ТОП

tabanovce-i-bogorodica

Границата со Грција е „окупирана“

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути, а на ГП Богородица за влез и излез се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Обвинителниот акт за модуларната во Тетово не ги опфаќа вистинските виновнци, наместо по коњот се удира по самарот, смета опозицијата

„Најавениот обвинителен акт за трагедијата со модуларната болница е нецелосен и не ги опфаќа вистинските виновници, туку лица кои се далеку подолу на прирамидата на одговорноста. Тоа само покажува дека и случајот со модуларната болница, исто како и со трагедијата со Дурмо Турс и Беса Травел се водат без да се најде вистинскиот системски причинител, поради кои десетици животи беа предвреме згаснати“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Обвинителниот акт не ги дава одговорите која е улогата на министерството за здравство во изградбата на овие објекти, како од надлежните инспекции тие добиле дозвола да работат, која е одговоноста за материјалите од кои беше изграден објектот и редица на други фактори кои доведоа до трагедијата.Семејствата на настраданите во вакви случај, со вакво судство и обвинителство нема да ги добијат вистинските одговори, како и поради што настрадаа нивните најблиски. Нивната болка нема утеха, но уште поболно е што во Македонија се создава систем на неказнивост во која наместо по коњот се удира по самарот. Затоа за жал системот на неказнивост создава нови и нови трагедии. Тоа мора да престане. Вистинските виновници мора да одговараат и во случајот со тетовската модуларна болница и во секој друг случај, затоа што само така може да се изгради владеење на правото и правна држава.

Македонија | пред 3 години

DSC_0289

Акција во Прилеп, приведени три лица, 19 санкционирани возачи

Во текот на изминатата вечер (28/29.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.За време на контролите лишени од слобода се три лица. При преглед кај едното лице била пронајдена марихуана, додека кај останатите две лица пронајден е кокаин. Против лицата ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 19 возачи, од кои 13 се исклучени од сообраќај.Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 3 години

transport-oklopni-vozila-1024x538-1-960x504-1

(ФОТО) Македонија и испраќа тенкови на Украина, фатен е моментот на транспорт

Откако на социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа транспорт на тенкови, „360 степени“ се обрати до Министерството за одбрана од каде, според одговорот, потврдуваат дека станува збор за донација што земјава ѝ ја дава на Украина.Од МО велат дека станува збор за трета генерација тенкови кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа, а дополнително за нивно уништување во земјава ќе се потрошат пари што, како што велат, е нецелисходна активност за нашата Армија.

Македонија | пред 3 години

boki-apelacija-960x548-1

Боки 13 пред операција која може да заврши со смртни последици

Низа испитувања му се прават на Бојан Јовановски-Боки 13, по кои треба да се одлучи дали ќе му се отстрани желудникот, операција за која има висок ризик од смртност.Двајца хирурзи ја разгледуваат секоја можност за да му се подобри здравствената состојба, откако тој беше хоспитализиран во болница. Докторот Божин Ефтимов за „А1он“ посочува дека прават обиди за да се подобри здравјето на Јовановски без операција, но испитувањата ќе го дадат конечниот одговор.„Доколку не дојде до подобрување на здравствената состојба пациентот ќе мора да биде опериран. Се прават дополнителни медицински иследувања по кои ќе донесеме одлука“, вели хирургот Ефтимов за „А1он“.Бојан Јовановски е хоспитализиран веќе една недела.Повеќе

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-28-at-17.43.09

Ременски ја разобличува Русковска за претресот кај Муареми: Целта е попречување на истраги за нејзината клиентела!

Експратеничката Фросина Ременски, смета дека шефицата на Обвинителството кое треба да гони организиран криминал, Вилма Русковска, претресот во Финансиската полиција го направила поради како што вели: „заштита на интересите на нејзината клиентела и попречување истраги за таа клиентела“.Ременски во детали опишува како таа смета дека Русковска делува од позицијата на моќ.Нејзината анлиза, во продолжение:Во сите мои написи во кои се спомнува Русковска, пишував за каубојскиот начин со кој таа применува обвинителско право според нејзино сфаќања/толкување, со кривотворење и намера, со лична тенденција, со пречекорување на своите овластувања и оние на нејзините истражители, со лажење и притисоци на и кон Судот и судиите кои одлучуваат по нејзините барања и обвиненија, со заштита на службените пречекорувања направени со нејзина усмена наредба, со кршење на етичките правила и кодекси за обвинителите, со клевети, со медиумска сцена во која сама ги доделуваше улога, со импровизации од нејзини „извори на информации“ со кои се штитеа криминалци во бегство, со доверба „само во неа“ на криминалци привилигирани во прогон од неа лично ..., со попречување во вршење на службена должност на лица со кои требала да соработува, а не да ги прогонува ..., со тортури, притисок и изнудување на „признанија“ и клевети кон други лица, со заштита на крупните криминалци, со подготвување на двојни записници во предмети лично застапувани од неа, со дружби и комуникации со лица кои за сопствена заштита лично ги прогонува итн.❗Долга е оваа низа на „етичко и професионално поведение на Русковска“. Низата личи на добро документирана кривична пријава по која би постапувале обвинител и судија кои не се плашат од нејзините блеф изјави за „тресење од гаќи“ и фразата „ќе видиш ти“❗👉За да може Вилма Русковска да го глуми прохибицискиот агент Елиот Несс прво, треба да биде неприкосновено етичен и чист професионалел и второ, да не пие. Вилма не може да биде „Елиот Несс во македонскиот правосуден систем“❗Кога годините наназад пишував за „функционирањето“ на обвинителството и начинот на работа, штетите кои ги предизвикаа одредени обвинители со нивните одлуки, прикривања на криминалот, недокажаните обвиненија терани со помпа и со ексклузивни брифинзи, а особено кога пишував за злоупотребите „од позиција на моќ за прогон“ на Вилма Русковска, многумина се коментираа и се обидуваа да бараат мој личен мотив во написите. Не им замерував, зошто не знаат н петина од злоупотребите.❗Препукувањето помеѓу двете институции кои имаат иста моќ и право на кривичен прогон (Финансиска полиција и ОЈО ГОКК), со приближно ист делокруг и надлежност на работа, со демонстрација на каубојското вршење на „претрес по анонимна пријава на граѓани во предистрага (❗)“, со претставки за начинот на извршен претрес и основаноста од страна на истражителите на Вилма кои тоа го правеле, со докажувањето на (не)основаноста на наредбата за претрес пред судијата за претходна постапка Реџепагиќ ..., на голем екран гледам едно „дежа ву“ и една злобна матрица која ја опишав и пријавив до сите надлежни институции кои до денес не сакаа да ја видат злоупотребата и тенденцијата на еден јавен обвинител и се обидуваа да ја претстават како „светица“, а зад грб да зборуваа се' и сешто за неа.❗Не зборувам зад грб – пишувам јавно за се' за што имам доказ❗Имам човечка доблест и култура, да не напишам повеќе од се' што знам за нејзината „хуманост, етика и професионализам“. Тоа не е мое ниво❗👉Целта на овој статус не е да повторам се' што досега сум напишала за Вилма Русковска и за начинот на нејзина работа и нејзината замислена улога на „удбаш“ со методи на параполициско делување.Целта не ниту да застапувам интереси на Финансиската полиција.🚩🚩Со овој статус имам намера да напишам и да 👉ПОДВЛЕЧАМ ЕДЕН ОСНОВАН ФАКТ👈 кој може да биде темел за издржана и обемна кривична пријава против Вилма Русковска во истиот момент кога таа нема да ужива никаков имунитет и нема да може да ја злоупотребува позицијата, да се заканува и да ги прогонува оние кои многу одамна ги документирале и нејзините злоупотреби❗🚩Заклучокот го влечам од паралелата на злоупотреби на јавнообвинителската функција во 👉ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ВРШЕЊЕ СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ преку незаконски претреси (Вилмин модус операнди)👈 неосновани „блеф“ сомневања како основ за добивање на наредба за претрес од судија и подоцна одземање на документи со цел попречување на истраги/надзори итн., - сето тоа, заради заштита на интереси на нејзина клиентела по повеќе основи❗🚩Со докажаниот во судска постапка незаконски влез и претрес во мојот дом пред 3 години - недозволено диригиран по телефон од страна на Вилма Русковска (наместо од раководител на претрес или судијата на претходна постапка Весна Димишкова) во тој актуелен момент на ДИРЕКТЕН НАЧИН беше попречен ефикасен парламентарен надзор над УБК во фаза додека течеа реформите и додека до членови на Комисијата за надзор над УБК и АР стигаа сериозни докази за криминал кој не завршил со „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“❗🚩Фактот што до денес (повеќе од 2 години) ниту една институција, вклучително ДКСК, АНБ, ОЈО ОКК не постапува по неанонимните пријави потпишани со мое име и презиме во кои доказен материјал се „одземените документи при претрес од домот на Ременски“, зборува за фактот дека, целта на тој „претрес“ кај Потпретседателот на Собрание и член на надзорни тела над безбедносни служби, ВООПШТО не биле документи од невладина организација (тие знаеле дека такви ниту имало, ниту ќе има). Таргет биле документи од парламентарен надзор од кои се гледаат злоупотреби на ЗАШТИТЕНАТА КЛИЕНТЕЛА на Вилма од поранешната УБК со која до денес негува односи на привилегија, дружби и неказнивост❗👉Сашо Мијалков, Горан Николовски-Џони ... и др.,„угледни бизнисмени“ се само дел од тој клиентелистички список. Таа заштита оди до тој степен што на штета на вистината и на правото под нејзино покровителство биле правени двојни записници со фингирање на вистината, со изземање од обвиненија на виновни лица, за сметка на ставање во обвиненија на други невини лица ... итн., итн.❗🚩🚩Глувонемите институции не чувствуваат потреба да постапуваат по овие неанонимни пријави повеќе од 2 години, но затоа пак, Вилма Русковска во 👉ПРЕДИСТРАГА по анонимка на еден лист хартија (!), експресно се з'гна да побара, добие и спроведува истражно дејствие „претрес“ како ИСТРАЖНО ДЕЈСТВИЕ ⁉️🏁 Чии интереси бранат Русковска и Трајчева сега⁉️ℹ Од оваа обвинителска фарса на Вилма „ала Елиот Несс“ во актуелниот случај со Финансиската полиција, од моите скромини професионални познавања на дел од состојбите и случувањата во оваа област, но и од „дежа ву-то“ со незаконскиот претрес, можам 👉ОСНОВАНО ДА ТВРДАМ👈 дека, мотивите и целта за претрес во просториите на ФП - (врз основа на непоткрепено со докази барање за претрес на Вилма Русковска пред судијата на претходна постапка Реџепагиќ - исто барање непоткрепено со докази за претрес во дом на Потпретседател на Собрание пред судијата Весна Димишкова) - се заради ЗАШТИТА НА ИНТЕРЕСИТЕ НА КЛИЕНТЕЛА на Вилма Русковска и свесно/намерно ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ИСТРАГИ за таа клиентела❗Каубојското "пресретнување на кривична одговорност за клиентелата" со кршење на процесни, етички и хиерархиски правила не може и не смее да се брани со „аргумент“ дека, некој влијае над обвинителството и Судот, зошто именентно на тој напад е само реалното „влијание на Вилма со закани за прогон и тресење од гаќи на судии, обвинители, инспектори ...“..., на сите кое веќе и ги гледаат „паднатите гаќи“ како умислен Елиот Несс.ℹ Имам на ум уште едно слично каубојство со претрес „по желба на Вилма“, заради „ветена заштита на нејзина клиентела“ (фигурира и во ФП), кој минатата година беше извршен во Агенцијата за национална безбедност - повторно заради „егзибиции на од неа заштитени извори и клиенти“❗Како тргнала работата со претресите на лажниот македонски Несс, добивам впечаток дека, следни на тапет/таргет за ПОПРЕЧУВАЊЕ ВО ИСТРАГИ може да бидат Агенцијата за разузнавање, МВР, Државното правобранителство или пак, Граѓанскиот Суд – Скопје ...Дали тие штитат нејзин интерес или интерес на нејзина клиентела останува да видиме многу бргу.❗Сите ќе дојдете на пишаното од мене ..., во време кога не ви се читаше и постапуваше❗До тогаш, размислете која институција и кој маж/жена може да влез во нејзиното обвинителство и да да види какви се' неанонимни пријави со тони докази не се процесуираат со гофини и тајно се отфрлаат ... Државното правобранителство не се жали на тие решенија во кои се штети на државните интереси и државниата каса❗Зошто ❓Додека течат овие постапки, јас ќе макам летна манџа со лук и ќе го чекам денот кога Вилма „Несс“ ќе се врати од летен одмор, ќе се погледне во огледало, ќе види колку е исончана и ќе се соочи со сите нејзини злоупотреби, принуди, тортурни изнуди, фалсификати и закани со “тресења од гаќи“ и кривични прогони на блиски лица на инспектори, судии од сите судови низ РСМ ...

Коментари | пред 3 години

kovacevski-0123

Претседателот Ковачевски: Почнавме преговори со ЕУ на чист македонски јазик, паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Со 68 гласа За Собранието изгласа почеток на преговори со ЕУ, сите граѓани беа свесни на првата меѓувладина конференција во Брисел дека паднаа во вода сите лаги што ги ширевте овде во собранието и на протестите што ги правевте пред Собранието, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.„Прво Македонија одржа прва меѓувладина конференција, второ македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка. Трето, треба да се срамите од тоа што го правевте овде во Собранието, со палење документи, со какви зборови се обративте на претседател на Европска комисија, не личи на една демохристијанска партија и треба да се срамите од тоа што го правите. Политиката што ја водите на штитење на интереси на трети држави и е најпогубно нешто што може некој да им го прави на граѓаните така што за координатор може да го поставите Димитар Апасиев наместо Никола Мицевски“ посочи Ковачевски.Во однос на референдумот што го најавува ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Ковачевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има проблем што е против секоја страшека одлука на државата.„Вие не знаете какво референдумско прашање сакате да поставите. Вие сакате референдумско прашање Дали сте против зачленување ЕУ со чист македонски јазик и заштитен идентитет, чист македонски јазик за кој се потпишува договор за превод на македонското законодавство со ЕУ.Тоа што имате проблем што сте против сите стратешки одлуки на оваа држава, треба да го расчистите на идеолошко ниво во партијата. Ако некоја партија беше против членство во НАТО, тоа беше вашата партија, ако некој беше против релаксирање на меѓуетнички односи тоа беше вашата партија, ако некој е против членство во ЕУ тоа е вашата партија.“ истакна Ковачевски, додавајќи дека државата ќе продолжи по европскиот пат без разлика на дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ.„Собранието донесе одлука оваа држава да продолжи по патот на своите европски интеграции европскиот пат и оваа држава ќе оди по патото на европските интеграции и без разлика што и да правите нема да ја скршнете ниту лево, а уште помалку десно кон исток.“ заклучи Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

muarenmi

Муареми доби кривична пријава од бизнисмен од Дебар

Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција доби кривична пријава од бизнисмен од Дебар.Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на службата се трите дела поради кои директорот на Управата за финасиска полиција Арафат Муареми добил кривична пријава од бизнисменот.На некои медиуми на социјалните мрежи беше споделена првата страница од пријавата проднесена против Муареми. Од неа може да се види дека има архивски печат од обвинителството со кое раководи Русковска.Оваа кривична пријава се објавува во исто време кога директорот Муареми поднесе претставка за незаконски претрес откако обвинителството на Вилма Русковска влезе во Финансиската полиција.Според Управата за финансиска полиција, со наведените дејства е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава".

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-28-083828

(ФОТО) Гром запали куќа во Прилеп

Вчера вечер се запали куќа во Прилеп.Според информациите гром удрил во семејна куќа и предизвикал пожар.Од пожapoт зафатени биле 4 куќи, а густиот чад и пламен ги вознемиpи жителите од населбата “Марино маало”.Пожapoт е целосно изгacнат околу 3 часот по полноќ

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-28-at-00.29.25

(ФОТО) Туристи од Македонија доживеаа хорор во Грција, вознемирени се откако им ги искршија автомобилите

Во грчките туристики места Калитеа и Афитос се забележани искршени околу 20 возила со македонски регистарски таблички. На социјалните мрежи се појавија фотографии од автомобили со искршени стакла и дупнати гуми.На Фејсбук групата „Life from Greece“, еден член ја сподели оваа информација со други, за да ги информира за инцидентот.„ Ова е срамен чин на „најобични будали“, врз основа на кој цел еден народ ќе биде окарактеризиран како таков“ – напиша таа.На групата на Фејсбук каде што беа објавени фотографии од автомобили со скршени стакла, една видно вознемирена членка им објасни на другите што да прават ако еден од овие автомобили е нивен.„ Ако некој од вас е меѓу нив, веднаш појдете во полиција во Касандра, многумина веќе пријавиле и инсистирајате да ги погледнат камерите на целиот пат бидејќи тоа не се случило на едно место, туку на неколку локации“ напиша таа, а тпренесе „Life from Greece“.Таа ги предупреди и оние кои се во близина на овие места да ги движат своите автомобили за да ги заштитат.

Македонија | пред 3 години

bolnica-tetovo2

Покренато обвинение: Три лица и болницата се криви за пожарот во тетовската модуларна болница каде 14 лица загинаа

Ексдиректорот на тетовската болница Флорин Бесими, раководно лице на висока полиција и доктор кој се грижел за ковид болните во кобното време се обвинети за пожарот во тетовската модуларна болница, каде 14 лица загинаа. Обвинителствто бара тие да одговараат, па поднесе обвинителен предлог. Заедно со нив е обвинето и правното лице, односно болницата.„Двајцата првообвинети се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, третиот обвинет сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик, додека обвинетото правно лице сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност по.5 в.в. со ст.4 в.в. со ст.2 и кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно чл.206 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик“, велат од Јавното обвинителство.Досега јавно беа обелоденети само детали од извештајот којшто го изготвија македонските крим-техничари кои на 10 октомври го доставија својот извештај до обвинителите коишто ја водат истрагата. Македонските крим-техничари утврдија дека пожарот во модуларната болница во Тетово настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабелна дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.Ова беше единствениот конкретен податок којшто укажуваше која била иницијалната каписла за избувнувањето на пожарот. Неколку месеци подоцна својот извештај го доставија и германските експерти коишто вршеа вештачење во странски лаборатории. Деталите од документот не беа објавени во јавноста, но делови од него, според обвинителите, се поклопуваат со сознанијата на македонските крим-техничари.Вечерта на 8 септември во тетовската модуларна болница за ковид-пациенти се случи една од најголемите трагедии во историјата на државата. Потврдена беше смртта на 14 лица кои биле директни жртви на огнената стихија. Најмалку 12 лица беа повредени.

Македонија | пред 3 години

asfalt-na-patekite-vo-park2jpg

Данела асфалтира патеки во Градски парк

Градоначалничката Данела Арсовска денеска преку соопштение се пофали дека Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ почнале со асфалтирање на дел од земјените патеки во првиот дел од Градскиот парк. Веќе е асфалтирана патеката околу малиот лавиринт, а ќе се асфалтираат вклупно 7.500 метри земјени патеки во овој дел од паркот.Станува збор за патеките кои со години се покриени само со ризла. Тие ниту еден градоначалник досега не ги асфалтирал бидејќи станува збор за природна околина, асфалтот брзо се загрева и создава поголема топлина и е материјал кој се избегнува за поплочување на парковски површини.„По успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри, продолжуваме со реконструирање на сите останати пешачки површини. Предвидено е да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк. Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса“, стои во писмената изјава на Арсовска.

Скопје | пред 3 години

culev

Мицкоски: Наќе Чулев е избркан од работа од страна на овој хибриден режим кој не може да се соочи со неистомислениц

Ние сме навикнати четири и пол години, колку што сум јас претседател, ова да се случува. Тие се пресметуваат со мене, индиректно се пресметуваат на ваков начин брутален, со луѓето кои што соработуваат со мене и со луѓето кои што се дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски од Гевгелија каде што присуствуваше на пуштање во употреба на спортско игралиште во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, каде беше запрашан за коментар за бркањето од работа на Наќе Чулев по 25 години професионална служба во безбедносниот систем на државата.„Ова не е нешто ново, бидејќи сите знаете дека станува збор за врвен професионалец кој што 25 години работи во безбедносниот систем, извршувал врвни функции, врвни државни функции, сега е избркан од страна на овој, според некој бирократи во Брисел, проевропски режим, но според меродавните ранг листи, хибриден режим кој што не може да се соочи со неистомисленици и посегнува вака брутално по нивното лично и човечко достоинство“, рече Мицкоски.Но, додава Мицкоски, мојата порака и до нив е дека, поминува времето, познавав јас и во минатото многу вака луѓе кои што се силеа, па потоа беа мачени, ќе дојде и тој ден кога повторно ќе се соочиме, повторно ќе се видиме и тогаш ќе мораме да дадеме одговори на многу прашања, а ние ќе го издржиме ова.Мицкоски истакна дека Наќе Чулев ја има неговата целосна поддршка и дека е исклучително важна алка во партијата, кој од сега ќе биде уште по посветен во структурата на ВМРО-ДПМНЕ.„Наќе Чулев ја има мојата целосна поддршка, Наќе Чулев е исклучително важна алка во структурата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ќе биде многу по посветен во делот и околу мене и во структурата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не остава ниту еден свој човек. Наќе Чулев ќе биде дел и продолжува да биде дел од ВМРО-ДПМНЕ, да се бори за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Нови 897 случаи на коронавирус, два пациенти се починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.828 тестови, а регистрирани се нови 897 случаи на КОВИД-19: Скопје – 384, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадрци – по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино – по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар – по 8, Кочани и Крива Паланка – по 7, Валандово и Кратово – по 6, Ресен, Берово и Свети Николе – по 5, Пробиштип и Крушево – по 4, Виница и Пехчево - по 2, Богданци – 1.Од вкупниот број на позитивни (897), регистрирани се 215 реинфекции.Регистрирани сe 638 оздравени пациенти од: Скопје – 296,Охрид – 63, Битола – 45, Кавадарци – 34, Велес и Тетово – по 25, Струга – 21, Струмица – 19, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 13, Неготино – 12, Кичево – 10, Гевгелија – 7, Радовиш – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 4, Куманово и Делчево – по 2, Дебар, Валандово, Кратово, Виница и Богданци – по 1.Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Скопје (80г и 83г) двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.Направени се 1.828 тестови преку: ИЈЗ-266, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–167, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-59, Биотек-52, Систина-46, лабораторија Лаор-15, Синлаб-16, Ремедика-7, Плодност-14, Генеа-10, Никоб Лаб-91, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-18, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 779.Досега во земјата се направени вкупно 2.112.539 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901

пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-12

Ново поевтинување на горивата, објавени новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 25.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,645%, кај дизелот за 2,347%, кај екстра лесното масло за 2,102% и кај мазутот намалување за 0,05%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 94,00 ден/лит.Од 28.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 95,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 98,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,465%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања