ТОП

271837595_519305872857905_3533568932593628447_n

Денес температура до 40 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ=9Во Скопје сончево и многу топло,со максимална температура до 37 степени.

Македонија | пред 3 години

kumanovo-pozar-grom

(ВИДЕО) Гром пеплоса куќа во Куманово, настана огромен пожар

Пожар избувна во Куманово.Според првичните информации горат една или повеќе куќи, а пожарот започнал поради удар на гром.Екипите се на терен и го гасат пожарот, информираа кусо од ТППЕ Куманово.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-24-195610

(ВИДЕО) Ужас: Се моли за помош, додека пожарот се прошири над куќите во Богданци

На социјалните мрежи денес беше објавено видео од пожар кој гори во близина на Ѓавото и Богданци.Жителка вели дека потребни се авион или хеликоптер за гаснење на пожарот.„Во 13:30 часот започнат е пожар во поле, а подоцна истиот е проширен во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Во гансењето на пожарот интервенираат 9 пожарникари со 4 ПП возила, уште 3 пожарникари во моментот се испратени од ТППЕ Гевгелија и 4 лица од ШС од Гевгелија.Со пожарот зафатено е прнар и нискостеблеста шума.На помош се и вработени од Општина Богданци и мештаните.Пожарот, заради метеоролошките услови со ветер и теренските услови – непристапност и густа вегетација, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, како и селото Ѓавато.Побарано е да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места.Заради временски услови и краток временски интервеал на дејствување хеликоптерот нема да полета денес според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата. Се планира утре во 05:00 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана. Според последните информации пожарот се движи кон куќите во с.Ѓавато“, информираат од Центарот за управување со кризи.

пред 3 години

nasilstvo-vrz-deca

Скопјанец се обидел да си го убие синот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Во исто време, надлежниот обвинител презеде дејствија од кои произлезе дека осомничениот сторил и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1, кое претходело на обидот за убиство.На 23 јули, во вечерните часови, осомничениот во алкохолизирана состојба пристигнал во семејната куќа во Радишани, каде со сопругата и децата живееле разделени на посебни катови поради претходно нарушени односи. Притоа започнал да ги навредува сопругата и ќерката, ги полеал скалите, оградата и ѕидот од куќата со бензин, заканувајќи се дека ќе ги запали ако не се отселат.Кога неговиот 18-годишен син се обидел да го спречи во семејното насилство, осомничениот со умисла се обидел да го лиши од живот. Тој го давел оштетениот со двете раце на вратот и се обидувал да го фрли од терасата на вториот кат кон дворот на куќата, на висина од 2,5-3 метри. Во намерата го спречиле сопругата и двајца сведоци на настанот.Оценувајќи дека постои сериозна опасност осомничениот да се даде во бегство доколку се брани од слобода, да се обиде да го доврши обиденото кривично дело и да го стори делото кое се заканувал дека ќе го изврши, како и да влијае врз сведоците и врз оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор.

Скопје | пред 3 години

petar-bogojeski

(ФОТО) Богојески кажа што се случувало додека со автомобил сакале да го истуркаат од пат

Петар Бгојески се голаси во врска со вчерашниот инцидент, кога бил„Ви благодарам на интересот за вчерашниот инцидент, во кој учествуваа две лица, за мене сеуште непознати!Ве замолувам за сите прашања во врска со настанот да се обратите до Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme, од причина што и јас сеуште очекувам одговори од таму!МВР го потврдува инцидентот, а во интерес на истрагата од страна на ОЈО, засега ќе се воздржам од било какви коментари!Јас сум добро, со мали траги од заштитниот појас врз мене, не се чувствувам вознемирен, а најмалку заплашен!Напротив, дупло помотивиран да ја продолжиме борбата со бандите кои го уништуваат нашиот народ!♥️На сликата се локациите од нападите врз мене, во кои за малку ќе настрадаше и трето возило - семејство кое патуваше од Прилеп кон Кривогаштани!Доколку истите го видите ова известување, ве замолувам да ми се обратите на мене или дирекно во МВР!Однапред благодарам“, вели Богојески.

Македонија | пред 3 години

arafat-muaremi-ruskoska

Што испитува Русковска: Финансиската полиција отворала фиктивни истраги против осомничени кои имале фирми

Дали во финасиската полиција се отворени голем број на предмети со анонимен пријавувач и како се затворени – ова се дел од одговорите кои треба да ги даде предистрагата на обвинителството за организиран криминал која пред неколку дена почна со претрес во институцијата која треба да се бори со финански криминал, дознава Телма.Според извори на Телма кривичната пријава од група граѓани по која постапува обвинителството за организиран криминал напишале дека финансиската полиција отворала фиктивни истраги од непостоечки пријавувачи против осомничени кои имале фирми. Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

zoran-dabikj

Амбасадорот кој се спротистави на МНР е гонет од Османи, бара поддршка и објави детали

„Барам ЈАВНА ПОДДРШКА од сите вас, без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување“, вели амбасадорот Зоран Дабиќ во писмото до јавноста. Во писмото тој вели:МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како Претседател на МДС јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување.Насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно.Барам ЈАВНА ПОДДРШКА од сите вас, без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување.Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи!Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов!Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија!Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови.Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува.Амбасадор Зоран Дабиќ

Македонија | пред 3 години

Mickoski-12.03.2022

Мицкоски: СДСМ ако смета дека е со нив народот не треба да се плашат и нека излезат на референдум

СДСМ ако смета дека е со нив народот не треба да се плашат и нека излезат на референдум и само на тој начин ќе се знае дали тие се во право или ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан на Демократски сили на Ромите, одговорајќи на новинарско прашање, при што истакна дека против референдум се само СДСМ и нивните инсталации во опозицијата додека целиот народ бара референдум.- Што се однесува до дебатата во јавноста има една чудна состојба, а тоа е дека противници на референдумско изјаснување на народот се власта и оние инсталации на власта во опозиција. Тоа е една чудна ситуација која ги обединува тие инсталации на власта во опозиција и помеѓу македонскиот народ и самата власт. А сите останати, огромно мнозинство граѓани без разлика на етничка припадност се за тоа да имаме референдум, истакна Мицкоски.Мицкоски посочи дека за референдумот добил поддршка од ИК и ЦК на партијата и во следниот период следат консултациите со експертите и јавноста за тоа каков ќе биде референдумот и кога би се одржал.- Со таков став излегов пред Извршниот комитет и Централниот комитет на партијата за што добив и недвосмислена поддршка. Во периодот кој следи ќе продолжат консултациите со експертите со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумот, задолжителна, консултативна, кога би се одржал, кој би го поднел, дали пратениците, дали 150.000 граѓани, дали ќе биде референдум претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот од преговарачката рамка кој се повикува на билатералниот договор о Бугарија и изворот на проблемите, тоа е протоколот, изјави Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека референдумот треба да го заштити македонскиот идентитет и дека оваа влада која нема никаков кредибилитет нема право да преговара и нема право да потпишува договори.

Македонија | пред 3 години

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Четири апсења во Скопје, полицијата со акција во Градски парк, Карпош, Гази Баба

На 23.07.2022 во 22.50 часот во Градскиот парк, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(33) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 24.07.2022 во 00.25 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 23.07.2022 во 20.00 часот во Парк шума Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(19) од Германија и Ф.С.(29) од Скопје затоа тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

lavrov

MНР реагираше на изјавата на Лавров за Македонија

Во врска со интервјуто на МНР на Руската Федерација, Сергеј Лавров во кое се споменува Република Северна Македонија во неприфатлив контекст, реагираа од македонското Министерството за надворешни работи од каде преку соопштение го посочуваат следното:„Од стекнувањето на независноста на Република Северна Македонија постои силно меѓуетничко и надпартиско единство за членство во Европската Унија.Нашето Собрание пред повеќе од 30 години донесе едногласна одлука за ваквата надворешно-политичка ориентација на земјава.Таквите одлуки за зачленување во меѓународни сојузи, како и секоја друга суверена држава ги донесуваме водени исклучиво од сопствени интереси со поддршка од најголемиот број на граѓани.Во изминатите години сите политички чинители даваа значаен придонес во имплементација на ваквите стремежи.Денес Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО, заедно со нашите сојузници целосно сме посветени на сочувување на меѓународниот мир и безбедност при што најостро се спротивставуваме на сите кршења на меѓународното право, каков што е случајот со агресијата врз Украина.Истовремено постојано се бориме против сите злонамерни влијанија од трети држави со цел мешање во нашите внатрешни работи.Во интервјуто се манипулира со религиозните чувства на православните верници во нашата држава и се користи добивањето на автокефалноста на МПЦ- ОА за промовирање на своите геополитички ставови.Овој историски настан никој не смее да го присвојува како свој успех, особено не оние кои прикриено се противеа на ваквиот чин“, се потенцира во соопштението од страна на Министерството за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

1-5

Протоколот - грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија, вели Левица

Иако поминаа неколку дена од потпишувањето на Протоколот на Македонија со Бугарија, многубројни се сите инстанци на негативни “придобивки”, кои тој ги носи за Република Македонија, вели Левица„Од правен аспект, со овој Протокол, од страна на Бугарија, се врши грубо мешање во внатрешните работи на Македонија и со тоа се крши еден од основните принципи во меѓународните односи, имплементиран и во нашиот Устав.Во Протоколот се наведува дека :“Двете држави да разменат, согласно член 12 од Програмата меѓу владата на РепубликаСеверна Македонија и владата на Република Бугарија за соработка во областа на образованието и науката, копии од сите образовни програми, учебници, учебни помагала и други релевантни учебни материјали во образовните програми на двете држави”.Дополнително, во Македонија ќе се контролира искажаните ставови на поединци и организации. Затоа, секоја реакција ќе може да биде санкционирана како говор на омраза. Бугарија ќе има право да контолира кои споменици се поставуваат и какви натписи ќе имаат. Истотака, ќе се има увид во тоа какви книги ќе се печатат во Република Македонија.Освен јасно изразената цензура на македонскиот народ по терк на колонијалните апетити на Република Бугарија, веќе знаеме дека тие ќе можат да го наметнат сопствениот наратив за македонската историја и култура.Но, истото тоа нема да важи за Република Бугарија и со тоа се крши - уште еден основен елемент во меѓународното право - реципроцитет.Жално е што на овој Протокол стои потпис од македонски министер кој доби подршка од пратениците на пробугарското мнозинство во Собранието, со што уште еднаш се покажа какви се амбициите на оваа власт.Предавнички и врховистички. Пробугарската СДС и терористичката ДУИ се целосно ставени во служба на бугарските интереси“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

mickoski-stevce-jakimovski

Јакимовски открива: Мицкоски го бетонира Бугарско-Францускиот договор

За мене власта фарса не прави, власта е јасна како ден - она е спремна да предаде и власта си кажува: "Ние сме за прифаќање за договорот со Бугарија; ние сме за уставни промени; за внесување на бугарите во уставот.“, вели градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски„Значи СДСМ ни е јасен како ден, фарсата е кај опозицијата, кај Христијан Мицкоски, не е фарсата во СДСМ. СДСМ ни е јасен, зошто СДСМ прави фарса?Значи нивната цел е јасна, они се спремни сите предавства да ги направат, е сега проблемот е што овој им асистира во правењето на предавствата, а ваму изиграва пред народот дека он е тој што ја штити Македонија.⁉️Ќе одговори ли на прашањето зошто месец ипол однапред направи протест кој беше десет дена пред објавување на Бугарскиот предлог, за да кулминацијата да се достигне десет дена пред тоа и после тоа тие протести беа само фарса. Мојот предлог беше да направиме еден голем протест на којшто ќе имаме најмалку шест – седумдесет илјади луѓе, да донесеме 700 – 800 автобуси.‼️Скопјани сакаат да излезат; и замислете ја глетката вие од фонтаната во парк до Стоковна куќа мост, спрема Тифани – народ да има према црквата. Возможно е тоа? Возможно беше тоа? Овој пат како никогаш досега имаше тензии, народот беше спремен, ама еве тој го угуши тој набој кај народот што го имаше, јас сум сигурен дека ако одеше толку народ они ќе се повлечеа, ама очигледно дека ова е дадено ветување пред меѓународната јавност.⁉️Беше ли Мицкоски во Брисел крајот на април, почетокот на мај? Таму е договорена целата работа. И сега што се случува, сега сака да се испере и пред народот и пред народната заедница, а во исто време партијата да ја дигне во кондиција со тоа што ќе прави кампања за референдум.Што значи тоа? Јасно како ден, еве 102,6% дека мнозинство да поништување на ова ќе нема, со тоа го бетонира Бугарско-Францускиот договор, значи нема бришење и со тоа тој добива пас, утре неговите луѓе од неговата партија, во парламентот да ги гласаат уставните промени за да влезат бугарите во Уставот со тоа македонскиот народ е изигран, а ќе ја префрла вината кај народот, а не кај себе. Мојот предлог е следен.‼️Излегуваме јас, тој, Апасиев, другите партии, потпишуваме договор, или декларација со која народот ако ни даде доверба со 61 пратеник, ние гарантираме дека ќе го поништиме овој договор и ништо повеќе. Нема што да се криеме позади народот; нема што да го мачиме народот; нема зошто да го лажеме; оваа е чесна понуда.‼️Имаме 61? Поништуваме‼️Немаме 61? Тоа е тоа, и овој е полесниот начин како да се дојде до оваа работа, а сето друго е фарса.Потполно истата фарса каква што беше за референдумот за промена на Уставот и промена на името, потполно иста фарса.Потполно иста игра се игра денеска“, вели Јакимовски.

Македонија | пред 3 години

lavrov

Лавров: Западот прави обид Македонија да стане „инструмент“ во антируската игра

Има разлика меѓу тоа што чувствуваат Македонците за Русија и она што го прават нивните политичари, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за годишнината на смртта на отец Методиј, македонскиот монах во познатиот руски Валански манастир.Рускиот министер за надворешни работи испрати сериозни дипломатски пораки до двете балкански држави кои се зачленија во НАТО Македонија и Црна Гора. Ги нарече инструмент во антируската игра на западот кој премногу ветувал особено на Македонија.-Сега има огромна разлика меѓу она што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија, и она што нивните политичари се принудени да го прават од Брисел, ЕУ, НАТО. Тоа е обид да ги направат „инструменти“ во антируската игра. Тоа, исто се обидоа да го направат и со Украина и со голем број други источноевропски земји, изјави Сергеј Лавров за „Асоцијација Наше Кино“.-(Државата) стана Северна Македонија за тоа, за да влезе во ЕУ (каде тоа не помина и нема да биде прифатено наскоро иако е решено прашање). Наместо тоа, ја вовлекоа во НАТО, почнаа да потпалуваат чувство на русофобија, на агресивна политика кон Руската Федерација, додава рускиот министер за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

mala-heroina-3-godishnata-darija-ja-pobedi-leukemijata-postaroto-bratche-ja-odnese-do-dzvoncheto-vo-detskata-klinika-03

(ВИДЕО) Повторно се слушна ѕвончето на детска клиника 3-годишната Дарија ја победи леукемијата

За време на долгата 9-месечна борба со леукемијата, македонската јавност редовно можеше да ја следи состојбата на Дарија, преку нејзиниот профил на Инстаграм.Вчера малата хероина конечно ја напушти Детската клиника во Скопје. Нејзиниот постар брат Дарис ѝ помогна да се качи на скалите за да заѕвони на ѕвончето.Претходно на инстаграм беше објавена фотографија на која таа држи лист со датумот на последната хемотерапија.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-07-23-133533

Ечи “Бисер Балкански” срeде Охридско Езерo

Охрид деновиве е преполн. Туристи има од цела Македонија но и од светот.Посебно внимание привлекоа туристите кои со глисер пловеа во езерото, а од него на цел глас ечеше песната „Бисер Балкански“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања