ТОП

maricic-3

Маричиќ дозволува бугарски клубови со навредливи имиња, а македонскиот клуб во Благоевград го навредува и нарекува приватен настан, вели ВМРО-ДПМНЕ

Бојан Маричиќ е последниот во низата функционери и министри, вклучувајќи го и Ковачевски кои не ги удостојуваат Македонците од Бугарија со присуство на отворањето на македонскиот клуб. Тие одат и чекор понатака па ги навредуваат. Изјавата на Маричиќ дека отворањето на македонски клуб во Благоевград е приватен настан и немаат должност да присуствуваат на отворањето е понижувачка, срамна и недостојна, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ова само покажува дека оваа влада на СДС води поданичка и предавничка политика. Ваквата изјава на Маричиќ покажува дека освен дезертерот Ковачевски, дезертери се и сите останати министри во неговата влада.Притоа овој македонски клуб во Благоевград носи име на големиот писател и деец Никола Вапцаров, и во никој случај не е навредлив кон Бугарија како што се навредливи имињата Ванчо Михајлов и Цар Борис кои се користат во Македонија. Патем токму институциите на кои се повикува Маричиќ дозволија да се отворат бугарски клубови со вакви имиња во време кога Маричиќ го забрануваше името „Македонија“ за имиња на здруженија.Маричиќ, Ковачевски, Пендаровски и целиот антимакедонски СДС покажаа дека не се грижат за Македонците ниту во Македонија, ниту надвор од неа. Дома народот го пљачкаат и осиромашуваат, а надвор го игнорираат и го навредуваат. Маричиќ, Ковачевски и Пендаровски се платени да ги штитат и промовираат државните интереси, а не да ја доведуваат Македонија во подредена положба.За ова порано или покасно ќе ги стигне народната казна“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

pesheva

Директорка на Данела си шета туристи низ Скопје сред работен ден

Директорката на скопското јавно претпријатие „Лајка“ Радмила Пешева, денеска во текот на работното време водела туристичка група од Србија во центарот на Скопје, објави порталот „Нова ТВ“, повикувајќи се на сведоштва на читатели.Според читателите, ова не е првпат директорката Пешева да биде во улогата на туристички водич, надвор од работното место во ЈП „Лајка“.Пешева за „Нова ТВ“ вели дека не се вистинити тврдењата на граѓаните кои ја виделе во улога на туристички водич, но потврди дека денеска не била на работното место во „Лајка“ бидејќи зела „слободни часови“.„Не е точно дека сум била со туристичка група, но денеска зедов слободни часови од работа, тоа е архивирано, а моите слободни часови се мое приватно време и можам да ги користам како сакам“, вели таа за порталот.Активистката за заштита на животните Пешева беше назначена за директор на ЈП Лајка од градоначалничката Данела Арсовска минатиот месец.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-10-28-at-19.24.30

(ВИДЕО) Мицкоски за Груевски: Секој што е бегалец од правдата треба да се соочи, а правосилно осудените треба да одговараат

Во интервју за „А1он“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кажа дека кога ќе дојде на власт, нема да ја укине меѓународната потерница по Никола Груевски, што ќе значи враќање на експремиерот директно во затвор. Мицкоски во интервјуто додаде дека секој што е правосилно осуден, треба да си ја одлежи казната.„Потерницата е потерница. Ако вие мислите дека ние ќе ја бришеме таа потерница... Лица кои се осудени, кои имаат правосилна судница, мислам кај господинот Груевски нема...“, рече Мицкоски, на што новинарот реплицираше дека експремиерот е осуден за набавката на Мерцедесот, а Мицкоски додаде: „Е па секој што е правосилно осуден, треба да си одговара. Дали се вика Никола Груевски, Христијан Мицкоски, Зоран Заев, Димитар Ковачевски или било кој друг во државата, без разлика на функцијата, треба да одговара“.На констатацијата од новинарот кој кажа: „Да, но тој ве донесе на чело на партијата, а сега ако дојдете на власт, нема да ја укинете потерницата и ќе го пратите во затвор.. малце...“.Мицкоски одговори: „Се обидувам да ја игнорирам оваа лажна вест која ја кажувате во вашата емисија дека тој ме донел. Но бидејќи третпат инсистирате, ќе ви дадам одговор. Позади мојата кандидатура се потпишаа неколку стотици членови на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, но не беше и потписот на господинот Никола Груевски. Мене ме избраа делегатите на тој конгрес во Валандово“.Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ кажа и: „Апсолутно секој што е бегалец од правдата ќе треба да се соочи со правдата, тука да немате дилема“.?t=1080

Македонија | пред 3 години

IMG_4868

Тешка несреќа во скопско Волково, загина млад скопјанец

На 28.10.2022 во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„60“ и ул.“58“ во с.Волково, скопско, патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С.(26) од с.Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Во несреќата, на местото на настанот починал А.Г., а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Додека, со повреди се здобил А.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

IMG_4243

Уапсени четири косовари

На 27.10.2022 во 21.50 часот кај индустриската зона во Валандово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Стар Дојран ги лишиле од слобода В.Р.(22), А.Д.(24), Г.А.(23), Ф.Г.(23) и Л.Р.(20), сите од Косово затоа што со три патнички возила „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки превезувале 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет мажи, две жени и три малолетници.Околу 21.30 часот на стариот пат Стојаково – Богданци, полициските службеници забележале дека во возилата кои ги управувале А.Д. и Г.А. влегуваат лица мигранти, додека возилото кое го управувал В.Р., а сопатници биле Ф.Г. и Л.Р., било претходница. Тие не застанале на знак за запирање и набргу ги истовариле мигрантите од возилата, но по преземени мерки возилата биле запрени, а мигрантите биле пронајдени. За настанот е известен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

taravari

Што бил Александар Македонски според Таравари

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во емисијата „Само Интервју“ кажа дека Бугарите претеруваат со одредени барања.„Мислам дека чепкаат во достоинството на македонскиот народ и тоа не е коректно. Некои работи треба да останат во историјата. Мислам дека Александар Македонски не бил ниту Грк, ниту Албанец, ниту Македонец. Бил нешто што сега не постои“, вели Таравари.Се претерува со барањата такво нешто да биде услов за почеток на преговори со ЕУ.

Македонија | пред 3 години

dksk_0_0

5 ден ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата Тајни имоти, постапки и разрешувања веднаш, бара ВМРО-ДПМНЕ

5 ден ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата Тајни имоти, постапки и разрешувања веднаш, бара ВМРО-ДПМНЕ„5 дена ДКСК се обидува да го преземе товарот на аферата Тајни имоти на себе, и да ги аболицира 123 функционери од власта. 5 дена наместо постапки се измслуваат изговори.И додека ДКСК се обидува да ги амнестира, дел од функционерите опфатени во аферата Тајни имоти како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу признаа дека не поднеле анкетен лист.Ковачевски наместо да постапи како одговорен политичар и да почне да разрешува, тој ги штити функционерите. Дали тоа го прави затоа што можеби и тој крие имот пд аферата Броило?Ковачевски со секој поминат дека како ги штити функционерите кои криеле имот покажува дека е дел од нив.Аферата Тајни имоти докажува дека институциите со СДС на чело не си ја работат работата, и дека воопшто нема одговорност кога станува збор за функционери на власта“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

gruevski

Груевски за потпишувањето на договорот со Фронтекс: Ова разбирам дека е некаква кампања за некоја следна одстапка на национален план

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски испрати порака преку социјалните мрежи по потпишување на договорот со Фронтекс на македонски јазик.Во продолжение следи негоаата објава од Фејсбук.„Ова со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на “НАЈЧИСТ” македонски јазик, разбирам дека е некаква кампања за некоја следна одстапка на национален план, со која треба да ни се набилда егото дека поразите и капитулациите на национален план всушност се победи, но незнам дали навистина народот толку затупел или овие од власта така го третираат и доживуваат? Сите меѓудржавни договори и договори со меѓународни институтиции, и порано и сега, и во иднина се потпишуваат и ќе се потпишуваат на македонски јазик, со кирилично писмо, кој нема чиста или нечиста верзија, нема две или повеќе верзии, ниту се потпишува на дијалекти и најчесто покрај на македонски јазик се потпишува уште и на англиски и/или некој друг јазик, зависно со кого потпишуваме. На ист начин функционираат сите држави. Никој досега не побарал од Македонија да не биде така. Тоа не е предмет на спор или дебата со никого. Тоа не е тема во ниту еден спор.Отворениот спор од надвор е за тоа како се викал тој јазик(плус нација/националност и историја) до 2. Август 1944 година, а не како се вика потоа и денес.Како се викале јазикот, историјата и нацијата до август 1944 година. Дали сите предци на оние кои денес се произнесуваме Македонци, реално се чуствувале бугари по националност, говореле бугарски јазик а нашата историја до тој момент дали е бугарска. Никој, апсолутно никој, досега не побарал од Македонија да не го користи македонскиот јазик во усна или писмена комуникација со неговото кирилично писмо во земјата или надвор, како и во меѓународните договори или да го замени со чешки, грчки или дански или пак бугарски или српски.Од секогаш во политиката насекаде имало т.н. спинови и пропагандни кампањи и флоскули, ама никогаш немало толку евтини и приземни. На прва би рекол дека ја потценуваат интелегенцијата на цел еден народ, но кога подобро ќе се размисли всушност тоа е само ниско ниво на интелегенција на власта и оние кои им ги осмислуваат, подржуваат и учествуваат во овие кампањи.По оваа логика, власта може да направи нова кампања, а потоа да прослави голем успех и јавно на плоштадот Македонија да отвори можеби и славенички шампањ, дека на пример владата испратила телеграма со честитки за католички Божиќ до папата, или до некој претседател или премиер на ЧИСТ, НАЈЧИСТ, НАЈ НАЈ ЧИСТ, ОРГИНАЛЕН, ОРТОДОКСЕН и 100% македонски јазик. И плус литературен! Или каков друг збор нема да им падне на памет… И?Ние сите демек треба да “паднеме во несвест” и да го отцениме тоа како некоја голема победа за Македонија и да честитаме на владата? Неверојатно е со какви глупости го занимаваат народот или само мислат дека го занимаваат. После поминат долг период во политиката одговорно им тврдам дека помала фрустрација и бес ќе создадат, иако и таа сеуште ќе биде мошне голема, ако отворено, искрено и без интриги и вакви трикови кажат што и зошто прават, колку и тоа да не е исправно. Наместо луѓето да ги прават “будали” кои не само што ќе треба веруваат во тоа, туку и да прослават триумф!Народот, граѓаните, луѓето во Македонија, дури и кога длабоко не се согласуваат со нешто, ја ценат искреноста, која сама по себе преставува искажување на минимално ниво на почит кон другиот.И спротивно, бесот и гневот се удвојува кога покрај се, уште и се мамат со трикови кои тешко поминуваат и кај деца од 10-12 годишна возраст.Всушност тоа е универзално правило“, напиша Груевски.

Македонија | пред 3 години

dimovski-780x470-1

В.д. директорот на Водовод и канализација откри какви привилегии имала сопругата на Дарко Димовски

В.д. директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје М-р Митовски Марјанче на официјалниот фејсбук профил на претпријатието објави демант за како што вели „лагите на Дарко Димовски“.„Жалиме што првиот синдикалец, како што сака да се нарече г-дин Дарко Димовски во обид да го покрие сопственото нетрпение кон директорот на ЈП Водовод и канализација Марјанчо Митовски, решил да безочно да лаже.Вистината е дека Митовски не лежел затвор и не постои таква пресуда.„Она што навистина го фрустрира претседателот на ССМ е одземањето на привилегиите кои ги уживала неговата сопруга Лила Димовска која впрочем е вработена во ЈП Водовод и канализација - Скопје. Службено возило, службен телефон, платени отсуства од по шест месеци и уште толку неплатени отсуства и бројни други привилегии преку кои повеќе не можат да ги користи ниту да се богати семејството Димовски.Парите кои досега ги добивале како плата, отсега ќе мора навистина да ги заработат, а скопјани не се должни да ги плаќаат нивните хирови и незаслужени привилегии.Затоа, овој демант може да се смета и официјалнно барање за извинување и повлекување на лагата која ја лиферувал Дарко Димовски од ССМ во наредните 48 часа, во спротивно, вистината ќе ја докажуваме пред надлежниот суд“, се вели во демантот.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Две жртви во пожар во Битола

Попладнево околу 17:30 избувна пожар кај ресторанот „Кисела Вода“ во Битола.Регионалниот центaр за управување со кризи Битола информира дека противпожарните служби гасат пожар кај ресторанот „Кисела Вода“. На терен е едно возило и со пет пожарникари.До овој момент има пријавено дека има две човечки жртви. Интервенцијата е во тек, екипите се на терен.Од Центарот за управување најавуваат повеќе информации подоцна во текот на ноќта.

Македонија | пред 3 години

policija-3-640x382

Познат идентитетот на загинатите кај Битола

Од Министерството за внатрешни работи информираат за трагедијата кај Битола.„Во 16.24ч. од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на с.Крстоар-Битола, имало две починати машки лица“, велат од МВР.Тие додаваат дека за настанот е известен јавен обвинител.„Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт. Утврден е идентитетот на починатите: А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција“, порачаа од МВР.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-10-26-182302

Видео кое ја обиколи Македонија, девојче од 11 години проговори за дислексијата

Здружението за дислексија Ајнштајн на социјалните мрежи објави видео од малата Ана која отворено проговори за дислексијата.Таа за оваа состојба дознала во трето одделение и вели дека се може да се постигне во животот само потребно е малку повеќе труд.„Ана има нешто многу важно да ви каже, и да ви докаже дека дислексијата не е ништо страшно#МесецНаДислексија“, стои во описот на видеото.

Магазин | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Дојава за бомби во пет скопски училишта, спроведена евакуација

Пет скопски училишта се евакуирани поради дојава за поставени бомби. Гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“ се целосно испразнети од ученици и персонал, а екипи на МВР вршат пребраувања. Од МВР велат дека пријавите се по пат на мејл.„СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“, велат од МВР.Во моментов, учениците се надвор од училишниот двор. Ова е втора дојава, откако претходно, вработен во ЈСП пријави дека поставил бомба во автобус поради тоа што вработените немаа земено плати.

Скопје | пред 3 години

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

На Град Скопје му се случува хаос, јавните претпријатија се на раб на функционалност, вели СДСМ

На Град Скопје му се случува хаос, јавните претпријатија се на раб на функционалност, а граѓаните не ги добиваат услугите навремено и квалитетно, вели СДСМ„Скопје за прв пат остана без јавен превоз, се заканува нова криза, овој пат во ЈП „Водовод и канализација“, нема проекти, нема инвестиции, нема развој.Вината за ваквиот хаос во Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот целосно е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.Залудно се обидуваат да побегнат од одговорноста.ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот на Град Скопје, а тој ги именува членовите на Управните одбори во Јавните претпријатија, кои се највисок орган на управување.Тие УО се составени од членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните и му приредуваат нова катастрофа на Градот Скопје“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

„Тајни имоти“ – на списокот дедото на Каевски, Муслиу, адвокатот на СДС Јевтиќ и директорот на Македонски шуми“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Високи функционери на власта свесно прекривале колкав имот поседуваат, органите на прогон да покренат истрага, вели ВМРО-ДПМНЕ„123 високи функционери на власта кријат таен имот во вредност од 30 милиони евра.Аналитичарот на СДС Алберт Муслиу, најпознатиот адвокат на СДС Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски директор на ЈП Македонски шуми и Новица Печински, член на Управен одбор Здравствен Дом Берово се само дел од функционерите кои го кријат својот имот, а се директно поврзани со владата на СДС.Муслиу дедо на младиот олигарх Дарко Каевски и верен поддржувач на политиките на СДС, пет години не поднел анкетен лист, и покрај тоа што имал законска обврска истото да го стори со оглед дека е назначен од Владата во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.Според информациите со кои располагаме, истиот поседува куќа во Скопје и стан во Центар, а се јавува како основач и сопственик на повеќе правни лица, здруженија и фирма за трговија.Имено, адвокатот Јевтиќ покрај ангажирањето од страна на функционери на СДС за пишување на тужби за навреди и клевети, е и член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. Истиот тој адвокат кој што сигурно треба да знае дека треба да достави анкетен лист до Антикорупциска, го крие, а поседува стан во Скопје, основач е на адвокатското друштво Тошиќ – Јевтиќ, а од 2020 година ја основал и градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје.Понатаму, директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски не го ажурирал анкетниот лист, а од претходниот имотен лист јасно се гледа дека истиот поседува куќа во Битола, автомобил, а неговиот брачен другар поседува куќа во Ресен. Додека пак Печински кој е вработен во општина Берово е и член на Управен одбор Здравствен Дом Берово и претседател на спортски клуб, крие куќа во Берово и автомобил.Прашањето кое треба да се одговори е дали Валентин Груевски и Печински преку не поднесување на нови имотни листови се стекнале со имот на криминален начин и истиот сака да го прикријат?Власта на СДС преку вакво криминално делување свесно ги уништува системот на државата. Одговорност мора да има.Ако Ковачевски не се согласува со криењето имот тогаш да ги разреши.Покрај казна за прекршување на законот, бараме институциите да не премолчуваат пред фактите и аргументите и да не се ставаат во одбрана на кршењето на законите во државата, и веднаш да покренат истрага. Органите на прогон служат за да работат согласно законите и Уставот во интерес на граѓаните, а не во интерес на лицата блиски до власта на СДС кои свесно и одговорно прикривале каков и колкав имот поседуваат.Очигледно е дека една од причините е дека се прикривал имотот се со цел граѓаните да немаат јасна претстава колкаво богатство поседуваат високите владини функционери и блиски до луѓе, додека тие едвај преживуваат.ВМРО-ДПМНЕ продолжува со објавување на аферата „Тајни имоти“ и денеска ќе бидат откриени нови имиња кои што свесно го прекршиле законот и до Државната комисија за спречување на корупција не поднеле точен анкетен лист и покрај фактот што имале обврска истото да го сторат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања