ТОП

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Ќе нема автобуси на ЈСП низ Скопје ако нема плата, ветувања има - за реализација не се знае

Вработените во наредниве денови ќе ја добијат заслужената плата, нема да дозволиме скопјани да останат без јавен превоз.„Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП. Очекуваме дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието.И покрај тешката ситуација, на која никој во државата не остана имун, работиме за јавниот превоз да продолжи да функционира без проблеми во интерес на сите негови корисници. Во меѓувреме, и покрај сите околности, економската криза и констатниот пораст на цената на горивата, висината на цената на билетите остана иста, а нема редукции на возниот ред.Во изминативе пет месеци, откако актуелниот в.д. директор ја презеде функцијата, и покрај сите околности и мултимилионските долгови во кое е затекнато претпријатието, се успеа за краток временски период да се решат повеќе затекнати проблеми. Целосно се оспособи и стави во возна состојба целиот возен парк, се презедоа конкретни мерки за надминување на проблемите со нефункционалноста на инвалидските рампи, на 50 возачи им се реши долгогодишниот статус, односно добија вработувања на неопределено време.

Скопје | пред 3 години

benziska-guzva-goriva4

Нови цени на горивата, минимално намалување

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43% % во однос на одлуката од 12.10.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,57%, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,624%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,02% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,209%Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,071% %.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,886 ден/кг.Од 18.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 103,00 (денари/литар)– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,50 (денари/литар)– Мазут М-1 НС – 51,034 (денари/килограм)

Македонија | пред 3 години

299509404_1172966359952879_737114708362148672_n

Има проблеми со парното во Скопје, признава и ЕСМ

„Нема дефекти во производните постројки и дистрибутивната мрежа за топлинска енергија во Градот Скопје и тие се 100% функционални“, изјави денеска Александра Маројевиќ, помошник на директорот за Производство во АД ЕСМ, задолжена за топлинска енергија. Се интервенира на повик од граѓани за дефекти во становите или станарските потстаници.„Бројот на објекти кои пријавиле дефекти пред почетокот на грејната сезона, сега се намалува со нивно санирање, но истовремено во првите денови од почетокот на греењето се појавуваат нови пријави, на кои екипите работат непрекинато, како и центарот за прием на рекламации на бројот 3076-200“, изјави Маројевиќ.„Дефектите кои во текот на вчерашниот ден до овој момент се пријавени се однесуваат на дефекти од истекување на водата од грејната инсталација и дефекти во топлинските станици на објектите заради кои радијаторите на потрошувачите останале ладни. Во текот на вчерашниот ден и денеска се пријавени околу 600 рекламации од потрошувачи. Приоритет на постапување имаат пријавите на истекување на вода од грејната инсталација заради фактот што можат да предизвикуваат поголема материјална штета во домовите. Во моментов 80 објекти се затворени заради истекување од внатрешната инсталација во домовите на потрошувачите, а ќе се приклучат и ќе добиваат топлина од системот откако потрошувачите ќе го отклонат дефектот. Дефектите во топлинските потстаници се спроведуваат по редослед прв јавен, прв услужен. Во моментов околу 80 рекламации од овој тип се предадени за контрола и отклонување кај сервисните екипи на терен“, изјави Маројевиќ.Медиумските екипи денеска имаа можност да видат како се интервенира на лице место во топлинска станица во зграда во населба Пролет во Скопје по пријава на потрошувачи, и како се отстранува дефект или препрека во самата инсталација на зградата, со што се овозможува објектот да ја прими испорачаната топлина.Во однос на енергенсите, Маројевиќ информира дека АД ЕСМ и државата се во активности за обезбедување гас по што поповолни цени, а доколку во тоа не се успее, алтернативно решение ќе биде користењето на дизел гориво, кое е достапно на пазарот и навремено ќе се обезбеди. Исто така, државата располага и со државни резерви во однос на основните енергенси и граѓаните треба да бидат спокојни во поглед на парното греење во Скопје.Денеска топланите стартуваа со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 05:45 часот, а производството запре во 10:00 часот при надворешна температура од 12 степени. Обемот на произведената топлинска енергија за денешниот ден е во согласност со надворешната температура и мрежните правила и изнесува 809 мегавати во час (MWh).Маројевиќ информираше дека во вечерните часови во овој период кога дневните температури се високи, согласно мрежните правила за снабдување не се испорачува топлинска енергија, што ќе се промени во следниот период кога се очекува пад на температурата.По добивањето лиценца од РКЕ, од понеделник своите активности ги отпочнува ЕСМ Снабдување ДООЕЛ во дејноста снабдување, и потрошувачите ќе бидат известени за потребата од нивно префрлување од претходниот на сегашниот снабдувач со топлинска енергија.

Македонија | пред 3 години

286888220_5313051732126326_1454981420611626797_n

(ФОТО) Несреќа во Скопје, автомобил удри во мотор од кој се разлетани парчиња

Несреќа се случи на излезот од Петровец кон обиколницата за автопатот „Пријателство“. Автомобил удри во мотор, при обид да се приклучи на улица. Евидентно е дека има големи оштетувања на моторот.Засега, неофицијално, нема тешко повредени лциа. Возачот на моторот е во добра здравствена состојба.На терен има полиција, која чека увидна екипа од МВР. Ќе се утврдуваат точните причини за несреќата.

Скопје | пред 3 години

viber_image_2022-10-15_16-46-32-890-1

(ФОТО) Страшна сообраќајка, автомобил се преврте на кров

Страшна сообраќајка се случи денеска на патот Прилеп-Битола дознава Скопје 1.Автомобил се преврте на кров, а засега нема информации како се случила несреќата и дали има тешко повредени.Повеќе информации наскоро

Македонија | пред 3 години

Ali-Ahmeti-BDI-Këshilli-i-Përgjithshëm-1

ДУИ го избра централното претседателство, сосе Груби кој беше спорен

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес во Тетово го одржа четвртиот состанок на Генералниот совет, на кој присуствуваа речиси сите членови.Организативниот совет на ДУИ едногласно ги изгласа имињата предложени од Али Ахмети за членови на централното претседателство и тоа:Рамиз МеркоЈетон ШаќириФатмир ДехариКрешник БектешиАрдита ДаниТалат ЏафериНевзат БејтаСаранда ИмериВалдет ЏафериБајлент СалиуФатон АхметиТеута АрифиЏеват АдемиРеси АбдирахманиБајрам РеџепиБлерим БеџетиИзет МеџитиАртан ГрубиБујар ОсманиВисар ГаниуНазим БушиЕјуп ХалимиАријан ДациЕркан АрифиАрбр АдемиМирсад ИбрахимиШабан МехметиЏемил ЌамилиЕмир СулејманиАртин СпахиуАрбана Пашоли

Македонија | пред 3 години

Screenshot_74

Коментар на денот: Пријателите на Софијанова кои пробуваат да ја одбранат, најмногу ќе ѝ помогнеа ако ништо не напишеа за неа

Поранешниот новинар Александар Методијев се огласи на социјалните мрежи во врска со случајот со докторката Аспазија Софијанова. Тој вели дека сите нејзини пријатели кои во изминатите денови се обидуваат да ја одбранат Софијанова, најмногу можеле да и помогнат доколку ништо не напишат за неа.„Во однос на видеата со докторката-директорка сите нејзини пријатели, кои пробуваат да ја одбранат преку статуси на Фејсбук, најмногу ќе ѝ помогнеа ако ништо не напишеа за неа. Тврдењата дека и во сред ноќ ѝ се јавувале за лечење на некое дете значат дека во Македонија таков третман ќе добијат тие што имаат врски. Што правеле тие што немале нејзин број? Тврдењата дека станувала од маса во кафана и одела во болница најдобро ќе беше да не се споделуваат, бидејќи провоцираат прашања - по пиење алкохол или сокче од морковче? Тврдењата дека нема друг стручен како неа значи дека сите други нејзини колеги се нестручни и неспособни, па таа мора на полноќ од дома или од кафана да оди во болница. Како ли истите нејзини колеги се справуваат и со итни ситуации кога е на одмор во странство, или кога е болна или спречена да оди на работа поради други причини? Тоа што само таа имала специфична специјализација (тоа веројатно Вистиномер ќе провери 🙄 факти и ќе го информира граѓанството дали е точно) отвора прашање - зошто не се стимулирани други да направат иста специјализација? Или се работи на градење култ? Вистинските нејзини пријатели и сите што потпишувале за неа со две раце би требало, ако ѝ мислат добро, да ја посоветуваат да го докаже спротивното од изнесените тврдења, ако е невина. А, и како да се однесува и со новинари и во кризна ситуација. Реакцијата - заканите со тужба и оние дека зад неа стојат луѓе, покажува дека во темата нешто не е чисто. Ако немало фингирани дежурства, а со тоа и злоупотреба на положбата и на буџетот, тогаш зошто нервоза? И зошто цел бран поддршки за стручноста, кога тоа не е темата?! Не е темата ни кој колкава плата заслужува. Темата е злоупотреба. Додека на една таква тема се одговара со: „ама зошто не оди таму, ама зошто не ги праша овие или оние, ама до неа ли дојде“, немојте да очекувате дека нешто во државата ќе се менува. А, и каде ќе е основата да се жалите што во државата нешто не ви чини? Може е некаде изгубена во оние статуси со поддршка.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-10-15-at-10.44.07

Одговорноста е кај граѓаните ако немаат парно, порача директорот на ЕСМ

Васко Ковачевски, директор на ЕСМ, кажа дека граѓаните се виновни ако немаат парно денеска. Тој вика дека топлина има, а жителите требало да си ги сервираат радијаторите.„Одговорноста е кај граѓаните, не кај ЕСМ. Пуштени се топланите исток и запад. Самите граѓани мора да ја примат топлинската енергија. Со оглед дека има повисоки температури, во 09-15 прекина работата на котлите“, кажа Ковачевски.Министерот за економија, Крешник Бектеши, се пофали дека топлинска енергија ќе има до крајот на грејната сезона.„Денеска имаме парно во Градот Скопје и електрична енергија, тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Ние не зависиме од другите. Ги вклучуваме сите наши капацитети. Сите предлози се добредојдени, ќе ги разгледаме. Најдобрите понуди ќе бидат прифатени, за најевтино да ја поминеме зимската сезона“, кажа Бектеши.

Македонија | пред 3 години

w_56736105

Најчевска ја “плесна” јавно, откако Владата “удри” по студетите

Не стивнуваат реакциите од синдикатите и јавноста по објавувањето на владиниот документот за штедење во јавниот сектор. Освен намалување на платите на административците и јавните службеници, во документот јасно стои дека Владата има намера да го зголеми бројот на паралелки кои наставата ќе ја следат во една просторија, можни се намалувања на висината на стипендиите кои ги добиваат студентите, а ќе се прави и измена во обемот на храната која ја добиваат студентите од студентските мензи.„А наместо да се удира по студентите да се:- намали бројот на министерства и непродуктивен кадар во министерствата- бројот на општини и непродуктивна администрација во општините-надзорни и управни одбори и платените лешпери во истите- непотребно вработени јавни службеници по принципот партиска книшка- вработување- да се исплаќа на парламентарците и функционерите додаток за патување во висина на јавен превоз- да се врати Мариќиќ со свитата од шетање по европските градови- да се намали бројот на делегациите кои шетаат по светот- ...“, вели професорката Мирјана Најчевска.

Коментари | пред 3 години

maricik

Намалени оброци за студентите, ги тренираат ли за да не јадат воопшто?, јавноста вика: Само Маричиќ не го оставајте гладен

Не стивнуваат реакциите од синдикатите и јавноста по објавувањето на владиниот документот за штедење во јавниот сектор. Освен намалување на платите на административците и јавните службеници, во документот јасно стои дека Владата има намера да го зголеми бројот на паралелки кои наставата ќе ја следат во една просторија, можни се намалувања на висината на стипендиите кои ги добиваат студентите, а ќе се прави и измена во обемот на храната која ја добиваат студентите од студентските мензи.Ова се реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/yakiboyyyyz/status/1580941106061025280?s=20&t=tXN-mDKrooHbLjvhOeryzAhttps://twitter.com/Mrchatina/status/1580926852927205376?s=20&t=tXN-mDKrooHbLjvhOeryzAhttps://twitter.com/natwnajubaviot/status/1580926392174530560?s=20&t=tXN-mDKrooHbLjvhOeryzAhttps://twitter.com/natwnajubaviot/status/1580907621678477320?s=20&t=tXN-mDKrooHbLjvhOeryzAhttps://twitter.com/Minskonhet_/status/1580918989437689856?s=20&t=tXN-mDKrooHbLjvhOeryzAhttps://twitter.com/toilet_paper10/status/1580952797700235265?s=20&t=-i1jTQAATr9FW_d5zLbooghttps://twitter.com/svirce3/status/1580918566979010561?s=20&t=-i1jTQAATr9FW_d5zLbooghttps://twitter.com/Minskonhet_/status/1580836131733590016?s=20&t=-i1jTQAATr9FW_d5zLbooghttps://twitter.com/toopersonal_1/status/1581027915382214656?s=20&t=iLExmaSbzk58GWMR8gUyhg 

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-10-14-213431

(ФОТО) Татко му на Маричиќ го „нарани“ новинарот со *овна, откако го поцрвене син му

На вчерашната прес-конференција новинар му постави прашање на Бојан Маричиќ да открие шето јаделе и пиеле откако е дојден во Секретаријатот за европски прашања и побара да му бидат доставени сметките кои вицепремиерот ги вети во три пати во три наврати.„На вашето прво барање целосно беше одговорено инаку немаше да имате материјал за серијал за пишување на таа тема. Во однос на трошоците во СЕП прво го упативте барањето на погрешна адреса, по што ви беше укажано. По укажувањата на институциите за споделување на потребните информации добивте покана да дојдете во СЕП и да извршите увид во сметките и во се што ве интересира. Вие тоа го одбивте и сега во наредна фаза ќе ви ги доставиме сите информации кои што ви се потребни, но треба јавноста да знае дека имавте можност да добиете увид во сите документи и дека вие тоа го одбивте“, одговори Маричиќ.Под објавеното видео коментираше таткото на Бојан Маричиќ, Момир Маричиќ.Тој на новинарот му порача „једи *вна ти што прашуваш“.

Македонија | пред 3 години

studenti

Коментар на денот: Падот на Груевизмот почна од студентите, а изгледа и вашиот ќе започне од нив!

Претседателот на Црвена Младина, Марио Јанески преку социјалните мрежи и порача на владата дека доколку ги намали стипендиите и го укине студентскиот оброк, ќе се соочат со студентите.„Ако е вистина дека владата планира да ги намали стипендиите, да го укине студентскиот оброк и да ги приватизира студентските домови, нека бидат спремни да се соочат со студентите!Падот на Груевизмот почна од студентите, а изгледа и вашиот ќе започни од нив!#NoPasaran“, стои во објавата.https://twitter.com/JaneskiMario/status/1580681146907914240?s=20&t=4bVZ01fFuNy7r06YM0f3_w

Коментари | пред 3 години

bektesi

Административците пуштени на најјако, Бектеши обзнани колку струја заштедиле

Министерот за економија, Крешник Бектеши објави колку електрична енергија заштедиле административците.„Според податоците за потрошувачка во септември 2022 споредено со истиот месец лани државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18%.Мерките за заштеда на електрична енергија кои ги донесе Министерството за Економија, а се задолжителни за државните институции ги даваат резултатите“, вели Бектеши.

Македонија | пред 3 години

FB_IMG_1665744109030

Ексдиректорката на “Лајка”: Наместо роденден, нека слават враќање на Вардариште, ова што се случува е срамота

Тина Петрушевска, ексдиректорка на ЈП “Лајка” посочи дека денеска е втора година од постоењето на претпријатието, а тоа се претворило во “Вардариште”, каде активистите велеа дека кучиња се убиваат наместо хумано да се третираат.Нејзината објава во целост:“Драга Лајка, Денес ќе ти славевме втор роденден…но за жал ти прекина да постоиш истиот ден кога јас си заминав од таму.Сега нека слават враќање на вардариште. Ова што се случува е срамота. Градот нема 24/7 служба за интервенции. Куче кое е повредено треба ВЕДНАШ да биде превземено од градскиот стационар и да му се пружи помош, согласно член 15 став 5 од Правилникот за интервенции и третман на бездомните кучиња. Како може тие што го раководат стационарот да бараат помош на социјални мрежи од граѓаните? Кога се фаќате на орото треба и мангупски да си се носите со сите проблеми, па ако треба и лично ќе интервенирате и ќе си платите од џеб дополнителни испитувања и интервенции. И ќе ќутите и ќе работите без да кукате. Освестете се! Платени сте со наши пари за да бидете сервис на сите граѓани и овие немили глетки да не бидат секојдневие”, пишува ексдиректорката Петрушевска.

Коментари | пред 3 години

1-2

(ФОТО) Сообраќајка на скопската обиколница, километарска колона и блокиран сообраќај

Утрово се случи сообраќајка на скопската обиколница.Според информациите несреќата се случила кај клучката Смилковци, а едната сообраќајна лента е затворена за сообраќај, што предизвика огромни колони.За сега нема информации дали има повредени лица.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања