ТОП

DSC_0737

Евакуирани седум училишта во Скопје

Во седум училишта во Скопје и денеска е упатена закана за поставена бомба, соопшти МВР.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање и антитерористички проверки.-Во 9:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронската адереса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање и во трек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението на МВР.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера во интервју за МИА прашан дали има симболика тоа што дојавите на бомби се случуваат само во среда, четврток и петок, рече дека не само што се случуваат во последните три дена во работната недела туку дека тие се случуваат кога наставата ја следи една иста смена со ист наставен кадар.

Скопје | пред 3 години

afera-PARAZITI-12112022

Афера „Паразити“: 4 функционери именувани од владата заработуваат 858 000 евра за еден мандат

Аферата „Паразити“ открива голем број функционери именувани од оваа аздисана власт на СДС и ДУИ кои земаат баснословни плати во време на криза.Додека народот гладува Томислав Тунтев, кадарот на СДС како именуван директор во Агенцијата за цивилно воздухопловство зема месечна плата од 203.000 денати, односно за еден мандат ќе бидат исплатени 9.744.000 денари.Директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев добива месечна плата од 105.000 денари, а во текот на еден мандат ќе инкасира 5.040.000 денари.На јавноста познатиот провладин аналитичар Љупчо Зиков е функционер во МЕПСО за месечна плата од 80.000 денари, што значи дека за еден мандат ќе добие 3.840.000 денари.Членот на УО во Телеком Никола Љушев добива месечен надоместок од 713.000 денари, што за еден мандат достигнуваат 34.224.000 денари.Само овие 4 функционери именувани од владата за еден мандат добиваат баснословни 858.000 евра, колку што сите вработени во една просечно голема конфекција заедно нема да ги добијат во време од 4 години.Да потсетиме дека други двајца владини функционери за еден мандат добиле 473.000 евра, односно Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски како директори во М-НАВ добиваат месечна плата од 345.000 денари, односно 266.000 денари.Власта на СДС и ДУИ бесрамно бара од народот на штеди а тие аздисуваат со исплати на неверојатни плати на своите функционери. Крати пари за студенти и земјоделци, а има за милионски хонорари. Додека државата се задолжува, мала група се богати на сметка на народот.Аферата „Паразити“ ја покажа целата забеганост и хипокризија на власта. Денес ќе следи ново продолжение.

Македонија | пред 3 години

Cevahir_Sky_City_14_Nov_2021

„Во Џевахир треба да станиш у 5 за да стигнеш на работа у 8“, реакции откако кулите останаа без струја

Првата и втората кула на „Џевахир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода.Станарите подоцна информираа дека струјата повторно им е вратена.Тие велат дека уредно ги платиле сметките, но дека проблемот е фирмата управител на висококатниците.„У Џеваир треба да станиш у 5 за да стигнеш на работа у 8“, „Замисли си ја остаил пеглата вклучена, и ти текнува дека може да дојде струја во меѓувреме“, се шегуваа граѓаните на социјалните мрежи.https://twitter.com/L_Traveler__/status/1592760699541127169?s=20&t=XqY5SlpitB7ZxsYzwzXj8ghttps://twitter.com/MacyImYesIm/status/1592750707324907522?s=20&t=XqY5SlpitB7ZxsYzwzXj8ghttps://twitter.com/JimmyFromDaHood/status/1592603172132249600?s=20&t=XqY5SlpitB7ZxsYzwzXj8ghttps://twitter.com/i999y/status/1592779572864745472?s=20&t=XqY5SlpitB7ZxsYzwzXj8ghttps://twitter.com/OdMpc/status/1592630593153818624?s=20&t=XqY5SlpitB7ZxsYzwzXj8g 

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-11-15-at-19.25.59

Поради долг кон ЕВН: Без струја остана Џеваир, станарите без лифтови, вода, светло...

Првата и втората кула на „Џеваир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода.Станарите се оставени без лифт и на погорните катови се принудени да се качуваат пеш. Според информации на Прес24, ова е вторпат кулите да останат без колективната електрична енергија. Пред околу еден месец струјата била исклучена како предупредување поради неплатени сметки.Станари за Прес24 велат дека уредно ги платиле сметките, но дека проблемот е фирмата управител на висококатниците.Дека фирмата „Се клуб фалисити менаџмент“ ѝ должи многу пари на ЕВН потврдува и самата компанија.-Поради вкупен долг од 6 милиони денари, четири мерни места за заедничка потрошувачка во кулите на Џеваир се исклучени, потврдуваат од ЕВН за Прес24.Освен струја, станарите немаат ниту вода бидејќи вентилите биле затворени.Повеќе 

Скопје | пред 3 години

51826955070_dba3d1dfd6_c

Најново: Бектеши образложи дали ќе поскапи струјата од јануари

Граѓаните нема да имаат зголемени сметки од 1 јануари, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени сметки за електрична енергија, вети министерот за економија Крешник Бектеши.Според Бектеши, залихи на мазут има, граѓаните да не стравуваат, зашто во континуитет ќе бидат обезбедени потребните количини топлинска и електрична енергија, а се прават и сите калкулации да нема поскапување на струјата од 1 јануари.Најверојатно, како што рече Бектеши, помали сметки ќе имаат и малите потрошувачи.– Сега е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино. Во моментот кога ќе биде спротивно, капацитетот веднаш ќе се вклучи во работа. Ако ја земеме предвид сегашната цената на мазутот, цената на производство на електрична енергија по мегават час од страна на ТЕЦ Неготино изнесува некаде од 240 до 245 евра, а претходната недела увезувавме по цена од 205 евра по мегават час. Зборувам за просечна цена, не за дневна, неделна, месечна. Имаме и залихи на мазут и веќе се прават сите подготовки за во континуитет да може да се стави во употреба во текот на грејната сезона. Граѓаните да бидат спокојни, сите подготовки се направени, во континуитет ќе бидат снабдувани со електрична енергија. Се прават калкулациите од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата, а најверојатно би имало и намалување за малите потрошувачи – истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo.Тој дополни дека никој не знае дали може да се случи некоја хаварија.

Македонија | пред 3 години

sovet-glasanje-rebalans

ДУИ му помогна на ВМРО-ДПМНЕ со гласови во Град Скопје

Со усвојувањето на ребалансот ќе се блокира градот, рече скопската градоначалничката Данела Арсовска пред советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа сопствените амнадмани за релокација на милион евра од градскиот буџет.На ВМРО-ДПМНЕ во гласањето „за“ им се придружија и двајца советници од ДУИ и Левица со што беа обезбедени 24 гласа. Советниците од СДСМ гласаа против и алармираа дека не треба да се врши измена на претходно веќе изгласани амандмани.Изгласаните амандмани се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, со еден од нив се дава помош од 150 илјади евра на Фудбалскиот клуб Вардар, како и повеќе реконструкции на улици во Чаир и Аеродром кои треба да се реализираат до Нова Година.Претседателот на советот Трајко Славевски кој е и поранешен министер за финансии и порача на Арсовска дека нема можност за блокирање на функционирањето на градот Скопје и решението може да го најде за три минути од стручни лица кои се разбираат во буџет.Градоначалничката реплицираше дека мотивот за ваков ребаланс не е решение туку блокада на градот.

Скопје | пред 3 години

315278960_113969914860027_7709328071331006725_n

Студентите не се задоволни од вчерашната средба во Собранието, во четврток најавија нов студентски марш

Од „Студентски Отпор“, младинското движење на студентите од Македонија кое се бори за подигнување на студентскиот стандард велат дека не се задоволни од крајниот исход од вечерашната средба во Собранието помеѓу премиерот, претставниците на студентските собранија, пратеници и министри.Велат дека остануваат нас своите барања и ги повикуваат сите студентски организации, универзитетските и факултетските студентски собранија, професори, здруженија и невладини организации да се придружат во борбата.Ова се нивните барања:1. Издвојување на средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно;2. Издвојување на средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите;3. Издвојување средства за реновирање и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање на „студентски градови" и стоп за најавената приватизација на студентските домови;4. Издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја;-Со оглед на тоа што единственото барање кое се прифати е повлекувањето на измените на Предлог-законот за студентски субвенциониран оброк, најавуваме дека нема да отстапиме сѐ додека итно не се реализираат и останатите наши барања и ве повикуваме во четврток (17.11.2022), на Меѓународниот ден на студентите, на масовен студентски марш од 17:00 часот. Маршот ќе започне од Министерството за образование и наука и заедно ќе се упатиме кон Собранието на Македонија, соопштија од „Студентски Отпор“.

Македонија | пред 3 години

afera-PARAZITI-12112022

„Директорите во М НАВ земаат плата од пола милион евра за еден мандат“, ВМРО-ДПМНЕ најави нови детали за aферата Паразити

Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема плата од 6 илјади евра. За една година истиот само како плата зема над 70 илјади евра. За мандат од 4 години тоа се над 280.000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ништо поразлично не е ниту за членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 4.5 илјади евра плата месечно. За една година тоа се над 50.000 евра, а за еден мандат од четири години Крстевски од државата ќе земе над 200.000 евра како плата.Овие двајца директори во М НАВ земаат скоро половина милион евра само како плата од М НАВ за еден мандат.И додека директорите на М НАВ земаат стотици илјади евра за еден мандат на име плата, народот страда. Нити две минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошница. Тоа што до пред една година можело да се купи за 500 денари како намирници во продавница, сега не може ниту со 1.000 денари.Аферата Паразити покажува зошто власта не се грижи за економијата и зошто нема слух за проблемите и високата инфлација. За функционерите на власта инфлацијата не значи ништо, таа удира по народот. Затоа се потребни промени“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-14-231059

Стигнува студентска револуција: Фрлете оделата, дојдете на барикадите за подобар студентски стандард, ве сакаме!

Давид Златанов преку социјалните мрежи испрати отворено писмо до Уинверзитетското студентско собрание - УКИМ. Тој ги повика да ги фрлат оделата и да дојдат на барикадите за подобар студентски стандард.„Сите сме сведоци на разрушеното високо образование, за кое сме слушнале на предавањата од професорите, на улица и сами сме осетиле на своја кожа... Денес имаше протест пред собранието за студентскиот оброк, во име на студентите преговараа УСС, од кои повеќето се со искрена желба за подобро и поквалитетно образование, се надевам. УСС е студентско собрание кое треба да биде прво на барикадите и најжестоко да се спротиставува на власта и да се бори за подобар студентски стандард.Но, сите сме свесни дека одредени претставници на УСС кои денес беа присутни, се во многу блиски односи со актуелната власт, ги гледаме заедно по слики,патување и сорос трибини, па дури и се спомнуваат некакви роднински врски. И тоа не е некој голем проблем, проблемот е во тоа што тие се послушни и успеваат од се ова да направат пиар на власта, не тврдам ама можно е ова и да е смислено сценарио. И јас и вие сме свесни дека студентскиот оброк е само дел од проблемот во високото образование, проблемот со студентските домови е уште тука, проблемите со превисоки цени на книги, несигурната иднина после завршување на високо образование, иселувањето на високообразованите млади и уште низа други работи не се решија после денешното сликање со Таче и министерот за образование. Вие понудивте ,,Закон за студентски стандард", а кога студентите излегоа на улица за да си ги бараат правата се оградувате од протестот и се прчите дека ако има протест мора вие да го организираат, навидум само вие сте студенти и само вие одговарате во име на студентите. Другари сите заедно треба да ја водиме оваа борба ако сакаме да постигнеме успех, не го ситнете отпорот ако сте со искрени намери за промена. Инаку, еве еден интересен предлог до пратениците со кои се гледате секој ден, кажете им да излеземе од НАТО и парите од тоа да се применат за бесплатно образование од градинка до факултет.Срамота е млади луѓе да одработуваат за власта, не тврдам дека е така, но зошто вашите ставови ги усогласувате со нивните ?!П.С. Време е за #СтудентскаРеволуција, фрлете ги тоа оделата облечете дукс и на барикадите за подобар #СтудентскиСтандард, ве сакаме“, стои во објавата

Коментари | пред 3 години

maricik

(ФОТО) Урнебесно: Студентите го реметат Маричиќ за бифтецитe

Пред Собранието на Република Македонија се одржа протест на студентите, кои на крајот решија да им го остават студентскиот оброк на пратениците и така да им испратат јасна порака.Студентите се борат за подигнување на студентскиот стандард во Македонија.„Без паника, не јадеме колку Маричиќ“, беше една од пораките на денешниот студентски протест пред Собранието. https://twitter.com/natwnajubaviot/status/1592207743636512768?s=20&t=tJuL6dBJu2p5byDku6ngsAhttps://twitter.com/DoneskiGoran/status/1592221320632102912?s=20&t=HNkMIcsUg149HPZnI97weQhttps://twitter.com/porecanecot/status/1592204745175085056?s=20&t=HNkMIcsUg149HPZnI97weQ

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-11-14-224541

(ВИДЕО) Урнебесно видео од македонски трговски центар на кое сите се чудат

На социјалните мрежи објавено е видео од две жени на ескалатор во бутик во Македонија.Тие во моментот кога стапнаа на ескалаторот паднаа и околу половина минута не можеа да станат, по што некои од купувачите во близина дојдоа да им помогнат.https://twitter.com/omilenata/status/1592222733349552128?s=20&t=HNkMIcsUg149HPZnI97weQ

Македонија | пред 3 години

24

Лишен од слобода насилникот кој нападна снимател на ТВ 24

Денеска (14.11.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода М.П. (67) од Скопје, постапувајќи по пријава од Љ.И. (42) од Скопје, снимател во ТВ 24, дека денеска околу 14.20 часот на ул. Пржино во Скопје бил физички нападнат од М.П..Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје преземени се мерки и активности и напаѓачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а по извршената консултација и добиените насоки од јавен обвинител, против М.П: ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „Насилство“ по чл. 386 од КЗ.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-14-at-20.06.36

Студентите: Битката е добиена, војната не, студентски оброк по стар метод до март 2023

„Студентски Оброк ќе има по старите критериуми и ќе се исплаќа по стариот метод до 15 Март 2023 година“, велат од Универзитетско студентско собрание - УКИМТие додаваат:Обезбедено е сите студенти кои досега беа корисници на Студентски оброк и понатаму да останат. Притоа универзитетските собранија ќе бидат дел од работните груши кои тееба да го креираат системското решение на законот најкасно до 15 Март 2023 година. Битката е добиена, војната не! Борбата за подобар студентски стандард и образование продолжува. Оваа победа е искрена и само на студентите и на никој друг .

Македонија | пред 3 години

bekim-sali-3199

Сали се распука со „непријателите“, му бараат оставка

Што да коментирам за тројца „амбициозни“ само за тендери, вели за „Слободен печат“ министерот за здравство Беким Сали за барањето на чаирскиот огранок на Алтернатива за негово разрешување од министерската функција. Од партијата најавија реакција преку соопштение.Поранешниот шеф на кабинетот на министерот Сали, Меритон Цивули на прес конференција во име на чаирскиот огранок побара претседателот на Алтернатива Африм Гаши да иницира разрешување на министерот за здравство Сали поради неизвршување на партиската програма, односно вработување Албанци во здравството.Огранокот на Гаши му даде 10 дена рок да го разреши Сали, бидејќи претседателот иако знаел за незадоволството од министерот, досега ништо не презел. Од огранокот не открија како ќе постапат, доколку Гаши не побара разрешување на Сали.

Македонија | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Намалени цените на горивата, објавени нови

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 7.11.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,137%, кај дизелот за 3,126%, кај екстра лесното за 2,802% и кај мазутот намалувањето е за 1,142%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,766%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 49,189 ден/кг.Од 15.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 96,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 49,189 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања