила е забележана на граничните премини Табановце и Богородица.Многу од граѓаните продолжениот викенд го искористија за посета на туристичките центри во соседството, по што се враќаат дома. За отежнатоста на сообраќајот придонесува и дождливото време кое го успори движењето на автомобилите.Од АМСМ информираат дека на граничните премини од македонска страна нема поголеми задржувања.„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ.

Македонија | пред 3 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски со честитка за празникот: Треба да ни се случи нешто, па одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!

Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на социјалните мрежи по повод денешниот празник. Тој во својата честитка вели дека понекогаш треба да ни се случи нешто за одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!„Нека е честит 11 Октомври денот на народното востание и почеток на антифашистичката борба!Понекогаш помислувам дека треба да ни се случи нешто, како актуелните настани поврзани со толкувањето на историјата (и обидите за) нејзина промена па одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!Но кога ќе се присетам дека грешките ги повторуваме, постојано и постојано, упорно и тврдоглаво, си мислам дека сеуште не сме доволно зрели. Барем оние кои во моментот се мислат дека се најзрели само затоа што имаат приграбено моќ…со рок на траење. Едно зборат во пригодните говори, фб статуси и соопштенија, друго прават во реалноста. Штом народот ќе си ја врати моќта…ќе созреат! Само штетата и жртвите во меѓувреме да се поблаги и помали.Македонија ќе ги надживее и овие сатрпи, како што ги надживеа и оние кои исто така се чуствуваа и однесуваа во 1941 година!Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија“, вели Груевски.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-grubi-maksim-dimitrievski-partizanki-960x567-1

Монти Пајтон: Сите известуваат дека Груби му го држел чадорот на Таче, а молчат дека е уништена плочата со имињата на борците од НОБ

Саше Јанчев – член на Централниот Комитет на Левица и Советник во Општина Гевгелија на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека сите медиуми известуваат дека Груби му го држел чадорот на Таче, а молчат дека е уништена плочата со имињата на борците од НОБ.„Телма вести денес не информираа дека Димитриевски сам си го држел чадорот, а на Таче Груби му го држел. Он најмногу одговарал оти седел меѓу двајцата.Гратис инфо:Од споменикот во Куманово фали мермерна плоча на која стоеле имиња на дваесетина борци од НОБ.Монти Пајтон вода да носи со дупната кофа“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања