ТОП

voz

Возот од Скопје заглави кај Богомила, патниците може да останат во вагоните дури 10 часа

Патничкиот воз кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола сѐ уште не е стигнат. Според сознанија на Плусинфо причина за запрениот сообраќај е расипан товарен воз во близина на село Слепче кој е останат на пругата. Според порталот поради расипаниот товарен воз е блокирана пругата и патничкиот воз не може да помине, па затоа патниците се заглавени со часови на железничката станица.Патниците на социјалните мрежи споделуваат дека кондуктерот им велел дека можеби до полноќ или во утринските часови возот ќе пристигне на својата дестинација. Тие додаваат дека од страна на Македонски железници не им бил организиран каков било превоз, па тие се оставени да чекаат со часови да се ослободи пругата.Во патничкиот се возат околу 120 патници, неофицијално дознаваме од Македонски Железници.Помошна локомотива е тргната во 19 часот од Скопје за да го турне расипаниот воз во Слепче, па потоа да може патничкиот да продолжи.

Македонија | пред 3 години

20221120192638

„Денес требаше да уживаме на некоја плажа во Бали, а останавме на аеродром во Истанбул“, сведоштво на Македонка која доживеала вистинска голгота

Македонката Софија Митева на Инстаграм објави сведоштво како наместо на Бали, заврши на аеродром во Истанбул. Таа преку својата објава ги предупреди сите оние кои сакаат да патуваат во некоја егзотична или подалечна дестинација преку агенциите да бидат многу внимателни за да не завршат на аеродром без право да се качат во авионот со кој требало да стигнат на посакуваната дестинација.„Денес требаше да уживаме на некоја плажа во Бали но за жал поради лошата организација на jungle tribe тоа не е возможно!!! Се започна вака наши најблиски, драги сограѓани и идни патувачи: Се собравме на аеродромот Никола Тесла во Србија каде што требаше да летаме до Истанбул и од таму за Бали, стигневаме до Истанбул и на чекирање за Бали ни викат мене и другарка ми дека за ПАТНИЦИТЕ од МАКЕДОНИЈА е потребно ВИЗА!!!, и ние тука убаво им објаснуваме дека сме преку агенција, дека сме група и дека визата е upon arrivel односно кога стигаме во Бали ни ја издават визата од таму. Девојката ни објаснува дека не сме во право и дека без виза не смееме да се качиме во авионот, од тука ја бараме водичката Јелена која требаше да биде со нас на патувањето и она доаѓа и им објаснува дека не се во право и дека сака да зборува со некој по надлежен. Надлежниот и покажува на компјутерот дека не е во право дека македонските државјани мораат да имаат виза. Се јавува Јелена до агенцијата и овие едвај да реагираат, ни дава Јелена број од некоја вработена и од газдава и си заминува со групата за Бали а нас не остава апсолутно САМИ да се снаоѓаме без никави инструкции!!! (замислете да не знаевме англиски). Ние одморот за Бали го планиравме 6 месеци однапред. Уредно напишавме меил каде што прашуваме каква виза е потребна за нас, а вработена од агенцијата Јungle Tribe ни одговара upon arrival (имате доказ во следните сториња).Притоа, бевме во транзит зона на аеродромот во Истанбул, не сакаа да ни ги дадат куферите, немаше слободни места за ниту еден лет за Белград, и ќе напоменам, сите овие информации ние ги 'собиравме' САМИ. Во меѓувреме, на boarding pass, вработените ни кажаа дека ова НЕ И Е ПРВ СЛУЧАЈ НА АГЕНЦИЈАТА СО ТУРИСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, а кои и самата водичка претходно ни потврди дека ова веќе и се има дешавано на повеќе граѓани од Македонија (можеби ќе се пронајдат).30 часа не спиени, уморни, без никаква помош, единствено нешто што сопственикот на агенцијата (кого што го добивме преку Whatsapp) беше да ни ја побара комуникацијата преку маил, односно сите меилови помеѓу нас и нивните вработени.На крај ни кажа дека е наша вина бидејќи не сме навеле дека сме од Македонија! Испративме ПАСОШ! Ни изработија "f-ru za inostranstvu".Дотичниот ,наместо барем да обезбеди безбедно враќање во Белград не убедуваше како е ова наша грешка.Ние сме биле крви зошто до последен момент требало да се информираме за Бали бидејки законите се менеле. Еве јас ве прашувам ВАС, СИТЕ ВИЕ КОИ ЧИТАТЕ, кога уплаќате толку пари на агенција за патување вие си вадите сами визи или агенцијата е задолжена за тоа? Ако грешам поправете ме.Но! Нели тргнавме на патување, во ноември на егзотична дестинација, зошто да се откажеме? Ајде барем дајте друга дестинација. Македонче, дај шта даш. Во тој момент тоа ни беше најлогично, иако сега со ладна глава - човече кој е тој што за мои пари и мое време ќе ме пренасочува на друга дестинација заради НИВНА ГРЕШКА?! Не лажеа до денес 18.11 дека ќе ни рефундираат ДЕЛ од средствата или ќе ни понудат со сигурност нешто друго. Ни рефундираат помалку од пола сума, и не испраќаат на дестинација на 28.11 иако им беше кажано дека одморот ни трае до 30.11. Таман за еден круг со авион, два дена! Плус да доплатиме уште толку.Стресот, нервозите, скршените планови, слободните денови и се друго ние не можеме да Ви го доловиме во овој пост. Но луѓе, ние, а верувам и повеќето од нас штедиме пари цела година за да одиме на одмор, плаќаме преку агенција за сигурност, и на крај добиваме meil, каде што нив им е "ЖАО", АМА не ви враќаме ништо што со закон Ви следува.Тука ќе настапат адвокатите и приказнава за Jungle Tribe i Celi Svet ,ќе ја прошириме баш по "цели свет", сега нели имаме време 12 дена, наместо да се сончаме под некои палми за кои што пак ќе напоменам уредно си ги подмиривме трошоците.Летови за Белград немаше, едвај го фативме и го преплативме утринскиот што не врати до Скопје. Многу од Вас ќе ги интересира зошто не резервиравме од Македонија - не ја работеа таа дестинација, така ни кажаа во агенцијата.Ова не се само две девојки што сакале да го посетат Бали, ние сме две девојки што сме работеле чесно, сме заштедиле, и на крај од нас беше одземено се што вложивме во ова патување.Го пишуваме овој пост за да дознаат што повеќе луѓе, за да не се случува ова повеќе на наши сограѓаниВе замолуваме вие што читате, што знаете некој што сака или планира да патува со оваа агенција го споделите овој пост, за да не се дешава ова повеќе и ако самата агенција го чита ова (ако не не има блокирано од секаде) да се научи да превзема одговорност а не да се вади од истата“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

ahv

Јогуртот „Баланс плус“ повлечен од пазарот

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.„Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Дополнително, количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар.Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември.Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле“, порачува АХВ.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-20-203200

(ВИДЕО) Поплавен булевар среде Скопје, никна нов „базен“ во центарот на градот

Попладнево Скопската котлина беше зафатена од пороен дожд кој поплави дел од скопските улици.На социјалните мрежи беше објавено видео од булеварот Кузман Јосифовски Питу во центарот на Скопје кој е поплавен.https://twitter.com/Shpicen/status/1594395223714562049?s=20&t=itca1D5o3N_ooewrcAp5SAБулеварот во моментов се реконструира на потегот од Железничката станица кон центар.Според градските власти, реконструкциите се прават поради тоа што сообраќајниците се дотраени и оштетени, што претставува ризик за безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 3 години

ali-ahmeti

Ахмети бара ветинг, откако САД го искритикуваа изборот на Абази кој се сликал со ДУИ

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети смета дека реакцијата на американската амбасадорка Анџела Агелер околу изборот на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази е принципиелна и дека за ова прашање ДУИ веќе со години бара сеопфатен ветинг, почнувајќи од локалната до централната власт.„Изјавата на американската амбасадорка е принципиелна. Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде бескомпромисна. Изборот на законодавните тела треба да бидат независни органи и сето ова време промовиравме дека извршната власт треба да биде независна и ние веќе неколку години инсистираме да се направи ветинг, во сите државни институции“, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети по вчерашната 11-часовна средба во партиското седиште во Мала Речица.Според Ахмети без соодветен ветинг не можеме да бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото.„Ние сме за владеење на правото, ние сме за ветинг. Партнерство со нас ќе има секој кој е посветен, одлучен за вистински ветинг и за функционирање и владеење на правото. Тоа значи дека ги забрзуваме чекорите кон членство во Европската Унија, со тоа што ќе бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата, но овој успех доаѓа и од вистинска проверка на сите политички и законодавни фигури, од локалната до централната власт“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

slika-5

Додека бил директор на АД ЕЛЕМ, и по неговото разрешување, Мицкоски добил над 93.000 евра пари од граѓаните, вели СДСМ

Христијан Мицкоски е прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ„Додека бил советник за енергетика, директор на АД ЕЛЕМ, но дури по неговото разрешување, Мицкоски добил над 93.000 евра пари од граѓаните.Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога минималната плата беше 8.000 денари, Мицкоски земал речиси 100.000 денари плата од ЕЛЕМ.Покрај тоа што земал хонорари и плата од АД ЕСМ Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување, на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари.За 12 месеци му се исплатени вкупно 805.920,00 денари бруто.По раскинување на менаџерскиот договор, примил уште над 13.000 евра пари од граѓаните.Покрај Мицкоски и Гордана Кочоска Димитриевска примала надомест по разрешувањето од функцијата член на управен одбор и директор за финансии на тогашното АД ЕЛЕМ.Гордана Кочоска Димитриевска уште една година примала цела плата од 66.432 денари нето.Еве кои се вистинските паразити и по разрешување од функцијата продолжиле да земаат пари од граѓаните иако можеле да се откажат од таквата придобивка“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

01-03-2021-Petrovska

На парцелата во сопственост на Петровска бесправно започнало да се гради објект уште во 2009-та година, вели ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Славјанка Петровска, откако директорот на Катастар ги разоткри нејзините лаги за луксузната вила, вели ВМРО-ДПМНЕ„Иако Петровска тврдеше дека парцелата на која е изградена луксузна дивоградба со базен ја продала пред 10 години, сепак директорот Тунџев откри дека оваа парцела била продадена пред 2 години.Но сепак на лагата и се кратки нозете. Па така на оваа парцела која била во сопственост на Петровска, според снимките на Google, бесправно започнало да се гради објект уште во 2009-та година.Па така во 2012-та година до луксузната дивоградба, Петровска гради базен, a во 2016-та година доградува и уште еден помошен објект, кој исто така е дивоградба.Не успеаја лагите и манипулациите на Петровска и Тунџев, постои луксузната дивоградба изградена во периодот од 2009-та до 2016-тата година на земјиште кое до 202та година било во сопственост на Петровска.Иако Славјанка Петровска се обиде да ја излаже јавноста и да манипулира дека оваа луксузна дивоградба со базен, не е нејзина, фактите говорат дека токму Петровска на последните локални избори во 2021 година гласала на избирачко место бр. 2948/1 токму во Радишани, место каде што се наоѓа и оваа хациенда.Славјанка Петровска треба да одговара кривично, бидејќи бесправното градење е кривично дело.Исто така Антикорупциска комисија треба веднаш да отвори случај заради прекривање на имот, бидејќи истото го нема во анкетниот лист на Петровска.Одговорност мора да има, а Петровска треба веднаш да ја подари луксузната вила на здруженијата на бранителите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Vasko-Kovachevski

Додека државата е во енергетска криза, директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски месечно заработува над 1.700 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Аферата „Паразити“ на виделина ја извади алчноста на оваа антидржавна и криминална власт, вели ВМРО-ДПМНЕДодека секојдневно луѓе остануваат без работа и не знаат како да го преживеат месецот, функционерите на СДС и ДУИ со нивните директорувања ги полнат своите џебови со народни пари, а нивниот резултат е чиста нула.Еден од листата кој котира на врвот по богатење на грбот на граѓаните е Зоран Китанов, кои како претседател на одборот на директори во Телеком, а именуван ов Владата на СДС и ДУИ зема месечна плата од над 6.200 евра. Ако се пресмета, Китанов за еден мандат од 4 години, на негово конто ќе легнат скоро 300.000 евра.Неговиот заменик во Телеком, кој исто така е назначен од владата, Садула Дураку од ДУИ месечната плата му изнесува 1.500 евра, или за 4 години ќе заработи над 80.000 евра. Додека пак неизвршниот член на одборот на директори Шкодране Дардишта, која на јавноста ја започна по нејзините изјави во кои се закануваше со војна, секој месец зима плата од над 1.000 евра, или 50.000 евра за еден мандат.Додека државата е во енергетска криза, и граѓаните плаќаат повисока цена за потрошена електрична енергија, директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски месечно заработува над 1.700 евра.1.700 евра за Ковачевски, додека секој ден ни се случуваат хаварии и дефекти во енергетскиот систем и додека нема пари за обновување и унапредување на енергетските капацитети.Ковачевски за 4 години или еден мандат ќе заработи над 80.000 евра.Листата на паразити на државна сметка е се поголема, а од овие паразити не гледаме никаква одговорност, напротив исмевање и навредување кон граѓаните.Молкот од Димитар Ковачевски за навредите од Љупчо Зиков кон граѓаните, значи одобрување или пак овие навреди се по негова нарачка.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-08-125613

Дали ОЈО за организирн криминал е рекет структура до која сака да се дофати секоја партија на власт?, прашува стручната јавност

Професорката Мирјана Најчевска постави дилеми за Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Ова доаѓа откако Амбасадата на САД изрази остри критики за изборот на шефот Ислам Абази.„Дали ОЈО за организирн криминал е рекет структура до која сака да се дофати секоја партија на власт?Нова структура за заштита на криминалот на партискиот естаблишмент и за прогон на партиските неистомисленици?“, пишува Најчевска.Оправдана е реакцијата на Американската амбасада во земјава за како што велат, збунувачкиот избор на обвинителот Абази.Во коалицијата „Сите за правично судење“, сметаат дека е очекувано да има забелешки од меѓународната заедница, бидејќи таа во изминатата деценија потрошила милионски суми пари за подобрување на состојбите во правосудниот систем во државата.

Коментари | пред 3 години

03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Ако директорот на Телеком Љушев зема плата од над 700 илјади денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ако директорот на Телеком Љушев зема плата од над 700 илјади денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком, вели ВМРО-ДПМНЕ„Функционерите на власта, па и Ковачевски се паразити кои ги цицаат парите на граѓаните.Додека граѓаните и со две минимални плати не можат да го прехранат своето семејство, луѓето на Ковачевски земаат енормни плати без притоа никој да не знае и што работат.Еден од паразитите на власта е и Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и скоро 50 илјади за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист.Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3000 евра месечно или 144 илјади за мандат.Тука е и Кире Наумов од СДС, директор на Македонска банка за обнова и развој, е уште еден во низата функционери дел од аферата Паразити. Наумов, кој беше допопнителен заменик министер за финансии на СДС, денес месечно зема над 2.500 евра плата, за една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец.Додека пак директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра.Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра.Тоа е исто, како директорот на Телеком Љушев, кој за само еден месец зема 11.500 евра, тоа за една година се над 138.000 евра, додека за еден четири годишен мандат над 552.000 евра.Но исто така и Ковачевски го граба народот. Имено, соларниот картел почнува со доаѓањето на СДС на власт, од тогаш до денес бизнисот е тежок 26 милиони евра.Дезертерот Ковачевски ја основа „Пиксел Груп“ 5 месеци по доаѓањето на СДС на власт.„Пиксел Груп“ е централната фирма во аферата „Броило“, и таа сега е содружник со бугарска фирма, со која заедно градат фабрика во Тетово од 54 милиони евра.„Пиксел Груп“, основана од Ковачевски добивала и државна помош, и тоа во време кога тој е и заменик министер, но и мандатар за состав на влада.Функционерите на СДС наместо да работат за граѓаните, тие се грижат колку повеќе да грабнат пари и да склучат договори во четири очи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

20221119090947

Со 1.300 амандмани блокираме поткуп на медиумите, вели Левица

Со 1.300 амандмани блокираме поткуп на медиумите, велат од партијата Левица.Велат дека Левица нема да дозволи власта да ги корумпира медиумите и да ги троши државните пари за поткуп во своја корист.„Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собраниската архива за новиот Закон за аудиовизуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите“, соопштија од партијата.Претходно, кажаа дека премиерот Димитар Ковачевски оди по стапките на екс македонскиот премиер Никола Груевски со оваа практика. Сметаат дека целта е да го задушат јавниот простор и слободната мисла.

Македонија | пред 3 години

raskovski34

Дали Трајчева и Русковска поминале обуки организирани од амбасадата на САД или канцеларијата на ЕК, прашува Рашковски

Не пропуштаат и не пропуштија ниту осомничената јавната обвинителка Ивана Трајчева, ниту суспендираната јавната обвинителка Вилма Русковска во сите нивни настапи да го спомат случајот “Софтвери” како предмет со кој сметаат дека ја покажале својата неселективност, професионално делување и успешност во работата, вели проф д-р Драги Рашковски„Познава историјата доста личности кои се гордееле со своите дела-недела, и заради нечистата совест барале публиката да им ги одобри потезите со аплауз.Деновиве слушнавме дека Амбасадата на Соединетите Американски Држави издвоила милионски суми за обука на активните учесници во правосудниот систем, меѓу кои се и обвинителите. Потег кој само потврдува за каков вид на пријателство се работи имајќи ја во предвид народната поговорка “Ако сакаш да е човек среќен еден ден нахрани го – Ако сакаш да е среќен цел живот научи го да лови”. Токму тоа е целта на било која обука – да се научи некој “самостојно да лови”.Дигиталната форензика е наука, но и техника на собирање на докази кои не зависат и не треба да зависат од правните норми, затоа што тие подлежат пред се на природни закони. Првите пишани правила во вид на технички норми – упатства или прирачници – доаѓаат токму од САД. Одтука мислам дека нема сомнеж дека и при споменатите обуки е опфатена и дигиталната форензика и синџирот на чување на докази, уште повеќе што опремата која е дадена како донација за обавување на дигитална форензика е исто донација од САД.Една од водечките институции во САД која има и основна функција да се занимава со дигиталната форензика е Националниот институт за правда која е служба за истражување, развој и напредување при Министерството за правда на САД. За споменатите потреби тие го имаат создадено “ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИТИКИ И ПОСТАПКИ ЗА ДИГИТАЛЕН ДОКАЗ”.Во него се вели:Пребришливата природа на податоците на овие уреди бара соодветно одземање за да се зачува интегритетот на податоците и да се обезбеди нивната доказна вредност во правните постапки.НАСПРОТИ ТОА ИМАМЕ:Во ОЈО ГОКК никој не знае да каже каже биле уредите од моментот на одземање до моментот на предавање на лицата задолжени за некаква екстракција.Понатаму во прирачникот се вели:Уредите, исто така, мора да се обработуваат правилно, без разлика дали податоците што ги содржат се компромитирачки или ослободувачки. Подеднакво е важно овие уреди да се складираат на начин што ќе ги зачува податоците во нивната првобитна состојба за испитување од страна на одбраната и за воведување на оригиналниот предмет во судот кога е потребно.НАСПРОТИ ТОА ИМАМЕ:Уредите кои со наредба се одземени и се предадени на ОЈО ГОКК, се даваат на полициски службеници кои немаат овластувања ниту квалификации за дигитална форензика, а на видео запис кој ќе биде јавно објавен се гледа како на лица кои се само стручни соработници им се дава пристап ни помалку ни повеќе ДО СИТЕ ДОКАЗИ ЗА СИТЕ ИСТРАГИ И ПРЕДИСТРАГИ, компромитирајќи го на тој начин целокупниот “обвинителски опус” на сите останати колеги.Поматаму во прирачникот се вели:Целиот персонал назначен или вработен во лабораторијата за дигитална форензика е одговорен за сигурноста и безбедноста на лабораторијата. Мора да се вложат сите напори постојано да се одржува безбедноста на лабораторијата и да се осигура дека неовластени лица не влегуваат во лабораторијата.НАМЕСТО ТОА ИМАМЕ:Ќе објавиме и видео материјал со исказ на ОЈО ГОКК “вештакот кој не е вештак”, а кој си замина во Финансиска полиција, како детално опишува за чувањето на уредите во обично шкафче наместо во антистатски пакувања, и како клучевите од просторијата ги имале и двете обвинителки.Дигиталната форензика не е нешто кои ние треба да го измислиме, Туку, треба да ги прифатиме стандардите на целиот напреден свет. Несомнено, таквите стандарди кои се унифицирани и само се надополнуваат ги имаат и ФБИ во “Директивата за корпоративна политика за дигитални докази и Водич за имплементација на политики” и Интерпол во “Глобалните насоки на ИНТЕРПОЛ за лаборатории за дигитална форензика”.Сигурен сум дека ќе имаме убава “дигитално-форензичка пролет”“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

mickoski17062022

Мицкоски како директор и претседател на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ инкасирал над 1,9 милиони денари, вели СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити, со години земале државни пари и се богателе на сметка на граѓаните кои тогаш тонеа во долгови и сиромаштија, вели СДСМ„Прв и главен меѓу вистинските паразити е Христијан Мицкоски.Како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра.Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 50.000 евра пари од граѓаните.Сето ова се случува во периодот кога цената на струјата се зголеми за 100 отсто без при тоа да има каква било светска криза, во период кога не се изгради ниту еден сериозен енергетски капацитет.Еве кои се вистинските паразити кои на грбот на граѓаните примале огромни месечни приходи народни пари, со години“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

22042021_PVRSM_FotovoltaiciBrvenica-1

РКЕ: Издадени се над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали. Најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, односно до сега во оваа година имаме издадено лиценци за 86,8 MW инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали,додека  6,4 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за тероелектроцентрали на биогас, или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 MWh. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа.„ Оваа количина на електрична енергија од над 95 МWh од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со истата може да се задоволат потребите за  27.100 домаќинства. Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително  трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Македонија | пред 3 години

slavjanka-petrovska-zamenik-ministerka-mvr

Јавноста откри тајна хациенда на министерката за одбрана, нека ја донира во хуманитарни цели, вели ВМРО-ДПМНЕ

Народот додека едвај врзува крај со крај, функционерите на власта кријат луксузни имоти, вели ВМРО-ДПМНЕ„Додека поголемиот број од пензиите не се ниту 1/3 од потрошувачката кошничка, додека две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, Славјанка Петровска крие луксузен имот.Имено, министерката Петровска во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, но не и луксузна хациенда во Радишани.Имотот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за Катастар на недвижности, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани и се наоѓа на улица „Радишанска“.Жителите од тој дел на улица „Радишанска“ според избирачкиот список гласаат во избирачкото место 2948/1 кое се наоѓа во ОУ „Ацо Шопов“. Тоа е избирачкото место каде гласа и министерката Петровска. Адресата на луксузната хациенда на Славјанка Петровска е и адреса на живеење која истата ја има во личната карта.Покрај тоа што не е пријавен како нејзин имот во ДКСК, таа е и дивоградба, односно истата не е легализирана.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска наместо на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранители од 2001 година.ВМРО-ДПМНЕ исто така ја повикува Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Личност без морална димензија како Петровска не смее да биде на чело на МО и да седи заедно со министрите за одбрана на нашите стратешки сојузници во НАТО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања