ТОП

odblizu-so-modzho-kilington-eden-od-najiskrenite-aktivisti-pisateli-i-scenaristi.6jpg

Боки 13 со месеци предупредува за реваншизам и дека ќе биде претепан, потсетува Божиновски

„Боки 13 е еден од ретките во државава чие достоинство како човек е одземено од јавноста. Да беше некој од затворениците на партиите на негово место претепан ќе имаше бар партиска поддршка, вака сложно сите против еден“, вели Божидар Божиновски, критичар на состојбите во Македонија.Тој додава: Кој е гревот на Боки? За разлика од многумина кои направија криминали и сега се почитувани членови на општеството, хуманитарци и друге пичкематерине Боки за својот криминал лежи. Приватниот живот? То е негово право, каков и да е е негов живот. Со месеци и тој и адвокатот негов предупредуваат на реваншизам и дека ова ќе се случи. Институциите, нормално, не реагираат. Пред законот, барем на слово, треба да сме сите еднакви.Кај ќе ни беше крајот вака на сите криминалци кои ни го загорчија животот да се реагираше…

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-29-at-14.00.12

Ќе има ли обединување на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за пад на Данела

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се обединат и да ја тргнат од власт скопската градоначалничка Данела Арсовска, повика преку социјалната мрежа Фејсбук професорот и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев.„Ретко искажувам дневно-политички ставови, ама дечки, дај стварно тргнете ја некако Данела, не знам како, иако знам како. Ова е таква брука секојдневно што ја гледаме и барем ова не мора да го трпиме, кога веќе сме одлучиле да трпиме ваков франкенштајнски град. Обесчестен град, град кој скапува и град кој нема никогаш да си го врати својот идентитет, ниту веројатно ќе изгради нов. Стајте или некој со чизми што ќе биде градски хаусмајстор (и со тоа сум дури океј после Данела) или некој што има некаков план (визија е претежок збор за кој било на повидок). Ова со Данела е срам за сите нас. Ете уште една можност, покрај многуте, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се обединат“, напиша Георгиев на својот профил на Фејсбук.

Скопје | пред 3 години

DSC07343

Нови предизвици и протест: Скопје ќе остане без вода, исто како што остана без превоз

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) побара од градоначалничката Данела Арсовска веднаш да го разреши в. д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Марјан Митовски оти ги малтретирал вработените. Од Синдикатот на прес-конференција кажаа дека тој освен што брка од работа работници, се изживува врз нив и ги деградира. Затоа се заканија дека ако Митовски не биде сменет Скопје ќе остане без вода, како што вчера остана без јавен превоз.„Митовски не може да се изживува врз вработените, да им дава да извршуваат плус работни задачи кои не им се во договорот. Не може хидроинженери да ги праќа да бидат чувари, на оние што не му се допаѓаат да не им дава да работат. Ова што го збориме го утврди и Државниот управен инспекторат и Трудовиот инспекторат. Затоа, ги повикуваме градоначалничката Данела Арсовска и Советот на Град Скопје да го разрешат Митовски. Немојте да дозволите да се доведете во ситуација како вчера кога немавте градски превоз да немате вода за пиење“, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Македонија | пред 3 години

b-nxvbnxvbn

„Ликувањето во стотици коментари за бруталното претепување на Боки во затворот Идризово е пораз за нашето општество“

Граѓанската активистка Ирена Цветковиќ ги осуди навредливите коментари за Бојан Јовановски-Боки 13. Таа смета дека тие се пораз за општеството.„Исмевањето и ликувањето во стотици коментари за бруталното претепување на Боки во затворот Идризово е пораз за нашето општество и слика за токсичноста и злобата која никогаш освен во последнава декада не била одлика на мојот народ. Се срамам од садизмот кој го гледам насекаде околу мене, се плашам од злобата со која сум опкружена и тагувам за отворените срца, добрината и љубезноста која ја изгубивме“, пишува Ирена Цветковиќ.

Коментари | пред 3 години

boki

Боки 13 со хематоми по претепувањето во затвор

Тројца затвореници го претепале Бојан Јовановски-Боки 13 во затворот „Идризово“, објави „А1он“, по што тој се здобил со повреди во пределот на главата и со брза помош бил однесен во Ургентниот центар. Тој имал хематоми н телото.Како што објави порталот, Боки 13, бил удиран и во пределот на абдоменот со кој веќе имаше здравствени проблеми и често и од притвор беше пренесуван на лекување во болнциа.Од МВР го потврди настанот, за кој неофицијално постојат и видео записи од безбедносните камери во затворот.„Во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Македонија | пред 3 години

jasp

Aвтобусите на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град

Денес автобусите на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје обезбеди плата за вработените.Советот на Скопје донесе одлука за пренамена на средства за исплата на плати за вработените, а градоначалничката Данела Арсовска побара да се подмират долговите на институциите кон ЈСП, но и одговорност од раководството и сите кои придонеле за лошата состојба во претпријатието.Скопјани вчера по прв пат останаа без услугите на јавниот градски превоз, поради проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП.Градоначалничката Данела Арсовска изјави дека Министерството за образование и наука им должи 120 милиони денари за субвенциите за вршење линиски превоз за студенти и ученици во средно образование.

Скопје | пред 3 години

bugarija-MNR

МНР повторно испрати вербална нота до Бугарија: Релевантните политички и институционални фактори да се оградат и да ги осудат ваквите провокации

По повод изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Вазражадане“, г-дин Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија.„Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи“, велат од МНР.

Македонија | пред 3 години

Siljanovska02122021

За Силјановска терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав: „Градоначалничката може да биде шпицна на себе“

Терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.Таа го искоментира терминот кој скопската градоначалничка Данела Арсовска го употреби претходно, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Градоначалничката може да биде шпицна на себе. Тоа за мене е некоја лузија, глупо поглупо, најглупо. Тоа ништо не значи. Човек пред да употреби нешто, треба добро да размисли“, рече Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 3 години

slika-afera-tajni-imoti

ВМРО-ДПМНЕ најави нова афера - тајни имоти

Си ја вршат ли институциите работата или служат за прикривање на незаконитостите и криминалите на функционерите на СДС, вели ВМРО-ДПМНЕ„Дали наместо во служба на народот, група луѓе од СДС и ДУИ си работи за себе?Колку се почитуваат законите? И колку се применуваат?Во понеделник на прес конференција во 12 часот ќе откриеме голема афера во милионски износ. Низ факти до одговор на прашањето зошто Македонија тоне, затоа што наместо работа се прави криминал“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-10-20-at-14.10.48

Плата за вработените во ЈСП ќе има до задутре, вети Арсовска и кажа: „Протестот е срамен“

Данела Арсовска, кажа дека таа завршила со процедурата за да обезбеди пари за вработените во ЈСП. Смета дека протестот е јавен линч на неа бидејќи таа не е од СДСМ ниту од ВМРО-ДПМНЕ. Протестот го смета и за срамен бидејќи граѓаните останале без градски превоз.„Уште во текот на денешниот ден Град Скопје ја завршува процедурата. Од тука натака е на трезорот на Министерството за финансии. Сметаме дека денеска или утре ќе бидат исплатени платите. Овие средства се доволни за овие три-четири месеци“, рече Арсовска.„Таму долговите постојат повеќе од 10 години. Владата давала пари, сега за првпат се укинуваат дотациите. Некој не се грижи за студентите, учениците, се она што треба за да функционира јавниот превоз“, додаде Арсовска.

Македонија | пред 3 години

298153086_589004019532455_4540879295214472314_n

„Ми се врши притисок“, Русковска ги отвара картите и конкурира да остане шефица

Вилма Русковска дала исказ како осомничена во скопското Обвинителство, по пријавата од ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Таа смета дека оваа постапка за нејзе е притисок и порака до обвинителите да внимаваат кон кого поведуваат постапки. Предметот е во фаза на истрага, додаде суспендираната шефица.„Бев сослушана во својство на осомничена. На постапката гледам како притисок, со воведување на дисциплинската постапка, поднесената кривична пријава“, кажа Русковска.Таа очекува да се отфрли пријавата против неа. Не ги видела доказите, не знае што има против неа во скопското Обвинителство.„Спрема мене имаше порано закани и притисоци од поранешна власт“, кажа Русковска без да каже во која година било тоа.„Бидејќи сум суспендирана, не сум обрнала внимание на заканите“, додаде Русковска и кажа: „Не сум ги пријавила заканите, сметав дека нема потреба“.Таа конкурирала на новиот конкурс за избор на шеф на ОЈО-ГОКК.„Да вчера поднесов пријава, очекувам поддршка“, додаде Русковска.

Македонија | пред 3 години

jsp

Плати за ЈСП се обезбедени, менаџментот да даде оставка

„ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието“, вели Град Скопје и додава:Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос.Платите за ЈСП се обезбедени. Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови.

Македонија | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Штрајкот е нелегален, смета Арсовска и удри по работниците кои се без плата

„Градот Скопје уште во текот на вчерашниот ден, а веднаш по завршување на вонредната седница на Советот на град Скопје изготви одлука за пренамена на средства со кои ќе се исплати септемвриската плата на вработените во ЈСП Скопје“, велат од Град Скопје и додаваат:Иако законскиот рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, дел од менаџментот на ЈСП одлучи дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од вработените да го остави градот без јавен превоз со образложение дека се доцни со исплата на плати, денес, градот Скопје изнајде решение за итна исплата на средствата.Ги повикуваме советниците од Советот на град Скопје уште веднаш, денес, да закажат вонредна седница на Советот како би можело веднаш да се изгласа ова решение и веќе утре вработените во ЈСП да ги добијат своите плати, кои, ќе бидат исплатени во рамки на законскиот рок, а не задоцнети.Исто така, сакаме да апелираме до оние кои ги инструираа дел од т.н. синдикалци да обезбедат правна помош за истите, бидејќи спротивно на Законот за јавни претпријатија и работнички права денес ја попречија работата на ЈСП без притоа да пријават штрајк и да формираат штрајкувачки одбор со што согласно чл.35 од горенаведениот закон се и кривично одговорни.Одговорност мора да има, па затоа ги повикуваме и членовите на управниот одбор на ЈСП назначени по предлог на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат неотповикливи оставки поради доведување во заблуда на дел од вработените во претпријатието и предизвикување на прекин на работните задачи на вработените. Одговорност ќе бараме и од членовите на управниот одбор.Сакаме да потенцираме уште еднаш, одлуката за пренамена на средства за исплата на незадоцнетите плати е изготвена уште вчера, и затоа апелираме претседателот на Советот на град Скопје да ја закаже седницата во најкус можен рок.

Македонија | пред 3 години

danela-avtobusi

Кога ќе се обедини двојната неспособност на Арсовска и на Владата на ЈСП, се случува банкрот на ЈСП, вели ВМРО-ДПМНЕ

Додека владата и Данела Арсовска си ја префрлаат топката кој е виновен, скопјани страдаат, вели ВМРО-ДПМНЕ„Денес штрајкот во ЈСП е последица на двојната неспособност на владата и на Данела Арсовска.Нивната коалиција се гледа и во гласањето во градот Скопје, каде СДС, дел од крилото на ДУИ беа против итноста на седница каде ќе се префрлат пари за вработените во ЈСП. Против тоа беше и неспособната медарка Данела Арсовска.Тендер коалицијата Арсовска СДСМ го упропастуваат градот.Навистина е жално што трпи град од 600 илјади жители.Жално е што гледаме како претпријатие по претпријатие нешто што со години е градено оди во неповрат“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

jsp

Бадијала чекате, автобуси на ЈСП - нема

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје утринава во пет часот, на почетокот на работното време, останаа во гаража.Скопјани бадијала ќе чекаат на станица, автобусот нема да дојде.Вработените на ЈСП ќе бидат во автобазите на ЈСП во Ѓорче Петров и Автокоманда.На вонредната седница на Советот на Град Скопје, вчера се одвиваше расправија, а присутните меѓусебно си ја префрлаа вината. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ја обвини градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а и советниците на СДСМ вината ја гледаат во локалната власт.Арсовска пак, повторно имаше расправија со претседателот на Советот, Трајко Славевски, а на советниците им порачуваше да не шират лаги во јавноста.Заклучокот е дека за прв пат во својата историја, Градот Скопје останува без јавен превоз.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања