ТОП

pendarovski-nato

Изјава на претседателот Пендаровски по повод почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ

Им честитам на сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. И покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда.Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации, каде македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Унијата.Нѐ чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети за понатамошните фази на процесот на преговори.Благодарност до сите кои низ годините беа дел од институциите кои работеа на пристапувањето кон Европската Унија и максимално се вложуваа за успешна евроинтеграција.Да овозможиме европските вредности на слобода, демократија, правда, различност и просперитет да завладеат и кај нас дома, во нашата заедничка татковина.

Македонија | пред 3 години

fsadfasd

Апасиев: Го шитнаа народот за една фотосесија

Пратеникот Димитар Апасиев, кој е и лидер на Левица, посочи: „Ќе победиме“. Тој за денешното патување во Брисел на половина од македонската Влада вели дека е само фотографирање.„За една фотосесија на ко божемска "конференција" која не постои во европското право - го шитнаа и народот, и јазикот, и културата, и историјата и Републиката!? СДС не е партија. СДС е дијагноза“, напиша Апасиев.Инаку, во Брисел се одржува првата Меѓувладина конференција.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Уставните измени мора да се случат. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, се обрати до опозицијата, која е децидна дека нема да гласа за промена на Уставот, да докажат дека се посветени да се случи членството на Македонија во Европската Унија.„Во врска со уставните измени, мислам дека е јасно дека тие мора да се случат. Постои јасна посветеност, не само од Владата туку и од Собранието. Токму поради тоа кажав дека ова е најдемократскиот начин да се добие мандат за Владата. Затоа што, уредувањето на францускиот предлог вклучува дел од компетенциите на Собранието. Затоа беше важно да се слушне Собранието и Собранието јасно покажа дека се подготвени за вакво нешто“, кажа Вархеји.Тој изрази надеж дека и опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои кажаа дека нема да гласаат уставни измени, а без кои нема мнозинство, ќе се вклучат во работата за европска иднина.„Искрено се надевам дека сите партии, вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина, дека нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја носат земјата напред. Емоции кои нема да резултираат со ништо битно во земјата. Ја повикувам опозицијата, а имав прилика да видам како се надминаа границите на европски вредности. Но се надевам дека со оваа одлука денес, можеме да свртиме нова страна и да работиме, С. Македонија да стане земја членка. Ги читав изјавите на опозицијата, тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство на земјата. Ајде да го докажеме тоа“, додаде Вархеји.Во врска со извештаите кои се бараат со францускиот предлог, а се однесуваат на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија, Вархеји даде свое објаснување.„Извештаите на Комисијата се годишна активност. И можеби медиумите не го откриле тоа, но известуваме за овие прашања, добрососедските односи, со сите земји кои пристапуваат. Самото посебе, известувањето постои за да ги презентира фактите, не само за земјите членки туку и јавноста“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

СДСМ и ДУИ водени од болна амбиција за власт, дозволија Бугарија да го оспорува македонскиот јазик, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ги лажеше граѓаните дека македонскиот јазик е загарантиран и никој не го оспорува. Вистината е дека СДСМ со своите предавнички политики им отвори врата на негаторите на македонскиот јазик и идентитетот постојано да оспоруваат. Последниот доказ за тоа е изјавата на бугарското МНР кое тврди дека за нив македонскиот јазик е непризнат. Ова е огромен дипломатски пораз за Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ„Дипломатијата на Ковачевски и Османи дозволи Бугарија да подготви документ поврзан со нашето пристапување во ЕУ, во кој го оспорува македонскиот јазик и го нарекува бугарски дијалект. Тоа е срамно и преставува предавство. Дека оваа власт на СДСМ и ДУИ ништо не загарантирала говори и изјавата на портпаролката на ЕК, што целосно се коси со уверувањата кои ги даваат владините функционери. Ова покажува дека власта на СДСМ и ДУИ водени од болната амбиција за власт, распродаваат и асимилираат се што е македонско.Предавникот Ковачевски треба да знае дека за овие велепредавства ќе одговара. И ќе има одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-09.02.29

Фон дер Лајен се обрати: Албанија и С. Македонија ги почнуваат преговорите

Луѓето од Албанија и Северна Македонија го заслужуваат ова. Ова е ставот на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Таа кажа дека денеска двете држави ги отвораат пристапните преговори со ЕУ. За неа, ова е успех на граѓаните и државите.„Македонија набрзо ќе преговара со нас за ФРОНТЕКС. Тоа ќе ја зацврсти нашата соработка за миграцијата. Можете да сметате на мене за да бидете сигурни дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик без фусноти. Ќе има зголемени инвестиции, подобрени трговски врски, подобра соработка за енергетиката и транспортот. И ова е она што вашите граѓани го чекаа толку долго и го заслужуваат. Покажавте лидерство, стратешко трпение. Особено Еди. Покажавте дека сте вистински пријатели и партнери“, посочи Урсула Фон дер Лајен.Таа посочи дека се покажало отпорност и задржана е вербата во пристапниот процес со борбата против корупцијата, зацврстување на правото, добро граѓанско општество, бројни реформи.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-09.11.42

Прво обраќање на Ковачевски од Брисел: Ова ќе биде исориски ден, денеска конечно ги отпочнуваме преговорите

Премиерот Димитар Ковачевски очекува Македонија да биде пример за најбрза интеграција на државата во ЕУ. Тој рече: „ова ќе биде историски и добар ден, кој ќе обезбеди европска иднина“.„Нивната заложба беше клучна во Брисел да го направиме првиот чекор кој ќе не одведе до полноправно членство. Верувам дека овој нов почеток ќе значи просперитет и напредок. Кога има напредок во една земја, тоа значи поттик и за другите соседи. Како што и досега сме работеле за граѓани, така продолжуваме. На тој начин работиме и за нас самите и за забрзување на процесот за пристап до ЕУ. Огромно е задоволеството што по 17 години чекање, денеска конечно ги отпочнуваме преговорите, отвораме нови перспективи за државата и полека но сигурно се приклучуваме кон еропското семејство“, рече Ковачевски.Според него, ова е прв чекор за влез во ЕУ, како и нов почеток за регионот.

Македонија | пред 3 години

zgrada-nokje-1024x741-1

“Жан Митрев” затрупана со инспекции, се проверуваат лекувањата на пациентите и можните недоследности

Министерот за здравство Беким Сали се огласи по сторијата за клиниката „Жан Митрев“.„Со особено внимание ја следев истражувачката сторија. Информациите ги примивме со загриженост и сакам да информирам што преземавме како министерство за здравство и останатите институции.Испративме допис до ДСЗИ веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во болницата. Побарав информации од инспекторатот дали во последните три годии се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите.Агенцијата за лекови Малмед иницираше вонреден и надзор во однос на тоа дали е почитувана или не е почитувана потстапката за клиничко испитување на хемофилтрација како метод на лекување на ковид-19. Според првичните информации не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во клиниката и овој наод ќе го добиеме уште во текот на утрешниот ден.Третата постапка е спроведување на бараните стручни надзори во лекувањето на пациентите во клиничката болница „Жан Митрев“.Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и ќе го доставам до надлежните институции“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

koronavirus-1

Речиси 900 нови случаи на ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 15.07 до 17.07.2022):Направени се 2.466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 470, Битола – 75, Кавадарци – 50, Прилеп – 40, Куманово – 39, Охрид – 31, Гостивар – 27, Тетово – 25, Велес – 23, Струмица – 22, Кичево – 16, Штип – 13, Струга – 10, Неготино – 9, Ресен и Кратово – по 8, Гевгелија – 6, Кочани и Валандово – по 5, Македонски Брод – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – 3, Берово – 2, Свети Николе, Радовиш, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (899), регистрирани се 201 реинфекција.Регистрирани сe 670 оздравени пациенти од: Скопје – 413, Куманово – 39, Битола – 33, Кавадарци – 28, Велес – 25, Прилеп – 19, Тетово – 18, Штип – 16, Струмица – 13, Гостивар и Гевгелија – по 9, Кичево – 8, Неготино и Кочани – по 7, Делчево – 6, Богданци – 5, Свети Николе – 3, Ресен, Кратово, Валандово, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2.Во текот на изминатите 3 дена (15-17.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.Направени се 2.466 тестови преку: ИЈЗ-278, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-33, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-110, Биотек-135, Систина-72, лабораторија Лаор-16, Синлаб-5, Ремедика-11, Плодност-26, Генеа-22, Никоб Лаб-113, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-10, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–13, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.162.Досега во земјата се направени вкупно 2.098.561 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.719Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје      150992, Активни   1390Куманово    17011, Активни    125Битола      16153, Активни    207Прилеп      14445, Активни    122Тетово      13678, Активни    86Кавадарци   10943, Активни    104Велес 10017, Активни    101Гостивар    9727, Активни     57Охрид 9195, Активни     127Штип  8215, Активни     50Струмица    8208, Активни     65Кичево      5719, Активни     35Кочани      5180, Активни     36Струга      4790, Активни     41Гевгелија   4466, Активни     20Неготино    3754, Активни     22Ресен 2783, Активни     19Свети Николе      2656, Активни     10Радовиш     2558, Активни     16Крива Паланка     2444, Активни     16Делчево     2005, Активни     6Берово      1700, Активни     7Дебар 1686, Активни     1Валандово   1509, Активни     13Виница      1401, Активни     3Пробиштип   1284, Активни     2Богданци    1034, Активни     3Кратово     988, Активни      15Крушево     934, Активни      1Демир Хисар 847, Активни      8Македонски Брод   751, Активни      8Демир Капија      596, Активни      1Македонска Каменица     525, Активни      0Пехчево     486, Активни      0Дојран      357, Активни      2

пред 3 години

adfasdfasdfasdf

Обвинителство за „Жан Митрев“ по „Нечиста крв“: Се проверуваат индициите за сторени кривични дела

Скопското Обвинителство покрена постапка по документарецот на ИРЛ насловен како „Нечиста крв“. Оттаму велат дека предметот е распределен кај обвинител, откако утврдиле дека има индиции за кривични дела.„Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“, велат од Обвинителството.Последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) е тема на истрага на една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев. Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци.

Македонија | пред 3 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Нови цени на горивата: Дел се намалуваат, дел остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 15.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,610%, кај дизелот за 1,943%, кај екстра лесното масло за 1,302% и кај мазутот за 4,368%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит,Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 50,044 ден/кг.Од 19.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 101,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 103,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 50,044 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,306%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

mickoski-5

„Македонија ќе исполнува бугарски желби, за Албанија да почне преговори со ЕУ“

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека протоколот со кој Македонија ќе треба да исполнува бугарски желби, ја отвора вратата за преговори за Албанија, но не и за нашата држава. Според него, тој е дипломатски нокаут и капитулација. Тој посочи дека за почеток на преговорите ќе треба промена на Устав и вметнување на Бугарите, а тоа нема да се дозволи од ВМРО-ДПМНЕ. Со ова, Мицкоски смета дека ќе може да се промени преговарачката рамка, пред да биде усовена.„Како дипломатски нокаут и капитулација. Тој протокол ја отвори вратата за преговори на Албанија, а ја подзатвори за Македонија. Како што Генчовска кажа, вистинската Меѓувладина конференција нема да се одржи сега, туку со промена на Уставот. А дека тоа нема да се случи гарант е ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нема 2/3 власта во Парламентот. Генчовска даде пример дека не го признава македонскиот јазик, дали ние ќе одговориме дека не го признаваме бугарскиот јазик. Генчовска бара Бугарите да бидат во Уставот, а бара ние да се откажеме од Македонците во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет? Можам и други примери да дадам. Но во суштина зборуваме за дипломатски нокаут за Македонија. Има европска иднина за граѓаните на Албанија, не за граѓаните на Македонија“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

zaharieva-bickosvki

Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, историјата е во преговарачката рамка, вели Захариева

Пратеничката на ГЕРБ, Екатерина Захариева посочи дека со потпишувањето на протоколот, историските прашања се дел од преговарачката рамка, заедно со санкционирањето на говорот на омраза и другите бугарски барања. Според неа, најважно е што, Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик и истиот го нарекува „официјален јазик според Уставот“. Нејзиниот коментар е даден за бугарскиот медиум „БНТ“.„Важно е да се каже дека со ова одобрение не го признаваме македонскиот јазик, туку продолжуваме да ја користиме формулата воведена од 1999 година, официјален јазик според уставот на државата. Дополнително, нашите барања за прекин на говорот на омраза, зајакнување на билатералната соработка и спроведување на одлуките на историската комисија, вклучување на Бугарите во уставот на РСМ, стануваат дел од преговарачката рамка“, посочи Захариева.Таа бара, како што вели, „да се смират страстите во Македонија“.„Се надевам дека малку ќе се смират страстите во Република Северна Македонија. Не малку, туку многу треба да се смират. Видовме што се случува таму, видовме голема тензија, видовме не само антибугарско , антиевропска, анти-НАТО реторика.Се вратија од реториката од пред 30 години. Не се чини дека сакаат да бидат членки на ЕУ, иако тоа беа протести организирани од партија која е во опозиција. Малку и помага и на Бугарија, која отсекогаш велеше дека треба да се реформираат дури и за да започнат преговори, бидејќи ќе биде штетно за РСМ и за ЕУ ​​ако не направат адекватна проценка на минатото и не почнат да гледаат напред, ако не се демократизираат“, рече Захариева.За македонскиот јазик, Захариева уште еднаш посочи: „Тој има разлики, но е напишан '45 година, на основа на бугарскиот дијалект.

Македонија | пред 3 години

zan-mitrev

(ВИДЕО) Јавноста згрозена по истражувањето за македонска приватна болница и лекувањето во неа

Последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) е тема на истрага на една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев.Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци.Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори во државата. Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од три до пет илјади евра бил одобрен за Ковид лекување и други контраверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката можете да ги проследите во најновото истражување на ИРЛ.

Македонија | пред 3 години

protesti-sobranie-5

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира 150 илјади потписи за референдумско изјаснување на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира 150 илјади потписи за референдумско изјаснување на граѓаните со цел спречување на асимилацијата и бугаризација на македонскиот народ и држава.„Македонската јавност вчера по потпишувањето на Протоколот помеѓу Македонија и Бугарија конечно имаше можност да ги види предавства на Ковачевски, Османи и Маричиќ.Граѓаните имаат право да го дадат своето мислење, а со тоа да го искажат својот став во однос за овој дипломатски нокаут од трана на оваа ненародна власт предводена од предавникот Ковачевски.Граѓаните ќе го кажат својот став во однос дали ги поддржуваат оваа рамка и протокол кои значи менување на историја, учебници, култура и идентитет на државата и македонскиот народ.Референдумското гласање од страна на граѓаните не значи и повлекување од блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата на уставните измени, туку напротив и покрај блокадата на уставните измени граѓаните ќе имаат можност да го кажат своето мислење дали се ЗА или ПРОТИВ ова предавство од антидржавната СДС и предавникот Ковачевски.Овие предавства нема да останат неказнети. Предавникот Димитар Ковачевски ќе одговара за ова злодело кое и го прави на државата и македонскиот народ.Долу влада, УА за предавниците“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

D6C8DE72-D45C-4E2D-BF11-1B58137419FD

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес почувствуван во Скопје.Според првичните информации станува збор за земјотрес со јачина од 3,4 степени според рихтер.Епицентарот на земјотресот е на 98 километри од Скопје, на длабочина од 4 км.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања