ТОП

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

„Несреќа кај Ласкарци“: Ги изгубија блиските, а губат и надеж за правда бидејќи скоро година процесот е заглавен

Во однос на денешните медиумски изјави на дел од оштетените во предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај Ласкарци, Кривичниот суд ја информира јавноста, но и оштетените чив револт целосно го разбираме, дека:Предметот на 21.12.2021 година е испратен на супервештачење во Бирото за судски вештачења, како надлежен орган кој треба да состави тим од вешти лица за изготвување на наодот, со оглед да претходно Техничкиот факултет во Битола одби да го изработи супервештачењето заради немање доволно вештаци.Бирото за судски вештачења има побарано дозвола за увид во возилото, за да може да го финализираат наодот, која дозвола судот веднаш по добиеното барање, на 07.10.2022 година, им ја има издадено. Во меѓувреме, судот насрочи неколку термини за продолжување на расправата заради добиено ветување од Бирото дека привршуваат со вештиот наод. За потоа Бирото да побара нова дозвола за увид, која на 10.11.2022 година им е издадена за повторно да вршат увидот на 29 – ти ноември.Судот, со оглед да сеуште не го добил супервештачењето, за секоја презакажана расправа ги известува странките, но и оштетените преку нивните полномошници, дека предметот заедно со вештиот наод, сеуште не се вратени и судот нема Законски услови да продолжи со судењето.Јавноста, но и оштетните во случајот, треба да знаат дека судот до овој момент има доставено 9 ургенции до Бирото за судски вештачење за навремено изработување на супервештачењето, кое е неопходно за да се завшри доказната постапка, да се изведат завршните зборови и да се донесе пресуда. За сите ургенции, но и за одолговлекувањето од цела една година, судот го има известено и Судскиот совет на РСМ, а на неодамнешниот промотивен настан во судот, за случајот беше запознаен и свој став даде и Министерот за правда.Заради сето тоа, оштетените треба да знаат дека судот заради сензибилноста на случајот ја водеше постапката со забрзано темпо и покрај ограничувањата од Ковид мерките. Медиумите и невладините оргнизации беа присутни на секоја расправа и е одговорено на сите барања од странките. Но, во овој момент судот, исто како и оштените и другите странки во постапката, веќе цела година е во исчекување на наодот од Бирото за супер вештачења, па заради тоа ги упатуваме оштетените, одговор да побараат и самото Биро со оглед да на нашите ургнеции, а и целиот медиумски интерес за предметот, не влијаат за побрзо завршување на постапката.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-22-at-10.24.17

Откриени детали за пукањето во Охрид: Светеле светла, четири куршуми влетале во бугарскиот клуб

Четири куршуми завршиле во просториите на бугарскиот клуб со контроверзно име „Цар Борис III“ во Охрид. Ова се непотврдени информации кои ги споделија од бугарската фондација „Македонија“. Тие бараат итно апсење на сторителот, а во спротивно, сметаат дека Бугарија треба да прекине со снабдување на Македонија со струја и гас.„Стрелецот против бугарскиот клуб во Охрид пукал додека светеле светлата во просторијата, односно бил јасно свесен дека може да убие луѓе. 4 куршуми влегле во собата!!! Скопје итно да го уапси напаѓачот или последиците да бидат банкрот на македонската економија, бидејќи ќе ги прекинеме струјата и гасот за Северна Македонија!“, стои во објавата на фондацијата споделена на социјалната мрежа „Фејсбук“.Засега од МВР не ги коментираат овие информации. Нема потврда дали навистина имало истрели од огнено оружје, дали е намерно пукано, како и дали е откриен сторителот. Реакции има и од бугарскиот историчар Ангел Димитров.„Тоа е еден брутален чин на омраза. Инцидентите влијаат на двете страни“, искоментира Димитров.Македонското МНР го осуди случајот.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-11-24-074935

(ВИДЕО) Тепачка сред Илинденска во Скопје

На социјалните мрежи вчера е објавено видео од тепачка на булеварот Илинденска во Скопје.Комбе е застанато во десната лента на булеварот а четири лица се расправаат.Потоа еден од работниците го бутна момчето кое стоеше пред него, па се обиде да го удри и другиот.https://twitter.com/ashe_wdc/status/1595481771650744321?s=20&t=Ol7xi4rmzOIP0-waU6yTZQЗа сега нема информации кога се случил инцидентот

Скопје | пред 3 години

DSC_0610

Апасиев гневен

Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица, реагира на денешната одлука на Уставниот суд.„Уставните судии, кои сами илегално - со подзаконски акт - си воведоа додатоци на плата, денес одлучија дека исто такво непостоечко "право" имаат и пратениците, кои иако земаат пари за гориво и амортизација, вон законот си вовеле и парички за "патарина". Ете, тоа е исходот од КАЦАРСКА-СУДСТВОТО на Заев и Таче“, пишува Димитар Апасиев.На денешната седница на Уставен суд се најде и иницијативата поднесена од „Левица“, со која се оспорува една од привилегиите на пратениците, односно дека наводно незаконски земале пари за патарини, и тоа во период од 15 години.

Коментари | пред 3 години

311407481_420316576890305_5023556129171884771_n

Со оружје искршен влезот на клубот „Цар Борис III“

Одново е искршен клубот „Цар Борис III“ кои дел од граѓаните го сметаат за бугарска провокација, а се наоѓа во центарот на Охрид. Повторно е причинета материјална штета, односно, искршено е стаклото од влезната врата. Од охридската полиција за „А1он“ го потврдуваат настанот кој се случил околу 19 часот.„Во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението Цар Борис Трети лоцирана на Бул.М.Просветители во ТЦ Амам во Охрид..Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје“, велат од СВР Охрид за „А1он“.За настанот известен е јавен Обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.Претходно, беше искршен излогот на просториите во кои е сместен клубот, но и таблата со името на контроверзниот бугарски цар.Отворањето на просториите на клубот во Охрид кој носи контроверзно име се случи на почетокот од октомври. Тогаш, со протест и тензии помина свеченоста. „Ова брзо ќе изгори тука” извикуваа присутните. Тие го спореа името „Цар Борис III“ затоа што историски гледано, е дел од фашистичка Бугарија. За овој случај има и предмет во Уставен суд.Според измените на Законот за здруженија и фондации, бугарските културни центри во земјава имаат рок од три месеци да ги променат имињата на здруженијата. Второто здружение го носи името „Ванчо Михајлов“, исто така контроверзна историска личност, соработник на фашистите, а клубот се наоѓа во Битола и беше запален.

Охрид | пред 3 години

vlada-54252345

Владата ќе го остави Онишченко без македонско државјанство

Владата ја информира јавноста дека согласно членот 14 од Законот за државјанство на Република Северна Македонија, побара да се започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Александр Онишченко.Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната владина седница на којашто Агенцијата за национална безбедност информираше за случајот.

Македонија | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Поевтинува дизелот, но и бензинот - ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 % во однос на одлуката од 22.11.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,336%, кај дизелот за 2,826%, кај екстра лесното за 2,731% и кај мазутот намалувањето е за 2,066%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,143%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 24.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 43,046 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

313493399_690760295711187_6822906499860809129_n

Камионот кој пропадна среде плоштад имал дозвола од Данела за движење

Камионот кој пропадна во фонтаната 2,5 милиони евра, имал дозвола за влез на плоштадот „Македонија“. Ова го констатирале екипи на полицијата кои извршиле увид по несреќата. Станува збор за возило сопственост на фирма од Турција. Дозволата му била издадена од Град Скопје, со кој раководи Данела Арсовска како градоначалничка. Возилото пропаднало неколку минути пред 7 часот утрово.„Товарно возило ‘фиат’ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т.(31) од Република Турција, со двете предни гуми влегло во фонтаната на плоштадот. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека правното лице имало дозвола за влез на плоштадот, издадена од град Скопје, за снимање емисија пред ‘Камениот Мост’. Увид ќе врши екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.Возилото на турската фирма е четврто по ред за оваа година, кое пропаѓа во фонтаната изградена во време на градоначалникот Коце Трајановски. Претходно, за време на фестивалот „Пиволенд“ пропадна камион. Исто така и во 2017 година при пречекот на ракометарите на „Вардар“ пропадна возило. Лани, се преврте машина на „Комунална хигиена“.Површинската фонтана во центарот на Скопје е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.

Скопје | пред 3 години

315522281_678751080526108_5604503108096039003_n

(ФОТО) Камион пропадна во фонтаната на плоштад

Во фонтаната на скопскиот плоштад утрово повторно пропадна камион.Ова е четврти случај во кој возило пропаѓа во фонтаната. Претходно за време на фестивалот Пиволенд, камион кој учествуваше во подготовките на фестивалот пропадна во фонатаната. Во 2017 година непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон, камион пропадна во партерната фонтана на плоштадот.Вториот случај беше лани во март кога на плоштадот се преврти машина за чистење на Комунална хигиена.Површинската фонтана беше изградена во време на ексградоначалникот Коце Трајановски и чинеше 2,5 милиони евра. И таа е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.

Скопје | пред 3 години

107508601-105676

Железниците пропаѓаат, менаџерскиот тим со плати кои ја чинат Македонија над 650 илјади евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Возот Скопје - Битола патува 10 часа, линиите кон Кичево и Кочани се укинати, железниците се во кома, ама битно џебовите на директорите се полнат со дебели плати во време на криза, вели ВМРО-ДПМНЕ„Железниците пропаѓаат и трупаат загуби, ама битно директорите именувани од СДС и ДУИ земаат над илјада евра месечна плата, без додатоци.·Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари.·Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари.·Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари.·Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување на возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари.·Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари.·Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари.·И секако на крај, Мајан Вејсели, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на Железници, со плата околу 75.000 денари.Згора на ова ангажирале и 5 советници со мрсни хонорари од 1.000 евра. Ако се соберат вкупните средства годишно овој менаџерски тим ја чини Македонија над 10 милиони денари или за еден мандат неверојатни 650 илјади евра! Само за потсетување овие скапо платени менаџери водат компанија загубар со минус од неколку милиони евра.Ете каде завршуваат парите на граѓаните во време на криза. Додека економијата тоне, а народот осиромашува, неспособните функционери на власта добиваат дебели плати“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

ustaven

Уставен суд ќе одлучува за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил и надоместок за патарина

Политичка партија “Левица”, Димитар Апасиев и Борислав Крмов ги оспорија точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина. Оваа иницијатива денес е на дневен ред на Уставниот суд.„Според наводите во иницијативата оспорените точки 3 и 4 од Одлуката биле во спротивност со уставниот принцип на владеење на правото (член 8 став 1 алинеја 3), член 32 став 5 од Уставот според кој остварувањата на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, уставното на начело на уставност и законитост (член 51) и член 64 став 6 од Уставот во кој е уредено дека пратеникот има право на надомест утврден со закон, како и со одредби од Законот за пратениците и членот 7 од Законот за Собранието на Република Северна Македонија. Меѓу другото, подносителите на иницијативата сметаат дека Законот за пратениците и Законот за Собранието на Република Северна Македонија предвидуваaт дека извршувањето на функцијата пратеник вклучува инкомпатибилно извршување на општествената активност која е строго утврдена и темелена на уставни и законски принципи и истата предизвикува уставни и законски обврски и права. За извршената општествена должност и придонесот кон заедницата, пратеникот добива плата и надоместок на плата. Законот за пратениците таксативно ги наведува личните приходи и надоместоци на трошоците на кои пратеникот има право, се наведува во иницијативата. Според подносителите, во член 31 став 1 од Законот за пратеници, е јасен и дециден, законодавецот никаде не предвидел плус дополнителен надоместок на трошоците за исплатените патарини, туку само надоместок за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели во висина од 20% од продажната цена на еден литар гориво според изминат километар за возилото кое се користи. Согласно наведените уставни одредби, во наводите на иницијативата се наведува дека надоместокот на трошоци за патарина, во ниту еден случај не би можел да биде предвиден со подзаконски акт, туку може да биде предмет само на законски одредби. Според наводите во иницијативата, со оспорените точки од Одлуката се нарушува системот на нормативна хиерархија и конзистентноста на уставниот поредок и согласноста на подзаконските акти со законите и Уставот. Оттука, подносителите наведуваат дека оспорениот подзаконски акт го руши принципот на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок предвиден во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како и правната сигурност на граѓаните како дел од фундаменталното начело на владеењето на правото. Понатаму, според подносителите на иницијативата, Собранието со носење на оспорената комисиска одлука донесена на седница на кадровско работно тело составено само од 13 пратеници излегува од рамките дадени во Уставот и наведените закони предвидувајќи надоместок на трошоците за патарина којшто надоместок како таков воопшто не бил предвиден ниту со Устав ниту со закон“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-22-at-19.53.19

ВИДЕО: По дождот, во скопско Козле имаше „водопади“

Краткотрајниот но интензивен дожд направи проблеми низ дел од скопските улици. Освен калот и вировите, во Козле, по дождот има и „водопади“. Водата насобрана од дождот се прелива преку потпорните ѕидови на улицата каде минува автобуската линија 57.Проблеми имало и кај подвозниците, каде секогаш, при поројни дождови, се собира вода која им прави проблем на возачите но и на сообраќајот.

Скопје | пред 3 години

Krivicen-zakonik-skopje-2014

Донесен Кривичниот законик, новинарите се службени лица

Собранието во рамки на продолжението на 51. седница денеска со 85 гласа „за“ ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик, пишува Академик.мк.Главните интервенции со овој закон се во однос на имплементација на Истанбулската конвенција, во кривичните дела кои се поврзани со безбедноста на новинарите, менување на одредени одредби од Кривичниот законик во сферата на конфискацијата и тортурата како резултат на пресуди донесени од Европскиот суд за човекови права со кои се утврдува повреда на одредби од Конвенцијата, како и усогласување на Кривичниот законик со Директивата (ЕУ) 2017/1371 за борба против измама во врска со финансиските интереси на Унијата со примена на кривичното право.Во делот на заштитата на новинарите во вршењето на нивните работни задачи со член 6 ставот 8 се предвидува квалифициран облик на кривичното дело „Убиство“ за убиство на новинар или друг медиумски работник, а исто така се предвидува кривичното дело „Присилба“, „загрозување на сигурноста“, како и кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.Освен за новинарите членот 6 став 8 се однесува и на лишување од живот на судија, јавен обвинител при вршењето на неговата функција, односно дејност, адвокат, лекар или друг здравствен работник, или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи кои ги презема во рамките на своите овластувања или службено или воено лице при вршењето на работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода.Најголемиот дел од измените и дополнувањата на Кривичниот законик се во однос на одредбите со кои се имплементира Истанбулската конвенција. Така, во членот 122 семејното насилство се дефинира како малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не. Исто така, постојната дефиниција на „жртва на кривично дело“ се дополнува со жртва на родово базирано насилство под што се подразбира секоја жена и девојчиња до 18 години спрема кои под тие околности е сторено кривичното дело.За прв пат се дефинира и родово базираното насилство врз жените кое означува насилство насочено против жената поради нејзина припадност на женскиот род што доведува или може да доведе до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и директни и индиректни закани и заплашување за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот.Во членовите 6, 7, 9, и 24 се пропишани квалифицирани облици на соодветните кривични дела со построги казни доколку тие се извршени или се последица од родово базирано насилство.Со членот 8 се вградува ново кривично дело „Осакатување на женски полови органи“ со кое е пропишана казна затвор од шест месеци до пет години.Доколку делото е сторено од омраза, или спрема дете, или е предизвикана тешка телесна повреда на женското лице, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години, ако пак поради делото член настапила смрт на женското лице сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.Со членот 16 од Предлогот се пропишува ново кривично дело „Демнење“, согласно одредбите од Истанбулската конвенција. За основниот облик на ова дело е пропишана парична казна или затвор до три години за оној што повторено неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг, или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање или други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице.Доколку пак делото е сторено спрема лице со кое сторителот е или бил во интимна врска или спрема дете, пропишана е казна затвор од шест месеци до пет години.Собранието со консензус ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик - Академик (akademik.mk)

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva1

Објавени новите цени на горивата, има измени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 % во однос на одлуката од 21.11.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,640%, кај дизелот за 1,750%, кај екстра лесното за 1,745% и кај мазутот намалувањето е за 4,114%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,112%.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,478 ден/кг и сега ќе изнесува 43,046 ден/кг.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.Од 23.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 88,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 90,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 43,046 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-22-at-10.24.17

(ВИДЕО) Објавена снимка од кршењето на бугарскиот клуб во Охрид

Бугарската БТВ објави утрово ексклузивно видео од нападот врз бугарскиот културен центар во Охрид.На видеото се гледаат три лица како го напаѓаат клубот најверојатно со камења.Дел од нив носат и качулки.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања