ТОП

boki-13

Може и да умре: Боки 13 итно хоспитализиран

Боки 13 е задржан на лекување во болницата Св.Наум Охридски откако денеска бил донесен за контролен преглед. Причина за неговото задржување во хирушката клиника е влошување на здравствената состојба вели неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ според кого се оствариле стравувањата.Неговиот адвокат вели дека Јовановски е задржан на лекување во хируршката клиника откако неговата состојба се влошила иако и самиот Боки 13, реагирал претходно и барал прекинување на издржувањето на казната затвор пред кривичниот судот, но тоа не му било прифатено поради тоа што домскиот доктор Јулијана Ангелова, тврдела дека тој во затворот ја добивал потребната нега и немало потреба од болничко лекување.-Состојбата на Боки 13 е животозагрозувачка. Гастроскопијата покажа дека има четири нови улкуси и постои опасност од отстранување на желудникот, но и покрај наодите на лекарите , судот поклони верба на медицинскиот наод и мислење на домскиот лекар од КПУ Идризово во кој ваквите факти се квалификувани како хипотетички претпоставки, изјави адвокатот Туфегџиќ за порталот А1он.Минатиот месец Боки 13 беше претепан во затворот, а поради влошена здравствена состојба и претходно беше на дополнителни прегледи на Клиника.

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Повторно се претресуваат средни училишта, нови дојави за бомби

На меил адресите на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба информира Министерството за внатрешни работи.– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот информираат од МВР.Ова е четврти пат да има дојави за поставени бомби во гимназиите во главниот град. Претходните трипати дојавите беа лажни. Во сите случаи идентично имаше евакуација на ученците.

Скопје | пред 3 години

sofijanova-1

„Падна“ директорката Софијанова, откако беше обвинета за злоупотреби

Директорката на Универзитетската клиника за детски болести, Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија, Никола Васев, денеска поднесоа оставка.Како што кратко соопшти Министерството за здравство, оставките на двајцата директори се поднесени по барање на министерот за здравство Беким Сали.„Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на министерот, јавноста навремено ќе биде информирана“, наведено е во кусото соопштение од министерството.Двајцата директори неодамна се соочија со обвинувања за злоупотреби на својата положба од страна на новинар.

Македонија | пред 3 години

znaminja-vlada

„Згреши знаме, стани амбасадор. Нов проект на Владата“, реакции по оставката на шефот за протокол во МНР

Одговорното лице за протокол во Министерството за надворешни работи си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.Ова го потврди синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.- Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година, рече Османи во емисијата.Директорот на протокол на Министерството за надворешни работи (МНР), којшто го згреши знамето на Словенија, не е разрешен од функцијата туку е унапреден во амбасадор во Москва, тврди ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение што го испрати до медиумите.„Бујар Османи не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот наводно поднел оставка поради згрешеното знаме за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Вистината е дека тој добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва. Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како може човек кој не разликува знам да преставува држава?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Ова се дел од коментарите на граѓаните на социјлните мрежиhttps://twitter.com/Gerasim_mk/status/1587493453520424965?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAAhttps://twitter.com/DzonsonMK/status/1587417110552236033?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAAhttps://twitter.com/seznajko_mk/status/1587515246159216646?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAAhttps://twitter.com/mancesterovec7/status/1587480982571081730?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAAhttps://twitter.com/Nepismen300/status/1587196414085455874?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAAhttps://twitter.com/deleted90808465/status/1587509809829609472?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAA

Коментари | пред 3 години

Pletvar-pozar-750x430-1

Во моментов активни три пожари

Центарот за управување со кризи известува дека во моментов се активни три пожари на територијата на Македонија.1. Пожарот, што започнал на ден 30.10.2022 година во 13:00 часот во близина на Тајмиште, Општина Кичево, е се уште активен. На ден 01.11.2022 година во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но се уште е далеку од населеното место.2. Пожарот, што започна на ден 30.10.2022 година во 20:30 часот над с.Бачишта, Општина Кичево, е се уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација. Во гаснењето на пожарот интервенирале ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и доброволци од месното население од с.Бачишта. Според последните информации, пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило. Од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ известуваат дека пожарот се шири во правец на реката што делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот.3. Пожарот, што започна на ден 30.10.2022 година во 10:00 часот во атар на с.Ореовец, место викано Присој во Општина Македонски Брод, е се уште активен и истиот е префрлен во атар на с.Русјаци. Со пожарот е зафатени ниска деградирана шума и лисна постела. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Сандански“ и 4 пожарникари со 1 ПП возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод. Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР.Заради одалеченоста за полнење со вода на противпоѓарното ведро на хеликоптерот во текот на денот се излезе на терен за да се избере место - локација за монтирање на базен, што ќе биде соодветно за ниско слетување на хеликоптерот за полнење вода од монтажниот базен.Изгаснати пожари1. РЦУК – Струмица, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Струмица, во којашто се наведува дека на ден 01.11.2022 година во времето од 16.55 до 18.30 часот имале интервенција на запалена нискостеблеста шума и овоштарник помеѓу селата Вељуса и Водоча. Пожарот е ликвидиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 5 пожарникари и 2 теренски возила. Зафатени биле околу 10ha.2. РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Ресен, во којашто се наведува дека на ден 31.10.2022 година во времето од 11.23 до 19.00 часот во с.Наколец имале интервенција на запалена ниска вегетација, трска и овошни насади со јаболка. На местото интервенирале противпожарна едниница Ресен со 2 ПП возила и 4 пожарникари. Изгорена е површина од 10 хектари.3. РЦУК – Куманово, известува дека на ден 31.10.2022 година во 16:50 часот, започнал пожар во атар на с.Крстов Дол, Општина Крива Паланка. Со пожарот била опожарена борова шума. Во текот на денот во гаснењето на пожарот интервенирале 5 пожарникари со 1 ПП возило, 5 лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Осогово“ од Крива Паланка и 2 лица вработени во ПО Дирекција за Заштита и спасување Крива Паланка. Во 11:15 часот на ден 01.11.2022 година пожарот е изгаснат. Со пожарот била зафатена површина од околу 20 хектари на борова шума.РЦУК – Куманово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Куманово дека во текот на денот имале уште две интервенции:- интервенција на запален отпад - ниска вегетација во населба „Доне Божинов’ во периодот од 16.10-20.00 часот, каде што учествувале со 1 ПП Возило и 5 пожарникари.- втората интервенција била во Агино село на запалена ниска вегетација, во периодот од 16.25-17.40 часот каде што учествувале со 1 ПП возило и 4 пожарникари4. РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпоѓарна заштита БППЗ на Град Скопје во којашто се наведува дека во период од 13:03 до 14:25 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запален отпаден материјал во с.Добридол. (Општина Сопиште)

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-01-200844

(ВИДЕО) „Албанците тргуваат со органи, Хрватите се воени злосторници“, Тиктокер ја опиша Европа, еве што вели за Македонија

Тиктокер со прекар Инспектор20000 објави видео на кое ги навредува европските земји и за нешто повеќе од минута и пол успеа да ја разбесни речиси цела Европа.За Албанија, тој рече дека тие се „трговци со органи кои живеат на Балканот“, за Андора се прашуваше „зошто воопшто постои“, додека на пример за Белгија рече дека „не е ни вистинска земја“. Тој за Босна и Херцеговина рече дека таа е „центар на воените злосторства“. "Дали сте ја виделе нивната етничка карта? F**k!“, додаде тој.За Бугарите вели дека се „само сиромашни“, а ја спомена и Хрватска. „Хрватите извршија воени злосторства за кои дури и Германците мислеа дека се премногу“, рече тој, а потоа направи пауза.Ништо не кажа за Германија и Русија, само молчеше пред камерата, а на Грците им порача дека „некогаш биле центар на светот, а сега се само мрзеливи и постојано се жалат на Турција“.Тој ја спомена и Македонија.„Александар Велики е Грк, а вие сте Словени“, вели тој.

Магазин | пред 3 години

2

Осуденик од Идризово на слобода, а друг прободен: Ќе го разреши ли некој директорот Шпенд Тахири

На 28.10.2022 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за Криминалистичка полиција во соработка со Специјалната антитерористичка единица Тигар, СВР Битола, СВР Скопје и ОВР Струга беа преземени низа мерки и активности и притоа во Ресен е лишен од слобода Л.Г. (28) од Струга, по обезбедени материјални докази дека е инволвиран во извршување на кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик.При приведувањето, Л.Г., кој од претходно е осуден за нелегална трговија со дрога и требало да биде во казнено-поправна установа, се обидел да избега и при тоа оштетил две службени возила, а повредени се и двајца полициски службеници, со што извршил кривично дело „напад на службени лица при вршење на работи од безбедноста“. Но, бил совладан и приведен, а известен е и јавен обвинител од ОЈО Битола.Но, нејасно е како ова лице издржува затворска казна од 7 години во „Идризово”, а го наоѓаат и апсат во Ресен?Л. Г. бил осуден на 7-годишна затворска казна за продажба на дрога, во друга судска постапка.Дрогата била фатена уште на 14 септември, “затвореникот” Л.Г. бил фатен дури вчера.„Л.Г. и А.А. заедно со Б.П. (36) и С.Д. (кои се претходно приведени и одредена им е мерка притвор) договориле купопродажба на 490 грама марихуана, која ја извршиле на 14.09.2022 во близина на Катлановска бања. Истиот ден полициски службеници на наплатната станица Сопот сопреле возило „фиат пунто“, управувано од С.Д. при што во возилото е пронајдена дрогата. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје поради извршено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.Поминаа четири дена од објавата на оваа вест, а директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири се нема огласено во јавностА во врска со овој настан.Освен од директорот, објаснување нема ни од управата за санкции.Неодамна затвореник од КПУ Идризово беше прободен со остар предмет од страна на друг затвореник, и истиот се лекуваше на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Исто така при претреси на ќелии беа пронајдени предмети кои не се дозволени.И покрај овие скандали, директорот на КПУ „Идризово“, Шпенд Тахири молчи и нема одговорност.

Македонија | пред 3 години

SmartSelect_20221101_163149_Chrome-696x254-1

Се соблекол гол и викал „УЧК“ на летот Брисел - Скопје

Патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно ги вознемирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје. Полицијата го приведе веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот, објави СДК.мк„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, ни изјавија од Министерството за внатрешни работи (МВР).Според патници на летот, мажот со крупна конституција кој изгледал дека најверојатно е пијан или под дејсто на дрога, почнал многу гласно да вика околу половина час пред да почне постапката за слетување. Тој прво го вознемирувал патникот на седиштето пред него, па човекот морал да се премести понапред во авионот. И покрај опомените од кабинскиот персонал, мажот продолжил да вика. Кога стјуардесата го најавила слетувањето и побарала патниците да останат врзани на своите места, тој станал и почнал да оди низ авионот при што се соблекол гол до појас. Тогаш патниците видно се вознемириле, а децата почнале да плачат. Стјуардесата преку разглас ги повикала да бидат смирени, а мажот продолжил да оди низ авионот и кога дошол во задниот дел, почнал да удира по седиштата и конечно седнал.Полицијата го приведе во авионот веднаш по слетувањето.Читај повеќе на СДК

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-01-184451

Голем пожар помеѓу Македонски Брод и Пласница, се интервенира со хеликоптер

Денес по пријава на Центарот за управување со кризи на подрачјето помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница Одделот за воздухопловни единици на МВР интервенираше со еден хеликоптер од типот Bell 212 при што се исфрлени над 7 тони вода.Гаснењето на пожарот ќе продолжи утре наутро со крајна цел ставање на пожарот под контрола.Последнава година Министерството за внатрешни работи заедно со Одделот за воздухопловни единици, за потребите на Хеликоптерската единица за полициски намени, која во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, ги препозна потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.За да се овозможи успешно користење на опремата беше спроведена меѓународна обука од словенечката полиција, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени.Овој пример е уште еден доказ дека МВР е сервис на граѓаните и тоа е веќе имплементиран начин на работа во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните е наш приоритет.

Македонија | пред 3 години

grubi-4

Груби: Сега е време да се отвори Уставот и да се решат сите отворени прашања

Првиот вицепремиер Артан Груби во гостување во емисијата #ClickPlus на ТВ21 рече дека ќе имало повеќе од 80 пратеници за уставните измени.„64 моменталното мнозинство, 10 други пратеници од АА и БЕСА, тоа се 74 пратеници. 2 пратеници од Левица нема да гласаат сигурно. Значи остануваат само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не се сите од ВМРО, има и од другите помали партии. Верувам дека сите тие пратеници од коалицијата на ВМРО имаат европски убедувања“, вели Груби.„Сега пред да пристигнам во студиото на ТВ21 имав состанок со релевантни претставници од меѓународната заедница. Има оптимизам. Јас сметам дека ќе имаме повеќе од 80 пратеници за гласање на уставните промени. И убеден сум дека тоа ќе биде. ВМРО-ДПМНЕ е членка на ЕПП, имаме инфомрации дека има сериозни разговори и од ЕПП за да помогнат во процесот“, додаде тој.Груби рече дека сега е време да се отвори Уставот и да се решат сите отворени прашања.„Еве една идеја за која разговараме. Во Уставот овие 20 години сме детектирале многу недостатоци, еве сега ексклузивно за вас велам, да сега е време да се отвори Уставот и да се решат сите отворени прашања“, изјави Груби за ТВ21.

Македонија | пред 3 години

thumbs_b_c_44975ece7879dfed47c5df3d7f1b8f24

Зеќири стана обвинет, влегува во судница

Советот за оценка на обвинителан акт постапувајќи по поднесеното обвинение на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со КО. Бр. 59/22 против М.З., кој се товари за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 вв. со ст.3 в.в со ст.1 в.в со чл. 45 од КЗ, а поврзано со соопштението на надлежниот обвинител објавено на 04.10.2022 година:https://jorm.gov.mk/obvinitelen-akt-protiv-visok-vladin-funkczioner-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba-i-ovlastuvane/ ценејќи ги сите факти и докази во обвинението, донесе решение за оценка со кое ги одби доставените приговори, а актот го прифати во целост.Согласно оценетиот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со КОК бр. 193/22 и истиот е распределен со АКМИС – системот на понатамошно постапување кај судечки совет кој по насрочеување на главната расправа ќе достави покани до странките, а терминот за судење ќе биде достапен и на календарот за судење на веб страната на судот.

Македонија | пред 3 години

mnr-5

Директорот на протокол на МНР кој што го згреши знамето не е разрешен, туку унапреден во амбасадор во Москва, вели ВМРО-ДПМНЕ

Бујар Османи не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот наводно поднел оставка поради згрешеното знаме за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Вистината е дека тој добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва, вели ВМРО-ДПМНЕСе поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како човек кој не разликува знаме, може да преставува држава, се вели во соопштението на опозицијата,

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-10-31-225814

(ВИДЕО) Триото „Шербет“ со прекрасна изведба на песната „Ако згрешам нека изгорам”

Триото „Шербет“ од Тетово објави прекрасна изведба на песната „Ако згрешам нека изгорам“ од Пепи Бафтировски.Видеото е снимено во Мала Преспа во Пустец.Триото го сочинуваат Теодора Ветероска, Марија Костоска и АнаМарија Блажеска.Нивната приказна како „Шербет“ ја започнале во ноември 2016 година и за многу краток период постигнале голема популарност. Од формирањето до денес имаат објавено голем број видео снимки во живо на кои се изведени македонски изворни, новокомпонирани и евергрин мелодии.

Магазин | пред 3 години

jVyEehjkHu-sefot-na-protokolot-na-mnr-si-podnel-ostavka-za-greskata-so-sloveneckoto-zname

Шефот на протокол во МНР си поднесе оставка поради грешката со знамето

Лицето одговорно за протокол во МНР си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.Ова вчера го потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.„Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда, се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година“ рече Османи.Потсетуваме, словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на 18 октомври во кабинетот на Османи во Скопје беше пречекана со највиски почести, но и со згрешено знаме од нејзината држава.Наместо знаметонаСловенија, на масата стоеше знамето на Словачка

Македонија | пред 3 години

kovacevski

Ковачевски и владата стојат зад Тајни имоти, не ја известувале ДКСК за именувани функционери, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски и владата стојат зад Тајни имоти, не ја известувале ДКСК за именувани функционери, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ковачевски не ги санкционираше функционерите кои го криеле својо имот, туку ги амнестира, со повик само да бидат казнети прекршочно од ДКСК. А одговорот зошто Ковачевски го направи тоа го даде ДКСК, а тоа е дека владата воопшто не ги известувала за ново именуваните функционери, иако за тоа постоела законска обврска.Имот криеле директори на големи државни институции, кои водат важни органи. А дел од именуваните функционери уште пред Ковачевски да им смисли одбрана признаа дека не го ставиле својот имот на увид на јавноста преку ДКСК.Ковачевски и ДКСК наместо да си ја префрлаат топката, секој нека почне од сопствениот двор. Ковачевски да ги разреши, а ДКСК да отвори постапки за функционерите кои криеја имот. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања