Земјотрес во Скопје
Земјотрес со епицентар во Скопје. Вечерва нешто по 11 часот регистриран е земјотрес во Скопје.Според првичните информации, земјотресот е со јачина од 2,6 степени по рихтер.
Скопје | пред 3 години
Земјотрес со епицентар во Скопје. Вечерва нешто по 11 часот регистриран е земјотрес во Скопје.Според првичните информации, земјотресот е со јачина од 2,6 степени по рихтер.
Скопје | пред 3 години
Новинарката Соња Христовска Угриновска реагираше на социјалните мрежи откако ЈСП прогласи штрајк. Таа вели дека не може да не возат, без законски прогласен штрајк.„Не слушнав дека ЈСП прогласи штрајк!Како тогаш нема да не' возат, без законски прогласен штрајк?Синдикатот вика, нема да ве возиме, зашто сме гладни! И ладно, од утре нема да возат во поламилионски град.Законот вика дека во случај на штрајк или спор на дејностите од општ интерес или во оние каде прекинот на работата може да го загрози животот и здравјето на луѓето или да нанесе штета од големи размери, страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање!Незаконски штрајк повлекува последици за организаторите и учесниците.Така да. Едно е протест. Друго е штрајк.ЈСП утре мора да не' вози.Убаво би било медиумите да се сетат и на овој аспект.А вие слоти во Совет на Град Скопје од ДПМНЕ, СДС и ДУИ, сосе шушумигана Данела, обезбедете плати за возачите кои имаат многу одговорна работа и чесно ја работат, за да не ви дојдеме пола град пред баракичкине картонски и да ве оддуваме“, додава таа.
Коментари | пред 3 години
Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон во кабинетот на својот колега Бујар Османи беше пречекана со знамето на Република Словачка.Министерството за надворешни работи изразува длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата Министри при посетата на Министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбитеВо исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на Министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста.Иако не може да има оправдување за направениот пропуст, Министерката со целосно разбирање ја прими грешката како ненамерна, без никакво влијание врз успешноста на средбите и посетата.Информираме дека Министерството за надворешни работи дополнително ќе ги зајакне протоколарните проверки со цел во иднина да не се повтори ваква ситуација, стои во соопштението од МНР.
Македонија | пред 3 години
Со емотикони и знакчиња, саат откако сите автобуси на ЈСП беа повлечени од сообраќај, од претпријатието објави и соопштение на нивната фејсбук страница. Во коментарите одново се потврдува нервозата кај граѓаните, кои утрово наместо превоз, останаа на постојките. За едни, дојавата е циркус, други прашуваат дали ќе има автобуси од попладне.„Абе дајте им плата на луѓето неспособни едни!“, се вели во еден коментар, а во друг се додава: „Циркус Медрано не ви е рамен. Дојава на бомба во 5 часот наутро, а до 8 часот луѓе се возеа со автобус, немој да кажете дека биле приватни автобуси , јас со 2а се возев“.„Ја најдовте бомбата? Колку дена ви се потребни да се заврши овој нарачан циркус?“, прашува друг корисник на социјалните мрежи.„Како не ви е срам, до кога ќе не правите луди, соберете парите на луѓето на 1-ви и после нема превоз. Од 12часот ќе штрајкувате па ќе си споите сега се“, вели скопјанка.Имаше и прашање каде се вели: „А до попладне ќе пуштите автобуси, за другарка прашувам...“.Инаку, автобусите и натаму се во седиштето на ЈСП.
Коментари | пред 3 години
Нервоза кај вработените во ЈСП има од утрово, откако останаа пред вратите на претпријатието наместо на работа, а по дојавата за бомба во автобусите. Од видеото испратено до редакцијата на „Скопје1“ се слуша како вработен вели: „Ова се на Даниела кокошката масло, што не пушта плата“.А пред ЈСП во Автокоманда, десетици полицајци, дупло повеќе вработени кои чекаат да заврши пребарувањето на теренот. Ваквата пријава за бомба преку е-маил доаѓа два дена откако вработените излегоа на протест и најавија дека нема да возат, а техничарите дека нема да работат - додека не добијат плата.
Скопје | пред 3 години
Дојава дека ќе биде поставена бомба во автобус на ЈСП „Скопје“ стигнала по електронската адреса на претпријатието. Па поради тоа од сообраќај се повлечени сите автобуси.Забележливо е зголемено полициско обезбедување пред пунктот во Ѓорче Петров. Информациите се дека сите автобуси се повлекуваат во гаража во случај во нив да се наоѓа бомба.Наскоро повеќе информации
Скопје | пред 3 години
Жестоки дискусии на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која беше претставен шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН за работата на мисијата на ОН на Косово и Метохија.По говорот на министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, претставникот на т.н. Косовската Доника Гервала Шварц, која ги обвини „српските екстремисти и Вучиќ“ за порастот на тензиите, а ја спомна и „руската агресија во Украина“.Неа ѝ одговори претставникот на Руската Федерација, Василиј Небензја, кој ја советуваше да не се обидува да филозофира или да изнесува геополитички анализи.„Искрено, не го направивте тоа многу успешно. Подобро би било да се концентрирате на ситуацијата во Косово и Метохија, наместо да зборувате за внатрешната и надворешната политика на Србија, во која ги гледате постапките на Москва. Тоа е многу ласкаво“, рече тој.Небензја истакна дека ќе зборува за вистинската состојба на работите.„Косово сè уште е главниот извор на тензии на Балканот. Безбедносната ситуација се влоши, и заслужува поголемо внимание од меѓународната заедница и Советот за безбедност на ОН. Процесот на систематско кршење на правата на Србите започна во 1999 година, а сите овие години гледаме ползечко етничко чистење По 20 години бројот на Србите јужно од Ибар драстично е намален“, изјави рускиот претставник.Како пример наведе дека пред војната во Приштина живееле 40.000 Срби, а денес ги нема ни стотина.„Приштинските власти на чело со Курти се обидуваат да достигнат нови височини во угнетувањето на Србите. Создавањето невозможни услови за живот на Србите е нивна задача број 1 и тие продолжуваат да го заплашуваат српското население. Од почетокот на 2022 година има повеќе од 200 напади на Срби, како и на нивните имоти и верски места, што е двојно повеќе во споредба со претходната година“, рече претставникот на Руската Федерација.Василиј Небензја потсети и на заканата за забрана на неутралните регистарски таблички и рече дека 31 октомври е важен датум.„Постојано се кршат имотните права на Србите, а пример за тоа е манастирот Дечани, кој е на листата на загрозено наследство на УНЕСКО. Атмосферата на омраза кон Србите постојано се засилува. Веќе во 2013 година беше договорено да се формира Сојузот на српските општини. Ова на прифатлив начин ќе ги обезбеди правата на Србите на Косово. Но Приштина го одбива тоа, тврдејќи дека Србите се најзаштитеното национално малцинство во Европа. Во реалноста, никој не се ни обиде да ја принуди Приштина да го спроведе она што беше договорено, дури ни ЕУ“, рече Небензја.Тој вели дека на барање на САД, Брисел сега бара меѓусебно признавање.„Создадена е косовската армија, што е јасно кршење на резолуцијата 1244. Приштина сè уште бара воена поддршка, радио-електронски комплекси, како и артилерија со долг дострел. Тоа покажува дека нивните намери не се мирни. Западните земји се однесуваат како ако резолуцијата 1244 воопшто не постои, и се бара „алтернативно“ решение кое би ја фаворизирало Приштина“, рече рускиот амбасадор.Небензја вели дека Русија целосно ја поддржува мисијата на ОН на Косово и Метохија и дека таа е најважниот гарант за мирот во покраината.„Но, очекуваме мисијата да биде реална. Руските претставници беа малтретирани од таканаречената косовска полиција. Исто така, имаше кршење на меѓународното право кога претставникот Антонов беше прогласен за персона нон грата“, рече тој.Претставникот на Руската Федерација вели дека руската позиција за Косово е непроменета - ќе поддржиме решение кое е прифатливо за Белград и Приштина, кое би се засновало на резолуцијата 1244, во согласност со меѓународното право и поддржано од Советот за безбедност на ОН.
пред 3 години
Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов реагираше на изјавата на бугарскиот европратеник и лидер на ВМРО, Ангел Џамбаски, кој преку контроверзно видео изнесе низа навреди и провокации со порака дека „Ние Бугарите одлучуваме кои сте вие“.„Имало некој си бугарски европратеник Џамбаски (велат бил он нивното ВМРО, ко демек се различни …)Ме прашуваат, зошто не сум реагирал на неговите изјави ?Им велам, никогаш, ама баш никогаш во мојот живот (за било кое прашање), не се обидувам на глупавиот да му докажам дека е глуп.Џабе ќе се трудам …“, вели тој.
Коментари | пред 3 години
Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин реагира откако советниците во Благоевград остро се спротивствија на отворањето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, кое требаше да се случи на 30 месецов.Тој вели дека за Бугарија провокација е постоењето на македонскиот народ. Вели дека неразбирливо е како тоа Општината Благоевград носи одлука за забрана на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, а не ги информира основачите. Додава дека тоа е демократијата во Бугарија.„Наместо да ги информираат подносителите на барањето, Македонското меѓународно движење за човекови права, основачи на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, општинарите на Благоевград шират вести низ медиумите. Така Македонците во Бугарија преку македонските медиуми дознаваат дека Општина Благоевград е против клубот и против „македонизмот“. Луѓе во општината кои, ако самите не се Македонци, тогаш секако имаат роднини и пријатели кои се со македонски идентитет и самосвест, од страв или злоба излегуваат со такви апсурдни ставови против еден културен клуб. За нив провокација е клуб кој носи обединувачко и смирувачко име на голем поет. За Бугарија провокација е вистината дека во неа живее и македонски народ. Жална работа“, напиша Стојков на својот Фејсбук-профил.
Коментари | пред 3 години
Вработените во ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестираат пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна на централната власт но и од страна на општините за превозот кој го врши претпријатието на учениците и на студентите. Поради ваквата одлука на Град Скопје и на ЈСП „Скопје“ се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот градски превоз во Скопје.Граѓаните се револтирани, а ова се дел од коментарите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/kacisevidija/status/1582386903730384896?s=20&t=lqrEmXi9HrwKZf18NC-PBghttps://twitter.com/Osterma13987862/status/1582379369250508800?s=20&t=lqrEmXi9HrwKZf18NC-PBghttps://twitter.com/NoStAlGicArOt/status/1582361794458181632?s=20&t=lqrEmXi9HrwKZf18NC-PBghttps://twitter.com/Nedostapen/status/1582379431355551744?s=20&t=fSUnGWvislvfViVBhC7DGwhttps://twitter.com/alekgreats/status/1582381557129482241?s=20&t=fSUnGWvislvfViVBhC7DGwhttps://twitter.com/TheJoke91877592/status/1582377739977314304?s=20&t=fSUnGWvislvfViVBhC7DGwhttps://twitter.com/od_lav/status/1582372326477205505?s=20&t=fSUnGWvislvfViVBhC7DGwhttps://twitter.com/kashlicataa/status/1582340934314131457?s=20&t=fSUnGWvislvfViVBhC7DGwhttps://twitter.com/ATEHTATOPOT/status/1582312035777671170?s=20&t=fSUnGWvislvfViVBhC7DGwhttps://twitter.com/LawBoy30/status/1582414724423028741?s=20&t=fSUnGWvislvfViVBhC7DGw
Коментари | пред 3 години
Вработените во ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестираат пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна на централната власт но и од страна на општините за превозот кој го врши претпријатието на учениците и на студентите. Поради ваквата одлука на Град Скопје и на ЈСП „Скопје“ се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот градски превоз во Скопје.На социјалните мрежи денес се огласи поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.„Мислам дека беЗплатен и беСплатен не е исто. Ама само мислам …“, вели Шилегов.
Скопје | пред 3 години
Македонското Министерство за надворешни работи, преку својата Амбасада во Софија, упати вербална нота, со која изрази крајно незадоволство од неодамнешните јавни изјави на членот на Европскиот парламент и ко-претседател на политичката партија ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски.„Џамбаски во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници на Република Северна Македонија. Упатувајќи закани и тешки навреди, повредувајќи го достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани, г-нот Џамбаски се однесува спротивно на заложбите и стремежите изразени во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји“, велат од МНР.Министерството очекува државното раководство во Бугарија, Владата и тамошното Министерството за надворешни работи да го осуди и да се огради од изјавите на Џамбаски.Истовремено, Министерството за надворешни работи соопшти дека би ги ценело евентуалните активности преземени од надлежните институции на Бугарија за преземање мерки за превенција на вакви и слични однесувања.Џамбаски вчера застана пред карта на „Голема Бугарија“ и упати низа навреди за премиерот Ковачевски, како и пораки со кои ги негира македонскиот јазик, идентитет и нација.„Ние Бугарите сме од оние што решаваат каде сте вие. Кои сте вие, решаваме ние, не вие Димитар или Белград. Вие не решавате ништо. Вакви какви што сте, ќе може да направите сојуз со Северна Кореја“, порача тој.
Македонија | пред 3 години
„Мислам дека е крајно време Албанците во Македонија да се запрашаат зошто нивните деца имаат полоши основно, средно и високо образование дури и во ситуација кога образованието на Македонците е тапа“, вели професорката Мирјана Најчевска.Таа додава:Како се случи после децении на континуирано присуство на албанските политичари во власта и министри за образование Албанци, образованието на Албанците во Македонија упорно да останува пониско од тоа на Македонците. Кому му одговара Албанците да бидат понеуки.Кому му одговара во недоглед да се продолжува барањето за посебен третман, посебни квоти, посебни проценти за да може луѓе со помалку знаење да добијат третман на луѓе со повеќе знаење. Кој го направи Универзитетот во Тетово институција без вредност а дипломите од овој универзитет ги изложи на потсмев?
Коментари | пред 3 години
Поранешниот премиер Зоран Заев во својство на бизнисмен учествуваше на дебатата со студентите од Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово, каде што се зборуваше за актуелната енергетска криза и за растот на инфлацијата во државата, а и во светот воопшто. Според Заев, енергетската криза во која денес се наоѓа државата е резултат на тоа што недоволно се вложувало во изградба на енергетски капацитети, како во времето кога тој беше премиер, така и во периодот на претходните влади.„Како поранешен премиер можев да се обложам дека ТЕЦ Осломеј тешко ќе можеше да се стави во функција. Но, еве, двете турбини работат. Осломеј работи, двата блока во Битола работат, како и гасната електрана во Скопје. Да сум сега премиер, би направил уште повеќе инвестиции во енергијата за да има повеќе производство. Кога зависите од други, колку и да се пријателски земјите, вие сепак зависите од нив. Веројатно како премиер можев да направам повеќе, но и поранешните премиери и влади можеа уште повеќе. Затоа треба да учиме од тоа и да инвестираме во енергетиката“, изјави Заев.
Македонија | пред 3 години
Новинарката Милка Смилевска вели дека имаме голем број на политичарчиња и политиканти што се дојдени да изиграат епизодна улога и во петте минути лапнат што може да се лапне, а тоа е една од причините што граѓаните си заминуваат од дома.„Дефетизам - Чувство на истрошеност, исцрпеност, малодушност, неверување во успехот на некоја акција.Имаме политичарчиња и политиканти што на македонската нација со години и праќаат дефетистички пораки, многу его и незнаење и немање визија, дојдени да изиграат епизодна улога и во петте минути лапнат што може да се лапне. Со настап и политичка борба мотивирана не од повисока цел, да изградат подобро општество на пример, туку игра на ситно.Затоа граѓаните си заминуваат од дома, а да си отидеш од родното место треба голема храброст и сила.Храброст, храброст, храброст, можеме, можеме, можеме, за идните генерации, тоа треба да ве води луѓе што сте ја добиле честа да водите држава или чекате ред да дојдете на власт.И Бугарија не е најголемиот проблем на Македонија, туку немањето солидарност и градење на дух на заедништво и корумпиран систем до коска, што не поразува секојдневно и ја руши надежта на младите дека имаат перспектива дома.Лидер-ка ни треба, искрен-а, посветен-а, вреден-на, со капацитет да обединиДа живее прогресивната, храбра и демократска Македонија“, вели таа.
Коментари | пред 3 години
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.
Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања