ТОП

20181120123705

Ексминистер за правда: Изборот на Абази е наместен, предистрагите за тежок криминал каде се чепкаат кадри на ДУИ - во канта!

Поранешниот министер за правда на Република Македонија Михајло Маневски вели дека изборот на јавен обвинител за организиран криминал и корупција е наместен.„Наместен избор на јавен обвинител за организиран криминал и корупцијаОвде кај нас се може да се намести. Сега е наместен изборот на Ислам Абази за јавен обвинител на ГОКК.Се избра анонимус партиски кадар на Али Ахмети на ДУИ.Дури 4/5 или 130 обвинители гласот го дале за кандидатите Ислам Абази (66) гласа и Ерон Незири (64) или вкупно 130 гласа за овие дваица кандидати. По какви резултати се позннати овие кандидати? По обвинителски не. По партиски да. Се гласаше по директива, шефот на ГОКК мора да биде од ДУИ.Јасно како бел ден. ГОКК во партиските раце на ДУИ.Е обвинители, не беше тешко да ве скршат. Скршени сте поодамна, за жал. Тоа што требаше да е најсвесно, излезе најпослушно.Сега се знае. Сите покренати предистраги за тежок криминал во кој се чепнаа и некои кадри одДУИ, во корпа за отпадоци.Целата обвинителска стратегија ќе се гради на основите за заштита на криминалот и криминалците.Македонија е опљачкана од криминалната багра на властСега веќе нема никој да ги спомне, а камоли да ги гони“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

sar-planina

Спасувачка акција на Титов Врв: Планинар паднал од карпа во провалија, не се знае неговата состојба

На Титов Врв на Шар Планина во тек е спасувачка акција. Конкретно, по добиен повик за итен случај на 112 во ЦУК, во тек е спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за извлекување на двајца планинари од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знае во каква состојба е во подножјето на Титов Врв на Шар Планина„Во моментот кога информираме за настанот, во ЦУК добивме информација дека едно лице од планинарите е извлечено, а по другото лице во тек е спасувачката акција во која спасувачите од ангажираните институции вложуваат максимални напори заради ниските температури или евентуалните повреди на лицата за коишто немаме информација во која мера се повредени.Конкретно, настанот пријавен на 112 се развива кога едниот од двата планинара прво пријавува дека на Титов врв, во реон 500 метри подолу, со неговиот другар оделе кон викендица и се изгубиле. На другарот му се слошило и бил во лоша здравствена состојба, па побарал помош бара итно да се реагира. Преку 112 во ЦУК е направен конференциски повик со Полицијата во Тетово (МВР – ЦИК Тетово)Потоа, јавувачот на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е повреден но е многу. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор.Веднаш по добиената информација ЦУК преку Дежурниот оперативен центар РЦУК Тетово стапува во комуникација со Министерството за внатрешни работи - СВР Тетово и Полициска станица Попова Шапка со коишто по куса координација, со едно теренско возило на Центарот за управување со кризи со човек на ЦУК од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово заедно со двајца полицајци од СВР Тетово се упатува кон Титов Врв на Попова Шапка. Во меѓувреме е стапено во комуникација и координација со Територијално противпожарната екипа на Тетово од каде што се упатени 4 пожарникари и специјализирано теренско возило на местото на настанот, за да помогнат. Истовремено, од ЦУК е координирано со Брзата помош од ЈЗУ Тетово и е упатено и медицинско возило со комплетна екипа лекар и медицински персонал да го превземат повредениот“, информираат од ЦУК

Македонија | пред 3 години

314370224_432282562425047_6940910152438828192_n

Двете лица кои со квадрицикл паднаа во провалија се извлечени

Двете лица кои со квадрицикл (мопед на четири тркала) паднаа во провалија кај вила Принц на Караџица се извлечени во стабилна состојба со веројатни сршеници, предадени се на две екипи на Итната медицински помош кои се упатија кон медицинските центри во Скопје, информира ЦУК.

Македонија | пред 3 години

Screenshot_13-1

Ексобвинител за шефот на ОЈО-ГОК: Ни на сон човек со таков квалитет нема морално право да раководи со Обвинителство

Екс обвинителот Војо Димоски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека денот кога заминал од обвинителството ќе го земе за куќна слава.„Денот кога си заминав од обвинителството ќе го земам за куќна слава!Обвинител кој одлучи да молчи во текот на постапката за избор на шеф на ОЈО за ГОКК, денес, после изборите првпат се појави во јавност. При тоа кажа нешто кое после неколку часа е демантирано. Со фотографии!Со други зборови примусот на борбата со високата корупција и организиран криминал, пред јавноста не ја зборуваше вистината. Дали човек со таков квалитет има морално право да раководи со Обвинителството? По мој критериум, ни на сон!Затоа ги охрабрувам новинарите да го прашаат Државниот обвинител дали ќе побара одговорност од него согласно Етичкиот кодекс?Ако веќе го прашувате, прашајте го и дали е дозволено, странка во постапката, злоупотребувајќи ја законската позиција на моќ, неофицијално да бара од Претседател на суд да врши притисок врз судиите да носат незаконити одлуки. Јас лично сметам дека е незаконито, ама можеби тој подобро знае“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

313413517_432282615758375_369301945601083872_n

(ФОТО) Во тек е спасувачка мисија: Со квадрицикл излетале во бездна длабока 20 метри

Пред околу еден час на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, после с. Алдинци во близина на вила Принц.„Од страна на ЦУК се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.Во тек е спасувачка мисија за извлекување на двете лица кои се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со засега неидентификувани повреди.На местото на несреќата е пристигната екипа на Итната медицинска помош но поради непристапноста на теренот се чека на тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, кој се движи кон местото на несреќата и треба да пристигне во секој момент“, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 3 години

osmani-siljanovska-davkova

Силјановска за Османи: Суперминистеров реши да функционира како албанско-бугарски-македонски министер за сеопшти работи

Суперминистеров не престанува да не изненадува со иновативниот надворешнополитички пристап. Политиката го разбуди и поттикна неговиот интерес за прашања што се далеку од медицината и тој доби несонувана шанса да ги интерпретира и режира МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ РАБОТИ како што си сака или како што ќе му кажат, вели професорката Гордана Силјановска Давкова во својата објава на социјалните мрежи.„На регионално ниво, толку се посвети на градењето најдобрососедство што реши да функционира како албанско-бугарски-македонски министер за сеопшти работи.Ослободен од внатрешните стеги и притисоци, посебна инспирација за решавање на македонските работи добива надвор, во странство. Едно време, кога зборуваше за различните национални перцепции на историјата, заборави дека за фашизмот и холокаустот има силна, несоборлива, не само историска, тука и сечовечка слика на ЗЛО/ГЕРНИКА, што не смее да се заборави и толерира.На „европската“ мисија, не одолеа да се вмеша во ресорот за правда, па се премори од лаички „аргументации“ за правото на здружување и регистрирање на здруженијата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“. "Фердинанд" му го препушти на министерот за правда!Додека се носеа измените на „Законот за здруженија и фондации“ и „Законот за политички партии“ стивна, ама .... при гласањето за законите, видливо беше отусуството на пратениците – Албанци!„Инспириран“ од дошепнат бугарски глас, се огласи од Софија со идеја за испраќање на измените на Законот за здруженија и фондации на Венецијанска комисија.Чудно е што не се се сети на оваа можност во Скопје и што не му ја пренесе на министерот за правда, во чија надлежност е законот, односно на Владата. Дури и на предлагачот можеше да му ја предочи идејата. Уште почудно е што тоа не го стори кога беа предложени измените, оти мислење од Венецијанската комисија ВООБИЧАЕНО се бара кога актот е во фаза на нацрт/draft, за да може евентуалните препораки да се вградат.Ама, сестраниот министер Османи има искуство на Венецијански трговец. Во 2017 година, дури и по изјавата на г-динот Хан дека Законот за употреба на јазиците не е приоритетен, во организација на г-дин Груби, беше извршена трампа на гласовите за законот и гласањето за Преспанскиот договор. Згора, го протуркаа со европско знаме, иако СЕКОЈ приучен правник знае дека ЕУ нема заедничка јазична политика. Кога некои од нас јавно побараа да се чуе мислењето на Венецијанската комисија, ПОЛИТИЧКИТЕ ТРГОВЦИ најпрво ја замајуваа македонската јавност дека побарале, ама комисијата тоа го негираше. Следеше Артановата изјава дека побарале мислење за дел од одредбите и .... пресече министерката за правда со изјавата дека законот ќе биде пратен. И бидна. Дојде мислењето, ама ДУИ-нг АКЦИЈА беше побрза. Уставниот суд ТРУДНО си молчеше и сеуште молчи, никако да се породи од СТРАВ!Во последниот извештај на Европската комисија , на стр. 19, под наслов „ Ефикасност“, се бара преиспитување на законското решение за би-лингвализам во судските постапки.Па, што? Го помнам инспекторот Бујар Османи кога, врз основа на „евроинтеграциската“ инспекција на спроведувањето на законот, документирана со слики од терен, објаснуваше дека нема никаков проблем за двојазичноста од непознат европски вид.И сега, насмеан, се умилкува среде Софија со зборовите : „сакам да верувам дека колегата Милков и јас ќе направиме се за да не дозволиме други да ни ја водат нашата надворешна политика , други да ги обликуваат нашите билатерални односи“?!Да не сонува човеков да се прогласи за крал, инспириран од царските имиња на здруженијата? Знае ли кој е надлежен за креирање на надворешната политика? Која држава ја претставува? Праша ли за судбината на здружението „ Никола Јонков Вапцаров“? Потсети ли на пресудите на Судот за човекови права?Замислете, оној кој со премиерот и прати писмо на Венецијанска комисија во која ја ШОКИРААТ со тезата дека ние сме SUI GENERIS држава со специфични решенија и дека во Мислењето не треба да се споменува неуставноста на Законот за употреба на јазиците, ниту Уставниот суд затоа што тоа може да доведе до етнички проблеми, СЕГА ќе бара МИСЛЕЊЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА за Законот за здруженија на граѓаните, иако претходното не го почитувал!Законот за политички партии не го ни споменува иако содржи идентични решенија со оној за здруженијата, оти не е КУРЕНТНО“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

271677508_733133437657379_5055645123946271102_n

Граѓаните разочарани: „Луѓе од надвор се борат повеќе за Македонија, отколку ние самите“

Хрватскиот македонист Горан Калоѓера кој е и надворешен член на МАНУ бара реакција од Академијата но и од македонистичките научни институции (Институт за македонска литература, Институт за македонски јазик и Институт за историја) да реагираат на провокативните и неточни изјави на бугарската потпретседателка Илијана Јотова викендов во Битола.„Се согласувам со г-ѓа Јотова, најверојатно така се вика, само во едно. Нема поубаво шеталиште од битолското. Останатото, што го кажа е чиста провокација, дрскост, безобразност и (не верувам дека е толку глупава) и невистина. Како прво, мислам дека г-ѓа Јотова нема поим што е ренесанса, второ, ренесансата како стилска формација не постоела ниту во бугарската ниту во македонската литература. А да се нарече Битола центар на бугарската ренесанса не е само провокација и дрскост, туку и историска лага. Госпоѓата очигледно мислела на преродба, а и во тоа има згрешено. Битола отсекогаш била „конзулски“ толерантен град и таму да се зачнува (почне) бугарска преродба, тоа да ми извините е „пизд…а“ од светски размери исто како и изјавата дека Зборникот е дело на бугарски преродбеници, истакнува Калоѓера во својот пост на ФБ.Калоѓера вели дека нема намера да ја оспорува глупоста на Јотова, која според него има очигледна цел како дел од бугарската елита да ја детронизира (поништи) Македонија како држава и „да уништи се што е македонско“. Но се чуди зошто никој не реагира на провокациите на Јотова и дали навистина некој решил да ја продаде државата.Објавата за кратко време се прошири на социјалните мрежи, а граѓаните исто така го изразија своето незадоволство од Владата и институциите.„Срам ми е од тоа на кое дереџе сме, срам ми е од тоа која мизерија и понижувања ги живееме“, „Да си прочитаме за сопствената беда“, се само дел од коментарите. 

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-11-08-141044

Арсовска викна полиција оти Славески и го зел микрофонот

Градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје викна полиција и го пријави претседателот на Советот Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата, пишува СДК.МК.Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата.Претходно Арсовска со подвижен микрофон отиде на говорницата и му рече на Славески дека е Хитлер и крадец.„Господине Хитлер не ви доликува ова што го правите. Вие го кршите деловникот и сте крадец. Немате никаков интегритет”, рече Арсовска.По ова, Славески даде пауза, а потоа рече дека ѝ го одзема правото на збор на Арсовска затоа што го кршела деловникот, вршела опструкции и недолично се однесувала.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-11-08-125613

Абази не одговори кои дела ги гони ОЈО-ГОК: Не сум на испит тука јас

На новиот шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абази му е предизвик да работи на оваа позиција, изјави тој за новинарите на денешната прес конференција.„Да им се заблагодарам на колегите кои учествуваа во овој процес за основен јавен обвинител на ојо-гок. Ова е ново законско решение за избор на основен јавен обвинител на ојо-гок. Целта на ова законско решение е да се дојде до поголема самостојност на јавниот обвинител и со тоа да се избегнат сите надворешни влијанија кои можат да се појават во државата. Исто така сакам да им се заблагодарам и на колегите обвинители кои учестуваа во овој процес кои беа професионални, фер и коректни и кои придонесоа овој процес да биде фер и транспарентен. Освоените 66 гласа се голема одговорност за мене и мотив да јас колку што можам професионално да раководам со ова јавно обвинителство кое е највашно обвинителство бидејќи во својата надлежност ја има борбата против организираниот криминал и корупција.Ова ми претставува предизвик имајќи го предвид моето досегашно искуство да раководам со ова обвинителство. Сум учествувал во разни работни групи за донесување на закони, подзаконски акти, учесник сум во работната група во законот за конфискација на имот и со моето досегашно искуство и работа сметам дека професионлно и зконито ќе го претставувам ова бовинителство заедно со колегите обвинители“, изјави тој.Прашањето кои дела ги гони организиран криминал, тој изјави дека не е на испит.„Не сум на испит тука јас. Во закон за јавно обвинителство е предвидено кое е надлежноста на тоа обвинителство“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

inflacija

Македонија со највисока инфлација споредено со земјите од поранешна СФРЈ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија со највисока инфлација споредено со земјите од поранешна СФРЈ, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Инфлацијата ви Македонија е 19.8%, и со тоа највисока во регионот на поранешна СФРЈ, Словенија има речиси двојно помала инфлација од Македонија, т.е. само 10%.Инфлацијата кај храната и пијалоците е 32.4% во Македонија, а 17.2% во Словенија.Статистиката покажува дека во Словенија со двојно повисоки плати, и многу посилен животен стандард, растот на цените е помал отколку во Македонија.Во Македонија народот ја чувствува најголемата инфлација во регионот.Иста е споредбата и со Србија каде инфлацијата е 14% и Хрватска со инфлација од 12.8%.Ова покажува дека пред се големата инфлација во Македонија е резултат на неспособноста на владата да се справи со шоковите, но и неработата во изминативе 5 години.Ударот доаѓа во секторот енергенси, воглавно цената на струјата и храна и пијалоци. Тоа се сектори во кои со квалитетен менаџмент би се спречила големата инфлација.Тоа што инфлацијата е најголема во Македонија е доказ за неработата на власта. И наместо со полумерки, ја повикуваме Владата да ги имплементира сите мерки кои ги предложивме, се со цел подобрување на состојбата во економијата и помош за граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

goran-kalogjera-slika-od-fb-960x607-1

„Бугарија има за цел да уништи се што е македонско“, хрватски македонист бара реакција од Владата и институциите за изјавите на Јотова

Хрватскиот македонист Горан Калоѓера кој е и надворешен член на МАНУ бара реакција од Академијата но и од македонистичките научни институции (Институт за македонска литература, Институт за македонски јазик и Институт за историја) да реагираат на провокативните и неточни изјави на бугарската потпретседателка Илијана Јотова викендов во Битола.„Се согласувам со г-ѓа Јотова, најверојатно така се вика, само во едно. Нема поубаво шеталиште од битолското. Останатото, што го кажа е чиста провокација, дрскост, безобразност и (не верувам дека е толку глупава) и невистина. Како прво, мислам дека г-ѓа Јотова нема поим што е ренесанса, второ, ренесансата како стилска формација не постоела ниту во бугарската ниту во македонската литература. А да се нарече Битола центар на бугарската ренесанса не е само провокација и дрскост, туку и историска лага. Госпоѓата очигледно мислела на преродба, а и во тоа има згрешено. Битола отсекогаш била „конзулски“ толерантен град и таму да се зачнува (почне) бугарска преродба, тоа да ми извините е „пизд…а“ од светски размери исто како и изјавата дека Зборникот е дело на бугарски преродбеници, истакнува Калоѓера во својот пост на ФБ.Калоѓера вели дека нема намера да ја оспорува глупоста на Јотова, која според него има очигледна цел како дел од бугарската елита да ја детронизира (поништи) Македонија како држава и „да уништи се што е македонско“. Но се чуди зошто никој не реагира на провокациите на Јотова и дали навистина некој решил да ја продаде државата.Калоѓера кој е универзитетски професор во Ријека од 2003-та година е надворешен член на МАНУ, познат македонист. На МАНУ стои како „дипломиран компаратист проф. Калоѓера интензивно се занимава со проучувањето на хрватско-македонските книжевни допири, притоа се ориентира главно на XIX век и книжевноста помеѓу двете светски војни со посебен осврт и студии за Рациновиот престој во Хрватска. Исто така покажува посебен интерес за браќата Мила­диновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев и Григор Прличев. Има издадено 6 македонистички книги и повеќе од 32 македонистички прилога и над 82 книжевни критики за повеќе автори.“

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-03-084520

„Која иронија, на денот на "лидерската", ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал“, вели Апасиев

Лидерот на Левица се огласи на социјалните мрежи по денешниот избор за шеф на Основното обвинителството за гонење на oрганизиран криминал и корупција, каде за наследник на Вилма Русковска е избран шефот на гостиварското обвинителство Ислам Абази.„Која иронија... На денот на "лидерската", ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал! Велемајсторски“, вели Апасиев

Македонија | пред 3 години

jane-cento-ruskovska

Јане Ченто „удри“ по Русковска: Ова е нејзиниот почеток на крајот, тек доправа ќе треба да одговара за местенките, за криењето запсинци

Вилма Русковска која досега беше шефица на обвинителството и бараше нов мандат доби 14 гласови (од тие 14 што гласале за неа се кај неа во тимот) од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаа, стои во статусот објавен на фејсбук страната Слобода за Јане Ченто.„Денеска Вилма се соочи со суровата реалност.Со оглед на тоа што ОЈО ГОКК е најсилната алатка за борба против организираниот криминал и корупција Вилма потфрли тотално.Избрана беше во 2018 год кога во тек беше судењето за 27ми Април и преку тоа обвинение кое беше КЛАСИЧНА МОНТАЖА се награди за 4 годишен мандат во ОЈО ГОКК.Веќе не им е потребна и затоа ја пуштаат по вода бидејќи знаат дека е товар на вратот со сите глупости што ги направи.Преку нашиот предмет и Кацарска исто така беше наградена за претседател на Уставен суд.Само за да сфатите која игра се играше и се игра сеуште каде преку невини луѓе градеа и градат кариери.ВИЛМА како една од најпослушните обвинители, односно обвинител на секоја власт направи многу фамилии да страдаат со нејзините монструозни и монтирани обвиненија за да денес нејзините колеги и дадат 1% доверба на гласањето.Ако нејзините колеги не и веруваат во тоа што го направила изминатите 4 години, како е можно судот или граѓаните да и веруваат?Така завршуваат сите кои прават зло....А ова е нејзиниот почеток на крајот.Тек доправа ќе треба да одговара за местенките, за криењето запсинци, криењето докази кои се во наша корист, искривување на факти.....Заради неа и Кацарска кои беа директни извршители НЕДОВЕРБАТА во правосудниот систем е 92%.На новиот шеф на ОЈО ГОКК имам да му порачам да го види предметот 27ми Април и да види каква МОНТАЖА направила Вилма. Така ќе ја врати довербата во таа институција кој под раководство на ВИЛМА беше синоним за корупција, монтажи на предмети и искривување на вистината.Еден ден вистината ќе го добие светлото и народот ќе види што ни правеле.Еден ден ќе изгрее сонцето на слободатаВилмиЧ се гледаме“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

dimitar-apasiev9

Коментар на денот: На денот на "лидерската", ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал! Велемајсторски!

„Која иронија... На денот на "лидерската", ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал! Велемајсторски“, напиша Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.Ова доаѓа откако Ислам Абази е избран за нов шеф на ОЈО-ГОКК. Тој доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Пребројувањето е завршено, а се очекува и официјално да се презентираат резултатите.Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е непознат за јавноста дотолку повеќе што медиумите не можеа да најдат ниту фотографија од неговиот лик. Тој избегна и дебата во „А1он“, каде присуствуваа другите кандидати. Неговото оправдување беше дека има други обврски, а откако оставивме сам да одлучи кога може да дојде, тој не одговараше на пораките и повиците. Исто постапи и со другите медиуми, каде не одговараше на новинарски повици. За него, во јавноста се шпекулира дека зад кандидатурата за шеф стои ДУИ. Тој никогаш не одговори дали се точни овие шпекулации.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-11-07-at-16.22.42

На лидерската се договориле дека друг пат ќе се договорат

После четири часа заврши лидерската средба за која премиерот Димитар Ковачевски истакна дека била отворена дискусија но без конкретни заеднички заклучоци.„Пред нас стојат многу предизвици и затоа важна е деблокадата на Собранието за да се донесат важни реформи. Не смеема да дозволиме уставните измени да бидат пречка која сами ќе си ја поставиме. Да бидеме мудри и да го искористиме поволниот момент во ЕУ. Не е време за поделби. Ќе се формира собраниска група која ќе се грижи реформите да не стојат во место. Првиот приоритет е европскиот пат па интересите на политичките партии. Никој нема да биде кочничар“, рече Ковачевски лидерската средба во Собранието која ја иницираше тој, а ја прифатија речиси сите политички партии.На лидерската се дискутираше за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени кои се услов за преговорите со ЕУ.На средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на ДУИ, Али Ахмети, како и сите лидери на помалите политички партии, освен лидерот на Левица, Димитар Апасиев и претседателот на Движењето Беса.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања