Данела има седум прашања за Мицкоски и пет за Битиќи, меѓу другото и дали местел тендери преку Унгарија
Скопската градоначалничка Данела Арсовска постави низа прашања до ВМРО-ДПМНЕ, на кои посочува дека очекува одговори. Ова доаѓа по низа пресови и соопштенија во која таа е посочена како виновник за блокадата на Скопје„Што се однесува на патетиката на ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме да одговорат на следните прашања:- Дали Христијан Мицкоски со неговиот директор на штаб Орце Тодоровски, инаку притворен и првообвинет во случајот „Делчевски Ниви“, договараа набавка на 150 автобуси од Унгарија?- Дали Христијан Мицкоски и неговиот актуелен шеф на штаб, Ивица Томовски, преку негови фирми е единствен подобен за одржување и чистење во општините, училиштата и претпријатијата каде ВМРО-ДПМНЕ е власт?- Дали Христијан Мицкоски заедно со Ковачевски имал тајна средба во еден скопски локал?- Дали е точно дека Христијан Мицкоски, Александар Николоски, заедно со Зоран Заев и Венко Филипче пред два месеци имале заеднички ручек во ресторан во Малешевијата каде се зборувало за уставните измени?- Дали е точно дека Христијан Мицкоски има истрага во ОЈОГОКК за криминал со хидроцентрали кој се држи во фиока?- Дали е точно дека брат на член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, сопственик на фирмата „Моби Саунд“ е единствен организатор на манифестации во општините каде власт е ВМРО-ДПМНЕ?- Дали е точно дека Игор Јанушев, другар на Христијан Мицкоски и актуелен пратеник, како директор на ЈСП склучил штетен договор со милионски пенали доколку се раскине, со фирмата „Маратон“ за рекламирање на автобусите на ЈСП и дали е точно дека од овој бизнис се делат провизии?“, пишува Арсовска.Таа додава:Што се однесува до изјавата на вицепремиерот во владата на СДСМ Фатмир Битиќи, пред да зборува за некаква неподготвеност на Градот, прво да одговори на следните прашања:- До каде е автопатот кон Охрид?- До каде е автопатот кон границата со Бугарија?- До каде е Клиничкиот центар?- До каде се инвестициите од Гугл и Фејсбук?- До каде е инфлацијата?
Скопје | пред 3 години