ТОП

tablitsi

Убиени две лица во возило со скопски таблички во Албанија

За само неколку дена во Албанија се случија две големи мафијашки пресметки во кои животот го загубија четири лица. Вчеравечер во градот Милот, на излегување од дома, влегувајќи во своето возило со македонски регистарски таблички, беше застрелан Клисман Преци и неговиот пријател Јили Брахими кој е во критична состојба. Врз нив бил испукан баражен оган од автоматски пушки, најверојатно калашникови. Инаку, Клисман Преци пред неколку месеци успеа да преживее во заседа на автопатот Лезе-Тирана.Вчерашниот напад врз Преци и Брахими се поврзува со тројното убиство што се случи во понеделникот, кога со десетици куршуми беа застрелани, а потоа и запалени во возилото кое го користеле тројката криминалци, Брилиант Мартинај, Диклан Вата и Бесмир Хоџа. За бруталноста сведочи фактот дека едно од лицата било живо, но убијците се вратиле и го докрајчиле, а потоа го запалиле возилото.Познатиот албански крими-аналитичар Артан Хоџа по овој масакр посочи дека се работи за добро организирана група, која според неговите истражувања, стои зад повеќе убиства во минатото и не зема учество во операција без да добие стотина илјади евра.Тие никогаш не грешат, но ме чуди тоа што го запалиле возилото. Тоа е порака, живи ќе горите, вели Хоџа за abcnews.al.

Македонија | пред 3 години

10-1

(ВИДЕО) Охрид има нова атракција на плажа во Трпејца

Охрид деновиве е преполн. Туристи има од цела Македонија но и од светот.Плажите се полни, особено оние кои од лани се слободни и каден е се наплаќа влез и лежалка.Во Трпејца има и повеќе од обично посетители. На дивите плажи кои се едни од најубавите и непознати за повеќето, покрај езерото имаше и кравиТие за кратко станаа атракција за присутните на плажата, кои се сликаа со нив.

Македонија | пред 3 години

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Заклучоците за францускиот предлог поминаа во Собрание, изгласани со 68 за и ниту еден глас против. Вие бевте предводници на граѓанските протести кои се одржуваа повеќе денови наназад, а кои беа поддржани не само од опозицијата туку и од голем број независни граѓани. Зошто на крајот, наместо да го дадете гласот против, одлучивте да ја напуштите седницата?–Заклучоците не се однесуваа на францускиот предлог бидејќи францускиот, или последниот, или модифицираниот предлог или не знам веќе кој предлог не беше пред пратениците за да може врз основа на него да може да се произнесат и да може да кажат дали е тоа во ред, бидејќи тој не беше комплетен, затоа што го немавме во тој момент сè уште протоколот на маса. Имаше шпекулации, имаше претпоставки, но ниту во еден момент го немавме протоколот на маса, што самото по себе претставува скандал, бидејќи избраниците на народот ги терате да се произнесат по некаков си документ. Предлог-заклучоците се еден лист, лист и половина хартија каде што Собранието им вели на министрите во владата да носат кошули… какви ќе бидат тие кошули, дали ќе бидат со копчиња, со кратки или со долги ракави – тоа не е дел од тоа што го предлагаат.Така што првата брутална измама што е направена од нашата влада, после мега измамата што ја направија кога кажаа НЕ, а подоцна го прифатија истото за кое што стигна потврда и од бугарска страна дека се работи за истиот предлог, следуваше оваа втора измама каде што на пратениците од власта и оние поддржувачи кои кренаа 68 гласа ЗА им беше на маса ставено нешто коешто немаше никаква врска со нешто што се нарекува последен предлог. Но, од друга страна, не можам до ден-денес да поверувам дека опозициските пратеници, кои себеси се декларираат како опозиција во парламентот и тука, пред сè, мислам на онаа опозиција што е против владините политики, што ги гласаше овие заклучоци. Затоа што се поставува прашањето, ова не го отвора патот кон Европската Унија, бидејќи Владата е таа која што носи одлуки. Владата тогаш само ги злоупотреби пратениците во парламентот и во јавноста претстави дека еве тие гласале за некаков предлог кои тие претходно го прифатиле. Се гласаше за нешто коешто нема суштина, а суштината е тоа што дека владата прифатила асимилаторски договор со Бугарија, којшто потоа беше преточен во последен предлог што дел од јавноста го нарече модифициран.Ние не учествувавме во гласањето, иако учествувавме во дебатата за да може јавноста да го слушне нашиот став поврзан со тој последен предлог кој нема врска со заклучоците и со овој памфлет што го изгласаа 68 пратеници, и тоа е јасно дека е не и неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што не бевме во моментот на гласање е само заради тоа што не сакавме да дадеме легитимитет со нашето присуство на нешто коешто го гласаа пратениците. И тоа е јасно дека е НЕ и дека е неприфатлив за ВМРО. Имаме парламентарно мнозинство, кое кога требаше довербата на владата, кукавички ја напушти дебатата и да елаборира зошто треба оваа влада да остане, и сега овие 68, во којшто има дел од пратеници од опозицијата, велат зошто ВМРО-ДПМНЕ не било, ВМРО-ДПМНЕ нема да легитимира неправеден и ненароден чин.Со потпишувањето на Протоколот, фактички притисокот се зголемува на македонско-бугарската историска комисија. Какви се Вашите очекувања, ќе има ли капацитет комисијата без политички притисок да договара значајни теми, како што се потеклото на Гоце Делчев, средновековието … ?–Очекувам притисоци, како што беше и претходно, да – очекувам од Бујар Османи притисок врз работата на комисијата, иако тоа веќе сега не е никако поврзано со европскиот пат на Македонија, затоа што европскиот пат во моментов зависи само од една работа, а тоа е промената на Уставот, не зависи сега само од работата на комисијата и тука е овој момент каде што јас само велам не е ништо изгубено, затоа што промената на Уставот е последниот браник на македонскиот идентитет.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи и оние кои не се сложуваат со овој француски или последен модифициран предлог се чувари на македонскиот идентитет. Сега веќе работата апсолутно нема никакво значење. А дека ќе имаат од Бујар Османи и од тие негови соработници притисок, ќе имаат, и комисијата треба да знае дека ќе имаат, немам никаква дилема. Водството на ДУИ прави историска грешка, тие практично гледајќи го интересот на Албанија, влегоа во коалиција и пакт со Бугарија и Бугарите, и ги продадоа интересите на македонскиот народ и нивните сограѓани во Македонија, и на тој начин оставија трајна рана во нашата колективна меморија и тоа нема да го заборавиме.После Преспанскиот договор и промената на името, сега сме под силен притисок за менување историја, учебници итн…. Дали цената за влез во ЕУ не е превисока и од овој аспект денес, може ли нешто да вратиме назад?-Па и самиот Бујар Османи кажа, а и Стево Пендаровски претходно дека подобро било да се на масата заедно со останатите 26 земји членки и да преговараат демек имале помош, отколку да се надвор од масата. Притоа заборавија да кажат дека ние и сега сме на масата, само сега сме наспроти изолираната Бугарија, е сега ќе бидеме на масата на којашто Бугарија ќе биде заедно со тие 26 останати земји членки. И самите тие кажаа дека ако нема брза измена на учебниците по теркот на Бугарија, тогаш можеме да очекуваме вето. За Бугарија е важно средновековието затоа што тоа е темелот на тезата дека ние практично сме биле Бугари пред да бидеме создадени како вештачки народ од страна на коминтерната и Тито. Средновековието почнува од Второто бугарско царство, и тоа е суштината на кои тие ги темелат тие тези и тврдења, и тука е грешката на овие наши политичари корумпирани и по власт аздисани, не се свесни и затоа намерно ги прават овие грешки. Дел се и од незнаење, а дел се и од кариеристички причини и од аздисаност за власт, привилегии и народни пари. Ниту еден државник кој има елементарно познавање за антропологијата на македонскиот ген и идентитет нема на крај на памет да му падне да преговара на оваа тема, а камоли да седи таму на маса, да се смее и да потпишува договори. Сега не се свесни, имаат обезбедувања привилегии и така натаму, но кога ќе ја изгубат власта и ќе ги напуштат кабинетите, ќе се соочат со гневот на народот на улица, ако останат тука, ако не избегаат, и ќе бидат свесни и ќе речат -ах да можам да го вратам времето назад, не би ја направил таа грешка , но ќе биде доцна.За каков реципроцитет во протоколот зборуваме кога Бугарија и вечерта пред меѓувладината седница ни испрати документ со кој не го признава македонскиот јазик?–Никаков реципроцитет, Бугарија сама кажува дека не го признава јазикот, а ние го признаваме бугарскиот јазик. Бугарија дава изјави дека за нив македонскиот јазик е некаков дијалект на бугарскиот и тоа го оправдуваат на некој хегемонистички начин но би рекол, но тоа е нивната политика и тоа не треба да нè изненадува, тие си имаат стратегија, си имаат план и гледаме дека тоа си го исполнуваат.Проблемот е што кај нас има отсуство на државотворен капацитет, кај нашите политичари. Па дури и Бујар Османи си го исполнува тоа што си го има зацртано, а тоа е Албанија да ги почне преговорите и да оди напред. Јас се чудам на Димитар Ковачевски и на останатите министри во Влада, за кои повторно ќе кажам, аздисаноста по пари, тендерите, криминалот им се заеднички именител и подготвени се преку сè да поминат за тоа да го сочуваат. Национално тотално исплакнати ликови, тие не може да бидат државници и не може да ја водат државата напред и можат само дополнително да го компликуваат процесот и да стагнира државата како што стагнира, бидејќи ние не ги почнуваме преговорите, па дури и на нив.Ние преговорите ќе ги почнеме и ќе ја усвоиме преговарачката рамка тогаш кога ќе го смениме Уставот.Во тек се консултации дали може да се распише референдум, имате ли план Б ако не се спроведе оваа инцијатива?-Консултациите траат и ќе траат дали референдумот ќе биде консултативен, задолжителен, кога да се одржи, дали со оваа влада или со некоја друга демократска влада, ќе треба да ја анализираме оваа идеја за да ја бетонираме заедно со граѓаните нашата позиција околу сево ова што ни се случува. Но да бидам уште попрецизен, сите овие процеси, билатералниот договор и протоколот, промената на Уставот, усвојувањето на преговарачката рамка се сами по себе некако различни но поврзани. Преговарачката рамка не може да биде усвоена без да се случат уставните измени, а ако не се случат уставните измени, тогаш Бугарија нема ништо, ние не преговараме, не отвораме кластери, но и Бугарија нема ништо, и затоа браникот на Уставот се пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и останатите опозициски пратеници. И тука граѓаните треба да се сигурни.Кога зборуваме за референдум, ние зборуваме за преговарачката рамка, односно за спорниот дел, а тоа е членот 5, алинеја 4 , којшто се повикува на билатералниот договор со Бугарија, членот 12 од истиот којшто, пак, е поврзан со протоколите што се потпишуваат еднаш годишно. Тоа е спорно за нас и тоа претставува потенцијална опасност дека ние во иднина повторно ќе имаме вето од Бугарија, доколку не промениме учебници под диктат на Бугарија. Тука се фокусираме во делот на референдумското изјаснување на граѓаните: Дали да се прифаќа или да не се прифаќа оваа содржина на преговарачката рамка, инаку за Уставот никој не спомнува опција за референдум. Уставот – браникот се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, затоа што во јавноста има инструирани провладини гласноговорници кои имаат различен став од нас за референдумот, па викаат еве сега се бара алиби за промена на Устав. Но не е тоа идејата, чувари на Уставот се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Ова е сосема нешто друго, ова е дали заедно со граѓаните, ние овој текст на преговарачката рамка ќе го прифатиме. Ако не го прифатиме, тогаш на Брисел ќе му кажеме – извинете на референдум излегоа толку и толку граѓани – овој текст не го прифаќаме ќе мора членот 5, алинеја 4, да го тргнете и да останат членовите кои се повикуваат на копенхашките критериуми и критериумите за процесот на стабилизација и асоцијација. А за билатералните спорови да биде исто како и за останатите 26 земји членки, сега плус Албанија, да си биде исто и за нас.Зошто власта и опозицијата функционираат како најлути непријатели и не успеваат да изградат позиција на конструктивни политички опоненти, барем за националните прашања?-Јас понудив и работни тимови и се повлеков од барањето за предвремени избори, само за да кажат НЕ, бевме проактивни, имавме иницијатива, од другата страна имаше или молк или брутално одбивање. Затоа мислам дека е подобро власта да одговори на ова прашање.Го обвинувате ДУИ за предизвикување трајна штета во односите меѓу Македонците и Албанците. Доколку утре победите на избори, а во албанскиот блок ДУИ освои најмногу пратеници, ќе коалицирате ли со Ахмети по принципот победник со победник?-Ние сега зборуваме дали ќе го имаме условот Бадинтер или нема да го имаме. Доколку условно, ДУИ е политичката партија, којашто убедливо ќе победи, и нема никакви поинакви можности да се надомести условот Бадинтер, тогаш ќе седнеме и ќе разговараме и тука немаме никаква дилема, и на тој начин ќе го сочуваме идентитетот, но ќе побараме од ДУИ да се коригира во своите постапки затоа што јас сум убеден дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ, ќе има повеќе од 61 пратеник, односно ќе имаме самите мнозинство. Но ако имаме друга можност, сценарио кое јас го посакувам, со албанските опозициски партии и други политички партии, тогаш ДУИ редно време е после повеќе години на власт да замине во опозиција.Освен струјата и бензинот, деновиве се најавуваат повисоки цени и на комуналиите… граѓаните живеат во страв како ќе се живее од есен, и со колкави сметки за струја ќе ја презимат зимата. Каков Ви е Вашиот план за борба против сиромаштијата што го најавивте?-Цената на електричната енергија на берзите драматично расте, а бидејќи Македонија е увозно зависна земја од електрична енергија, не произведува доволно, а не произведува доволно затоа што овие кои треба да произведуваат крадат. Пред неколку месеци понудив Македонија да разговара под итно со Унгарија или со Австрија и да влезе во некое внатрешно портфолио за произведување на гас и на струја и на топлина, и тој гас да се складира без разлика дали во Австрија, дали во Унгарија. Тогаш не знам дали не ме разбраа, бидејќи немаше одговор на тој предлог, а гледам денеска тоа го прави соседна Србија. Ако тоа тогаш го направеа, колку-толку ќе ја амортизиравме состојбата со електричната енергија. Исто така, предложив да се закупат капацитети, уште пред неколку месеци за производство на електрична енергија, нуклеарката ПАКОС можеше 10-15 % од таму да закупиме – ние сме енергетски супер поврзани со соседна Србија, а тие се поврзани со Унгарија и можевме на многу поедноставен начин да добиеме енергенс. Можеше да се закупат капацитети на пченка, пченица, но и тоа не се направи бидејќи сега гледаме дека ни се потребни за да презимиме зимата. Јас предлагав тогаш, но пак ќе кажам или не разбраа или ме игнорираа, и сега доаѓа август, а после август-септември и не знам кога ќе се подготвуваат за есента и зимата. Ако се носат одлуки во 5 до 12, тие одлуки ќе чинат многу пари, а тие пари ги немаме, бидејќи ќе треба да ги позајмиме или ќе треба да трошиме државни резерви, така што ја доведоа државата во некоја прилично хаотична ситуација со неодговорното однесување, и да бидам до крај искрен, не гледам капацитет во овој министерски кабинет на Ковачевски. Ние понудивме – ако тоа го направевме во март или во април, ние немаше сега да се секираме како ќе ја дочекаме грејната сезона во октомври, ноември, декември и цела зима, но сега треба да сме загрижени затоа што јас ве уверувам дека цената на берзите од декември ќе биде околу 1000 евра, а од 1 јануари ќе имаме нова регулирана цена за домаќинствата која што ќе биде коригирана нагоре, и ковид-пандемијата си го прави своето, и сè на сè влегуваме во еден тотален државен хаос. И не сум оптимист, ние понудивме излез, неколку варијанти и бевме одбиени.Помина и првата меѓувладина седница, за која велите дека беше само фотосесија. Беше ли тоа само наша жртва за Албанија да ги почне преговорите, а ние и натаму да останеме во предворјето на Брисел сè до отворање на Уставот?Точно е, зошто еве не отворија кластер, зошто не ја усвоивме преговарачката рамка, па да речеме еве ќе преговараме под овие услови. Тоа беше обична фотосесија во Брисел, и, за жал, после таа фотосесија, единствен губитник ќе биде Македонија, македонскиот народ и граѓаните во Македонија. Дури и Албанците во Македонија нема да одат напред, ќе одат Албанците во Албанија затоа што тие ќе си преговараат, ќе си ги отворат кластерите, и зависи сега од нив со која брзина ќе напредуваат. Но Албанците во Македонија, македонскиот народ, повторно ќе бидеме во ходник и ќе седиме на магарешка клупа и ќе чекаме некој нов услов да се исполни, а тоа е условот промена на Устав, а дури потоа да ни биде поставена преговарачката рамка.Министерот Османи е речиси уверен дека по првата конференција во Брисел, во предвидениот рок ќе се премине и на втората седница, за што услов е да се случат уставните измени. Тој е убеден дека измените во Преамбулата ќе се случат, а во исто време Вие сте сигурни дека нема да се соберат потребните 81 пратеник, со оглед дека сте децидни дека вашите пратеници нема да гласаат. Како нотарските изјави ќе бидат гарант дека некој нема да го смени мислењето, да речеме да биде уценет и да гласа за?Едноставно сум сигурен, имам полна доверба во тие луѓе дека нема да се случи промената на Уставот, затоа што помина времето на притисоци и на уцени, и убеден сум во капацитетот на овие луѓе дека ќе истраат и ќе опстојат на својот став да не гласаат за промена на Уставот бидејќи тоа е последниот браник на македонскиот идентитет. Затоа што падне ли Уставот, помине ли преговарачката рамка, завршува македонскиот идентитет.

Македонија | пред 3 години

viber_image_2022-07-23_09-32-27-853

Гори во беровско, утрово интервенираше и хеликоптер на МВР

Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води се уште како активен во Центарот за управување со кризи. Од утрово, податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги Илиев, зборуваат дека тој е под контрола и се уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. Важно е што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро.Службените официјални податоци се следниве:РЦУК – Штип, известува дека во општина Берово, пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци се уште а активен. Во текот на денот на пожарот во утринските часови интервенирал хеликоптер на МВР, додека потоа во попладневните часови интервенирал и авион на ДЗС. На терен интервенирале следните екипи:· ДЗС – 30 луѓе со 4 возила;· ТППЕ Берово – 6 луѓе и 2 возила;· ТППЕ Делчево – 4 луѓе со 1 возило;· Доброволно ППД Кочани – 5 луѓе со 1 возило;· ШС Малешево – Берово со 22 луѓе со 3 возила;· ШС Равна река – Пехчево со 8 луѓе и 2 возила;· ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило;· ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило;· ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила;· Население – 15 лица.Од утринските часови на ден 23.07.2022 година, интервенира хеликоптер на МВР, како и 20 лица од ДЗС, 35 лица од шумските стопанства и неколку лица од месно население.Други пожари во државата часа што биле службено регистрирани во последните 24 се:РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две интервенции од кои едната била поради запалено стрниште, а другата поради запалена ниска вегетација. Вкупно опожарени се околу 6.000 м2.Имала и три останати помали интервенции.РЦУК – Битола, известува дека ТППЕ Битола и ТППЕ Прилеп, во текот на денот имале по една интервенција.РЦУК – Струмица, известува дека ТППЕ Валандово, во текот на денот имала три интервенции, од кои две биле во с.Брајковци поради запалена ниска вегатација и меѓи, додека третата била од 19:00 до 20:00 часот поради запалена шума на површина од 2 декари во с.Дедели. Во сите 3 случаи интервенирале со по 2 пожарникари и 1 ПП возило.РЦУК – Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кичево, во која се наведува дека од 12:50 до 14:20 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во с.Црвивци.ТППЕ Охрид имала една мала интервенција.РЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Велес, од 11:30 до 13:30 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале поради запалена ниска вегетација кај градската депонија.ТППЕ Кавадарци, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, од 16:00 до 17:00 часот гаснеле запалена ниска вегетација во близина на с.Фариш (на патот кон Плетвар).

Македонија | пред 3 години

kompjuter

Зачестена појава на измама со криптовалути, како да се заштитите

Известување за зачестена појава на компјутерска измама со криптовалутиСекторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација.Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути. Откако корисникот ќе ја направи иницијалната инвестиција, добива одредени задачи кои вклучуваат посета на веб-страни или преглед на видеа за кои добиваат соодветен надомест, во зависнот од пакетот што го имаат избрано. На овој начин сѐ повеќе граѓани влегуваат на пазарот за криптовалути, но немаат доволно знаење или информации како да го направат тоа на безбеден начин.Како резултат на тоа, зачестија измамите, во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути. Со цел да се избегне таквото сценарио, експертите редовно ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами. Се советуваат граѓаните, за да избегнат вакви измами, пред сѐ, да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери.За време на комуникацијата не треба да се даваат на никого доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции.Што можат да направат граѓаните:• Секогаш да побараат финансиски совети пред да дадат пари или да инвестираат средства;• Да ги одбијат ненајавените повици за можности за инвестирање;• Да се информираат и да побараат непристрасни финансиски совети пред да инвестираат пари кон понудите што ветуваат сигурна инвестиција, гарантирани приноси и голем профит;• Ако некогаш инвестирале во измама, измамниците најверојатно ќе ги наведат повторно или ќе ги продадат нивните информации на други измамници;• Да стапат во контакт со полиција доколку се посомневаат во нешто.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Македонија | пред 3 години

zabava2

Ужасна трагедија во Скопје, млада кумановчанка почина на приватна забава

На 22.07.2022 во 00.11 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ќурчиска“ починала Љ.С.(22) од кумановско.Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Скопје | пред 3 години

294310295_353945723592065_3006602597210099292_n

Куп екипи го гаснат пожарот во Берово, но се недоволни - се бара авион

Центарот за управување со кризи на социјалните мрежи информираше за пожарот во беровско.„Хеликоптерот дејствувал во време од 04.30 часот до 10.30 часот при што е постигнато пожарот да престане да се шири. На терен се следниве сили:1. ДЗС-30 луѓе со 4 возила2. ТППЕ -Берово-6 луѓе и 2 возила3. ТППЕ-Делчево-4 луѓе со 1 возило4. Доброволно ПП Д Кочани- 5 луѓе со1 возило5. ШС Малешево од Берово со 22 луѓе со 3 возила6. ШС Равна река од Пехчево со 8 луѓе и 2 возила7. ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило8. ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило9. ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила10. Население-15 луѓе.Вкупно се ангажирани 110 луѓе и 17 возила.Преку ДЗС побарано е во гаснењето на пожарот да се вклучи ЕР-трактор (авион)“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

218278749_326628449205463_2277962667892665479_n

Матичните доктори се гневни: Ова нема да ви помине!

Илјадници забелешки јавно доби вчерашната најава на Комисијата за заразни болести за отворање на пет нови ковид- амбулатнти од следната недела во кои по принцип на ротации ќе работат матичните лекари. Најголемите забелешки се токму од матичните лекари. Дел од нив велат дека не се против отворање ковид-амбуланти, но бараат да се преиспита одлуката бидејќи вака предложена ќе значи пациентите да останат без лекари во периодот кога тие ќе дежураат што ќе направи хаос во здравствениот систем.Доктор Марија Михајлова вели дека овој модел е добар, но не по грбот на матичните лекари.„Моделот за Ковид амбуланти е добар, но не по грбот на матичните лекари.Матичниот лекар не може да ротира и работи бесплатно за системот да бидеме на чистоНавистина се сетивте на нас дека сме дел од системот кога треба само да се работи. Каде попрво матичниот да стасаЗнаеме ние како функционира примарно здравство и во Словенија и Хрватска од сам почеток на пандемијата ,но истовремено знаеме и колку се платени колегите. Така да олабавете со споредбите. Ова нема да ви помине !“, вели Михајлова.

Македонија | пред 3 години

Kocikj-480x275-1

Пратеник “кука” зошто го нарекуваат предавник, па му дадоа “совет”

Божидар Божиновски објави статус на социјалните мрежи преку кој го искритикува пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ„Да му кажиме на пратеникот пошто има дилеми шо бил. Нека извести мвр“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

56196772_325811938121711_6823305575539933184_n

Скопје може да остане со полни контејнери и да тоне во смрдеа!

Од ЈП „Комунална хигиена“ се жалат дека имаат драстичен пат на наплатата, а сметките за струја и гориво им се зголемени, со што се доведува во прашање нивното нормално работење, пишува СДК.мк„ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочува со драстичен пад на наплатата на побарувањата како од домаќинствата така и од правните субјекти, што го доведуваат во прашање извршувањето на примарните активности на претпријатието на терен. Воедно, цените на горивата што се употребуваат за нормално функционирање на возниот парк се зголемени за над 80 проценти во однос на минатата година, додека идентична е состојба и со цената на електричната енергија. Имајќи предвид дека активностите и дејствувањето на ЈП Комунална хигиена-Скопје се од витално значење за нормалното функционирање на градот Скопје и пред сè фактот дека нашето финансирање се одвива исклучиво преку наплатата на нашите услуги што поради новонастанатата ситуација е крајно отежната, ја поддржуваме иницијативата на АДКОМ за изнаоѓање институционално решение за излез од финансиската криза на јавните претпријатија во државата.“, изјави в. д. директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

screenshot_2-1

Ослободителна пресуда за таткото и ќерката обвинети за бесправно градење на бунгалови во Леуново

Обвинетите татко и ќерка, Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт" ДООЕЛ увоз извоз с.Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Вака одлучи Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело Бесправно градење од чл.244-а став 1 од Кривичниот законик, а за правното лице за кривично дело Бесправно градење од чл.244-а став 5 в.в со став 1 од Кривичниот законик, кое им се става на товар, пишува МКД.мк.Обвинетите во текот на постапкаа кажаа дека не чувствуваат вина за овој случај, а нивниот законски застапник пред Судот истакна дека постојат докази со кој ќе му предочат на судот дека ниту двајцата обвинети, ниту нивната фирма немаат вина за бесправното градење на градбите на брегот на Мавровското Езеро.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-28-at-10.13.46

(ВИДЕО) Џафери се закани дека ќе го распушти Собранието, веќе нема толеранција

Собранискиот претседател Талат Џафери ќе предложи седница за распуштање на Собранието, откако денеска трипати се обиде да обезбеди кворум во салата, но не успеа. Тој смета дека институцијата мора да биде функционална, без разлика дали на некого му се допаѓа тоа или не. Џафери посочи дека како присутни на списоците се евидентирале 85 пратеници. Во салата, за 79. Седница на Собранието имаше 51 пратеници, што значи недостасуваа 34 од потпишаните пратеници кои ќе земат надоместоци.„Во сала се присутни 51 пратеник. Ги повикувам пратениците да влезат во салата. Листингот од потписите донесете ми го“, повика Џафери.Тој повторно се обиде да обезбеди кворум: „Ги повикувам пратениците кои се надвор од салата, да влезат од салата. Службите уште еднаш да констатираат број на присутни во салата, бидејќи влегоа други пратеници“.Имаше и нов обид.„Потпишани за оваа седница кои ќе примат надоместок се 85 пратеници. Потпишани се 85 пратеници. Ги повикувам пратениците да влезат во салата“, кажа ЏафериПо ова, тој се налути.„Поради фактот дека пратениците се потпишаа и одлучија да не влезат во салата, Собранието нема услови да одлучува за прашањата кои се на оваа седница. Ова јасно кажува за ставот на пратениците кон Собранието. Некој мисли дека ова е нивни имот и со нивниот имот можат да се однесуваат како сакаат, но ова не е наш имот како пратеници, туку ваш имот бидејќи сте не избрале“, се обрати Џафери до пратениците.На крајот посочи да се даде предлог за распуштање на Собранието или пак, тој ќе го стори тоа.„Должност на сите 120 пратеници е да бидат во салата. Би било коректно тие пратеници кои не сакаат да доаѓаат во Собранието и да бидат дел од работата на Собранието до мене да поднесат барање за распуштање на Собранието, ако така мислат. Јас друг излез немам, освен да ја прекинам работата со седницата. Ако некој од пратениците мисли дека седницата ќе биде закажана со уцена и ултиматуми, мислам дека греши, било кој да е тоа, од мнозинството или опозицијата. Тој што не сака да е дел од мнозинството, треба да каже, па нека прави мнозинство со кого сака“, додаде Џафери.Тој ја прекина седницата, по што ги повика координаторите на пратеничките групи кај него во канцеларија за да се види како ќе се продолжи со работа на оваа институција.„Ова не може да се толерира. Знам дека сме пред годишните одмори, некој си дава себеси право да одлучува на индивидуален начин, да дејствува како што мисли, но треба да бидеме одлучни“, објасни Џафери.

Македонија | пред 3 години

koronavirus-korona-kovid-test

Нови 779 случаи на ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.613 тестови, а регистрирани се нови 779 случаи на КОВИД-19: Скопје – 345, Битола - 61, Куманово – 45, Прилеп – 39, Кавадарци – 38, Велес – 32, Струмица – 25, Тетово – 24, Охрид и Кичево – по 23, Штип – 21, Струга, Гевгелија и Неготино – по 14, Ресен и Радовиш – по 8, Гостивар и Крива Паланка – по 7, Демир Хисар – 5, Кочани, Свети Николе и Валандово – по 4, Дебар и Македонски Брод – по 3, Пробиштип и Крушево – по 2, Делчево, Берово, Виница и Кратово – по 1.Од вкупниот број на позитивни (779), регистрирани се 173 реинфекции.Регистрирани сe 477 оздравени пациенти од: Скопје – 243, Битола и Куманово – по 33, Прилеп, Кавадарци и Тетово – по 22, Велес – 19, Струмица – 16, Охрид – 14, Гостивар – 9, Штип – 6, Кичево – 5, Кочани – 4, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод – по 3, Демир Хисар, Берово и Кратово – по 2, Струга, Ресен, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 4 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (80г и 89г) и по едно починато лице од Скопје (68г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.Направени се 1.613 тестови преку: ИЈЗ-239, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-58, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-37, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-45, Биотек-59, Систина-52, лабораторија Лаор-14, Синлаб-7, Ремедика-7, Плодност-16, Генеа-8, Никоб Лаб-61, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-7, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 695.Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353, а бројот на активни случаи изнесува 4.136Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје      152417, Активни   1965Куманово    17189, Активни    207Битола      16381, Активни    313Прилеп      14570, Активни    163Тетово      13788, Активни    127Кавадарци   11092, Активни    186Велес 10133, Активни    151Гостивар    9778, Активни     77Охрид 9322, Активни     180Струмица    8295, Активни     106Штип  8285, Активни     86Кичево      5780, Активни     76Кочани      5212, Активни     42Струга      4840, Активни     78Гевгелија   4518, Активни     60Неготино    3808, Активни     60Ресен 2823, Активни     53Свети Николе      2676, Активни     24Радовиш     2585, Активни     31Крива Паланка     2477, Активни     34Делчево     2011, Активни     5Берово      1707, Активни     9Дебар 1699, Активни     13Валандово   1517, Активни     14Виница      1403, Активни     4Пробиштип   1289, Активни     5Богданци    1038, Активни     5Кратово     998, Активни      19Крушево     946, Активни      12Демир Хисар 858, Активни      16Македонски Брод   758, Активни      11Демир Капија      599, Активни      1Македонска Каменица     527, Активни      2Пехчево     488, Активни      1Дојран      358, Активни      0

пред 3 години

osteteni-avtomobili-bunjakovac-fokus-1024x866-1

(ВИДЕО) Приведен скопјанецот кој оштети 18 паркирани возила

Денеска (22.07.2022) полициски службеници од Полициска станица Центар при СВР Скопје го привеле С.А.(48) од Скопје, постапувајќи по пријави од граѓани примени во 07.25 и 07.40 часот, според кои во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар било извршено оштетување на нивните патнички возила.Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража, според информациите од портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска. Извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот кој ги извршил оштетувањата, кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки делото е класифицирано по чл.243 од Кривичниот законик и се гони по приватна тужба, а од страна на МВР ќе се преземат сите неопходни активности за документирање на делото.ФОТО: Фокус

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

Мицкоски: За опожарените возила во Прилеп се гонат лица кои немаат врска со случаите

Живееме во време како во Бејрут во најлошите времиња, така отприлика функционира моментално Македонија. Тотално безредие, а тоа е така затоа што тие кои треба да го спроведуваат редот, ги водат луѓе коишто се во директен договор со криминалот и луѓето со сомнително досие, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Свети Николе, одговарајќи за запалените возила на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.Мицкоски истакна дека тоа што се случува во Прилеп, најпрвин на директорот на комуналното претпријатие му беше опожарено возилото, па потоа на пратеникот Петар Ристески, па потоа на еден од вработените, раководител на сектор во општината, е само доказ имаме работа со насилници.- Информациите се дека две лица се приведени, периферни лица кои немаат никаква врска со случаевите ниту се поврзани некако. И двајцата се познати престапници на законите во Прилеп и прилепчани ги знаат, потенцираше Мицкоски.Тој нагласи дека наместо да се гонат вистинските извршители, а уште поважно инспираторите и нарачателите на сето ова, ние се занимаваме со пердуви расфрлање и периферни личности кои немаат никаква врска со суштината.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања