ТОП

Dalekovod_Pari

Министерство за транспорт и врски: Заштедивме 47% електрична енергија

Согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија, Министерството за транспорт и врски спроведе мерки ненарушувајќи го процесот на работа и заштеди 47% електрична енергија во месец октомври2022 година, споредбено со истиот месец минатата година.„Во овие времиња кога сите ги чувствуваат последиците од светската енергетска криза и недостатокот на енергенси, со навремени мерки и почитување на препораките, овозможуваме безбедно и непречено снабдувањесо електрична енергија.Ова е само уште еден доказ дека мерките носат резултати. Секој може да даде придонес кон стабилноста во снабдувањето со електрична енергија и тоа директно зависи и од нашето поединечно однесување.Енергетската ефикасност, односно рационалното користење на ресурсите ќе овозможи намалување на сметките, зголемување на конкуренцијта на претпријатијата, но и до огромни заштеди на државниот буџет.Секоја заштеда, колку и таа да изнесува, е од голема важност. Доаѓаат постудени месеци и заради тоа мораме да внимаваме и да ги следиме препораките за штедење.Би сакале да напоменеме дека значајна улога во оваа остварена заштеда имаат вработените во Министерството за транспорт и врски кои континуирано и совесно ги почитуваа препорачаните мерки.Рационалното користење на електричната енергија преку воведените мерки што се покажаа како соодветни за нашата институција ќе продолжат да се применуваат и во наредните месеци.Сите заедно, солидарно и рационално треба да ги користиме ресурсите со кои располагаме.Се залагаме за стабилен енергетски систем, бидејќи тоа е потреба на сите нас. Посветено и со максимална ангажираност заедно ќе ги пребродиме и овие предизвици кои се исправени пред нас“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

20221127090149

„И шо ако ги нема докуметите за малиот на Спикерот Џафери“, професорка со совет како да се докаже евентуалниот криминал

Универзитетската професорка Мимоза Ристова смета дека лесно може да се открие дали синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлет, дипломирал или не пред да се запише во Академијата на судии и обвинители.И шо ако ги нема докуметите во Министерството за да се види дали малиот на Спикерот Џафери се запишал на Академијата за судии и обвинители пред да дипломира ! Зарем доказите нема да ги најдете1. На соодветниот фалултет/универзитет во книгата на дипломирани.2. Во Академијата во евиденцијата за пријавени Конкурсот за пријавување, потоа запишани. За ова треба да постојан дестеина релевантни пишани траги.И доста ви е ова за да се докаже евентуалниот криминал, и да се побара одговорност за СЕРИОЗНИ ЗЛОУПОТРЕБИ“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

partizanska-brza-pomos-912

26-годишен скопјанец пронајден починат

Вчера попладне околу 17,30 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека на улицата „Патрис Лумумба“ во Скопје бил пронајден починат 26-годишниот М.О., при што од лекар е констатирана смрт без траги на насилство, извести МВР.– Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, соопшти МВР.

Скопје | пред 3 години

316311352_8261883270550732_1870273020581769376_n

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка во Ново Село, има повредени

Страшна сообраќајка се случи денеска во Ново Село. Според информациите кои ги објавија граѓаните во сообраќајката има тешко повредени лица, а на местото на настанот имаше и возило на итната помош„Тешка сообраќајна незгода во Ново Село, има сериозно повредени лица!!!!За да знаат институциите, ова е втора посериозна несреќа за кратко време од кога е отворен големиот маркет на самата главна улица, проблемот е што маркетот нема паркинг за потрошуваците и возилата ги паркираат на самата автобуска станица која е пред самиот влез на маркетот и автобусите неможат да се застанат за патници и застануваат на самата улица!!!!!Ако не се превземене нешто за безбедноста на сообраќајот на оваа локација, следната незгода може да биде фатална“, велат граѓаните.

Скопје | пред 3 години

raskovski55

Брејди против Ивана Трајчева и Вилма Русковска, вели Рашковски

Во своето полноќно беседење, суспендираната обвинителка Вилма Русковска ја повика Амбасадата на САД и Канцеларијата на Европската Комисија „да обрнат посебно внимание на предметот со Рашковски“, за да после неколку недели кога е повикана од моја страна како сведок, направи неколку чекори наназад изјавувајќи дека „Не можам да местам нешто што не сум го работела. Колешката Ивана Трајчева ја водеше истрагата. Јас учествував само во пред-истрагата“, посочува Русковска за „А1он“, вели поранешниот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски,„Дали откако „не ѝ упали“ овој очаен обид, сега се дистанцира од сè она кое е направено во овој предмет и ја префрла целата вина врз осомничената обвинителка Ивана Трајчева?За прв пат се сложувам со ВР. И не само што се сложувам, туку и ќе ми биде особено драго доколку сите претставници на странски институции во државата со кои делиме исти вредности го следат овој случај чијшто императив не е само докажување на злонамерно постапување на обвинителите и невиност на обвинетите, туку поголем е императивот на прогрес на правосудството.Ако случајот со Финансиската полиција и ОЈО ГОКК беше основа за покренување на кривична постапка против двете обвинителки, тогаш со поднесување на кривичната пријава идната недела и претставките до Советот на јавни обвинители, јавноста ќе види колку поголемо самоволие имало од страна на овие обвинителки пред година и пол.Криење на докази, фалсификување докази, ставање на терет на кривични дела за кои се знае дека не се случиле се само мал дел од она за кое ќе бидат поднесени кривични пријави и јавноста ќе биде известена.Сакавте својата неефикасност и непрофесионалност или селективност во борбата против криминалот и корупцијата да ја покриете со овој случај, па дури пред да заспиете на полноќ пишувавте до амбасади да го следат внимателно случајот.Ајде да се согласиме и секое судење да оди јавно како што тоа се прави во напредните правни системи?Кога повикувате некој да следи случај, треба да знаете дека уште пред 60 години во САД е воспоставено Правилото на Брејди (англ. Brady) со кое обвинителите се обврзани да достават го до судот и до обвинетиот сè она со кое располагаат, независно во чија полза е.Дали обвинителките се запознаени со случајот Брејди против Мериленд (Brady v. Maryland, 373 U.S. 83, 83 S.Ct. 1194, 10 L.Ed.2d 215 (1963))?Брејди бил обвинет за убиство и му се судело одвоено од лицето обвинето заедно со него. На судењето на Брејди, тој го признал учеството во злосторството, но тврдел дека со-обвинетиот го извршил самото убиство. Пред судењето, бранителот на Брејди побарал пристап до изјавите дадени од со-обвинетиот. Му биле покажани некои изјави, но обвинителството не ја дало изјавата каде што со-обвинетиот го признал убиството. По директната жалба на Брејди, тој добил пристап до оваа ослободителна изјава и ја оспорил пресудата со која бил осуден, тврдејќи дека има повреда на правичната постапка врз основа на тоа дека обвинителот ги скрил овие докази кои биле во негова корист.Во случајот на Брејди, Врховниот суд на САД го изјавил следново: „Сега сметаме дека прикривањето на докази поволни за обвинетиот од страна на обвинителството го нарушува очекуваниот процес за докажување на обвинението или за изрекување на казна, без оглед на добрата или лошата волја на обвинителството“.Во време на дигитална ера, правилото на Брејди добива друга димензија и се надоградува со Стандардот според Скилинг (англ. Skilling).Случајот Соединетите Американски Држави против Скилинг (United States v. Skilling) е пример за главниот стандард што се користи за оценување на обврската на обвинителството за обелоденување во случај кога на одбраната ѝ обезбедува досие за електронски увид со голем обем. Стандардот според Скилинг наложува обвинителството да му обезбеди на обвинетиот доволен пристап до увид во електронски складирани информации, но обвинителството не мора самото да го бара ослободителен материјал. Сепак, обезбедувањето пристап на одбраната до досието е основната линија; постоењето на прекршување на правилото на Брејди ги поттикнува дејствијата на државата, дополнително на обезбедувањето отворено досие со докази за обвинетиот. За да се заштити кривичното гонење од прекршување на правилото на Брејди, таквите дополнителни чекори мора да бидат показател за добра волја. На пример, индексирањето на документите, обезбедувањето на датотеките во формат што може да се пребарува и специфицирањето на клучните документи или познати ослободителни докази во досието се сметаат за доволен показател за добра волја. Прекршување на правилото на Брејди може да се најде во случаи на лоша волја, како, на пример, ако обвинителството намерно ја „наполнило“ датотеката со излишни информации или ако создало „обемна датотека до која е исклучително тешко да се пристапи“.Кога ја повикувате Европската Унија да го следи случајот, треба да знаете дека во правото на Европската Унија вашето самоволие нема место. Нема место за тоа ВИЕ ДА ОДЛУЧУВАТЕ што е доказ а што не е. Нема место да одлучувате како ќе креирате приказна пред јавноста за да го билдате сопствениот рејтинг.Вие Русковска и Трајчева сте обврзани да ја следите Директивата 2012/13/EУ на Европскиот Парламент и Советот (DIRECTIVE 2012/13/EU OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL) за правото до информации во кривичната постапка, донесена на 22. мај 2012 година и одредбите од истата, кои се во насока на остварување на правата од Европската конвенција за човекови права, членовите 5 и 6Според неа. Вие сте обврзани ...27) На лицата обвинети за сторено кривично дело треба да им се дадат сите информации за обвинението потребни за да им се овозможи да ја подготват својата одбрана и да ја заштитат правичноста на постапката.(28) Информациите доставени до осомничените или обвинетите лица за кривичното дело за кое се осомничени или обвинети дека го сториле треба да им се дадат веднаш, а најдоцна пред нивниот прв официјален разговор со полицијата или друг надлежен орган, и без да се нарушува одвивањето на тековните истраги. Описот на фактите, вклучително, каде што е познато, времето и местото, кои се однесуваат на кривичното дело за кое лицата се осомничени или обвинети дека го извршиле и можната правна класификација на наводното дело треба да се претстават доволно детално, земајќи ја предвид фазата на кривичната постапка кога е даден таков опис, за да се заштити правичноста на постапката и да се овозможи ефективно остварување на правата на одбраната.(31) За целите на оваа директива, пристапот до материјалните докази, како што е дефинирано во националното законодавство, без разлика дали се за или против осомниченото или обвинетото лице, кои се во сопственост на надлежните органи во однос на конкретниот кривичен случај, треба да вклучува пристап до материјали како што се документи и, каде што е соодветно, фотографии и аудио и видео снимки. Таквите материјали може да бидат содржани во списите на случајот или на друг начин да се чуваат кај надлежните органи на кој било соодветен начин во согласност со националното законодавство.Видете го случајот Schöps v. Germany, No. 25116/94 каде од страна на Европскиот суд за човекови права во Стразбург ЕДНОГЛАСНО е констатирано прекршување на член 5 став 4 од Европската конвенција за човекови права затоа што на обвинетите не им било даден целосен пристап до доказниот материјал кој обвинителството го поседувало пред да им биде определена мерката притвор.Русковска и Трајчева, дали ваквиот начин на работа Ви е познат од некаде?И нашиот Кривичен законик и Законот за кривична постапка ова го санкционираат. Во член 366-а од КЗ се вели:(1) Тој што во постапка пред суд или во управна постапка ќе поднесе докази за кои знае дека се лажни, ќе се казни со затвор од една до три години.(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што ќе отстрани или уништи докази што се од значење за постапката пред суд или управната постапка.Законот за кривична постапка е уште појасен и тој го обврзува јавниот обвинител да ги достави сите прибрани докази и тоа оние кои се во поткрепа на обвинението, но и оние кои се во полза на обвинетиот.Јавно ве прашувам Русковска и Трајчева, ако ова не го почитувате и не сте запознаени, се поставува прашањето – во кој правен систем го вбројувате нашиот правен систем“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

317072458_676511804102112_4644773640084798105_n

(ФОТО) Искршен автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода: Мафијата сака да ме поздрави

Вечерва "непознати сторители" го обија мојот автомобил нанесувајќи материјалнa штета, вели градоначаликот на Кисела Вода Орце Георгиевски.„Случајот е пријавен во полиција (искрено не очекувам да бидат најдени).Иако навидум сторителите се непознати, причините се јасни.Намерата им е да ме “поздрават” затоа што се справувам со урбаната мафија која дивееше и беше главна во време на претходниците. Епа веќе не смее да припари урбаната мафија накај општина, општината ја водат граѓанитеНема по ниту една цена да се сопре развојот на Кисела Вода, решавањето на проблемите на народот и да дозволам матните бизнис интереси на поединци да бидат посилни од тие на народот.Стаклата и возилото може да ги кршат колку сакаат, ама не можат да ја скршат никогаш мојата одлучност да ја решам урбаната мафија еднаш, засекогаш. Моите сограѓани го заслужуваат тоа!На сите треба да им е јасно, никој нема да ме “заплаши” или премисли во намерите да го исполнам она што сум го ветил“, вели тој.

Скопје | пред 3 години

mijalkov

Најчевска за ослободувањето на Мијалков: Ма на крај и орден за заслуги во изградбата на демократијата и правната држава ќе му дадат

Мирјана Најчевска, професорка по право, ја искоментира одлуката на Апелација да го ослободи ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за случајот „Трезор“ и случајот да го врати на повторно судење.„Ма на крај и орден за заслуги во изградбата на демократијата и правната држава ќе му дадат. Во секој случај очекувам да донесат пресуда со која ќе се утврди дека немало прислушување, дека не постои Скопје 2014, дека полицијата била супер, а Мијалков е жртва на комунизмот“, напиша таа.Најчевска додава:„Ете повторно да си кажам: мора да бидат разрешени од должност сите ЈО и сите судии, да се распише конкурс и да се вратат на работа само оние кои ќе поминат граѓанско а не партиско сито и решето.Ве уверувам, на државата ќе и биде подобро без судии отколку со вакви“.

Коментари | пред 3 години

kostadin-kostadinov-prerodba-bugarija-750x430-1

МНР ги осуди изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов: Тоа се обиди за минирање на силните напори на двете Влади за унапредување на соработката

Министерството за надворешни работи, исто како што и претходно реагираше, и овој пат ги осудува иредентистичките изјави кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија изкажани јавно и повеќе пати од страна на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија, Преродба, Костадин Костадинов.„Фактот што овие изјави се повторуваат, овојпат и во Скопје и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање на нови канцеларии на Културно-информативниот центар како и во пресрет на Бизнис форумот меѓу Северна Македонија и Бугарија, не можеме, а да не ги толкуваме како обиди за минирање на силните напори на двете Влади за унапредување на соработката и како организирана провокација, која треба да биде осудена од сите проевропски политички структури и институции во двете држави.Во исто време, сакаме да упатиме апел до граѓаните на двете земји да не им подлегнуваат на ваквите провокации кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги спречат двете држави во спроведувањето на искрените намери, реафирмирани од двете страни, за продлабочување на односите меѓу нашите држави и народи во духот на европските вредности“, се вели во реакцијата на МНР.

Македонија | пред 3 години

316202924_506225204867700_114272228527914259_n

Направена прва трансплантација на црн дроб од починат донор

На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство.„Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.- Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.

Македонија | пред 3 години

50250552858_c1667b3294_c

Апасиев за Талат: Ќе ги викнеш од Антикорупциска на коктелче у Собрание и оп, ќе ти го затворат предметот за син ти

Веста дека синот на Талат Џафери, положил правосуден испит пред да дипломира, ги зовре страстите. Свој осврт и критика има и пратеникот Димитар Апасиев, кој е и лидер на Левица. Тој „удри“ по Антикорупциска, кои велат дека не можат да отворат предемет.„Ќе ги викнеш од Антикорупциска на коктелче у Собрание и оп, ќе ти го затворат предметот за син ти ❤️Ах, тие прекрасни 'европски вредности'“, вели Апасиев.Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.https://skopje1.mk/

Коментари | пред 3 години

idiot-1

Барлет, синот на Талат Џафери положил правосуден испит пред да дипломира, утврдила Антикорупциска

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако не бил дипломиран на Универзитетот, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа.-Од документацијата со која располагаме можеме да заклучиме дека кандидатот студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не ни се совпаѓа потребното време од стекнувањето на триста кредити до можноста да се полага правосуден испит, меѓутоа не можеме тоа да го потврдиме, бидејќи документите во Министерство за правда не се чуваат, затоа што се работи за предмет со постари датуми и не постојат мерки од наша страна што можеме да ги преземеме. Единствено што можеме да потврдиме е дека лицето Барлет Џафери ги исполнил условите за на Академија оти имал положено правосуден испит, но како се стекнал со правото за правосуден испит не, истакна Билјана Ивановска.

Македонија | пред 3 години

doktor

„Хара доста сериозен стомачен вирус“, д-р Трајковски со препораки до граѓаните

„Хара доста сериозен стомачен вирус“, вели д-р Бојан Трајковски од Ординацијата по општа медицина „Медика Вера“.„Многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање...нема што нема од симптоми!Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите.Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега, спазмолитици по потреба, антипиретици и во крајна нужда и инфузиона терапија.Држи неколку дена па затоа трпение, одмарање и без паники“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

Manevski-05-gc

Поранешен министер до Ковачевски: Оди во Арачиново и учи ги твоите пајташи кои за 474% ја зголемиле потрошувачката на струја

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски преку социјалните мрежи му се обрати на актуелниот премиер Димитар Ковачевски. Тој во својата објава вели дека премиерот треба жителите на Арачиново да ги учи како да штедат струја оти тие за 474% ја зголемиле потрошувачката на струја„Таче алабакотОвој Таче не учи како да се штеди струја!Оди бре ќелаш во Арачиново и учи ги твоите пајташи кои за 474% ја зголемиле потрошувачката на струја!?Ја платија ли?Какви мерки презеде за кражба на струја во Арачиново од 6 милиони евра?Колку кривични пријави се поднесени?Колку крадци на струја се казнети?НиколкуГо штитиш коалициониот партнер ДУИ, да не ти излезе од владата, а...Не се секирај.Тие не излегуваат од влада и со стап да ги бркаш.Каде ќе најдат ваков башибозлуг да прават што сакаат.Без никаква одговорност.До кога....“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

benziska-guzva-goriva1

Нови цени на горивата од ноќеска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,50 % во однос на одлуката од 23.11.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,789%, кај дизелот за 4,373%, кај екстра лесното за 4,239% и кај мазутот намалувањето е за 4,249%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,252%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/литМалопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,263 ден/кг и сега ќе изнесува 41,783 ден/кг.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Од 25.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 41,783 (денари/килограм)-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Македонија | пред 3 години

17062022_PVRSM_Kovacevski_obrakaje-na-Prespa-Forumot_6

Ковачевски гневен на општините: Мерките не се за да си варат кафиња по канцеларии!

Револтиран што за субвенционирана струја општините ги пријавувале и општинските згради, премиерот Димитар Ковачевски денес објасни дека владините мерки за помош не се за некој да ужива, а друг да не може да сврзе крај со крај.„Сакам да упатам порака до општините, овие мерки не се за удопство ниту на државна администрација ниту на општинска администрација. Овие мерки не се за некој да седи по канцеларии, да си вари кафиња, да си држи состаноци и да си чита весници. Овие мерки се за граѓаните. Овие мерки не се за некој во време на криза ужива во удопство, а друг да не може да сврзе крај со крај. И затоа да си поднесат за комунални претпријатија за снабдување со вода, за средни училишта да се обезбеди се она што е потребно за децата и за граѓаните. Во време на криза не се финансира удопство и изобилие, туку се финансира солидарност“, рече премиерот Ковачевски.Министерот Бектеши рече дека за субвенционирана струја се пријавило и Јавното сообраќајно претпријатие.„Само во Град Скопје, освен ЈП ‘Водовод и канализација’ сакаат и ЈСП да се покрива од страна на државата. Ние сме кажале, овој буџет е на граѓаните и тој ќе се троши за граѓаните да не плаќаат поголеми сметки, а не на некому што не може да направи апликација во рок од две недели, па ние треба да му ги одземеме надлежностите како Влада“, рече министерот Бектеши.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања