ТОП

danela-avtobusi

Арсовска откри кога ќе има бесплатен јавен превоз

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа гостуваше во емисијата „360 степени“ на „Алсат“. Таа вели дека не се откажала од проектот за бесплатен јавен превоз и истиот ќе биде реализиран откако ќе се надмине кризата.-Тоа што не го знаевме и не можевме да го претпоставиме пред една година е дека ќе се соочиме со ваква тешка енергетска криза. Имаме загубар на кој му беше повлечена голема сума од средствата кои досега дотирани од страна на Владата. Се бориме со кризата, а откако ќе ја надминеме, тогаш ќе се реализира сѐ што беше ветено на граѓаните, кажа Арсовска.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Арсовска и по 12 месеци се жали, „откри“ и дали Скопје ќе биде украсено

Јас црна кампања и политички манипулации гледам 12 месеци, ако не и повеќе и тоа е очекувано, истакна во денешното гостување во телевизијата Алсат, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.– Град Скопје е прва институција која отпочна практично со ветинг, ние сме прва институција која расчистува со вработени кои не одат на работа и земаат плата.Ниту еднаш не се постапило по заканите кои ги имам по моето семејство, по заканите по мене, моето дете, лидер на политичка партија излезе и на телевизија кажа дека нема да го завршам својот мандат. Јас политички манипулации нема да коментирам, нагласи Арсовска.Во врска со новогодишното украсување на главниот град, Арсовска објасни дека градот ќе биде новогодишно уркасен.– Главниот град ќе се украсува во рамки на нашите можности и кризата. Се предвидува пречек на новата година, ама се ќе се објави на прес-конференција и тоа ќе биде информација споделена со сите медиуми, нагласи Арсовска.

Скопје | пред 3 години

e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Вицепремиерката која нема никакво искуство со гонење корупција, благодарна што САД има тим во Македонија

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, изјави дека секоја помош во каква било форма, за брз напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата е добредојдена.Таа вечерва во своето гостување во емисијата Топ тема на Телма одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер ја толкува двонасочно.„Од една страна како поддршка и помош за разрешување на крупни коруптивни случаи, a од друга страна како критика за моменталната состојба за степенот на корупција во нашата држава“, рече вицепремиерката Грковска.Таа истакна дека најважно е тоа што Владата сега ќе има дополнителна помош за справување со криминалот и корупцијата.Вицепремиерката истакна дека институциите треба да бидат свесни дека постојат за граѓаните, а не обратно.„Денеска на настанот што го организирав заедно со вицепремиерот Маричиќ и евроамбасадорот Гир, реков дека целокупната состојба во државата и вклучително и во делот на корупцијата е одговорност на сите нас што е во таа сала. Јас не ја изземам Владата од одговорноста ниту институциите. Треба да се види која е најслабата карика и од која причина добиваме вакви отворени без ракавици пораки од страна на нашите меѓународни пријатели“, рече вицепремиерката Грковска.Инаку, во јавноста не е познат коруптивен случај кој вицепремиерката Грковска го решила измининативе месеци, додека има мандат.Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, додека не била именувана на функцијата, немала допир со гонење корупција. Ова го покажува нејзината биографија, објавена на официјалната страна на Владата. Таа е магистер по математички науки, а ниту во работното искуство кое го навела, нема ниту едно работно место поврзано со борба против корупцијата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-09-at-16.28.09

(ВИДЕО) Брутално интервју на Никола алијас Боемот кој беше уапсен за дојавите за бомби во Скопје

Никола Николовски или Боемот 2.0 за првпат во јавност проговоре за бруталниот напад врз него, кој го доживеа откако беше уапсен поради сомневање дека тој ги испраќал дојавите за бомби во скопските училишта. Тој за порталот „А1он“ во детали го опишуваше периодот низ кој помина.„Некој сакаше да ме оцрни по секоја цена. Бев погрдно нарекуван, ми се лепеа етикети“, вели Николовски или Боемот 2.0 во интервјуто.Поминал низ шок, сам се пријавил во полициска станица додека екипи го барале дома и околу зграда.„Преголем стрес. Во тоа не бев само јас, бев разтревожен бидејќи беа вмешани и моите блиски. Не е сеедно“, додава тој.Целото интервју:

Македонија | пред 3 години

skopje-east-gate-1

Траат проверките за бомба во „Ист Гејт Мол“, управата сподели информации

„Ист Гејт Мол е еден од објектите кои денес примија закана за поставена експлозивна направа, бомба“, велат од управата на трговскиот центар.Тие посочуваат: Согласно безбедностите процедури на трговскиот центар, трговскиот центар беше евакуиран. Во тек се безбедностни проверки од страна на надлежните институции. Откако истите ќе завршат, трговскиот центар ќе продолжи со нормалниот режим на работа за вработените и посетителите. Дополнителни информации ќе следат по завршувањето на безбедносните проверки.

Скопје | пред 3 години

Biljana-Ivanovska

Не ви е срам да објавите дека немате ниту еден процесиран предмет?, прашање до Антикорупциска од инфлуенсерка

Борецот против насилство врз жени и инфлуенсерката позната како Ина Многуфина е вџашена од признанието на член на Антикорупциската комисија кој открива дека цели 48 месеци обвинителството не почнало ниту една истрага по претставка од ДКСК.Мистериозната Ина Многуфина чиј идентитет не е јавно познат за многу луѓе, се чуди зошто антикорупционерите земаат плата а немаат никаков резултат.,,Член на антикорупциска вика дека за овие 4 години не е процесуиран ниеден нивни предмет за корупција, непотизам и конфликт на интереси. Па не знам за што ве плаќаме 4 години, да спремите документи и да дигате рамења дека ете други се криви, ние еве све изработивме? Ако не сте способни да се изборите со сите алатки против корупција, што ви е основна дејност, не ви е срам плата шо зимате? Имате медиуми, имате новинари, имате секаква поддршка од народ за борба против корупција. Нз како не ви е срам да објавите дека не ви е процесуиран ниеден предмет 4 години”, пишува Ина Многуфина.ДКСК, претседателката Билјана Ивановска и членовите на комисијата досега не направиле ниту еден сериозен јавен притисок врз правосудството за процесирање на нивните предмети но затоа весели и среќни се сликаа со државниот врв на неодамнешната прослава на комисијата.Причина за реакцијата:„Борбата против корупцијата во последниве денови е главниот збор, кој се слуша, но противречен на тоа е фактот, што не е процесуиран ниеден предмет, кој го започнала Комисијата за антикорупција. Во емисијата ’10 минути’ на ТВ 21 Шемси Салаи, член на Комисијата за антикорупција, изјави дека не е процесуиран во овие четири години ниеден нивен предмет за корупција, за непотизам, ниту пак за конфликт на интереси.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Многу зборови, а малку постапки против корупцијата / Салаи: Ниеден предмет, кој сме го започнале, нема судски епилог“.

Коментари | пред 3 години

317150794_1265692203988399_3418978141005225156_n

„Ист гејт“, „ТЦ Бисер“, Железничка“ се евакуирани, полициска станица добила дојава за бомба

Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.„Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатрон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

doktor-niko

Беќаровски и одговори на германската амбасадорка за „банкнотите во белиот мантил“

Д-р Нико Беќаровски ѝ одговори на германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, која минатата недела изјави дека сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе отидат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, во насока а спречување на корупцијата.„Како човек кој 33 години работи во јавното здравство, најодговорно Ви тврдам дека >90% од здравствените работници во Македонија, најсовесно си ја вршиме својата работа и НИКОГАШ не би побарале или зеле мито од било кој пациент, иако платата на секој здравствен работник во мојата земја, е помала од две обични дежурства на соодветен здравствен профил, во Вашата прекрасна земја.Најголем дел од здравствените работници во мојата земја се материјално сиромашни, но многу чесни и вредни работници, кои својата професија ја одбрале од љубов, а не за материјален интерес, бидејќи носењето на БЕЛИОТ МАНТИЛ во Македонија, но и во екс Југославија, никогаш не била добро платена професија.Всушност секоја година 200-300 здравствени работници од мојата земја, ја прифаќаат Германија како своја втора татковина и ниту еден од нив, никогаш не бил вклучен во било каков коруптивен скандал во Вашата земја, туку напротив трудољубиво и беспрекорно се вклопуваат во Вашиот перфектно уреден здравствен систем.Почитувана амбасадорке, ако навистина сакате да и помогнете на мојата земја и да ни помогнете да ја обелиме извалканата боја на нашите мантили од корумпираните наши колеги, НАТЕРАЈТЕ ГИ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ВЕДНАШ ДА ДОНЕСАТ ЗАКОН ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТОТ ОД 1991 ГОДИНА ДО ДЕНЕС.Со тој едноставен законски акт ќе се направи јасна диференцијација во целото општество, а не само во здравството и образованието.Почитувана екселенцијо, на крај дозволете најдлабоко да Ви се заблагодарам Вас како амбасада, на Вашиот претходен амбасадор и на сите германски државјани, за посетата и донацијата обезбедена од Ваша страна за УК токсикологија во 2018 година, во медицински инвентар кој се уште секојдневно се користи од нашите пациенти и да Ве поканам и ВИЕ да ја посетите нашата Клиника и непосредно да се запознаете со медицинскиот персонал“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-12-04-at-16.32.29

Приватните превозници продолжуваат со блокада само на бул. „Илинден“

Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со блокада на сообраќајот во Скопје, но, според најавите, од 10 часот изутринава нивни автобуси ќе има само на бул. „Илинден“.Тие ќе ги ослободат за движење крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст.Возачите настојуваат Град Скопје да го подмири долгот што го има кон нив, бидејќи во спротивно, како што најавуваат, протестите ќе продолжат и во иднина.Град Скопје денеска ќе објави јавен повик за линиите 20 и 22, но возачите велат дека одлучиле да не се пријават.

Скопје | пред 3 години

1.00_01_57_02.Still004

(ВИДЕО) Повеќе автобуси од луѓе: Кој блокира во Скопје, автобусите или превозниците?!

Протест и блокади можат да се организираат само ако се соберат повеќе од 20 граѓани, превидува Законот за јавни собири по кој постапува Министерството за внатрешни работи. Согласно овој закон, на секоја од блокираните крстосници или булевари, во случајов од приватните превозници, мора да има 20 лица.„Под јавни собири на повеќе од 20 граѓани, во смисла на овој закон, се сметаат собирање на отворен или затворен простор заради остварување на забавни, културни, верски, хуманитарни, социјални, политички, економски, спортски или слични интереси на граѓаните, организирани заради јавно изразување на мислење или протес“, стои во Законот за јавни собири, односно членот 2.„Скопје1“ направи обиколка на булеварот „Илинденска“, а таму, повеќе автобуси отколку граѓани. Во автобусите, можеше да се види по некој граѓанин, седнат на седиштата. Но и тоа беше реткост. Не забележавме 20 лица, што може да се види и од снимката, но паркирани беа над 20 автобуси. Сепак, тоа не е доволно, според законот, за овој протест да биде законски, ако се има во предвид условот од членот 2. Досега имаше барања МВР да постапи согласно законските надлежности да ги тргне блокадите, бидејќи нема услови за одржување на протест со оглед на присутниот број граѓани. Се повеќе коментари има на социјалните мрежи со прашања: „Протестираат автобуските превозници или автобусите?“.Проф. д-р Лазар Јовевски од Правниот факултет посочи дека блокадите се спротивни на закон и образложи зошто.„Јас не знам дали Ленин е близок со „Овој“ или „Оној“, ниту пак ме интересира, ниту знам дали Данела е суетна, или е многу фина, но и тоа не ме интересира, ниту пак сакам да знам кој повеќе вреќи сол може да изеде!? Но две работи знам! Правото на протест (кое е уставно гарантирано право) на граѓаните не може да го ограничува правото на слобода на движење (кое исто така е уставно загарантирано право) на граѓаните! И второ, согласно Законот за јавни собири, МВР има право да го забрани или ограничи правото на протест ако се исполнети одредени услови. Во овој случај условите се исполнети, а тоа е повреда на правата и интересите на поголема група на граѓани. Логично, се поставува прашањето зошто МВР ништо не презема??? Кој ќе ја нодмести штетата согласно членот 7 од Законот? Зошто согласно членот 4 не се гарантира нормално одвивање на сообраќајот? Одговорот нека го бара секој од вас, но тоа што загрижува е дека овој начин на нефункционирање на системот е на штета на секој граѓанин и не е согласно Македонската мера на граѓанско живеење! Не може правото на еден да биде неправо за друг!“, напиша тој.Од утре, останува блокирана само Илинденска и влезот во бараките на Град Скопје.

Скопје | пред 3 години

collage

Празничен скандал ја тресе Академијата за судии и обвинители!

Ниту поштата залутала, ниту адресата на која кандидатурата била испратена е згрешена. Ниту едно оправдување на Академијата за судии и јавни обвинители за тоа зошто во последен момент ја добиле кандидатурата на судијата Андреј Димовски не е оправдано.„А1он“ утврди дека Академијата си ја променила адресата на седиште на нивниот официјален веб сајт пред два дена. Ова значи дека погрешна адреса стоела на сајтот додека се примале кандидатури, а точната адреса е внесена по завршување на рокот за примање кандидатури.На официјалниот сајт на Академијата (jpacademy.gov.mk), кој е регистриран на име на јавната установа, сега стои дека е лоцирана на адреса „Јане Сандански 12, 1000 Скопје“.Архивата на промени од „Гугл“, која ја користеше „А1он“ во текот на проверката, покажа дека до вторникот односно 6-ти декември, на сајтот била впишана адресата „Јане Сандански, 2, 1000 Скопје“. Оваа адреса е грешна. Периодот во кој стои оваа адреса е истиот во кој е активен огласот за кандидатури за директор на Академијата.Повеќе на А1он.мк

Македонија | пред 3 години

gadfgadsfgsdf

Ни срам ни перде: Адеми, Герасимовски и Рајевска оспорени членови на Управен, ќе бираат директор на Академијата за судии и обвинители

Беса Адеми претседателка на Врховниот суд чија снаа е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители, Зоран Герасимовски член на судскиот совет чија судиска функција е во мирување, како и Фиданка Рајевска, член на Советот на јавни обвинители чија обвинителска функција е во мирување ќе треба да гласаат за избор на нов директор на Академијата.Сите оспорени од правната фела. Адеми поради конфликт на интереси и можност за влијание. Герасимовски и Рајевска поради неисполнување на услови и голема концентрација на моќ. Заедничко за сите тројца е што и покрај јавниот аларм, тие не се повлекоа од Управниот одбор на Академијата, туку токму преку овој орган ќе бираат нов директор, но и тоа што молчат кога се прашани која е нивната легитимност во процесот на избор.Повеќе на А1он.мк

Македонија | пред 3 години

317932474_483200477290131_2497987183687764885_n

Можно е Скопје да биде одблокирано, „Слобода превоз“ со нов план

Приватните превозници утрово најавија дека е можно Скопје да биде одблокирано, а протестите да се префрлат само пред бараките на Град Скопје оти како што велат, бесот е кон градоначалниката Данела Арсовска.„Бесот се` повеќе се фокусира кон главниот виновник за состојбата, а тоа е управата на Град Скопје. Се стеснува кругот и на виделина излегува кој е крив за оваа ситуација и затоа е можно фокусот на протестите и блокадите да биде само пред Град Скопје“, рече Кемал Муриќ, раководител на секторот сообраќај и контола во „Слобода превоз“.Денеска е четврти ден како клучни раскрсници во Скопје се блокирани од страна на приватните превозници со 200 автобуси. Превозниците велат додека не добијат барем дел од долгот од 1,5 милион евра нема да се повлечат.Градоначалничката Данела Арсовска, пак, јавно на седница на Советот изјави дека нема намера да им го плати долгот на приватниците, им рече да ја тужат и четири дена откако Скопје е парализирано не се појавува во јавност туку се крие и не одговара ниту на новинарските повици и пораки.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски на лидерскиот самит: ЕУ да не дозволи нови блокади, очекувам интеграција да се базирана на исполнети критериуми

Унијата не смее да дозволи нови блокади. Очекувам од ЕУ да го следи напредокот на мојата земја и придонесот што го дава и да не дозволува уцени од никого. Ајде да зборуваме за критериумите и нивното исполнување. Затоа што кредибилитетот на ЕУ на Балканот се гледа преку примерот на Северна Македонија. Ако се изгуби тој кредибилитет, ЕУ ризикува да го изгуби целиот регион, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на денешниот лидерски самит во Виена организиран од Групата на социјалисти и демократи (Socialists & Democrats) во Европскиот парламентПрашањето за проширувањето на ЕУ повеќе не е само прашање на проширување, тоа е и геостратешко и безбедносно прашање. Оваа војна, меѓу другото, докажа дека за Европа да биде безбеден и силен континент, на ЕУ и треба мирен и интегриран регион на Западен Балкан.Прашањето за проширување повеќе не е само прашање на проширување, тоа е и геостратешко и безбедносно прашање, додаде Ковачевски.-Затоа работевме посветено на влезот во ЕУ и работевме на тоа да го добиеме најдобриот можен предлог од ЕУ во кој ќе бидат вградени нашите позиции и на 19 јули ги започнавме долгоочекуваните преговори со ЕУ. Во тој процес го обезбедивме македонскиот јазик во Европската унија, го заштитивме македонскиот идентитет еднаш засекогаш. Оттогаш го потпишавме договорот ФРОНТЕКС на македонски јазик, кој докажа дека ЕУ е кредибилен партнер и ги исполнува своите ветувања, потенцираше Ковачевски.Обезбедивме дека процесот на скрининг ќе се заснова на заслуги и ние како земја сме подготвени да ги преземеме следните предизвици што ќе не доближат до исполнување на нашата стратешка цел - полноправно ветено членство во ЕУ, додаде претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски во обраќањето пред лидерите.-Нашата напорна работа за членство во ЕУ не е само заради самото членство. Тоа е наше ветување за општество кое живее според европските вредности, општество со подобар образовен, социјален и здравствен систем, земја со просперитетна економија, подобар животен стандард, побогати граѓани, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.Лидерски самит во Виена е организиран од Групата на социјалисти и демократи (Socialists & Democrats) во Европскиот парламент а во партиската делегација на СДСМ учествуваат и потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска и секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ.

Македонија | пред 3 години

43074562_2165386260457477_7180103631398502400_o

Малолетник и тинејџери се уапсени во Скопје, најголем дел во Карпош

На 07.12.2022 во 23.22 часот на паркинг кај спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(20) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.12.2022 во 21.45 часот во близина на спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Р.(24) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.12.2022 во 14.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(20) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.12.2022 во 14.20 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања