ТОП

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Се огласи директорката од скопското училиште, која мејлот со дојавата за бомба го прочитала еден ден подоцна

Директорката на училиштето ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец, Виолета Јаневска даде објаснување во врска со денешните дојави за бомба во училиштето.Таа вели дека меилот е испратен по завршување на работното време, и во тоа време немало ученици во училиштето.„Маилот е пратен вчера во 15 ч и 07 мин. по завршување на работното време на службите кои што што се задолжени за отворање на електронската пошта на училиштето и во моментот училиштето нема ученици. Утрово по пристигнување на работното место ја отворив електронската пошта околу 7ч и 20.мин. пред почеток на часовите при што видов дека има порака со заканувачка содржина. По што го известив МВР и општината и учениците беа безбедно евакуирани во училишниот двор“, вели таа.Според неа, потоа пристигнале единиците на Министерството за внатрешни работи при што беше констатирано дека дојавата за бомба е лажна.„Воедно сакам да Ве информирам дека истовремено истиот мејл стигнува и во други 4 училишта меѓу другото и ООУ, Илинден” од Крива Паланка кое што исто така го пријавува случајот денес околу 11 часот, а претходниот ден МВР го бара тоа училиште во општина Илинден, но не може да го најде. Сакам да прашам зошто кога на испратениот е-маил се гледа до кои училишта е пратена пораката меѓу кои е и нашата е маил адреса МВР не не контактира да праша дали сме добиле порака со заканувачка содржина а веќе се знаеле до кои училишта е пратено???“, прашува директорката.

Скопје | пред 3 години

Mickoski-12.03.2022

Мицкоски: Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање, за само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000 евра

Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само 3 дена од 5ти до 7ми Декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000€.За само еден месец, од 7ми Ноември до 7ми Декември „хероите” во владата увезоа струја за точно 32.955.084€ или за повеќе од 1 милион € на ден. Доколку работеше ЕСМ како што најавуваа „хероите” во владата со трите блока во Битола и едниот блок во Осломеј, или ако трансформаторот во Битола стигнеше како што најавуваа на 1ви Ноември, овие пари немаше да се потрошат на увоз на струја. Ќе имаше повеќе за студентски оброк, за земјоделците, ќе имаше повеќе за градинки, улици, паркови и училишта.Наместо да произведуваат, увезуваат за авансни „херојски” провизии. Доаѓа денот на одговорност кога „херојските” авансни провизии ќе ви бидат претешки.

Македонија | пред 3 години

20180510_221611

Дојави за бомби во Скопје, МВР влезе во училиштата

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Имено, денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Скопје | пред 3 години

danok

Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување, вели СДСМ

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е праведноста, вели СДСМ„Реформата на даночниот систем не предвидува нови даноци, не предвидува зголемување на даноците, односно данокот на личен доход останува 10 отсто и не се зголемува, данокот на додадена вредност останува 18 % и не се зголемува и каматите на депозите на штедните влогови нема да се оданочуваат.Новина е дека од 1 јануари 2023 година нема да се применува прогресивното оданочување, односно се укинува концептот на прогресивно оданочување и ќе продолжи да се применува оданочувањето со единствена стапка од 10 отсто.Една од мерките што ќе продолжи да се применува на барање на бизнис заедницата, е ослободувањето на реинвестираната добивка.Во Законот за ДДВ останува основната стапка од 18 проценти која е најниска во регионот, и двете повластени од 5 проценти и 10 проценти, кои, исто така, се најниски. Она што ќе се ревидира е листата на производи кои се луксузни и кои ќе се оданочуваат со втората повластена стапка.Во однос на хонорарците низ дебата се дефинираа насоките за создавање модел на кој ќе се работи во наредниот период и ќе овозможи на доброволна основа да плаќаат придонеси, со што им се обезбедува здравствено и пензиско осигурување.Со концептот се останува на определбата за поддршка на спортот и лицата со посебни потреби. Односно со концептот се воведува нов начин на донации за спортот, а вработените лица со посебни потреби и понатаму остануваат ослободени од данок на личен доход.Приоритет на даночната реформа е поголема праведност во оданочувањето, односно секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плати својот праведен удел од данокот.Даночната реформа воведува даночен систем кој ќе биде предвидлив, транспрентен, едноставен и стабилен и ќе создаде здрава основа на сите политики во државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Во енергетиката се случува “распад ситем“- состојбите се коса да му се крене на човек, вели ВМРО-ДПМНЕ

“Распад ситем“ е фраза која најдобро го опишува енергетскиот ситем во Македонија со власта на Ковачевски и СДС. РЕК Битола работи со еден блок со 75% од инсалираната моќност, иако беше ветувано во функција не се ставени РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, а хидропотенцијалот е само 18%. Сето ова се случува во декември среде грејна сезона, вели ВМРО-ДПМНЕ„Заради ова Македонија увезува струја и троши народни пари заради нечија неспособност но и нечии провизии. Само за првите 4 дена од декември авансно се платени 6 милиони евра за увоз на струја. Од 7-ми ноември заклучно до 4-ти декември граѓаните ќе ги платат неспособноста и криминогеноста на оваа влада со скоро 29 милиони евра за увоз. Во просек по над 1 милион евра дневно.Згора ба сето ова, продолжува договарањето во 4 очи во РЕК Битола, што се прави со омилените компании на директорот за дебели и мрсни износи. Врват камионите, врват матните бизниси, парите се испумпуваат, РЕК Битола пропаѓа исто како и целиот енергетски систем. Коса да му се крене на човек од состојбите, но тоа на Ковачевски нема ефект. Тој или е опериран од одговорност или кога се работи за криминалите во енергетиката го нема она чувство како со нож да му го сечат стомакот. Само и Ковачевски и неговите пајташи треба да знаат дека времето на одговорност е пред нив и може да се кријат но не може да избегаат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

283139190_5719444941403108_3195827862655193951_n

Мртвиот пешак од Битола виновен што е мртов, семејството: Не ни е јасно како не им работи родителскиот инститкт

„Правораздавачите“ се имуни на лелеците и солзите на родителите, кои по нечија туѓа вина го изгубиле својот млад син. Ова е ставот на Бојан Петровски, брат на пешакот Оливер кој беше прегазен во Битола, а каде возачот доби 18-месеци затвор. Тој и семејството останаа на ставот дека пресудата е срамна, а уште посрамно е тоа што сега е потврдена и од Апелација. Братот на усмртениот Бојан, во реакцијата посочува и: „Која е причината за нивното вакво постапување не можам со сигурност да знам, но најверојатно е корупција, прилично сум убеден во тоа“.„Само, не ми е јасно како не мислат на сопствените деца, како нивниот родителски инстинкт не проработува во вакви случаи, како не помислуваат дека со продолжувањето на неказнивоста на несовесните возачи, ги ставаат во опасност сопствените деца, кои утре можат да завршат како мојот брат Оливер (иако никому тоа не му го посакувам)... На ‘судиите’ и неколкуте проценти доверба кои ги имаат им се многу. Судовите се полни со лица како син му на Талат и како оној обвинителот за организиран криминал, кои од почетокот на кариерата започнуваат со скандали, неправди и незаконитости (а треба да спроведуваат правда). И тие исти лица се авторитет, имаат моќ да му наштетат на обичниот чесен човек, да го унаказат, да го пратат во затвор, а криминалците да ги ослободуваат. И го прават тоа, и никој не ги санкционира. Иако се изморив од барање на механизми за да влијаам да се донеси поправедна пресуда, ништо не се промени, што е доволен доказ зошто институциите на системот овде се во колапс, и целата ‘држава’ е пред крах“, вели Оливер Петровски, брат на загинатиот.Тој додава дека иако неговиот брат немал вина, судиите Љиљана Чочковска, Зоран Караџовски и Александар Камбовски, идентично како нивната колешка од Основниот суд, постапиле тотално пристрасно, и половина од вината ја префрлиле кај неговиот покоен брат, а го наградиле оној кој му го одзеде животот.„Правда на светов нема, ама мислете му ја како ќе излезете пред Бога, вие кои сте назначени да спроведувате правда, а спроведувате криминал, бидејќи сите еден ден ќе го напуштиме овој привремен свет, и веќе нема да можиме да ги трошиме нечесно стекнатите пари“, додава Петровски.И битолска Апелација смета дека се доволни година и половина затвор како санкција за возачот што го прегази битолчанецот Оливер Петровски, а кој загина како последица на сообраќајката. За семејството првостепената пресуда беше срамна, но не и за второстепените судии. Тие сметаат дека нема зошто да се изрече построга казна за возачот. 25-годишниот битолчанец кој управувал електричен тротинет беше прегазен во јули 2020 година додека одел на работа, каде никогаш не стигна.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Нови цени на горивата, ново поевтинување

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 % во однос на одлуката од 28.11.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,230%, кај дизелот за 2,811%, кај екстра лесното за 1,639% и кај мазутот зголемувањето е за 4,350%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,614%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 2.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 41,810 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.12.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-01-at-12.48.36

Каде ќе бидат блокадите: Приватните превозници утре од 6 часот наутро со 200 автобуси ќе блокираат во Скопје

Приватните превозници утре од 6 часот наутро со 200 автобуси ќе го блокираат булеварот Илинден од пред Владата до крстосницата кај МИ-ДА. На тој потег се наоѓа седиштето на Град Скопје.Приватните автобуси од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ кои беа дел од јавниот превоз во главниот град утре ќе го блокираат сообраќајот на десната лента од Илинденска, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на прес-конференција.Доколку и во меѓувреме нема резултати, за в понеделник најавуваат дека ќе бидат блокирани крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска“.

Скопје | пред 3 години

pat-ilindeneska-2-1

Посебен сообраќаен режим во петок (02.12.2022) во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 02.12.2022 (петок) поради најавено одржување на протест со почеток во 06.00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул „Илинден“, од крстосницата на бул „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул.8-ми Септември и околните улици.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 3 години

vrnezi-dozd-vreme

Декември со снег

Декември веројатно и нема да донесе некои врнежи од снег во главниот град. Како што денеска изгледаат прогнозите, Скопје во последниот месец од годината го чекаат многу дожд и температури кои нема да бидат нешто претерано ниски.Оваа недела ќе ја завршиме во генерално врнежливо време. Утре се очекува некое мало разведрување но за викендот повторно ќе имаме дожд. Поради облаците, температурите нема да одат во минус во утринските часови а во текот на денот ќе се движат околу 10 степени.Релативно високи температури за овој период од годината се очекуваат и од понеделник. Речи си цела работна недела ќе ја поминеме со двоцифрени дневни температури и утрински кои ќе бидат неколку степени над нулата. Крајот на неделата се очекува заладување кога утринските температури ќе се спуштат и под нулата а дневните ќе се движат околу 6 степени. Во текот на оваа недела се очекува и дожд, особено на почетокот и пред стартот на викендот.Слични услови ќе имаме се до крајот на првата половина на месецот. Дожд ќе врне речи си секој ден а температурите и наутро ќе останат во позитива, а дневните ќе се движат околу 10 степени.Постудена воздушна маса се очекува во претпоследната недела од декември. Заедно со влагата во воздухот и во облаците можно е да провее и снег. Утринските температури ќе се спуштаат и до минус 6 степени а дневните ќе останат околу  2 степени. Во такви услови можно е на кратко да се задржи и снежна покривка бидејќи не се очекуваат некои интензивни врнежи.Последната недела од годината ќе биде генерално сува. Утрата ќе имаме температури од околу минус 7 степени а дневните ќе се искачуваат до 3.Новогодишната ноќ се очекува да биде сува со минимални температури околу нулата а максимални до 8 степени.Иако ваквите долгорочни прогнози не даваат прецизни податоци, сепак, она што сега се предвидува е дека повеќе снег во главниот град ќе има во јануари.

Македонија | пред 3 години

Kovacki-28.12.2021

Ковачки му одговори на Ковачевски: Лагата дека некој барал власт од странците не поминува, власт дава и зема народот на Македонија

Димитар Ковачевски, човекот кој се крие позади Цаци, поставен да одработи на штета на македонскиот народ и на Македонија, не знае дека народот е тој кој бира и дава и народот е тој кој зема на избори, а не странските политичари, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ„Вакви лаги како оваа не поминуваат.Ковачевски зборувал и за храброста...Храброста можеше да ја покажеш тогаш кога беше најпотребно и наместо да дезертираш и да вадиш лажни лекарски белешки, да се бориш за Македонија или пак барем сега кога веќе те поставија таму каде што си, да излезеш на ТВ дуел и на избори па народот да слушне и да види колку си храбар.И за крај, за разлика од него нема потреба од прашања, на сите им е јасно дека Ковачевски не само што така си мисли, туку и гласно си кажува, "се ќе потпишам, само да бидам премиер, затоа што друга шанса и прилика нема".Епа Таче, седи си и не станувај, не се брукај!#Нелегитимен#ТрајноНеспособен#НационалнаКатастрофа“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

52282577586_dc95f2599f_k

Синот на Талат со неправо влегол во правосудниот систем и ќе дели правда- Ковачевски голта кнедли само заради коалициски интереси, вели ВМРО-ДПМНЕ

Очигледно за Ковачевски и СДС коалициските интереси се поважни од погазувањето на законите. Скандалот кој излезе за положениот правосуден испит на синот на спикерот Талат Џафери покажа дека институциите во Македонија се заложници на партиските интереси на СДС и ДУИ. Да имаше правна држава уште првиот ден ќе се спроведеше истрага и ќе беа казнети прекршителите на законот, вели ВМРО-ДПМНЕ„Имено синот на Талат Џафери полагал правосуден испит пред да стекне соодветно образование, а институциите со денови молчат и се прават ненадлежни. Ова е директно кршење на нормите и законите во Македонија, а да биде поапсурдно на тој начин лицето се запишал и на Академијата за судии и обвинители. Со неправо влегол во правосудниот ситем и ќе дели правда?!Скандалот излезе во јавноста и власта молчи. Прават се да го забошотат случајот. Ова е владеењето на правото и правната држава по урнекот на Ковачевски и СДС. Ова се европските стандарди со кои им е полна устата на владините функционери. Власта на Ковачевски ќе биде казнета од народот и за овој скандал, како и за низата други во кои е длабоко заглавена. СДС се свесни за тоа, па сега голтаат кнедли, само и само да се задржат уште некој месец повеќена функција да украдат уште некој милион. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

sudenje-1-780x470-1

Изречени високи затворски казни за обвинетите за убиството на Денис Тот

Близу четири месеци од првото рочиште од судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје, во Основниот Кривичен суд денеска беше објавена пресудата за случајот во кој се обвинети Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.Обвинетата Клементина доби затворска казна од 18 години. Анџело Ѓоргиевски затворска казна од 18 години, а Андреј Костовски години 16

Македонија | пред 3 години

IMG-1aa83a5f90208d824d05b93e262f04f7-V

Опожарени три контејнери во близина на Бит Пазар

Непознати сторители вечерва опожарија три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2 м3 и се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад,  ЈП Комунална хигиена-Скопје опожарените садови веднаш ги замени со нови.Ова е трет случај годинава од страна на непознати сторители да бидат опожарени садови за одлагање отпад на истата локација. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на контејнерите, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи. ЈП Комунална хигиена-Скопје упатува апел до МВР во најкус можен рок  да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Скопје | пред 3 години

278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Истече времето за клубот Ванчо Михајлов

Истече времето за клубот Ванчо Михајлов. Бугарскиот културен центар во Битола ќе мора до крајот на денов да го смени името или во спротивност се соочува со прекршочна постапка и глоба.Рокот од 45 дена за здружението да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата дојде откако беше утврдена дискриминација по основа на национална и етничка припадност со основањето на клубот.„Според нашиот закон надлежностите се тие. Доколку не се исполни препораката во мислење од Комисијата за дискриминација, тие се надлежностите. Но идејата не е да се казнуваат граѓаните парично, идејата е да се отстранат сите практики кои создаваат нееднаквост во ова општество”Санкцијата со која се соочува клубот “Ванчо Михалјов” е од три до 10 илјади евра. Но бугарскиот центар може да се соочи и со кривична одговорност, најавија од Комисијата, бидејќи не е испочитуван ниту рокот за отстранување на спорните содржини, објавени од страна на клубот на социјалните мрежи.„Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство“Бугарските клубови “Ванчо Михалјов” и “Цар Борис Трети” се соочуваат и со рокови од Законот за здруженија.Доколку до февруари не ги променат имињата, ќе бидат избришани од Централниот регистар, а задолжено за надзор за примената на ваквите одредби има Министерството за правда.И додек продолжуваат проблемите со Бугарија, Грција доби Центар за македонски јазик, откако оваа невладина организација доби зелено светло за регистрација од грчките власти.Станува збор за прво здружение од ваков вид во земјата, со што од Центарот велат дека и де факто се признава македонското говорно население во Грција.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања