ТОП

policija-policaec-35

Повторно се покажаа лажни, немало бомби во скопските училишта

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека четири училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Скопје | пред 3 години

zatvor-10-1

(ВИДЕО) Затворите се преполни, затвореници се сместуваат по ходници, вели народниот правобранител

Народниот правобранител Насер Зибери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека 80% од затворите низ Македонија се преполни, а затвореници се сместуваат по ходници до изнаоѓање на решенија.Тој додава дека затворениците некаде спијат по двајца во еден кревет, додека пак хигиената е на катастрофално ниво.

Македонија | пред 3 години

klinika-678x292

Кавадарчанец падна од тераса на Дигестивна хирургија

Почина кавадарчанец откако паднал од тераса на Дигестивна хирургија. Кавадарчанец на возраст од 72 години починал пред четири дена на КАРИЛ, откако паднал од тераса на трети кат на Дигестивната хирургија, објави „Канал 5“. Настанот се случил во неделата околу три часот по полноќ, откако ден претходно бил опериран од жолчка, а во понеделник требало да ја напушти болницата. Телото е предадено на обдукција.

Македонија | пред 3 години

sterjo

Пронајден Шрерјо Наков, имал нарушена здравствена состојба

Семејството на бизнисменот Штерјо Наков вчера го пријави во полиција за исчезнат по што по некое време бил пронајден поранешниот акционер на „Фершпед“ чија дејност ја продолжија неговите синови.Наков бил пронајден синоќа од полицијата во селото Орешани, откако неколку часа се водеше за исчезнат, пренесува Лидер извори од МВР.Тој бил во нарушена здравствена состојба, но надвор од животна состојба.Други детали од неговото семејство не се објавени.

Македонија | пред 3 години

sterjo-nakov

МВР трага по Штерјо Наков

Скопската полиција трага по познатиот македонски бизнисмен Штерјо Наков, дознава НетПрес од извори од Министерстово за внатрешни работи.Според првичните неофицијални информaции, 74- годишниот сопственик на „Фершпед“, исчезнал пред неколку часа, а исчезнувањето го пријавило неговото семејство.Пред девет години Штерјо Наков се повлече од позицијата генерален менаџер на „Фершпед“ по 20 години на чело на најголемата шпедитерска компанија во земјата, чијашто приватизација беше изведена во 1990-те години, објави Нетпрес.Се смета за вториот најбогат човек во Македонија за 2012 и 2014 година.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-03-at-21.46.49

(ВИДЕО) Опасна дебата на Русковска со Незири и Пауновска, се судрија за гонењето организиран криминал, имаа и остри реакции

Вилма Русковска, Деса Пауновска и Ермон Незири се соочија на дебата во „А1он“. Во најавата стои дека ги судриле ставовите, имале различни аргументи, а единствена сличност е процентот на верба дека ќе станат шефови. Емисијата ќе се емитува утре во 12 часот на пладне, на платформата на „А1он“.„Пази што правиш можеш да завршиш како Катица Јанева“, вели Русковска во дел од дебатата.„Обвинителството за организиран криминал, колегите го викаат туристичка агенција“, вели Деса Пауновска.„Чувствувам незадоволство кај колегите обвинители од работата на јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“, вели Ермон Незири во дел од дебатата.Тие, според најавата ги судриле ставовите. Во исечокот стои реакција на Русковска која се бунтува и вели: „Сите снимаат со телефоните, веќе аман од тоа!“.Обвинителот Ермин Незири реагира: „Нема еднаква пракса во работењето!“.„Мора некако во тоа обвинителство да се знае кој што работи“, посочи и обвинителката Пауновска.Тие ги вкрстиле и аругментите.„Опозицијата никогаш ме немала запишано, а позицијата ме отпиша“, кажа Русковска.Кандидатот Ислам Абази избегал од дебатата.„Од тука ќе нема одговор и на прашањето дали зад него стои политичката партија ДУИ како што се шпекулира во јавноста“, кажа водителот Кристијан Ландов.Сите обвинители се надеваат на победа. Тие кажуваат проценти на можна победа.„70-80%“, кажува Незири.„100%... 110 посто, како беше од Амди Бајрам“, вели Пауновска.„Ај сега да не го цитирам уште еднаш Амди Бајрам, доста беше еднаш“, кажа Русковска.Емисијата е утре во 12 часот на „А1он“.

Македонија | пред 3 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски ги отвори картите: Не стојам зад Данела, не застанав Мицкоски да биде лидер зошто бев разочаран од него

Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиер на Македонија и бегалец, Никола Груевски преку статус одговори на сите прозивки. Неговото излагање во целост:Вообичаено не коментирам шпекулации, и разни лаги и невистини кои иако долго не сум во политиката секојдневно се лиферуваат на социјалните мрежи, медиумите, од разни квази аналитичари, новинари, политичари и слично, бидејќи ги има толку многу што треба секој ден само тоа треба да правам. Најчесто времето и настаните со нивниот природен тек покажуваат дека станува збор за лаги и невистини а и оние кои го прават тоа најчесто со текот на времето сами себе се негираат или влегуваат во такви контрадикторности, што се станува јасно по некое време.Сметам и на тоа дека народот после три децении плурализам, не така лесно верува на сите лаги и измислици, дека здравата логика, рационалното размислување и паметењето е доволно присутно да некои измислени афери, валкани новинарски конструкции кои поединци ги прават од личен најчесто финасиски интерес не поминуваат и повеќето луѓе се повеќе сакаат да видат уверливи докази за секојдневните озборувања, пласираните лажни тези и клевети, иако во Македонија има неколку новинари, некои т.н.аналитичари, разни безделници или платени од некои од партиите или којзнае од кои центри разни “сејачи на магла” кои незнаат поинаку да заработат за да опстанат, па во секој нивен јавен настап или пишан збор пишуваат нови и нови измислени работи, политички конструкции и фантазии поврзани со мене.Сепак, иако мошне ретко повремено правам исклучок кога ќе почуствувам дека во некои ситуации измамите и лагите успеале да освојат позначаен број луѓе, како што е поводот за денешниот статус.Повеќе од два месеци од одредени центри масовно се шири информација за која според реакциите кои ги добивам голем број луѓе веруваат, а тоа е дека јас сум стоел и сум бил (таен) организатор зад одредени актуелни јавни политички и медиумски активности на актуелниот градоначалник на Скопје - Данела Арсовска, но и други политички личности, новинари и медиуми кои се во очигледна јавна конфронтација со раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ.Всушност ваков вид на лажни информации ако добро се потсетиме се шират барем еднаш на секои 4 до 5 месеци во изминатите 4 години, секогаш кога има некакви збиднувања во партијата, најчесто кога за нешто треба да се најде виновник, да се префрли вината на друг или да се направи збрка, многу често кога на некој новинар на кој слабо му оди гледаноста или читаноста, или кога некој т.н. аналитичар, бивш, нереализиран или неуспешен политичар ќе констатира дека не е доволно актуелен во јавноста и слични ситуации.Па така, сите тие сакаат тоа да го променат и подобрат со креирање на лажна приказна за наводни мои заткулисни активности, валкани игри, конструкции и слично и секогаш кога власта е безидејна и нема што да каже (а континуирано и безнадежно е безидејна), но понекогаш и од некои центри на опозицијата.Бидејќи никогаш не нудат никаков доказ, најчесто одат со некакви измислени конструкции, поткрепени со некакви квази логицизми, поврзуваат разни случајности ос различни времиња од минатото, измислуваат средби и разговори кои никогаш не се случиле или пак сами си креираат приказна што се зборело на тие средби и слично, и од тоа создаваат приказна, и градат тези базирани исклучиво на лажни претпоставки, полувистини или голи лаги.Да не должам многу и да кажам:1. Не сум никаков таен организатор или конструктор на политичките активности и препукувања на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, ниту на другите актуелни јавни политички битки на луѓе кои во минатото биле коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ, десно ориентирани медиуми, поедини новинари, поранешни политичари, функционери или активисти.2. Лажна е и шпекулацијата дека на некаков начин јас сум лобирал во партијата за Данела Арсовска да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, како и за почесен конзул на Унгарија во Штип или пак претседател на стопанската коморота во времето кога бев премиер.Не постои член на стопанската комора кај кого сум лобирал за таа да биде избрана.Во тоа време јас не ја познавав г-ѓа Арсовска. Прв пат го чув нејзиното име кога во една прилика на еден вид проштална средба кај мене дојде нејзиниот претходник на таа позиција кој меѓудругото ме извести дека неговиот мандат завршува, дека нема повторно да се кандидира и дека тој и многу други бизнисмени планираат да ја подржат токму неа, кажувајќи неколку позитивни коментари за неа, на што јас му одговорив дека тоа е нивна работа и дека кого и да изберат, што сака да соработува со владата во интерес на стопанството, ќе соработувам со него како иден претседател на таа стопанска комора.Подоцна до крајот на мојот мандат имав неколку службени средби со госпоѓа Арсовска, не паметам точно колку, но можеби 5 или 6, во кои главно договаравме начини за решавање на конкретни проблеми во стопанството, организирање групни средби со сите членови на стопанската комора и потоа исполнување на превземените обврски од тие средби.Повеќе од 5 години веќе немам никаков директен или индиректен контакт или комуникација со Данела Арсовска од причина што нашата комуникација беше исклучиво службена и траеше додека извршував јавни политички функции.За нејзиниот избор за почесен конзул на Унгарија во Штип се информирав од македонските медиуми. Од искуство знам дека најчесто такво назначување државите прават по нечија препорака, најчесто од нивните амбасади кои по барање на нивното МНР бараат добро позиционирани личности во одредени земји заради нивна промоција и други обврски кои ги носи титулата почесен конзул. Не знам кој ја прпеорачал Данела Арсковска во Унгарија, но знам дека тоа не бев јас, ниту пак со било кого сум имал разговор на таква тема.За нејзиниот избор за подршка на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на град Скопје исто така дознав од медиумите иако неколку недели претходно се шпекулираше дека партијата го тестирала нејзиното име на нарачаните анкети за проверка на јавното мислење од страна на партијата.Ниту некој од раководството на партијата ме прашал за мислење за таа одлука, ниту сум дал мислење, а најмалку сум лобирал.Како раководството на партијата дошло до таа одлука, како и преку кого претседателот на партијата се сретнал и запознал со идната кандидатка, тие најдобро знаат и доколку се процени дека има потреба можат да и ја соопштат на јавноста.3. Лажни се и секојдневните шпекулации дека јас целосно или делумно раководам со партијата од дистанца од Будимпешта, дека Христијан Мицковски и други членови на раководството се среќаваат со мене кога доаѓаат во Будимпешта и дека јас давам некакви инструкции или на било каков начин учествувам во носењето одлуки на ВМРО-ДПМНЕ.Прво, партијата има свое раководство и нормално е тоа раководство да ги носи одлуките.Второ, со дел од тие одлуки јас не се согласувам, односно мислам дека се погрешни, но разбирам дека тој кој ја има одговорноста го има и правото да одлучува особено ако зад тоа стои мнозинството од членството на партијата и секако дека и јас кога сум бил претседател на партијата, сигурно дел од членовите на партијата не се согласувале со дел од одлуките и политиките на тогашното раководство, и тоа е нормална работа во една партија, бидејќи неможе сите да мислиме исто за се.Сето она што приватно го мислам за политиките и одлуките на актуелното раководство го споделувам во приватни разговори само во потесен круг на 10-15 пријатели кои најголем дел немаат политички активности, исто како и секој друг човек. Јавно барем досега не се произнесував по однос на одлуките и политиките на актуелното рководство бидејќи не сакам да правам дополнителни проблеми во партијата, ниту пак сакам да го правам тоа што не сум сакал мене да ми го прават, а тоа е да вршам притисок и влијание за различни политички, кадровски или организациски одлуки на оние кои во моментот ја носат целата одговорност. Затоа премолчив многу настани, дури и напади, префрлања вина, обвинувања и други несоодветности, за кои многумина блиски ми реагираа дека не треба да молчам. Сепак, така е веќе пер години по избор на новото раководство на партијата.Како што е забележливо, мошне ретко и само по исклучок во моите обраќања кон јавноста во претходниот период се осврнував на дневно политичките настани во државата и уште помалку во партијата.Трето, потврдувам дека ниту еднаш од десетината доаѓања во Будимпешта не сум имал средба со Христијан Мицковски или некој кој е во негова придружба, ниту пак со некој од актиелното раководство на партијата (ИК и ЦК), од причина што таква средба не побарале. Зошто не побарале средба, тие најдобро знаат, но оние членови на партијата кои не се дел од сегашното раководство, кои добро ги познавам и кои побарале средба со мене, сме се сретнале на разговор кој најчесто е од пријателска природа со луѓе со кои во минатото сме соработувале.Знам дека и членството на партијата и јавноста во голема мера се убедени дека јас се среќавам со Х.Мицковски, па оттука веројатно и дека за ова многу членови на партијата нема да веруваат. Можеби и јас кога би бил на нивно место не би верувал па оттука воопшто не им се лутам. Сепак, мое е да ја кажам вистината, па кој верува-верува.4. Широко распространета лага која често се повторува е дека јас сум издејствувал Христијан Мицковски да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа е лага и ги повикувам сите 550 делагти, ако кај еден од нив лично сум лобирал за изборот на Мицковски слободно јавно да го соопшти тоа и да ме демантира. Еве сега веќе пет години не сум на партиска а уште подолго на државна функција, под силен политички прогон сум, во друга земја живеам и нема од што да се плашат.И порано и сега има многу луѓе кои лажно се преставуваат како лица преку кои јас наводно испраќам некакви пораки, или зад чии став некои веруваат дека стои мојот став и слично, и тоа веројатно како проблем го има секој претседател на партија во Македонија, премиер, министер или друга моќна личност. Такви луѓе имало и ќе има.Но, од аспект на мое лобирање кај оние кои директно го вршеа изборот, барем на еден од 550 делегати на Конгресот кои мнозинство од нив го избраа Мицковски за претседател, категорично тврдам дека такво нешто нема.Напротив, во деновите кога уште не се знаеше кој се ќе се кандидира и колку кандидати ќе има, кога согласно статутот се собираа потписи за кандидатура, (во тоа време имаше шпекулации или информации за неколкумина можни кандидати), одреден број делегати на конгресот, (дел од нив поединечно, дел во помали групи) побараа лична средба со мене со единствена цел, да сум им дал насока за гласање.“Нема насока”, беше мојот одговор. “Возрасни сте, искусни сте,одберете сами!” Клучно за овој мој став беше разочарувањето од некои луѓе од моето опкружување во тие последни недели или месеци, и на речиси сите од нив чии имиња се вртеа во јавноста како можни кандидати за претседател на партијата, во личен разговор им кажав дека “нема да застанам зад ниту еден од потенцијалните кандидати бидејќи сите ми се помалку или повеќе подеднакво блиски, но и од сите сум разочаран”. Ниту еден од нив не ме праша зошто од него сум разочаран. Веројатно го знаеја одговорот...Од тие причини несакав да превземам одговорност да давам препораки, насоки и слично.Знам дека и ова на многумина нема да им се верува. Не им се лутам, бидејќи и за неверување е 🙂5. Се раширија и лаги дека со мене преговарале домашни структури од актуелната власт или странски преставници со цел за наводен мој договор со нив во кој тие би изработиле прекин на политичкиот прогон кон мене а за возврат јас наводно сум ветил или ќе сум помогнел за носење на некакви штетни за македонската нација одлуки во парламентот, или создавање кризи во ВМРО-ДПМНЕ.Такво нешто не постои. Ниту сум имал такви разговори со претсавници на СДСМ или некој од власта, ниту со некои преставници на друго држави. А и доколку имало, тоа сигурно ќе било одбиено!Впрочем доколку јас сакав на таков начин да го запрам политичкиот прогон кон мене, имав шанси, имав прилики и понуди уште додека бев во Скопје, кои категорично ги одбив.6. Исто така со години се зборува дека јас наводно располагам со некои големи пари со кои креирам влијание и што ли уште не во Македонија, од медиуми, до секакви измислени настани, субјекти и личности. Такво нешто не постои, тоа е лага. Лага интересна за слушање на секој човек, особено лековерните карактери.Ако некои медиуми се во сопственост на државјани на земјата каде сега живеам, тоа не значи дека јас имам влијание врз нив или уште помалку сопственост. Или дека воопшто ги познавам сопствениците.Впрочем и односот на тие медиуми кон мене веројатно би бил поинаков, да беше така.Речиси дека непостои посериозно политичко збиднување во Македонија каде моето име не е спомнато во овие 4 години, најчесто како лага. Тоа е вистината.Ако секој ден не демантирам разни измамници, платеници и безделници, тоа не значи дека тоа што го говорат или пишуваат е вистина.Едноставно, повеќето озборувања ги игнорирам. Не вреди со секого да си го трошам времето и да се расправам.Ова е вистината.Кој верува-верува! Кој не верува нека живее во лаги, илузии, конструкции, и фантазии кои секој ден ги слушаме низ медиумскиот и интернет простор.Македонија е станата плодна почва за лаги и конструкции.Луѓето пред да поверуваат треба да се запрашаат кои се доказите за одредени тврдења, дали некој не ги лаже или манипулира со некоја цел и да не прифаќаат така лесно квази логики на разни досетливи манипулатори кои добро се навежбале да манипулираат со народот па на тој начин заработуваат и живеат од тоа.И запомнете: ако јас сакам да изразам мој политички став за било што, подржувачки или против за нешто или некого, за одредени државни или партиски прашања или личности, тоа ќе го направам директно а не преку други! Како што и секогаш сум правел.

Македонија | пред 3 години

jsp

Продолжува колапсот на јавниот превоз, градот се дави во ѓурбре и нечистотија и се соочува со опасност од редовно снабдување со вода, вели СДСМ

Заради неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои една година ништо не сработеа, главниот град е во целосен хаос,вели СДСМ„Продолжува колапсот на јавниот превоз, многу населби се со редуциран возен ред на автобуските линии поради милионски долгови кон приватните автобуски превозници.Заради политички и бизнис интереси на одредена група луѓе, главниот град се соочува со опасност од редовно снабдување со вода и одржување на водоводната мрежа.Како никогаш досега Скопје се дави во ѓурбре и нечистотија, не само што нема нови проекти, туку не се одржува ниту постојната инфраструктура.Бројни важни проекти започнати од СДСМ и претходниот градоначалник Шилегов, се прекинати заради инает и хирови на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.Една година локална и градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на општините и Градот Скопје.Се што видоа граѓаните од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за оваа година е партизација, расипничко трошење на народните пари и секојдневни кавги за рацете во медот.ВМРО-ДПМНЕ постојано докажува дека е партија која работи за бизнис и лични интереси на поединци, додека интересите на граѓаните им се на последно место“, се вели во соопштението,

Скопје | пред 3 години

policija-bombi_0

МВР го ослободи уапсениот за лажните дојави за поставени бомби

Доцна синоќа извесниот Никола Николовски, осомничен од полицијата за серијата лажни дојави за поставени бомби во скопските училишта, е ослободен од МВР без никаква пријава.Ова го тврди Лидер, кој при тоа објави и фотографија за која тврди дека е од лицето со иницијали Н.Н.Според информациите, 23-годишникот манипулативно го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите за МВР евентуално да наседне.Скопјанецот бил десетина часа на распит во полиција, бил извршен и претрес во неговиот дом, по што тој е ослободен од понатамошно гонење од МВР.На инстаграм Наумовски бил познат под псевдонимот „Боемот“.

Скопје | пред 3 години

313353348_428438042809499_335778477865698192_n

Каде гори во Македонија во моментов

Денеска, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира, согласно сублимираните информации од терен, за справувањето со пожарите во Македонија.„Вчера хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи (МВР) опремен со ведро за гаснење пожари на отворено и двата авиона на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) беа голема поддршка на копнената акција во гаснење пожари на непристапни места. Практично, со голем ангажман на сите ангажирани сили за гаснење на пожарите на отворено, во координација на ЦУК, беше спречено огнот да не навлезе во неколку села. Конкретно, со пожтртвуваноста на ангажираните пожарникари, месното население, вклучените субјекти од Системот за управување со кризи, ДЗС, а и други организации, во координацијата преку ЦУК, согласно барањата на силите на терен спречија огнот да не навлезе во неколку села во Кичевско и реонот на Македонски Брод.Инаку, вчерашните снимки направени од воздух се од тимот на МВР од гаснење пожар што го зафати просторот помеѓу селата Крушица, планината Песјак и Кичевија, при што во време од шест и половина часа налет беа пренесени и исфрлена многу тони вода, а со таа континуирана акција пожарот е локализиран и не е дозволено негово ширење кон селата Козичино и Дупјани.Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку Секторот за операции и координација ги сублимираше информациите од терен за справувањето со пожарите во Македонија, коишто се добиени од регионалните центри за управување со кризи преку кои се координираат дејствата и информирањето.Конкретно информациите се следните:Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид, известува дека пожарот кој започнал на ден 30.10.2022 година во 13:00 часот во близина на Тајмиште, Општина Кичево зафатил ниска вегетација, дабова и букова шума. Во период од 11:50 до 15:15 часот во гаснењето на пожарот интервенирале два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) што извршиле 16 налети и го спречиле неговото ширење во правец кон планинскиот превој „Стража“. Линијата на пожарот е драстично намалена. Во гаснењето на пожарот интервенирале и три лица од ДЗС и 15 лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ од Кичево. Според известувањето од ДЗС пожарот е локалзиран, а екипата од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ вршеле патролна обиколка на теренот за да не дојде до негово повторно разгорување. Сите екипи во текот на ноќта биле повлечени од терен.Пожарот во атар на с.Бачишта, Општина Кичево е се уште активен. Едниот правец од пожарот не може да се прошири, бидејќи има голем пристапен пат и слегува до реката каде што има хидроцентрали и тука се запира неговото ширење. Пожарот останува активен во правец на месноста викано Зајашки Рид односно над селото Бачишта. Има зафатено букови дрвја и нискостеблести растенија. На овој предел авионите на ДЗС не можеле да интервенираат заради стрмноста на теренот. Во текот на денот, за негово гаснење интервенирале четири пожарникари со едно противпожарно (ПП) возило и мешана екипа од 20 лица вкупно, составена од вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и од месното население. Во текот на ноќта екипите се повлечени од терен.Пожарот што започна на ден 30.10.2022 година во 10:00 часот во атар на с.Ореовец, место викано Присој во Општина Македонски Брод, се уште е активен. Зафатена е ниско деградирана дабова шума и лисната постела. Во гасење на пожарот во текот на денот интервенирале четири лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Сандански“ и четири пожарникари со едно теренско возило од ТППЕ Македонски Брод. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод во текот на денот интервенирале над селото Ижишта правејќи безбедносни појаси за пожарот да не се префрли во погустата шума. Екипата од ЈП „Национални шуми“ била распоредена во атарот на с.Ореовец над Манастирот „Св. Архангел Михаил“. Од лицата коишто биле на терен е известено дека пожарот е многу повисоко на самиот срт на планината каде што гори претежно сува трева и дека не постои можност да се врати на кај селата Ореовец, Русјаци и Ижишта. Во гаснењето бил вклучен еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР) којшто успешно го пресекол пожарот на непристапните места. Направен е увид за формирање на базен кој ќе служи за полнење на хелихоптер со вода од реката Треска. Пожарот е се уште активен и е во четири линии, гледано од с. Долно Ореовец. Во текот на ноќта се повлечени силите, но се формирале екипи коишто ќе интервенираат во текот на раните утрински часови.Регионалниот центар за управување со кризи (ПО РЦУК) Македонски Брод е во постојан контакт и координација со Единицата на локална самоуправа (ЕЛС) Општина Македонски Брод, Територјалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод и подружницата на ЈП „Македонски Шуми“ од Македонски Брод.Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, известува дека во атар на с.Печково е започнат шумски пожар во 08:00 часот на 02.10.2022. Пожарот се проширил и била зафатена дабова шума, на делумно непристапен терен. Таму каде што било достапно за гаснење на едниот крак, страна, дејствувале три пожарникари со едно противпожарно (ПП) возило, а вториот дел од пожарот го гаснеле четири лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Шар“ од Гостивар и истиот е ставен под контрола. Постои проширување на пожарот на трета страна над с.Вруток, но на тој правец не е интервенирано од причина што осум лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Шар“ од Гостивар интервенирале, според приоритет, во атар на с.Буковиќ за да го спречат проширувањето на пожарот што се префрлил од Кичево кон Гостивар“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

311407481_420316576890305_5023556129171884771_n

Дојде крајот: Ќе одат бугарските здруженија под клуч, ако не го исполнат овој услов

Собранието ги донесе измените на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии, со кои се осудува промовирањето на фашизам и нацизам. И двата закони се донесоа по скратена постапка.Измените на Законот за здруженија ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ по отворањето на бугарски здруженија и клубови во Македонија кои носат имиња на спорни историски личности.Предлогот на опозицијата го поддржаа и пратениците од власта. За измените гласаа 67 пратеници, немаше против и воздржани.Потоа и владејачката СДСМ поднесе измени на Законот за партии, со речиси идентичен текст на законот за здруженија, со кои се осудува фашизмот. И за овие измени „за“ гласаа 67 пратеници.Измените на законот за здруженија предвидуваат во иднина да не може да се регистрираат организации со контроверзни имиња, по примерот на здруженијата Иван (Ванчо) Михајлов и Цар Борис Трети и истоимените клубови. Овие здруженија и клубови ќе имаат време да ги сменат имињата, а доколку тоа не го направат во рок од три месеци, ќе бидат избришани од Централен регистар.

Македонија | пред 3 години

policija-bombi_0

(ВИДЕО) Приведен скопјанец во врска со заканите за бомби во училишта

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (02.11.2022) го приведоа Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје. Во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста и дека завршија антитерористичките проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје на електронските адреси добиле порака со закана за поставена бомба и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Најнапред околу 14.30 часот во СВР Скопје беше добиена пријава од шест училишта, потоа околу 15 часот уште од две училишта и потоа од уште едно училиште во Скопје.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите девет училишта, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Скопје | пред 3 години

patnik

Патникот кој се соблекол гол и викал „УЧК“ ќе биде нов министер за одбрана, се шегува јавноста

Патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно ги вознемирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје. Полицијата го приведе веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром.„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, ни изјавија од Министерството за внатрешни работи (МВР).Граѓаните на социјалните мрежи се пошегуваа дека ова е најава за нов министер.https://twitter.com/HaNa_Taurus666/status/1587506938719395841?s=20&t=x7b90fvYAtIJxr3LKbFSAA

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-11-02-190208

(ВИДЕО) Со хеликоптер се гаси пожарот кај планина Песјак

Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР со хеликоптер од типот Bell 212 продолжи со гаснење на пожарот кој го зафати делот помеѓу селото Крушица и планината Песјак и Кичевија. При гаснењето на пожарот во период од шест ипол часа беа исфрлени 35 тони вода. Пожарот е локализиран со што не е дозволено да се прошири кон селата Козичино и Дупјани.Ова е уште еден показател дека МВР е сервис на граѓаните во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните е наш приоритет.Последнава година Министерството за внатрешни работи заедно со Одделот за воздухопловни единици, за потребите на Хеликоптерската единица за полициски намени, која во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, ги препозна потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.За да се овозможи успешно користење на опремата беше спроведена меѓународна обука од словенечката полиција, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени.

Македонија | пред 3 години

bekim-sali-5-e1633429806452-1200x630-1

Сали разреши уште еден директор

Министерот за здравство, д-р Беким Сали денес го разреши од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди.Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за здравствено осигурување.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања