ТОП

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос наодлуката од 21.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597%, кај дизелот за 1,488%, кај екстра лесното масло за1,374% и кај мазутот зголемување за 2,738%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 ден/кг и ќе изнесува 52,466 ден/кг.Од 23.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 96,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 99,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,466 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,263%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврденицени.

Македонија | пред 3 години

osteteni-avtomobili-bunjakovac-fokus-1024x866-1

(ФОТО) Искршени околу 20 автомобили во Скопје

Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража зад трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје, објави „Фокус“ споделувајќи и фотографии од оштетените возила.Од МВР велат дека во полициска станица оштетувањето било пријавено утрово околу 7:25 часот.Полицајци излегле на терен и се работи на расчистување на случајот.Фото: „Фокус“

Скопје | пред 3 години

pozar-55

Од утрово на пожарот помеѓу селата Митрашинци и Будинарци интервенира хеликоптер

Центарот за управување со кризи преку социјалните мрежи информира каде во Македонија има активни пожари во моментов.„Шумски пожар на м.в.Каменица во атарот на с.Будинарци, каде гори нискостеблеста дабова шума.Поради големиот пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци, од страна на ЕЛС Берово поднесено е барање за воздушна подршка (хеликоптер).Од 05:00 часот утрово, на пожарот помеѓу селата Митрашинци и Будинарци интервенира хеликоптер како и екипи од ШС Малешево и ТППЕ Берово.Пожарот во атарот на с.Разловци, м.в.Ќурчински колиби, на планината Средна, каде гори сува трева и дабова шума е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. Опожарени се околу 50 хектари, а на терен е екипа на ШС Голак“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Helicopter_gasnenje_pozar_09052021004

„Пожарот во беровско е под контрола“, вели Ангелов

Стојанче Ангелов преку социјалните мрежи информираше дека пожарот во Берово е под контрола.„Во моментов големиот пожар во беровско е под контрола“, напиша Ангелов.Тој претходно информираше дека на терен се десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово.Во гаснењето на пожарот од 05:00 часот утрово интервенираше и хеликоптер.

Македонија | пред 3 години

IMG_4867

Контрола во Прилеп, едно лице приведено, констатирани повеќе неправилности во угостителски објект

На 21.07.2022 од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп.За време на контролите во угостителски и хотелски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи е утврдено точење на алкохол на малолетни лица, непоседување на документација за работа на еден угостителски објект, во кој се затекнати четири лица како извршуваат работни задачи, а за кои не постои документација дека се вработени. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани.При контролите, по преземени дополнителни мерки, лишен од слобода е и Н.Д.(36) од Скопје, кој се сомничи за повеќе извршени кривични дела. За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка, по чие документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ФОТО) Сообраќајка во Скопје, се судрија авотмобил и мотор

Утрово во скопската населба Гази Баба се случи сообраќајка.Се судрија автомобил марка опел и мотор.За сега нема информации за состојбата на возачот на моторот, а се чека полицијата да направи увид на местото.

Скопје | пред 3 години

20220721213947

(ВИДЕО) Објавено уште едно сведоштво за случајот „Жан Митрев“

Истражувачката репортерска лабораторија(ИРЛ) објави уште едно видео за случајот „Жан Митрев“.Се работи за сведоштво на жена од Велес, чиј сопруг бил опериран во клиниката.Истражувањето „Нечиста крв“ е базирано на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово.

Македонија | пред 3 години

12.07.2021-Pres-konferentsija-scaled-1

Пратеник на СДСМ го нарекувале предавник, па пријавил членови на Левица во полиција

Пратеникот од редовите на СДСМ од Велес, Ненад Коциќ, во полиција пријавил членови на Левица кои го нарекувале предавник.А самата оваа информација ја сподели членот на Левица од тој град, Игор Смилев.„Предавникот Ненад Коциќ пријавил во полиција неколумина членови од Локалниот огранок на Левица Велес за наводно ширење говор на омраза.Ах бре Ненад, ако зборот предавник е говор на омраза, Ти СИ ПРЕДАВНИК , бидејќи тој збор се содржи во твоето име и презиме ... ти си поднел пријава против самиот себе бе, ама тешко е да удриш по сопствениот самар, и против предавникот во себе, а уште потешко да се пријавиш себе си во полиција .........ОК, ќе не пријавиш 5 , 7, 15 луѓе, цел огранок на Левица Велес, 74 отсто Македонци.....но, против историјата не можеш да поднесеш пријава, оти таа со ЗАДЕБЕЛЕНИ БУКВИ тебе и твоите 67 колеги ќе ви даде место во вечноста како предавници, се разбира ако Бугарските администратори дозволат да се учи оваа историска лекција.Патем, убаво е нели од позиција на пратеник со имунитет комотно и комформистички да пишуваш гнасни невистини за секој од нас, вклучително и за мене , ама знаеш што е разликаа меѓу мене и тебе.....ТИ ДОЗВОЛУВАМ ДА ПИШУВАШ СЕКАКВИ ПОДЛИ ЛАГИ ПРОТИВ МЕНЕ, и никогаш нема да те пријавам за говор на омраза ..НО, НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ да ги МАЛТРЕТИРАШ нашите чесни членови, чиј единствен грев е што кренале силно глава и што јавно напишале дека си ПРЕДАВНИК што ќе остане забележано како несоборлив историски факт !!!“, пишува Смилев на фејксбук.

Македонија | пред 3 години

sonce-so-termometar

Денес сончево и многу топло

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ=9Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

пред 3 години

denis-tot-222

Поднесено обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети, бидејќи се уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата.

Македонија | пред 3 години

petar-risteski-avtomobil-prilep

Кој го запали автомобилот на пратеникот, приведен кршел телефон во полцииска станица

Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови. Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година.Според јавниот обвинител од прилепското основно јавно обвинителство Маријана Илиеска, на едно од двете лица, 31-годишниот прилепчанец му е определен притвор до осум дена поради спречување на службеното лице во извршувањето на должноста.-Се прибира доказниот материјал во случајот, налогот е даден да се приберат сите видеозаписи од околината, од бензиски пумпи, јавни објекти во периодот кога е запалено возилото, а од собраниот доказен материјал на лице место се чека да заврши вештачењето, изјави обвинителката Илиеска.Мажот кој вчера беше уапсен поради сомневања дека има поврзаност со опожарувањето на автомобилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, доби осум дневен притвор. Тој во полициска станица не признал вина ниту дека знае нешто поврзано со случајот. Но, во момент кога бил издаден налог за одземање и вештачење на неговиот мобилен телефон, тој го искршил пред полицајците.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-maricic-bujar

Нема потреба од референдум, му врати Маричиќ на Мицкоски

Вицепремиерот Бојан Маричиќ се противи на барањето да се организира референдум за одобрување на преговарачката рамка, барање од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.„Ние имаме научени лекции, се сеќавате дека опозицијата инсистираше на референдум за договорот со Грција. Тоа во 2018 година го прифати и Владата, тогаш на Заев, решивме да организираме референдум, кој што, партијата која го бараше, реши да го бојкотира. На тој начин отвори дамка, остави една сенка на процесот, иако можеше да учествува и да се затвори. Мислам дека тоа треба да ни е научена лекција. Имаме доволен капацитет и легитимитет на институциите, особено на Собранието, да дискутира, разговара, преку дијалог да дојдеме до 2/3 мнозинство, што е доволен легитимитет на уставните измени без референдум. Ова е мој личен став, Владата нема став. Мој личен став е дека од тоа нема потреба, а институциите треба да си ја преземат одговорноста, наместо да се користи евентуалниот референдум за политички поени“, кажа Маричиќ.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-21-at-11.47.22

Најдени шорцеви слични како тие на Мартин, потрагата не запира, објавено како може да се помогне

Потрагата по Мартин, исчезнатиот Македонец на Халкидики, не запира. На плажа се најдени шорцеви, кои биле слични на оние кои ги носел Мартин во моментот кога го однесоа морски бранови. Но тие, освен на фотографија направени од турист, не се најдени на локацијата. Апели за Мартин се уште се споделуваат, се бараат од средства за да потрагата продолжи до физичка помош.„Потребни се волонтери, физички спремни лица да одат на терен во Грција, како волонтер со лиценца за чамец, волонтер со дрон, спасител со лиценца“, стои во апелот.Во оваа група, кај администраторот, може да се пријават сите кои се во можност да се вклучат во потрагата.На терен во Грција се семејството на Мартин, како и второпронајдениот Иван кој со чамец и други волонтери продолжија да го бараат исчезнатиот.„Информацијата за идентификација на костум за кампење кој наликуваше на исчезнатото лице нè донесе на бреговите на Катерини. Пристигнавме со помош на спасувачкиот тим. Ја пребаравме цела област, но залудно", објави шефот на спасувачката мисија „ОФКАТ", Христос Рамос.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-20-at-09.45.53

Власта сака со притисоци и заплашување врз пратениците да изнуди поддршка за предавствата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта сака со притисоци и заплашување врз пратениците да изнуди поддршка за предавствата, ВМРО-ДПМНЕ не се плаши и нема да им помине, вели опозицијата.„Случајот со палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески од Прилеп е класичен обид за заплашување на пратениците.СДСМ владее со криминални методи, кои одамна се прочитани. Никој повеќе не им се плаши, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат Уставни измени без разлика колку и СДСМ и нивните бандити да притискаат.МВР наместо да се занимава со казнување на народот кој протестираше против нивните предавства, нека ги пронајде и санкционира организаторите на палењето на автомобилот на пратеникот Ристески. Или не смеат да го пронајдат?Власта треба да знае дека предавствата нема да им поминат. ВМРО-ДПМНЕ е гарант за македонските национални интереси“; стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

drva

Не смее да се извезува огревно дрво, брашно, палети!

Со цел да се заштити домашното производство, и да се одржи снабдувањето на домашниот пазар, за да се избегне растот на цените, во насока на задржување на стандардот на граѓаните, Владата на денешната седница донесе две одлуки, едната за ограничување на извозот на одредени производи и другата за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед.За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата, кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одлука до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица.Во услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението.На денешната 63-та владина седница, на предлог на Министерството за економија беше донесена и одлука за ограничување на извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година, со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана од енергетската криза на светскиот пазар.Во консултација на Министерството за економија и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка - царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените.Оваа одлука ќе важи до 31.12.2022 година. Ваква одлука се применуваше до 31 мај 2022 година. Имено, редовната царинска стапка на маслото од сончоглед за јадење е максимум 29%, така да со оваа мерка се дава можност на увоз од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата или се предмет на мала бесцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија.Владата на денешната седница, врз основа на известување за одземените лиценци на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија го задолжи, а со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија го задолжи АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на трговски друштва и тоа: Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност производство на топлинска енергија, Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија и Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ - Скопje.Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ - Скопје кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје се задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга која ја спроведува Владата.АД ЕСМ е задолжено да спроведе постапка за основање на Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на градот Битола, Новаци и Могила, чиј основач и единствен содружник ќе биде ЕСМ-Скопје.Владата на Република Северна Македонија во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција донесе Одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на гасење на пожари, во Грција.Се работи за припадници на Армијата со јачина од еден вод, со вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење на пожар.Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција, во врска со поддршката при гасењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања