Kако на лицa со трајна попреченост по налог на Министерката за одбрана им било дадено оружје во рака, вели Ковачки
Тие што треба да го бркаат криминалот и корупцијата во МО тоа не го прават, а Министерката за одбрана за нивната послушност ги наградува со повеќе-годишни дипломатски плати надвор од државата, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Да објаснам:Вчера прашавме до каде е истрагата за криминалот и корупцијата во МО, односно како е можно никој да не одговара што на лице со трајна попреченост (веројатно психичка) или со судски постапки по налог на Министерката за одбрана им било дадено оружје во рака, а за тоа дури земале и плата од МО, но одговор немаше.Прашавме и како е можно на мировна мисија надвор од државата единицата да биде испратена без болничар, или со помалку стрелци затоа што на нивно место по налог на министерката заминале лица-котлари.Од МО како најтранспарентно министерство одлучија да молчат и да не одговараат.Не добивме одговор ниту зошто Министерката за одбрана директно го крши Законот за Одбрана со тоа што ги деградира офицерите и подофицерите со нејзини писмени Решенија и на тој начин, преку газењето на војничката хиерархија, создава револт кај офицерите, кај подофицерите и кај војниците.Нормален човек кој редовно плаќа даноци на државата и очекува системот да функционира, ќе се запраша дали нема кој да се дрзне да ја праша зошто го прави тоа, дали е така исправно и дали е тоа така затоа што за тоа се земени пари?Нормален човек ќе праша дали има некој да ја праша Славјанка како тоа устите им се полни со борба со корупција и празни флоскули, а смрди-корне од распаднатиот систем воспоставен од кадрите на СДС и ДУИ.Одговорот е нема кој тоа да го направи. Зошто?Затоа што лицата - офицери кои по Закон се должни да постапат, а не постапиле, односно молчеле и НЕПРЕЗЕМАЛЕ ништо, Министерката за одбрана ги има наградено со неколку-годишни дипломатски плати. (!!)Така на пример, најглавниот уште минатата година го наградија со плата од над 4000 евра месечно во Виена и се' уште е таму - ја претставува Македонија во ОБСЕ, а вториот којшто дојде на негово место сега чека потпис за исто толкава плата од Пендаровски за да и тој замине да ги брани боите на Македонија во НАТО во Брисел.Затоа нема борба со корупцијата во МО, затоа што сите знаат дека е беспредметно да се пријави корупција.Затоа што пријавата за корупција нема ниту да се заведе или ќе заврши во фиока на офицерите кои наместо да го спроведат законот, тие го кршат и го покриваат криминалот, а за тоа биваат наградени со дебели суми на пари токму од тие што ги потпишуваат решенијата.Славјанка го наследи трулиот систем на Шекеринска и во истиот добро се вклопи. Кадрите на СДС и ДУИ со својата алчност за пари и отсуство на чувство за одговорност ја симнаа одбраната на најниското скалило на функционирање“, додава тој.
Македонија | пред 3 години