ТОП

295983761_10223773611943262_5916666251534305840_n-768x432-1

Каде има активни пожари во Македонија

Рано утрово со полициски хеликоптер извршено е извидување на трите активни пожари во земјата, информираше на социјалните мрежи директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер. Ангелов истакна дека воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни.Вториот пожар е нов пожар кој бил забележан во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде е зафатена дабова шума.„Постоеше можност за проширување но благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола“, рече Ангелов.Третиот пожар е пожарот кој во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во општина Василево, струмичко.Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на лице место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот.Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија | пред 3 години

20220105094934

Костадин Ацевски призна дека плаќа 10 пати поскап битумен, каде завршува разликата во цени, вели ВМРО-ДПМНЕ

Костадин Ацевски призна дека плаќа 10 пати поскап битумен, каде завршува разликата во цени, вели ВМРО-ДПМНЕ„12.000 евра чини транспорт на една цистерна битумен, според договорот кој го потпишал Костадин Ацевски, директор на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта. Тоа е 10 пати поскапо од цената која ја плаќа ЈП Комунална хигиена за набавка на истата суровина. Имено еден тон пренесен битумен ЈП Улици и патишта го плаќа 2915 денари, а ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта каде Ацевски е директор 29.295 денари.Што е разликата помеѓу овие две претпријатија. Нема. Единствена разлика е што едното е под капата на владата на предавникот Ковачевски и тоа претпријатие од буџетот на народот плаќа суровина 10 пати поскапо од сите други.Ова е очевиден криминал, и ЈО треба што поскоро да отвори истрага. Фактите се на тапет пред целата јавност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

culev

Чулев го бркаат од работа, тој откри дека има закани и уцени

Наќе Чулев доби суспензија, пред да му биде врачен и отказ од Агенцијата за разузнавање (АНБ), каде во минатото беше и директор. Тој повеќе не оди на работа и е раздолжен со АНБ. Причните не се откриваат, а Наќе Чулев на социјалните мрежи објави само дека тој е професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор. Отказот на Чулев доаѓа по 25 години работа во Агенцијата, а откако тој беше технички министер за внатрешни работи. Чулев имал и дисциплински постапки кои ги поведувале против него, но според сознанија на „А1он“ и пресуди каде тој добивал тужби поднесени против решенија на АНБ.„Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија. Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери“, вели Чулев.Тој решението за суспензија, која не неминовна пред да се врачи отказ, вели дека е поради политички прогон.„Во изминатиот период во неколку наврати испратив јасна порака и денес повторно и недвосмислено повторно го правам тоа. Политичкиот прогон, сите притисоци, закани и уцени кон мене и другите припадници на безбедносната заедница нема да вродат со плод. Ние и понатаму ќе бидеме со полн капацитет во одбрана на Македонија и македонските интереси, а сите оние кои постапуваат незаконски ќе одговараат за тоа пред надлежните институции“, додава Чулев.Тој смета дека Власта која ја нарекува „криминална“, удрила по него и професионалниот интегритет.

Македонија | пред 3 години

291943406_548078017014897_5141658692253831862_n

Условни казни за учесниците во инцидентите пред Собранието

Младен Ристовски, Иван Јосифовски, Славчо Симоновски, Бојан Стефановски, Никола Михаиловски, Виктор Стојков, Штефан Шуман добија условни казни поради настаните пред Собранието каде имаше инциденти. Судијката изјави дека секој мора да одговара за тоа што го направил.„Обвинетите се огласуваат за виновни за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело. За што им изрекува алтернативна мерка, условна осуда. На сите обвинети им одредува казна затвор од две години, и определува дека нема да се изврши ако обвинетите во наредните четири години не сторат ново кривично дело“, кажа судијката Славица Андреевска.Според обвинението, тие ја оштетиле собраниската зграда и повредиле 23 полицајци, од кои еден потешко.„Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица, од кои 9 се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 1 од Кривичниот законик, а три лица се гонат за – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За време на јавен собир на граѓани, на 5 и 6 јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело – насилство пред Собранието на Република Северна Македонија. Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието. Притоа, на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а 26 полицајци се здобиле со телесни повреди. Обвинетите причиниле штета на Собранието во вкупен износ од 576.665 денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило Шкода Јети“, пишува во обвинението.

Македонија | пред 3 години

286613266_323184533270449_5572460725472800028_n-1

Седум млади лица признаа вина за инцидентите пред Собранието, судот ќе им изрече пресуда

Во Кривичниот суд се дадени седум признанија за вина од обвинети кои учествувале во настаните пред Собранието. Обвинителката кажа дека тие се гонат бидејќи го искршиле Собранието и повредиле полицајци. Тие се согласија дека доброволно го даваат признанието и се каеја за стореното.Младен Ристовски, Иван Јосифовски, Славчо Симоновски, Бојан Стефановски, Никола Михаиловски, Виктор Стојков, Антонијо Величковски, Штефан Шуман сега ќе чекаат пресуда. Се гонат за учество во толпа која ќе изврши кривично дело.Според обвинението, тие ја оштетиле собраниската зграда и повредиле 23 полицајци, од кои еден потешко.„Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица, од кои 9 се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 1 од Кривичниот законик, а три лица се гонат за – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За време на јавен собир на граѓани, на 5 и 6 јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело – насилство пред Собранието на Република Северна Македонија. Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието. Притоа, на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а 26 полицајци се здобиле со телесни повреди. Обвинетите причиниле штета на Собранието во вкупен износ од 576.665 денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило Шкода Јети“, пишува во обвинението.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-0123

Ковачевски: Денешниот ден е впишан во меморијата на солидарно Скопје, им оддаваме почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес

Денешниот ден кога одбележуваме 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, е датум кој е врежан во меморијата на градот на солидарноста, порача претседателот Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски по повод одбележување на годишнината од скопскиот земјотрес што се случи во 1963 година.„На денешен ден во 1963, во точно 5 часот и 17 минути, накратко запре срцето на Скопје. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи и направи огромна материјална штета. Но, со трудот и пожртвуваноста на скопјани и на пријателите од целиот свет кои несебично подадоа рака, од рушевините се роди едно ново Скопје. Скопје кое стана синоним на солидарност, етничка и архитектонска шареноликост, на еден нов, модерен космополитски дух. Тоа е вистинскиот код на градот“, стои во фејсбук објавата на премиерот Ковачевски.Премиерот Ковачевски порача дека 26 јули е потсетник дека наша должност е на новите генерации да им ја пренесеме љубовта, еснафскиот дух и пожртвуваноста со кои градот се градеше и развиваше, но и да им оставиме аманет никогаш да не ги забораваат жртвите од земјотресот на кои денес им оддаваме почит.

Скопје | пред 3 години

Screenshot_7-13-700x411-1

(ФОТО) 59 години од денот кога Скопје засекогаш се промени

Скопје денеска со повеќе активности одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот.Собраниска делегација, во состав Даниела Николова и Тони Јаревски, ќе положи венец пред Споменикот на загинатите од земјотресот на Градските гробишта Бутел. Почит ќе оддаде и владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје.Град Скопје и јавните културни установи традиционално ќе организираат голем број настани.Во МКЦ по повод сеќавањето на земјотресот, најавен е настан насловен „За Скопје“, во чии рамки ќе се случува поетско читање, отворање на изложбата „За Скопје, со љубов од целиот свет“, „1963: Good Night Skopje“ и музичка програма.Во разорниот земјотрес на 26 јули 1963 година животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата. Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“. 

Скопје | пред 3 години

1d77059d0d8adeb2ceccdbc07bdc73c2_XL

96 години од смртта на Крсте Петков Мисирков: Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов

На 26 јули во 1926 година во Софија, починал Крсте Петков Мисирков, македонски национален деец, филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација.Се школувал во соседните земји и во Русија.Тоа му овозможувало да ги согледа стремежите на соседните земји кон Македонија и македонскиот народ, но и да ги согледа патиштата за национална слобода на македонскиот народ.Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, негово фундаментално дело, во кое се истакнува посебноста на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Роден бил во Постол, Ениџе-Вардарско, Егејска Македонија, на 18 ноември 1874 година.Покрај авторската дејност, тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби.„Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште“ – Крсте Петков Мисирков „Самоопределувањето на Македонците“, објавен во весникот „Мир“ на 25 март 1925 год.

Македонија | пред 3 години

GP-Tabanovce

Огромна гужва на Табановце, се чека два часа

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На ГП Табановце за влез во државата се чека околу два часа, додека на ГП Богородица за излез од државата околу 15 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Македонија | пред 3 години

grujo-1

Експремиерот Груевски се огласи за македонско-бугарскиот спор и францускиот предлог

Експремиерот Груевски се огласи на Фејсбук во врска со македонско-бугарскиот спор и францускиот предлог:

Македонија | пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija1001

За три дена, заразени се 1261 пациент, а шест починале

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.07 до 24.07.2022):Направени се 2.989 тестови, а регистриран е 1.261 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 572, Битола – 107, Кавадарци – 75, Прилеп – 64, Охрид – 62, Куманово – 54, Тетово – 44, Велес – 36, Гостивар – 29, Неготино – 27, Струмица – 23, Струга – 22, Кичево – 19, Крива Паланка – 18, Ресен – 16, Штип – 15, Кочани – 12, Гевгелија и Свети Николе – по 9, Дебар – 8, Радовиш и Кратово – по 7, Валандово – 5, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 4, Македонски Брод – 3, Делчево – 2, Виница, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.261), регистрирани се 295 реинфекции.Регистрирани сe 1.085 оздравени пациенти од: Скопје – 578, Битола – 80, Куманово и Кавадарци – по 51, Велес – 41, Охрид – 35, Тетово – 26, Гостивар и Струмица – по 25, Штип – 19, Прилеп – 18, Струга и Кичево – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Ресен – 12, Неготино и Кратово – по 10, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 6, Свети Николе – 5, Крушево – 4, Радовиш, Берово и Делчево – по 3, Дебар, Виница и Богданци – по 2.Во текот на изминатите 3 дена (22.07-24.07.2022) пријавени се 4 починати лица од: Скопје (69г), Битола (84г), Прилеп (80г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од: Куманово (86г) и Македонски Брод (79г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 26.06.2022 - 01.07.2022г.Направени се 2.989 тестови преку: ИЈЗ-323, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–147, Жан Митрев (Филип Втори)-34, Авицена-75, Биотек-123, Систина-62, лабораторија Лаор-14, Синлаб-28, Ремедика-7, Плодност-37, Генеа-9, Никоб Лаб-160, ВФВ Медикал-16, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-31, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.601.Досега во земјата се направени вкупно 2.108.611 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 323.425, бројот на оздравени пациенти е 309.761, на починати е 9.359, а бројот на активни случаи изнесува 4.305Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје      152984, Активни   1953Куманово    17242, Активни    208Битола      16489, Активни    340Прилеп      14633, Активни    207Тетово      13833, Активни    146Кавадарци   11166, Активни    209Велес 10170, Активни    146Гостивар    9805, Активни     79Охрид 9385, Активни     208Струмица    8318, Активни     104Штип  8301, Активни     83Кичево      5799, Активни     78Кочани      5223, Активни     39Струга      4862, Активни     83Гевгелија   4527, Активни     55Неготино    3832, Активни     74Ресен 2841, Активни     59Свети Николе      2685, Активни     28Радовиш     2592, Активни     35Крива Паланка     2496, Активни     47Делчево     2014, Активни     5Берово      1713, Активни     12Дебар 1707, Активни     19Валандово   1522, Активни     13Виница      1404, Активни     3Пробиштип   1288, Активни     4Богданци    1039, Активни     4Кратово     1005, Активни     16Крушево     951, Активни      13Демир Хисар 864, Активни      16Македонски Брод   761, Активни      13Демир Капија      599, Активни      1Македонска Каменица     527, Активни      2Пехчево     489, Активни      2Дојран      359, Активни      1

Македонија | пред 3 години

236614972_1833678590135817_94677996816549323_n

„Сакаме ноќен живот во Скопје“ го откажаа протестот по повик од Спасовски

По денешната средба на претставници од Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откажан е протестот најавен за среда пред Владата.– Нашите барања најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува, наведоа од Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ на „Фејсбук“.Од МВР за МИА информираа дека на средбата било разговарано за барањето на Иницијативата за издавање на лиценци за работа на летните клубови во Скопје, за што министерот Спасовски укажал дека од страна на МВР ќе биде направено се што е во рамки на нивните надлежности.Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ реагираше дека летните ноќни клубови сеуште немаат добиено лиценци за работа поради што најавија протест пред Владата.

Скопје | пред 3 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Објавени новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89% во однос на одлуката од 22.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,050%, кај дизелот за 1,596%, кај екстра лесното масло за 1,569% и кај мазутот зголемување за 1,311%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.Од 26.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 95,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 98,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,383%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-24-195610

Пожарот кај Ѓавото е под контрола

Пожарот кај селото Ѓавото е ставен под контрола, но, како што информираа утринава од Центарот за управување со кризи, ситуацијата зависи од ветерот.– Надмината е опасноста која цела ноќ му претстоеше на селото Ѓавото, пожарот е концентриран на сртот на ридот на месноста викана Погана. Сите дејствуват во содејство со хеликоптер од Армијата, кој досега има направено шест прелети и истурени се шест ведра вода – информира ЦУК.

Македонија | пред 3 години

policiska-kola

Додека бегал од полиција, удрил во друго полициско возило

На 24.07.2022 околу 22.15 часот на ул.„Џон Кенеди“ од страна на полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција лишен е од слобода М.М.(30) од скопско.Имено, откако полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, М.М., управувајќи го возилото, се дал во бегство, при што удрил и оштетил службено полициско возило. Откако бил запрен, при извршен преглед во возилото „ауди“ било пронајдено пакување со кокаин, дигитална вага за мерење и предмети со остатоци од кокаин.Лицето е приведено во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања