ТОП

Teodora-Gencovska

"Бугарија не го признава македонскиот јазик", вели Генчовска

Протоколот содржи исклучително амбициозни мерки, кои во пракса имаат за цел да решат многу од отворените прашања. Ова не е документ сам по себе, туку составен дел од пакетот на таканаречениот „француски предлог“.Оттука, ние продолжи работата на ниво „експерти“ со тим од Репоблика Северна Македонија, рече денеска бугарската министерка Теодора Генчовска во Софија на прес-конференција по церемонијата на потпишувањето на билатералниот протокол за спроведување на Договорот за добрососедство, за кој бугарските медиуми известуваат дека ќе биде дел од преговарачката рамка на Скопје за членство во ЕУ и содржи мерки за наставните програми за историја, говор на омраза и култура.Генчовска рече дека отсега зависи само од Македонија кога земјата ќе влезе во ЕУ и колку долго ќе се одолговлекува преговарачкиот процес.– При одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција. Дури по овој процес ќе има втора меѓувладина конференција, по што всушност ќе започне преговарачкиот процес. Овој период зависи од властите во РСМ, може да трае три месеци, како што беше при промената на името на државата, може да трае две години. Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на РСМ. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик“, нагласи таа.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-17-at-10.29.57

Анализа: Мнозинство пратеници од Македонците не дале поддршка за францускиот предлог, загрозена е уставната еднаквост на сите граѓани

Поранешниот пратеник Илија Димовски, смета дека е загрозена уставната еднаквост на граѓаните. Тој објави бројки, колку пратеници кои гласале „за“ се Македонци, Турци, Албанци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи.Неговата анализа во целост:Загрозена е уставната еднаквост на граѓаните......🟥🟥🟥 Бројки: 🟥🟥🟥➡️ Од 120 пратеници во Собранието на Република Македонија:- 80 се Македонци- 32 се Албанци- 02 се Труци- 02 се Срби- 02 се Бошњаци- 01 е Ром- 01 е Влав➡️ Од 80 пратеници Македонци:- 32 гласале ЗА- 48 не гласале➡️ Од 32 пратеници Албанци:- 30 гласале ЗА- 02 не гласале➡️ 0д 02 пратеници Турци:- 01 гласал ЗА- 01 не гласал➡️ Од 02 пратеници Срби- 01 гласал ЗА- 01 не гласал➡️ Од 02 пратеници Бошњаци- 02 гласале ЗА➡️ Од 01 пратеник Ром- 01 гласал ЗА➡️ Од 01 пратеник Влав- 01 гласал ЗА.....🟥🟥🟥 Факти: 🟥🟥🟥➡️ Мнозинството пратеници кои гласале ЗА не се Македонци, од 68 само 32.➡️ Мнозинството пратеници Македонци не дале поддршка на одлуката, од 80, дури 48.➡️ Одлуката која се однесува на македонските културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики нема поддршка (ниту формална) од македонскиот народ......🟥🟥🟥 Заклучоци: 🟥🟥🟥➡️ Загрозена е уставната еднаквост на сите граѓани.➡️ Македонците во Македонија немаат право да одлучуваат за себе и да ги заштитат своите културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики како што другите имаат право.➡️ Ваквото уредување ќе мора да се смени и граѓаните ќе мора да се стават во еднаква позиција и со еднакви права без разлика на нивната етничка припадност.

Коментари | пред 3 години

osmani

Што носи протоколот: „Сменети учебници, цензура, пропаганда со државни пари и којзнае уште што“

Министрите Бујар Османи и Теодора Гнечовска денеска ќе го потпишат протоколот чија содржиа за македонските граѓани е целосно непозната. Иако се инсистираше да се знае кој ќе бидат обврските на Македонија, а поврзани со историските прашања, овој документ се крие и ден денска.Кристичарот Божидар Божиновски им посочи на македонските политичари да не се сомневаат дека еден ден ќе лежат многу години затвор, по што додаде „Борбата почнува“.„Османи утре ќе го потпише протоколот. Успешно цела кампања ја истераа фокусирана кон рамката (која на почеток го содржеше, а потоа е изваден од рамката, но сепак задолжителен). Спротивно од тврдењата дека протоколот не е објавен, објавен е од бугарски медиуми, а пренесен кај нас уште кога стигна францускиот предлог. Потоа тргнат на страна, не само што е е неповолен туку е велепредавство и казниво по закон затоа што ја става Македонија во потчинета улога кон друга држава.Спротивно на тврдењата за зачуван јазик, тие се чиста лага затоа што Софија ќе има надлежност и над нашите учебници, а ако не ги исполнуваме нејзините желби ќе има вето.Еве го протоколот:- учебници и образование диктирани од Софија. Тука може да се сме и историја, историја и потекло на македонскиот јазик, бугарските ѕверства да се избришат, Илинденците да се Бугари… Низ оваа мала врата можат да прават што сакаат- историјата која не е во согласност со бугарските е говор на омраза. Вистината станува говор на омраза, цензурата на историските факти ќе е секојдневие, ако не ја признаваш лажната историјата диктирана од Софија тогаш шириш говор ма омраза. Ова ќе е цензура која ќе биде злоупотребена- со тоа што на Бугарија и го даваме образование и надлежност за гонење за говорот на омраза тука е рушење на суверенитетот и институциите на Македонија што ја става во потчинета положба кон друга земја- предвиден е фонд за снимање на пропагандни филмови, документарци, за пропагандни книги кои ќе мора да ги плаќамеДа не се сомневате дека еден ден за ова ќе лежат многу години затвор. Дури и оние кои се најубедени дека ова е за “голтање” за брзо ќе сфатат што треба да голтнат. Тогаш ќе голтаат уште само партиските полтрони - месен нарезак во Идризово заедно со нивните предавници.Борбата почнува“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n

Никој не гласаше против францускиот предлог, а мнозинството си го изгласа со 68 гласа „за“

Со 68 гласа „за“ Собранието ги усвои заклучоците по информацијата за францускиот предлог и ја задолжи Владата да го продолжи процесот и да ја усвои преговарачката рамка.Пред гласањето пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија салата откако три дена нивните пратеници од говорницата бараа да се гласа против францускиот предлог.Пратениците од СДСМ и коалицијата откако претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека заклучоците се усвоени со 68 гласа „за“ , резултатот го поздравија со аплауз и ги развеаја македонското и знамето на Европската унија.

Македонија | пред 3 години

03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Ковачевски: Заклучоците на Собранието го штитат македонскиот јазик и идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека заклучоците кои ги изгласа Собранието ќе бидат основата за преговорите и евроинтеграциските процеси.,,Целта на тие заклучоци е токму заштитата на македонскиот јазик и идентитет. И не само оваа Влада туку и сите наредни влади кои што ќе преговараат со ЕУ кои што ќе потпишуваат документи со ЕУ ќе треба да ги имаат пред себе заклучоците на Собранието на Република Северна Македонија. Како што преговарачката рамка која што денеска ја имаме пред нас, која што ја имаше на увид целата македонска јавност, како што ја имаа на увид сите експерти, сите медиуми, сите членови на парламентот во која што јасно е наведен македонски јазик без никакви фусноти, сите документи на ЕУ во иднина до крај, до пристапување во ЕУ ќе треба да бидат со таква дефиниција чиста на македонски јазик.Истото тоа се однесува и на мултилатералните документи кои што Република Северна Македонија ќе треба да ги потпишува, првиот кој што ќе треба да биде потпишан е договорот Фронтекст во кој што ќе треба да стои чист македонски јазик”, рече Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Она што денес го усвоија и се согласија е предавство на Македонија и македонскиот народ. Целосна бугаризација и асимилација на Македонија, ова преставува срам за целата држава.Антимакедонската СДСМ и предавникот Ковачевски наместо на страната на народот кој со денови маршираше и протестираше против овој асимилаторски предлог, се ставија на мрачната страна на историјата.Антимакедонците од СДСМ со овој штетен предлог кој си го усвоија во владата се откажаа од македонската историја, македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот индентитет.Овие антимакедонци се предавници на македонскиот народ.Информацијата која денес ја изгласаа антимакедонците од СДСМ нема никакво значење, затоа што преговарачката рамката ја условува Владата, а тоа е промена на Уставот на државата со цел вметнување на Бугарите во Уставот. Промена на Уставот на Македонија нема да има, а тоа нема да го дозволат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.Исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени.ВМРО-ДПМНЕ е за преговори со ЕУ на рамноправна основа и целосно почитување на европските вредности.За многу брзо за сите предавства и погубни политики за државата и македонскиот народ од страна на антимакедонската СДСМ ќе им дојде крајот и ќе дојде ден кога сите тие ќе одговарат за штетите кои ги прават врз државата и граѓаните.Стоп за предавствата, долу за предавниците.

Македонија | пред 3 години

brat-na-martin-potraga

Потрагата по Мартин нема да запре, еве како може да се помогне на семејството

7-ми ден потрага по 31 годишниот Мартин Јовановски кој исчезна во водите на егејското море кај Посиди, Халкидики. Денеска на бродчето на спасувачката служба ОФКАТ се приклучи и неговиот брат Горан кој пристигна од САД.– Втор ден полета авион од солунски аероклуб кој трага на плажите Катерини и Лариса. Во потрагата од денеска учествува и неговиот брат кој утринава дојде од Америка, а попладне ги чекаме и доброволците од Скопје кои ќе помогнат. Борбата продолжува, објавија од ОФКАТ.На социјалните мрежи веќе неколку дена се организираат граѓаните за помош на семејството но и за да се приклучат кон потрагата викендов на Халкидики.На фејсбук групата “Сите за Мартин” има објави со кои се бараат опрема доброволци логистика, возила, дронови лица со параглајдери, едрилици, чамци, глисери, финансиска помош за гориво и дрМартин исчесзна откако со уште двајца другари влегле во морето да пливаат но ги повлекле јаки струи кај Посиди. Васил и Иван беа спасени но на Маритн му се губи траг.На фејсбук е формирана група Сите за Мартин на која се споделуваат информациите за потребите на неговото семејство за активната потрага. Адресата е на линкот.Вчера граѓаните и хуманитарците собрани за помош на семејството имале состанок по кој објавија и соопштение за ургентните потреби на семејството кое трага по својот најблизок син и брат.На вчерашниот собир што го имавме во Градскиот парк за помош во пронаоѓањето на Мартин и поддршка на неговото семејство во потрагата се согласивме дека на неговото семејство ќе му треба помош во следното:*Луѓето кои имаат познавање на грчкиот јазик*Луѓе кои поседуваат дронови*Параглајдери(поединци или тимови)* Клубови за брод, сопственици на чамци од која било форма и големина да се приклучат*Донации за поддршка на потрагата и плаќање на чамците, авионите, горивото и приватните спасувачки екипа*Волонтерите се најпотребни и во моментот* Кога и да ја споделите или реобјавувате оваа или која било друга содржина во врска со Мартин и потрагата за спасување, ве молиме означете ги официјалните институцииСекој друг предлог е повеќе од добредојден, а помошта во која било форма е најмногу ценета.Да ги здружиме нашите сили и да направиме сè што е во наша моќ да го вратиме Мартин дома.За донации од Македонија:200003989311717Stopanska Banka AD SkopjeЦел на дознака: Донација за МартинШифра за плаќање: 562Name: Ivan GjorgievskiАдреса: Ул.Тодор Александров бр. 4а1000, SkopjeЗа донации од странство:Ф: MK07200003989312202SWIFT КОД : STOBMK2XStopanska Banka AD SkopjeОднапред ви благодарам за се што направивте, правите и ќе направите за да го поддржите неговото семејство во овие тешки моменти!Бог да благослови!

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-16-at-09.45.35

„Кај видовте пиштол? Човекот носеше цвеќе за полицајците“, катаклизма од коментари откако пиштолот не бил пиштол

Јавноста е речиси згрозена откако Обвинителството излезе со информации дека едно од лицата со пиштол на плоштадот кај Скендербег, не користел огнено оружје. Ова наиде на револт и саркастични коментари, но и мислења критички за обвинителот.https://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1548029452050845697?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/JasTheGreaTTT/status/1548029005571375111?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1548027422099906561?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3A https://twitter.com/RedDevil_xoxo/status/1547996177928376323?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/Druggy_xy/status/1548005514461605888?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/rmcfmk/status/1547964578432028673?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/TempliSignum/status/1547991941643546630?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/posleDIKnaPIK/status/1547979317191200770?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/baljumbaljum/status/1547973460776738821?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/TheFitzzz/status/1547974123451625476?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/J_i_m_m_yBE/status/1547968427339395075?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/voyoob2/status/1547957327088668673?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1547954130974519296?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/chgvr/status/1547946744339501059?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3A 

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-202739

Во 12 пред Собрание ќе се случува народ, Левица: Последен ден на расправа е, насилнички ќе се турка

Улицата пред Собрание е блокирана, а протестите продолжуваат од 12 часот.Повик на социјалните мрежи објави Левица.Тие велат: „Денес е последниот ден од собраниската расправа, на која михајловистичката СДС и амнестираната ДУИ се обидуваат насилнички да го протуркаат ,,францускиот предлог" на ЕУ за бугаризација на Македонија“.„Како што заеднички и обединето протестиравме изминативе две недели, ве повикуваме на последниот ден, во што поголем број, во 12 часот пред Собранието на Република Македонија. Македонија е заробена од окупациона влада, која нема слух за 75% од граѓаните кои се изјаснаа против францускиот предлог.Затоа ве повикуваме во што поголем број пред Собранието - за предавничките пратеници од власта да го слушнат вашиот глас, додека внатре бесрамно ја негираат волјата на мнозинството македонски народ. Ве повикуваме за гласно НЕ против врховизмот на власта - додека квинслишките СДС и ДУИ ги бранат шовинистичките позиции на Бугарија. Ве повикуваме за гласно НЕ против бришењето на АСНОМ, за гласно НЕ против фуснота на македонскиот јазик, за гласно НЕ за ревидирани учебници под диктат на Бугарија.Конечно, хибридниот режим денес нека го слушне крикот на отпорот на народот. Се гледаме во 12:00!“, напишаа Левица.

Македонија | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n

Џафери ја прекина седницата за францускиот предлог, откако Левица повика народ пред Собрание и предвиде дека ќе се гласа

Собранието втор ден расправа по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година.Расправата ќе продолжи утре во 11 часот.И денешната расправа се одвива на ист начин како вчерашната. За збор се пријавуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и говорат против францускиот предлог, а кога ќе се пријават пратеници од СДСМ за реплика во салата има неподнослива бука предизвикана од вувузели, труби и свирки со кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги попречуваат да говорат.Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата за францускиот предлог, откако Левица повика народ пред Собрание и предвиде дека ќе се гласа.Пратеникот на Левица, Борислав Крмов преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат пред Собранието.„СИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ, СИТЕ!!!Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај!Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов.

Македонија | пред 3 години

13

Итен повик: „Сите пред Собрание, сите! Излегувајте!“

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат пред Собранието.„СИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ, СИТЕ!!!Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај!Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов.

Македонија | пред 3 години

dimitrov

„Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме“, вели Димитров

Земјата сепак се врти Фарса, меѓу другото, се дефинира како настан или ситуација што е апсурдна. Деновиве во Собранието се одвива токму фарса, за две суштински важни прашања за македонските граѓани - нивната европска иднина - и за Македонците - нивниот македонски идентитет и јазик, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.„Собранието имено расправа за тоа дали да усвои заклучоци со што ќе ја задолжи Владата да ја усвои преговарачката рамка, но и да не преговара за историски и идентитетски прашања, што е спротивно на самата рамка и заклучоците на советот и воведната изјава на ЕУ.Апсурд!Притоа, за соседна Бугарија протоколот е најбитниот елемент од пакетот и затоа впрочем им беше поделен на пратениците кога тие расправаа за пакетот.Па Дојче Веле го објави протоколот што поминал низ нивната собраниска Комисија, најофицијален документ, не беа тоа некои спинови или полувистини.Најофицијален документ за кој расправаа бугарските пратеници, а овде де го немаат видено, де не постои, де постои ама не е потпишан, де е билатерален (Стево Пендаровски) де не е...Кај нас дрскоста оди дотаму што овој клучен документ (да повторам - што ги помина сите филтри на бугарската демократија и институции) се сведува на форма (записник од втората меѓувладина Скопје - Софија) иако неговата содржина е всушност договор за точките 5+1 (односно 4+1 по едностраната концесија на владата).Да немате дилема - од исполнувањето на задачите во протоколот ќе зависи дали воопшто ќе го отвориме првиот кластер (Фундаменти - најважниот, каде се и владеење на право и борба со корупција) и како и дали ќе се движиме напред или назад во процесот.Самиот Претседател тоа го кажа во последното интервју, каде во збирот на тези и антитези ако убаво го следевте јасно кажува дека од билатералните прашања ќе зависи напредокот.Затоа да се крие овој текст е голема измама. Како што впрочем беше измама и целото салто мортале од она историско НЕ во ова ДА, за предлог што е апсолутно суштински идентичен со одбиениот.Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во Собранието ни кажа убави работи. Убави, до душа малку и невешто изведени, и во најавата и денот потоа.Што е за право, целиот процес нема да зависи само од комисијата. Абер стигна и од Париз и од Берлин.Но, дури и овие убави зборови ги немаат напишано во документите. Немаме право на наивност по сите убави пораки пред референдумот за Преспанскиот договор.Тоа што е битно се документите. А во документите јасно стои дека Протоколот (овој вториов) е суштински дел од пристапниот процес, дека за неговата содржина и имплементација ќе известува самата Европска комисија и дека и од тие наоди, покрај оценките за реформите, ќе зависат следните чекори за поглавјата и кластерите.Затоа што требаше?Прво отворено да се презентира вистинската ситуација пред граѓаните и да се бара чаре за како понатаму.Со овој лош предлог.Наместо со загриженост да ги отвориме сите дупки и опасности пред нас и да зборуваме како да се обезбедиме како нација од сите опасности што неминовно ќе ни бидат на патот, дебатата се сведе на вербален линч на критичарите. Целата стручна јавност, и дома и надвор има негативен став за Предлогот.Кому помагаат лагите? Па минимум одговорност во вакви историски моменти каде се крои иднината на следните децении налага да се зборува искрено и да се впрегнат сите општествени сили во изнаоѓањето на решенија и планови - како понатаму?Знаете веќе сите дека преговорите нема вистински ниту да ги почнеме пред да го смениме Уставот. Да вметнеме Бугари, при што Бугарија на целиот глас кажува дека не го признава постоењето на македонскиот јазик, а со тоа и нашето мнозинство - македонскиот народ. Тие кои се против ова понижување утре ќе бидат прогласени за виновници што не одиме кон ЕУ.Притоа, без никакви гаранции дека нема да има нови барања (една од црвените линии што се стопи).Без никаква мотивација да заврши процесот, напротив (без уште една црвена линија - отворањето на Уставот да биде на крај).Колку подолго ќе трае пристапниот процес, толку повеќе време за етничкиот инжинеринг како нескриена амбиција на официјална Софија.Ги слушам тезите дека никој не може да ви го земе идентитетот. Тоа е точно. Но, бидејќи амбицијата на Софија сега е легитимирана и вградена во пристапниот процес, таа невозможност го прави и процесот на зачленување во ЕУ невозможен.Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме.Ќе биде многу тешко, можеби и невозможно да се поправи оваа историска грешка.За неколку месеци се’ ќе стане јасно и на тие на кои сега не им е докрај јасно што зборувам.Посебно ако се смени Уставот. Отворањето на првиот кластер ќе зависи од исполнувањето на задачите од протоколот.И тогаш кога од историчарите, наместо од реформите ќе ни зависи европската иднина и кога ќе имаме вечна и отровна политичка криза, нема да ни биде никаква утеха кога многумина ќе имаме легитимно право да ви посочиме: "Ама нели ви рековме".Галилеј соочен со апсурдот и бруталноста на инквизицијата кажал: "сепак се врти" - реченица што останува низ вековите да одекнува за единствената вистина дека фактите се факти и дека нив можете да ги покривате, криете, разубавувате, спинувате - ама од нив бегање нема.Белким ќе бидеме доблесни конечно да зборуваме за нив со отворени карти“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Тепачка во Собрание: Малку фалеше Апасиев да рашамара пратеник на СДСМ

Малку недостасуваше пратениците Мартин Костовски и лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев и физички да се пресметаат во Собранието на Р.Македонија. На настанот претходеше вербална расправија помеѓу Апасиев и Талат Џафери кој му се закани на лидерот на „Левица“ дека ќе му го „искршел прстот“.Костовски, во обид да го одбрани Џафери од критиките на Апасиев, го удри по раката по што следуваше размена на навреди, а малку недостасуваше да дојде до физичка пресметка.Пратениците од владејачкото мнозинство се почесто покажуваат нетрпеливост и агресија, а неретко се случува и да довикуваат навреди на пратениците од опозицијата.Видеото можете да го видите тука

Македонија | пред 3 години

dgasdgasg

Прва победа на Боки 13 и Катица Јанева пред судот

Судијата Андреј Димовски реши дека бизнисменот Јордан Камчев не може да добие назад 1,5 милиони евра од Катица Јанева, Бојан Јовановски-Боки 13, Јавното обвинителство и СЈО. Според него, Камчев немал својство на оштетен за да ги добие овие пари, туку е само сведок. Но посочи и дека не може да се бараат пари дадени за коруптивно влијание.„При одлучувањето, дилемата пред која беше исправен судот беше дали може да се пружи судска заштита на оној кој се повикува на сопствениот дигнитет. Со други зборови, дали може да се заштити тужителот кој знаел дека презема дејствие кое е недопустливо од аспект на законските норми. За оваа дилема, судот го примени начелото ‘никому не може да се дозволи сопствените недопустливи постапки да чини основ за судска заштита’. Кога некој ќе преземе обврска врз основа на договор кој е спротивен на првните прописи, таа обврска не е правно важечка. И тоа, обврската постои како натурална облигација, но странката не може да го бара назад она што го дала врз основа на натурална облигација. Странката која дејствувала несовесно, односно знаела дека чини нешто што е недопустливо, не може да го бара назад она што го примила странката која дејствувала исто така несовесно.“, објасни судијата Димовски, пренесува „А1он“.Ова е прва победа на Боки 13 и Катица Јанева во судот, откако претходно беа осудени на високи затворски казни за „Рекет“.

Македонија | пред 3 години

protest-incidenti

Кај Скендербег е пукано со пиштол кој не е огнено оружје, нови детали за инцидентите

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.На 6 јули, кога толпата учесници на јавен собир се приближиле кон плоштадот „Скендербег“ во Скопје, осомничениот бил дел од група граѓани на плоштадот кои влегле во расправија и меѓусебно фрлање со предмети со учесниците на протестот. Во тој момент, осомничениот извадил пиштол за светлосно-звучна сигнализација марка „EKOL Arаs Magnum” и испукал еден куршум во воздух. Со вештачење е утврдено дека станува збор за пиштол во кој внатрешноста на цевката е изведена со препрека која оневозможува истрелување на проектил од огнострелна муниција, па пиштолот не претставува огнено оружје.Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот му определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, задолжително повремено јавување кај надлежен орган и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и против две лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Тие се осомничени за учество во толпата што изврши кривично дело насислтво пред зградата на Собранието за време на протестите на 5 јули, фрлајќи камења, бекатон плочки, железни предмети, корпи за отпадоци, сообраќајни знаци и други предмети кон полицискиот кордон, при што на еден полициски службеник му беше нанесена тешка телесна повреда, а беа повредени и уште 27 други полицајци. За време на настанот беше нанесена и материјална штета на зградата на Собранието, беше оштетена полициска опрема и едно полициско возило.За осомничените судијата на претходна постапка опртедели мерка куќен притвор во траење од 8 дена.​​

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања