ТОП

Pavlina-Crvenkovska-2

Претседателката на Судскиот совет поднесе оставка: Наместо да се посветиме на реформи, стана поважно како да ме нападнат

„Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на Судскиот совет на РСМ. Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството“, вели Павлина Црвенковска, претседател на Судскиот совет.Таа додава:Стана жално што наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите. Последен пример со лажно брифирање на новинарите беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив, ниту го гласав членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски. Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско – бизнис елита.Благодарна сум на оние колеги кои покажуваа почит и ме подржуваа во намерите нешто да промениме, но сепак Советот како колективно тело одлучува по која патека ќе се движи судството.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Синот на заменик министерот во МВР нелегално користел флешери и бегал од полициска патрола?

МВР ќе ги проверува информациите до кои дојде Телма според кои син на функционер на МВР нелегално користел флешери и бегал од полициска патрола но откако полициските службеници успеале да го сопрат го пуштиле со тврдење дека станува збор за службен автомобил на Службата за општи и заеднички работи иако при легитимирањето било констатирано дека според регистарските таблички станува збор за приватно возило.Сепак доказите за инцидентот не можеле да се избришат бидејќи истите биле снимени преку радио комуникацијата на полициските службеници и централата на СВР Скопје согласно законските прописи.Телма дознава и дека возилото на кое нелегално биле инсталирани флешери било земено на лизинг како возило на обезбедување на фабрика со марихуана… За истото возило неколкупади до сега имало и казни за сообраќајни прекршоци, а еднаш дури било спуштено од пајак возило кога било непрописно паркирано. Од МВР велат дека доколку биде утврдено полициско постапување спротивно на законот полициските служеници ќе бидат санкционирани.

Македонија | пред 3 години

Penzioneri

Во тек е исплата на ноемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.11.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец ноември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2022 година (вторник);За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2022 година (среда);За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.12.2022 година (четврток) иЗа пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.12.2022 година (петок).Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 ноември (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Македонија | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Јавниот превоз е во колапс, а и останатите јавни претпријатија се во хаос, вели СДСМ

На Скопје му се случува хаос предизвикан од неспособноста од градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ„Јавниот превоз е во колапс, а и останатите јавни претпријатија се во хаос.Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз, а деновиве се случува целосен сообраќаен хаос.Нема ништо од бесплатниот автобуски превоз, нема нови автобуси, ја нема фабриката за автобуси што Христијан Мицкоски ја најавуваше.Не се менаџира ниту постоечкиот автобуски превоз, па граѓаните на Скопје со денови се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози, доцнења на работа, на училиште, на факултет, на лекар…По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност на главниот град му приредува нова непогода.ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се големо разочарување за граѓаните“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

makedosnki-vojnik

Во 21 век, за војниците и старешините нема вода за пиење, вели Ковачки

Нема елементарни услови за живот и работа во касарната во која се наоѓа командата на најголемата единица на АРМ, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ."Во 21 век, за војниците и старешините нема вода за пиењеВисоки офицери алармираат до сите институции, почнувајќи од кабинетот на трајно неспособниот премиер, народниот правобранител и Собранието на РМ.Сите до една институции се глуви на проблемот.Ова подолу е писмо доставено до сите пратеници во Собранието уште од месец септември.Владејачкото мнозинство не го интересираат условите на војниците, нема закажано седница на Комисија за одбрана за да се расправа за овие катастрофални состојби, едноставно молк и игнорирање - како и до сега.За војниците и старешините нема, но во Кабинет на МО се пие флаширана вода. До толку се грижат.Оставка неспособни", вели тој.

Македонија | пред 3 години

eko

„Скопје е заробено од самите скопјани“

Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз денеска од 7 часот со повеќе од 30 автобуси протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај „Мавровка”, односно булеварот Гоце Делчев и булеварот Крсте Петков Мисирков. Од  приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз” велат дека не е утврдено времетраењето на протестот бидејќи се планира да трае до исполнување на барањата.Ова предизвика хаос во Скопје. Низ градот има огромни гужви, а граѓаните доцнат за на работа. Тие својот револт го изразија на социјалните мрежи.https://twitter.com/MILANEZ_MKD/status/1597133797115703297?s=20&t=Zcku7NxM_v_S8RlvYN_VPwhttps://twitter.com/kraft_mk/status/1597109281853161472?s=20&t=Zcku7NxM_v_S8RlvYN_VPwhttps://twitter.com/Covek1/status/1597125232976068608?s=20&t=Zcku7NxM_v_S8RlvYN_VPwhttps://twitter.com/Vlatko100janosk/status/1597132125676838912?s=20&t=Zcku7NxM_v_S8RlvYN_VPwhttps://twitter.com/Generalot4/status/1597134777919815681?s=20&t=Zcku7NxM_v_S8RlvYN_VPwhttps://twitter.com/_____Nosferatu/status/1597120501133897728?s=20&t=Zcku7NxM_v_S8RlvYN_VPw 

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-11-21-091001

Хаос со превозот во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ создаде катастрофа, вели СДСМ

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на Град Скопје, вели СДСМ„Новата работна недела Скопјани ја започнаа со сообраќаен метеж, блокирани улици.Приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје.Скопјани се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози, доцнења на работа, на училиште, на факултет, на лекар.Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз. ЈСП се подлабоко тоне во долгови.Додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше.Арсовска лани ги доби локалните избори токму со ветувањата за јавен превоз. Ветуваше брз, ефикасен и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани.Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа катастрофа во Град Скопје“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

foto-57

Поскапите цени на услугите од Катастар се за да се покрие недомаќинското раководење, вели ВМРО-ДПМНЕ

Фалична е власта на Ковачевски затоа што е одлепена од реалноста. Во услови на тешка економска криза и сиромаштија ги оптоварува граѓаните и субјектите со повисоки цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Со новиот тарифник на катастарот, за кој дала согласност владата на Ковачевски, цените на услугите се поскапени за 100, 200 па дури и 500%, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари;-ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари;-ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари.Ова е удар по граѓаните, за да се покрие недомаќинското работење на Агенцијата за катастар. Дали со поскапи услуги ќе се спасува Катастар од банкрот, институција која изминатите 5 години потроши 50 милиони евра од Буџетот и 10 милиони евра донации? Каде отидоа овие пари кога нема ниту реформи, ниту подобар систем?Власта на СДС и Ковачевски се шампиони во упропастување на државни компании, агенции и институции и нивно претворање во загубари. Нивното недомаќинско и криминогено работење потоа граѓаните скапо го плаќаат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

sparkling-glassware-stands-long-table-prepared-wedding-di

Измамник прави хаос во Скопје, внимавајте: Се претставува како д-р Дејан и досега покраде од десетици угостители

Дејан, доктор Дејан, Дејан Николовски. Ова се само дел од идентитетите на лицето кое измами десетици угостители во Скопје. Закажува лажни прослави, нарачува скапи пијалаци и го снемува, бара да изнајми маси и столици од Скопје за во други градови кои наместо за прослава, завршуваат на адреси кај луѓе на кои никогаш не им требало таква услуга. Овие случаи се само дел од оние за кои дозна „А1он“, а се случувале изминатиот период.Последниот од низата случаи бил вчера. Лицето кое се претставило како доктор Дејан Николовски, се јавил во еден кетеринг сервис во Скопје. Нарачал услуга за 90 лица, за кои кажал дека треба да гледаат фудбал во кругот на Марков Манастир. Му било побарано однапред да плати за услугата преку уплата на сметка, а измамникот кажал дека е сабота и поради фактот што банките се затворени, не може да го направи тоа и сакал да плати во готово. Тоа му било овозможено. И тука почнала сагата со нарачката на пијалаци и тоа скапи шишиња шампањ.Кога доставувачот на пијалаци тргнал да му доставува роба, бил контактиран од измамникот кој се претставил како Дејан. Од него имало молба, пред да се упати кон Марков Манастир, во центарот на Скопје да остави околу 200 евра кај лице кое наводно требало да се погрижи за декорацијата на забавата. Доставувачот, добил уверување дека штом го достави пијалакот, ќе му биле платено, а со тоа и вратени 200-те евра. Парите биле оставени во Аеродром, во близина на Тобако. Ги земал возрасен човек. По ова Доставувачот тргнал кон Марков Манастир, а кога го побарал измамникот за да му посочи каде точно треба да застане – бројот веќе бил недостапен. Тука тој сфатил дека станува збор за измама.Целиот ткест можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

IMG-9e07f6a9c50074df212b352b8d944d19-V

Екипите на “Македонија Пат” годинава нема да бидат изненадени од снегот, будно ја следат состојбата на терен

Екипите на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на Магистрални и Регионални патишта – Скопје, будно ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои. Навремено се превземени превентивни меркисо опесочување на сите делници на кои се очекуваат ниски температури и врнежи од снег.Воедно упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.

Македонија | пред 3 години

236599609_2971828763130776_5941306926266456322_n

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради протест

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2022 (понеделник) поради најавено одржување на протест со почеток во 07.00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.“Гоце Делчев“ и бул.“Крсте Петков Мисирков“ и околните улици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 3 години

316799957_648520643461435_7415709045581384763_n

(ФОТО) Падна првиот снег на Нижеполе

Ски центарот „Нижеполе“ на социјалните мрежи објави фотографии од првиот снег.„Полека но сигурно, првиот годинашен снег ни доаѓа.Да ни биде среќна и бериќетна и оваа ски сезона ,и нека трае барем колку минатата...“, стои во објавата

Македонија | пред 3 години

JSP-avtobusi-parkirani

Хаос во ЈСП: Нема гориво, има дефекти - Скопје може да остане без превоз

Градскиот автобуски превоз на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е пред колапс, така што постои опасност утрешниот ден да почне со многу проблеми за скопјани кои на работа патуваат со автобус, алармираат возачи и вработени во јавното претпријатие со кои конктактираше Плусинфо.– Од петокот од 17 часот нема нафта во гаражите во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Денеска 3-4 автобуси на ЈСП останаа на улиците без нафта. Во моментов десетина автобуси се принудени да се повлечат во гаражите. Секој момент може да се случи кинеските двокатни и украинските автобуси да немаат повеќе нафта за возење – велат изворите на Плусинфо од ЈСП.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

DSC_0349

СПМ за одлуката на комисијата за отворање на црковни прашања: Древната Охридска Архиепископија има јасна и потврдена историја

Социјалистичката партија на Македонија изразува крајно несогласување од одлуката на македонските претставници во мешовита историска комисија да прифатат отворање на црковни прашања како тема на дискусија.„Оваа неразумна одлука на ова откроирано работно тело претставува потврда на ирационалноста од неговото постоење како резултат на штетниот и антимакедонски билатерален договор со источниот сосед.Социјалистичката партија на Македонија ги потсетува македонските членови-историчари дека древната Орхридска Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, длабоко вкоренета во колективната меморија и во душата на македонскиот народ.Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека било кое црковно прашање не смее да биде тема на дискусија на било која лаичка комисија освен во црковните теолошко хисториски кругови во православниот свет.Социјалистичката партија на Македонија овој чин го сведува на уште една бугарска провокација, ценејќи дека овој приземен, недоличен и недостоен обид воопшто не може да го загрози статусот и постоењето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.Социјалистичката партија на Македонија искучува секаква можност за било какви компромисни решенија затоа што е повеќе од очигледно дека кај бугарската страна не постои ниту почетна искрена намера, ниту добра волја, ниту политичка и научноопштествена подготвеност за сериозен разговор, освен антимакедонските стојалишта и отвореното присвојување на македонската историја и култура, македонскиот народ и македонската држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-27-105725

(ВИДЕО) Новинарка е хит на интернет, наместо за Блек фрајдеј известуваше за Велики Петок

Новинарка во српска емисија наместо за Блек фрајдеј известуваше за Велики Петок.Водителот се обиде да ја поправи, но не успеа.„Велики петок е на 6 јануари ако не се лажам“, изјави водителот на крајот прилогот, по што новинарката се извини за грешката. 

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања