ТОП

GTC

И ГТЦ се евакуира, имало дојава за бомба

Градскиот трговски центар добил дојава за бомба. Персоналот вработен во дуќаните се евакуира. Полицијата ги евакуираше и случајните минувачи како и потрошувачи.Дојавата за бомба во ГТЦ доаѓа два дена откако дојава имаше во Ист Гејт Мол. И тој трговски беше евакуиран.Освен ГТЦ дојава денеска имало и во МНР.

Скопје | пред 3 години

291789785_1094485958089494_1119234821880956078_n

МНР е евакуирано

Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи.Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана.Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа

Скопје | пред 3 години

Dragan-Kovacki-23.06.2022

Ковачки до Ковачевски: Откажете се од имунитетот и дојдете на Суд

Дезертерот што одби да си ја брани државата, а сега е премиер, лажно обвинува и дезинформира, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„На чело на државата имаме човек кој не си стои до кажаното и БЕГА од соочување со последиците од неговите неосновани и тендециозни обвинувања.Имено, пред извесен период поднесов тужба против Ковачевски, поради фабрикуваните лаги и неточни квалификации искажани од него кон мене во обид да се одбрани поради своите постапки на кои ниту јас, ниту било кој од ВМРО-ДПМНЕ сме го присилиле (тој избегал од војска во 2001 - и тоа е факт и сега, а ќе биде факт и после 10 години).Тужбата ја поднесов затоа што Ковачевски јавно ме обвини дека:1. Сум кодошел,2. Сум крадел документи од АРМ,3. Сум издавал информации и4. Сум тргувал со информации со странски структури.Ковачевски исто така кажа дека "НАТО не сакал кодоши" со што јавно потврди дека сето погоре што го наведов, дека неговите безбедносни служби веќе вака фабрикувано го испратиле во Брисел со цел оцрнување.И сега, наместо да излезе пред Суд и да ги брани своите тврдења, Ковачевски исто како во 2001 кога избега и се криеше позади неговиот татко (градоначалник) со лажни дијагнози, така и овојпат избега од Судот и се сокри позади ИМУНИТЕТ.Граѓани на Македонија, имаме премиер кој искажува најгнасни лаги и тешки обвинувања за кои откако ќе го повикате да истите ги повтори и потврди со докази, тој БЕГА и СЕ КРИЕ позади ИМУНИТЕТ.Зарем е можно првиот човек на Владата на НАТО членката Македонија, да биде со толку лабилен карактер и со променливо однесување и истиот одново да бега тогаш кога ќе биде исправен пред одговорност?Ковачевски со овој одговор на тужба во кој се повикува на имунитет, ПРИЗНАВА дека ЛАЖЕЛ кога ме обвинувал и негативно квалификувал.Сепак, истиот се плаши да се појави пред Суд, затоа што Судот ќе пресуди дека лажел и клеветел. Затоа, неговите ПР советници и адвокати смислиле дека полесно ќе се справат со критиките од јавноста доколку се повика на имунитет."Силно и одлучно", нема што!Ковачевски, ајде барем еднаш во животот не бидете цвикатор и дезертер. Дезертиравте од војска и се направивте трајно неспособен, бегате од избори, а сега бегате и од Судот. Зошто се плашите?Толку ли не можете да се носите со последиците од сопствените несозреани постапки?Кој Ве тераше лажно да обвинувате и зошто?Така ли си ја замислувате функцијата и демократијата, да си фабрикувате гнасотилаци, а да се криете позади имунитет?Како пратеник избран од народот, Ве советувам: Откажете се од имунитетот и дојдете на Суд.За разлика од 2001 кога голем дел од нас беа и животно загрозени, а лично Вие избегавте, овде нема да Ви биде загрозен животот, туку само ќе се потврди дека сте обичен лажго кој моментално е премиер.Вие Ковачевски немате никаков интегритет за да ја водите државата. Вие сте патолошки лажго кој мисли дека е недопирлив затоа што е премиер и дека нема да носите одговорност затоа што имате имунитет.*Македонија ја води лице кое е негативен пример за сите останати и од кое сите треба да се срамат и оградат“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-12-04-at-16.30.59

Продолжуваат блокадите на приватните превозници

Приватните превозници продолжуваат со блокадите и нивните барања за исплата на како што велат, долгот од Град Скопје.Булеварот „Илинден“ кај Град Скопје и утрово е блокиран на лентите на потегот од Фонтана до крстосницата кај ГОБ „8 Септмври“.Пред почетокот на викендот, приватните превозници бараа средба со премиерот, Димитар Ковачевски, кој пак, истакна дека овој проблем треба да го реши Град Скопје и советниците.

Скопје | пред 3 години

20221211212143

(ВИДЕО) Ученик малтретира наставничка во Велес

Канал 5 ТВ  објави видео на кое се гледа како ученик малтретира наствничка. Според телевизијата се работи за настан кој се случил во октомври 2019 год, нападнатата професорка е со иницијали Б.С., а директорка во тоа време била лицето О.К., која според изворот, не превземала соодветни мерки!Оттаму велат дека бараат од МВР уште вечерва да почне да го разрешува случајот. Во видеото од кои се гледа и се слуша дека ученикот кој снима зборува на албански јазик. 

Македонија | пред 3 години

3

ФОТО: Четири возила судрени, уклучени воздушни перничиња, тешка сообраќајка на “Теодосиј Гологанов”

Тешка сообраќајка се случи вечерва на булеварот Теодосиј Гологанов во Скопје.Во сообраќајката учествуваа четрии возила.Неофицијално во несреќата има повредени лица, но за сега не се знае за сериозноста на повредите. Предниот дел од автомобилите е целосно искршен, а во едно од нив се активирале и воздушните перничиња.Полицијата во моментов го обезбедува местото, а наскоро се очекуваат повеќе детали од МВР.

Скопје | пред 3 години

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

Важно: Посебен режим на сообраќај во понеделник и вторник во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12.12 и 13.12.2022 година (понеделник и вторник) во работна посета на Република Северна Македонија ќе пристигне Претседателот на Парламентот на Р.Косово.Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 3 години

pari-za-izjava

Брутално за корупцијата: Ве молам, немојте да почнете од Перса чистачката. Не е Перса таа која ја претвора државата во коруптивен рај

Ве молам немој да ја сведувате корупцијата на подмитување на шалтерски работници, бомбоњери за медицински сестри и болничари, или цвеќе за 8 март за учителката.Борбата со корупцијата пред се значи борба со:1. корумпираните највисоки функционери во власта кои делат тендери, вработуваат, развиваат сопствени бизниси, работат против интересите на граѓаните и на државата2. корумпираните градоначалници кои ги уништуваат општините, развиваат сопствени бизниси, вработуваат, делат маркици, ја уништуваат животната средина, ги задолжуваат до бесвест општините3. корумпираните јавни обвинители и судии (на сите нивоа и од сите видови) кои го штитат криминалот4. членовите на заштитните механизми (изборна комисија, Уставен суд, народен правобранител, комисија за спречување на корупција, комисија за заштита од дискриминација) кои наместо да ги штитат граѓаните ги штитат властодржците5. членовите на управните и надзорни одбори, регулаторни тела, независни владините тела, кои или немаат никаква улога или имаат улога на заштитници на банките и големите бизниси6. ректорите на универзитетите кои го корумпираат целокупното високо образованиеВе молам, немојте да почнете од Перса чистачката.Не е Перса таа која ја претвора државата во коруптивен рај.Таа е последната жртва која е ставена на отстрел за да може да се извлече мафијата.И не. Не верувам дека било кој од надвор може да се справи со корупцијата се додека внатре не се создаде потребна минимална маса на луѓе кои се спремни да се фатат во костец со повеќеглавата аждаја“.Објава на Фејсбук на професорката Мирјана Најчевска

Коментари | пред 3 години

mickoski-h-3

Комично делуваат пресметките на отворена сцена како крими нарко пресметка на две банди од власта, смета Мицкоски

При денешната посета на општина Велес на настанот „Твојата идеја за промени“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на кавгата помеѓу вицепремиерката Грковска и шефот на ЈО Јовевски истакна дека смешни и комични делуваат пресметките на отворена сцена како крими нарко пресметка на две банди од власта додека корупцијата и криминалот цветаат и затоа се потребни предвремени парламентарни избори.„Па реков дека веќе од сите страни на меѓународната заедница пристигнуваат обвинувања дека исклучително е криминална власта дека има огромно присуство на криминал и корупција интересни а помалку и смешни комични делуваат оние изјави на министерот за внатрешни работи кој што е министер 7 години за внатрешни работи дека сега еве требало да се реагира многу брзо и да се отвори фронт против криминалот и корупцијата, наместо да каже се повлекувам бидејќи не успеав во тоа, интересно и помалку комично и смешно делува кога доаѓа тоа од владини претставници кој што веќе 5 години се власт во Македонија а најинтересно и најкомично делува од политичката партија која што е 20 години дел од власта во Македонија тоа е ДУИ која што вели е сега е моментот кога ќе се борат со криминалот и корупцијата. Ниту имаат намера ниту ќе се борат. Зошто? Затоа што се ортаци со криминалците и затоа што се корумпирани, затоа се потребни предвремени парламентарни избори, нови луѓе да дојдат кои што ќе ги водат тие институции и кои што навистина ќе се справат со криминалот и со корупцијата. Оваа пресметка на отворена сцена ми делува како крими нарко пресметка на две банди од власта на отворена сцена кои што помеѓу себе, поради тоа што не можат да го поделат пленот и да ги задоволат личните интереси се препукуваат по медиумите. Тоа беше јасно покажано преку изборот на последните кадровски решенија во обвинителството за организиран криминал но исто така и во судскиот совет, и гледаме сега што се случува околу портретирањето од страна на вицепремиерката на јавниот државен обвинител кој што патем речено е предлог на таа иста партија за уставен судија. Затоа велам, потребни се предвремени парламентарни избори побргу смена, после смената да дојдат луѓе што ќе ги водат тие институции и потоа одговорност, ако сакаме навистина да се бориме против криминалот и корупцијата, се останато е само една обична претстава“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

most-bliznak-vardar

Лице се фрли од мостот Близнак во Вардар

На ден 11.12.2022 година во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот Близнак на Булевар Србија се фрлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар.На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.При кординативната постапка од Центарот за управување со кризи ова барање е проследено до ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-12-10-at-12.57.54

Мицкоски се закани: Знам кои ги вози возилата вредни над 100.000 евра, за уши ќе ги извадиме кога ќе дојдеме на власт

Христијан Мицкоски, прв човек на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ако дојдат на власт можат да се изборат со корупцијата.„Царина, МВР, УЈП. Само да испитаме сопствениците на луксузни возила. Да се видат приходите кој го пријавуваат и од каде им се парите. И второ, Катастар и УЈП да видиме кои се сопственици на луксузни апартмани и станови и во УЈП да провериме колку данок плаќаат“, вели тој.Според него, не требаат закони, зошто има важечки закон за ова да се испита.„Просто и единставно е, не треба да лутаме. Во Скопје јас вчера видов неколку луксузни возила, секое од нив над 100.000 евра. Точно знам кои се сопственици на тие возила. Знам во кои приградски населби и општини се паркираат тие возила. Знам во кои куќи се паркираат“, додаде тој.Прашан зошто не ги објави со име и презиме рече: Има институции во државата. Кога ние ќе раководиме со тие институции ќе ги објавиме и ќе ги извадиме за уши од таму. И ќе ги конфискуваме“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-11-26-at-14.17.38

Грковска опомената од Јовески: Искажувањата значат мешање во работата на Обвинителството и ја загрозуваат неговата самостојност!

Вицепремиерката Славица Грковска доби реакција од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.Во реакцијата стои:„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ги оценува како неосновани, паушални и неточни личните оценки во однос на неговата и на работата на Јавното обвинителство, изнесени на јавен настап од страна на заменик претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење.Во јавниот настап, во кој таа учествуваше како носител на јавна функција од извршната власт, некои од искажувањата, навидум лични, значат директно мешање во работата на Јавното обвинителство и ја загрозуваат неговата самостојност. Политиката на добро владеење во основа треба да ја почитува поделбата на власта и владеењето на правото.Освен тоа, во јавниот настап, не беше изнесен ниту еден релевантен аргумент за поткрепа на ваквите лични проценки. Упатно и полезно ќе биде доколку заменик претседателката, пред да изнесува лични оценки за работата, го посети Јавното обвинителство и се запознае со реалните состојби и со предизвиците во борбата со криминалот.Нагласувам дека во последниот извештај за напредокот на земјава, Европската комисија не упатува критики на сметка на функционирањето на Јавното обвинителство, туку напротив оценува дека „постои умерен напредок во борбата против корупцијата“, што е впрочем соодветно на целокупната оценка за подготвеноста на повеќето институции во земјава за исполнување на европските критериуми.„Република Северна Македонија продолжува да напредува во истрагата, гонењето и судењето во предметите на корупција, вклучително и предметите на корупција на високо ниво“, стои во извештајот на Комисијата. Притоа, и таму се истакнува дека е неопходно во иднина да се зголемат ресурсите кои се доделуваат на Јавното обвинителство и особено „да се издвојуваат доволни ресурси за Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вклучувајќи и финансиски експерти, со цел да се осигури ефективна одговорност за предметите на корупција на високо ниво“.Тврдењата на заменик претседателката на Влада дека веќе се обезбедени сите услови за ефикасна борба против криминалот и корупцијата не соодветствуваат на реалната состојба.Имено, иако со Законот за јавното обвинителство е предвидено висината на средствата за работа на Јавното обвинителство да изнесува најмалку 0,4% од Буџетот на Република Северна Македонија за тековната година, таа законска обврска за издвојување буџетски средства не е ниту еднаш исполнета. И покрај укажувањата за ваквите состојби, секоја година Јавното обвинителство добива едвај околу половина од буџетот кој го побарува и кој е неопходен за функционирање и за исполнување на задачите предвидени во Законот за кривична постапка. Буџетот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е зголемен во однос на претходните години, но и тој е далеку од реалните потреби.Обвинителството, со оглед на кризата предизвикана од Ковид-19, економската и енергетската криза има разбирање за можностите на буџетот и прифаќа дека буџетските издвојувања за институцијата во последните години се значително подобрени како заложба на Владата, но тоа не е доволно.Заменик претседателката сигурно е запознаена дека Јавното обвинителство работи со помалку од две третини од неопходниот број јавни обвинители, а таа состојба постојано се влошува. Во земјава има помалку од девет обвинители иако според Европската комисија за ефикасност на правдата, во европските земји, тој просек изнесува 12 обвинители на секои 100.000 жители. Состојбата не е подобра ниту кај јавнообвинителската служба, на што укажувам во сите мои јавни настапи. Доколку го посети Јавното обвинителство, изворно ќе биде информирана и за состојбата и за потребите за функционирањето на истражните центри.Непознавањето на состојбите ја доведува да дава несоодветни и непоткрепени изјави и за недоволната транспарентност на обвинителството, која наспроти тоа, во последните години, на очиглед на сите е зголемена. Еве на пример, во последната студија на ставовите и перцепциите на новинарите во поглед на транспарентноста на правосудните институции, изготвена од Здружението на новинари и организацијата Free Press Unlimited, Јавното обвинителство котира најдобро во поглед на транспарентноста во однос на другите правосудни институции.Можеби и мое лично мислење е дека ќе биде подобро и поцелисходно доколку издвоените финансиски средства за функционирање на Кабинетот задолжен за политики за добро владеење се искористат за поефикасна борба против корупцијата, наместо да се трошат за дебати и конференции со занемарлив ефект, но како носител на функцијата Јавен обвинител немам право јавно да ја промовирам оваа лична теза, бидејќи Владата сметала дека е потребно вакво тело.Повеќе пати сум барал и сум инсистирал сите политички и други чинители да ги тргнат рацете од обвинителството. Како Јавен обвинител, но и во името на другите јавни обвинители, укажувам дека нема да прифатиме улога на ученици во која некој ќе ни кажува кој треба и по кој член да одговара, ниту пак да кажува кој, каде и како треба да биде избран. За ова постојат прописи.Очекувам во иднина, заменик претседателката на Влада, соодветно на функцијата која ја извршува, да покаже достојна почит спрема работата на обвинителите за кои паушално оценува дека се луѓе без интегритет кои се плашат дури и да гласаат. Апелирам до сите политичари да се воздржуваат од лични оценки донесени без реални и аргументирани основи и без познавање на состојбите во Јавното обвинителство.​

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-05-093843

Еден загинат во тешка несреќа во Скопје, за малку избегната и втора трагедија

Рано утрово на Булевар Киро Глигоров, во близина на ФОН. Се случија две сообраќајни несреќи.Едната помеѓу „Фијат Пунто“ со скопски регистерски ознаки и непознто возило кое го напуштило местото на несреќата, во која има и еден загинат.Другата сообраќајна несреќа, се случила во моментот додека возачот на „Цитроен“ со скопски регистерски ознаки, бил застанат за да укаже помош на претходно случената сообраќајна несреќа, а откако автомобил удрил во мотоциклист кој заради влажноста на коловозот, се лизнува и паѓа под камион, кој со присебноста на возачот, веднаш застанува, со што во втората сообраќајна несреќа нема повредени и загинати, причинета е само материјална штета.Полиција и јавен обвинител се на терен.

Македонија | пред 3 години

20221209212201

Грковска против Јовески: Не треба да биде уставен судија

Вицепремиерката Славица Грковска во Топ тема на ТВ Телма изјави дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не треба да биде уставен судија.„Не сметам дека треба да биде уставен судија. Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија“, изјави Грковска.

Македонија | пред 3 години

Fotografija-Nazim-Bushi

Синот на Назим Буши е фатен во незаконски дела и пуштен е на слобода, Спасовски го крие случајот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Беззаконието во државата е главна одлика на криминалната власт СДС и ДУИ. Заштитата на криминалот и корупцијата доаѓа директно од првиот човек во МВР, Оливер Спасовски, вели ВМРО-ДПМНЕ„Колку и да се обидува да го сокрие скандалот со дивеењето со автомобил на синот на неговиот заменик, Назим Буши од ДУИ, доказите и сведоците потврдуваат дека во целиот случај вмешани се највисоките структури во МВР.Доказите потврдуваат дека возило, мерцедес со скопски регистарски таблички било запрено од страна на полициски службеници, заради возење со голема брзина.Истото тоа возило, во сопственост на битолска фирма, при обидот за контрола, возилото било со вклучени флешери. Веднаш по запирањето на возилото, по бркотницата низ скопските улици, висок функционер од МВР барал од полициските службеници, веднаш да запре контролата врз возилото и истото да биде пуштено.Функционерот кој вршел притисок врз полициските службеници е Вулнет Аземи, помошник началник на СВР Скопје.МВР на Спасовски се обиде да го заташка овој случај, со тоа што објавија дека ова возило го возел сосема друго лице, а доказите говорат дека возач бил токму синот на заменик министерот Буши, Керим Буши.Токму за тоа и помошник началникот на СВР Скопје, ги натерал полициските службеници да го пуштат возилото, бидејќи возач е синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши.Спасовски не одговори дали фирмата која е сопственик на возилото мерцедес е во сопственост на блиски роднина на Назим Буши.Бидејќи Оливер Спасовски и МВР не одговори на прашањата кои ги интересира македонската јавност, денес на прес конференција ќе објавиме нови детали околу овој случај.Овој скандал мора да биде целосно разоткриен, и сите вмешани во овој случај да одговараат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања