ТОП

slavjanka

Стани Славјанке фатена си во лага - имаш оставка за поднесување и хациенда за донирање, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски наместо да ја повикува Славјанка Петровска да станува, нека ја повика да дава одговори за непријавената хациенда со базен. Веќе стана очигледно дека Славјанка Петровска се повеќе се заглавува во лагата во која е фатена, вели ВМРО-ДПМНЕ„Јавноста дозна дека Славјанка Петровска поседува луксузна хациенда со базен во Радишани која не ја пријавила во нејзиниот анкетен лист.Јавноста дозна дека објектот е дивоградба со што е прекршен членот 244 од Кривичниот законик.Јавноста дозна дека Славјанка лаже кога еднаш рече дека пред 10 години го отуѓила имотот, за после да се дообјаснува дека бил продаден пред две години. Од една во друга лага.Ја повикуваме Славјанка Петровска да го покаже купопродажниот договор за имотот, ако воопшто е продаден. Да објасни зошто уште се води на таа адреса со живеалиште. Колку и да бега, вистината ќе излезе на виделина.Стани Славјанке Петровска имаш одговори за давање.Стани Славјанке Петровска имаш одговорност за понесување и оставка за поднесување.Стани Славјанке Петровска имаш хациенда за донирање на здружението на бранители од 2001 година“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Има ли листа за отстрел на директори, Софијанова: Ирина Бухова е жена која знаеше да го држи здравството

Аспазија Софијанова, ексдиректорка на Клиниката за детски болести, прашана дали таа заедно со Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ која си поднесе оставка биле на листа за отстрел, објасни каков професионалец била таа.„За доктор Ирина Бухова можам само да ви кажам, бидејќи имав цело време контакт додека беше короната, тоа е жена која знаеше да го држи здравството, знаеше точно како треба и што треба да се направи во сите оние сегменти каде и дел од нас бевме сосема збунети, а во делот кој она го водеше и требаше точно да се знае – ДЗСИ, се водеше за секој милиметар дали е чист или не е чист и како треба да се третира пациент со инфекција која е смртоносна. И во тој дел имавме – немам коментар, незаборавна соработка!“, кажа Софијанова.Водителката посочи дека требало да биде сменет и пулмологот Докиќ, но и други лица. Немаше одговор од Софијанова за листата на отстрел, а посочи дека државното здравство ќе остане без педијатри, поради пензионирање на специјалистите.

Македонија | пред 3 години

IMG_20211108_130116_169-768x512-1

Шилегов за Данела: Неа у ствари и учителката ја мразела коа била мала

По прес-конференцијата на Данела Арсовска на социјалните мрежи се огласи поранешниот градоначалник Петре Шилегов.„Од скопските приказни:Неа у ствари и учителката ја мразела коа била мала …“, вели Шилегов

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-11-21-at-16.03.19

Блокиран буџетот на Град Скопје, Данела ги ублажи нападите кон Мицкоски

Блокиран е буџетот на Град Скопје. Тој не може да се вчита во Министерството за финансии. Според Данела Арсовска, причина за блокираниот буџет е последица на амандманите кои се поднесени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска гледа дека амандманите се желба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За разлика од претходни обраќања, таа сега не го нарече „шпицен“ ниту пак, ја употреби фразата „рачињата во медот“. Напротив, побара конструктивна соработка.„Денеска се случи она за што предупредувавме минатата недела. Нестручните и несериозни амандмани на ребаланс поднесени од ВМРО-ДПМНЕ го блокираа градскиот буџет. Добивме и потврда од Министерството за финансии, дека поради ова не може да се вчита буџетот. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има единствена цел, блокирање на Град Скопје. Благодарение на овие нестручни аманднамни, ФК Вардар нема да добие поддршка која ја очекува, ниту граѓаните ќе добијат помош, ниту скојани ќе добијат нови сандаци во ек на сезоната за садење“, кажа Данела Арсовска.Ова ќе значи дека нема да можат да се градат улици низ скопските општини. Посочи дека мора да се реализира програмата.„Барам свикување на итна седница за блокадата на Град Скопје“, додаде таа.

Скопје | пред 3 години

sudenje-1-780x470-1

Ослободете ја Клементина, немала намера да го убие Тот, кажа адвокатот

Ослободителна пресуда побараа адвокатите на Клементина Лефковска. Пред судот, тие кажаа дека не се докажало дека таа му ги задала ударите кои предизвикале смрт кај Денис Тот. Бојан Василески, адвокат на Клементина, кажа дека неговата клиентка била жртва на Тот, бидејќи ја малтретирал. Според него, Клементина се бранела од навредливи зборови кои ги упатил Тот.„Со дејствијата на Клементина не се исполнети битијата за кривичното дело убиство, а судот треба да ја ослободи обвинетата од обвинение“, кажа Василески пред судот.Според него, од доказите не се докажува дека ударите на Клементина се клучни за Денис Тот да почине по претепувањето.„Не произлезе дека Клементина имала намера да го убие Тот, не постоела причина или мотив да го убие. Во нејзината свест немало волја да ја посакува смртта на сега починатиот туку сакала да се одбрани по неговото повеќечасовно малтретирање. Дејствијата кои ги презела Клементина биле во состојба на силна раздразнетост, предизвикани од Тот по повеќе часовно навредување и допирање по целото тело. Доказ дека Клементина не ја сакала смртта е фактот што по настанот ја следела состојбата на сега починатиот, му го мерела пуслот и се надевала дека ќе биде добро. Таа не правела масажа на срце бидејќи немало место, другите присутни го правеле тоа“, додаде адвокатот Василески.Според него, нејасно е како настанала повредата без која, Денис Тот немало да почине.„Треба силен и убедлив доказ кој го сторил кривичното дело и на кој начин. Кога постои смрт, не значи дека по автоматизам е сторено кривично дело убиство. За да се докаже ова кривично дело, потребно е да се знае со каква примена на сила, во кој дел од телото, како е нанесена, а сторителот да има умисла да го стори тоа. Во конкретниот случај, утврдија дека причина за смртта е нагмечување на големиот и р’бетниот мозок. Но остана нејасно како е нанесена таа повреда. Вештите лица не кажаа дека е од удар нанесен од обвинетата Клементина. Непостоењето на силен доказ дека Клементина ја нанесила смртоносната повредата ја ослободува од кривична одговорност која и се става на товар“, посочи адвокатот на Клементина.За него, повеќе од јасно е дека Клементина не нанела удар со кој го убила Тот.„Неспорно е дека презела дејствија против сега починатиот. Според нејзиниот физички капацитет јасно е дека таа не била способна да го убие Денис Тот дури и да го посакувала тоа. Клементина е слаба, ниска, со 40 килограми. Таа не може да нанесе повреда што ќе предизвика таква повреда. Овде сакам да потенцирам дека Тот е несоодветно транспортиран во возилото на Брза помош, без задолжителна мобилизација на врат. Сите овие аспекти упатуваат на тоа дека не стои сигурен доказ дека Клементина ја предизвикала смртта кај починатиот за да се терети за убиство. Кривичното дело убиство е умислено кривично дело, односно за да се исполни битието, сторителот треба да го сака извршувањето или да биде свесен дека од неговото сторување може да настане штетната последица и да се согласи со постапувањето. Не произлезе дека обвинетата се согласила со смртната последица или сакала да го убие Тот“, кажа адвокатот.Василески образложи дека Клементина се бранела.„Пред донесување на одлуката, му предлагам на судот да има во предвид што претходело на кривично правниот настан односно што го предизвикало истиот. Имено, од распитот на сведоците, може да се заклучи дека токму оштетениот го предизвикал кривично-правниот настан и тоа со грубо малтретирање на обвинетата Клементина, која била буквално жртва на сега починатиот. Тој правел проблеми во дискотеката, имал агресивни испади, викал на повисок тон“, додаде адвокатот.

Македонија | пред 3 години

danela59012

Данела ќе остане без ингеренции и за други проекти наследство од Петре

Владин тим работи на изнаоѓање решенија за преземање на дел од капиталните проекти на Град Скопје кои градоначалничката Данела Арсовска не ги реализира. Премиерот Димитар Ковачевски денес извести дека ингеренциите на Арсовска нема да и бидат одземени само за реконструкцијата на Универзална сала туку се бара можност за преземање и на проектот за пречистителната станица за Скопје, за брзиот автобуски превоз, за клучката кај Момин поток, патот за Визбегово и за кружните текови за подземната сообраќајница што ја гради „Лимак“.„Сите големи проекти во Скопје кои се започнати и кои што им се потребни на скопјани, но и на сите други градови, Владата во рамки на своите надлежности ќе направи се за да може да ги доврши. Во тој дух беше и посетата на министерот за локална самоуправа, министерката за култура на Градот Скопје на која што мислам дека сме до пред договор за преземање на ингеренциите за Универзална сала за тој објект да може да биде завршен. Меѓутоа постојат и други проекти кои беа започнати на пример пречистителната станица на градот Скопје, огромен проект кој што беше камен на сопнување за она што се случи во Градот, бидејќи очигледно се обвинуваат за поделба на провизии меѓу себе челновите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници во Градот Скопје. Потоа имаме брз автобуски превоз во Скопје кој е одобрен проект со финансирање од меѓународни институции и кој едноставно не се реализира. Погледнете ја клучката кај Момин поток, огромен проект кој е во застој, патот до Визбегово, тоа е една исклучително важна сообраќајница која треба да ја поврзе индустриската зона Визбегово е исто така нешто што треба да се направи. Подвозникот кај зградите на ‘Лимак’ е скоро готов меѓутоа обврска на Градот Скопје е да ги направи кружните текови кај Нова Македонија, ни милиметар од тоа не е направено. Јас работам со владиниот тим за да ги видиме можностите и да преземеме дел од тие активности да бидат направени, заради скопјани, не заради политика“, рече премиерот Ковачевски денес на отворањето на првата градинка во Општина Чучер Сандево.Минатата недела новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојевска беа на средба со градоначалничката Арсовска за состојбата со Универзална сала. По средбата градоначалничката преку соопштение извести дека барале начин заедно со Владата безбедно да го довршат проектот, а министрите пак брифираа дека и ги одземаат ингеренциите на градоначалничката за овој проект.

Скопје | пред 3 години

guzvi-benziska-6

Се намалуваат цените на горивата, објавени новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,82 % во однос на одлуката од 18.11.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,907%, кај дизелот за 2,173%, кај екстра лесното за 2,145% и кај мазутот намалувањето е за 3,096%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,73%.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,438 ден/кг и сега ќе изнесува 44,524 ден/кг.Од 22.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 88,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 90,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 44,524 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

denis-tot-222

Обвинетите да бидат огласени за виновни, бара обвинителката за убиството на Денис Тот

Два ипол месеци траеше судскиот процес за убиството на Денис Тот, случај за кој денес се даваат и завршни зборови. Обвинителката Тања Трајчевска е убедена дека го докажала кривичното дело убиство, за кое ги гони Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски. Според Трајчевска, со снимките се утврдило времето, местото и начинот на убиството, а сведоците, докажале преку детали што се случило при убиството.„Во доказната постапка се докажа дека обвинетите го сториле кривичното дело. Несомнено произлезе времето, местото и начинот на сторување на кривичното дело од снимките. Обвинетите биле свесни дека со постапувањето можело да настане штетна последица, но се согласиле со тоа, па сторувањето било со умисла. Оштетениот не презел ништо. “, обвинителката Тања Трајчевска.Обвинителката објаснуваше детали. Таа побара сведокот Виктор Серафимовски да не се земе како вистинит. Според неа, не може тој да тврди дека не ги видел ударите пред дискотеката каде е убиен Тот, а да сведочи дека слушнал како првообвинетиот извикал „Еј што ме маваш“.„Во однос на исказот од Виктор Серафимовски кој наведе дека не видел кој и како го удрил оштетениот, му предлагам на судот да не поклони верба на овој исказ, од камерите јасно се гледа дека тој можел јасно да види кој од обвинетите каков удар задал. Исказот му е контрадикторен“, додаде обвинителката.Таа побара да не се поклони верба и на дел од исказот на Мартин Ѓоргиевски, патник во таксито со кое се превезувал починатиот Денис Тот и обвинетите.„Да не му поклони верба во делот на исказот каде наведува дека: „Имаше удар кон Анџело“, бидејќи овој исказ е контрадикторен со исказот на Даниел Маневски кој кажа дека стоел до возилото и слушнал се што се зборувало во возилото и ова не го слушнал. Одбраната на обвинетите е дадена за намалување на кривичната одговорност. Анџело не достави доказ дека имал повреда од критичната вечер, ниту има медицинска документација за ваква повреда“, посочи обвинителката.Обвинителката Тања Трајчевска предложи обвинетите да бидат огласени за виновни, а да ги има во предвид сите отежителни и олеснителни околности.

Македонија | пред 3 години

jsp

Управниот одбор на ЈСП Скопје со тужба против в.д. директорот на ЈСП Скопје

Дел од членовите на Управниот одбор на ЈСП Скопје поднесоа тужба до Основниот граѓански суд Скопје против В.Д. Директорот на ЈСП Скопје Александар Стојковски и Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ за јавно изречена навреда и клевета.„На 20.10.2022 год. по налог на В.Д. Директорот на ЈСП на официјалната веб страна и на фејсбук страната на ЈСП Скопје објавен е идентичен текст во кој Управниот одбор на ЈСП Скопје неправедно се инволвира како еден од организаторите на штрајкот на синдикатите кој се случуваше истиот ден и дека членовите на УО ќе бидат дел од кривична пријава поради незаконско организирање на штрајк и попречување на работата на претпријатието.Поради изнесувањето на невистини на официјалните јавни гласила на ЈСП Скопје и проследувањето на истите невистини до медиумите во државата, беше побарано јавно извинување од В.Д. Директорот до членовите на УО. Од причина што В.Д. Директорот на ЈСП Скопје одби да се извини на Управниот одбор, дел од членовите одлучија правдата да ја бараат пред надлежните судови во нашата држава, односно доставија Тужба против В.Д. Директорот на ЈСП за клевета. Поради изнесени невистинити факти и тврдења директно е нанесена штета на честа и угледот на членовите на УО на ЈСП.Целта на ваквото однесување од страна на ВД Директорот била да се префрли вината за настанатата ситуација на Управниот одбор на ЈСП, а со тоа и да се дискредитираат како личности и професионалци во својата работа.Иако во писменото известување, не се наведени членовите на УО по име и презиме, сепак нивниот идентитет е очевиден со оглед да на Веб страната на ЈСП, во делот ,,раководна структура,, се јавно објавени податоците за сите членови на Управниот одбор, што подразбира дека таквите податоци се јавно достапни за целата јавност“, вели Управниот одбор на ЈСП Скопје.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-21-091001

Скопје во колапс, приватен превоз - нема

„Слобода превоз“ почнува со штрајк, и неколку линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици – линии кои скопјани често ги користат за да стигнат до своите работни места или домови.Во прашање се автобуските линии со број 9, 12, 22, 23 и 45 кои од утрово не возат по скопските улици.Засега ќе се пуштат возила само за приградските населби, бидејќи таму ЈСП нема автобуси.Причина е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра кон „Слобода превоз“ .Граѓаните се револтирани оти доцнат на работните места поради гужвите во градот.„Од сабајле е огромна гужва по улиците кон центар од сите околни населби. Град Скопје ќе биде одговорен за сите настанати штети поради нивното неработење“, велат граѓаните.https://twitter.com/iskra_iskrich/status/1594585098183221248?s=20&t=f6-VbrCdckBZdkly2tPQ0Ahttps://twitter.com/Trim4e_1/status/1594602555786645505?s=20&t=f6-VbrCdckBZdkly2tPQ0Ahttps://twitter.com/jonsonorjonson/status/1594595826868838400?s=20&t=f6-VbrCdckBZdkly2tPQ0Ahttps://twitter.com/SendvicSoVegeta/status/1594588332331253762?s=20&t=f6-VbrCdckBZdkly2tPQ0AНа 20 октомври, главниот град за прв пат во историјата остана без јавен превоз, зашто не возеа автобусите на ЈСП „Скопје“ оти вработените немаа земано плата.

Скопје | пред 3 години

avtobus-skopje

ВМРО-ДПМНЕ го доведе Скопје во колапс, нема нормален јавен превоз, вели СДСМ

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на Град Скопје, вели СДСМ„За првпат во историјата, Скопје остана без јавен автобуски превоз и тоа поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ.Додека ЈСП тоне во долгови, договорот со едниот приватен превозник е прекинат, а вториот приватен превозник денеска нема да вози затоа што не му се исплатени долговите.Додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше.Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини се најнеуспешните градоначалници, немаат проекти, немаарт решенија, знаат само да ги партизираат општините и парите на граѓаните да ги трошат на луксуз.По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приеди нова катастрофа на главниот град, каде не функционираат ниту основните комунални услуги, а развој, проекти и инвестиции воопшто нема“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Уапсенa актерка во Иран оти во видео ја извадила марамата

Иранската полиција ја уапси актерката Хангамех Газиани бидејќи на една видеоснимка ја извадила марамата во знак на протест поради смртта на 22-годишната Маса Амини.Газиани е уапсена поради поттикнување и поддршка на „немири“ и комуникација со опозициските медиуми, објави државната новинска агенција ИРНА.Иранското правосудство соопшти дека ја повикало актерката, како и седум други личности од светот на филмот, политиката и спортот, поради објавување „провокативна“ содржина за поддршка на протестите.Актерката претходно изјави дека добила покана од судот, а на Instagram објави видео на кое го симнува превезот.– Можеби ова ќе биде мојата последна порака. Отсега, што и да ми се случи, знајте дека како и секогаш, јас сум со иранскиот народ до последен здив“, напиша актерката во саботата навечер.Таа изминатите недели силно го критикуваше задушувањето на демонстрациите, обвинувајќи ги властите за убивање деца и млади луѓе за време на протестите.Протестите во Иран почнаа на 16 септември, откако Амини почина откако беше уапсена од полицијата за морал поради непочитување на строгите ирански кодекс за облеката на жените.Демонстрациите подоцна се претворија во движење против иранските верски власти. Според податоците на невладините, во задушувањето на тие протести загинале неколку стотици луѓе, додека околу 15.000 се уапсени. Некои од уапсените се осудени на смрт.

Магазин | пред 3 години

Ivica-Tomovski-1

Томовски со потпис на Мицкоски бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје и зел над 30.000 евра, вели СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ е партијата на паразити и тоа е докажано со факти и документи, вели СДСМ„Додека граѓаните осиромашуваа и тонеа во сиромаштија функционери од ВМРО-ДПМНЕ земале огромни суми на народни пари, како на месечно така и на годишно ниво.Повеќе од 93.000 евра пари од граѓаните завршиле кај Мицкоски во тој период на ВМРО-ДПМНЕ а кај Гордана Кочоска Димитриевска над 67.000 евра.Но тука не завршува листата на паразите од ВМРО-ДПМНЕ.Ивица Томовски, човекот што секој ден од белиот дворец, од симболот на криминалот и корупцијата, зборува за паразити и самиот е паразит на ВМРО-ДПМНЕ кој земал огромни пари од граѓаните во време на ВМРО-ДПМНЕ.Томовски од ВМРО-ДПМНЕ со потпис на неговиот шеф Мицкоски бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година, позиција на која само од плати тој од граѓаните зел над два милиони денари или над 30.000 евра.И тука не е крајот, токму Томовски пред да биде избран од Мицкоски за управител на ЕЛЕМ Турс добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории преку приватна фирма Сити логистик.Томовски на тој договор вреден над 2,6 милиони денари или над 42.000 евра е потпишан како управител на фирмата Сити Логистик.Од другата страна, потписник е тогашниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски.Двоецот Мицкоски - Томовски потпишал уште еден договор вреден околу еден милион денари или близу 16.000 евра.Срамно и безобразно е денес токму Томовски да зборува за паразити кога тој и Мицкоски во време на најголема сиромаштија, кога минималната плата беше 8.000 денари, се богателе на грбот на граѓаните.Ништо не го менува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

20221121072608

Ковачки откри текст на Викиликс за Димовски“: Постојат гласини дека е во џебот на Србија

Драган Ковачки, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил објави дел од Викиликс на Џулијан Асанж. Таму е наведено дека директорот на Агенцијата за национална безбедносгт, Виктор Димовски во 2001 бил доверлив извор, но дека постојат гласини дека е во џебот на Србија.„Wikileaks објави дека Директорот на АНБ во 2001 бил доверлив извор, но дека постојат гласини дека е во џебот на Србија.Ова е истиот директор Димовски кој Ковачевски се уште го држи на позиција (да дозаврши уште што остана) и кој откако пратеници на ВМРО-ДПМНЕ побараа негова одговорност за случајот со издавањето на државјанство на рускиот шпион, рече дека го проверувал пратеничкиот морален кредибилитет.Ова ли е таа реформирана служба? Ова ли е реформираната АНБ предводена од Директор кој мисли дека е над народните избраници и чија основна задача е да одработува против опозицијата?Кој му даде право на директорот да се впушта во политика и да озборува пратеници на прес конференција?Трајно неспособниот Ковачевски гледа ли како се однесува за "ништо виновниот" Директор и зошто дозволува државата дополнително да губи на меѓународен углед?Разрешување веднаш!Одговорност веднаш!“, вели Ковачки.

Македонија | пред 3 години

IMG_4387

„Загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво“

„Голем одмор...Учениците јадат, си разговараат, се смеат наеднаш еден ученик извикува ,,Наставничке види го ....". Одам до масата на ученикот, здогледувам како детето загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво... Оффф ГОСПОДЕ“, вели учителка во објава на социјалните мрежи.„Немам ни чашка да му наполнам водичка. Со трчање одам до кафематот му земам чајче. Му го подавам чајчето и му велам повели .... Почнува да се крие и да му се ронат солзи низ тоа невино лице и од срам не го прифаќа. Му давам задолжение да излезе од училницата... Седнуваме на парното и му велам ,,Ќе ти се налутам ако не го прифатиш чајчето, ајде живели"Во моментот милион емоции ме облија, душата ме боли, срцето ми се скрши. Зошто, зошто децата немаат бесплатна храна во училиште, зошто децата да бидат гладни, зошто дозволуваме да има вакви ситуации? Знаеме дека многу родители едвај го поминуваат месецот, но жалосно е што има вакви сутации, каде што барем храната за учениците во училиштата не е обезбедена од страна на државата. БОЛНО, многу болно.Да ги согледаме овие болни ситуации и во рамки на нашите можности да помогнеме колку можеме!Да ги научиме нашите деца дека сите сме исти на оваа планета, без разлика на националност, боја на кожа, финансиски средства...“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања