ТОП

Screenshot-2022-11-14-at-14.35.46

ВМРО-ДПМНЕ остана без уште една советничка во Град Скопје

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Ирена Попова изминатите неколку дена била мета на закани и навреди на социјалните мрежи, но и во медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ открива таа од говорницата во Советот.Таа посочи дека не се плаши и дека ќе гласа и делува во советот во интерес на граѓаните.-Напаѓана сум на Твитер и на сите медиуми. Доживувам закани последниве неколку денови. На сите кои ме поздравуваат ги поздравувам и им порачувам дека воопшто нес е плашам. Доследна сум на себе си, доследна на своите принципи и сите кои ме познаваат знаат за каква личност се работи. Воопшто не допираат до мене, знаат за каква личност се работи. Продолжете со уште посилно темпо, вели таа.Од говорницата во Советот таа потенцираше дека од денес ќе дејствува како независен советник и нема повеќе да биде дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.-Ја користам оваа можност почитуван претседател да ви се обратам вам, почитувана јавност да ви се обратам вам дека од денес во рамките на советот ќе дејствувам како независен советник, посочи Попова.Претходно од говорницата во Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска истакна дека на нејзина адреса добивала закани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.-Гледам што зборува шпицниот градоначалник за оставките. Ако сака да зборува за оставки, Мицкоски треба да си почне прво од себе. Мицкоски немој да се закануваш, немој да се криеш, дојди тука во очи кажи ми што имаш, изјави Арсовска.Да не заборавиме дека минатата недела беше нападнат советникот во Општина Карпош, Александар Илиески од непознато маскирано лице, .-Нападот се случил во 7.40 часот пред ТЦ „Антико“ во Карпош 4, додека Илиевски одел на работа. Непознатиот напаѓач ненадејно го нападнал при што му задал неколку удари во лицето од кои му нанел видливи повреди. За среќа, инцидентот бил забележан од граѓани кои притрчале на помош, по што напаѓачот избегал.Илиески, кој е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош во изминатиот период јавно изразуваше несогласување со политиките и одлуките на партијата. Поради неговите ставови, советникот во повеќе наврати се жалеше дека добивал сериозни закани по живот преку СМС пораки од непознати броеви, како и од страна на висок општински функционер во ВМРО-ДПМНЕ во разговор со неговиот татко. Од Илиески се барало да се откаже од советничката функција во Општина Карпош, а за возврат партијата би му ги исплатила паушалите до крајот на советничкиот мандат. Доколку не го стори тоа му било порачано дека може да му се случат „лоши работи“.Сите овие закани веќе се пријавени во МВР, велат од општина Карпош.

Скопје | пред 3 години

education-concept-student-studying-brainstorming-campus-concept-close-up-students-discussing-their-subject-books-textbooks-selective-focus

Студирање во светот vs во Македонија: Бесплатни оброци, слободно време, без бркање на професори

Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ за денеска во 16 часот најави мирен протест пред Собранието под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“.Во врска со оваа тема се огласи и корисник на твитер кој направи споредба помечу студирањето во Македонија и студирањето во Словенија.„Да кажам нешто на темата "во цел свет студентите работат само кај нас чекаат од државата" после 5 години студирање во "светот" кој го зборите:1. Во Словенија сите словенци кои ќе упишат факс земаат стипендија од државата.2. Студентски бонови - бесплатна храна. Бесплатна храна/храна во ресторани за смешни цени. Сите студенти имаме право на ова.3. Имаме време да работиме бидејќи не одиме на факултет по 5 пати во 3 дена да го бркаме професорот за потпис кој рекол дека ќе биде во кабинет а не е.4. Не губиме саати и саати во расправање на студентски прашања и трчање по институции по документи.5. Работиме за 7 евра/саат во кафич, пријавени, додека во Мк е 1,5 евра саат и затоа ни се исплати да работиме.Земете ги овие ствари во предвид пред да јадете г*мна. Фала“, стои во објавата.https://twitter.com/TeaVelk/status/1591735460681883649?s=20&t=9mOB-EJbmZS4z4L0Qlh_KQ

Коментари | пред 3 години

IMG_4197

(ВИДЕО) Не сум криминалец, туку интелектуалец, вели Рашковски за „А1он“ и открива дали го викаат Перо

„Не сум криминалец, туку интелектуалец“, вели Драги Рашковски, ексгенерален секретар на Владата и обвинет во случајот „Софтвери“ во интервјуто за „А1он“. Тој во него проговоре за мекиците, судењата, најавените кривични пријави.Во него говори и за пораките кои беа презентирани во судница, за кои обвинителката Ивана Трајчева кажа дека се разменети меѓу обвинетите.Интервјуто ќе се емитува 12 часот на „А1он“

Македонија | пред 3 години

unnamed-7-1

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и од пратениците Даниела Марковска и Тони Јаревски и владина делегација во чиј состав се министите за правда НиколаТупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министер за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе положат цвеќе на Градските гробишта „Бутел“ и на споменикот Ослободители на Скопје, на платото пред Владата.Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2022“, на која учествуваат децата од предучилишните установи.Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје.Годинава манифестацијата ќе се одржи во виртуелно издание, од 12:00 часот на фејсбук страната и на You Tube каналот на центарот на следниот линк.По повод празникот 13 Ноември е најавена улична трка поради што од 16:30 до 19 часот поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. Трасите на движење се објавени на веб-страницата на ЈСП „Скопје“ и на нивниот Фејсбук.

Скопје | пред 3 години

314398526_437980198520121_1352952294901926761_n

(ФОТО) Автомобил излета од патот Охрид-Ресен, интервенираа четири пожарникари

Автомобил утрово излетал од патот Охрид-Ресен. Од пожарната бригада велат дека интервенирале на терен со четири пожарникари и едно возило.„ТППЕ на 13.11.2022 во раните утрински часови(05:00ч) прими дојава за излетано возило на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на тунелите. Интервенирано е со 1 возило и 4 пожарникари. Во екстремно тешки услови екипата на ТППЕ успеа да го лоцира возилото и да ги извади и предаде на екипите на Брза Помош двајцата повредени патници“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

studenti

Студентите на протест против уништувањето на студентскиот стандард

Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард, вели претседателството на Студентски Отпор.„Затоа, време е за студентски отпор!Нашите барања до надлежните институции се следни:1. Повлекување на новите измени на законот за студентски субвенциониран оброк, и воведување на нашите предлог измени со кој се предвидува зголемување на оброкот од 120 на 150 денари.2. Изедначување на стипендиите со повискиот износ.3. Изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја.4. Подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.Понеделник во 16:00 пред Собранието на Р.Македонија те повикуваме на мирен студентски протест да го искажеме нашето незадоволство и револт.Дојди, приклучи се и биди дел од студентскиот отпор!Што чекаш?#СтудентскиОтпор#НемаДаВиПомине“, додаваат оттаму.https://www.facebook.com/events/1177932913075060/?acontext=%7B%22ref%22%3A%2252%22%2C%22action_history%22%3A%22[%7B%5C%22surface%5C%22%3A%5C%22share_link%5C%22%2C%5C%22mechanism%5C%22%3A%5C%22share_link%5C%22%2C%5C%22extra_data%5C%22%3A%7B%5C%22invite_link_id%5C%22%3A844715190013332%7D%7D]%22%7D

Македонија | пред 3 години

jankulovska-mijalkov

„Мијалков се шета, Јанкуловска во затвор, ова е принципот кој украл повеќе, тој може да си ја купи слободата?“

Професорката Мирјана Најчевска постави теза околу тоа како Сашо Мијалков седи во полуотворен тип на затвор во Струга, а Гордана Јанкуловска со години отслужува казна во затворот во „Идризово“.„Интересно, Мијалков се шета наоколу а Јанкуловска си седи во затвор. Изгледа ова по принципот кој повеќе украл повеќе може да плати и да си ја купи слободата? Се разбира за финкционерите од ДУИ ова не важи тие живеат во паралелна реалност во која се заштитени од било каков прогон за било какво криминално дело“, пишува Најчевска.

Коментари | пред 3 години

sobranie-ahmeti-govornica

Под јавен притисок повлечени измените за студентски оброк, бидејќи сите се кренаа на нозе

Десет пратенички и еден пратеник по скратена постапка предлагаат измени во Законот за субвенциониран студентски оброк, со кои измени на голем број студенти би им се укинал студенсткиот оброк.Пратеничките од СДСМ и ЛДП Жаклина Лазаревска, Моника Зајкова, Санела Шкрељ, Даниела Николова, Љатифе Шиковска, Лидија Тасевска, Емилија Рамбабова, Драгица Ѓавочанова, Даниела Колева и независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ предложија измена на Законот за субвенциониран студентски оброк. Тие предлагаат субвенциониран студентски оброк да не добиваат студентите кои добиваат стипендија и оние чии родител/и имаат месечен приход над 18.000 денари. Предлогот е да им се укине правото на субвенционират студентски оброк и на апсолвентите.„Измените на Законот за субвенционоран студентски оброк се повлекуваат, а сите нови чекори ќе бидат дефинирани заедно со претставниците на Универзитетските собранија кои ги бранат и застапуваат студентските права и потреби.Итна средба со членовите на студентските претставнички тела и министерот за образование и наука Шаќири е закажана во понеделник во 16:30ч, каде преку дискусија и заедничка одлука ќе донесеме решение кое најдобро ги застапува интересите на студентите!Студентите се интегрален дел од секој процес на креирање политики и носење одлуки, и затоа досегашната пракса на консултација која беше силно поздравена од сите засегнати страни мора да продолжи“, напиша и Дарко Каевски, пратеник од СДСМ.

Македонија | пред 3 години

Naslovna-_Onyshchenko-3gsbfb9j6g8mjds00i7g8w

Призма: Избеган украински политичар, добил македонско државјанство

„Македонскиот репрезентативец во коњички скокови Олександр Онишченко освои седмо место во Сен Тропе“. Вака би се очекувало да гласи насловот што би се проширил во спортскиот свет во Македонија откако во октомври овој Украинец, кој има и руско државјанство, се натпреваруваше под македонското знаме, пишува Призма.Tаква вест не може да се најде во спортските медиуми. Всушност, името на Олександр Онишченко воопшто не може да се пронајде напишано на македонски јазик.Но, на англиски јазик се појавува веднаш. На листата на санкционирани личности од Соединетите Американски Држави, на која е ставен во јануари 2021 година, поради тоа што е „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори“.На украинската политичка сцена, името на Онишченко се спомнува како на поранешен пратеник што избегал од земјата во 2016 година, откако Антикорупциската комисија отворила истрага за него за перење пари и корупција.Пет месеци откога го добива македонското државјанство, тој настапува под македонското знаме на натпревар во коњски скокови, во Сен Тропе. Видеото од натпреварот го објавува на својот инстаграм-профил на 15 октомври. Профилот сведочи за гламурозниот живот на новиот македонски државјанин, кој често патува од Монте Карло до Обединетите Арапски Емирати и до други познати европски туристички дестинации.Повеќе

Македонија | пред 3 години

315319335_546635110806225_3507930667750204421_n

„Првите кратења на трошоците не почнуваат од бифтеците на Маричиќ туку од студентскиот оброк“, вели Јаулески

Како што најавив Владата преку своите послушници во Собрание ја почна Рационализацијата на грбот на студентитe, вели пратеникот Јован Јаулески.„Очигледно според моите колеги од мнозинството студентите кои се деца без родители и родителска грижа не јадат, студентите кои се апсолвенти не јадат, студентите кои се од семејства на вработени родители не јадат.Овој закон е тотално спротивен од првичниот и има за цел да го уништи и онака кревкиот студентски стандард.Ќе остане запишано дека првите кратења на трошоците не почнуваат од бифтеците на Маричиќ туку од студентскиот оброк“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

313168217_553002570162496_7658269733839876008_n

На Ковачевски му се здосади од тостови, се префрли на друга храна

Премиерот Димитар Ковачевски денеска претпладне ќе се обрати на настанот „Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалоци“, заедно со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на парцелата пред градскиот стадион во Скопје.Покана до граѓаните упати министерот Николовски.„Ве поканувам сите со вашите роднини, другари, дечиња да дојдете од часот во Градскиот парк во Скопје на Првиот национален саем на храна и пијалоци каде 200 македонски производители и 40 локални здруженија ќе го презентираат македонското земјоделство и гастрономија.Никогаш да не заборавиме како нашите сограѓани земјоделци, пазарџии, продавачи, работници во компании и други, на секакви временски влијанија макотрпно работат за да ни обезбедат храна, нешто што за жал се повеќе станува луксуз насекаде во светот“, објави Николовски.Настанот е во организација на Министерство за земјоделство и Слоу Фуд Македонија. Ова е прв саем со ваков обем, на кој ќе се претстават повеќе од 200 производители од над 40 локални здруженија, кои заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.Инаку Ковачевски во изминатиот период често се фотографираше како порачува сува храна - еднаш во мензата на РЕК Битола и на два пати за време на партиските трибини во Прилеп и Битола, додека во една фабрика дегустираше чипс.

Македонија | пред 3 години

236994739_360058225664427_8763940632333731792_n

Околу 1.200 граѓани треба да одат во затвор поради ковид-19, вели Тупанчески

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, во синоќешното интервју за 360 Степени рече дека се прави се за што побргу да се донесе нов Закон за амнестија, бидејќи на околу 1.200 граѓани им се заканува затворска казна поради непочитување на мерките против Ковид-19.Според Тупанчевски, овие граѓани направиле кривично дело со тоа што ги прекршиле забраните во изминатите две и пол години, но имаат финансиски проблеми да ги платат казните, додека истовремено затворските одделенија низ земјата се преполно и немаат капацитет да примаат потенцијални затвореници и по таа основа.- Станува збор за луѓе кои не се криминалци во вистинска смисла на зборот. Статистиката која ја имаме вели дека околу 1.200 граѓани треба да одат во затвор ако не ја платат казната. Мора да сме брзи, бидејќи може да биде задоцнето и нема да ја исполниме целта, рече Тупанчевски во студиото.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-12-102428

(ВИДЕО) Падна првиот снег на Галичник

На социјалните мрежи утрово е објавено видео од патот Маврово - Галичник на кој има снежна покривка.„На дел од патниот правец Маврово - Галичник од утрово се создава снежна покривка. Прогнозата е дека снежните врнежи до пладне треба да престанат, но следната ноќ повторно ќе се создадат услови за провејувања од снег.Препорака за сите оние кои викендов патуваат за и од Галичник да поседуваат зимска опрема“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

IMG_4197

Рашковски тврди дека обвинителството си допишува со моливче врз доказни материјали

Да се потсетиме кои се “глосаторите”, станува збор за правници кои работеле во 12 и 13 век низ Италија, Германија и Франција. Глосаторите ја претставуваат лулката на јуриспруденцијата и заедно формирале училиште во кое разменувале мислења и ставови, но и пренесувале знаење на другите. Својата правна активност ја изразувале со пишување по маргините на старите римски правни текстови која активност понатаму ја продолжиле посглосаторите, вели Драги Рашковски.„VR и IT се “две технологии” кои се бават со глосаторство врз доказите во кривичната постапка. Колку и да се трудат “двете технологии” да се дистанцираат една од друга, функционално се природно споени помеѓу себе. IT технологијата својот најголеми подеми го доживеа токму благодарение на VR кога заедно ја создаваа Virtual Reality во која требаше сите да веруваме дека “борбата со вирусите е нивен главен мотив”.Во последните неколку денови е забележано можно дистанцирање на едната од другата со зборовите “НЕ МОЖАМ ДА МЕСТАМ НЕШТО ШТО НЕ СУМ РАБОТЕЛА. ДРУГАТА ТОА ГО РАБОТЕШЕ”.За што станува збор:Пред 3 дена ми беше овозможен увид во доказниот материјал со кој на 16.04.2021 година беше определена мерката притвор кон мене. За момент се почуствував како да сум во Болоња, каде твореле глосаторите. На доказниот материјал, ни помалку ни повеќе со молив на маргините на печатениот доказен материјаl испишано со ракопис се допишувани имиња на личности, се допишани датуми, се допишани ставови различни од реалноста од други докази... се селектирани преку штиклирање делови за тоа “што е битно”.Кривичниот законик е многу јасен во член 378 “Тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.” Исто така членот 380 од КЗ предвидува дека “Тој што како доказ во правниот сообраќај ќе употреби исправа, книга или спис за кои знае дека се невистинити, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.”Допишувањето со молив на податоци кои не се присутни во вистинската исправа искористена за определување на притвор, не само што е исполнување на битието на делото од 378 од КЗ туку е и основ за низа други кривични дела кои се залепуваат редум.Нема да можеме да се вадиме на Virtual Reality кога од Европскиот суд за човекови права ќе ги побараат списите од предметот и ќе увидат дека кај нас се допишува со молив во доказниот материјал и таков се приложува во суд. Таа дрскост и безобразие на “двете технологии” е плукање во лице на судството во кое тие се само една од странките во постапката. Тоа е максимално омаловажување на дигнитетот на судиите и омаловажување на останатите колеги кои уредно “пакуваат предмет”.И како и за се до сега, така и за ова, не треба никој на никого да му верува на збор. Штом ќе ги добијам во копија, глосаторски и постглосаторски VR или IT технолошки модифицирани докази, ќе бидат споделени со јавноста со цел да мотивирам и други “корисници на услугите на овие технологии” да проверат дали процесот на глосаторство бил присутен и кај нив“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Славески: Мијалков е најголема грешка на Груевски

Долгогодишниот професор на Економскиот факултет и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во интервју за „Фокус“ го објаснува неговиот став за шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков и зошто смета дека тој е најголема грешка во владеењето на Никола Груевски.ФОКУС: Зошто ве разреши Груевски?СЛАВЕСКИ: Веројатно имал испланирано некој за ова место. Многу беше лошо кај Груевски тоа што не се чуваше од тие тесни кумски, роднински врски, кои многу му наштетија. Во 2006 година бев запрепастен кога слушнав дека Груевски има намера неговиот прв братучед Сашо Мијалков да го стави како шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање.ФОКУС: Зошто сметавте дека Мијалков е лош избор?|СЛАВЕСКИ: Прво, поради роднинската врска, а второ поради неговото минато во Агенцијата за воено разузнавање.ФОКУС: Какво е неговото минато?СЛАВЕСКИ: Еден наш сојузник од Соединетите Американски Држави, а тоа го има кажано и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, во три наврати барале смена на Мијалков од неговата функција. Се покажа дека неговото поставување подоцна било најголема грешка.ФОКУС: Меѓутоа, сите најблиски соработници на Груевски му беа или роднини, или кумови?СЛАВЕСКИ: Тоа да.ФОКУС: Му го кажавте вие вашиот став за Мијалков?СЛАВЕСКИ: Еднаш му го кажав, ама видов дека нема ефект. Јас често укажував за некои недоследности кај некои функционери. Одредени медиуми, кои во тој период го поддржуваа ВМРО-ДПМНЕ заради лукративни причини, со оној катастрофален модел на рекламирање во медиумите и полнењето со пари ја поддржуваа владата и Груевски, а беа критички настроени кон мене.Му кажував често дека додека сме на власт, никој не треба да влегува во матни зделки и криминал. Тој само ќе одговореше дека тој одговара за луѓето што ги поставил. И што направи, си наштети себеси, на своето семејство, на партијата, на државата.Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот Фокус кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.Ирена Мулачкапреземено од фокус.мк

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања