ТОП

gruevski-mala

Груевски прашува: Ќе имало храна, струја и греење!!!? Што е следно? Вода и воздух?

До кое дереџе дојде Македонија!!!? Премиерот се бори да има храна оваа зима, и гордо соопштува на народот дека храна ќе има!!! Ако некој низ Европа ова го прочита, првата помисла ќе биде дека тоа е изјава на премиерот на Етиопија или некоја друга африканска држава а не Македонија, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Едно време се гордеевме дека ќе има ваучер за бесплатен компјутер/лаб топ за сите бруцоши, пари за секое семејство кое ќе добие трето дете или субвенции за странски туристи и нови линии на ниско тарифни авио компании, со кои Македонија се поврза со многу градови и држави. Автопати, возови, голем број нови фабрики и работни места донесени од нас со наш директен ангажман, нови економски политики и убедување, а сега битката е…за хранаПлус горди сме сега дека ќе има струја и греење.Дали ќе има храна во моментот е прашање само во земјите во Африка. Во Европа тоа не е тема.Исто е и за струјата. Во ниту една европска земја во моментот нема тема во јавноста дали ќе има струја, само цената е дискусија, која веќе паѓа, како што паѓа и цената на гасот онака како што прогнозираше финасиската корпорација Голдман Сакс уште на почетокот на септември кога изјавија дека во текот на зимата штом ќе се свати дека Европа се снашла со гас, цената ќе почне да паѓа. Таа веќе паѓа а уште зимата не е простигната.Дали ќе има (доволно гас за) греење, беше тема во Европа кратко време, неколку месеци, но веќе неколку недели тоа воопшто не е тема одкако Европа има проблеми со вишок на гас бидејќи нарачаа прекуумерени количини гас со бродови, па сега ги враќаат бродовите оти веќе немаат каде да го сместат гасот.Македонија троши гас колку една просечна цементара во Европа а премиерот и владата бара аплаузи од нацијата дека во вакви услови нашол гас.Би можело и многу повеќе да се троши гас во Македонија, но шеста година одкако дојде актуелната власт не се доделува концесија на инвеститор за секундарна гасификација со што без државни вложувања ќе се изгради разгранета мрежа приклучоци на гас, која примарните гасоводи ќе ги поврзе со фабриките, приватните компании, институциите и домаќинствата.Не се пуштаат во употреба и нема секундарна гасификација на претходно завршените гасоводи кумановско Клечовце-Св.Николе- Штип, и Штип-Радовиш-Неготино/Кавадарци. На толку многу инвестирани пари од буџетот, шест години да не сте заинтересирани од сето тоа граѓаните да добијат полза, тоа е рамно на злочин кон државата и народот.Ниту пак полза има народот од постоечкиот гасовод Крива Паланка, Куманово и Скопје, кој им поминува “покрај дворот”.Објавениот јавен повик за концесионери за секундарна гасификација за цела Макеоднија пред изборите во 2016 година беше сопрен. Исто како што беше сопрена и изградбата на клиничкиот центар во Скопје како и гасната централа во рамките на истиот.Да не се сопреше се ќе беше поинаку.Без малку се се сопре што го бевме почнале а не стигнавме да го завршиме.Ене ги факултетите за физичка култура и ФИНКИ кај ТЦ Мавровка, стојат не допрени од тогаш, како споменици на едно време на неработење, злоба и неспособност.Патот преку Водно до Сопиште, е целосно готов од јуни 2017 година, не го пуштивме пред заминување бидејќи се поставуваа банките од страна на патот кои еден месец подоцна се завршија.Зошто не го пуштаат?Од многу приземни причини, од завист и од инает бидејки е дело на нивните политички конкуренти и оти не ги бива да направат нешто подобро!Да не зборуваме за автопатот Кичево-Охрид, 50% завршен уште во далечната 2016 година.Двата веќе легендарни километра автопат што долго ги ветуваат и најавуваат на ветениот автопатот Скопје-Блаце кој треба да е 14 километри долг, веќе се за забавна рубрика и кога ќе го направат мислам дека ќе има повеќе смеење одколку честитки, исто како и со оној мал дел од делницата Кичево-Охрид кој уште пд пролета го најавуваат за наскоро.Но да се вратам на темата. Не се завршуваат ни започнатите со градба гасоводи од Скопје кон Тетово и Гостивар и од Кавадарци до Прилеп и Битола.И не се почнува градба на нови гасоводи за сите населени места да имаат пристап до гас.Ќе имало храна, струја и греење!!!?Што е следно?Вода и воздух?А какви беа верувањата…?!П.С. Ако малку низ шега сакаме да погледнеме на македонската трагедија би рекле дека за ЖИВОТ е доволно храна, струја и греење:)“, вели Груевски.

Коментари | пред 3 години

312968444_509070804444769_1859572623736705720_n-696x745-1

(ФОТО) Пожар на Стража, постои опасност да се прошири на патот

Пожар попладнево избувнал на местото викано Стража, дознава 4NEWS.mkПостои опасност пламените јазици да се прошират и симнат до патот.Засега нема информации од надлежните дали веќе се интервенира.Фото: 4NEWS.MK

Македонија | пред 3 години

20221030224327

Бугарски медиум: „Повеќе гости, отколку домаќини на отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград“

Солидно странско присуство го одбележа отворањето на скандалозниот приватен македонски клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, тврди бугарски 24 Часа со наслов „Повеќе гости, отколку домаќини на отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград“ по вчерашниот настан.„Групата од Северна Македонија беше најбројна. Значајно беше присуството на генералниот секретар на претседателот Стево Пендаровски - Миле Бошњаковски, кој одби да зборува на отворањето и само се заблагодари за поканата. Пристигнаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Миткоски и лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев со неколку пратеници, како и група од Демократскиот сојуз и историчари. Меѓу гостите имало и група која се претставувала како Македонци од Албанија со нивниот заменик, како и група од Грција на чело со отец Никодин.Мештаните, самоидентификувани како Македонци, не беа повеќе од 50 луѓе“, тврди 24 Часа.Изданието тврди дека ОМО „Илинден“ воопшто немало намера да покаже што имало во клубот и таму да го организира официјалниот дел.„Од звучниците се слушаа гласни патриотски песни и маршеви. Со тоа беа осуетени плановите на активистите на ОМО „Илинден“ прославата да се одржи на отворено, а официјалниот дел требаше да се помине во тесната просторија“, тврди 24 Часа.Бошњаковски рекол за бугарските медиуми дека се познава со дел од домаќините на клубот бидејќи биле на средба со претседателот Стево Пендаровски.Внимание предизвика и изјавата на Мицкоски дека Македонците почнале да вадат бугарски пасоши дури откако Бугарија станала членка на ЕУ, а не и претходно.

Македонија | пред 3 години

asdfasdfasdf

(ВИДЕО) Мицкоски со совет за Маричиќ, одговарајќи за бифтеците: Исхраната е важна

Христијан Мицкоски во интервју за „А1он“ вети дека нема да биде како вицепремиерот Бојан Маричиќ ако дојде на власт. Тој кажа што сака да јаде во кафеана, но не на туѓа сметка. Порача дека е вкусна пастрмката, а исхраната е важна ако се спортува. Сето ова го посочи откако беше прашан дали ќе постапува како Маричиќ.?t=3243„Јас и кога не сум бил на власт, сум внимавал многу на исхраната. Спортувам многу. Исхраната е многу важна алатка во спортот. Се трудам многу малку месо да јадам, повеќе да јадам салати, овошје и така натаму. Така што, ќе се држам до тој начин на исхрана, без разлика дали сум опозиција или сум во владата, или сум надвор од политиката“, рече Мицкоски за „А1он“ одговарајќи дали како Маричиќ ќе јаде бифтеци на државна сметка.Прашан дали сака морско, бидејќи Владата набавуваше со илјадници евра, Мицкоски додаде: „Не, исклучително квалитетна речна парстрмка. Има многу убава во една рибарница во пазарчето Буњаковец. Таму ми пржат, многу е вкусна“.„Секогаш било така“, рече Мицкоски прашан дали и ако дојде на власт ќе јаде на приватна сметка.Според него, не јадел на туѓа сметка ниту како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.„Имам право на репрезентација и во ВМРО-ДПМНЕ, проверете дали има барем една сметка потпишано“, рече Мицкоски, а на забелешката дека ВМРО-ДПМНЕ има блокирани сметки па не може да јаде преку партијата рече: „Па можеме да потпишеме по некоја сметка, од тоа малку што го имаме, но и тоа го нема“.

Македонија | пред 3 години

7BE59EF7-8685-456E-B9CB-BA329941DC37

ВИДЕО: Апасиев натепан во Бугарија

“На денешното отворање на македонскиот културен клуб, претседателот на Левица - Димитар Апасиев беше физички нападнат од бугарски уфрлен шовинист!”, вели Левица.Тие додаваат:Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви.Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев!Од видеото кое го добивме после физичкиот напад, може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат ,,Македонија".На денешното отворање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, на кое срамно одбија да присуствуваат премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски, беше присутна делегација на Левица предводена од претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов.Претседателот Апасиев од Благоевград порача дека за разлика од фашистичките клубови што се отвораат во Македонија, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови!

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-10-28-at-19.24.30

(ВИДЕО) Штеди струја и се облекува „дебело“ по дома: Мицкоски откри од кои пари живее

Јавноста не знае каков имот има Христијан Мицкоски, прв човек на ВМРО-ДПМНЕ. Не е обврзан да го обзнани ова на граѓаните, бидејќи не е државен функционер. Нема поднесено анкетен лист, затоа што тоа не е ниту побарано од него. Во интервјуто за „А1он“, Мицкоски, откри дека дома кај него се штеди. Сите членови се наоблекуваат, за да им биде потопло, а грејните тела им се со намалена тепература. Истовремено, откри и од какви примања живее.„Дома се повеќе сме облечени, пониска е температурата, помалку грееме“, рече Мицкоски, па прашан од новинарот: „Штедите и вие?“, Мицкоски одговори: „Па нормално дека штедиме, јас живеам од професорска плата, јас во политиката живеам од примањата кои ги имам од мојата матична институција – Машинскиот факултет во Скопје. Нормално е дека како влијае инфлацијата врз другите семејства, влијае и врз моето семејство. Јас не водам бизнис, немам дополнителни приходи“, кажа Мицкоски.Денеска високата цена на електричната енергија е причина за несреќата на многу семејства, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за порталот А1 ОН и додаде дека енергетската криза прераснала во општа економска криза бидејќи граѓаните кога пазаруваат можат да забележат како се намалува кошницата, бидејќи за разлика од сега порано како што рече тој со 1000 денари можело да се купат многу повеќе прехранбени производи.„Јас не знам Ковачевски како ги разбира граѓаните, но ценејќи според неговите политички потези и однесување мислам дека воопшто не ги разбира. Но, доволно е да се појде во продавница, не за да се купи тост, туку да се појде до продавница и да се испазаруваат основни прехранбени производи. Порано со 1.000 денари можеше да се купи многу повеќе, можеби два пати повеќе производи отколку сега“, додаде Мицкоски.?t=2466

Македонија | пред 3 години

goran-koseto

(ВИДЕО) Ќосето за изјавата на Мицкоски за Груевски: Ј*бете се, како не ти е срам!

„Оној кој што е бегалец од правдата, треба да се соочи со правдата, тука да немате дилема. Потерницата си е потерница, ако мислите дека ние ќе ја бришеме таа потерница за лица кои што се осудени кои што имаат правосилна пресуда, мислам дека кај господинот Груевски нема се уште таква пресуда. Секој оној кој што си е правосилно осуден треба да си одговара“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за А1 он.На ова реагираше Горан Ангелов кој е осуден на 12 години затворска казна за случувањата во Собранието на 27 април .„Ова е и значи и за 27 Април ,пошто сме правосилно осудени треба да си лежиме за “ТЕРОРИЗАМ”‼️Абе ЈЕБ*ТЕСЕ ,како не ти е срам“, вели Ангелов.Потоа тој на Фејсбук објави нов статус.„За кои пресуди зборуваш?! Оние од Кацарска и Русковска, нели беа “Кацарска судство ‘ или сега ти се арни!?“, напиша Ангелов.

Коментари | пред 3 години

stevce-jakimovski-750x430-1

Јакимовски со совет до Мицкоски: Кики, подобро ти е да се пријавиш како доброволец да одиш на фронт во Украина отколку да војуваш со сите нас

Таче заедно со странците се обидува да направи предизборна коалиција со сите албански партии. Додека пак лидерот на опозицијата Христијан Мицковски ако нема со кого да завојува наутро сам на себе си удира бокс во сопственото огледало, вели градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.„За 9 месеци успеа завојува со мене и ГРОМ, Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, а сега гледам војува и со ЛДП. Како што кажуваат Пенов бил транзициски политичар, а до вчера во градскиот совет им беа Михајло Маневски и Владо Поповски кои заедно имаат 160 години и се во политиката уште од Коча Поповиќ.Трајко Славевски -талентот не бил транзициски зошто само 3 години помалку бил на функции од Пенов кој во 1996 година стана Градоначалник на Скопје, а Трајко во 99 стана министер за развој‼️Хипокризија‼️‼️‼️Малку му бевме ние па сега отвори фронт и према Никола Груевски‼️Ќе го ставал во затвор, требал да лежи.Толку ли нема осет дека најмалку 30/40% од членството во партијата се “Груевисти” и со длабока почит кон својот поранешен лидер.Запомнете го следниво, времето во ВМРО ќе се мери до Груевски и после Груевски. Или да ви преведам, пред и по него се е празно.Нема приказна, нема резултати, нема успеси нема 500илјади гласови.Незнам како мисли да тера понатаму со секојдневно отварање на нови фронтови⁉️Премногу е слаб да војува со нас и затоа би му дал еден совет: Кики, подобро ти е да се пријавиш како доброволец да одиш на фронт во Украина отколку да војуваш со сите нас.Таму полесно ќе пројдеш“, вели Јакимовски.

Коментари | пред 3 години

spasovski

Спасовски откри од каде се пратени мeиловите со лажни пријави за бомби

Министерот Оливер Спасовски во денешното гостување во дневникот на Сител на прашањето до каде е истрагата за лажните пријави за наводно поставени бомби во скопските средни училишта, соопшти дека пораките се пуштени од странство.„Пораките се пуштени од надвор од државата. Имаме сериозни индиции за тоа како се одвива целиот тој процес и во тој дел навистина работиме максимално посветено, со помош на нашите партнери, се со цел да ги прекинеме овие монструозни чинови кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните.“, објасни министерот Спасовски.Тој потенцираше дека сите капацитети на безбедносните служби, од почетокот на мандатот на ова раководство на МВР, се посветени кон сериозна заштита на сите граѓани на државата во сите сегменти, меѓу кои и во сајбер безбедноста, која во денешни услови исклучително доаѓа до израз.„Вие знаете дека имаше обиди за напади врз институциите, хакерски напади врз неколку институции во државата. Дури и при спроведувањето на пописот имаше сериозен хакерски напад на целиот систем којшто практично работеше во делот на спроведување на пописот, на неколку од министерствата итн. Тоа покажува само колку е потребно во делот на сајбер безбедноста да се преземат сите мерки и таа сајбер безбедност да ја зголемуваме преку јакнење на капацитетите материјално-технички, меѓутоа и на човечките ресурси.“, истакна Спасовски.

Македонија | пред 3 години

Marija-Zaharova-860x680

„Русија ќе го покрене прашањето за терористички напади во кои беше вмешана Велика Британија“, вели Захарова

Москва ќе го привлече вниманието на терористичките напади во Црното и Балтичкото море, во кои беше вклучен Лондон, изјави денеска Марија Захарова.„Русија има намера да го привлече вниманието на светската заедница, вклучително и на Советот за безбедност на ОН, на серијата терористички напади врз Руската Федерација во Црното и Балтичкото море, вклучително и вмешаноста на Велика Британија во нив“, изјави Захарова за ТАСС.Велика Британија претходно денеска ги негираше руските тврдења дека членовите на британската морнарица го разнеле гасоводот Северен тек минатиот месец, нарекувајќи го „лажни тврдења од епски размери“.Руското Министерство за одбрана претходно објави дека припадници на британската морнарица учествувале во планирањето и извршувањето на терористичкиот напад во Балтичкото Море на 26 септември, кога беа оштетени гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“.Според информациите од руското Министерство, британски експерти од градот Очаков, Николаевската област, учествувале во планирањето напади со девет беспилотни летала и седум автономни поморски беспилотни летала на руски бродови на Црноморската флота и цивилни пловни објекти, кои биле лоцирани на надворешните и внатрешните приклучоци во основата во Севастопол.

пред 3 години

zimsko-letno-smetanje-na-vremeto-960x639-1

Коментар на денот: За држава шо е 100 години наназад, еден саат ништо не менува

Вечерва започнува зимското сметање на времето кога стрелките ќе се поместат еден час наназад.На Твитер се пошегуваа дека за држава што е 100 години назад, еден час ништо не менува.„За држава шо е 100 години наназад, еден саат ништо не менува“, стои во објавата.https://twitter.com/Ancebelobanance/status/1586274669346553856?s=20&t=0S41gIpf9VJp_0Jo43zQow

Коментари | пред 3 години

raskovski55

Рашковски ги возвраќа ударите: Ќе пукне брука

Кој ќе одговара кога Европското јавно обвинителство ќе видат дека лаптопот на нашето ОЈО на кој се чуваат сите дигитални докази за завршени и тековни истраги и предистраги се изнесува од просториите на ОЈО по принципот кому иде, притоа компромитирајќи ги сите материјали и на другите јавни обвинители, правејќи ги ваквите докази на своите колеги според сите можни стандарди – неупотребливи, вели поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.„Пред три дена Јавното обвинителство на РСМ потпиша работен договор за соработка со Европското јавно обвинителство. И, тоа е многу добра вест за нашето правосудство тврдам. Обвинителите Ковеси и Јовевски потпишаа договор со кој се обрзуваат како на правно така и на техничко ниво дека двете обвинителства ќе соработуваат се со цел искоренување на корупцијата и намалување на злоупотребите на јавните финансии.Во најмала рака тоа значи дека нашите обвинители “ќе мора да постапуваат европски” по европски процедури со цел собраните докази да бидат прифатени од страна на нивните истражители и обвинители, а подоцна и од судскиот систем.И, ова е како што напишав убаво, европски, по стандардна процедура и така треба да биде.Но, не е така. Ќе се брукаме, а некој ќе треба и да одговара.Прашувам јасно и јавно, како овој договор ќе се примени на постапката за собирање на дигитални докази, или како што се нарекува “собичката за дигитална форензика” во ОЈО ГОКК, која ќе биде претесна за срамот кој ќе го доживееме, а не пак за водење на дигитална форензика за потребите на ЕЈО.Европското јавно обвинителство за оваа намена има формирано посебна институција со посебни правила за собирање на дигитални докази. Станува збор за Европската служба за спречување измама, позната и како ОЛАФ, од нејзиниот француски назив: Office de Lutte Anti- Fraude која истражува измама против буџетот на ЕУ, корупција и сериозна злоупотреба на службена должност во европските институции и развива политика против измама за Европската комисија. ОЛАФ и EЈO взаемно соработуваат преку обезбедување информации, анализи, експертиза и оперативна поддршка.На официјалниот сајт на ОЛАФ стои дека “Заради прибирање на дигитални докази ОЛАФ работи според усвоени упатства кои ги земаат предвид меѓународно одобрените стандарди и добри практики”.Кои меѓународни стандарди и добри практики ќе ги начекаат европските партнери во собичката и во шкафчето во ОЈО ГОКК во кое треба да биде заштитена и чувана нашата дигитална форензичка лабораторија?Ајде сега да видиме каков е стандардот на ЕЈО, значи нивната дефиниција за Дигитална форензичка лабораторија, е следна:“Форензичката лабораторија на ОЛАФ е составена од физички изолирани и заштитени канцеларии во рамките на ОЛАФ каде се обезбедуваат форензички услуги. Тука спаѓаат просториите за форензички сервер, каде што се чуваат дигиталните форензички докази и работните датотеки, и просторот за консултации за истражителите и оперативните аналитичари.”Ајде сега да видиме каков е стандардот кај, нашата дефиниција, пардон нема дефиниција имаме само муабет кој вели:“Просторија во која може секој да влезе, од која клуч има дури и јавниот обвинител и неговиот стручен соработник и физичката изолираност на доказите се постигнува на начин што дигиталните уреди се чуваат во шкафче”.Каква соработка ќе им понудиме на ЕЈО во делот на дигитална форензика и какви веродостојни докази ќе им доставиме кога тие бараат, “Пристапот до оваа лабораторија е ограничен на системските администратори и оперативниот персонал кои имаат потреба да бидат информирани и тоа преку електронска контрола на пристап и евидентирање од читачи на значки. Влезот во лабораторијата се следи со систем за видео надзор”, а кај нас ОЈО ГОКК “дигиталната форензичка лабораторија” е оставена на милост и немилост од август месец 2021 година кога единствениот информатичар си замина од таму?Што ќе ни коментира ЕЈО на фактот дека тие бараат, “Со цел да се заштити синџирот на докази, истражителот нема да прифаќа дигитални уреди од кое било лице во ниту еден момент за време на дигиталната форензика и спроведува дигитално форензичко преземање на добиениот уред.”, а во процедурите на ОЈО ГОКК уредите се чуваат кај стручните соработници на самото јавно обвинителство и се обработуваат понатаму од полициски службеници – економисти?Како ЕЈО ќе им верува на ваквите докази доставени од ОЈО ГОКК кога тие бараат целосно почитување на Синџирот на докази, затоа што според нив “Синџир на докази: Се однесува на детална документација за статусот на потенцијалните дигитални докази во секој временски период од моментот на собирање, преземање или одземање на доказите до моментот на презентирање на доказите на суд.”, а ОЈО ГОКК штафетно ги предава дигиталните докази без да се знае кој имал пристап до нив по цели месеци?Што ли ќе мисли за нас ЕЈО кога тие ќе побараат дигитална форензичка копија од доказите затоа што според нив, “Дигитална форензичка слика: Форензичка (битова) копија на оригинални податоци содржани на медиум за дигитално складирање, добиени за време на дигиталната форензичка постапка и складирани во бинарен формат со единствена хеширана вредност.”, а ние ќе им дадеме Word документ искуцан на компјутерот на обвинителот?Не знам како ќе го скриеме сопствениот срам кој ќе излезе на виделина надвор од границите. Досега овој срам домашно се прикриваше со судски одлуки кои се веќе предизвикани пред Европскиот суд за човекови права во Струзбург.Но, едно е сигурно:ЌЕ ПУКНЕ БРУКА... кога европското јавно обвинителство ќе увиде дека лаптопот на кој се чуваат сите дигитални докази за завршени и тековни истраги и предистраги се изнесува од просториите на ОЈО ГОКК, по желба само на еден обвинител од нему познати причини, притоа компромитирајќи ги сите материјали и на другите јавни обвинители, правејќи ги ваквите докази на своите колеги според сите можни стандарди – неупотребливи. ако на ова додадете дека пристап до тој лаптоп кога бил изнесен имале неовластени лица ... – некој ќе мора да одговара за создавање на “плодови од отровна овошка”“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

mickoski-danela-1

(ВИДЕО) Мицкоски не ја поштеди Арсовска: Јас не сум психијатар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за А1он изјави дека градот Скопје имал многу подобри градоначалници од Данела Арсовска во оваа прва година.„Данела позади која застана ВМРО-ДПМНЕ победи на избори. Јас како човек сум  застанал позади карактер, па не сум на крајот од денот психијатар за да можам дап роценувам карактери, па дали се тие со вакви или такви склоности. Јас како претседател на политичка партија бирам победник или губам на избори, вели Мицкоски.Тој ја прокоментира изјавата во која Арсовска вели дека треба да се побара оставка од „Мицкоски, шпицниот градоначалник“.„Непријатно е да ги слушате овие работи, бидејќи сепак треба да се има едно човечко достоинство, да бидете пред се дама, да бидете мајка, да бидете сопруга, педагог и така и да се однесувате. Повторно уште еден бесплатен совет до госпоѓата Данела Арсовска да се задржи на оние принципи на кои што сум ја учел во времето на кампањата и во тој период, да биде дама, да биде госпоѓа, да биде мајка, да биде сопруга, да биде посветена на работата.  Ова што сега го гледаме е спротивно на тоа.?t=581 

Македонија | пред 3 години

stevco-jakimovski-mickoski

(ВИДЕО) Стевчо го нападна Мицкоски поради Груевски: Вмровци видовте каков ретардињо имате за претседател?

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски ја искоментира изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која вели дека кога ќе дојде на власт, нема да ја укине меѓународната потерница по Никола Груевски, што ќе значи враќање на експремиерот директно во затвор. Мицкоски во интервјуто додаде дека секој што е правосилно осуден, треба да си ја одлежи казната.Јакимовски вели дека Груевски оди во затвор, за Мицкоски да ужива во Белата палата и да ги користи становите, куќите и деловните простори кои ги спечалил.„Видовте ли бе ВМРОвци кого имате за претседател⁉️Каков Ретардињо‼️Што би рекол Његош : “На трон седиш неправо узети”. Го фати Груевски за крагња како сиротче и го седна во Белата Палата.И Груевски да одел во затвор, а не само тој туку и секој што имал правосилна пресуда и пази богати, немал намера да му ја укинува потерницата.Па нели бе Кики ова беше Русковска судство?Па нели таму место право се делеше неправо?Груевски да оди во затвор, за ти да уживаш во Белата палата да шеташ по шумите, ливадите, нивите.Ливадо една! Да ги користиш становите куќите и деловните простори што ти ги спечали тој.Само така, сите ќе одат во затвор само Ретардињо да дојде на власт!ВМРОвци! Зошто ми се љутите мене, нели гледате дека вашиот претседател е ограничено способен за политика!ПС. И расипан како шуплив заб“, вели Јакимовски.

Коментари | пред 3 години

ibra-780x470-1

(ВИДЕО) Златан Ибрахимовиќ направи хаос на концерт на популарна група, публиката падна во транс

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ е познат по тоа што ја сака музиката.Покрај фолк музиката, Златан сака и хаус музика, па неодамна во Милано настапи пред неколку десетици илјади луѓе со „Swedish House Mafia“, тричлена шведска група. Пред излегувањето на сцената, Златан беше најавен како четврти член на групата.Кога Ибрахимовиќ се појави на сцената, публиката го поздрави со силен аплауз.Фудбалерот одлично се забавуваше, а видеото го сподели на социјалните мрежи каде собра над 140.000 лајкови.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања