ТОП

11112014111409_zimska-oprema

Од 15 ноември задолжителна зимска опрема, што сè треба да имате за да не ве казнат

Од 15 ноември почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата. За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.Еве што ви е потребноЗа мотоните возила со тежина која не надминува 3 500 кг во зимска опрема влегува:- зимски гуми на сите тркача со минимална длабочина од 4 милиметри- гуми со летен профил на сите тркала со најмалку 4 милиметри длабочина по слојот што гази, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) потребни се– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 mm.Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:-зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.-пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. Ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.Зимски пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.Во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Македонија | пред 3 години

tvorec-kinder-jajce-solis-01

Проверете ги вашите колекции: Еден вид фигури од јајцата Киндер вреди до 12.000 евра

Киндер јајцата се секако едни од најпопуларните артикли во светот. Нивната комбинација од чоколадо и изненадување не ја надмина речиси ниту едно слатко задоволство.Но, интересно е како некои среќници можеле да добијат дополнителна употреба на некои фигури од минатото за кои колекционерите не штедат пари.Пред се, станува збор за фигурите на „Штрумфовите“. Ако во колекциите го имате Штрумф - ноќниот чувар, Штрумф со флејта или Штрумф со огледало, можете да заработите и неколку илјади евра.На Ebay ноќниот чувар Штрумф има цена од дури 12.000 евра. Но, мора да знаете дека колекционерите се внимателни, прават големи разлики и се исклучително детални.Посакуваниот Штрумф има голема вредност само ако се користи сина тврда пластична влошка, со бојадисана капа и панталони, пишува Fenix ​​​​Magazine.Истото важи и за Штрумфот со флејта, кој може да достигне вредност од дури 5.000 до 10.000 евра доколку се произведе како бела фигура со црвена флејта. Имено, станува збор за грешка во производството, а нормалните штрумфови со флејта вредат неколку стотици евра.Штрумфот со огледало може да ви донесе од 4.800 до 6.000 евра заработка, но огледалото наместо бело мора да биде обоено во сребрена боја.Штрумф на потпорници вреди околу 900 евра. Друга фигура која има голема вредност е џуџето Ферди Фалобст. Ако е од темен основен материјал, вреди од 2.000 до 3.500 евра. Се вреднуваат и фигурите на Астерикс и Обеликс кои вредат околу 100 до 180 евра.

Магазин | пред 3 години

studenti

За колку ќе се зголеми субвенционираниот оброк за студентите

По неколку недели неизвесност од стартот на академската 2022/2023 година, студентите ќе го дочекаат конкурсот за субвенциониран оброк, пишува порталот Факултети.мк..Според последните информации, субвенционираниот студентски оброк студентите ќе го добијат во втората половина на ноември, откако следната недела ќе бидат изгласани законските измени на Законот за субвенциониран оброк.Изготвувањето на предлог-законот со кој требаше да се продолжи исплатата на оброк за годинава заврши пред два месеца, но дури сега доби разврска во Собранието.Измените на Законот ја поминаа Комисијата за образование и веќе се испратени до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој треба да го стави на дневен ред.Се најавуваат и измени во делот на висината на субвенцијата, која сега изнесува 120 денари, односно зголемување на 140 денари.

Македонија | пред 3 години

kucinja-bezdomnici

Годинава регистрирани над 1000 напади од кучиња, најмногу во Скопје

Проблемот со бездомните кучиња во Скопје, но и во останатите градови во Македонија не само што не се решава со години, напротив, во последно време станува сè посериозен. За тоа дека податоците се навистина алармантини во однос на напднати граѓани од улични кучиња за Фактор говори и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.-Според податоците кои ги добивме од МВР, во 2020 госдина има 1 062 напади од бездомни кучиња врз луѓе, во 2021 година има 1 315 пријавени напади, во 2022 година до крајот на октомври 1 283 напади на кучиња. Или, вкупно 3 660 напади за последните три години.Од овие напади врз луѓе, 498 се деца. Ако на тоа додадеме дека има одредена бројка на напади кои ги немаме во систем тогаш состојбата е уште поалармантна, вели Ангелов.Според него стерилизацијата е клучна за искоренување на овој проблем.-Со 75 отсто стерилизација на уличните кучиња нивниот број нагло ќе падне бидејќи нема да можат да се размножуваат, вели Ангелов. Целиот тект можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Со поставување на Албанци на клучни позиции без интелектуален и морален капацитет, не се изборивме со дискриминацијата, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска вели дека со тоа што на клучни и одговорни позиции во власта и администрацијата се поставени етнички Албанци не сме се изборивме со дискриминацијата туку е создаден систем кој не е во полза на граѓаните.„Со тоа што на клучни и одговорни позиции во власта и во администрацијата беа поставени етнички Албанци кои не ги исполнуваат условите за професионалност и немаат соодветен интелектуален и морален капацитет, не се изборивме со дискриминацијата, туку создадовме систем кој никако не може да биде во полза на граѓаните од ниту една етничка заедница во Македонија.Со дискриминацијата се бориме на тој начин што кога за одредена позиција ќе се пријават луѓе од различна етничка припадност со приближно исти квалификации, се избира кандидатот од помалку зстапената етничка заедница. Не се бориме со дискриминацијата кога меѓу кандидат кој има видливо подобри квалификации и кандидат со видливо послаби квалификации го избираме вториот заради неговата етничка припадност.Без отстранување од власта и администрацијата на овие кадри, дискриминацијата добива плодна почва и во одреден момент ќе ни се врати монструозно зголемена и засилена“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-11-08-141044

„Да сум ко Данела ќе му појдам на Трајко со караоке звучник од Бит пазар“, сите се подбиваат со драмите во Град Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје викна полиција и го пријави претседателот на Советот Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата.Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата.Претходно Арсовска со подвижен микрофон отиде на говорницата и му рече на Славески дека е Хитлер и крадец.Еве што велат граѓаните во врска со овој случај.https://twitter.com/Revizorkata/status/1590051467800764416?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/P0KIO/status/1590007865196310529?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/5_do_12/status/1590039434627801088?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/Don_Cobe/status/1590029179898429441?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/JasTheGreaTTT/status/1590002489901821953?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/LunaBojar/status/1589987115819208706?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/MuTetka/status/1589986502045405184?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/hasawatermark/status/1589970882545344513?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/Nikola_bate/status/1589957371811737601?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/severdjandjan/status/1590036062000525312?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/natwnajubaviot/status/1589973389586096128?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/kapsarovb/status/1589975686181453824?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/P0KIO/status/1590002266920345603?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/ThePharmacistt/status/1590044169149747200?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/mufljus/status/1590038243453435905?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/TantaraPantara/status/1589993761521930242?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/Gerasim_mk/status/1589992923147665408?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ug 

Коментари | пред 3 години

gruevski-kamcev

Груевски се подбива со Камчев: Секој што ќе ме обвини, ослободете го од гонење

Проанешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи објави статус преку кој предложи амандман доколку дојде до промена на уставот. Тој во продолжение ја сподели и веста дека бизнисменот Орце Камчев пред неколку дена излегол на слобода, откако неодамна побарал спојување на двете затворски казни на кои беше осуден.„Доколку евентуално дојде до промена на уставот во скоро време, предлагам уште еден амадман кој би бил во правец да секој кој ќе ме нападне или обвини, кој ќе измисли некаква афера или ќе ми стави нешто на товар, ќе ме наклевети, ќе се согласи лажно да сведочи во поткрепа на политичките обвиненија, или стане активен и корисен соработник на правосудните органи против мене, независно во која фаза на процесот, независно што зборувал и изјавувал претходно и независно од кои мотиви го прави тоа, да биде целосно ослободен од било какво гонење.Да не се мачат политичарите, обвинителите, судиите, лицата под политички прогон, затворските институции, контролираните медиуми а и оној дел од јавноста која сеуште не ги разбира работите во смисла што всушност се случува, да биде на чисто“, вели Груевски.

Коментари | пред 3 години

Ivor-Mickovski

Коментар на денот: Водач на насилни навијачи и уличен тепач стана вицепремиер и де факто премиер, друг водач стана негов советник

Водач на насилни навијачи и уличен тепач стана вицепремиер и де факто премиер, друг водач стана негов советник, вели Ивор Мицковски.„Заедно славеа со навијачи во МНТ и го оштетија.После ќе се чудиме на насилството кое произлегува од врските на политиката и навивачите.Навијачи ни стануваат фактори во општеството, па барем порано се знаеше, кој е полнач на кутии, а кој се гласа.Денес целиот шљам е втопен во едно“, додава Мицковски

Коментари | пред 3 години

ubistvo-tot

Пцуење, навреди, удари - што се случувало во таксито пред Тот да биде натепан до смрт

Мартин Ѓоргиевски, патник во таксито со кое се превезувал починатиот Денис Тот и обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефкова и Андреј Костовски, сведочеше како се случило недоразбирањето.Според сведокот Ѓоргиевски, Тот го навредил првообвинетиот на кого му упатил зборови: „Што сакаш бе ти да ти ебам мајката“, по што додаде „Мислам дека ја опцу мајката на Анџело“.„Вечерта течеше нормално, седевме на иста маса, меѓу нас немаше никаква расправија. Сега починатиот Денис ми рече дека имал резервација преку другарка, која потоа (по настанот со претепувањето) се јави во Брза помош“, кажа сведокот Мартин Ѓоргиевски.„Денис кога немаше пиено алкохол беше душа човек, многу мирен. Но имаше и испади, се случуваше, не да напаѓа конфликтно, туку одеше нонстоп да се запознава со други девојки, како што беше вечерта и во клубот. До нас имаше маса, од која поради него си заминаа. Трипати го вратија од масата, а тој цело време таму одеше. Меѓу нас на масата имаше плус уште неколку други другари кои не ги познавав, млади момци беа. Немаше некои си расправии, се беше во ред“, кажа сведокот.„Го повикав, дојде, ја зема јакната, ја испи последната чашка на екс, во холот каде се наплаќаат картите се поздравивме. Ние бевме од Волково, немавме финансии сите да плаќаме сите посебно такси, а колата ја оставив пред кафаната. Се договоривме да појдеме до мојата кола со таксито и од таму да ги префрлам сите. Јас прв излегов, видов такси пред вратата, јас прв влегов во таксито, потоа мислам дека Анџело влезе до мене, Клементина влезе од левата рата и Виктор беше понастрана, го повикавме и тој да влезе. Клементина се префрли кај Анџело во скут да седне бидејќи требаше и Виктор да влезе. Починатиот Денис влезе во таксито, ние му кажавме да искочи бидејќи чекаме друг другар да влезе во таксито. Тој повторно почна да се пика во колата, каде почна да има навреди кон Клементина, потоа и кон Анџело. Малку погрдни зборови употреби, рече: „Што сакаш бе ти курво мала“. На Анџело му рече: Ти да ќутиш“, а Анџело му рече: „Полека малку смири се“.„Во дел од секунда почна гураница во таксито. Кон Клементина не знам дали имаше удар, но, удар кон Анџело имаше. Се виде тој дел, со надворешниот дел од раката. Но тоа што Анџело викна: „Што ме маваш бе“. Излегов јас од таксито, а кога тоа се случи, Денис Тот беше во дел кога паѓа на грб. Одма се стрчав да ги разделам сите околу него. Починатиот се додека не го качивме во Брзата помош, имаше отежнато дишење... Имаше повеќе удари, не ги видов од Андреј ударите, ги видов од Клементина. Јас застанував пред нејзе, таа преку мене некако се протна и имаше уште еден удар. Се тргна на страна, а јас го видов телото и слушнав крчење, реков: ‘Што направивте’ и почнав да му давам прва помош, уста на уста и масажа на срце. Имаше еден дечко до мене, со шише вода, му го земав, го потурив на лице, го замив.. Како што давав вештачко дишење се заморив, до мене беше Анџело, помагаше за да му се пружи Прва помош, потоа се вклучи Андреј Костовски. Јас не можев сам, самиот алкохол не даваше, јас застанав, престанав, не можев веќе, немав сила... Продолжија Андреј и Анџело, сега обвинетите, да му пружаат помош. Јас се тргнав на страна, тоа беше шок за мене. Денис ми беше другар, сепак, секој втор-трет ден бевме заедно“, раскажуваше сведокот.„Влеговме во друго такси, таксистот од првото такси не нѐ прими. Отидовме до мојата кола и стварно бев во шок. Мозокот не ми беше во функција. Мислам дека после тој случај, ми се случија проблемите со срцето, идев на интензивна нега, бев задржан во болница, имам уплав“, додаде сведокот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Уште утре да го затворат клубот „Цар Борис“ во Охрид, бара Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ предложи закон во Парламентот, тој закон помина, тој закон е изгласан и тој закон треба да почне час поскоро да се применува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање каде беше запрашан за коментар по вчерашната најава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека новиот Закон за здруженија и партии, кој што од пратеници и од власта и од опозицијата беше донесен во македонското Собрание, ќе го прати на оценување во Венецијанската комисија.Мицкоски истакна дека ако власта не знае како да почне да го применува, еве тој ќе им помогне, додавајќи дека треба да почне со клубот во Охрид, кој носи име на докажан нацистички соработник, треба веднаш да го затвори и да ја укине неговата регистрација.„Уште утре да го затворат клубот „Цар Борис“ во Охрид и да се укине регистрацијата на тој клуб, бидејќи тој клуб, очигледно и јасно ни е на сите, носи име на фашистички соработник. Однос, на бидам по прецизен, нацистички соработник, за време на Втората светска војна“, рече Мицкоски.Во однос на министерот за надворешни работи, вели дека тој е истиот оној Бујар Османи кој што последниот период, континуирано работи против интересите на македонскиот народ и кој дипломатијата ја сфаќа да се удоволат интересите на сите, а да се загрозат на Македонците.„Тоа е истиот оној Бујар Османи кој што во изминатиот период, континуирано работи спротивно на интересите на македонскиот народ и на државата и го заплетка процесот. Го заплетка процесот со своите егзибиции на меѓународна политика, затоа што тој, дипломатијата ја сфаќа да се удоволуваат интересите на сите, а да се загрозуваат интересите на македонскиот народ. И тоа погрешно поимање на политиката, тоа е погрешно поимање на дипломатијата“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

skolo-4

Нови дојави за бомби во Скопје

Учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје утрово пак се евакуираат. Наставниците им кажале да излезат во дворот каде што веќе има и полиција, а само што почнале часовите евакуирани се и учениците од СУГС “Владо Тасевски“ во Аеродром.Од МВР велат дека утрово двете училишта добиле дојави за бомби и единицата за антитероризам веќе прави проверки.Евакуацијата на учениците им стана пракса изминативе две недели по дојавите за бомби. Полицијата утврди дека сите досегашни дојави за подметнати бомби се лажни.

Скопје | пред 3 години

tupanceski

Тупанчески за дружбата на Абази со ДУИ: Времето ќе покаже дали хипотезите имаат реална основа

Министерот за правда, Никола Тупанчески, ги видел фотографиите на новиот обвинител кој ќе шефува со обвинителите кои гонат организиран криминал и корупција Ислам Абази со челници на ДУИ. Прашан за коментар во однос дали ова веќе значи дека оваа партија има влијание врз Абази, тој рече, времето ќе покаже.„Изјавата на мојот заменик, Нухиу, не беше дадена од Министерството за правда. Ги видов фотографиите кои имплицираат дека избраниот обвинител има комуникација со некоја политичка партија. Времето ќе биде главниот фактор кои ќе покажат дали овие хипотези имаат реална основа. Комуникацијата не може да биде исклучена, но да не биде злоупотребена“, кажа Тупанчески.Според него, Законот за јавнообвинителска служба покажал одредени слабости кога е во прашање изборот на шеф на ОЈО-ГОКК.„Не знам колку е благодарно да се коментираат состојбите за конкретната личност. Следејќи ги оние поставени дистинкции, сепак извршната власт е добро да се држи до своите надлежности. Не е неважно каков е изборот. Ова е трет обид за исклучување на надворешни влијанија со модел кој го тестираме. Сметам дека тој модел покажа одредени слабости“, додаде Тупанчески.Тој веќе најави можни измени за да се пополнат недостатоците, особено во критериумите.

Македонија | пред 3 години

Screenshot_1-7-696x392-1

(ВИДЕО) Кој ја украде шолјата од тоалетот во Штип

Поставениот јавен тоалет во населбата Баби во Штип, остана без тоалетна шолја затоа што некој одлучил да ја украде, објави тв Стар.Граѓаните се згрозени од овој чин, а со кражбата јавниот тоалет е целосно нефункционален.

Македонија | пред 3 години

sar-planina-2

Пронајден еден од планинарите на Шар Планина со повреди на главата, продолжува потрагата по вториот

По добиен повик за итен случај на 112 во ЦУК, во тек е спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), поточно преку Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, за извлекување на двајца планинари од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знае во каква состојба е во подножјето на Титов Врв на Шар Планина.„Како последно известување РЦУК Тетово информира дека од страна на командирот на ТППЕ Тетово, кој се наоѓа на местото на настанот, е добиена информација дека е пронајден едниот планинар, којшто е контактибилен и има лесни повреди на главата, а се врши претрага за пронаоѓање и на другото лице, кое според изјавата на пронајдениот планинар, паднало од карпа и е повредено.Според информациите, којашто последователно ги добивавме при координацијата на спасувачката акција е дека од МВР хитно имаат упатено специјализиран тим со две теренски возила и дронови за ноќно извидување и претрага. Поточно, Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово извести дека од страна на нашиот вработен кој се наоѓа на Попова Шапка е добиена информација дека две возила ,,хамер" со седум припадници од специјалната единица на МВР, заедно со Началникот на СВР Тетово се тргнати од Попова Шапка и се движат кон Титов Врв. Исто така и ТППЕ Тетово со теренско возило и 5 добро обучени нејзини припадници се упатени на местото на настанот. Сега тие и дејствуваат на место на претрагата кај Титов Врв.Конкретно, настанот пријавен на 112 хронолошки се развива како спасувачка акција кога едниот од двата планинара прво пријавува дека на Титов Врв, во реон 500м подолу, со неговиот другар оделе кон викендица и се изгубиле. На другарот му се слошило и бил во лоша здравствена состојба, па побарал помош итно да се реагира. Преку 112 во ЦУК е направен конференциски повик со Полицијата во Тетово (МВР – ЦИК Тетово). Потоа, јавувачот на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде е и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е попомалку повреден. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор.Веднаш по добиената информација, ЦУК, практично преку Дежурниот оперативен центар во Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово стапува во комуникација со Министерството за внатрешни работи - СВР Тетово и Полициска станица Попова Шапка со коишто по куса координација, со едно теренско возило на Центарот за управување со кризи со човек на ЦУК од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово заедно со двајца полицајци од СВР Тетово се упатува кон Титов Врв на Попова Шапка. Во меѓувреме е стапено во комуникација и координација со Територијално противпожарната единица на Тетово од каде што се упатени 4 пожарникари и специјализирано теренско возило на местото на настанот, за да помогнат. Истовремено, од ЦУК преку РЦУК Тетово, е координирано со Брзата помош од Јавната здравствена установа ЈЗУ Тетово и е упатено и медицинско возило со комплетна екипа лекар и медицински персонал да го превземат повредениот.Спасувачите од ангажираните институции вложуваат максимални напори заради ниските температури или евентуалните посериозни повреди на лицата за коишто немамаме информација во која мера се повредени“, информираат од ЦУК

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-08-125613

Професори, адвокати и правници реагираат на изборот за шеф на ОЈО-ГОК: Овој избор е само уште една цигла во зградата на мафијата

Професори, адвокати и правници со низа критики за изборот на првиот човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.Од адвокатската канцеларија Давидовиќ-Јанковиќ велат дека вчерашниот избор покажал дека на правосудството му нема спас.„Вчерашниот избор на првиот човек во обвинителството за организиран криминал и корупција покажа дека на правосудството му нема спас. Обвинителите покажаа дека не гласаат за програма, визија, стручност и дека немаат никаква желба за промени па затоа гласаат за анонимус кој не најде за потребно ни да и се претстави на јавноста“,„Целосно го занемарив фактот дека гласаат и обвинители од републичкото обвинителство (најумните, нели?). Е тие му ја донесоа победата на овој кој не можам, а ќе мора да го запомнам како се вика“, вели адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска.Поранешниот министер за правда на Република Македонија Михајло Маневски вели дека изборот е наместен.„Наместен избор на јавен обвинител за организиран криминал и корупцијаОвде кај нас се може да се намести. Сега е наместен изборот на Ислам Абази за јавен обвинител на ГОКК.Се избра анонимус партиски кадар на Али Ахмети на ДУИ.Дури 4/5 или 130 обвинители гласот го дале за кандидатите Ислам Абази (66) гласа и Ерон Незири (64) или вкупно 130 гласа за овие дваица кандидати. По какви резултати се позннати овие кандидати? По обвинителски не. По партиски да. Се гласаше по директива, шефот на ГОКК мора да биде од ДУИ.Јасно како бел ден. ГОКК во партиските раце на ДУИ.Е обвинители, не беше тешко да ве скршат. Скршени сте поодамна, за жал. Тоа што требаше да е најсвесно, излезе најпослушно.Сега се знае. Сите покренати предистраги за тежок криминал во кој се чепнаа и некои кадри одДУИ, во корпа за отпадоци.Целата обвинителска стратегија ќе се гради на основите за заштита на криминалот и криминалците.Македонија е опљачкана од криминалната багра на властСега веќе нема никој да ги спомне, а камоли да ги гони“, вели тој.Ексобвинителот Војо Димоски вели дека ни на сон човек со таков квалитет нема морално право да раководи со Обвинителство.„Денот кога си заминав од обвинителството ќе го земам за куќна слава!Обвинител кој одлучи да молчи во текот на постапката за избор на шеф на ОЈО за ГОКК, денес, после изборите првпат се појави во јавност. При тоа кажа нешто кое после неколку часа е демантирано. Со фотографии!Со други зборови примусот на борбата со високата корупција и организиран криминал, пред јавноста не ја зборуваше вистината. Дали човек со таков квалитет има морално право да раководи со Обвинителството? По мој критериум, ни на сон!Затоа ги охрабрувам новинарите да го прашаат Државниот обвинител дали ќе побара одговорност од него согласно Етичкиот кодекс?Ако веќе го прашувате, прашајте го и дали е дозволено, странка во постапката, злоупотребувајќи ја законската позиција на моќ, неофицијално да бара од Претседател на суд да врши притисок врз судиите да носат незаконити одлуки. Јас лично сметам дека е незаконито, ама можеби тој подобро знае“, стои во објавата.„Сакам да слушнам врз основа на кои критериуми е избран новиот ЈО за организиран криминал.И сметам дека сите ЈО кои гласале и го изгласале треба под итно да бидат разрешени со забрана за вршење должнос“, вели професорката Мирјана Најчевска.„За мене овој избор е само уште една цигла во зградата на мафијата која ја држи државата во заробеништвоИзборот на човек кој е отворено поврзан со ДУИ и за чиј избор отсуствуваат било какви објективни критериум зборува за недостатокот од критична маса на обвинители со елементарен интелектуален и морален капацитет и во секој случај е јасен показател за неспремноста на актуелната владејачка структура за вистинска борба со криминалот.Изгледа ептен им се допадна работењето на Катица Јанева и се обидуваат да го етаблираат моделот на ново ниво.Што да ви кажам -не не бива“, вели Најчевска.„Обвинителството треба да биде еден од столбовите на правната држава! Обвинителот што го “избраа” не го познавам, како што не ја познавав ни Катица…. Рибата смрди од главата“, вели професор Гордан Калајџиев.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања