ТОП

271857943_429202012226785_3224409273442573984_n

Аларм: Од четврток до недела портокалова фаза во цела држава

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена - од четврток до недела (21-24.07.2022), територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза и во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.Во овој период, почнувајќи од четврток (21.07), сите региони во државата - скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на топлотен бран почнува да важи на целата територија на Републиката и со цел заштита на здравјето на населението, Министерството за здравство ги дава следните препораки:1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се - бремените жени и хронично болни лица.2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да укажат помош на постари, изнемоштени лица и бездомници.4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик врз здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.Потсетуваме дека населението во летниот период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето како што се:- Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.- Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.- Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.- Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.- Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари.Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи.

Скопје | пред 3 години

261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

Две лица починаа, 792 нови заразени со коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи на КОВИД-19: Скопје – 370, Битола - 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевлелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар – 3, Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Багданци, Кратово и Македонски Брод - по 1.Од вкупниот број на позитивни (792), регистрирани се 203 реинфекции.Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Битола – 27, Куманово – 18, Прилеп – 15, Тетово – 12, Кавадарци и Велес – по 9, Охрид – 8, Гостивар – 7, Кочани – 6, Неготино и Крива Паланка – по 5, Гевгелија – 4, Струмица, Штип и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Делчево и Валандово – по 2, Свети Николе, Крушево, Пробиштип и Демир Капија – по 1.•     Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14.07.2022 -18.07.2022г.Направени се 1.774 тестови преку: ИЈЗ-272, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-43, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-59, Биотек-88, Систина-41, лабораторија Лаор-18, Синлаб-26, Ремедика-11, Плодност-24, Генеа-21, Никоб Лаб-103, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 676.Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595

пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на одлуката од 18.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,927%, кај дизелот за 0,897%, кај екстра лесното масло за 1,042% и кај мазутот зголемување за 1,983%.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 21.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 98,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 101,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 50,044 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,09%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

291102487_750457039621431_6022900036176914770_n

Не се грижете, Уставот нема да се смени, референдумот е за прифаќање или не прифаќање на преговарачката рамка, вели Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека на референдум граѓаните би се изјасниле само дали ја прифаќаат преговарачката рамка сосе билатералниот договор со Бугарија, но не и за менување на Уставот. Тој е дециден дека највисокиот правен акт нема да биде променет, а Бугарите нема да бидат во него. Според него, има притисоци.„Дали е по свадба тапани, не знам. Јас ќе се задржам на Уставот, предвидува два типа на референдум, по и пред носење на одлука. Не зависен од ова е процесот на менување на Уставот. Промената на Уставот, кажав дека нема да се случи. Гаранција е зборот на 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Не се фокусираме ние на тоа, ние се фокусираме на преговарачката рамка каде е вметнат протоколот. Тука треба да одлучат граѓаните дали прифаќаат ваква преговарачка рамка, која ниту една земја членка немала. Не се грижете, Уставот нема да се смени. Јас знам дека има владини инсталации во опозицијата, каде ќе подриваат. Уставот е безбеден и сигурен. Ние зборуваме за преговарачката рамка“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-20-at-11.52.13

Сали за лекувањето во „Жан Митрев“: Експеримент е тежок збор

Министерот за здравство, Беким Сали информира дека се уште се утрдува дали се правеле експеримети во клиниката „Жан Митрев“ со клиничките испитувања и хемофилтрацијата. „Никој нема да биде над законот. Ова нема да биде заборавен случај, ќе го тераме до крај. Доколку се утврди одговорност, тоа ќе го има“, рече министерот Сали.-Ќе утврдиме, да не носиме одлуки кои ќе влечат „зошто вие сега враќате назад ситуации“? Ќе утврдиме во МАЛМЕД, но и ОЈО ќе собере изјави на граѓани. Ние не смееме да забрзуваме со истрагата. Доколку ИРЛ правеле истражување во две години, треба време ние да го потврдиме тоа. Во време на ковид, ниту една земја или здравствен систем, не може да каже дека ја користиме таа метода или тие лекови, врз основа на медицина базирана на докази, бидејќи нема искуство. Се што е ново, не е базирано на докази. Се што се правело е врз основа на искуство од други земји или институции како американското ЦДЦ, кои давале препораки како да се постапува со пациенти, потенцира Сали на прес-конференција.Експеримент е тежок збор. Зошто би штител некого, ако има одговорност, ќе има, додаде Сали.„За 3 години Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направил 45 редовни и 55 вонредни во 12 приватни болници. Во Жан Митрев спроведени се 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори. Во мометов е во тек работен состанок во МАЛМЕД со стручната служба и лица од Жан Митрев за тоа дека се вршеле клинички испитувања врз пациенти. Како човек, доктор и професионалец чувствувам длабока одговорност и решен сум да оди овој случај до крај. Мора да има систем што функционира и ги заштитува граѓаните", рече Сали.

Македонија | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Возачот на ЈСП кој претепа патник е суспендиран, се гледаат снимките

Ве информираме дека ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот.Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.Министерството за внатрешни работи го потврди немилиот настан кој вчеравечер се случил во автобус на ЈСП каде возачот по претходно несогласување со еден од патниците, физички го нападнал и му нанел видливи повреди.– На 19.07.2022 во 21.17 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека лице кое управувало автобус на ЈСП број 24, по претходно недоразбирање, физички нападнало патник во автобусот. Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Скопје за Плусинфо.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-20-at-09.45.53

За запалениот автомобил на пратеник: Подигнати се траги, се земаат снимки од видео назор

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеник во Собранието на Република Македонија.По наредба на јавниот обвинител беа подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.​

Македонија | пред 3 години

294105618_440229524779543_7972557898192416474_n

(ФОТО) Запален автомобилот на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Пред 4-5 дена јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот заради задоволување на болните амбиции на Заев, Ковачевски и Османи, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Ноќеска е запален автомобилот на колегата Петар Ристески од Прилеп.Кукавички чин позади кој сум убеден дека стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ.Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.Дома, пред жена, деца, родители...СДСМ, мафијата има повеќе достоинство од вас. Вие сте гнаси.Ова е напад на пратеник и ова е сериозен удар и назадување во демократијата.После насилството во Собранието со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ.Со демонстрирањето на немоќта, СДСМ и' прави штета на Македонија.Знаеме дека им се брза, оти тоа што го ветија не може да го реализираат.Не МВР, не служби, знаеме дека ќе вклучат се' за реализација на предавството. Знаеме дека се додворуваат и дека ветуваат се' само за да ги остават некој месец плус на власт.Попусто.СДСМ, залудни ви се обидите. Ниту ќе исплашите некој, ниту ќе го разубедите во вашите сценарија против Македонците.**Само за потсетување, пред околу 10-тина месеци, во екот на кампањата за локални избори, на јавноста и' презентиравме вибер - комуникација помеѓу припадници на МВР чија задача беше да врши насилство и закани кон членови и симпатизери на опозицијата.Организацијата на таа група водеше до врвот на МВР, односно до советникот на министерот Спасовски, инаку роден Прилепчанец.Иако јавно баравме да се истражи случајот и за истите да има санкции, до денеска такво нешто нема, а поединци од таа злосторничка група дури добива и парични награди за наводни прекувремени ангажирања кои никогаш не се остварени.И сега јавно го прашувам Министерот Спасовски, кои полициски службеници ќе го истражуваат овој настан и како ќе заврши? Тие што ги наградувате или можеби ќе го пратите советникот за дрогата да ја координира акцијата?***Ковачевски и Спасовски, ги преминавте границите на пристојноста. Ова вака нема да остане. Порано или подоцна, сите сметки ќе мора да се подмират.******За крај, настрана од тоа што полтронската Влада сама се нудела да прифати се' што бараа Бугарите, сакам да укажам да не се чудите зошто ЕУ ги прифатила сите барања на Бугарите.Затоа што гледа со какви цивилизирани структури си има работа“, вели Ковачки.

Македонија | пред 3 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Освен „нечиста крв“ има и крвави тендери, зошто Филипче е уште на слобода, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија доколку беше правна држава уште вчера ќе беше приведен Венко Филипче за скандалот „нечиста крв“. Додуша Филипче беше дел и од скандалот со „крвавите тендери со реагенси“, фантомските набавки на вакцини, и мал милион други коруптивни скандали, па гледаме дека надлежните не мрднуваат ни со прст, вели ВМРО-ДПМНЕ.„За конкретниот скандал кој ја бранува јавноста, одговорноста на Филипче е дека не превземал никакви мерки да ги заштити граѓаните и нивното здравје од непроверени методи. Како што информираат медиумите тој како министер за здравство знаел и ништо не превземал, туку напротив на еден или на друг начин ја промовираше здравствената институција.Овде се работи за целосно затајување на системот. Како што дознаваме од медиумите Филипче и институциите дозволиле да се применува метода на лечење која ниту домашните, ниту странски институции не ја признавале и дозволувале.Јавното обвинителство треба да ја прошири истрагата и да утврди дали Филипче свесно го овозможувал ова? Дали и какви финансиски бенефити имал Филипче од овој скандал? Зошто Филипче и покрај предупредувањата на одредени медицински авторитети дозволил некој на грбот на народот да спроведува скапи третмани за кои сега дознаваме дека не биле научно потврдени“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во гостувањето на Телма праша, како ќе градиме пријателство кога Бугарија не го признава македонскиот јазик.Тој изјави дека оваа еуфорија утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот.„Бугарите со наводници велат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, вештачки и посиромашен. Тогаш, како воопшто мислиме да градиме пријателство и како ќе зборуваме за отворање на ново европско поглавје? Како ќе го затвориме прашањето со Бугарија со ваков предизвик? Сега се надминале себеси. Ова што допрва ни претстои со вметнување на дел од Бугарите во преамбулата, како ќе го отвориме кога истата таа држава не го признава мнозинскиот народ во оваа држава“, вели Димитров.Кажа дека од бугарската страна не само што не зборуваат за Македонци во Бугарија, тие не зборуваат за Македонци во Македонија.

Македонија | пред 3 години

19072022_PVRSM_Brisel_4

„Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот и обезличување кое го прифати Ковачевски“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот и обезличување кое го прифати Ковачевски, а ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи, вели опозицијата„Нема почеток на преговори додека не се смени Уставот и спроведе бугаризација. Ковачевски ја стави Македонија во подредена положба и го услови почетокот на преговорите со промена на Уставот.Заради Ковачевски трајно се нарушени преговарачките позиции на Македонија.Предавникот Ковачевски, од позиција на премиер ја стави Македонија во потчинета положба во однос на Бугарија. И проблемот кој Бугарија го имаше со нас, го направи проблем кој ЕУ го има со нас.ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се реализира планот за бугаризација на Ковачевски.ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи и нема да дозволи промена на Устав.Македонија може подобро и Македонија заслужува подобро. А, предавникот Ковачевски ќе одговара за сите предавства“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

asdfasdasdfasdfasdgasd

„Република Северна Македонија го смени името во Наде Торти Ефтино“, „Еден Маричиќ три торти“, бура од шеги за коктелот во Брисел

Димитар Ковачевски како премиер ја пресече тортата со македонското знаме во Брисел, а таа се изеде до последно парче. Околу него, беше опкружен со бројни новинари, кои го фотографираа од сите страни. Освен таа торта, на коктелот имаше и уште две други, со знамињата на ЕУ и Албанија.На социјалните мрежи има низа реакции. Иако вицепремиерот Бојан Маричиќ беше во Брисел, тој не може да се забележи близу тортите на ниту една новинарска фотографија. Но затоа, по сторијата дека јадел бифтеци и калифорниски пастрмки на државна сметка, се најде на тапет кај твитерџиите и корисниците на „Фејсбук“.Дел од ироничните коментари и критики, во продолжение:„Еден Маричиќ, три торти“, е еден од коментарите.„Един народ, две држави. Еден Маричиќ, три торти“, е друг коментар од Иљче.Маричиќ се најде намонтиран пред тортите и на друга фотографија.Фотографијата со изедената торта со македонско знаме, исто така се коментираше:Други, шегувајќи се со Маричиќ, пишуваат: „на здравје“.Коментари има и под објавените новниарски натписи, на социјалните мрежи.

Коментари | пред 3 години

kjulavkova

„Се откажуваме од научен факт дека македонските говори од денешна Грција се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик“, реагира Ќулавкова

Академик Катица Ќулавкова, книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, посочува дека Македонија се откажува од историски и научен факт со унилатералната изјава дадена во ЕУ за македонскиот јазик. Таа е децидна дека никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици.„Со унилатералната изјава на Р с. Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија, денешна Грција, се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација. Просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење вон просторот на денешната држава Македонија и вон современото време. Никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици. Никој нема право да се откажува од македонските дијалекти во соседните држави. И никој не е овластен да се откаже од македонското малцинство во соседството и во светот“, вели Ќулавкова.Министерот Бујар Османи на веб страницата на Министерството за надворешни работи ја објави едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик која е приложена кон Записникот од првата меѓувладина конференција.„Македонскиот јазик е неспорен и од денес станува рамноправен во семејството на официјални јазици на ЕУ и ничија друга еднострана издвоена изјава не може тоа да го поништи“, напиша Османи.„Како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на Република Северна Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија.Македонскиот јазик се определува како словенски јазик, кој се наоѓа во јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ. Македонскиот јазик беше признаен од Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година.Македонскиот јазик се изучува на многу катедри за славистика и лекторати на факултети и универзитети низ Европа и светот. Неговата долга говорна и писмена традиција е неоспорен факт во лингвистичката наука. Литературата напишана на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија.При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи на Република Северна Македонија со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, истите треба да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти.Во текот на преговорите за пристапување се до нивното завршување со склучување на Договор за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и по приемот во полноправно членство во ЕУ, Северна Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик треба да стане еден од службените јазици на ЕУ“, стои во изјавата која ја доставил Бујар Османи.

Македонија | пред 3 години

kovid-ambulanta-klinika-infektivna

Детали: Младата девојка од Свети Николе која почина со корона, имала и малигна болест

Младото 23-годишно девојче од Свети Николе кое почина инфицирано со коронавирус, имала и претходни заболувања односно коморбидитети. Според извори на „Скопје1“ на Инфективната клиника во Скопје, каде починатата се лекувала, смртниот исход бил последица на малигна болест.Станува збор за невакцинирана пациентка. Не се споделуваат детали за времето на лекување, како и кога била примена и во каква состојба била во тој момент.Пациентката е една од четирите починати лица со коронавирус во изминатото деноноќие.

пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija1001

770 нови и четворица починати од коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 2.043 тестови, а регистрирани се нови 770 случаи на КОВИД-19: Скопје – 364, Битола - 47, Охрид – 46, Куманово и Кавадарци – по 38, Тетово – 30, Прилеп и Велес – 26, Неготино – 17, Струмица – 16, Штип – 15, Кочани и Струга – по 14, Ресен – 13, Гостивар – 12, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 7, Радовиш и Кратово – по 5, Дебар и Крушево – по 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1.Од вкупниот број на позитивни (770), регистрирани се 207 реинфекции.Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од: Скопје – 182, Охрид – 23, Битола – 21, Куманово – 20, Прилеп и Велес – по 14, Кавадарци – 13, Струмица и Штип – по 12, Тетово – 8, Гостивар – 7, Кичево – 5, Неготино, Кочани и Делчево – по 4, Струга, Крива Паланка и Радовиш – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 2, Ресен, Гевгелија, Кратово, Дебар и Валандово – по 1.Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г). Лицата се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Радовиш (73г) и Крива Паланка (66г). Едно лице е починато во болнички, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 20.06.2022 -28.06.2022г.Направени се 2.043 тестови преку: ИЈЗ-325, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово-41, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–155, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-66, Биотек-130, Систина-48, лабораторија Лаор-12, Синлаб-12, Ремедика-12, Плодност-25, Генеа-14, Никоб Лаб-78, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-8, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 879.Досега во земјата се направени вкупно 2.100.604 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.806, бројот на оздравени пациенти е 307.342, на починати е 9.343, а бројот на активни случаи изнесува 3.121

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања