ТОП

315422331_5793384207374410_5375952769597856540_n

Гужва на овие булевари во Скопје

ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број возила се забележуваат долж:-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул.Водњанска,-ул. Васил Ѓоргов кон ул. Железничка,-бул. Водњанска во двете насоки,-бул. Свети Климент Охридски во двете насоки,-бул. Киро Глигоров во двете насоки,-ул. Перо Наков во двете насоки,-бул. 8ми Септември во двете насоки,-бул. Партизански Одреди во двете насоки,-ул. Беласица во двете насоки,-мост Нова железничка станица во двете насоки,-ул. Никола Карев во двете насоки,-ул. Пролет и бул. 3та Македонска бригада во двете насоки,-бул. Македонија во двете насоки,-бул. Митрополит Теодосиј Гологанов кон бул. Свети Климент Охридски,-бул. Свети Климент Охридски во двете насоки,-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Нова железничка станица .

Скопје | пред 3 години

gadfgad

Кока за Чадиковски: Не му честитав на „победникот“ бидејќи ова беше журка на партиско-штабски директиви меѓу ДУИ и СДСМ

Новинарката Филјана Кока, противкандидатката на Младен Чадиковски кој беше ре-избран за претседател на Здружението на новинари на Македонија, по изборите, остави свој коментар на социјалните мрежи. Кока, која е новинарка со долгогодишно искуство објасни зошто не му честитала на Чадиковски.„Им благодарам на 53 колеги кои ме поддржаа покажувајќи целосен професионален интегритет. Не излегов да му честитам на ”победникот” бидејќи ова беше само журка на партиско-штабски директиви меѓу ДУИ и СДСМ. Господ да му е на помош на македонското новинарство!“, напиша Кока.На собранието дојдоа и беа регистрирани дури 456 медиумски работнички и работници, членови на ЗНМ. Чадиковски доби 229 гласови. Противкандидатот Марјан Николовски доби 85, додека актуелната потпретседателка на ЗНМ, Фиљана Кока, доби само 40 гласови.Собранието на ЗНМ кое брои околу 1.000 членови, започна во 10 наутро и заврши во 18 часот.

Коментари | пред 3 години

SOOBRAKAJKA

(ФОТО) „БМВ“ влета во дуќани на Партизанска

Автомобил марка „БМВ“ излета од булеварот Партизански одреди во Скопје.Несреќата се случила во близина на Соборниот храм.Автомобилот со скопски регистарски ознаки се забил во столб од зграда. Од ударот се отворило едно од воздушните перничиња.Според коментарите под фотографијата, несреќата се случила околу три часот по полноќ.https://twitter.com/hedonisam/status/1599349869671755778?s=20&t=JD374JmnMBsX9t402YmhjA

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-12-04-170206

(ВИДЕО) Македонец ја расплака Цеца во Гранд

Вчерашната емисија „Ѕвездите на Гранд“ ја отвори Македонецот Бојан Илиевски. Toj доби 6 гласа од жирито и влезе во тимот на балканската фолк-дива Цеца Ражнатовиќ.Поддршка на 22 годишното момче беше неговата баба, која ја расплака Цеца откако ја раскажа животната приказна на Бојан, кој многу млад останал без мајка и татко.Настапот на Бојан погледнете го на самиот почеток од емисијата.?t=234

Магазин | пред 3 години

271983257_612480343152370_3947902373758832082_n

Судовите сосе затворите и факултетите ќе може да паднат во мрак

Поради големи долгови и факултетите, судовите, зоолошката градина, затворите може да останат без струја.ЕВН од утре ќе испорачува известување за исклучување и до овие инситуции. Претходно ваков документ добија Клинички и Железници, дека за помалку од две недели можат да останат без електрична енергија.Сега министерот за финансии Бесими ќе проба да најде пари за барем да го намали долгот од околу 7 милони и Клинички да се спаси од мрак.Во меѓувреме се токмат нови милионски набавки на струја. Од утре продолжува купувањето на електрична енергија.

Скопје | пред 3 години

pat-ilindeneska-2-1

Скопје и утре ќе е хаотично, блокирани ќе се булевари

Посебен режим на сообраќај утре (05.12.2022) во СкопјеМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 05.12.2022 (пoнеделник), поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.Притоа, посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ - од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата од бул.„8 Септември“ и бул. „Илинден“ - крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул.„ Кочо Рацин“ (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Судска палата).Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Скопје | пред 3 години

bugarija-protest

„Бугарија се соочува со драматична политичка криза, зависна е од Русија“

Ивор Мицковски, новинар, коментирајќи ги состојбите во регионот и светот, посочува дека Бугарија се соочува со криза, бидејќи е зависна од Русија.Неговиот коментар во целост:„Бугарија се соочува со драматична политичка криза, зависна е од Русија, од криминална и недемократска власт, меѓународно и во рамки на ЕУ е изолирана и тргната настрана. Само нашите власти се договорија нашите квазипреговори да зависат од волјата на Софија и да им дадат на нивните корумпирани политичари запалив материјал за одржување каков-таков внатрешен консензус.Уствари, кај сме за нигде и не правиме ништо корисно за себе, им правиме плус и услуга на отфрлените и непосакувани бугарски криминалци на власт. Ние извезуваме корупција, криминал и неспособност“.

Коментари | пред 3 години

mickoski-danela

Мицкоски проговори за тајните средби на Арсовска и Ковачевски

Мојата порака и до градоначалничката и до Ковачевски е кога ќе се среќаваат на тие тајни средби во Владата е да договорат суштински работи кои ќе им помогнат на превозниците, затоа што така им помагаат на скопјани. Хаосот кој се случува сите тие луѓе ги фрустрира, ги прави нервозни и тоа не е добро и затоа треба барем кога ќе се состануваат на тие тајни средби за кои што потврди Ковачевски да излезат од тие средби со некакво решение, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира протестот на приватните превозни и одбивањето на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска да седне на маса и да разговара со нив за изнаоѓање на решение и стопирање на хаосот во градот со јавниот превоз.Мицкоски потенцираше дека тендерот за набавка на нафта во ЈСП Скопје не содржи член за рабат односно попуст како што содржале сите претходни договори, укажувајќи дека доколку попустот е 6 денари за еден литар нафта и доколку ЈСП троши дневно по 25 илјади литри тогаш ќе заштеди 2.500 евра дневно, на месечно ниво би заштедиле 75.000 евра, додека на годишно ниво би заштедиле 900.000 евра, односно како што рече доволно за да се подмират приватните превозни и да се прекине сообраќајниот хаос.Изминатите денови во јавноста дел од партиските соработници на Ковачевски излегоа со договорот кое што ЈСП го има потпишано за набавка на нафта. Излегоа против нивниот партиски другар, кој што е директор на ЈСП бидејќи тој е член на централното раководство на СДСМ. И таму за волја на вистината погрешно го цитираат членот 3 и велат дека има фиксна цена, што не е точно. Ако го прочитате подолу, бидејќи не го читаат до крај или ги мрзи или пак сакаат да спинуваат, во договорот ќе видите дека цената која ја плаќа ЈСП ја плаќа врз основа на утврдената малопродажна цена на Регулаторна комисија и таа се нивелира од ден за ден. Но, точно е тоа дека има фиксна цена, но што не содржи овој договор? Овој договор не содржи рабат или попуст кој што го содржале сите договори на сите минати раководства, дури и во времето на Петре Шилегов, и во времето на Коце Трајановски. А тој рабат е 6 денари за еден литар. Ако дневно троши ЈСП 25 тона нафта, тоа се 25 илјади литри, со овие 6 денара тоа е 150.000 денара, или 2.500 евра на ден рабат односно попуст. Помножено со 30 дена тоа е 75.000 евра месечно, помножено со 12 месеци тоа е околу 900.000 евра. Еве ги парите за приватните превозници кои што ЈСП им ги должи, порача Мицкоски и додаде дека наместо парите да завршат кај приватните превозници тие завршуваат кај луѓе блиски до дуото Ковачевски и Арсовска.Е сега овие пари завршуваат кај лица блиски до дуото Ковачевски и Арсовска, роднини, соработници во делот на сметководството кои што секојдневно се наоѓаат во ЈСП и кажуваат кои фактури да се платат, а кои не се платат. Ако овие 6 денара беа дел од овој договор, еве ги парите и ќе бевме ние сите скопјани заштитени од ова што денес ни се случува.Договорот кој што е потпишан е 2 годишен и вклучува 14 ипол милиони литри, тоа значат рабат од 1 ипол милион евра, еве ги парите само не треба да се крадат и да се местат тендери за резервни делови за семејството, треба да се вратат кај луѓето, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-03-at-16.52.13

Десетици специјалци во Арачиново за апсење на вработен во локал кој имал пиштол со него

На 03.12.2022 полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, Единица за интервентна полиција, Оперативен тим за Потраги и Одделот за специјални полициски операции извршија акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на с.Арачиново, скопско, при што лишен од слобода А.Д.(40), вработен во еден од локалите.Кај него бил пронајден пиштол "ТТ" и рамка со осум куршуми. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од Кривичниот законик. Инаку, во рамки на акциската контрола бил извршен преглед на 54 лица затекнати во угостителските објекти и 11 возила.

Скопје | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Тинејџер го украл возилото на Брза помош

По преземени мерки и активности, на 03.12.2022 во 15.40 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска помош Кочани.Како што веќе информиравме, по преземени мерки и активности, возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. Исто така, по преземени оперативно - тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел корса“, извршени претходно. Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал делата, а одземените компјутер и возило „опел корса“ биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-03-at-16.52.13

Полициските службеници остануваат најдеградирани работници, коментира адвокат

Скопскиот адвокат Александар Димитриевиќ коментирајќи го ставот дека полицајците биле криви за случувањата во Арачиново, посочува: „Полициските службеници остануваат најдеградирани работници“.Тој додава:Го памтиме случајот кога полицајката со голем интегритет во МВР се удри од пајакот па после си даде и оставка. И како да очекуваме полицајците да не бранат кога ниту тие не се чувствуваат безбедно. Ваквиот пристап на Министерот спротивен на член 42 од ЗРО им дава право на работниците да одбијат работа.

Коментари | пред 3 години

policija-akcija-policaec-mvr-5

МВР кажа што според нив се случило во Арачиново

По извршени детални проверки од страна на СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, ја известуваме јавноста дека комплетна дезинформација се објавите дека полициски службеници биле нападнати во општина Арачиново. Од извршените проверки е утврдено дека на 30.11.2022 тројца полициски службеници запреле возило „фолксваген“, управувано од малолетник, но не ги презеле потребните службени дејства, за што против нив се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка, а во извршените службени разговори тројцата полициски службеници негираат дека било кој им се заканувал или вршел притисок врз нив. Затоа, апелираме пред да се проверат фактите да не се објавуваат дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните.Во врска со случајот, утрово во Полициско одделение Арачиново е повикан 17-годишниот малолетник заедно со неговиот родител, двајцата од с.Сарај, скопско, поради основано сомнение за сторен прекршок по чл.225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по извршен службен разговор, малолетникот го појаснил стореното дело. Против малолетникот е поднесен поднесок за констатиран прекршок за управување на моторно возило без возачка дозвола, а против родителот поднесок за сторен прекршок по чл.317 ст.14 од истиот закон, поради тоа што му дозволил на малолетникот да го управува возилото без дозвола.

Македонија | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Скопје е во хаос, на двете партии им е крива Арсовска, градот заглавен во долгови

„Цела недела Град Скопје е во тотален колапс поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри во градската власт. Цела недела приватните автобуски превозници не возат и блокираат важни сообраќајници поради тоа што Град Скопје и градоначалничката Арсовска не им ги исплаќаат долговите. Јавниот превоз крахира, ЈСП нема доволно капацитети да ги опслужува сите линии комплетно, па скопјани со часови чекаат автобус на постојките и се возат во преполни автобуси,Во исто време, ЈСП кое тоне во долгови, случува договор за набавка на дизел гориво по цена од 118 денари за литар дизел, во период кога ова гориво чини 86,5 денари за литар“, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.„Катастрофална е ситуацијата и во други градски јавни претпријатија како „Дрисла“ и „Водовод и канализација“. Но, градската власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска ги игнорираат сите овие проблеми и продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за криминал. Во меѓувреме, градот стагнира, нема ниту еден нов проект, ниту пак се продолжуваат проектите наследени од претходната градска власт предводена од СДСМ. Една година градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на градот, една година разочарувања за граѓаните“, додава таа.Наспроти нив, се огласи и ВМРО-ДПМНЕ.„Данела Арсовска и СДС се во коалиција, Ковачевски потврди имале и средби, плод на коалицијата е директорот на ЈСП кадар на СДС. Димитар Ковачевски јавно призна дека имал средби со Данела Арсовска. А тоа се гледа и по кадровските политики на градоначалничката на Скопје, која за свои први соработници назначува луѓе од СДС. Имено Александар Стојковски, директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска е кадар на СДС. Ова е фотографија од која се гледа Стојковски на партиските состаноци во централниот штаб на СДС. Заедничкиот интерес на таквата коалиција се тендерите и договорите во 4 очи. Зошто ЈСП троши повеќе нафта од тоа што трошеше со повеќе автобуси од пред 8 години? Зошто фирмата на владиниот пратеник е победничката на милионскиот тендер за набавка на нафта за ЈСП? Одговорите ги крие коалицијата Арсовска - Ковачевски, кои што се одговорни за хаосот. Данела Арсовска молчи и за долгот на Клинички центар кон ЈП Водовод и канализација. Зошто молчи, ако не се во тајна коалиција?“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Град Скопје му должи на ЈП Улици и патишта. Данела Арсовска го заглавила градот во долгови, неподмирени обврски и во проблеми. Еден од таквите проблеми е и застојот во јавниот превоз. Додека делат тендери, Арсовска и Ковачевски ги ставија приватните превозници на милост и немилост, а скопјани со нарушен јавен превоз. Скопје е блокирано, а скопјани заглавени во сообраќаен хаос, и тоа е вина само на СДС и на Данела Арсовска. Очигледно е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја повлече својата поддршка за Арсовска. Никогаш нема да поддржиме некој кој тргнува во коалиција со криминалци за правење на матни зделки“, додава тој.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-12-03-at-12.14.55

Мицкоски го советуваше Ковачевски

Христијан Мицкоски посочува дека не знае кој го советува премиерот, ама советите се погрешни. Заклучокот го извлекол откако видел дека советниците му кажале да се фали со зголемен број на социјални случаи. Стратегијата, според Мицкоски е погрешна.„Тие немаат друга тема која ќе ја зборуват. Сиромаштија, крадат во енергетиката, прават тендери во четири очи, многу се краде, многу се краде, поради дојавите за бомбите децата не можат да следат настава, нема сегмент каде можат да кажат дека има напредок. И ајде сега што ќе правиме - ќе збориме за ланскиот снег. Нема што да променам и да додадам на тоа“, кажа Мицкоски за обвинувањата дека се договарал со странците да гласа за уствани промени во замена за власт.Алармантна е ситуацијата во државата и економијата, посочува Мицкоски, кој вели дека состојбата нема да биде добра.

Македонија | пред 3 години

FjAftutXEAMxR6c

(ВИДЕО) Низ улиците во Македонија се шетаа албански знамиња, по победата на Швајцарија над Србија

Вчра, веднаш по натпреварот Србија – Швајцарија започнале собирања и на улиците низ Македонија. До редакцијата на boemot.mk пристигнале видеа на кои може да се забележи за провокациите кои вечерва ги има во Куманово по победата од страна на Швајцарија над Србија.https://twitter.com/boemot_mk/status/1598812194510032897?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598812194510032897%7Ctwgr%5Ed57f4fedf8af3eacc994d0a5b59bfd65c62a9a81%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboemot.mk%2Fekskluzivno-video-provokacii-tenzija-fizicka-presmetka%2FКако што може да се забележи од видеото каде јасно се гледаат албанските знамиња, станува збор за собир на албански навивачи кои ја слават победата.https://twitter.com/Malta97039924/status/1598812991146713088?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598812991146713088%7Ctwgr%5Ed57f4fedf8af3eacc994d0a5b59bfd65c62a9a81%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboemot.mk%2Fekskluzivno-video-provokacii-tenzija-fizicka-presmetka%2FОсвен во Куамново, собири имало и во Скопје, Тетово, Гостивар и останати градови.https://twitter.com/boemot_mk/status/1598812641384075265?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598812641384075265%7Ctwgr%5Ed57f4fedf8af3eacc994d0a5b59bfd65c62a9a81%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboemot.mk%2Fekskluzivno-video-provokacii-tenzija-fizicka-presmetka%2F

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања