ТОП

IMG_3079

Вилма ќе признае пораз, испрати и порака до наследникот на шефовската позиција

Вилма Русковска, кандидатка за нов мандат за шефовското место во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кажа дека ако ги изгуби овие избори ќе признае пораз. Таа очекува да победи и рече: „Правдата мора да победи“.„Не, од страна на ниту еден колега немам добиено таква информација (дека има притисоци). Ако овие избори не бидат фер, кога гласаат обвинители, тогаш што да очекуваме од било кои други избори. Апсолутно сум сигурна дека ќе бидат фер“, кажа Русковска пред гласањето.Прашана дали ако победи друг кандидат, тоа значи дека нема да победи правдата, Русковска одговори: „Па се надевам, јас ги почитувам колегите, се надевам ќе продолжат таму каде застанав јас“.Таа не сакаше да одговори за кого таа би гласала, ако не беше кандидат.„А тоа е неблагодарно прашање, стварно“, одговори Русковска.Според неа, шефовското столче е жешко и додава: „Не е работата само да бидеш шеф. Него се очекува многу повеќе од тоа“.Ако победи, Русковска рече дека ќе продолжи каде што застанала. Ако не победи, ќе направи примо-предавање.„Уште еднаш сакам да нагласам дека правото и правдата мора да важи за сите. И не смее да има неказнивост“, додаде Русковска.Таа не коментираше како е задоволна од работата на ОЈО-ГОКК откако таа е суспендирана.„Не сакам да излезе дека од далеку вршам некаква контрола, дека прашувам“, додаде Русковска.Прашана за порака до колегите, доколку таа не биде избрана, Русковска рече: „Ќе му кажам или ќе и кажам на кои предмети треба да се обрне поголемо внимание“.Русковска не одговори дали ќе каже поголемо внимание да се обрне на предметот за Арафат Муареми, поради кое постапување, беше суспендирана, а откако беше утврдено од републичкото обвинитечлство дека постапила незаконски.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Поскапуваат горивата, се намалува само дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 4.11.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,994 %, кај дизелот намалување за 0,558%, кај екстра лесното масло намалување за 0,436% и кај мазутот намалувањето е за 0,165%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,578%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,072 ден/кг и сега ќе изнесува 49,995 ден/кг.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.Од 8.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 94,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 96,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 49,995 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

269831738_4527700727340322_304902339563400304_n

Бислимовски: Ако користиме гас за парното нема да има проблеми со загадување

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика , Марко Бислимовски смета дека трошоците со употребата на дизелот за парно греење наместо природен гас ќе бидат пониски, но факт и дека ќе немаме проблем со загадувањето, доколку го користиме природниот гас.-Треба да бидат подготвени топланите во случај на исклучителни ситуации доколку има проблеми со набавка на природен гас, бидејќи никој не може да предвиди што ќе се случи во наредниот период. Доколку постојат услови, колку што можеме повеќе да го користиме природниот гас за произведување на топлинска енергија, вели Бислимовски.Тој додава дека доколку има можност за намалување на цената на парното греење, тоа и ќе го направат.-И ние сакаме како Регулаторна да има поместување во цените на нафтените деривати, природниот гас, електричната енергија. Доколку се исполнат минимални услови, ние тоа ќе го направиме, рече првиот регулатор во интервју за Тв Телма.

Македонија | пред 3 години

anonymous-man-interview-silhouette-4k-footage-047126204_iconl

ВИДЕО: Се гласа за шеф кој ќе ја наследи Русковска, а на еден од кандидатите не му се знае ниту ликот

Раководителот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, е меѓу првите кои го даде својот глас на изборот за нов шеф. На ливчето има четири кандидати, а зад параванот може да се избере помеѓу досегашната шефица Вилма Русковска која бара нов мандат, Деса Пауновска од Вишото јавно обвинителство-Гостивар, скопскиот обвинител Ермон Незири и обвинителот од Гостивар, Ислам Абази за кого јавноста се уште не знае како изгледа, а со тоа и дел од обвинителите кои денеска гласаат. До 09 часот гласале околу дваесетина обвинители.„Има пет изборни единици. Ова не е нешто ново за обвинителите, вака се бираат совети на советот. Ова е 15 годишна традиција, а првпат се бира шеф на едно обвинителство. Денеска во скопското вишо обвинителство гласаат 91 обвинител од 163 обвинители. Процесот оди одлично. Ова се сигурно посериозно во однос на легитимитетот кој ќе го има, а тој одговара пред сите обвинители. Сите ќе видиме што ќе остави овој избор“, рече Јован Цветановски, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, како и претседател на изборната комисија на гласачкото место во Вишото јавно обвинителство.Кандидатите за шефови имаа соочување на дебата во „А1он“. Се појавија Вилма Русковска, Деса Пауновска и Ермон Незири. Ислам Абази кој моментално е шеф на Вишото обвинителство-Гостивар избега од дебата. Во јавноста се шпекулира дека тој е кадар на ДУИ. Абази се правдаше отсуствува од дебатата поради обврски, па откако оставивме простор сам да избере термин, тој престана да одговара на повиците и пораките. Дел од обвинителите, но и јавноста и медиумите не знаат ниту како изгледа овој обвинител, кој претендира да биде на чело на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Резултатите, односно новиот шеф на ОЈО ГОКК ќе биде познат по завршувањето на гласањето, кое ќе трае до 16 часот, по што Советот на јавни обвинители има рок од седум дена да одржи седница на која ќе го назначи обвинителот што освоил најмногу гласови за нов Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција.

Македонија | пред 3 години

235634236_3042017626088012_4185651639971951938_n

Денеска лидерска средба во Собранието

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во Собранието ќе одржи средба со лидерите на парламентарните политички партии, на која треба да се разговара за европскиот пат на земјава, како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк политички и општествен консензус.– Средбата која ја свикува претседателот на Владата, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус. Поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, соопшти Владата во најавата за свикување на средбата на 2 ноември.

Македонија | пред 3 години

299920777_10228618403993603_5595199146724079439_n

(ВИДЕО) Адвокатка “удри” по потенцијалните шефови: На моменти беше мачно да се слуша како обвинителите се мачат

Добар обвинител мора да се чувствува како во своја кожа кога зборува, а не како во нечија туѓа, некоја што ја облекува како тогата, како зборувањето да му е наметната униформа за работа, вели Сузана Јошевска Анастасовска која работи како адвокат.„Кога обвинител зборува, аргументира, дебатира, поентира, тоа треба да излегува од него како добро научена и извежбана песна, бидејќи тој треба да го претставува во секоја минута интерниот мотив за гонење криминал и задоволување на правдата.Дека недела, ја изгледав единствената дебата помеѓу три од четирите пријавени кандидати за шеф на ОЈО ГОКК.На моменти беше болно да се слуша како обвинителите се мачат кога бираат зборови како да се изразат, па не можат да се доискажат, не можат да довршат почната реченица, а камоли да поентираат. Не сакаат да се замерат со никого (чувај боже!), па во сред реченица ќе се сетат- "Упс, ова оди во погрешен правец, некој ќе ми се налути", па си ставаат "автофусноти" , исклучоци и некакви квази-извинувања за кажаното што демонстрира отсуство на одлучност и самодоверба во изразувањето став. Контрадикторни се сами на себе (ова особено во делот на политичките притисоци каде остана нејасно што мислат, не се долови ниту една поента, а уште помалку план за справување).Некои ќе речат отсуство на елоквентност и ораторски вештини не се важни за таа функција, треба да знае добро да го менаџира обвинителството и да одолее или да се справува со мешањето на политиката и бизнисот.А како ве молам, ќе го направи тоа? Како ќе знаеме дека некој може професионално да менаџира и одолее на крупни "ѕверки" ако јавно, под стрес и кога му е важно тешко успева да состави автономна проширена реченица? Ако вербално не умее да изрази јасен, категоричен и цврст сопствен став?Кај нас добри менаџери се само милениците на власта која во моментот кога се назначуваат е актуелна. Истите тие, во оној момент кога ќе престанат да бидат миленици од разни причини, на истата или следната власт, стануваат обични.Оти лесно е да испорачаш резултат кога сите кои треба да те поддржат се насочени да ти го дадат. Не ти треба ниту елоквентност ниту способност.Затоа бираме "блиски до власта", па после не знаеме како да се справиме со предизвиците.На ОЈО ГОКК му требаат човечки ресурси и пари, не дружба и љубов и разбирање. Му треба цврста рака да го води и паметна и упорна глава да ги научи институциите која е неговата улога и како спрема него треба да се однесуваат.Ова е огромна одговорност што бара човек кој ќе организира но и мотивира и инспирира обвинители кои ќе најдат баланс помеѓу натчовечка ревност и човечка пристојност, кои ќе сакаат праведност, а не жртви на прогон и решени предмети за статистика, кои му служат на законот, а не на сопствените амбиции и кои ќе пристапуваат кон извршувањето на овие задачи со понизност и скромност“, вели таа.

Коментари | пред 3 години

314603782_10160081490267487_721209305356417339_n

(ФОТО) Падна првиот снег

Падна првиот снег за оваа сезона на врвот Пелистер на планината Баба. Фотографијата е објавена на социјалната мрежа Фејсбук.Во Битола обилно врне дожд и се очекува врнежите да продолжат во текот на денешниот ден. Температурата во градот падна до 12 Целзиусови степени.ФОТО: Јонче Илиевски

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-15-at-22.39.12

Сторила ли Русковска кривично дело со признавањето „Не ни беше дозволено да постапуваме“

Обвинителката Вилма Русковска која беше и шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а претендира да остане на функцијата, во емисијата „Стадион“ призна дека не процесуирала предмети во време на владеењето на Никола Груевски, против тогашни функционери. Таа има свои оправдувања за овој чекор.Истовремено, според Кривичниот законик, ова може да е казниво. Во него стои дека самото непријавување е кривично дело. Во случајот на Русковска, таа беше прашана зошто пред да се формира СЈО, таа и нејзините шефови не процесуирале ниту една од аферите отворени од тогашната опозиција (СДСМ), а таа кажа дека не и било дозволено. Но тоа не го потврди со ниту еден вербален или материјален доказ, ниту пак, има поднесено било каква претставка против нејзините надредени кои и биле шефови во тоа време.„На мојот поранешен шеф, веќе беше избран за судија во Стразгубр. Бевме на некоја конференција. И јас му кажав, Јове, два предмети да ги процесуиравме од тие материјали и докази кои ги достави тогашната опозиција..“, вели Русковска во „Стадион“, а прашана дали Јове е баџанакот на Мијалков, одговара потврдно и продолжува: „Да дозволевте да се процесираат, немаше да постои СЈО, обвинителството ќе си беше со еден чист образ, дигнитет. Нас не ни беше дозволено да постапуваме по тие предмети“.Прашана од водителот кој не и дозволил, таа додава: „Тогашните шефови, Зврлевски, Јован Илиевски. И сите опструкции кои се правеа кога се формираше СЈО, што се правеа, беа смислени од Јове, Марко Зврлевски и тогашниот претседател на судот Владимир Панчевски. Мислам ги спроведуваа замислите на Јован Илиевски“.Според Кривичниот законик, непријавување на подготвување на кривично дело, како и непријавување на кривично дело или сторител – се кривични дела сами по себе. Па така, во членовите 363 и 364 од Кривичниот законик, има предвидено и казни за лицата кои ќе го прекршат членот.„Тој што знае дека се подготвува извршување на кривично дело за кое според законот може да се изрече казна затвор од пет години или потешка казна, па во времето кога се уште било можно да се спречи неговото извршување не го пријавил тоа, а делото било во обид или извршено, ќе се казни со парична казра или со затвор до една година“, стои во членот 363 од КЗ, додека во 364 се вели: „Службено лице кое свесно ќе пропушти да пријави кривично дело за кое дознало во вршењето на својата должност, ако за тоа дело според законот може да се изрече казна затвор од пет години или потешка казна, а делото се гони по службена должност, ќе се казни со парична казна или со затвор од една до три години“.Јавниот обвинител и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по допрен глас или по примена кривична пријава. Секој може да пријави кривично дело кое се гони по службена должност.Сите државни органи, јавни претпријатија и установи се должни да ги пријават кривичните дела за кои се гони по службена должност, а за кои се известени или за нив дознале на друг начин. Поднесувајќи ја пријавата, пријавителите ќе ги наведат и доказите што им се познати и ќе преземат мерки за да се зачуваат трагите од кривичното дело, предметите што се употребени во неговото извршување или настанале од извршувањето и други докази.Засега, од информациите кои ги има „Скопје1“, Русковска не пријавила ниту дека некој и забранува да постапува во времето пред 2016 година, ниту пријавила кривично дело, ниту водела постапка за предметите кои подоцна ги процесуираше СЈО, а беа дел од прислушуваните разговори.Русковска, во друга емисија посочи дека таа не потпаѓа под влијанија и дека постапува согласно Кривичниот законик и Законот за кривична постапка. Со нејзиното тврдење дека некој и забранил да постапува, си ги побива сопствените тврдења.Засега нема став од ОЈО-Скопје, дали за овој случај ќе отвори и предмет по допрен глас, со оглед дека постојат инидиции за сторено кривично дело

Македонија | пред 3 години

313034126_562974412498645_3390639224947258491_n

„Триглицеридите плафон му се на Таче“, загриженост за премиерот кој секој ден јаде брза храна и се слика

Ми беше задоволство што денешниот појадок со вкусен сендвич со мортадела и сок од боровница, го имав во кујната на РЕК Битола, објави вчера на фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.Тој им се заблагодари на вработените во кујната на РЕК Битола за гостопримството и честа да појадува во нивната кујна.Пред една недела, Ковачевски објави фотографии од позната битолска сендвичара кае јадеше тост.За граѓаните ова е само лош ПР на премиерот, па се пошегуваа дека триглицеридите му се до плафон оти постојано го носат во сендвичари, бурекџилници и кебапчилници.https://twitter.com/deleted90808465/status/1588962826567430144?s=20&t=WY4NpLDRmGV-mDhG1cgZRQhttps://twitter.com/MuTetka/status/1589011405390303232?s=20&t=WY4NpLDRmGV-mDhG1cgZRQhttps://twitter.com/Gerasim_mk/status/1589014409040789504?s=20&t=ynrezREsINZJafb97mSW8ghttps://twitter.com/zena_sva/status/1588985071889186816?s=20&t=WY4NpLDRmGV-mDhG1cgZRQhttps://twitter.com/pandorabox97/status/1589075904860676096?s=20&t=WY4NpLDRmGV-mDhG1cgZRQhttps://twitter.com/pandorabox97/status/1589077987085135872?s=20&t=WY4NpLDRmGV-mDhG1cgZRQ 

Коментари | пред 3 години

101013308-147590

Србинка со автомобил удрила во 10-годишно девојче од Тетово

Десетгодишно девојче пешак било тешко повредено вечерва, околу 19 часот во Тетово, откако во него удрил автомобил управуван од 27-годишна жена. Повреденото девојче со возило на итната медицинска помош е однесено во тетовската болница.– Околу 18.50 часот, на крстосницата на улиците Илинденска и Видоја Смилевски-Бато во Тетово, патничко моторно возило „фиат пунто” со српски национални регистарски ознаки, управувано од 27- годишната српска државјанка М.Н. со времен престој во Тетовско, удрило во малолетничка (пешак) од Тетово. Во несреќата, девојчето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница – информираше Марјан Јосифоски, портпартол на СВР Тетово.На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ексобвинител ги направил лом кандидатите за шефови: Поважно им е дали работат тоалетите, отколку гонењето криминал

Охридскиот обвинител Војо Димоски, кој се повлече од функцијата и заработи кривична пријава, го искоментира појавувањето на кандидатите за шефови на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, Деса Пауноска и Ермон Незири. Четвртиот кандидат избегал од дебата.Заклучоците и писанието на Војо Димоски, во целост:Како човек од занаетот, потрошив безмалку два часа за да го изгледам соочувањето на потенцијалните раководители на ОЈО за организиран криминал и корупција. Еве што заклучив:1. Вокабуларот на кандидатите и држењето не соодветствува на функцијата која сакаат да ја извршуваат. Во таа смисла, полн погодок е одлуката на четвртиот кандидат да не одговори на поканата за дебата и така да ја продолжи мистеријата за нивото на неговата стручност и елоквенција. Тоа се разбира не ќе може да го прави довека.2. Премногу општи ставови од луѓе од кои се очекува конкретна работа на конкретна тема: борба со корупцијата и организираниот криминал. Не се бира редовен професор, ниту лидер на партија туку правен практичар - по ѓаволите!3. Тотално е небитно за јавноста дали работат тоалетите во ОЈО и дали се заклучува вратата или не. За кандидатите очигледно многу битна тема, ако се цени минутажата одвоена на неа. Тоа повеќе зборува за нив, отколку за санитарниот јазол во обвинителството!4. Фаворитот, зад кој во крајна линија стои муртинската правно-политичка школа, има нејаснотии по однос на стварната надлежност на Обвинителството кое се амбицирал да го води. (Конкретно: не знае за кои форми на делото од чл. 353 е надлежно ОЈО за ГОКК). Сметам дека е доцна да се пополни тоа незнаење.Во секој случај, во понеделник обвинителите на непосредни избори ќе изберат некого од понудата. Тоа ќе биде прв ваков избор, а избраниот ќе биде слика и прилика на тие што избираат. Како што впрочем и Премиерот, Претседателот и пратениците се слика и прилика на нас. Затоа јавно ги советувам довчерашните колеги да не ги прифаќаат сугестиите на кои се интензивно изложени деновиве.Мене ми е лесно да направам избор. Како приватник имам еден критериум: би гласал за оној кандидат кого без размислување би го вработил во мојата адвокатска канцеларија. Од конкретнава понуда: никого!

Коментари | пред 3 години

vozac-687x430-1

(ВИДЕО) Возач на ЈСП до директорот: Врати ме на линија

Возач на ЈСП, додека вози автобус, преку социјални мрежи му се обрати на директорот, како што вели, да види цела македонска јавност.Тој вели дека за мизерни 20.000 денари додека работи како паркирач на автобусите, на „деца“ без работно искуство директорот им дава да возат луѓе низ градот.Возачот преку јавноста бара директорот повторно да го врати да вози на линија и професионално да си ги извршува обврските.„Почитуван директоре на ЈСП нека види цела македонска јавност каков директор си ти. Јас сум возач со 15 годишно работно искуство но ме тераш да работам како паркирач за мизерни 20 илјади денари јас што автобусот го возам со затворени очи, а некои деца што пред неколку месеци положиле што немаат ни ден работно искуство им даваш да возат луѓе низ градов значи свесно у смрт ги праќате граганите Има линии како 53, 25 кај што не смее да се згреши, една грешка и се оди право у смрт за тоа ве замолувам да ми се овозможи да возам на линија И најпрофесионално да СИ ја извршувам работата“, стои во описот на видеото.

Скопје | пред 3 години

struja-4

Левица поднесе кривична пријава за кражба на струја во Арачиново

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, предвидено и казниво по член 235 – а од Кривичен законик против непознат сторител од Општина Арачиново, велат од партијата.„Според ЕВН Хоум, во општина Арачиново нема струја поради дефект од оптоварување на трафостаниците, кое е настанато поради незаконско користење струја од страна на некои жители.Министерот за економија Бектеши тогаш наведе дека загубите на струја во Арачиново се дури и до 80 отсто, поради диво приклучување на мрежите.Во ек на светската енергетска криза, недозволиво е одреден број на жители да не ги подмируваат сметките, на штета на оние кои уредно тоа го прават - ниту пак жителите на општината кои совесно ја извршуваат оваа обврска да се соочуваат со потенцијално исклучување поради оние кои не го прават тоа.Обвинителството да не чека дозвола од ДУИ и СДС да постапи!Левица ја поднесе оваа кривична пријава за кражба на струја до ОЈО Скопје, кое како овластен орган по службена должност треба да постапи со цел спречување на вакви казниви дела и казнување на нивните сторители.Со ова несовесно и незаконско постапување од страна на одредени жители од Арачиново, односно со диво приклучување на електричната мрежа, загубите ги покриваат совесните граѓани, кои ја плаќаат струјата и поради тоа добиваат високи сметки во период на огромна инфлација“, додаваат од Левица.

Македонија | пред 3 години

298153086_589004019532455_4540879295214472314_n

(ВИДЕО) Русковска јавно призна дека власта ја отпишала: А опозицијата никогаш не ме запиша

Во дебатата на „А1он“, кандидатите за шефови на ОЈО-ГОКК си ги судрија ставовите. Меѓу нив, Вилма Русковска, која беше и досегашна шефица и ги водеше предметите „27 април“ и „Рекет“ кажа дека позицијата ја отпишала. Ова е реченица за која целата јавност говори во изминативе 24 часа. Со оглед дека обвинилската функција е независна, непознато е како таа била запишана во, да речеме, тефтерчето на власта.Изјавата е на 33 минута:„Јас знаете што реков кога почнав актуелни функционери да гонам имаше една реченица во среќна нова 49, легендарна реченица и секогаш ја споменувам вели „истокот не отпиша, запад не нѐ запишува“. Значи мене опозицијата никогаш ме немала запишано, а позицијата ме отпиша. Видете јас веројатно стоеле позади мене, пример, при изборот во 2018. Не знам што очекувале“, рече Русковска во дебатата на „А1он“.Таа открива и други детали. Русковска се претстави како безгрешна.

Македонија | пред 3 години

raskovski55

Рашковски: Уреди на осомничени се чуваат во шкафче во ОЈО ГОКК, „брука“ пред НАТО

Некогашниот генсек на Владата и осомничен во предметот „Софтвери“, Драги Рашковски утрово преку соопштение порача дека кога некој ќе те прими да бидеш член во неговото семејство од тебе очекува да се придржуваш на правилата по кои се раководат сите членови.„Стандардите налагаат да се однесуваме минимум од пропишаното и ако веќе не сме во можност да допринесе за прогрес, треба максимално да го почитуваме воспоставеното. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е една од институциите кои би биле во директен контакти еден од главните домашни соработници при заедничка акција на земјите членки на НАТО во некои специфични операции. Во таква ситуација тие мора да се водат по правилата на НАТО.И не само тогаш, овие правила мора да се и минимум правила при водењето на другите истраги, затоа што Уставот така налага – меѓународните договори ратификувани во Собранието мора да се почитуваат. За таа цел НАТО го има Центарот за извонредност на кооперативна сајбер безбедност на НАТО (ЦИ КСБ НАТО) која е меѓународна воена организација акредитирана во 2008 година од Северноатлантскиот совет на НАТО како „Центар за извонредност“. Лоциран во Талин, Естонија, Центарот во моментов е поддржан од Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Турција, Обединетото Кралство и САД како држави спонзори и од Австрија, Финска, Северна Кореја, Шведска и Швајцарија како учесници кои придонесуваат кон работата на Центарот.Мисијата на ЦИ КСБ НАТО е да ги подобри капацитетот, соработката и споделувањето информации помеѓу НАТО, земјите-членки на НАТО и земјите партнери на НАТО во областа на сајбер одбраната врз основа на истражување, образование и консултации. Центарот има интердисциплинарен пристап ориентиран кон НАТО кон своите клучни активности, вклучувајќи академско истражување на избрани теми релевантни за сајбер областа од правни, политички, стратешки, доктринарни и/или технички перспективи, обезбедување образование и обука, организирање конференции, работилници и вежби за сајбер одбрана и нудење консултации по барање. Наспроти тоа… во ОЈО ГОКК имате сопче со шкафчиња за чување на дигитални докази, во кое сопче на милост и немилост и кој како му дојде се послужува со истите, затоа што од август месец нема ангажиран информатичар. НАТО стандардите налагаат дека: Прецизна документација на добиената опрема или податоци е предуслов за успешна кривична постапка. Доколку документацијата не успее или е недоволна, собраната опрема или податоци најверојатно нема да бидат допуштени како доказ на суд. Кривичниот закон има строги правила за употреба на докази. Активностите преземени за обезбедување и собирање дигитални докази не треба да влијаат на интегритетот на тие докази.НАСПРОТИ ТОА ИМАМЕ: Во случаевите кои ми се мене познати нема никаква документација за тоа добиената опрема и податоци, ниту документација кој, кога и зошто располагал со таа опрема. Истата е оставена сама на себе, да не речам добива статус на напуштена без соодветен надзор ствар. Како епрувета со земен примерок од крв која е оставена во нечиста просторија. Понатаму НАТО стандардите велат: По добивањето на опрема или податоци, единицата што ги добива истите е одговорна за оваа опрема или податоци додека не се предадат на овластени службеници. Имајќи предвид дека единицата ја спроведува операцијата под државна одговорност, државата е одговорна за секој недостаток во постапувањето со опремата. Тоа значи дека доколку опремата или складираните податоци се изгубат или се достапни за трети лица; државата ќе сноси одговорност и ќе одговара за побарувањата кои произлегуваат од загубата. Доколку податоците се копираат и споделуваат во тимот, како една од опциите за резервна копија на доказите, тие треба да се складираат на таков начин што ниту една друга страна нема да има пристап, на пр. со употреба на шифрирање или техники кои ќе ги уништат податоците во случај на неовластен пристап.Покрај можната одговорност во случај на загуба, спротивната страна би имала можност да идентификува кои информации се одземени и да преземе мерки кои би можеле да влијаат на тековните и идните операции. НАМЕСТО ТОА ИМАМЕ Уредите одземени од осомничените се чуваат ни повеќе ни помалку во шкафче без никаква форензичка изолација. Може ли да го замислите коментарот кој би го добиле кога нашите НАТО партнери би направиле евалуација на просториите на ОЈО ГОКК и шкафчето во кое се чуваат дигиталните докази? Може ли да го замислите изразот на лицето кога ќе дознаат дека дури и одржувачите на хигиена во собчето каде се чуваат дигиталните докази имаат пристап до истите? НАТО стандардите ни велат: Постои разлика меѓу граѓанин и полиција или други официјални истражители.Полицијата, како државен чинител, е обврзана со законот за кривична постапка, кој има за цел да ги заштити граѓаните од моќта на државата. Доколку полицијата ги собрала доказите спротивно на законот, овие докази ќе бидат исклучени. Доколку, пак, доказите ги собира граѓанин, кој не е ограничен со заштитата предвидена со овој закон, доказите може да бидат прифатени. НАСПРОТИ ТОА … имаме обвинител(к)и кои не само што не се водат по процедури, туку и самите се ставаат во улога на дигитални форензичари, најчесто дури и комично, пред камерите кои го снимаат судското рочиште изнесувајќи тези кои се спротивни на природните закони Затоа ни се потребни стандарди. Не може да се брукаме заради поединци кои не научиле кои се предизвиците на 21 век и дека со своето нестручно постапување прават штета на имиџот на државата. Не се боревме за НАТО толку многу за тие да не брукаат“, вели Рашковски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања