ТОП

doktorka-julijana-i-boki-13

Системското убивање на Боки 13 носи гнев: Додека народот го третирате бетер и од стока, а страшни криминалци шетаат на слобода, не чекајте овде никаков спас

Гнев предизвика веста дека Бојан Јовановски-Боки 13 е линчуван во затворот „Идризово“. Тој е оставен без медицинска терапија, не се носи на болнички прегледи, а беше и претепан. Семејството сведочеше дека има хематоми, рани по главата и телото. Меѓу многуте коментари на социјалните мрежи, за малтретирањето на Боки 13 се вели:„Се срамам што живеам во земја која тежнее кон Европа, за да бидеме европјани со мало е. Додека вака го третирате народот, бетер и од стока, додека страшни криминалци шетаат на слобода, а за болни немате разбирање, емпатија, и додека никој не крева глас за одвратниот третман, за човек кој се мачи како грешен ѓаол, додека никој не трепнува, туку читам само, ситење, одвратни нечовечки коментари, не чекајте овде никаков спас ниту подобар живот. На сите ќе ни дојде на глава, а и пеколот пред врата. Многу сум разочарана, гордоста дека сум Македонка и сонот дека сме посебен народ ми се изгаси“, пишува Виле Шентевска-Шулајковска.Скоро еден месец, Бојан Јовановски-Боки 13 не добива редовна медицинска терапија, не го носат на прегледи во болница, а кон него се применува нечовечко постапување. Ова е ставот на адвокатот Владимир Туфегџиќ, адвокат на Боки 13 кој побара и прекин на издржувањето на казната поради лошата здравствена состојба во која се наоѓа осудениот.Од болницата Св.Наум Охридски посочиле дека болеста на Боки 13 е живото загрозувачка, а пак, обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал дал мислење тој да добие условен отпуст доколку има конзилијарно мислење. Сепак, Туфегџиќ посочува дека Кривичен суд не ја сфатил сериозноста на состојбата на Боки 13.Бојан Јовановски-Боки 13 повеќе месеци е мета на тортура во „Идризово“. Тој најпрво беше префрлен во лоши затворски услови, каде дополнително му се влоши здравјето. Во последниот извештај на Народниот правобранител овие простории се опишани како деградирачки, затворениците спијат на под, меѓу бубашваби. Собите се со влага, а ѕидовите се распаѓаат. За тогашната состојба на Боки 13, Народниот правобранител кажа: „Условите се нехумани, под сите стандарди пропишани со домашното и меѓународното законодавство“ и додаде дека не смее да биде сместен во такви услови. Се бараше преместување, но не се доби. По ова, Боки 13 заврши во болница на лекување.Тој беше и претепан. Има хематоми по телото и главата. Два дена се носи на болнички испитувања по крвавиот инцидент. На претепувањето не претходеле расправии, а Боки 13 и затворениците кои физички го нападнале, не се познавале од претходно и немале контакти.

Коментари | пред 3 години

sun-rays-cloudy-sky

Денес од плоштадот во Скопје ќе се набљудува затемнувањето на Сонцето, еве што не смее никако да правите

Oд плоштад во Скопје ќе се набљудува затемнувањето на Сонцето, јавува Скопското астрономско друштво.Граѓаните ќе имаат можност по подолго време да видат делумно затемнување на Сонцето.Кај нас, Месечината ќе го прекрије дискот на Сонцето некаде околу 30-тина проценти.Настанот ќе почне околу 11:30ч, максимумот на затемнувањето ќе се случи околу 12:30ч, а затемнувањето ќе заврши околу 13:30ч.Во Скопје ќе биде поставен телескоп во центарот на градот на плоштадот. Покрај телескопот, ќе можете да видите и други начини како може да се набљудува Сонцето, без опасност да го оштетите видот. Сите се добредојдени да го видат овој редок феномен на небото.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте никако да го набљудувате Сонцето со голо око или уште полошо со некој оптички инструмент без соодветни филтри.

Скопје | пред 3 години

danela119iu4

„Чим Арсовска рекла ќе има вода, треба да полниме бурињата“, аларм за Скопје

Јорданка Ивановска Јоци ја искоментира изјавата на Арсовска во која вели дека Скопје нема да остане без вода.„Чим #Арсовска вака рекла - треба да полниме бурињата и да се подготвиме за тешка зима.Сè досега што изјави, излезе обратно. Рече бесплатен превоз и нови бусови- нема ништо од тоа. Тапа џонсон!Вети светло на улиците, црн мрак е паднат.Луна паркови и Универзална закопани се за навек у правливи фиоки, не ги ни споменува.Едноставно, ни се случува елементарна непогода од епски размери.И, не! Не и` текнува да си оди сама!Можеби треба некој да ја потсети колку е часот...Ја ако кажам, ќе ми се лути“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-10-24-at-13.50.51

Ќе има ли вода во Скопје, Арсовска бара Обвинителството да реагира веднаш

Најавите за штрајк и прекин на водоснабудвањето во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска, ги смета за закани. Таа повика Обвинителството да реагира, за како што рече, заканата не се реализира. Според неа, штрајкот кој го најавува „Водовод“ не е за работнички права, туку за политички поени.„Со оглед на фактот дека изминатите денови се шират шпекулации за наводни проблеми во функционирањето на јавните претпријатија. Ова конкретно се однесува на Водовод и Канализација, за кое информирам наспроти паниката која сакаат да ја креираат неколкумина лица, Градот Скопје има континуирано снабдување со вода. Најавите за штрајк и блокада, би сакала да кажам дека ги охрабрувам своето право на штрајк да го практицираат секогаш кога сметаат дека работничките права се прекршени. А до вработените сакам да апелирам да не дозволат да бидат инструмент на неколкумина поединци кои сакаат да се вплеткуваат во политички пресметки“, кажа Арсовска.Синдикалните организации треба да ги штитат правата работниците, а не на неработниците, потенцираше скопската градоначалничка.„Нападите и заканите доаѓаат во момент кога е најавено департизација на Градот Скопје и има најава за оптимизација на работните процеси. Во конкретниот случај, овие лица кои наводно се борат за работничките права на десетина вработени, треба да ја кажат вистината зошто ова што се случува во овој момент, не е нешто што е борба за работнички права. Најавен беше прекин на водоснабдување во Град Скопје. Апелирам до Јавното обвинителство и сите кои што сметаат дека ова е индиција за попречување на работата на јавното претпријатие, да си преземат дејствија за оваа закана да не се реализира“, додаде Арсовска.Според неа, Водовод е претворено во биро за вработување. Таа додаде дека вработените поради кои ССМ има реакции, и натаму работат во Водовод, за истата плата, но за разлика од порано, според неа, сега имаат обврски и не седат.„Водовод и Канализација не ги врши своите основни функции а тоа е да гради водоводна структура. Имаме дефицит на технички персонал, а имаме огромна бројка на администрација“, додаде таа.Во Водовод и Канализација работат над 1.200 вработени. Арсовска смета дека со неа се преместуваат преку бранење на неработнички права.„Сакам да ги смирам граѓаните и да потенцирам дека градот ќе има непречено снабдување со вода“, додаде Арсовска.

Скопје | пред 3 години

29873038_192089804904504_932191865810071074_o

Скандал ја тресе Македонија, граѓани лекувани од лице кое не било доктор

Лекар без никаква диплома, кој воопшто немал завршено медицински факултет, цели шест години ги лекувал жителите на Вевчани, објави ТВ Алфа. Надлежните го истражуваат случајот.Сомнежот меѓу жителите се јавил уште пред неколку дена, кога низ селото брзо се пренела информацијата дека Здравствениот дом во Вевчани го „чешла“ полицијата, за набрзо потоа да се расчуе дека всушност се проверува целокупната документација и печатите кои ги користел 33-годишниот лекар со спорна диплома, кому шест години му го доверувале нивното здравје.Дозволете најпрвин органите на прогонот да си ја завршат работата, а потоа јас ќе се произнесам за целиот случај, до тогаш не би коментирал ништо“, изјави за Алфа Јован Стојкоски, директорот на Здравствен дом Вевчани.Лекарот чие образование е спорно веќе една недела не работи, додека се испитува случајот. Во Здравствениот дом инаку се лечат пациенти од Охрид, Струга и околните места.Од полиција кусо велат дека работат на расветлување на случајот и на утврдување на околностите.

Македонија | пред 3 години

Dalekovod_Pari

Во изминатите 24 часа ЕСМ во целост произведе струја за домаќинствата и за малите потрошувачи

АД ЕСМ на 23.10.2022 година произведе 10.709 MWh електрична енергија.Во Термоелектраните произведени се 6.896 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.813 MWh.АД ЕСМ во изминатото деноноќие целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.

Македонија | пред 3 години

ddffff-358996

(ВИДЕО) Гори зграда во Штип, има повредени

Голем пожар избувна во зграда во Штип. Противпожарните служби се на терен и во моментот го гасат пожарот. Причините засега се непознати, а нема повредени луѓе. Огнената стихија зафатила два стана.Во тек е евакуација на станарите, но двајца станари од погорните катови сѐ уште не го напуштиле објектот.Како што соопштија од ТППЕ Штип за државната агенција МИА, пожарот се случил во 18:30 часот.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-10-23-at-19.57.53

Која е докторката која не му дава терапија на Боки 13, со што му го загрозува животот

Јулијана Ангелова е домскиот доктор кој и покрај јавните алармирања од страна на адвокатот Владимир Туфегџиќ, го остави Бојан Јовановски-Боки 13 без медицинска терапија, пишува „А1он“. Никој од здравствените власти, не го контактирале адвокатот, откако тој обзнани дека Боки 13 не добива терапија, ниту е однесен на болнички контроли.„А1он“ се обиде да добие одговори од доктор Ангелова, која не ординирала соодветни медикаменти согласно отпусното писмо од болницата каде се лекуваше Боки 13, но таа молчи на прашања дали чувствува одговорност за нејзините постапки и дали ќе гледа вина кај неа ако затвореникот дополнително има влошена здравствена состојба.Адвокатот на Боки 13 кажа дека на овој начин, на неговиот штитеник му е дополнително загрозено здравјето.Повеќе

Македонија | пред 3 години

taravari-arsovska

Ако Алијанса изгуби следни избори, паѓа и претседателот

Кога било да се одржат следните парламентарни избори, Алијансата за Албанците ќе победи и ќе биде дел од Владата. Ако не, јас би се тргнал дефинитивно од политика, вели в.д претседателот на партијата Арбен Таравари во неделното интeрвју за Радио Слободна Европа (РСЕ).На прашањето дали пратениците од неговата партија ќе гласаат за уставните измени, рече дека за една недела „ќе биде објавено интересно барање како услов“ за кое прво ќе се зборува по странските амбасади.– Ние ќе гласаме начелно меѓутоа ќе имаме услови. Што ќе биде нашиот услов е работа што идната недела ќе ја промовираме прво низ поважните амбасади низ Македонија, ќе кажеме што е нашиот главен услов, нормално вториот услов е од Уставот да се тргне терминот 20 проценти, практично да се користат како службени јазици и македонскиот и албанскиот. Но првиот услов ќе биде многу интересен, изјави Таравари.Лидерот на „Алијанса“ дотогаш нема да ги открива условите и додава дека се подготвени со „меѓународни пријатели“.– Не, јас мислам дека треба прво да го кажеме пред нашите меѓународни пријатели, а тие услови се подготвени со меѓународни експерти, коишто ни дадоа и идеја и предлози што би било убаво за целата држава. Мислам дека тоа нема да може да се одбие од која било политичка партија во Македонија, вели тој.

Македонија | пред 3 години

mile-jovanovski-jasminka-jovanovska-boki-13-e1570704605721

Сведоштво на семејството на Боки 13: Хематоми, рани, ова на ниту еден родител не го посакуваме

Она што го видов како родител, не го посакувам на ниту еден друг родител да го доживее со своето дете. Вака Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски-Боки 13 за „А1он“ ја опишува состојбата на неговиот син, кого го посетил во текот на денешното попладне. Тој потенцира дека тој и неговата сопруга, мајка на Боки 13 се загрижени за севкупната здравствена состојба на синот.За состојбата во која се наоѓа по претепувањето, Миле Јовановски за „А1он“ посочува: „Бојан има видливи повреди, хематоми по главата, рани по лицето и околу устата, повредена му е левата рака и чувствува константни болки во стомакот, бидејќи тој веќе и има хронично абдоменално заболување, а домската лекарка буквално се изживува и не му пружа никаква медицинска помош и нега, не ја дава задолжителната терапија“.Повеќе

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

„Ратни профитери“, Апасиев распали и упати барање

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, посочува дека додека во цел свет цената на храната се намалува, во Македонија с зголемува. Според него, треба веднаш да се замрзнат цените на производите.„Во изминативе месеци, цената на храната во светот се намалува, а во Македонија се зголемува. Ама, ни велат од Владата, кризата ни била "увезена"!? Мрш бе таму, профитери ратни капиталистички! #ЗамрзнувањеНаЦените“, посочува Апасиев.Ценовниот шок го осеќаат и граѓаните.

Коментари | пред 3 години

exqpl194kzduoo4tyil5

Коментар на денот: Овие ќе го убијат Боки 13 пред наши очи и никој мува не го лази

По претепувањето на Бојан Јовановски познат како Боки 13 во затворот во „Идризово“, но и по веста дека во установата не му била давана терапија и не бил носен на прегледи, на социјалните мрежи врие од реакции. Една од нив е на „Твитер“ каде се вели дека Боки 13 ќе го убијат пред очите на јавноста.Коментарот во целост:„Овие ќе го убијат боки13 пред наши очи и никој мува не го лази. тоа шо боки направил криминал не ја негира реалноста дека многу од ова малтретирање е резултат на хомофобија, во негов случај и трансфобија“, стои во него.https://twitter.com/Tanjasebanja/status/1583699196401848320?fbclid=IwAR1WOwR5iA8NMyo86eA1Ro16WfHMhv-78N3SvTevLr8Khz6YkGE0ySyU-3A

Коментари | пред 3 години

FUVNf_5WQAAloQ3

Мицкоски е за бришење на бадентерот и балансерот: Се надевам албанските политичари нема повеќе да ги потценуваат граѓаните Албанци

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека треба да се избрише нормата балансер и бадентер, а во институциите место да има за сите квалитетни кадри.„Подготвен сум да разговарам со секого, но треба да разговараме за нормата балансер, бадентер. Да имаме можност луѓето да напредуваат но не поради процент, туку поради капацитет и квалитет. Се надевам албанските политичари нема повеќе да ги потценуваат граѓаните Албанци и ќе ги избришеме тие бадентер и балансер“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

285846388_1164194780788818_2171771388715667132_n

Директорот на Агенција за разузнавање: Oтворањето бугарски здруженија во Македонија е провокација

Oтворањето бугарски здруженија во Македонија со имиња како „Цар Борис Трети“ или „Ванчо Михајлов“ е провокација и е во интерес на хибридни стратези, вели директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу за „360 Степени“.Според него, нивната цел е да го забават зачленувањето на земјава во ЕУ.„Во целиот процес во изминативе 10-12 години јасна и видлива беше интенцијата на трети актери да го успорат процесот на зачленување на Македонија, Црна Гора и други држави во НАТО, исто како и во делот на Европската Унија. Конктретно, околу бугарските здруженија, јас можам да кажам дека ова го третирам од аспект на провокација и е во интерес на хибридни стратези кои се уште не се откажуваат да го попречат или да го успорат нашиот пат, на Република Северна Македонија, да се зачлени во Европската Унија“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

DSC_0289

Сред полициска станица се обидел да убие жена, ја фатил за коса, па и ставил нож на врат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се обидел да лиши од живот една жена која била повикана како сведок за претходен настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека. Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната.Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја лиши од живот.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот, па на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена​.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања