ТОП

Screenshot-2022-11-18-at-22.39.44

Тајната средба во Зајас кај Ахмети стана јавна

Премиерот Ковачевски и претседателот на Алијанса за Албанците Таравари, по средбата во Владата, биле на гости кај претседателот на ДУИ Ахмети во Зајас, дознава Алсат.На средбата се разговарало за проширување на Владата со нов партнер во насока на зајакнување на владеачката коалиција, а во очекување на уставните измени.Неофицијално се дознава дека Алијанса побарала три министерски места – за правда кое сега е раководено од кадар од СДСМ, за екологија-ресор кој сега го раководи ДУИ, и министерството за информатичко општество.На средбата во Зајас немало претставник од Алтернатива, кои претходно негативно реагираа за можноста за влез на Алијанса во Владата.Исто така се дознава дека Алијанса ќе добие најмалку едно заменичко место и околу 30 директори. Финалните преговори и поделбата на ресори се очекува да заврши до крајот на месецов.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Остри критки: Америка збунета од изборот на Абази за шеф на ОЈО-ГОКК

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер, остро го критикува изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на барањето на „360 степени“ за став за целиот процес и епилогот од него. Како ретко кој дипломат на САД, па и воопшто кој било дипломат во земјава, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата.Во писмениот одговор на нашите прашања, јасно се вели дека амбасадорката и Амбасадата очекувале повеќе и поради милионите долари потрошени во обуки на обвинителите кои, патем, самите гласаа за шеф на ОЈО за ГОКК. Се додава и дека граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки.„Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, одговори амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на прашањето на „360 степени“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-18-at-15.16.48

АНБ направила пропуст, познато е како Онишченко станал Македонец

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, кажа дека АНБ лоцирала каде е пропустот со кој украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин.„Последното ниво кое требало да направи консултација со партнерите во НАТО алијансата, не било направено. Преземени се мерки за утврдување на одговорност. Испитуваме дали се работи за изолиран случај или има друг предмет. За лицето и други инволвирани во овој случај, ќе бидат преземени законски мерки. Од законот ќе зависи дали ќе заврши со дисциплинска или кривична одговорност. Ќе видиме се дали работи луктративен интерес, пропуст... Ќе ве информираме како ќе продолжиме“, кажа Димовски.Олександр Онишченко, Александр Онишченко, Александар Романович, Александар Кадиров. Ова се само дел од идентитетите кои ги има користено украинскиот политичар обвинет за прење пари кој од крајот на мај годинава е македонски државјанин со владина одлука.Иако во Македонија првпат влегол во 2020 година, со рускиот пасош, а за Слободен Печат тврдеше за македонски пасош чекал две години, од МВР за ТВ24 велат, кај нив не побарал привремен престој како странец кој влегол во земјава. Оваа информација ја потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашната Анализа на ТВ24, кој изјави дека Онишченко немал дозвола за времен престој бидејќи никогаш не доставил барање за таков документ.Онишченко кој тврдеше дека Германија му ги дала сите документи, за каде вели дека има и бизнис, всушност има германска виза за престој која не му дозволува работен ангажман. Владата пак, се уште ги очекува извештаите од четирите институции кои дадоа зелено светло Онишченко да стане рамноправен македонски државјанин, за да провери како е спроведена процедурата.

Македонија | пред 3 години

51826955455_428e5125a5_k

Славјанка до Драган: Извини се или ќе тужам!

Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека ќе го тужи Драган Ковачки од ВМРО – ДПМНЕ кој денес ја обвини дека во анкетниот лист не пријави луксузна хациенда со базен во Радишани. Петровска вели дека обвинувањата за непријавен имот се лага и груба манипулација.„Имотот кој бегалецот Ковачки го посочи, никогаш не сум го поседувала. Единствено што поседував е плац кој со уредни договори за купопродажба е отуѓен односно продаден пред повеќе од десетина години. Безбедњакот, поранешниот воен разузнавач, кој беше дел од сценариото за 27 април и кој ги извиси и се огради од оние што ги поттикна на насилство има рок од 24 часа да се извини за овие невистини, во спротивно ќе му биде поднесено тужба за клевета, а парите ќе ги донирам за жртвите од владењето на неговиот Никола Груевски. Го повикувам да се извини на семејството кое е легален и чесен сопственик на овој имот и да престане со нивните стари навики на незаконско следење и фотографирање. Жалам што Ковачки бега да зборува за успесите на Армијата туку одбра да се занимава со конструкции против мене ама ова дрско и бескрупулозно однесување од негова страна нема ниту да ме заплаши ниту да ме поколеба да ја зборувам вистината“, рече министерката Петровска на прес конференција организирана исклучиво за да одговори на обвинувањата од Ковачки.Ковачки, исто така на прес конференција, како дел од аферата „Тајни имоти – што крие власта од народот?“, објави дека министерката Петровска има непријавен луксузен имот во Радишани со објект кој е дивоградба. Ковачки побара министерката да ја донира луксузната хациенда здруженијата на бранители од 2001 година и веднаш да си поднесе оставка.

Македонија | пред 3 години

gdfgad

(ВИДЕО) Славјанка има хациенда со базен во Скопје, а пред граѓаните прикажува само долгови вели Ковачки

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, крие луксузен имот. Како што кажав во дуелот со Министерката во средата таа во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, но не и луксузна хациенда во Радишани, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.-Во дуелот ја прашав Петровска дали крие имот во Скопско, по што таа негираше и рече дека се што поседува е во нејзиниот Анкетен лист, односно дека не поседува имот. Петровска е фатена во лага како крие имот.Одиме со ред.Анкетниот лист на Петровска кој ви го покажав потврдува дека таа лаже.Вистината е дека Славјанка Петровска поседува огромна хациенда со базен во Радишани.Ова е хациендата на Петровска. Во таа хациенда има голем базен, целиот имот е ограден со голема двометарска ограда, што може да се види од следните слики.Ова е евидентниот лист на Петровска од Катастарот на недвижности. Овој имот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за Катастар на недвижности, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани. И се наоѓа на улица Радишанска.Жителите од тој дел на улица Радишанска според избирачкиот список гласаат во избирачкото место 2948/1 кое се наоѓа во ОУ Ацо Шопов. Тоа е истото избирачко место каде гласа и Славјанка Петровска. По што може да се заклучи дека адресата на луксузната хациенда на Славјанка Петровска е и адреса на живеење која истата ја има во личната карта.Дополнително според нашите информации хациендата на Петровска, покрај тоа што не е пријавен како нејзин имот во ДКСК, таа е и дивоградба, односно истата не е легализирана.Ги повикуваме надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска наместо на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранители од 2001 година.Очекуваме Петровска да остане на зборот, и овој имот во најкраток можен рок да го подари на здруженијата на бранители, лица кои во 2001 година не ги штедеа животите за ние денес да живееме во слобода.Дополнително ја повикувам Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Функционерите треба да бидат отчетни и чесни. Лажењето дека не поседува имот кој не пријавен во нејзиниот Анкетен лист не е одраз на чесност.Ако Петровска крие имот, што друго можеме да очекуваме дека ќе крие? Личност без морална димензија како Петровска не смее да биде на чело на МО и да седи заедно со министрите за одбрана на нашите стратешки сојузници во НАТО, рече Ковачки.

Скопје | пред 3 години

fatime-fetai-gibraltar

Мустафа или Бурим ќе шефуваат, Фетаи крена раце!

Обвинителката Фатиме Фетаи се повлекла од трката за шеф на Вишото јавно обвинителство. Ова го изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски кој соопшти дека добил мејл со известување за повлекувањето.„Ние имаме само мејл, го добивме од Фатиме Фетаи дека ја повлекува кандидатурата. Побарав да ми потврди само телефонски. Не е начин на мејл, сепак е сериозна работа. Добив и на Вибер порака со принтскрин од мејл. Јас и на седница ќе кажам дека имаме ова и ова.. Ако немаме писмено нешто, може ќе ми речат членовите дека не може да се земе за веродостојно.. Имаме официјална кандидатура, со потпис.. Ќе бараме потврда официјална за повлекување од неа или документ со потпис. Чудно е ова да се случи последен ден пред избори“, вели Јолески.Доколку Советот на јавни обвинители, се водеше според оценките кои побара време да ги анализира, Фетаи имаше највисока со 25 бода.Сега, во трката остануваат Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.Обвинителот Бурим Рустеми е од Куманово, во кое основно обвинителство работел од 2009 до 2015 година. Беше дел од СЈО, а го застапуваше предметот „Топлик“ каде штета се сметаше дека е плаќање затезна камата без која ќе немаше предмет, но и каде се досудени две затворски казни од три и пол и три години за ексминистерот Миле Јанакиески и за Томе Ѓурчилов, поранешен претседател на Комисијата за јавни наддавања и четири условни казни. Рустеми беше обвинуван дека заедно со Драги Рашковски принудувал вработена во Министерството за транспорт и врски, да ре-изработи документ каде ќе наведе дека имало штета во предметот.Освен овој, Рустеми го застапуваше и предметот „ТНТ“ каде Груевски беше осуден на девет години затвор, Јанакиески на три години затвор, а Тони Трајкоски на четири години затвор. Од познатите предмети што ги водеше Рустеми е финансиската истрага за „Поштенска банка“ кој е во фаза на судење. Тој сега е виш обвинител во Скопје. За него, во „ТНТ“ и „Топлик“ во низа пати се бараше изземање со тврдење дека против него се води кривична постапка.Мустафа Хајрулахи со 6 години искуство од скопското Основно обвинителство доби унапредување во Вишото скопско обвинителство. Конкуренција му биле 10 обвинители меѓу кои и обвинители со поголемо искуство. Но тој во 2018 година беше избран за шеф.Во изминатите четири години, Хајрулахи беше ретко споменуван во јавноста. Еден од ретките случаи беше во 2021 година, кога се откри дека Вишото јавно обвинителство на Скопје го држеше предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември 2020 година не и го даваше на Скопска апелација. Од тогаш до сега, Хајрулахи имаше и едно јавно интервју каде зборуваше за своите успеси и потенцираше дека за четворица обвинители утврдил дека ги одолговлекуваат постапките и побарал одговорност.Засега, не е закажан избор на шеф за ова обвинителство.

Македонија | пред 3 години

taravari

Таравари има услови за влез во Влада

“Зборевме за борбата против корупцијата и европскиот пат”. Ова беше објаснувањето на Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците за средбата со премиерот Димитар Ковачевски. Според Таравари се зборувало за прашања поврзани со функционирањето на државата и системот.“Немаме официјални преговори. Ако започнеме, нема да криеме. Не добивме покана”, кажа Таравари.Тој смета дека партијата со која раководи е сериозна.“Ако има преговори, на крај членството ќе утврди дали ќе влеземе во Влада”, додаде Таравари.Тој додаде дека ќе има услови.“Ќе имаме црвени линии неопходни за влез во Влада. Имаме пакет мерки кој ќе биде услов за влез во Влада”, посочи тој.Според него ВМРО има лош “вординг”, односно станувала понационалистичка партија од Левица.“Ние имаме комуникација со сите партии. Имаме и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Вордингот на ВМРО не ни се допаѓа, ги намалуваат капацитетите за соработка со албански партии. ВМРО се натпреварува со Левица која е понационалистичка партија, што не е добро”, додаде Таравари.Нему не му се допаѓа ниту работата на Владата СДСМ-ДУИ.“Ќе продолжиме да критикуваме”, посочи Таравари.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva1

Од полноќ, ново поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 16.11.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,881%, кај дизелот за 1,145%, кај екстра лесното за 1,165% и кај мазутот намалувањето е за 2,707%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,517%.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,660 ден/кг и сега ќе изнесува 45,962 ден/кг.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) остануваат исти.Од 19.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 92,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 88,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 45,962 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

vane-cvetanov-24.07-2019

Ване Цветанов заработи кривична од МВР: Прибавил 75 илјади евра од буџетот

Денеска (18.11.2022) Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против В.Ц.(44) од Кочани, поради постоење на основано сомнение дека од позиција на ВД претседател на тело основано од Владата на РСМ, во периодот од 2021 до 15.03.2022 година сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 5 во врска со член 45 „продолжено кривично дело“, предвидено и казниво во Кривичниот законик, со што за себе и за други лица, на штета на Буџетот на телото прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 4.656.876 денари (75.722 евра).Според МВР, Цветанов како лице именувано од Владата на споменатата позиција за периодот од 24.07.2019 до 15.03.2022 година, ги сторил кривичните дела искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, при што постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Статутот на телото, Законот за ревизија, како и спротивно на Законот за трансформација во редовен работен однос.Имено, во текот на 2021, спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки пријавениот, без да спроведе постапка за јавни набавки која бил должен да ја спроведе, од неколку економски оператори набавил стоки и услуги во вкупен износ од 2.272.684 ден. (36.954 евра), набавки кои го надминуваат законски дозволениот износ од 12.000 евра во тековната година за набавки на стоки без спроведена постапка, додека во текот на 2022 продолжил со дејствијата и извршил набавка на стоки и услуги од неколку економски оператори во вкупен износ од 430.515 ден. (7.000 евра) за кои постои основано сомнение дека нема реална оправданост за набавка на истите за потребите на телото.Исто така, тој ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, па без претходна Одлука за потреба од ангажирање на надворешно лице донесена од страна на Советот на телото, последователно склучил 3 Договори за ангажирање на надворешен советник за специјални цели во телото со Д.Т., која била негова невенчана сопруга, без предвиден надоместок за ангажираното лице. Притоа овие договори биле искористени и како основa за заеднички службени патувања во странство, за што по основ на дневници за службени патувања и патни и дневни трошоци, од сметката на телото неосновано и противправно биле исплатени парични средства во вкупен износ од 93.800 ден. (1.525 евра).На истиот начин, без претходна Одлука за ангажирање на надворешни лица за потребите на телото, спротивно на Законот за ревизија, Статутот на телото и Закон за трансформација во редовен работен однос, пријавениот склучил уште 18 Договори за ангажирање на надворешни лица по разни основи, за услуги за кои согласно Правилникот за систематизација на работни места и Листата на вработени во стручната служба на телото веќе биле вработени таков профил на кадри. Поради ваквите дејствија на пријавениот, од средствата на телото непотребно и неосновано биле исплатени парични средства во вкупен износ од 1.803.237 ден. (29.321 евро).Дополнително, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, без претходно донесена Одлука на одржана седница на телото, набавил апликативен софтвер од правно лице иако веќе имало склучено Договор со друг правен субјект кој договор бил во важност, од кој претходно биле набавени апликативни и софтверски решенија за потребите на телото. Со ваквото пречекорување на границите на своите службени овластувања пријавениот дополнително нанел штета на средствата во сопственост на телото во вкупен износ од 56.640 ден. (921 евра).Со наведените инкриминирачки дејствија, пријавениот постапувал надвор од границите на своите службени овластувања со што го сторил кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 5 во врска со член 45 од Кривичниот законик и со тоа овозможил за себе и за други лица, на штета на Буџетот на телото, де се стекнат со противправна имотна корист од вкупно 4.656.876 денари (75.722 евра).

Македонија | пред 3 години

pistol_001

Се скарал со брат му, па извадил пиштол и пукал кон него

Вчера околу 14.40 часот во селото Студеничани, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.М.(41) од Студеничани, затоа што околу 14.30 часот во магацинскиот простор од семејната фирма лоциран во селото, по претходна расправија поради нерасчистени имотно-правни односи околу фирмата, од пиштол испукал еден куршум кон неговиот брат А.М.(39) од селото Цветово, скопско и му нанел телесна повреда.Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

afera-PARAZITI-12112022

Афера Паразити: Над 2 милиони евра тежат хонорарите и платите за само 11 функционери, за нив нема криза и штедење

Владата бара од граѓаните да штедат, да готват во помали тенџериња, се правдат дека нема пари за стопанството, нема пари за здравството, земјоделството, студентите, ама затоа не им ги чепка баснословните хонорари и плати на своите функционери, вели ВМРО-ДПМНЕ„Вчера објавивме дека само тројца функционери ја чинат Македонија околу 500 илади евра за еден мандат.Кире Наумов како директор на македонската банка за обнова и развој зема 2.500 евра, или за еден мандат ќе инкасира 120.000 евра. Директорот на АЕК во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај има месечна плата од над 2000 евра или 30.000 евра годишно. Во Телеком пак, кај што Владата има свој удел Славко Пројковски како финансиски директор има плата од над 6000 евра, односно за еден мандат добива дури 288.000 евра.Ако на овие плати ги додадеме и надоместоците на функционерите кои претходно беа обелоденети во аферата Паразити, како што се тие на Жерновски, Љушев од Телеком, Станкоски од Тутунски комбинат, Хамиди и Крстевски од М-нав, Тунтев ид Цивилно воздухопловство, Ѓорѓиев од ПУИК, Зиков од МЕПСО, тогаш доаѓаме до фантастична бројка од над 2 милиони евра за еден мандат за 11 функционери.Колку семејства може да живеат со 2 милиони евра?Колку студенти може да се прехранат?Колку медицински апарати и лекови може да се набават?Аферата Паразити го откри лицемерието на оваа власт на СДС и ДУИ. Оваа афера покажа дека за елитата на власт нема криза. Паразити покажа дека лажните социјалдемократи кркаат дебели хонорари додека народот гладува. Аферата Паразити и денес ќе открие нови случаи на аздисано трошење“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Во моментов 74 пратеници би гласале за уставни измени, вели Пендаровски

Според Претседателот Стево Пендаровски промената на Уставот не е страшно и нема да ја дестабилизира државава.-Јас сум прв за промена на Уставот за Бугарите во Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно, и дека ќе ја дестабилизира Македонија. Освен Македонците, имаме и други делови од народи. Меѓутоа, ако ги немаме потребните 80 пратеници, како ќе ги направиме - рече Пендаровски во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.Според Пендаровски, од информациите достапни во јавноста, како што вели, во овој момент максимум во сите комбинации 74 пратеници би гласале, било дали се на власт или во опозиција, за внесување на Бугарите во Уставот.- Недостасуваат шест пратеници. Од ова што е остатокот од овие 74 до 120 не знам еден единствен кој вели – „се мислам можеби ќе гласам“. Не сум чул. Значи фактичката состојба е таа. Дали се разговара, да. Дали Владата треба да разговара со сите пратеници, одговорот е да - вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

nato-mrezi

Режимот во Киев трипати го докажа неуспехот на НАТО, ова е почеток на крајот, вели Володин

Режимот во Киев трипати пред светот го докажа неуспехот на Северноатлантската алијанса, изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин.„Јасно е дека ова е почеток на крајот за НАТО. Режимот во Киев трипати на целиот свет го докажа неуспехот на НАТО“, напиша Володин на Телеграм.Володин истакна дека режимот во Киев, „нахранет со оружје на НАТО – стана негов гробар“.Тој како пример ги наведе романскиот борбен авион соборен над Црното Море, дронот што експлодираше во Загреб и украинската противвоздушна ракета што падна во Полска.Полските власти претходно им дозволија на украинските експерти да го посетат местото на падот на ракетата на полска територија.Според полскиот претседател Анджеј Дуда, нема докази дека ракетата што паднала на полска територија била истрелана од руската армија.

пред 3 години

kovacevski-koalicioni-vlada

8 именувани функционери од владата на СДС и ДУИ ја чинат Македонија 1,5 милиони евра, а пари за народот нема, вели ВМРО-ДПМНЕ

Аферата Паразити го разоткри аздисаното и апсурдно трошење на парите на граѓаните за плати на функционери именувани од оваа власт на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ„Последниот пример за тоа се хонорарите на Андреј Жерновски и Кире Станкоски.Андреј Жерновски добива месечен надоместок од 1000 евра како координатор на проектната единица за изградба на клинички објект. Од министерството за здравство до сега има добиено 18.000 евра, а граѓаните не можат да видат ниту цигла од неговото координирање.Вториот пример, пак, Кире Станковски добива 2.000 евра месечно како генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп, а во исто време тутунарите од прилепско не можат да си го наплатат трудот и едвај врзуваат крај со крај. Во еден мандат Станковски ќе заработи речиси 100 илјади евра.Додека лицемерната власт на СДС и ДУИ ги тера граѓаните да штедат, дури ги тера студентите да преживуваат, дури крати средства за проекти во интерес на граѓаните под изговор дека нема пари, функционерите кои ги именува добиваат баснословни суми за плати и хонорари.Од досегашните примери видовме дека само 8 функционери именувани од СДС и ДУИ ја чинат Македонија приближно 1,5 милиони евра. Аферата Паразити ќе открие и нови случаи на раскалашено трошење во време кога народот гладува“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

gadfgadsf

Новинарот Ландов нападнат од судијка, се бара Судскиот совет да реагира и санкционира

Новинарот Кристијан Ландов минатата недела бил спречен да ја врши својата новинарска должност додека бил во Граѓанскиот суд во Скопје, каде што бил присутен како јавност на закажаната главна расправа, се вели во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија.По започнувањето на расправата новинарска екипа на „Макфакс” и „А1он” била вербално нападната од судијката Наташа Тодорова, со закана која може да се протолкува исклучиво како обид за цензура и попречување при вршење на новинарската професија. Откако започнала судската расправа, судијката го легитимирала колегата Ландов како новинар, му ја побарала новинарската легитимација и откако било утврдено дека е уредно издадена од работодавачот, седнал во делот определен за јавност. Кога судијката завршила со евидентирање на останатите присутни, без било какво објаснување со висок тон му ги упатила зборовите: „Што правите вие? Соберете тоа лаптопот, одма! Да не ви го одземам и да го носам кај претседателот на судот. Собирајте тоа, не може”.Ландов појаснил дека лаптопот не снима и нема таква можност, туку го употребува само за пишување забелешки од судењето со вел да се избегнат интерпретации кои нема да одговараат со тоа што навистина се случувало. Судијката, без објаснување повторно се обратила со висок тон со зборовите: „Нема што вие да фаќате забелешки, судот води записник, не вие. Собирајте се!”.На овој начин колегата Ландов бил спречен да ја изврши својата новинарска работа. Здружението на новинарите на Македонија го осудува крајно непрофесионалното однесување на судијката Наташа Тодорова во Граѓанскиот суд во Скопје кон колегата Ландов. Сметаме дека оваа постапка е несоодветна и претставува обид за цензура.Очекуваме од Судскиот совет до кој од новинарот Ландов, помогнат од ЗНМ, беше доставена претставка во име на колегата Ландов, да преземе мерки кон неодговорната судијка со цел да не дозволи ваква непримерна комуникација во иднина но и да ги заштити правата на новинарите.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања