ТОП

Screenshot-2022-11-15-at-13.20.27

„Од денешната седница имаме и лоши вести“, ЗХГ објави детали за седницата на Град Скопје

„Од денешната седница имаме и лоши вести!“, велат од Зелен хуман град и додаваат:❌ Нашиот втор предлог за дополнување на дневниот ред на истата седница – заклучокот за суспензија на урбанистичкиот план околу улицата Васко Карангелески во Општина Аеродром, Советот одби воопшто да го постави на дневен ред!Ова беше поднесено заедно со локалните жители поради градење на булевар до основно училиште, уништување на зеленило и креирање на небезбедна околина за децата и жителите на домот за стари лица на таа улица. Еве што се случи:1️⃣ На граѓаните од Аеродром не им беше дозволено да присуствуваат на седницата, седница што е јавна и на која треба секој според Деловник да добие дозвола за присуство од претседателот на Советот.2️⃣ Заклучокот на ЗХГ не беше прифатен на дневниот ред од службите и беше ставен на гласање од советниците дали ќе стане дел од дневниот ред.3️⃣ ЗА предлогот да влезе на дневен ред гласаа само 9 советници, што не беше доволно, а граѓаните од Аеродром беа повторно изневерени.4️⃣ Сето ова се случи иако предлог-заклучокот го доставивме до сите советници со образложение од 5 страници во кое беа цитирани научни студии и анализи, официјални извештаи и статистики од државни и меѓународни институции и на изработката на оваа издржана анализа работеше мешовит експертски тим од ЗХГ кој се состоеше од стручни лица за урбанизам, сообраќај, хумана медицина, животна средина и правни работи.5️⃣ Ова се деветте од 45 советници кои гласаа ЗА заклучокот да влезе како точка на дневен ред:- Драгана Велковска (ЗХГ)- Горјан Јовановски (ЗХГ)- Страшо Ангеловски (ВМРО и коал.)- Василка Китановиќ (ВМРО и коал.)- Филип Јаневски (ВМРО и коал.)- Теодора Крстевска (ДОМ)- Никола Пановски (ЛДП)- Амар Мециновиќ (Левица)- Александар Николовски (Левица)Ова се советниците кои воопшто имаа желба да се отвори дискусија по оваа точка за да се спречат штетни последици по јавниот интерес.✊ Ние нема да се откажеме од борба, но овој случај е очебиен пример колку е неопходно мнозинство од независни членови на локалните совети кои НЕ гласаат според директиви од центри на моќ.

Скопје | пред 3 години

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Арсовска е болна

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не е на денешната седница на Советот на Скопје, на која, по предлог од советниците од СДСМ, се расправа и за состојбите во јавниот превоз. Претседавачот на Советот Трајко Савески на почетокот на седницата извести дека градоначалничката вчера го информирала дека нема да присуствува на седницата.„Вчера со порака госпоѓата градоначалник ме извести дека, за жал, не може да присуствува на денешната седница од здравствени причини. Ѝ посакуваме брзо закрепнување“, рече претседавачот Славески.Градоначалничката не дојде, па советниците од неа не можат да добијат објаснување за состојбите во јавниот превоз, а не добиле, иако побарале, информација за состојбата во ЈСП, но и покрај тоа дополнителна точка за јавниот превоз беше додадена на дневен ред и за неа има дискусија.„Баравме ваква точка за да не се доведеме во ситуација како советници од медиумите да дознаваме за одлуки кои се однесуваат за јавниот градски превоз, иако и медиумите не се удостоени со информации. Сакаме да добиеме информација од прва рака дали има или нема долг, од ЈСП велат има, Градот вели нема долг. Раскинат е договорот со приватниците, но тоа не значи дека нема долг доколку постои долгот. Се пушти јавен повик, од медиумите дознавме, но сакаме да знаеме кој одлучи да биде само за две линии, зошто баш тие се приоритетни, како ќе се контролираат, како е се фактурира кон нив, сега има една фактура, дали ќе треба нови вработени за да се прават по 50 месечно“, рече советничката Љубица Јанчева.

Скопје | пред 3 години

316802442_1301083134076282_4471817972211446642_n

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Скопје | пред 3 години

policija-bombi_0

Исплашени ученици и евакуирани згради, нови дојави за бомби во училиштата

Исплашени ученици, евакурани згради, губење од настава. Вака изгледаше утрото во 15 училишта во Скопје. Меѓу нив, познато е дека дел се за средно образование во центарот на Скопје и во Карпош. Во дел од зградите е утврдено дека дојавите се лажни, во дел се проверува и натаму.Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од МВР.Средни и основни училишта, трговски центри, станбени згради, министерства и други институции речиси три месеци се мета на лажни дојави за поставени бомби во земјава.До сега е поднесена само една кривична пријава, а премиерот кажа дека тешко односно скоро невозможно е да се утврдат лицата кои стојат зад дојавите.

Скопје | пред 3 години

spasovski

Спасовски е должен да ги искористи сите домашни капацитети, но и странска помош за да стави крај на тероризирањето врз граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски пред еден месец тврдеше дека многу скоро ќе се открие извршителот кој стои зад лажните дојави за бомби кои шират страв и несигурност кај граѓаните. Од тогаш помина цел месец, а бројот на дојави се зголеми и освен јавни објекти цели на дојавите станаа и објекти за домување. Ова е веќе сериозен проблем. Со часови граѓани сред зима се надвор од дома затоа што надлежните не можат да го откријат сторителот или сторителите, вели ВМРО-ДПМНЕ„Спасовски е должен да ги искористи сите домашни капацитети, но и странска помош за да стави крај на тероризирањето врз граѓаните, институциите и компаниите во Македонија. За каква стабилна безбедносна состојба говори Спасовски кога министерството кое го води нема апсолутно никаков успех во справувањето со оваа закана.Ако на ваквата континуирана трауматизираност на граѓаните се додадат другите скандали поврзани со МВР, тогаш Спасовски требаше уште вчера да си поднесе оставка. После скандал како кражба од депо со оружје во МВР, после доделени 215 пасоши на светски мафијаши, после доделувањето на државјанство на лице од црната листа на САД, после давање на тендер за софтвер на компанија од црна листа, после забошотување на скандалот со синот на Буши, после бркањето на полицајците од пункт во Арачиново, после неколку месечен неуспех да се открие кој стои зад лажние дојави за бомби, само човек без грам срам и Оливер Спасовски можат да останат на функцијата министер.Оставка и одговорност за Спасовски мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

1.00_02_00_12.Still006

По девет дена прекинуваат протестите на приватните превозници

Приватните превозници по девет дена блокади, синоќа одлучија да ги прекинат протестите и повлечат автобусите од булеварот „Илинденска” во Скопје.Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски соопшти дека прекинуваат протестите на приватните превозници. Вели дека ќе дадат простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски.„Денеска по овој прес сите автобуси што се на улица да се повлечат, за да му се овозможи простор на дијалогот што тој го предлага и што за нас е основа за средба на која што како што и самиот спомена ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целава оваа состојба од која што и нему и на пошироката јавност после тие средби се надеваме дека како авторитети од висока институција ќе бидат пренесени во изворна форма на јавноста за таа да не се стави во заблуда“, рече Јовановски.Тој инсистира на средбата со Ковачевски да има претставници и од Градот Скопје, но и од ЈСП за да ги соочат аргументите со кои што располагаат сите три страни, за јавноста да биде посоодветна запознаена.Во втората половина на ноември престанаа да возат автобусите на „Слобода превоз“ со барање да им биде исплатен долгот кој им го должи Градот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-12-13-at-19.48.16

Судијката од „Рекет“ сака да стане Апелационен судија, има ли лобирање и конекции со СДСМ

Судијката Васка Николовска-Масевска која го судеше случајот „Рекет“ сега сака да стане апелациски судија. Јавноста за нејзе не знаеше се додека во нејзини раце не беше распределен овој предмет каде ги осуди Катица Јанева и Бојан Јовановски на високи затворски казни. Поради ова, се провлекува прашањето, дали бирањето на Николовска-Масевска за второстепен судија ќе треба да биде нејзина награда за „Рекет“, а имајќи во предвид дека со функцијата ќе добие поголема моќ.Во јавноста се шпекулира дека многумина кандидати имаат свои лоби групи, а зад дел од нив стојат и политичари кои агитираат за глас повеќе од Судскиот совет. Судијката Николовска-Масевска е во роднинска врска со претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев. Додека пак, Џолев беше поврзуван со СДСМ и експремиерот Зоран Заев од страна на опозицијата која пак велеше: „Зоран Заев наредува, Иван Џолев спроведува“.Судијката Николовска-Масевска во моменти кога треба да биде избрана на повисока функција за која конкурирала, има и блиски конекции со СДСМ. Нејзиниот сопруг беше соработник на градоначалникот Петре Шилегов, односно вработен во Град Скопје како советник за стратегија и развој. Воедно, сопругот на оваа судијка и отворено агитираше за партиски пропаганди на СДСМ.Гласањето на судии во Апелација, меѓу кои кандидати е името на Николовска-Масевска доаѓа во време кога во Судскиот совет имаше промена на претседател. Павлина Црвенковска, поднесе оставка од претседателската функција и обвини дека судско-бизнис елита врши влијанија врз членовите. Токму овие членови, ќе треба да дадат глас за судијката која го водеше „Рекет“ да добие повисока функција.Судскиот совет ќе бира судии во Апелација во време кога е обвинуван дека постапува по партиски директиви. Последен случај беше изборот на Весна Дамева за претседателка на овој совет, која пак, претходно била фотографирана со експремиерот Зоран Заев. Членовите и овојпат ќе бидат исправени пред предизвикот, дали ќе одлучуваат според закон или според лобирање.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-13-at-17.59.07

Не смее да се лицитира и дава под закуп челното место во АНБ, ако наддава мијалковиот клиент, хаваријата ќе стигне до Будимпешта, децидна е Ременски

Фросина Ременски, професорка на Факултетот за безбедност, чиј сопруг Јовче Ременски работи во АНБ, прашува: Колку ли долго трае наддавањето за местото прв човек на Агенцијата за национална безбедност и дали таа е "стока" која треба/може да се купи?“Таа за АНБ во која треба утре да се именува директор, објави статус. Упати и порака до Владата и премиерот Димитар Ковачевски.Оваа влада со која раководи претседател на партијата чиишто член сум не смее да лицитира и да го "дава под закуп" челното место на институцијата (АНБ) која се роди по големата хаварија со прислушкувањето, масовното кршење на човековите права и реформата на УБК која транзитираше кон берзата која ја гледаме изминатите месеци. Ова го кажувам јавно и без грам дилема, како човек кој ја породувал слободата од утробата на заробената држава од која се роди дете кое не може да се запостави поради фактот што во меѓувреме се појавија многу "мајки на победата".С'ржта на заробената држава беше претпријатието (УБК) и клиентите на (Мијалков и компанија) - оние против кои се бореше и слободоумниот и правдољубив граѓанин кој немаше партиска определба, затоа што знаеше дека слободата нема цена.Кога од парламентарна говорница говорев дека, "само Сашо Мијалков нема непотизам во УБК, зошто сите се негови клиенти по непотизам" стоев на фактот (како и денес) дека, неговите клиенти (ќерки, снаи, жени, синови, кумови на вработени-извршители) ќе прават се' да го поминат оној т.н, ветинг кон АНБ за кој се кршеа копја при амандманска расправа во која партијат-држава бараше вентил за проток - опстанок. Се протна клиентелата која умешно го криеше Големиот брат, зошто само така тие беа "слободни" во додворувањето при дипломстската фаза на транзит кон одлуката од која треба да зависи дали ќе ги вратиме режимските јатаци облечени во јагнешки кожи и колку добро ја паметиме злоупотребата на тајната полиција за прикривање криминал и енормно богатење.Заврши времето на приватизација и супституција на безбедносните служби и лицитирањето како влез во нова хаварија❗Кога зборувам за хаварии не мислам само на "чудното" провлекување на странска шпионажа преку соработки со "странски" служби и државјанства. Мислам на неколку пријави што сум ги поднела до таа надлежна институција како носител на јавна функција и како совесен граѓанин. Во тие пријави нема "наши" - "ваши". Има работи за кои се боревме "да не се повторат"❗ И додека сите се повикуваат на стратешко партнерсво, САД, ЕУ итн., и се лактаат за таа челна позиција на лицитација пред нос на сите се провлекува хаваријата која како цунами ита кон Скопје и треба да стигне на вечера во Камник, на доручек во Мериот и да заврши на преврска во Систина. Има ли такови јунаци кои ќе ја запрат или ќе ја прегрнат лицитацијата/хаваријата❓ Има - првите не се лактаат, а вторите лицитират.Ако во лицитирањето наддаваат клиенти на Мијалковиот клиент со непотизам, затоа што добро транзитира, ординира и касира, тогаш очекувајте хавсријата да стигне до Будимпешта, а јавниот ветинг да биде предизвик и пораз на заборавените цели. Слободата (бебето) може да го роди идеја, луѓе и храброст, да го лула секој, но да ја (го) храни/дои и искрено љуби само мајката што ја (го) родила. Памет во глава❗ Борбата продолжува, сакал некој или не 🇲🇰 П.С Во моето опркружување нема лактачи и клиенти за лицитирачката трка. Бујрум“, пишува Ременски.

Коментари | пред 3 години

IMG_4256

Полицијата направи „партали“ во Скопје: Осум уапсени на пет локации

На 10.12.2022 во 21.00 часот на подрачје на општина Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Љ.С.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 10.12.2022 во 17.30 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Б.М.(22) и С.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 11.12.2022 во 01.30 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е И.Ј.(25) од с.Кадино, скопско затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 10.12.2022 во 23.00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Н.Р.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 11.12.2022 во 01.30 часот на подрачје на општина Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ф.К.(21) од с. Пирок, тетовско затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 11.12.2022 во 03.45 часот на подрачје на општина Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Ф.М.(20) и С.К.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-12-04-at-16.30.59

За да отидат на средба со премиерот, ги тргаат автобусите од Илинденска: Од утре нема блокади од приватните превозици

Приватните превозници ги тргаат и последните блокади кои ги имаат во Скопје, на булеварот „Илинденска“ пред бараките на Градот. Одлуката дојде откако премиерот Димитар Ковачевски им кажа дека нема да ги викне на состанок се додека не ги тргнат автобусите од улиците, па им порача дека јавниот простор не е нивни туку на граѓаните. Ленин Јовановски, претставник на „Слобода превоз“, а во име и на „Макекспрес“ кажа дека институционално ќе го решаваат проблемот.„Од адвокатите сум известен дека е закажано прво рочиште за долгот на 9-ти февруари, нешто што е прилично далеку. Не сме среќни што оваа работа треба да ја решаваме на суд. Се надеваме дека во меѓувреме, ќе направиме спогодба за тој долг да се исплати пред овие рокови“, кажа Јовановски.Тие го прифаќаат условот на Ковачевски да се тргнат сите автобуси на „Илинденска“ и му кажа: „Не станува збор за притисоци и закани, туку протестот се одвива на начин на кој превозниците сметаат дека можат да ги заштитат своите права“.„Доставено е барање до Град Скопје и службите да го повлечат известувањето за раскинување на договорот на Слобода превоз врз основа на правни аспекти на кои се повикуваме и да се примени одредбата каде за секој спор, да има работна група, па да се обидат спорот да го решат меѓу нас, пред да оди на суд“, додаде тој.Документи ќе бидат однесени и во Владата, од која средба со премиерот Димитар Ковачевски, очекуваат решение за проблемот.

Скопје | пред 3 години

2

Затвореник требало да заработи 45.000 евра во затворот „Идризово“, но го фатија и го гонат

На 12.12.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога презеде мерки и активности во Казнено-поправната установа Идризово, во врска со Р.С. од с.Љуботен, скопско, осуденик кој издржува казна затвор во установата.Имено, на 12.12.2022, користејќи поволност за дозволено користење на излез од казнено-поправната установа, при враќање во затворот Р.С. се обидел да внесе хероин, со висока чистота, спакуван во две пресувани коцки, со вкупна тежина од половина килограм, кој при претрес од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со затворската полиција на КПУ Идризово, бил пронајден и одземен. Пронајдената дрога во чиста форма би достигнала вредност од околу 8.000 евра на големо, а подготвена во пакувања за поединечна продажба и до околу 45.000 евра.Од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога известен е Јавен обвинител од ОЈО Скопје, извршено е вештачење на дрогата од страна на Одделот за криминалистичко-технички истраги и вештачења, а во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело предвидено во член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

03112022_PVRSM_IRL

Невозможно е да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби, кажа премиерот

„Скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата“. Ова е ставот на премиерот Димитар Ковачевски прашан што се презема за да се најдат дојавувачите на бомби во трговски центри, училишта, институции, згради. Ковачевски појасни дека голем дел од дојавите се прават преку т.н. ВПН врски хостирани во странство.„ВПН се виртуелни приватни мрежи хостирани во странски држави. Затоа се работи со партнерски служби. Ова е хибридна војна. МВР работи интензивно со партнерските служби. Да, секојдневно комуницираат. Со НАТО и другите земји со кои имаме соработка. Се прават анализи со службите за безбедност. Што се однесува за мерките по секоја дојава – тие мора да бидат спроведени по протокол, без импровизација. Одделот за антитероризам ги проверува сите училишта за да може да во најкус рок да се утврди дека се лажни дојавите“, кажа Ковачевски.Упати порака до граѓаните да не учествуваат во овие активности.„Безбедноста состојба во државата е стабилна. МВР успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин во нашата држава. Што се однесува на монструозниот чин на дојава на бомби, која прво започна во автобусите во ЈСП, па училиштата во Скопје и други градови, а пријавите се проширија и на трговски центар и станбени работи – тие се поврзани со јавноста која е впрочем еден од клучните работи во делот на тероризмот“, додаде тој.Македонија не е единствена со ваков проблем, додаде тој.„На ваков тип напади масовно се изложени и соседните земји. На пример, вакви последни дојави има во Црна Гора, Србија, како и подалечни земји – Нов Зеланд, Канада, САД, Германија итн. Според експертите од оваа проблематика особено се зголемени по војата во Украина, која е најпогодена од ваквите напади“, додаде премиерот.МВР во однос на дојавите за бомби дејствува со полн капацитет.„Секторот за борба против тероризам до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје за кривично дело тероризам, бидејќи испратил заканувачка порака за поставени бомби во четири училишта. Тој го призна делото“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

IMG_4867

Обвинение за скопјанец кој расцепил врат на полицаец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста според член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 10 декември, извршувајќи работни задачи по претходно изготвен план „Безбеден град“ за подрачјето на Град Скопје, полициски службеник забележал автомобил кој се движел со поголема брзина кон ноќен клуб. Го запрел возилото и се обидел да го легитимира возачот и неговиот сопатник.Притоа, совозачот во автомобилот најпрвин вербално реагирал на наредбата за легитимирање, а потоа започнал да му се заканува и да го навредува полицискиот службеник. Кога полицаецот го предупредил осомничениот да ги почитува наредбите, тој нагло се свртел кон него и со двете раце во пределот на градите се обидел да го завлече. Во тој момент реагирале уште неколкумина полицајци кои се обиделе да го оттргнат осомничениот и да му стават лисици на рацете, но тој продолжил да дава активен отпор. При туркањето, еден полициски службеник се здобил со телесна повреда – расцепна рана на вратот.Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходната постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Македонија | пред 3 години

297892225_5330739040380889_2339144490100086181_n

Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 % во однос на одлуката од 9.12.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,878%, кај дизелот за 2,729%, кај екстра лесното масло за 2,516% и кај мазутот намалувањето е за 2,069%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,151%.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,686 ден/кг и сега ќе изнесува 39,370 ден/кг.Од 13.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 78,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 39,370 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.12.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

bislimovski1

Се поизвесно дека ќе има ново поскапување на струјата

Од 1. јануари ќе има нова цена на струјата. Она што е познато дека ДДВ-то од 5% ќе се врати на 10%, што значи дека сметките ќе бидат повисоки по овој основ. Меѓутоа првиот човек на РКЕ Марко Бислимовски вели дека е можно дополнително да поскапи, поради тоа што цената на струјата на берзите е екстремно висока.„Да видиме по која цена ЕСМ ќе понуди на ЕВН хоме. Во моментов таа цена е 48 евра за мегават час, која е далеку пониска отколку што е реалната цена на ЕСМ. Понатаму, треба да видиме колку ќе бидат трошоците за загуби на електрична енергија, односно цената која што ќе се понуди на тендерите кои што ги распишаа МЕПСО и ЕСМ. Доколку на тие тендери има екстремно високи цени, што е многу веројатно бидејќи цената на КУПЕКС во моментов е над 400 евра за мегават час. Ќе видиме дали тогаш ќе има потреба повторно ЕСМ да дава далеку пониска цена за загубите отколку таа што би била на слободниот пазар на електрична енергија. Кога ќе ги имаме резултатите од овие 3 тендера кои горе долу ќе завршат во ист период, тогаш компаниите ќе достават барања до РКЕ и врз база на тие трошоци кои што ги имаат ние ќе донесеме соодветна одлука“ – рече Бислимовски.Тендерите треба да завршат во наредните денови, а РКЕ е должна пред 1 јануари да ја соопшти новата цена.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања